Жан Пјер Симеон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zhan-pjer-simeon/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Aug 2024 12:46:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Жан Пјер Симеон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zhan-pjer-simeon/ 32 32 Во ДПМ на Жан Пјер Симеон добитникот на „Златен венец“ на СВП му беше врачена плакета за почесно членство https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-dpm-na-zhan-pjer-simeon-dobitnikot-na-zlaten-venets-na-svp-mu-beshe-vrachena-plaketa-za-pochesno-chlenstvo/ Tue, 27 Aug 2024 12:43:47 +0000 https://republika.mk/?p=810609

Вчера вечер во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија му беше врачена плакета за почесно членство на овогодинешниот лауреат на Струшките вечери на поезијата Жан Пјер Симеон. Во своето кратко обраќање, претседателот на ДПМ Живко Грозданоски се осврна и на благородното творечко кредо на лауреатот, автор на книгата „Поезијата ќе го спаси светот“, по што му го честита почесното членство. Лауреатот се заблагодари за гостопримството на Друштвото и за укажаната чест. На крајот од церемонијата пред присутните беше прочитан и извадок од творештвото на лауреатот.

По неколку изданија на СВП во кои врачувањето на почесното членство на лауреатот во ДПМ се одржуваше во хотелот „Дрим“ во Струга, од оваа година церемонијата се враќа во домот на писателите на ул. „Максим Горки“ во центарот на Скопје.

Фотографии: Филип Кондовски

The post Во ДПМ на Жан Пјер Симеон добитникот на „Златен венец“ на СВП му беше врачена плакета за почесно членство appeared first on Република.

]]>

Жан Пјер Симеон: Треба да се бориме за илузиите на модерниот свет да не ги задушат поетските сили https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zhan-pjer-simeon-treba-da-se-borime-za-iluziite-na-moderniot-svet-da-ne-gi-zadushat-poetskite-sili/ Mon, 26 Aug 2024 11:20:31 +0000 https://republika.mk/?p=810247

Поезијата е местото каде што можеме сите да се обединиме, каде веќе не постои религија, филозофија и ништо друго. Едноставно каде и да ги соберете поетите се друго исчезнува и ние стануваме заедништво. Историјата постојано не раздвојува, а поезијата постојано не потсетува дека, пред се, сме луѓе.

Би сакал и да ја изразам мојата благодарност, која сметам дека не доволно сум ја искажал и второ дека не постои мала земја и оти насекаде има големи поети. Тука од секогаш го има тоа присуство почнувајќи од Браќата Миладиновци се до денешен ден. И треба да се борите или сите да се бориме за илузиите на модерниот свет на некој начин да не ги задушат тие поетски сили, вели во интервју за МИА, годинешниот лауреат на Златен венец на СВП, францускиот поет Жан Пјер Симеон.

Добитник сте на највисокото признание на СВП и се вброивте во низата светските поетски великани. Што значи за вас „Златниот венец“ и какво е чувството да сте носител на највисокото признание на Меѓународниот поетски фестивал?

Признанието многу ми значи. Покрај бројните награди кои имам добиено, од кои повеќето во Франција, „Златниот венец“ го носи престижот во себе. Сите поети што претходно ја добиле наградата ги имам прочитано уште во мојата младост, вклучувајќи го и Влада Урошевиќ кој исто така е голем поет. Тука се и Јанис Рицос, Пабло Неруда Јосиф Бродски, Ален Гинзберг.

Никогаш не замислував дека еден ден ќе бидам до сите тие големи луѓе, великани. Еден поет и пошироко, еден писател или уметник никогаш не знае тоа што ќе го напише, направи, дали навистина вреди. Од тие причини многу се важни надворешните луѓе, кои можат да донесат признанија. Можат да му кажат дали тоа што го напишал е вредно и каква е вредноста.

Трет пат сте тука, кои се вашите импресии за македонската поезија, историја, традиција, за Македонија и Струга?

Земјава ја запознав благодарение на Јордан Плевнеш, кога беше амбасадор во Париз. Тој со многу жар проговори за неговата држава. Непознавајќи ја станав љубопитен затоа што тој ми говореше со многу жар во однос на целата земја и така добив желба да дојдам да ја запознаам. Многу научив за историјата. Има многу работи кои не ги познавав од македонската историја. Трет пат доаѓам во Струга, на Струшките вечери на поезијата. Двапати сум бил како поет гостин, а сега и како лауреат.

Дојдовме со возило. Се шетавме посетивме доста предели. Она што секогаш ме фрапираше тоа е силниот карактер на убавината на природата. Исклучително фрапантно е кога одите од Скопје кон Струга поминувате низ планини, шуми, реки и наеднаш доаѓате пред отвореноста и убавината на езерото и тоа е навистина исклучително.Мноштво култури се присутни тука. Сметам дека тоа е големо богатство, тоа мешање на културите, но притоа може да има и тешкотии понекогаш.

извор: МИА

The post Жан Пјер Симеон: Треба да се бориме за илузиите на модерниот свет да не ги задушат поетските сили appeared first on Република.

]]>

Поезијата е местото каде што можеме сите да се обединиме, каде веќе не постои религија, филозофија и ништо друго. Едноставно каде и да ги соберете поетите се друго исчезнува и ние стануваме заедништво. Историјата постојано не раздвојува, а поезијата постојано не потсетува дека, пред се, сме луѓе. Би сакал и да ја изразам мојата благодарност, која сметам дека не доволно сум ја искажал и второ дека не постои мала земја и оти насекаде има големи поети. Тука од секогаш го има тоа присуство почнувајќи од Браќата Миладиновци се до денешен ден. И треба да се борите или сите да се бориме за илузиите на модерниот свет на некој начин да не ги задушат тие поетски сили, вели во интервју за МИА, годинешниот лауреат на Златен венец на СВП, францускиот поет Жан Пјер Симеон.
Добитник сте на највисокото признание на СВП и се вброивте во низата светските поетски великани. Што значи за вас „Златниот венец“ и какво е чувството да сте носител на највисокото признание на Меѓународниот поетски фестивал?
Признанието многу ми значи. Покрај бројните награди кои имам добиено, од кои повеќето во Франција, „Златниот венец“ го носи престижот во себе. Сите поети што претходно ја добиле наградата ги имам прочитано уште во мојата младост, вклучувајќи го и Влада Урошевиќ кој исто така е голем поет. Тука се и Јанис Рицос, Пабло Неруда Јосиф Бродски, Ален Гинзберг. Никогаш не замислував дека еден ден ќе бидам до сите тие големи луѓе, великани. Еден поет и пошироко, еден писател или уметник никогаш не знае тоа што ќе го напише, направи, дали навистина вреди. Од тие причини многу се важни надворешните луѓе, кои можат да донесат признанија. Можат да му кажат дали тоа што го напишал е вредно и каква е вредноста.
Трет пат сте тука, кои се вашите импресии за македонската поезија, историја, традиција, за Македонија и Струга?
Земјава ја запознав благодарение на Јордан Плевнеш, кога беше амбасадор во Париз. Тој со многу жар проговори за неговата држава. Непознавајќи ја станав љубопитен затоа што тој ми говореше со многу жар во однос на целата земја и така добив желба да дојдам да ја запознаам. Многу научив за историјата. Има многу работи кои не ги познавав од македонската историја. Трет пат доаѓам во Струга, на Струшките вечери на поезијата. Двапати сум бил како поет гостин, а сега и како лауреат. Дојдовме со возило. Се шетавме посетивме доста предели. Она што секогаш ме фрапираше тоа е силниот карактер на убавината на природата. Исклучително фрапантно е кога одите од Скопје кон Струга поминувате низ планини, шуми, реки и наеднаш доаѓате пред отвореноста и убавината на езерото и тоа е навистина исклучително.Мноштво култури се присутни тука. Сметам дека тоа е големо богатство, тоа мешање на културите, но притоа може да има и тешкотии понекогаш.
извор: МИА

The post Жан Пјер Симеон: Треба да се бориме за илузиите на модерниот свет да не ги задушат поетските сили appeared first on Република.

]]>
Во ДПМ ќе му биде врачено почесно членство на Жан Пјер Симеон, овогодишиниот лауреат на Струшките вечери на поезијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-dpm-ke-mu-bide-vracheno-pochesno-chlenstvo-na-zhan-pjer-simeon-ovogodishiniot-laureat-na-strushkite-vecheri-na-poezijata/ Mon, 26 Aug 2024 07:27:49 +0000 https://republika.mk/?p=810135

Денес, во 18:00 часот во просториите на Друштвото на писателите на Македонија, ќе му биде врачено почесно членство на Жан Пјер Симеон, овогодишиниот лауреат на Струшките вечери на поезијата.

The post Во ДПМ ќе му биде врачено почесно членство на Жан Пјер Симеон, овогодишиниот лауреат на Струшките вечери на поезијата appeared first on Република.

Жан Пјер Симеон, лауреат на Златниот венец на СВП: Поезијата мора сите да нѐ заинтересира зошто таа не се состои само од песни, таа е начин на живот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zhan-pjer-simeon-laureat-na-zlatniot-venets-na-svp-poezijata-mora-site-da-n-zainteresira-zoshto-taa-ne-se-sostoi-samo-od-pesni-taa-e-nachin-na-zhivot/ Thu, 22 Aug 2024 23:38:03 +0000 https://republika.mk/?p=809227

Пред свеченото отворање на годинешното 63. издание на поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“, годинешниот лауреат на Златниот венец, францускиот поет Жан Пјер Симеон засади дрво во Паркот на поезијата, а потоа присуствуваше на традиционалната пред конференција.

Сметам дека не живееме на правилен начин. Нашите животи ни се земаат од рака и поезијата е на некој начин нешто што ни кажува на сите нас дека имаме право апсолутно целосно да го живееме својот живот. Не само да постоиме во некакви улоги, да имаме обврски, ниту, пак, да бидеме робови на општествените барања. Мора да се размислува за животот во општеството низ призма на поет, на слободен начин. Целта е секогаш да се слави апсолутноста на животот. Постојат многу начини на коишто тоа можеме да го направиме. Љубовта е само еден пример, еден од најдобрите примери, изјави добитникот на „Златниот венец“, истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон, на денешната прес-конференција во рамки на „Струшките вечери на поезијата“.

Симеон посочи дека е почестен што го добива ова големо признание од областа на поезијата, на светско ниво.

Навистина ми е многу мило што сум тука и, како што ќе претпоставите, почестен сум и горд сум што сум дел од овој фестивал како лауреат на оваа позната светска манифестација. Знам дека големите поети, великаните дошле тука токму во Струга за овој фестивал. Малку се срамам кога стојам покрај нив. Навистина ми претставува огромна чест и одговорност затоа што не зборувам само за мојата поезија и за мојот живот, туку зборувам за важноста на поезијата во нашите животи, заедничките животи во општеството. Моето творештво во изминативе години имаше за цел на сите да им покаже дека поезијата мора сите да нѐ заинтересира затоа што таа не се состои само од песни. Поезијата е начин на живот, начин на постоење. Начин на живот кон којшто сите треба да се стремиме. Кон слободата, братството. Сметам дека тоа треба да биде цел на сите нас. Мислам дека тука во Македонија, со овој фестивал, кој е толку добро познат низ целиот свет, исклучително важно е за сите поети низ целиот свет овој фестивал да постои, рече Жан Пјер Симеон.

На средбата со новинарите беше презентиран и дел од излагањето на претседателката на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“, Елизабета Шелева, која Жан Пјер Симеон го нарече комплексна творечка фигура на светската поетска сцена.

Жан Пјер Симеон е ценет поет, но и автор со широк распон на својот творечки потенцијал, што го прави навистина интригантен и реализиран, во неколку жанровски подрачја. Тој е ценет како поет, признаен и се’стран автор, комплексна творечка фигура и поливалентна личност: интелектуалец, ерудит, поет, уредник, есеист, прозаист, драмски автор, хуманист. Поезијата на Симеон, зад себе го има благородниот контекст и закрила, на една богата поетска традиција, каква што е француската, којашто ја краси возвишениот парнасовски идеал на песната - како суверено кралство, во кое живее и опстојува власта на љубовта и убавината, истакнува Шелева.

Симеон, не е непознат за СВП и пошироката читателска јавност. Бил гостин на престижниот поетски фестивал во 2010 година, а неговата поезија е првично приопштена на македонски јазик, благодарение на поетскиот избор „Човекот во срцето на светот“, објавен во едицијата „Плејади“ на СВП, во 2010 година, во препев на Јордан Плевнеш.

Во поздравното обраќање до македонската јавност, Жан Пјер Симеон истакна:

Се осмелив пред неколку години да напишам есеј под наслов „Поезијата ќе го спаси светот“. Таа безусловна афирмација од насловот им се чинеше дека е смешна на многумина на земјината топка кои веруваат дека Поезијата е само еден шармантен орнамент, една јазична игра која може да ги интересира само неколкумина остроумни лингвисти. Меѓутоа, јас сум цврсто определен да мислам дека највозвишената Поезија, од видот на она пеење што е отелотворено во поетските опуси на венценосците од Струга, во оваа земја Македонија, што ги овенча бесмртните поети од многу меридијани- е израз на една меморијална и универзална визија, која единствено може да и даде смисла на човечката авантура во овој безмилосен свет.

Која е таа желба, таа надеж, тој толку силен елан што е обликуван низ вековите да им се спротивставува и да ги демантира најголемите насилија на Историјата. Токмy поезијата е вистинска одбрана на Човекот и неговата вознемирена и безгранично отворена совест, која сака да го пронајде своето соодветно место, исполнето со неговата простосмртна желба по Срцето на Непознатото,за да го направи свет животот во сите негови безгранични пространства.

Поетот, драматург и есеист, Жан-Пјер Симеон е роден 1950 година во Париз. Како професор по модерна книжевност, тој објавил повеќе збирки поезија, романи, книги за деца и театарски пиеси. Тој е иницијатор на Неделата на поезијата во Клермон-Феран во 1986 година. Од 2001 до 2017 година бил уметнички директор на Пролетта на поетите. Од 2001 до 2019 година бил придружен поет на Националниот народен театар во Вилербан. Тој е претседател на жирито за доделување на наградата Аполинер. Во моментов е директор на колекцијата Поезија во Галимар.

Предавал на Институтот за универзитетско образование на учители во Оверњ, на Високата национална школа за уметности и техники на театарот, како и на Париската школа за политички науки.

Неговите збирки поезија се објавени во издавачките куќи Шејн (Cheyne éditeur) и Галимар (Gallimard), а неговите театарски пиеси се во издание на Солитер ентампестиф (Solitaires Intempestifs).

За свето поетско творештво, Жан-Пјер Симеон е добитник на многу награди меѓу кои: наградата Морис Сев во 1981 година, наградата Антонен Арто во 1984 година, наградата Аполинер во 1994 година, наградата Макс Жакоб во 2006 година, меѓународната награда Лучијан Блага во Романија, Големата награда на Мон Сен Мишел за целокупното свое творештво, Меѓународната награда за современа поезија ( International Contemporary poetry award) во Кина во 2021 година, Големата награда за поезија на Француската академија во 2022 година.

Жан-Пјер Симеон е одликуван со орденот Командант од редот на уметности и литература.

The post Жан Пјер Симеон, лауреат на Златниот венец на СВП: Поезијата мора сите да нѐ заинтересира зошто таа не се состои само од песни, таа е начин на живот appeared first on Република.

]]>

Пред свеченото отворање на годинешното 63. издание на поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“, годинешниот лауреат на Златниот венец, францускиот поет Жан Пјер Симеон засади дрво во Паркот на поезијата, а потоа присуствуваше на традиционалната пред конференција.
Сметам дека не живееме на правилен начин. Нашите животи ни се земаат од рака и поезијата е на некој начин нешто што ни кажува на сите нас дека имаме право апсолутно целосно да го живееме својот живот. Не само да постоиме во некакви улоги, да имаме обврски, ниту, пак, да бидеме робови на општествените барања. Мора да се размислува за животот во општеството низ призма на поет, на слободен начин. Целта е секогаш да се слави апсолутноста на животот. Постојат многу начини на коишто тоа можеме да го направиме. Љубовта е само еден пример, еден од најдобрите примери, изјави добитникот на „Златниот венец“, истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон, на денешната прес-конференција во рамки на „Струшките вечери на поезијата“.
Симеон посочи дека е почестен што го добива ова големо признание од областа на поезијата, на светско ниво.
Навистина ми е многу мило што сум тука и, како што ќе претпоставите, почестен сум и горд сум што сум дел од овој фестивал како лауреат на оваа позната светска манифестација. Знам дека големите поети, великаните дошле тука токму во Струга за овој фестивал. Малку се срамам кога стојам покрај нив. Навистина ми претставува огромна чест и одговорност затоа што не зборувам само за мојата поезија и за мојот живот, туку зборувам за важноста на поезијата во нашите животи, заедничките животи во општеството. Моето творештво во изминативе години имаше за цел на сите да им покаже дека поезијата мора сите да нѐ заинтересира затоа што таа не се состои само од песни. Поезијата е начин на живот, начин на постоење. Начин на живот кон којшто сите треба да се стремиме. Кон слободата, братството. Сметам дека тоа треба да биде цел на сите нас. Мислам дека тука во Македонија, со овој фестивал, кој е толку добро познат низ целиот свет, исклучително важно е за сите поети низ целиот свет овој фестивал да постои, рече Жан Пјер Симеон.
На средбата со новинарите беше презентиран и дел од излагањето на претседателката на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“, Елизабета Шелева, која Жан Пјер Симеон го нарече комплексна творечка фигура на светската поетска сцена.
Жан Пјер Симеон е ценет поет, но и автор со широк распон на својот творечки потенцијал, што го прави навистина интригантен и реализиран, во неколку жанровски подрачја. Тој е ценет како поет, признаен и се’стран автор, комплексна творечка фигура и поливалентна личност: интелектуалец, ерудит, поет, уредник, есеист, прозаист, драмски автор, хуманист. Поезијата на Симеон, зад себе го има благородниот контекст и закрила, на една богата поетска традиција, каква што е француската, којашто ја краси возвишениот парнасовски идеал на песната - како суверено кралство, во кое живее и опстојува власта на љубовта и убавината, истакнува Шелева.
Симеон, не е непознат за СВП и пошироката читателска јавност. Бил гостин на престижниот поетски фестивал во 2010 година, а неговата поезија е првично приопштена на македонски јазик, благодарение на поетскиот избор „Човекот во срцето на светот“, објавен во едицијата „Плејади“ на СВП, во 2010 година, во препев на Јордан Плевнеш. Во поздравното обраќање до македонската јавност, Жан Пјер Симеон истакна:
Се осмелив пред неколку години да напишам есеј под наслов „Поезијата ќе го спаси светот“. Таа безусловна афирмација од насловот им се чинеше дека е смешна на многумина на земјината топка кои веруваат дека Поезијата е само еден шармантен орнамент, една јазична игра која може да ги интересира само неколкумина остроумни лингвисти. Меѓутоа, јас сум цврсто определен да мислам дека највозвишената Поезија, од видот на она пеење што е отелотворено во поетските опуси на венценосците од Струга, во оваа земја Македонија, што ги овенча бесмртните поети од многу меридијани- е израз на една меморијална и универзална визија, која единствено може да и даде смисла на човечката авантура во овој безмилосен свет. Која е таа желба, таа надеж, тој толку силен елан што е обликуван низ вековите да им се спротивставува и да ги демантира најголемите насилија на Историјата. Токмy поезијата е вистинска одбрана на Човекот и неговата вознемирена и безгранично отворена совест, која сака да го пронајде своето соодветно место, исполнето со неговата простосмртна желба по Срцето на Непознатото,за да го направи свет животот во сите негови безгранични пространства.
Поетот, драматург и есеист, Жан-Пјер Симеон е роден 1950 година во Париз. Како професор по модерна книжевност, тој објавил повеќе збирки поезија, романи, книги за деца и театарски пиеси. Тој е иницијатор на Неделата на поезијата во Клермон-Феран во 1986 година. Од 2001 до 2017 година бил уметнички директор на Пролетта на поетите. Од 2001 до 2019 година бил придружен поет на Националниот народен театар во Вилербан. Тој е претседател на жирито за доделување на наградата Аполинер. Во моментов е директор на колекцијата Поезија во Галимар. Предавал на Институтот за универзитетско образование на учители во Оверњ, на Високата национална школа за уметности и техники на театарот, како и на Париската школа за политички науки. Неговите збирки поезија се објавени во издавачките куќи Шејн (Cheyne éditeur) и Галимар (Gallimard), а неговите театарски пиеси се во издание на Солитер ентампестиф (Solitaires Intempestifs). За свето поетско творештво, Жан-Пјер Симеон е добитник на многу награди меѓу кои: наградата Морис Сев во 1981 година, наградата Антонен Арто во 1984 година, наградата Аполинер во 1994 година, наградата Макс Жакоб во 2006 година, меѓународната награда Лучијан Блага во Романија, Големата награда на Мон Сен Мишел за целокупното свое творештво, Меѓународната награда за современа поезија ( International Contemporary poetry award) во Кина во 2021 година, Големата награда за поезија на Француската академија во 2022 година. Жан-Пјер Симеон е одликуван со орденот Командант од редот на уметности и литература.

The post Жан Пјер Симеон, лауреат на Златниот венец на СВП: Поезијата мора сите да нѐ заинтересира зошто таа не се состои само од песни, таа е начин на живот appeared first on Република.

]]>
Жан Пјер Симеон засади дрво во Паркот на поезијата во Струга: Никогаш досега не сум садел дрвја, но сум посадил многу песни! https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zhan-pjer-simeon-zasadi-drvo-vo-parkot-na-poezijata-vo-struga-nikogash-dosega-ne-sum-sadel-drvja-no-sum-posadil-mnogu-pesni/ Thu, 22 Aug 2024 13:05:29 +0000 https://republika.mk/?p=809104

Јас досега во мојот живот никогаш не сум садел дрвја до ден денешен, но го познавам тој чин бидејќи сум посадил многу песни во мојот живот и тоа е речиси исто, рече Жан Пјер Симеон, годинашниот лауреат на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезија утринава додека засади дрво во паркот на поезијата во Струга.

Песната, не е ли и таа едно мало дрвце кое го садиме во интимната градина на читателот и кое расте спокојно пред да ги даде своите плодови?

Има исто толку видови на песни колку што има видови на дрвја, повеќето од нив се плодородни дрвја, има песни бонсаи кои служат како украси, песни како дрвото Баобаб како што е Божествената комедија, песни кои се толку обвиени во недоброј лисја за да се засолнат вљубените, песни што се разнесени од бурите, песни без цветови, но гнезда за безброј птици, песни суви и голи кои што можат да им го покажат патот на скитниците.

И на крајот има такви песни кои расцутуваат одеднаш на секоја посета од читателот, токму такви песни какви што ние сите сонуваме да ги напишеме!, рече Симеон.

На ова место се вишнеат дрвјата засадени од некои од најзначајните поети на 20 век: Адонис, Ајги, Вознесенски, Сенегор, Фатос Арапи, Ив Бонфoа, Ален Гинзберг, Махмуд Дарвиш, Маргарет Атвуд, Нанси Морехон, Десанка Максимовиќ итн. Гранките на тие дрвја остануваат симболично продолжение на нивните гласови, на нивните стихови прочитани, токму тука во Струга.

Годинешниот лауреат, во присуство на македонските и странските поети, изјави задоволство што ја има честа и неговото дрво да се најде во леата со светските поетски великани.

Струга има свој мост, Дом и Парк на поезијата. Прекрасна е идејата секој поет што ќе добие „Златен венец“ да засади дрво. Еден ден овде ќе имаме и шума. Еден ден кога нас ќе нѐ нема ова дрво ќе продолжи да расте и да се развива – рече Симеон.

Симеон, не е непознат за СВП и пошироката читателска јавност. Бил гостин на престижниот поетски фестивал во 2010 година, а неговата поезија  е првично приопштена на македонски јазик, благодарение на поетскиот избор „Човекот во срцето на светот“, објавен во едицијата „Плејади“ на СВП, во 2010 година, во препев на Јордан Плевнеш.

The post Жан Пјер Симеон засади дрво во Паркот на поезијата во Струга: Никогаш досега не сум садел дрвја, но сум посадил многу песни! appeared first on Република.

]]>

Јас досега во мојот живот никогаш не сум садел дрвја до ден денешен, но го познавам тој чин бидејќи сум посадил многу песни во мојот живот и тоа е речиси исто, рече Жан Пјер Симеон, годинашниот лауреат на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезија утринава додека засади дрво во паркот на поезијата во Струга.
Песната, не е ли и таа едно мало дрвце кое го садиме во интимната градина на читателот и кое расте спокојно пред да ги даде своите плодови? Има исто толку видови на песни колку што има видови на дрвја, повеќето од нив се плодородни дрвја, има песни бонсаи кои служат како украси, песни како дрвото Баобаб како што е Божествената комедија, песни кои се толку обвиени во недоброј лисја за да се засолнат вљубените, песни што се разнесени од бурите, песни без цветови, но гнезда за безброј птици, песни суви и голи кои што можат да им го покажат патот на скитниците. И на крајот има такви песни кои расцутуваат одеднаш на секоја посета од читателот, токму такви песни какви што ние сите сонуваме да ги напишеме!, рече Симеон.
На ова место се вишнеат дрвјата засадени од некои од најзначајните поети на 20 век: Адонис, Ајги, Вознесенски, Сенегор, Фатос Арапи, Ив Бонфoа, Ален Гинзберг, Махмуд Дарвиш, Маргарет Атвуд, Нанси Морехон, Десанка Максимовиќ итн. Гранките на тие дрвја остануваат симболично продолжение на нивните гласови, на нивните стихови прочитани, токму тука во Струга. Годинешниот лауреат, во присуство на македонските и странските поети, изјави задоволство што ја има честа и неговото дрво да се најде во леата со светските поетски великани.
Струга има свој мост, Дом и Парк на поезијата. Прекрасна е идејата секој поет што ќе добие „Златен венец“ да засади дрво. Еден ден овде ќе имаме и шума. Еден ден кога нас ќе нѐ нема ова дрво ќе продолжи да расте и да се развива – рече Симеон.
Симеон, не е непознат за СВП и пошироката читателска јавност. Бил гостин на престижниот поетски фестивал во 2010 година, а неговата поезија  е првично приопштена на македонски јазик, благодарение на поетскиот избор „Човекот во срцето на светот“, објавен во едицијата „Плејади“ на СВП, во 2010 година, во препев на Јордан Плевнеш.

The post Жан Пјер Симеон засади дрво во Паркот на поезијата во Струга: Никогаш досега не сум садел дрвја, но сум посадил многу песни! appeared first on Република.

]]>
Францускиот поет Жан Пјер Симеон е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/frantsuskiot-poet-zhan-pjer-simeon-e-dobitnik-na-zlaten-venets-na-strushkite-vecheri-na-poezijata-za-2024-godina/ Thu, 21 Mar 2024 12:57:43 +0000 https://republika.mk/?p=756995

Добитник на „Златен венец“ за 2024 година, главната награда на „Струшките вечери на поезијата“, е истакнатиот француски поет, Жан Пјер Симеон.

Одлуката беше соопштена на свечениот настан во Македонската академија на науките и уметностите, на кој покрај прогласувањето на лауреатите на СВП, беше одбележан 21 март-Светскиот ден на поезијата со поетско читање во кое учествуваа истакнати поети- членови на Македонскиот П.Е.Н Центар, како и други истакнати македонски поети од различни генерации

Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на поетското читање „Мостови“, една од централните манифестации на годинешното издание на фестивалот, предвиден да се одржи од 22 до 26 август годинава.

Жан Пјер Симеон е ценет поет, со широк распон на својот творечки потенцијал, реализиран во неколку жанровски подрачја. Тој e сестран автор, комплексна творечка фигура и поливалентна личност: интелектуалец, ерудит, поет, уредник, есеист, прозаист, драмски автор, хуманист. Поезијата на Симеон, зад себе го има благородниот контекст и драгоцената закрила, на една богата поетска традиција, каква што е француската, којашто ја краси возвишениот парнасовски идеал на песната - како суверено кралство, во кое живее и опстојува власта на Љубовта и Убавината. Во песните на Симеон од почетниот период одѕвонува една самосвојна дидактика на Љубовта - а која стреми и досега отаде (похотливата и голосетилна) еротика „на прва рака“, се вели во образолжението на одлуката која ја прочита проф. д-р Елизабета Шелева, претседател на Управниот одбор на СВП.

Поетот, драматург и есеист, Жан-Пјер Симеон е роден 1950 година во Париз. Како професор по модерна книжевност, тој објавил повеќе збирки поезија, романи, книги за деца и театарски пиеси. Тој е иницијатор на Неделата на поезијата во Клермон-Феран во 1986 година. Од 2001 до 2017 година бил уметнички директор на Пролетта на поетите. Од 2001 до 2019 година бил придружен поет на Националниот народен театар во Вилербан. Тој е претседател на жирито за доделување на наградата Аполинер. Во моментов е директор на колекцијата Поезија во Галимар.

Жан-Пјер Симеон предавал на Институтот за универзитетско образование на учители во Оверњ, на Високата национална школа за уметности и техники на театарот, како и на Париската школа за политички науки.

Неговите збирки поезија се објавени во издавачките куќи Шејн (Cheyne éditeur) и Галимар (Gallimard), а неговите театарски пиеси се во издание на Солитер ентампестиф (Solitaires Intempestifs).

За свето поетско творештво, Жан-Пјер Симеон е добитник на многу награди меѓу кои: наградата Морис Сев во 1981 година, наградата Антонен Арто во 1984 година, наградата Аполинер во 1994 година, наградата Макс Жакоб во 2006 година, меѓународната награда Лучијан Блага во Романија, Големата награда на Мон Сен Мишел за целокупното свое творештво, Меѓународната награда за современа поезија ( International Contemporary poetry award) во Кина во 2021 година, Големата награда за поезија на Француската академија во 2022 година.

Жан-Пјер Симеон е одликуван со орденот Командант од редот на уметности и литература. Поезијата на Жан Пјер Симеон е првично приопштена на македонски јазик, благодарение на поеткиот избор „Човекот во срцето на светот“, објавен во едицијата „Плејади“ на Струшките вечери на поезијата, во 2010 година во препев на Јордан Плевнеш.

Во поздравното обраќање до македонската јавност, Жан Пјер Симеон вели:

Се осмелив пред неколку години да напишам есеј под наслов „Поезијата ќе го спаси светот“. Таа безусловна афирмација од насловот им се чинеше дека е смешна на многумина на земјината топка кои веруваат дека Поезијата е само еден шармантен орнамент, една јазична игра која може да ги интересира само неколкумина остроумни лингвисти. Меѓутоа, јас сум цврсто определен да мислам дека највозвишената Поезија, од видот на она пеење што е отелотворено во поетските опуси на венценосците од Струга, во оваа земја Македонија, што ги овенча бесмртните поети од многу меридијани- е израз на една меморијална и универзална визија, која единствено може да и даде смисла на човечката авантура во овој безмилосен свет.
Која е таа желба, таа надеж, тој толку силен елан што е обликуван низ вековите да им се спротивставува и да ги демантира најголемите насилија на Историјата. Токмy поезијата е вистинска одбрана на Човекот и неговата вознемирена и безгранично отворена совест, која сака да го пронајде своето соодветно место, исполнето со неговата простосмртна желба по Срцето на Непознатото,за да го направи свет животот во сите негови безгранични пространства.

Добитничка на наградата „Мостови на Струга“ за 2024 година која што СВП во соработка со УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска збирка е германската поетеса Катрин Пиц за нејзината стихозбирка „Вакви денови имало отсекогаш“.

Директорот на СВП, Тодорче Тасевски ја објави соработката на Струшките вечери на поезијата со Делегацијата на ЕУ којашто од оваа година ќе биде покровител на наградите „Енхалон“ и „Млада Струга“ преку Јуроп Хаус-Струга (Europe House-Struga), најновата членка на мрежата на Јуроп Хаус (Europe House).

Возобновената награда „Млада Струга“ ќе се доделува за необјавен поетски ракопис на млад поет или поетеса што дотогаш немаат објавено поетска збирка. Добитникот ќе биде избран по распишан конкурс, а освен паричен износ, наградата вклучува и објавување на поетската збирка како дел од изданијата на СВП и учество на Фестивалот, по урнек на поранешниот конкурс на Книжевната младина на Македонија.

Наградата „Енхалон“ се доделува за најдобра прочитана песна во рамки на „Ноќите без интерпункција“, дел од програмата на Фестивалот кадешто учествуваат претежно помлади поети.

По завршувањето на прогласувањето на лауреатите следуваше традиционалното поетско читање на членови на Македонскиот ПЕН центар, како и други истакнати македонски поети во чест на 21 март- Светскиот ден на поезијата.

Поетскотото послание за 2024 година го прочита истакнатата македонска писателка Оливера Ќорвезироска по што следуваше настапот на истакнати македонски поети од различни генерации.

The post Францускиот поет Жан Пјер Симеон е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2024 година appeared first on Република.

]]>

Добитник на „Златен венец“ за 2024 година, главната награда на „Струшките вечери на поезијата“, е истакнатиот француски поет, Жан Пјер Симеон. Одлуката беше соопштена на свечениот настан во Македонската академија на науките и уметностите, на кој покрај прогласувањето на лауреатите на СВП, беше одбележан 21 март-Светскиот ден на поезијата со поетско читање во кое учествуваа истакнати поети- членови на Македонскиот П.Е.Н Центар, како и други истакнати македонски поети од различни генерации Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на поетското читање „Мостови“, една од централните манифестации на годинешното издание на фестивалот, предвиден да се одржи од 22 до 26 август годинава.
Жан Пјер Симеон е ценет поет, со широк распон на својот творечки потенцијал, реализиран во неколку жанровски подрачја. Тој e сестран автор, комплексна творечка фигура и поливалентна личност: интелектуалец, ерудит, поет, уредник, есеист, прозаист, драмски автор, хуманист. Поезијата на Симеон, зад себе го има благородниот контекст и драгоцената закрила, на една богата поетска традиција, каква што е француската, којашто ја краси возвишениот парнасовски идеал на песната - како суверено кралство, во кое живее и опстојува власта на Љубовта и Убавината. Во песните на Симеон од почетниот период одѕвонува една самосвојна дидактика на Љубовта - а која стреми и досега отаде (похотливата и голосетилна) еротика „на прва рака“, се вели во образолжението на одлуката која ја прочита проф. д-р Елизабета Шелева, претседател на Управниот одбор на СВП.
Поетот, драматург и есеист, Жан-Пјер Симеон е роден 1950 година во Париз. Како професор по модерна книжевност, тој објавил повеќе збирки поезија, романи, книги за деца и театарски пиеси. Тој е иницијатор на Неделата на поезијата во Клермон-Феран во 1986 година. Од 2001 до 2017 година бил уметнички директор на Пролетта на поетите. Од 2001 до 2019 година бил придружен поет на Националниот народен театар во Вилербан. Тој е претседател на жирито за доделување на наградата Аполинер. Во моментов е директор на колекцијата Поезија во Галимар. Жан-Пјер Симеон предавал на Институтот за универзитетско образование на учители во Оверњ, на Високата национална школа за уметности и техники на театарот, како и на Париската школа за политички науки. Неговите збирки поезија се објавени во издавачките куќи Шејн (Cheyne éditeur) и Галимар (Gallimard), а неговите театарски пиеси се во издание на Солитер ентампестиф (Solitaires Intempestifs). За свето поетско творештво, Жан-Пјер Симеон е добитник на многу награди меѓу кои: наградата Морис Сев во 1981 година, наградата Антонен Арто во 1984 година, наградата Аполинер во 1994 година, наградата Макс Жакоб во 2006 година, меѓународната награда Лучијан Блага во Романија, Големата награда на Мон Сен Мишел за целокупното свое творештво, Меѓународната награда за современа поезија ( International Contemporary poetry award) во Кина во 2021 година, Големата награда за поезија на Француската академија во 2022 година. Жан-Пјер Симеон е одликуван со орденот Командант од редот на уметности и литература. Поезијата на Жан Пјер Симеон е првично приопштена на македонски јазик, благодарение на поеткиот избор „Човекот во срцето на светот“, објавен во едицијата „Плејади“ на Струшките вечери на поезијата, во 2010 година во препев на Јордан Плевнеш. Во поздравното обраќање до македонската јавност, Жан Пјер Симеон вели:
Се осмелив пред неколку години да напишам есеј под наслов „Поезијата ќе го спаси светот“. Таа безусловна афирмација од насловот им се чинеше дека е смешна на многумина на земјината топка кои веруваат дека Поезијата е само еден шармантен орнамент, една јазична игра која може да ги интересира само неколкумина остроумни лингвисти. Меѓутоа, јас сум цврсто определен да мислам дека највозвишената Поезија, од видот на она пеење што е отелотворено во поетските опуси на венценосците од Струга, во оваа земја Македонија, што ги овенча бесмртните поети од многу меридијани- е израз на една меморијална и универзална визија, која единствено може да и даде смисла на човечката авантура во овој безмилосен свет. Која е таа желба, таа надеж, тој толку силен елан што е обликуван низ вековите да им се спротивставува и да ги демантира најголемите насилија на Историјата. Токмy поезијата е вистинска одбрана на Човекот и неговата вознемирена и безгранично отворена совест, која сака да го пронајде своето соодветно место, исполнето со неговата простосмртна желба по Срцето на Непознатото,за да го направи свет животот во сите негови безгранични пространства.
Добитничка на наградата „Мостови на Струга“ за 2024 година која што СВП во соработка со УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска збирка е германската поетеса Катрин Пиц за нејзината стихозбирка „Вакви денови имало отсекогаш“. Директорот на СВП, Тодорче Тасевски ја објави соработката на Струшките вечери на поезијата со Делегацијата на ЕУ којашто од оваа година ќе биде покровител на наградите „Енхалон“ и „Млада Струга“ преку Јуроп Хаус-Струга (Europe House-Struga), најновата членка на мрежата на Јуроп Хаус (Europe House). Возобновената награда „Млада Струга“ ќе се доделува за необјавен поетски ракопис на млад поет или поетеса што дотогаш немаат објавено поетска збирка. Добитникот ќе биде избран по распишан конкурс, а освен паричен износ, наградата вклучува и објавување на поетската збирка како дел од изданијата на СВП и учество на Фестивалот, по урнек на поранешниот конкурс на Книжевната младина на Македонија. Наградата „Енхалон“ се доделува за најдобра прочитана песна во рамки на „Ноќите без интерпункција“, дел од програмата на Фестивалот кадешто учествуваат претежно помлади поети. По завршувањето на прогласувањето на лауреатите следуваше традиционалното поетско читање на членови на Македонскиот ПЕН центар, како и други истакнати македонски поети во чест на 21 март- Светскиот ден на поезијата. Поетскотото послание за 2024 година го прочита истакнатата македонска писателка Оливера Ќорвезироска по што следуваше настапот на истакнати македонски поети од различни генерации.

The post Францускиот поет Жан Пјер Симеон е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2024 година appeared first on Република.

]]>