згради Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zgradi/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Aug 2024 09:38:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png згради Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zgradi/ 32 32 Николоски: Додека сум јас министер нема да се градат нови згради во Карпош https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-dodeka-sum-jas-minister-nema-da-se-gradat-novi-zgradi-vo-karposh/ Tue, 13 Aug 2024 09:36:48 +0000 https://republika.mk/?p=806065

Министерот Александар Николоски на денешната Комисија за транспорт проговори за урбанистичкиот хаос кој се случува во општините Карпош и Центар. Затоа тој по примерот на Охрид, предлага да се донесе специјален закон за овие две општини со кој строго ќе се контролира што и кој ќе гради.

Затоа предлагам мораториум за овие две општини и носење на еден специјален закон, побара министерот.

Тој најави и конкретни мерки.

Додека сум јас министер, нема да има нови градби во Карпош бидејќи ќе ги стопирам, се закани Николоски.

The post Николоски: Додека сум јас министер нема да се градат нови згради во Карпош appeared first on Република.

]]>

Половина згради во Газа се уништени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polovina-zgradi-vo-gaza-se-unishteni/ Tue, 07 May 2024 21:14:41 +0000 https://republika.mk/?p=775038

Од почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас до 21 април, според анализата на сателитските снимки на два американски истражувачи, уништени или оштетени се 56,9 проценти од зградите во Појасот Газа односно вкупно 160.000.

Според истражувачите најголемо разурнување имаше во првите три месеци од судирот.

Во првите шест недели од војната 60 проценти од здравствените институции се оштетени или разурнати.

УНИЦЕФ на 25 април објави дека 408 училишта се оштетени (најмалку 72,5 отсто), како и 61,5 проценти од џамиите се оштетени или уништени.

Според процените на ОН од почетокот на мај за обнова на Појасот Газа потребни се од 30 до 40 милијарди долари.

Во меѓувреме, палестинското Министерство за здравство во Газа соопшти дека во израелската офанзива преземена по 7 октомври минатата година, кога Хамас го нападна Израел, загинале 34.789 луѓе. Според податоци на Обединети нации, 70 отсто од жртвите се жени и деца

The post Половина згради во Газа се уништени appeared first on Република.

]]>

Од почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас до 21 април, според анализата на сателитските снимки на два американски истражувачи, уништени или оштетени се 56,9 проценти од зградите во Појасот Газа односно вкупно 160.000. Според истражувачите најголемо разурнување имаше во првите три месеци од судирот. Во првите шест недели од војната 60 проценти од здравствените институции се оштетени или разурнати. УНИЦЕФ на 25 април објави дека 408 училишта се оштетени (најмалку 72,5 отсто), како и 61,5 проценти од џамиите се оштетени или уништени. Според процените на ОН од почетокот на мај за обнова на Појасот Газа потребни се од 30 до 40 милијарди долари. Во меѓувреме, палестинското Министерство за здравство во Газа соопшти дека во израелската офанзива преземена по 7 октомври минатата година, кога Хамас го нападна Израел, загинале 34.789 луѓе. Според податоци на Обединети нации, 70 отсто од жртвите се жени и деца

The post Половина згради во Газа се уништени appeared first on Република.

]]>
Становите во Скопје поскапеле за 4,7 отсто, сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат во недвижности https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stanovite-vo-skopje-poskapele-za-4-7-otsto-sega-graditeli-se-praktichno-trgovtsi-poedintsi-koi-ednokratno-investiraat-vo-nedvizhnosti/ Sat, 06 Apr 2024 18:28:23 +0000 https://republika.mk/?p=763174

Цените на становите во Скопје во првиот квартал годинава поскапеле за 4,7 отсто на годишнo ниво, а бележат пад од 0,8 проценти  во однос на претходниот квартал, покажува Индексот на цените на станови на Народната банка. Ова е прво минимално квартално намалување на цените на становите по долг период, откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година.

Според податоците на Народната банка, во последното тримесечје од 2023 година становите поскапеа за еден процент во однос на третото тримесечје, а на годишно ниво за седум проценти. Во првиот квартал лани цените на становите  се зголемија за 18,8 проценти на годишно ниво, односно од 1,3 отсто на квартално ниво, во второто тримесечие од 1,6 отсто, односно од 12,9 отсто, а во третиот квартал од 2,9 проценти, односно од 11 проценти.

Никола Велковски од Здружението за градежништво при Стопанската комора, смета дека цените на становите кои подолг период бележaт постојан раст не се реални, но се очекувани.

Велковски во изјава за МИА, укажува дека е намален бројот на  интересни профитабилни градежни парцели во поинтересниот дел од градската средина и оти нивната цена расте. Според него, добрата работа е што добар дел од инвеститорите почнаа да градат на периферијата на градот, што е за поздравување, но како што укажува тоа треба да го следи соодветна инфраструктура.

Велковски појаснува дека сега најмалку има градежни фирми екипирани со инеженерски и работнички кадар што тоа им е основна дејност на работење. Сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат, имаат свои пари и ги инвестираат во недвижности и градежништво затоа што тука сега е конјуктурно и профитабилно. Тие единствено го гледаат профитот, па може да биде еднократно да градат една, две, пет згради, но водилка е исклучиво профитот.

Мене не ме лути толку тоа, туку тоа што ние како инженерска фела, како урбанисти им влегуваме во нивната шема на креирање и планирање на просторот. Треба практично да го релаксираме посторот, не мора да се гради секаде затоа што сега најмногу каде се гради по порачка за измена и дополна на урбанистичките планови со самофинансирање. Врз основа на тие инцијативи што ги покренуваат баш овие градители што им се интересни урбанистичките и градежните парцели, потоа се прилагодува кон нивните барања – да стават повеќе објекти во еден блок, повисоко, пониско, па нема ниту осончување, ниту проветрување, а ним им е важно да има кандидатура и износот на профитот на продажбата, вели Велковски за МИА.

Велковски дополнува дека поголемиот проблем е што сега трговците инвеститори со станови немаат свои локации и се обраќаат кај сопствениците на земјиште на кое е предвидено да се гради, кои пак, ги покачија условите и цената.

Порано имаше два модела за договор со инвеститорот, да го откупат земјиштето или да се договорат за заедничка градба со соинвеститороство. Кога сопствениците видоа дека градителите ги покачија цените на становите сега и тие ги зголемија нивните  услови Ако порано за заедничка градба се бараше 20, 25, 27, максимум 30 проценти од земјиштето, сега отиде и до 40 проценти од земјиштето, што  не е ниту легитимно, легално и логично. Но, затоа што овие сакаат да градат сега овие другите ги  зголемуваат условите и потоа се зголемува цената. На крај мене ме чуди која е уште таа категорија која може да поднесе таква цена на станови, а во Скопје сега веќе има 70.000 до 80.000 празни станови, вели Велковски.

Тој појаснува дека ако се оди со моделот со откуп на катастарска парцела во склоп на градежната парцела, тогаш се наоѓаат пари во готовина, имаат веројатно некоја „слободна пара“ која тука се легализира преку откуп на земјиште.

Замката во целата работа е што сега е намален бројот на интересни профитабилни градежни парцели во поинтересниот дел од градската средина и нивната цена сега скока. Добрата  работа што ми се допаѓа е што добар дел од инвеститорите почнаа да бегаат по периферијата на градот,  во Ѓорче Петров, Волково, Идризово, Петровец,.. што е добро за градот кој треба да се шири, вели Велковски.

Но, како што потенцира Велковски, тој дел треба да го следи соодветна инфраструктура, покрај патишта и училишта, градинки, места за рекреација и спорт.

Сега се гради на многу места, но нема ниту градинки, ниту училишта, зеленило, места за спорт и рекреација…  Станот не е само место за спиење, треба да се обезбедат сите услови, посочува Велковски.

Тој укажува дека во формирањето на цената на становите прва е цената на чинење на градежната парцела. Ако порано беше 250 до 300 евра по метар квадратен, Велковски вели дека сега по метар квадратен цената за откуп на земјиштето достигнува и по 1000 евра.

Согласно квадратурата на градбата, односно колку квадрати се градат се формира цената на градежната парцела. Потоа доаѓаат комуналиите кои не се многу зголемени, изнесуваат од 80 до 120, 130 евра по метар квадратен, па учеството на градежните материјали и работната рака.  Зголемената цена воопшто не е одраз на цената на градежните материјали кои се поскапени 20 до 30 проценти. Има учество и  недостатокот на работна рака, не е толку работата  во платата на луѓето, туку во квалитетот на тие кои сега градат бидејќи нема веќе стручни мајстори и тоа е голем проблем. Државата мора да се сврти кон продукција на таков профил на кадар  – занаетчии во сите професии. Треба да се стимулираат децата  да се запишуваат на такво школовување. Иако се работи повеќе, повеќе и се заработува, вели Велковски.

The post Становите во Скопје поскапеле за 4,7 отсто, сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат во недвижности appeared first on Република.

]]>

Цените на становите во Скопје во првиот квартал годинава поскапеле за 4,7 отсто на годишнo ниво, а бележат пад од 0,8 проценти  во однос на претходниот квартал, покажува Индексот на цените на станови на Народната банка. Ова е прво минимално квартално намалување на цените на становите по долг период, откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година. Според податоците на Народната банка, во последното тримесечје од 2023 година становите поскапеа за еден процент во однос на третото тримесечје, а на годишно ниво за седум проценти. Во првиот квартал лани цените на становите  се зголемија за 18,8 проценти на годишно ниво, односно од 1,3 отсто на квартално ниво, во второто тримесечие од 1,6 отсто, односно од 12,9 отсто, а во третиот квартал од 2,9 проценти, односно од 11 проценти. Никола Велковски од Здружението за градежништво при Стопанската комора, смета дека цените на становите кои подолг период бележaт постојан раст не се реални, но се очекувани. Велковски во изјава за МИА, укажува дека е намален бројот на  интересни профитабилни градежни парцели во поинтересниот дел од градската средина и оти нивната цена расте. Според него, добрата работа е што добар дел од инвеститорите почнаа да градат на периферијата на градот, што е за поздравување, но како што укажува тоа треба да го следи соодветна инфраструктура. Велковски појаснува дека сега најмалку има градежни фирми екипирани со инеженерски и работнички кадар што тоа им е основна дејност на работење. Сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат, имаат свои пари и ги инвестираат во недвижности и градежништво затоа што тука сега е конјуктурно и профитабилно. Тие единствено го гледаат профитот, па може да биде еднократно да градат една, две, пет згради, но водилка е исклучиво профитот.
Мене не ме лути толку тоа, туку тоа што ние како инженерска фела, како урбанисти им влегуваме во нивната шема на креирање и планирање на просторот. Треба практично да го релаксираме посторот, не мора да се гради секаде затоа што сега најмногу каде се гради по порачка за измена и дополна на урбанистичките планови со самофинансирање. Врз основа на тие инцијативи што ги покренуваат баш овие градители што им се интересни урбанистичките и градежните парцели, потоа се прилагодува кон нивните барања – да стават повеќе објекти во еден блок, повисоко, пониско, па нема ниту осончување, ниту проветрување, а ним им е важно да има кандидатура и износот на профитот на продажбата, вели Велковски за МИА.
Велковски дополнува дека поголемиот проблем е што сега трговците инвеститори со станови немаат свои локации и се обраќаат кај сопствениците на земјиште на кое е предвидено да се гради, кои пак, ги покачија условите и цената.
Порано имаше два модела за договор со инвеститорот, да го откупат земјиштето или да се договорат за заедничка градба со соинвеститороство. Кога сопствениците видоа дека градителите ги покачија цените на становите сега и тие ги зголемија нивните  услови Ако порано за заедничка градба се бараше 20, 25, 27, максимум 30 проценти од земјиштето, сега отиде и до 40 проценти од земјиштето, што  не е ниту легитимно, легално и логично. Но, затоа што овие сакаат да градат сега овие другите ги  зголемуваат условите и потоа се зголемува цената. На крај мене ме чуди која е уште таа категорија која може да поднесе таква цена на станови, а во Скопје сега веќе има 70.000 до 80.000 празни станови, вели Велковски.
Тој појаснува дека ако се оди со моделот со откуп на катастарска парцела во склоп на градежната парцела, тогаш се наоѓаат пари во готовина, имаат веројатно некоја „слободна пара“ која тука се легализира преку откуп на земјиште.
Замката во целата работа е што сега е намален бројот на интересни профитабилни градежни парцели во поинтересниот дел од градската средина и нивната цена сега скока. Добрата  работа што ми се допаѓа е што добар дел од инвеститорите почнаа да бегаат по периферијата на градот,  во Ѓорче Петров, Волково, Идризово, Петровец,.. што е добро за градот кој треба да се шири, вели Велковски.
Но, како што потенцира Велковски, тој дел треба да го следи соодветна инфраструктура, покрај патишта и училишта, градинки, места за рекреација и спорт.
Сега се гради на многу места, но нема ниту градинки, ниту училишта, зеленило, места за спорт и рекреација…  Станот не е само место за спиење, треба да се обезбедат сите услови, посочува Велковски.
Тој укажува дека во формирањето на цената на становите прва е цената на чинење на градежната парцела. Ако порано беше 250 до 300 евра по метар квадратен, Велковски вели дека сега по метар квадратен цената за откуп на земјиштето достигнува и по 1000 евра.
Согласно квадратурата на градбата, односно колку квадрати се градат се формира цената на градежната парцела. Потоа доаѓаат комуналиите кои не се многу зголемени, изнесуваат од 80 до 120, 130 евра по метар квадратен, па учеството на градежните материјали и работната рака.  Зголемената цена воопшто не е одраз на цената на градежните материјали кои се поскапени 20 до 30 проценти. Има учество и  недостатокот на работна рака, не е толку работата  во платата на луѓето, туку во квалитетот на тие кои сега градат бидејќи нема веќе стручни мајстори и тоа е голем проблем. Државата мора да се сврти кон продукција на таков профил на кадар  – занаетчии во сите професии. Треба да се стимулираат децата  да се запишуваат на такво школовување. Иако се работи повеќе, повеќе и се заработува, вели Велковски.

The post Становите во Скопје поскапеле за 4,7 отсто, сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат во недвижности appeared first on Република.

]]>
Од 2030 година новите згради во ЕУ мора да имаат нулта емисии на стакленички гасови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/od-2030-godina-novite-zgradi-vo-eu-mora-da-imaat-nulta-emisii-na-staklenichki-gasovi/ Tue, 12 Mar 2024 18:10:13 +0000 https://republika.mk/?p=754134

Од 2030 година сите нови згради во земјите на Европската Унија треба да имаат нулта емисија на гасови, а до 2040 година постепено да ги отстрануваат фосилните горива од системот за греење и ладење, според плановите што денеска ги усвоија пратениците во Европскиот парламент.

Предложената ревизија на Директивата за енергетските перформанси на зградите има за цел значително да ги намали емисиите на стакленички гасови и потрошувачката на енергија во градежниот сектор на ЕУ и да го направи секторот климатски неутрален до 2050 година.

Рокот за постигнување на нулта емисии за објекти кои се користат или во сопственост на државни органи е 2028 година, додека земјоделските објекти и објектите од културното наследство ќе бидат изземени од новите правила.

При пресметувањето на емисиите, се зема предвид потенцијалот за глобално затоплување во текот на животниот циклус на зградата, вклучувајќи го и производството и отстранувањето на градежните производи што се користат при изградбата.

Кога станува збор за станбените згради, земјите-членки ќе треба да воведат мерки за да се осигура дека просечната потрошувачка на енергија во зградите ќе се намали за најмалку 16 проценти до 2030 година, а за најмалку 20 до 22 проценти од зградите до 2035 година.

Според новата директива, земјите од ЕУ ќе треба да реновираат 16 отсто од најмалку енергетски ефикасните нестанбени згради до 2030 година и 26 отсто до 2033 година.

Исто така, доколку е технички и економски изводливо,  до 2030 година земјите-членки треба постепено да поставуваат соларни инсталации на јавните и нестанбените згради, во зависност од нивната големина, како и на сите нови станбени згради.

„Земјите-членки мора да усвојат мерки за декарбонизација на системот за греење, со цел постепено напуштање на фосилните горива во греењето и ладењето до 2040 година“, се наведува во соопштението на ЕП.

Се додава дека од 2025 година, субвенции за самостојни котли на фосилни горива ќе бидат забранети, додека финансиски стимулации сè уште ќе бидат можни за хибридните системи за греење кои користат значителен дел од обновлива енергија, како што се топлинските пумпи.

Според податоците на Европската комисија, зградите во ЕУ предизвикуваат 40 отсто од потрошувачката на енергија и 36 отсто од емисиите на стакленички гасови.

The post Од 2030 година новите згради во ЕУ мора да имаат нулта емисии на стакленички гасови appeared first on Република.

]]>

Од 2030 година сите нови згради во земјите на Европската Унија треба да имаат нулта емисија на гасови, а до 2040 година постепено да ги отстрануваат фосилните горива од системот за греење и ладење, според плановите што денеска ги усвоија пратениците во Европскиот парламент. Предложената ревизија на Директивата за енергетските перформанси на зградите има за цел значително да ги намали емисиите на стакленички гасови и потрошувачката на енергија во градежниот сектор на ЕУ и да го направи секторот климатски неутрален до 2050 година. Рокот за постигнување на нулта емисии за објекти кои се користат или во сопственост на државни органи е 2028 година, додека земјоделските објекти и објектите од културното наследство ќе бидат изземени од новите правила. При пресметувањето на емисиите, се зема предвид потенцијалот за глобално затоплување во текот на животниот циклус на зградата, вклучувајќи го и производството и отстранувањето на градежните производи што се користат при изградбата. Кога станува збор за станбените згради, земјите-членки ќе треба да воведат мерки за да се осигура дека просечната потрошувачка на енергија во зградите ќе се намали за најмалку 16 проценти до 2030 година, а за најмалку 20 до 22 проценти од зградите до 2035 година. Според новата директива, земјите од ЕУ ќе треба да реновираат 16 отсто од најмалку енергетски ефикасните нестанбени згради до 2030 година и 26 отсто до 2033 година. Исто така, доколку е технички и економски изводливо,  до 2030 година земјите-членки треба постепено да поставуваат соларни инсталации на јавните и нестанбените згради, во зависност од нивната големина, како и на сите нови станбени згради.
„Земјите-членки мора да усвојат мерки за декарбонизација на системот за греење, со цел постепено напуштање на фосилните горива во греењето и ладењето до 2040 година“, се наведува во соопштението на ЕП.
Се додава дека од 2025 година, субвенции за самостојни котли на фосилни горива ќе бидат забранети, додека финансиски стимулации сè уште ќе бидат можни за хибридните системи за греење кои користат значителен дел од обновлива енергија, како што се топлинските пумпи. Според податоците на Европската комисија, зградите во ЕУ предизвикуваат 40 отсто од потрошувачката на енергија и 36 отсто од емисиите на стакленички гасови.

The post Од 2030 година новите згради во ЕУ мора да имаат нулта емисии на стакленички гасови appeared first on Република.

]]>
Ќе се воведуваат привремени управители на зградите што сè уште немаат, туку се водат со куќен совет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-se-voveduvaat-privremeni-upraviteli-na-zgradite-shto-se-ushte-nemaat-tuku-se-vodat-so-kuken-sovet/ Sat, 05 Aug 2023 06:45:19 +0000 https://republika.mk/?p=668852

Со законски измени ќе се овозможи определување привремен управител во зградите, со што се очекува да се надмине проблемот во поголемиот број згради кои досега не го уредиле управувањето во заедничките делови во согласност со Законот за домување. Со тоа, според Регулаторната комисија за домување, значително ќе им се помогне на граѓаните во надминување на бројните проблеми и тешкотии во однос на одржувањето собир на сопственици и донесување одлуки.

Голем број згради се уште немаат управители ниту пак формирано заедници на станари, односно функционираат по старо со куќен совет што не постои како институција. И заедницата на станари мора да биде регистрирана во Централниот регистар. Така е во светот и само тој начин на функционирање може да направи ред особено со зголемувањето на колективното домување во државата. Овој голем проблем може да биде надминат со определување привремен управител од страна на градоначалниците или Регулаторната комисија за домување, вели претседателот на Комисијата Зоран Маџовски во разговор за МИА.

Со измените ќе се зголеми можноста за опфат со управување и на зградите составени од пет и повеќе посебни делови, што се очекува да придонесе за зголемување на ангажманот на професионалните управители, како и можност за нови вработувања во овие правни лица. Досега, со Законот беше овозможено да има управител во објект со над осум стана.

Се предлага да се зголеми и износот што се плаќа за лиценцата за управители на 1000 евра, кој сега изнесува 150 евра за период од пет години, како и да се овозможи вработување на по две лица со високо образование без ограничување на факултетот и на три лица со средно образование. Со измените се предлага и правилниците што произлегуваат од Законот за домување да ги носи Регулаторната комисија за домување, а не Министерството за транспорт и врски.

Од Комисијата очекуваат измените наскоро да влезат во владина процедура и со нив да се надминат аномалиите при примената на постојниот Закон за домување.

The post Ќе се воведуваат привремени управители на зградите што сè уште немаат, туку се водат со куќен совет appeared first on Република.

]]>

Со законски измени ќе се овозможи определување привремен управител во зградите, со што се очекува да се надмине проблемот во поголемиот број згради кои досега не го уредиле управувањето во заедничките делови во согласност со Законот за домување. Со тоа, според Регулаторната комисија за домување, значително ќе им се помогне на граѓаните во надминување на бројните проблеми и тешкотии во однос на одржувањето собир на сопственици и донесување одлуки.
Голем број згради се уште немаат управители ниту пак формирано заедници на станари, односно функционираат по старо со куќен совет што не постои како институција. И заедницата на станари мора да биде регистрирана во Централниот регистар. Така е во светот и само тој начин на функционирање може да направи ред особено со зголемувањето на колективното домување во државата. Овој голем проблем може да биде надминат со определување привремен управител од страна на градоначалниците или Регулаторната комисија за домување, вели претседателот на Комисијата Зоран Маџовски во разговор за МИА.
Со измените ќе се зголеми можноста за опфат со управување и на зградите составени од пет и повеќе посебни делови, што се очекува да придонесе за зголемување на ангажманот на професионалните управители, како и можност за нови вработувања во овие правни лица. Досега, со Законот беше овозможено да има управител во објект со над осум стана. Се предлага да се зголеми и износот што се плаќа за лиценцата за управители на 1000 евра, кој сега изнесува 150 евра за период од пет години, како и да се овозможи вработување на по две лица со високо образование без ограничување на факултетот и на три лица со средно образование. Со измените се предлага и правилниците што произлегуваат од Законот за домување да ги носи Регулаторната комисија за домување, а не Министерството за транспорт и врски. Од Комисијата очекуваат измените наскоро да влезат во владина процедура и со нив да се надминат аномалиите при примената на постојниот Закон за домување.

The post Ќе се воведуваат привремени управители на зградите што сè уште немаат, туку се водат со куќен совет appeared first on Република.

]]>
Илјадници жители на кинескиот Тијанјин евакуирани од своите згради поради огромни пукнатини на тлото https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iljadnitsi-zhiteli-na-kineskiot-tijanjin-evakuirani-od-svoite-zgradi-poradi-ogromni-puknatini-na-tloto/ Fri, 09 Jun 2023 07:50:48 +0000 https://republika.mk/?p=649449

Илјадници лица се евакуирани од неколку станбени згради во северниот кинески град Тијанјин во последните денови, откако лизгањето на земјиштето создаде големи пукнатини на околните улици, соопштија локалните власти.

Големите пукнатини се појавиле на улиците во близина на станбен комплекс во областа Џинан, во Тијанјин.

Според информациите објавени од локалните власти на социјалните мрежи, пукнатините достигнуваат длабочина од 1.300 метри.

Во последните шест дена, од 3 јуни, од најмалку три 25-метарски згради во блиските хотели се евакуирани 3.899 жители, пренесува весникот „Глобал Тајм“ (Global Time).

Градската управа на Тијанјин инцидентот го оцени како „ненадејна геолошка катастрофа“, откако првичните информации беа добиени од експерти и неколку владини служби кои ги фотографираа локациите.

„Не може да се исклучи дека дупчењето на геотермалните извори резултирало со губење на почвата и нејзино уривање во оваа област“, ​​соопштија од Градската управа.

На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледаат искривени улици, а споменатиот ’инцидент’ повторно го отвори прашањето за безбедноста на станбените згради во Кина.

Инаку, кинеската влада воведе строги правила и строги казни во случај на незадоволително управување со недвижностите.

Покрај тоа, кинеските власти неодамна иницираа неколку состаноци на високо ниво за подготвеност за геолошки и скриени катастрофи.

The post Илјадници жители на кинескиот Тијанјин евакуирани од своите згради поради огромни пукнатини на тлото appeared first on Република.

]]>

Илјадници лица се евакуирани од неколку станбени згради во северниот кинески град Тијанјин во последните денови, откако лизгањето на земјиштето создаде големи пукнатини на околните улици, соопштија локалните власти. Големите пукнатини се појавиле на улиците во близина на станбен комплекс во областа Џинан, во Тијанјин. Според информациите објавени од локалните власти на социјалните мрежи, пукнатините достигнуваат длабочина од 1.300 метри. Во последните шест дена, од 3 јуни, од најмалку три 25-метарски згради во блиските хотели се евакуирани 3.899 жители, пренесува весникот „Глобал Тајм“ (Global Time). Градската управа на Тијанјин инцидентот го оцени како „ненадејна геолошка катастрофа“, откако првичните информации беа добиени од експерти и неколку владини служби кои ги фотографираа локациите. „Не може да се исклучи дека дупчењето на геотермалните извори резултирало со губење на почвата и нејзино уривање во оваа област“, ​​соопштија од Градската управа. На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледаат искривени улици, а споменатиот ’инцидент’ повторно го отвори прашањето за безбедноста на станбените згради во Кина. Инаку, кинеската влада воведе строги правила и строги казни во случај на незадоволително управување со недвижностите. Покрај тоа, кинеските власти неодамна иницираа неколку состаноци на високо ниво за подготвеност за геолошки и скриени катастрофи.

The post Илјадници жители на кинескиот Тијанјин евакуирани од своите згради поради огромни пукнатини на тлото appeared first on Република.

]]>
Осум лица веројатно се загинати под урнатините на двете згради во Марсеј https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/osum-litsa-verojatno-se-zaginati-pod-urnatinite-na-dvete-zgradi-vo-marsej/ Mon, 10 Apr 2023 06:53:15 +0000 https://republika.mk/?p=629234

Осум лица не одговараат на повиците и се верува дека се под урнатините на двете згради што се урнаа во вчерашната експлозија во Марсеј, соопштија локалните власти.

Причината за експлозијата се уште не е утврдена, изјави синоќа обвинителот од Марсеј, Доминик Лоренс.

Уривањето на зградите предизвика пожар што ја отежнува работата на спасувачите и истражителите и тој се уште не е под контрола, рече таа.

Пет лица се пренесени во болница со сериозни повреди, што но не опасни по животот.

Третата зграда делумно е урната, изјави министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин, кој го посети местото на несреќата.

Тој додаде дека 30 згради во областа се евакуирани.

Министерот за домување Оливие Клајн изјави за радио Европа 1 дека околу 180 луѓе се евакуирани.

Колку што е познато зградите што се урнаа на улицата „Тиволи“ немаа структурни проблеми, додаде обвинителката.

The post Осум лица веројатно се загинати под урнатините на двете згради во Марсеј appeared first on Република.

]]>

Осум лица не одговараат на повиците и се верува дека се под урнатините на двете згради што се урнаа во вчерашната експлозија во Марсеј, соопштија локалните власти. Причината за експлозијата се уште не е утврдена, изјави синоќа обвинителот од Марсеј, Доминик Лоренс. Уривањето на зградите предизвика пожар што ја отежнува работата на спасувачите и истражителите и тој се уште не е под контрола, рече таа. Пет лица се пренесени во болница со сериозни повреди, што но не опасни по животот. Третата зграда делумно е урната, изјави министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин, кој го посети местото на несреќата. Тој додаде дека 30 згради во областа се евакуирани. Министерот за домување Оливие Клајн изјави за радио Европа 1 дека околу 180 луѓе се евакуирани. Колку што е познато зградите што се урнаа на улицата „Тиволи“ немаа структурни проблеми, додаде обвинителката.

The post Осум лица веројатно се загинати под урнатините на двете згради во Марсеј appeared first on Република.

]]>
Уапсени 12 лица за уривањето на зградите во Турција, се очекуваат нови апсења https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uapseni-12-litsa-za-urivaneto-na-zgradite-vo-turtsija-se-ochekuvaat-novi-apsena/ Sat, 11 Feb 2023 18:22:06 +0000 https://republika.mk/?p=607839

Турската полиција уапси 12 лица поради урнатите згради во југоисточните провинции Газиjантеп и Шанлиурфа по силниот земјотрес што ја погоди Турција, објавија локалните медиуми.

Најмалку 6.000 згради се урнаа по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, при што загинаа повеќе од 25.000 луѓе и предизвика бес поради неквалитетната градба, објави новинската агенција Франс прес.

Се очекуваат нови апсења откако јавниот обвинител во Дијарбакир, една од 10-те југоисточни провинции погодени од земјотресот, денеска издаде налози за апсење на 29 лица, објави државната новинска агенција.

Еден од уапсените во саботата бил градежен изведувач во Газиjантеп, соопшти агенцијата, додавајќи дека бил пронајден од полицијата во Истанбул.

Обвинителите покренаа неколку истраги во провинциите, вклучувајќи го и Кахраманмараш, каде што е областа Пазарџик, кој беше епицентарот на земјотресот.

Турското Министерство за правда им нареди на обвинителите во 10 провинции да формираат специјални „канцеларии за истраги за криминал поврзани со земјотреси“.

Во петокот турската полиција го уапси изведувачот на високата луксузна станбена зграда што се урна во провинцијата Хатај. Тој бил уапсен на аеродромот во Истанбул, наводно додека се обидувал да побегне од земјата.

The post Уапсени 12 лица за уривањето на зградите во Турција, се очекуваат нови апсења appeared first on Република.

]]>

Турската полиција уапси 12 лица поради урнатите згради во југоисточните провинции Газиjантеп и Шанлиурфа по силниот земјотрес што ја погоди Турција, објавија локалните медиуми. Најмалку 6.000 згради се урнаа по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот, при што загинаа повеќе од 25.000 луѓе и предизвика бес поради неквалитетната градба, објави новинската агенција Франс прес. Се очекуваат нови апсења откако јавниот обвинител во Дијарбакир, една од 10-те југоисточни провинции погодени од земјотресот, денеска издаде налози за апсење на 29 лица, објави државната новинска агенција. Еден од уапсените во саботата бил градежен изведувач во Газиjантеп, соопшти агенцијата, додавајќи дека бил пронајден од полицијата во Истанбул. Обвинителите покренаа неколку истраги во провинциите, вклучувајќи го и Кахраманмараш, каде што е областа Пазарџик, кој беше епицентарот на земјотресот. Турското Министерство за правда им нареди на обвинителите во 10 провинции да формираат специјални „канцеларии за истраги за криминал поврзани со земјотреси“. Во петокот турската полиција го уапси изведувачот на високата луксузна станбена зграда што се урна во провинцијата Хатај. Тој бил уапсен на аеродромот во Истанбул, наводно додека се обидувал да побегне од земјата.

The post Уапсени 12 лица за уривањето на зградите во Турција, се очекуваат нови апсења appeared first on Република.

]]>
Општина Центар: Планот е законски, „Шанса за Центар“ да не манипулира https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtina-centar-planot-e-zakonski-shansa-za-centar-da-ne-manipulira/ Thu, 06 Oct 2022 13:15:44 +0000 https://republika.mk/?p=558026

Општина Центар реагира на објавата на граѓанската иницијатива и советничка група во Советот на општината, Шанса за Центар, која на социјалните мрежи објави дека Општина Центар има издадено одобрение за втора зграда спроти хотелот „Холидеј Ин“ и истото важи за „незаконски план“, вест која беше преземена од неколку медиуми.

За тоа дали одредена постапка е законска или не, надлежен е единствено судот и судските органи. Ниеден суд, ниту истражен орган се нема произнесено дека некој од ДУП-овите е незаконски или дека на било кој начин не смеат да се спроведуваат. Оттаму, законска обврска на општината е да ги спроведува и постапките предвидени со законите за градба.

Ваквите неточни и тенденциозни информации пласирани во јавноста имаат за цел очигледно да наштетат на угледот на општината. Апелираме „Шанса за Центар“ да се воздржат од ваквите постапки и да не ги дезинформираат граѓаните. Општина Центар работи целосно согласно законите како за сите постапки како во урбанизмот, така и во останатите области.

The post Општина Центар: Планот е законски, „Шанса за Центар“ да не манипулира appeared first on Република.

]]>

Општина Центар реагира на објавата на граѓанската иницијатива и советничка група во Советот на општината, Шанса за Центар, која на социјалните мрежи објави дека Општина Центар има издадено одобрение за втора зграда спроти хотелот „Холидеј Ин“ и истото важи за „незаконски план“, вест која беше преземена од неколку медиуми. За тоа дали одредена постапка е законска или не, надлежен е единствено судот и судските органи. Ниеден суд, ниту истражен орган се нема произнесено дека некој од ДУП-овите е незаконски или дека на било кој начин не смеат да се спроведуваат. Оттаму, законска обврска на општината е да ги спроведува и постапките предвидени со законите за градба. Ваквите неточни и тенденциозни информации пласирани во јавноста имаат за цел очигледно да наштетат на угледот на општината. Апелираме „Шанса за Центар“ да се воздржат од ваквите постапки и да не ги дезинформираат граѓаните. Општина Центар работи целосно согласно законите како за сите постапки како во урбанизмот, така и во останатите области.

The post Општина Центар: Планот е законски, „Шанса за Центар“ да не манипулира appeared first on Република.

]]>
Скопјани на 112 пријавиле оштетени фасади, откорнати олуци и откорнат лимен покрив од зграда https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopjani-na-112-prijavile-oshteteni-fasadi-otkornati-oluci-i-otkornat-limen-pokriv-od-zgrada/ Tue, 23 Aug 2022 08:52:43 +0000 https://republika.mk/?p=543152

Откорнати олуци, откорнати лимени покриви и оштетени фасади пријавиле жителите на Скопје на линијата за итни повици – 112, по синоќешните врнежи што го зафатија скопскиот регион.

Како што информира денеска Центарот за управување со крзи (ЦУК), граѓаните во 12:10 часот пријавиле откорнати олуци од покрив на куќа на кеј „13 Ноември“ во Маџир Маало.

Во 15:10 часот била пријавена оштетена фасада на куќа на улица „Мајаковски“ бр. 41 во Дебар Маало, општина Центар.

Во 18.40 часот од невремето на 20 август 2022 година бил откорнат лимен покрив од нивната зграда, која е на 11 ката и воедно покривот виси, со што ги доведува жителите во опасност, соопшти ЦУК.

The post Скопјани на 112 пријавиле оштетени фасади, откорнати олуци и откорнат лимен покрив од зграда appeared first on Република.

]]>

Откорнати олуци, откорнати лимени покриви и оштетени фасади пријавиле жителите на Скопје на линијата за итни повици – 112, по синоќешните врнежи што го зафатија скопскиот регион. Како што информира денеска Центарот за управување со крзи (ЦУК), граѓаните во 12:10 часот пријавиле откорнати олуци од покрив на куќа на кеј „13 Ноември“ во Маџир Маало. Во 15:10 часот била пријавена оштетена фасада на куќа на улица „Мајаковски“ бр. 41 во Дебар Маало, општина Центар.
Во 18.40 часот од невремето на 20 август 2022 година бил откорнат лимен покрив од нивната зграда, која е на 11 ката и воедно покривот виси, со што ги доведува жителите во опасност, соопшти ЦУК.
 
The post Скопјани на 112 пријавиле оштетени фасади, откорнати олуци и откорнат лимен покрив од зграда appeared first on Република.

]]>
Зградите на Владата и на МНР обоени во боите на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zgradite-na-vladata-i-na-mnr-oboeni-vo-boite-na-eu/ Tue, 19 Jul 2022 21:06:52 +0000 https://republika.mk/?p=531215

Зградите на Владата и на Министерството за надворешни работи вечерва се обоени во боите на Европската унија во знак на денешниот официјален почеток на пристапните преговори.

Денес во Брисел запишавме ново поглавје во македонската историја и ветуваме дека забрзано ќе чекориме кон дополнителен развој и стабилност за сите наши граѓани. Европските вредности се наши вредности а пријателствата кои ги градиме создаваат нови културни мостови и можности за сите нас.
Обединети сме во различностите и подготвени за ЕУ дома и Македонија во ЕУ. Во таа чест вечерва зградите на Владата и Министерството за надворешни работи се обоени во боите на нашиот иден дом – Европската Унија, пишува на официјалната фејсбук страна на Владата.

И министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук напиша дека зградата на Министерството за надворешни работи е во боите на Европската Унија како симболика на денешниот официјален почеток на пристапните преговори.

The post Зградите на Владата и на МНР обоени во боите на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Зградите на Владата и на Министерството за надворешни работи вечерва се обоени во боите на Европската унија во знак на денешниот официјален почеток на пристапните преговори. Денес во Брисел запишавме ново поглавје во македонската историја и ветуваме дека забрзано ќе чекориме кон дополнителен развој и стабилност за сите наши граѓани. Европските вредности се наши вредности а пријателствата кои ги градиме создаваат нови културни мостови и можности за сите нас. Обединети сме во различностите и подготвени за ЕУ дома и Македонија во ЕУ. Во таа чест вечерва зградите на Владата и Министерството за надворешни работи се обоени во боите на нашиот иден дом – Европската Унија, пишува на официјалната фејсбук страна на Владата. И министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук напиша дека зградата на Министерството за надворешни работи е во боите на Европската Унија како симболика на денешниот официјален почеток на пристапните преговори.

The post Зградите на Владата и на МНР обоени во боите на ЕУ appeared first on Република.

]]>