жени борци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zheni-bortsi/ За подобро да се разбереме Wed, 08 Mar 2023 15:26:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png жени борци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zheni-bortsi/ 32 32 Костадиновска – Стојчевска: Жените борци го отворија патот за идните генерации девојки и жени https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-zhenite-bortsi-go-otvorija-patot-za-idnite-generatsii-devojki-i-zheni/ Wed, 08 Mar 2023 15:26:22 +0000 https://republika.mk/?p=617399

Секогаш кога поминувам во центарот на Скопје, Споменикот на жените во НОБ во паркот „Жена борец“ ме потсетува и претставува доказ за храброста и сплотеноста на жените борци, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по повод одбележувањето на 8-ми Март пред четириесет жени – продолжувачи на идеите на жените борци и членки на Сојузот на борците.

Со самиот факт дека од 100.000 жени кои се бореле во минатото, околу 25.000 биле убиени, а токму бројките нѐ потсетуваат дека сите жени во борбата биле еднакви, буквално од селанки до учителки и интелектуалки, се бореле рамо до рамо со своите машки другари, покажувајќи дека жените се исто толку способни и храбри како и мажите. Тие се лекција за идните генерации како е да се бори за државата што ја имаме денес, додаде таа.

Таа додава дека голем број жени, исто така, учествувале во логистичка поддршка и служејќи како медицински сестри и докторки за лекување на ранетите, а масовното учество на жените било забележано во бунтовничките области, каде што и тогаш неуморно се грижеле за образованието, децата да учат во училиште, да се организираат културни активности и задруги, а со тоа јасно и гласно ја покажувале својата издржливост и снаодливост.

Како горда внука на Пецо Гудовски, носител на Партизанска споменица 1941, пораснав со раскажувањето на настаните и подвизите на партизаните и партизанките, кои денеска ги раскажувам и на моите деца, за важноста и херојската борба против фашистичкиот окупатор и денеска, на Меѓународниот ден на жената, сакам јавно да се заблагодарам за сѐ што сториле жените борци за нас како жени, за придонесот во историјата на Македонците, вели Костадиновска-Стојчевска.

Таа додава дека жените борци го отворија патот за идните генерации девојки и жени, за да се инспирираме од нивната храброст и да продолжиме да градиме подобро, поправедно и еднакво општество за сите.

Нивната храброст и пожртвуваност го отворија патот за слободата и просперитетот што ги уживаме денес во Македонија, но мора да признаеме дека имаме уште многу работа за да се постигне вистинска родова еднаквост и мора да продолжиме да се бориме за правата на жените во сите области од животот.

The post Костадиновска – Стојчевска: Жените борци го отворија патот за идните генерации девојки и жени appeared first on Република.

]]>