згрижување деца Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zgrizuvanje-deca/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Jun 2022 12:16:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png згрижување деца Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zgrizuvanje-deca/ 32 32 Уапсена негователка од мал групен дом во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsena-negovatelka-od-mal-grupen-dom-vo-bitola/ Mon, 06 Jun 2022 12:16:53 +0000 https://republika.mk/?p=511751

Полициски службеници од полициската станица Битола ја лишија од слобода Х.В.К.(37) од Битола, вработена во јавна установа за згрижување на деца во Битола. Вработената со запоставување на својата должност, ги запуштила малолетниците згрижени во мал групен дом.

По документирање на случајот против неа ќе следува кривична пријава, информираа од СВР-Битола.

The post Уапсена негователка од мал групен дом во Битола appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од полициската станица Битола ја лишија од слобода Х.В.К.(37) од Битола, вработена во јавна установа за згрижување на деца во Битола. Вработената со запоставување на својата должност, ги запуштила малолетниците згрижени во мал групен дом. По документирање на случајот против неа ќе следува кривична пријава, информираа од СВР-Битола.

The post Уапсена негователка од мал групен дом во Битола appeared first on Република.

]]>
МТСП: Згрижувањето и воспитанието на децата во градинките продолжува непречено https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mtsp-zgrizuvanjeto-i-vospitanieto-na-decata-vo-gradinkite-prodolzuva-neprecheno/ Tue, 12 Apr 2022 11:04:55 +0000 https://republika.mk/?p=487312

Министерството  за труд и социјална политика ја информира јавноста дека од вкупно 75 Јавни установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст,  во 25 предучилишни установи за деца денес воопшто не се штрајкува. Додека пак, во 50 предучилишни установи штрајкуваат само дел од вработените.

Овие податоци укажуваат дека една третина од вкупно вработените во предучилишните установи не го поддржуваат штрајкот организиран од СОНК, што претставува пораст од четири установи за разлика од вчерашниот ден.

 

Согласно податоците на министерството кои се ажурираат на дневна основа,  се бележи тенденција на пораст на згрижени деца во градинките во текот на денешниот ден. Ваквата состојба се должи на фактот што згрижувањето и воспитанието на децата течеше непречено вчерашниот ден,  со исклучок на една Јавна установа и намален капацитет на згрижување на деца во мал број на предучилишни установи.

 

Исто така, се бележи и благ пад на учесници (вработени и поддржувачи) на штрајкот во предучилишните установи.

Социјалниот договор продолжува, Владата и Министерството за труд и социјална политика остануваат отворени за изнаоѓање на заедничко најодржливо решение за сите чинители во процесот, а пред се во интерес на заштитата на децата.

The post МТСП: Згрижувањето и воспитанието на децата во градинките продолжува непречено appeared first on Република.

]]>

Министерството  за труд и социјална политика ја информира јавноста дека од вкупно 75 Јавни установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст,  во 25 предучилишни установи за деца денес воопшто не се штрајкува. Додека пак, во 50 предучилишни установи штрајкуваат само дел од вработените. Овие податоци укажуваат дека една третина од вкупно вработените во предучилишните установи не го поддржуваат штрајкот организиран од СОНК, што претставува пораст од четири установи за разлика од вчерашниот ден.   Согласно податоците на министерството кои се ажурираат на дневна основа,  се бележи тенденција на пораст на згрижени деца во градинките во текот на денешниот ден. Ваквата состојба се должи на фактот што згрижувањето и воспитанието на децата течеше непречено вчерашниот ден,  со исклучок на една Јавна установа и намален капацитет на згрижување на деца во мал број на предучилишни установи.   Исто така, се бележи и благ пад на учесници (вработени и поддржувачи) на штрајкот во предучилишните установи. Социјалниот договор продолжува, Владата и Министерството за труд и социјална политика остануваат отворени за изнаоѓање на заедничко најодржливо решение за сите чинители во процесот, а пред се во интерес на заштитата на децата.

The post МТСП: Згрижувањето и воспитанието на децата во градинките продолжува непречено appeared first on Република.

]]>