Жан Клод Јункер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zhan-klod-junker/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Feb 2024 14:47:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Жан Клод Јункер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zhan-klod-junker/ 32 32 Јункер: ЕУ не треба лесно да и дава ветувања на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/junker-eu-ne-treba-lesno-da-i-dava-vetuvana-na-ukraina/ Wed, 14 Feb 2024 14:47:25 +0000 https://republika.mk/?p=744139

Поранешниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави дека на Украина треба да и се даде перспектива за членство во Европската унија, но предупреди дека е скептичен кога се во прашање роковите и дека Брисел не треба да ветува нешто што не може да го исполни.

-Целосно се согласувам дека треба да има перспектива за членство на Украина. Но, јас сум против давање ветувања кои не можат да се исполнат во рокот што Украина го сака.

Ова би резултирало таа земја повторно да биде разочарана и да и сврти грб на ЕУ, рече Јункер за швајцарските медиуми.

Јункер нагласи дека одлуката позитивно да се одговори на барањето на Украина за преговори е правилна.

-Но, сите учесници треба да знаат дека има предуслови што треба да се исполнат, за да не внесуваме непотребни проблеми во ЕУ, изјави Јункер, кој пред да биде избран за претседател на Комисијата во 2014 година, беше премиер на Луксембург речиси две децении.

Јункер потенцира дека поради распространетата корупција во општеството, Украина нема да биде подготвена за членство во ЕУ долго време.

Според него, би било вредно да се размислува за некаква делумна интеграција и постепено зближување, „некаков вид квази-членство за Украина“.

-Тоа секако би било пореално од полноправно членство во следните три до пет години, рече Јункер.

The post Јункер: ЕУ не треба лесно да и дава ветувања на Украина appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави дека на Украина треба да и се даде перспектива за членство во Европската унија, но предупреди дека е скептичен кога се во прашање роковите и дека Брисел не треба да ветува нешто што не може да го исполни. -Целосно се согласувам дека треба да има перспектива за членство на Украина. Но, јас сум против давање ветувања кои не можат да се исполнат во рокот што Украина го сака.
Ова би резултирало таа земја повторно да биде разочарана и да и сврти грб на ЕУ, рече Јункер за швајцарските медиуми.
Јункер нагласи дека одлуката позитивно да се одговори на барањето на Украина за преговори е правилна. -Но, сите учесници треба да знаат дека има предуслови што треба да се исполнат, за да не внесуваме непотребни проблеми во ЕУ, изјави Јункер, кој пред да биде избран за претседател на Комисијата во 2014 година, беше премиер на Луксембург речиси две децении. Јункер потенцира дека поради распространетата корупција во општеството, Украина нема да биде подготвена за членство во ЕУ долго време. Според него, би било вредно да се размислува за некаква делумна интеграција и постепено зближување, „некаков вид квази-членство за Украина“. -Тоа секако би било пореално од полноправно членство во следните три до пет години, рече Јункер.

The post Јункер: ЕУ не треба лесно да и дава ветувања на Украина appeared first on Република.

]]>
Јункер објасни како работи ЕУ: Ние прво носиме одлука, ако нема револт продолжуваме до точка од која нема враќање https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/junker-objasni-kako-raboti-eu-nie-prvo-nosime-odluka-ako-nema-revolt-prodolzhuvame-do-tochka-od-koja-nema-vrakane/ Tue, 22 Aug 2023 08:35:27 +0000 https://republika.mk/?p=674458

За тоа како работи ЕУ и како ги третира послабите од неа во една прилика говореше и  Жан Клод Јункер, експремиерот на Луксембург и претседателот на Европската комисија:
„Ние донесуваме одлука, ја ставаме на маса, потоа чекаме да видиме што ќе се случи. Ако тоа не предизвика револт, ниту немири, бидејќи повеќето луѓе не разбираат што е одлучено, продолжуваме, чекор по чекор, до точката од која нема враќање-изјави Јункер.

The post Јункер објасни како работи ЕУ: Ние прво носиме одлука, ако нема револт продолжуваме до точка од која нема враќање appeared first on Република.