жени менаџерки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zheni-menadherki/ За подобро да се разбереме Sat, 13 Jul 2024 12:06:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png жени менаџерки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zheni-menadherki/ 32 32 Претседателката Сиљановска Давкова ги прими избраните жени менаџерки за 2024 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-gi-primi-izbranite-zheni-menadherki-za-2024/ Sat, 13 Jul 2024 12:06:59 +0000 https://republika.mk/?p=796390

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Вила Билјана во Охрид, ги прими избраните жени менаџерки за 2024, од земјава и регионот, во рамки на манифестацијата „Избор на најуспешни жени“, организирана од агенцијата „Марили“.

На средбата беше разговарано за целите на манифестацијата, која се одржува веќе 28 години, како единствена во земјава и со најдолга регионална традиција. Во духот на симболичната, „Жена водилка“ - статуетка што се врачува на добитничките, оваа манифестација континуирано го промовира женското менаџерство.

Во таа насока соговорничките ја запознаа претседателката Сиљановска Давкова и со активностите на Марили Бизнис Клубот (МБК) формиран во 2016 година, а во кој членуваат успешни бизнис лидерки што низ годините биле носителки на признанието. Обединувајќи над 150 менаџерки, клубот се фокусира на засилена соработка, вмрежување, хуманитарни настани и охрабрување на младите жени да се остварат во бизнис сферата.

Директорката на „Марили“ Лидија Трипуновска информираше за единственото ексклузивно печатено дело „Бизнис каталог на Македонија“, што агенцијата го издава веќе 28 години, со цел промовирање на македонските значајни природни, географски, економски, еколошки, културни и спортски потенцијали.

Упатувајќи честитки до избраните жени менаџерки за 2024, претседателката Сиљановска Давкова го нагласи нивниот личен пример како поттик за поголема вклученост на жените во бизнис секторот. Во тој контекст изрази задоволство и од посветеноста на агенцијата, која со нејзините иницијативи, проекти и активности, придонесува кон унапредување на женското менаџерство, како еден од клучните предуслови за одржлив развој на нашето општество.

The post Претседателката Сиљановска Давкова ги прими избраните жени менаџерки за 2024 appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Вила Билјана во Охрид, ги прими избраните жени менаџерки за 2024, од земјава и регионот, во рамки на манифестацијата „Избор на најуспешни жени“, организирана од агенцијата „Марили“. На средбата беше разговарано за целите на манифестацијата, која се одржува веќе 28 години, како единствена во земјава и со најдолга регионална традиција. Во духот на симболичната, „Жена водилка“ - статуетка што се врачува на добитничките, оваа манифестација континуирано го промовира женското менаџерство. Во таа насока соговорничките ја запознаа претседателката Сиљановска Давкова и со активностите на Марили Бизнис Клубот (МБК) формиран во 2016 година, а во кој членуваат успешни бизнис лидерки што низ годините биле носителки на признанието. Обединувајќи над 150 менаџерки, клубот се фокусира на засилена соработка, вмрежување, хуманитарни настани и охрабрување на младите жени да се остварат во бизнис сферата. Директорката на „Марили“ Лидија Трипуновска информираше за единственото ексклузивно печатено дело „Бизнис каталог на Македонија“, што агенцијата го издава веќе 28 години, со цел промовирање на македонските значајни природни, географски, економски, еколошки, културни и спортски потенцијали. Упатувајќи честитки до избраните жени менаџерки за 2024, претседателката Сиљановска Давкова го нагласи нивниот личен пример како поттик за поголема вклученост на жените во бизнис секторот. Во тој контекст изрази задоволство и од посветеноста на агенцијата, која со нејзините иницијативи, проекти и активности, придонесува кон унапредување на женското менаџерство, како еден од клучните предуслови за одржлив развој на нашето општество.

The post Претседателката Сиљановска Давкова ги прими избраните жени менаџерки за 2024 appeared first on Република.

]]>
Десет од Македонија и три од Србија: Избор на најуспешни жени менаџерки од земјава и регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/deset-od-makedonija-i-tri-od-srbija-izbor-na-najuspeshni-zheni-menadherki-od-zemjava-i-regionot/ Sat, 18 May 2024 06:36:54 +0000 https://republika.mk/?p=779363

Најуспешните жени менаџерки од земјава и регионот ќе добијат награди на манифестација што по 28. пат ја организара „Марили“.

Годинава, ќе бидат наградени и статуетка „Жена водилка“ ќе добијат 13 менаџерки, од кои 10 се од земјава, а три од Србија и Хрватска.

Манифестацијата ќе биде збогатена со настап на мецосопранот Александра Коцевска и придружникот на пијано, Глигор Гелебешев.

Целта на манифестацијата, покрај ревијалниот карактер е поттик за идните млади генерации, особено девојки, да се охрабрат, да веруваат во себе, и со знаење, постојано надградување и чесност да чекорат бодро низ сите животни предизвици и да успеваат на сите полиња. Секако, нивната борба за родова рамноправност во општетсвото и бизнисот да им биде водилка низ животниот век , за бидат пример и поттик за генарациите кои доаѓаат по нив, наведуваат од „Марили“.

Манифестацијата „Избор на најуспешни жени“ преку својот Марили Бизнис Клуб спојува над 150 жени менаџери кои соработуваат, се вмежуваат, охрабруват, организираат хуманитарни настани, но и ги поттикнуваат младите девојки и жени да влезат и да се остварат во бизнис сферата.

Годишните лауреатки се Катерина Бошевска - генерален директор на ЕОS Македонија и EOS Косово, Жанета Бадаровска Ѓорѓиевска - генерален менаџер на Камел 98 - Виница, Евгенија Ѓорѓиеска - извршен менаџер на Ламинати КОМ Доо - Прилеп, Цветанка Илиева - генерален менаџер на Бистро Груп ДОО - Гевгелија, Ирена Јакимова - генерален менаџер на Инспирит Коучинг- Скопје, Јелисавета Георгиева Јовевска - потпретседател на СКСМ, Клаудија Лутовска - генерален менаџер на Сеттим Консалтинг - Битола, Марија Патриклиска - менаџер за човечки ресурси ЕАМ ДОО – Штип, Маја Наумовска Савеска - директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД - Скопје, Весна Ставрова генерален менаџер на ПЗУ Аптека „Сара Фарм“ - Скопје, Сања Путица - менаџер за односи со јавност и инвеститор во Атлантска пловидба д.д – Хрватска, Дариа Шуриќ - генерален менаџер на DarMell - Хрватска и Зорана Пејчиќ - генерален менаџер и претседател на ИО на Дунав Реосигурување - Србија.

„Марили“ денеска го организира и третиот регионален бизнис форум посветен на екологијата, здравата храна и циркуларната економија.

Тема на годинашниот „Марили Бизнис форум“ е „Екологија и здрава храна – фактори за одржлив развој“. Модераторите, како и панелистите кои доаѓаат од македонски и регионални компании, во три панел сесии ќе се обидат да дадат одговори на многу прашања и да понудат нови идеи и решенија.

Вовед во сесите ќе биде анализата за „Климатските промени и зеленото кредитирање од перспектива на Народната банка“. Првата панел сесија е насловена „Циркуларна економија – нови бизнис модели и практики, втората е посветена на „Здрава храна – тренд или предуслов за здрав живот и економски развој, а третата е насловена „Автоматизација и дигитализација во областа на човечките ресурси“.

The post Десет од Македонија и три од Србија: Избор на најуспешни жени менаџерки од земјава и регионот appeared first on Република.

]]>

Најуспешните жени менаџерки од земјава и регионот ќе добијат награди на манифестација што по 28. пат ја организара „Марили“. Годинава, ќе бидат наградени и статуетка „Жена водилка“ ќе добијат 13 менаџерки, од кои 10 се од земјава, а три од Србија и Хрватска. Манифестацијата ќе биде збогатена со настап на мецосопранот Александра Коцевска и придружникот на пијано, Глигор Гелебешев.
Целта на манифестацијата, покрај ревијалниот карактер е поттик за идните млади генерации, особено девојки, да се охрабрат, да веруваат во себе, и со знаење, постојано надградување и чесност да чекорат бодро низ сите животни предизвици и да успеваат на сите полиња. Секако, нивната борба за родова рамноправност во општетсвото и бизнисот да им биде водилка низ животниот век , за бидат пример и поттик за генарациите кои доаѓаат по нив, наведуваат од „Марили“.
Манифестацијата „Избор на најуспешни жени“ преку својот Марили Бизнис Клуб спојува над 150 жени менаџери кои соработуваат, се вмежуваат, охрабруват, организираат хуманитарни настани, но и ги поттикнуваат младите девојки и жени да влезат и да се остварат во бизнис сферата. Годишните лауреатки се Катерина Бошевска - генерален директор на ЕОS Македонија и EOS Косово, Жанета Бадаровска Ѓорѓиевска - генерален менаџер на Камел 98 - Виница, Евгенија Ѓорѓиеска - извршен менаџер на Ламинати КОМ Доо - Прилеп, Цветанка Илиева - генерален менаџер на Бистро Груп ДОО - Гевгелија, Ирена Јакимова - генерален менаџер на Инспирит Коучинг- Скопје, Јелисавета Георгиева Јовевска - потпретседател на СКСМ, Клаудија Лутовска - генерален менаџер на Сеттим Консалтинг - Битола, Марија Патриклиска - менаџер за човечки ресурси ЕАМ ДОО – Штип, Маја Наумовска Савеска - директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД - Скопје, Весна Ставрова генерален менаџер на ПЗУ Аптека „Сара Фарм“ - Скопје, Сања Путица - менаџер за односи со јавност и инвеститор во Атлантска пловидба д.д – Хрватска, Дариа Шуриќ - генерален менаџер на DarMell - Хрватска и Зорана Пејчиќ - генерален менаџер и претседател на ИО на Дунав Реосигурување - Србија. „Марили“ денеска го организира и третиот регионален бизнис форум посветен на екологијата, здравата храна и циркуларната економија. Тема на годинашниот „Марили Бизнис форум“ е „Екологија и здрава храна – фактори за одржлив развој“. Модераторите, како и панелистите кои доаѓаат од македонски и регионални компании, во три панел сесии ќе се обидат да дадат одговори на многу прашања и да понудат нови идеи и решенија. Вовед во сесите ќе биде анализата за „Климатските промени и зеленото кредитирање од перспектива на Народната банка“. Првата панел сесија е насловена „Циркуларна економија – нови бизнис модели и практики, втората е посветена на „Здрава храна – тренд или предуслов за здрав живот и економски развој, а третата е насловена „Автоматизација и дигитализација во областа на човечките ресурси“.

The post Десет од Македонија и три од Србија: Избор на најуспешни жени менаџерки од земјава и регионот appeared first on Република.

]]>