згрижување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zgrizuvanje/ За подобро да се разбереме Sat, 10 Feb 2024 20:25:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png згрижување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zgrizuvanje/ 32 32 Кристијан Бејл почнува проект за изградба живеалишта за деца на кои им треба згрижување https://arhiva3.republika.mk/scena/kristijan-bejl-pochnuva-proekt-za-izgradba-zhivealishta-za-detsa-na-koi-im-treba-zgrizhuvane/ Sat, 10 Feb 2024 22:00:24 +0000 https://republika.mk/?p=742673

По 16 години планирање, глумецот Кристијан Бејл заедно со сопругата Сиби Блажиќ и група политичари и пријатели од САД, со кои тој дели заеднички интереси, почнуваат проект за изградба на 12 куќи, купување два стана и заеднички центар од 650 квадратни метри, за деца на кои им треба згрижување.

Овој проект има за цел „да ги задржи браќата и сестрите кои имаат потреба од вдомување“ - под ист покрив, соопшти здружението основано од глумецот. Ваков проект, прв во американската сојузна држава Калифорнија, би чинел 22 милиони долари и се очекува да биде завршен до 2025 година. Местото се наоѓа на 90 километри северно од Лос Анџелес - во Палмдејл каде што има 160.000 жители.

Трудот и сонот на Бејл за овој потфат се протега наназад 16 години, на неговата страст за филантропија и услуга кон својата заедница може да се проследи уште од неговото детство минато во родната Англија.

Пораснав со татко ми кој секогаш беше многу активен алтруист, и одевме на протести... Како дете не знаев што правам, но го сакав тоа и му се восхитував на татко ми за начинот на којшто се трудеше да се грижи за другите луѓе. Околу нас секогаш имаше други луѓе кои немаа дом и доаѓаа и живеат во нашата куќа. Таков беше тој, изјави Бејл за „Холивуд репортер“, мислејќи на неговиот починат татко Дејвид, кој подоцна бил оженет и со активистката Глорија Стајнам.

Чувството за лична одговорност кај Бејл се зголемило кога со Сиби ја добиле ќерката Емелин во 2005 година.

Откако се роди нашата ќерка, се фатив како се обидувам да замислам како би било да нѐ нема нас. Во истовреме, минав цела ноќ гледајќи што се случува во Лос Анџелес и каде може да помогнеме. Бев зачуден и лут кога дознав дека овде имаме повеќе деца за згрижување отколку на кое било друго место во земјава. Бев и лут што не го знаев ова порано, па си помислив - тоа е тоа! Да се ​​сосредоточиме на ова! Мојата сопруга и јас одлучивме дека ќе направиме сѐ што е во наша моќ да го промениме тоа, продолжи Бејл.

За време на официјалната прослава на почетокот на пректот, беше објавен и список на лица кои дарувале пари за тоа. На него се наоѓаат агентот на Бејл - Патрик Вајтсел и оскаровецот Леонардо ди Каприо, меѓу другите.

The post Кристијан Бејл почнува проект за изградба живеалишта за деца на кои им треба згрижување appeared first on Република.

]]>

По 16 години планирање, глумецот Кристијан Бејл заедно со сопругата Сиби Блажиќ и група политичари и пријатели од САД, со кои тој дели заеднички интереси, почнуваат проект за изградба на 12 куќи, купување два стана и заеднички центар од 650 квадратни метри, за деца на кои им треба згрижување. Овој проект има за цел „да ги задржи браќата и сестрите кои имаат потреба од вдомување“ - под ист покрив, соопшти здружението основано од глумецот. Ваков проект, прв во американската сојузна држава Калифорнија, би чинел 22 милиони долари и се очекува да биде завршен до 2025 година. Местото се наоѓа на 90 километри северно од Лос Анџелес - во Палмдејл каде што има 160.000 жители. Трудот и сонот на Бејл за овој потфат се протега наназад 16 години, на неговата страст за филантропија и услуга кон својата заедница може да се проследи уште од неговото детство минато во родната Англија.
Пораснав со татко ми кој секогаш беше многу активен алтруист, и одевме на протести... Како дете не знаев што правам, но го сакав тоа и му се восхитував на татко ми за начинот на којшто се трудеше да се грижи за другите луѓе. Околу нас секогаш имаше други луѓе кои немаа дом и доаѓаа и живеат во нашата куќа. Таков беше тој, изјави Бејл за „Холивуд репортер“, мислејќи на неговиот починат татко Дејвид, кој подоцна бил оженет и со активистката Глорија Стајнам.
Чувството за лична одговорност кај Бејл се зголемило кога со Сиби ја добиле ќерката Емелин во 2005 година.
Откако се роди нашата ќерка, се фатив како се обидувам да замислам како би било да нѐ нема нас. Во истовреме, минав цела ноќ гледајќи што се случува во Лос Анџелес и каде може да помогнеме. Бев зачуден и лут кога дознав дека овде имаме повеќе деца за згрижување отколку на кое било друго место во земјава. Бев и лут што не го знаев ова порано, па си помислив - тоа е тоа! Да се ​​сосредоточиме на ова! Мојата сопруга и јас одлучивме дека ќе направиме сѐ што е во наша моќ да го промениме тоа, продолжи Бејл.
За време на официјалната прослава на почетокот на пректот, беше објавен и список на лица кои дарувале пари за тоа. На него се наоѓаат агентот на Бејл - Патрик Вајтсел и оскаровецот Леонардо ди Каприо, меѓу другите.

The post Кристијан Бејл почнува проект за изградба живеалишта за деца на кои им треба згрижување appeared first on Република.

]]>
Во Велика Британија за еден ден се пријавија 89.000 лица за згрижување украински бегалци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-velika-britanija-za-eden-den-se-prijavija-89-000-lica-za-zgrizuvanje-ukrainski-begalci/ Tue, 15 Mar 2022 10:36:07 +0000 https://republika.mk/?p=473072

Британската Влада ја пушти во употреба страницата „Домови за Украина“, за сите оние кои сакаат да им бидат домаќини на бегалци, а 89.000 лица се пријавија уште првиот ден, јави Би-Би-Си.

Секретарот за домување и заедници, Мајкл Гов смета дека Велика Британија има историја на „поддршка за најранливите за време на нивните најтемни часови“.

На секое домаќинство што ќе згрижи бегалец, ќе му бидат понудени 350 фунти месечно, без данок. Од домаќините нема да се очекува да обезбедат храна и трошоци за живот, но, тие може да изберат да го понудат тоа.

Луѓето што сакаат да понудат простор од својот дом, без плаќање кирија, или пак, посебна резиденција, за најмалку шест месеци, можат да го сторат тоа на интернет.

Како што е предвидено, бегалците ќе имаат пристап до здравство и други јавни услуги. Децата ќе ги следат часовите во локалните училишта.

Ќе бидат проверени и домаќините и бегалците кои учествуваат во програмата „Домови за Украина“.

Дополнително, локалните совети ќе проверат дали понуденото сместување е соодветно, соопшти Владата.

Медиумот потсети дека речиси три милиони лица избегаа од Украина, откако рускиот претседател, Владимир Путин, нареди руска инвазија, пред скоро три недели.

The post Во Велика Британија за еден ден се пријавија 89.000 лица за згрижување украински бегалци appeared first on Република.

]]>

Британската Влада ја пушти во употреба страницата „Домови за Украина“, за сите оние кои сакаат да им бидат домаќини на бегалци, а 89.000 лица се пријавија уште првиот ден, јави Би-Би-Си. Секретарот за домување и заедници, Мајкл Гов смета дека Велика Британија има историја на „поддршка за најранливите за време на нивните најтемни часови“. На секое домаќинство што ќе згрижи бегалец, ќе му бидат понудени 350 фунти месечно, без данок. Од домаќините нема да се очекува да обезбедат храна и трошоци за живот, но, тие може да изберат да го понудат тоа. Луѓето што сакаат да понудат простор од својот дом, без плаќање кирија, или пак, посебна резиденција, за најмалку шест месеци, можат да го сторат тоа на интернет. Како што е предвидено, бегалците ќе имаат пристап до здравство и други јавни услуги. Децата ќе ги следат часовите во локалните училишта. Ќе бидат проверени и домаќините и бегалците кои учествуваат во програмата „Домови за Украина“. Дополнително, локалните совети ќе проверат дали понуденото сместување е соодветно, соопшти Владата. Медиумот потсети дека речиси три милиони лица избегаа од Украина, откако рускиот претседател, Владимир Путин, нареди руска инвазија, пред скоро три недели.

The post Во Велика Британија за еден ден се пријавија 89.000 лица за згрижување украински бегалци appeared first on Република.

]]>