жештина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zheshtina/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Jul 2024 08:53:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png жештина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zheshtina/ 32 32 Четиримесечно бебе почина откако семејството славело 4 Јули на брод на 48 степени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chetirimesechno-bebe-pochina-otkako-semejstvoto-slavelo-4-juli-na-brod-na-48-stepeni/ Wed, 10 Jul 2024 08:53:41 +0000 https://republika.mk/?p=795205

Четиримесечно девојче почина откако додека семејството го прославувало Денот на независноста на САД на семејниот брод. Трагедијата се случила во Лејк Хавасу Сити, град во Аризона, каде температурите тие денови достигнувале и над 48 степени.

На 5 јули околу 17:00 часот, Тана Рае Вроблевски итно била пренесена во Регионалниот медицински центар. Детето „уживало во семејниот ден на езерото“ по повод прославата на 4 Јули, велат надлежните, кога е пријавено дека „изгубила свест“ и дека семејството „веднаш почнало со пружање на прва помош“.

Веднаш пристигнала и пожарникарската служба, која ја прелена во Регионалниот медицински центар Хавасу, а веднаш потоа со хеликоптер била пренесена во детската болница во Феникс.

И покрај напорите на сите овие екипи за реанимација на девојчето, таа починала.

Според 12News, причината за смртта на Тана сè уште не е јавно објавена и Канцеларијата на шерифот на округот Мохаве продолжува да ја истражува нејзината смрт.

Сепак, властите се сомневаат дека смртта на малото дете може да биде поврзана со екстремната топлина која тој ден била регистрирана во регионот.

The post Четиримесечно бебе почина откако семејството славело 4 Јули на брод на 48 степени appeared first on Република.

]]>

Четиримесечно девојче почина откако додека семејството го прославувало Денот на независноста на САД на семејниот брод. Трагедијата се случила во Лејк Хавасу Сити, град во Аризона, каде температурите тие денови достигнувале и над 48 степени. На 5 јули околу 17:00 часот, Тана Рае Вроблевски итно била пренесена во Регионалниот медицински центар. Детето „уживало во семејниот ден на езерото“ по повод прославата на 4 Јули, велат надлежните, кога е пријавено дека „изгубила свест“ и дека семејството „веднаш почнало со пружање на прва помош“. Веднаш пристигнала и пожарникарската служба, која ја прелена во Регионалниот медицински центар Хавасу, а веднаш потоа со хеликоптер била пренесена во детската болница во Феникс. И покрај напорите на сите овие екипи за реанимација на девојчето, таа починала. Според 12News, причината за смртта на Тана сè уште не е јавно објавена и Канцеларијата на шерифот на округот Мохаве продолжува да ја истражува нејзината смрт. Сепак, властите се сомневаат дека смртта на малото дете може да биде поврзана со екстремната топлина која тој ден била регистрирана во регионот.

The post Четиримесечно бебе почина откако семејството славело 4 Јули на брод на 48 степени appeared first on Република.

]]>
Жештината зема жртви: Најмалку 249 лица починале во Мексико поради високите температури https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zheshtinata-zema-zhrtvi-najmalku-249-litsa-pochinale-vo-meksiko-poradi-visokite-temperaturi/ Sat, 29 Jul 2023 08:48:59 +0000 https://republika.mk/?p=666542

Најмалку 249 лица починале во Мексико во последните четири месеци поради жештините.

Министерството за здравство на Мексико објави извештај за смртни случаи во земјата поради екстремните температури како последица на климатските промени.

Во периодот од 19 март до 22 јули починале 249 лица како последица на екстремно високите температури. Термометрите во Мексико кон крајот на јуни покажуваа 45 Целзиусови степени.

Најголем број смртни случаи се регистрирани во Нов Леон, каде што животот го загубиле 100 лица.

Околу 92,4 проценти од смртните случаи се предизвикани од топлотен удар, а другите поради жед.

Мексиканската Влада препорачува да се пијат најмалку два литри вода во текот на денот за да може полесно да се поднесат горештините и да не се излегува надвор доколку тоа не е неопходно.

Во истиот период минатата година 38 лица починале од екстремни горештини во Мексико.

Националната метеоролошка служба (СМН) соопшти дека „ги доживеале најзашеметувачките денови во последните години“ во Мексико, каде што температурата надминувала 40 Целзиусови степени.

Светската метеоролошка организација соопшти дека топлотниот бран постојано се зголемува и светот би требало да биде подготвен за поинтензивни топлотни бранови.

The post Жештината зема жртви: Најмалку 249 лица починале во Мексико поради високите температури appeared first on Република.

]]>

Најмалку 249 лица починале во Мексико во последните четири месеци поради жештините. Министерството за здравство на Мексико објави извештај за смртни случаи во земјата поради екстремните температури како последица на климатските промени. Во периодот од 19 март до 22 јули починале 249 лица како последица на екстремно високите температури. Термометрите во Мексико кон крајот на јуни покажуваа 45 Целзиусови степени. Најголем број смртни случаи се регистрирани во Нов Леон, каде што животот го загубиле 100 лица. Околу 92,4 проценти од смртните случаи се предизвикани од топлотен удар, а другите поради жед. Мексиканската Влада препорачува да се пијат најмалку два литри вода во текот на денот за да може полесно да се поднесат горештините и да не се излегува надвор доколку тоа не е неопходно. Во истиот период минатата година 38 лица починале од екстремни горештини во Мексико. Националната метеоролошка служба (СМН) соопшти дека „ги доживеале најзашеметувачките денови во последните години“ во Мексико, каде што температурата надминувала 40 Целзиусови степени. Светската метеоролошка организација соопшти дека топлотниот бран постојано се зголемува и светот би требало да биде подготвен за поинтензивни топлотни бранови.

The post Жештината зема жртви: Најмалку 249 лица починале во Мексико поради високите температури appeared first on Република.

]]>
Здравствени препораки за да имате лето без проблеми https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zdravstveni-preporaki-za-da-imate-leto-bez-problemi/ Sun, 02 Jul 2023 09:00:09 +0000 https://republika.mk/?p=657344

Здравствените работници ги советуваат граѓаните да бидат внимателни и да се заштитат од силните сончеви зраци и летните горештини. Дел од главните препораки се да не се излегува надвор без потреба во време кога сончевите зраци се најсилни, да се носи полесна облека, да се пие повеќе вода, да се штити кожата со крема за заштита од сонцето, дури и на поблиски дестинации. Лицата со повеќе бенки на телото треба да бидат особено внимателни во летниот период, нагласуваат медицинските лица.

Претседателот на Здружението на приватни лекари на Македонија, доктор Лилија Чолакова Дервишова за МИА вели дека е потребно да се користат заштитни фактори, со цел граѓаните да се заштитат од јаките сончеви зраци.

Временските услови нагло се променија, се покачија температурите, се зголеми УВ факторот. Пациентите мора да внимаваат да се заштитат од јаките сончеви зраци, да се користат заштитни фактори, да се заштити кожата, особено оние лица кои се побели и имаат помалку пигмент, вели д-р Чолакова Дервишова.

Таа посочува дека луѓето кои подолго време се изложени на високи температури без заштитни средства, може да добијат кожни промени, кои можат да се движат од лесно црвенило, до изгореници од сончевите зраци.

Но, може да се појават и промени кои се предканцерозни или кожни ракови/ планоцелуларен, базоцелуларен карцином. Оние лица кои имаат многу бенки по телото, исто така да ги заштитуваат со заштитни креми, најдобро да е со фактор 50, бидејќи може многу лесно таквата бенка да премине во малигна, истакнува Чолакова Дервишова.

Таа додава дека пациентот треба веднаш да се јави кај дерматолог, доколку забележи некаква промена кај бенките.

Секој пациент кој ќе забележи промена на површината на бенката, границите, промена на бојата, дијаметарот, мора веднаш да се јави кај дерматолог и да се види под дерматоскоп каква е промената и навреме да се реагира, подвлекува Чолакова Дервишова.

Таа ја истакнува важноста да се пијат што повеќе течности за време на летниот период.

Друг момент на кој треба да внимаваат пациентите, кога станува збор за вакви високи температури, е рехидратацијата, значи внос на течности, кои не се ладни, природни сокови, многу овошје, лесна храна. Никако да не се пијат многу ладни напитоци, тоа прави шок во човековиот организам, кој има нормалана температура од 36.5 до 37, апелира Чолакова Дервишова.

Како што појаснува таа, поради сите временски промени, одреден процент на пациенти имаат и почести вртоглавици. Им варира крвниот притисок, па затоа мора да се внимава со внесувањето на солена храна, да се консумира помалку сол, да се консумира помалку кафе.

Алкохолни пијалаци да не се внесуваат на овие жештини, бидејќи дополнително ги прошируваат крвните садови и може да дојде до прскање на истите. Многу поризично е ако се пациенти со хронични болести и склеротични крвни садови, нагласува Чолакова Дервишова.

Многу важни се и прошетките, кои треба да се практикуваат наутро или навечер, а не во време кога надвор е најтопло. Да се движиме под сенка кога околностите го дозволуваат тоа.

Движењето е основно за да биде некој здрав, да потрошат мускулите шеќер кој е вишок во организмот. Затоа препорачувам движење по десет километри секојдневно, но, или рано наутро или во попладневните часови, вели докторката.

[caption id="attachment_9251" align="aligncenter" width="640"] (фото: AAP)[/caption]

Оние кои сакаат да влезат во базен, река, езеро или море, со цел да се освежат од неподносливите горештини, потребно е да му дозволат на нивното тело да се прилагоди на температурата во водата. Да не се влегува веднаш во водата, притоа не давајќи му можност на телото да се навикне на промената.

При пливање во локалните базени или езера, никогаш нагло да не се влегува во водите, туку постепено со прилагодување на телото со температурата на водата, препорача Чолакова Дервишова.

Доколку се послушаат советите на лекарите, најверојатно ќе се помине и ова лето во добра кондиција и добро расположение. А во меѓувреме, граѓани на социјалните мрежи препорачуваат да не се патува во лето за време на најжешките часови, доколку патувањето може да се одложи. Како што велат, никогаш не можеш да бидеш сигурен дали превозот ќе биде климатизиран или не.

The post Здравствени препораки за да имате лето без проблеми appeared first on Република.

]]>

Здравствените работници ги советуваат граѓаните да бидат внимателни и да се заштитат од силните сончеви зраци и летните горештини. Дел од главните препораки се да не се излегува надвор без потреба во време кога сончевите зраци се најсилни, да се носи полесна облека, да се пие повеќе вода, да се штити кожата со крема за заштита од сонцето, дури и на поблиски дестинации. Лицата со повеќе бенки на телото треба да бидат особено внимателни во летниот период, нагласуваат медицинските лица. Претседателот на Здружението на приватни лекари на Македонија, доктор Лилија Чолакова Дервишова за МИА вели дека е потребно да се користат заштитни фактори, со цел граѓаните да се заштитат од јаките сончеви зраци.
Временските услови нагло се променија, се покачија температурите, се зголеми УВ факторот. Пациентите мора да внимаваат да се заштитат од јаките сончеви зраци, да се користат заштитни фактори, да се заштити кожата, особено оние лица кои се побели и имаат помалку пигмент, вели д-р Чолакова Дервишова.
Таа посочува дека луѓето кои подолго време се изложени на високи температури без заштитни средства, може да добијат кожни промени, кои можат да се движат од лесно црвенило, до изгореници од сончевите зраци.
Но, може да се појават и промени кои се предканцерозни или кожни ракови/ планоцелуларен, базоцелуларен карцином. Оние лица кои имаат многу бенки по телото, исто така да ги заштитуваат со заштитни креми, најдобро да е со фактор 50, бидејќи може многу лесно таквата бенка да премине во малигна, истакнува Чолакова Дервишова.
Таа додава дека пациентот треба веднаш да се јави кај дерматолог, доколку забележи некаква промена кај бенките.
Секој пациент кој ќе забележи промена на површината на бенката, границите, промена на бојата, дијаметарот, мора веднаш да се јави кај дерматолог и да се види под дерматоскоп каква е промената и навреме да се реагира, подвлекува Чолакова Дервишова.
Таа ја истакнува важноста да се пијат што повеќе течности за време на летниот период.
Друг момент на кој треба да внимаваат пациентите, кога станува збор за вакви високи температури, е рехидратацијата, значи внос на течности, кои не се ладни, природни сокови, многу овошје, лесна храна. Никако да не се пијат многу ладни напитоци, тоа прави шок во човековиот организам, кој има нормалана температура од 36.5 до 37, апелира Чолакова Дервишова.
Како што појаснува таа, поради сите временски промени, одреден процент на пациенти имаат и почести вртоглавици. Им варира крвниот притисок, па затоа мора да се внимава со внесувањето на солена храна, да се консумира помалку сол, да се консумира помалку кафе.
Алкохолни пијалаци да не се внесуваат на овие жештини, бидејќи дополнително ги прошируваат крвните садови и може да дојде до прскање на истите. Многу поризично е ако се пациенти со хронични болести и склеротични крвни садови, нагласува Чолакова Дервишова.
Многу важни се и прошетките, кои треба да се практикуваат наутро или навечер, а не во време кога надвор е најтопло. Да се движиме под сенка кога околностите го дозволуваат тоа.
Движењето е основно за да биде некој здрав, да потрошат мускулите шеќер кој е вишок во организмот. Затоа препорачувам движење по десет километри секојдневно, но, или рано наутро или во попладневните часови, вели докторката.
[caption id="attachment_9251" align="aligncenter" width="640"] (фото: AAP)[/caption] Оние кои сакаат да влезат во базен, река, езеро или море, со цел да се освежат од неподносливите горештини, потребно е да му дозволат на нивното тело да се прилагоди на температурата во водата. Да не се влегува веднаш во водата, притоа не давајќи му можност на телото да се навикне на промената.
При пливање во локалните базени или езера, никогаш нагло да не се влегува во водите, туку постепено со прилагодување на телото со температурата на водата, препорача Чолакова Дервишова.
Доколку се послушаат советите на лекарите, најверојатно ќе се помине и ова лето во добра кондиција и добро расположение. А во меѓувреме, граѓани на социјалните мрежи препорачуваат да не се патува во лето за време на најжешките часови, доколку патувањето може да се одложи. Како што велат, никогаш не можеш да бидеш сигурен дали превозот ќе биде климатизиран или не.

The post Здравствени препораки за да имате лето без проблеми appeared first on Република.

]]>
Жителите на Тајланд добија предупредување да не излегуваат на отворено поради екстремните жештини https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zhitelite-na-tajland-dobija-predupreduvane-da-ne-izleguvaat-na-otvoreno-poradi-ekstremnite-zheshtini/ Sat, 22 Apr 2023 17:42:18 +0000 https://republika.mk/?p=633065

Тајландските власти обајвија предупредување до жителите во големи делови од земјата, вклучително и главниот град Бангкок, да избегнуваат излегување на отворено поради екстремните жештини. Ваквото предупредување доаѓа откако во Бангкок биле измерени 54 степени Целзиусови.

Поради тоа, властите ги предупредуваат жителите да избегнуваат активности на отворено и да бидат свесни за опасноста од топлотен удар.

Поголеми делови од Азија пријавуваат екстремни жештини овој месец, со рекордни температури во некои земји.

Во Бангладеш и делови од Индија, поради жештините се зголеми потрошувачката на електрична енергија, што резултираше со прекини на снабдувањето и недостиг на електрична енергија за милиони луѓе.

The post Жителите на Тајланд добија предупредување да не излегуваат на отворено поради екстремните жештини appeared first on Република.

]]>

Тајландските власти обајвија предупредување до жителите во големи делови од земјата, вклучително и главниот град Бангкок, да избегнуваат излегување на отворено поради екстремните жештини. Ваквото предупредување доаѓа откако во Бангкок биле измерени 54 степени Целзиусови. Поради тоа, властите ги предупредуваат жителите да избегнуваат активности на отворено и да бидат свесни за опасноста од топлотен удар. Поголеми делови од Азија пријавуваат екстремни жештини овој месец, со рекордни температури во некои земји. Во Бангладеш и делови од Индија, поради жештините се зголеми потрошувачката на електрична енергија, што резултираше со прекини на снабдувањето и недостиг на електрична енергија за милиони луѓе.

The post Жителите на Тајланд добија предупредување да не излегуваат на отворено поради екстремните жештини appeared first on Република.

]]>