зграда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zgrada/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 19:11:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зграда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zgrada/ 32 32 Граѓаните се жалат за високите згради на паркингот спроти „Ист Гејт“, инвеститорот Чифлиганец тврди дека се гради законски https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/graganite-se-zhalat-za-visokite-zgradi-na-parkingot-sproti-ist-gejt-investitorot-chifliganets-tvrdi-deka-se-gradi-zakonski/ Fri, 04 Oct 2024 19:11:32 +0000 https://republika.mk/?p=822661

На неколку метри од зградата на Македонската телевизија на паркинг просторот спроти трговскиот центар „Ист Гејт“, ќе се гради малку понизок станбен и деловен објект од 15 ката. Ќе чини од 90 до 100 милиони евра, а се очекува да биде изграден за две години. Ќе има три дела, на аголот ќе биде највисокиот дел од 15 ката, другиот станбен објект ќе има 11, а бизнис центарот седум ката.

Граѓаните се жалат дека по изградбата на „Ист Гејт“ на улиците секојдневно се создава метеж, а дополнително со новиот станбен и деловен објект ќе биде ставен целосен крај на движењето и живеењето во овој дел од градот. Општина Центар ѝ издаде градежна дозвола на фирмата Адора инжинеринг, а сопственикот Ванчо Чифлиганец екслузивно за „Телма“ тврди се гради согласно закон.

За изградбата на објектот, Чифлиганец тврди дека се уплатени комуналии од околу пет милиони евра.

Според Деталниот урбанистички план, објектот ќе има максимална висина од приземје плус 18 ката. Издадената градежна дозвола е во согласност со параметрите на ревидираниот ДУП, донесен во јули минатата година.

Чифлиганец поднел барање за добивање градежна дозвола во јуни 2021, што според стариот план се дозволуваше дупло поголема површина за градба и формирање бетонски ѕид, но беше одбиен.

Општина Центар го смени ДУП-от за Крњево во јули минатата година. Со измените, ја намали површината на која може да се гради и развиената површина, но ја зголеми дозволената катност на зградите од 12 на 18 ката.

The post Граѓаните се жалат за високите згради на паркингот спроти „Ист Гејт“, инвеститорот Чифлиганец тврди дека се гради законски appeared first on Република.

]]>

На неколку метри од зградата на Македонската телевизија на паркинг просторот спроти трговскиот центар „Ист Гејт“, ќе се гради малку понизок станбен и деловен објект од 15 ката. Ќе чини од 90 до 100 милиони евра, а се очекува да биде изграден за две години. Ќе има три дела, на аголот ќе биде највисокиот дел од 15 ката, другиот станбен објект ќе има 11, а бизнис центарот седум ката. Граѓаните се жалат дека по изградбата на „Ист Гејт“ на улиците секојдневно се создава метеж, а дополнително со новиот станбен и деловен објект ќе биде ставен целосен крај на движењето и живеењето во овој дел од градот. Општина Центар ѝ издаде градежна дозвола на фирмата Адора инжинеринг, а сопственикот Ванчо Чифлиганец екслузивно за „Телма“ тврди се гради согласно закон.
За изградбата на објектот, Чифлиганец тврди дека се уплатени комуналии од околу пет милиони евра.
Според Деталниот урбанистички план, објектот ќе има максимална висина од приземје плус 18 ката. Издадената градежна дозвола е во согласност со параметрите на ревидираниот ДУП, донесен во јули минатата година. Чифлиганец поднел барање за добивање градежна дозвола во јуни 2021, што според стариот план се дозволуваше дупло поголема површина за градба и формирање бетонски ѕид, но беше одбиен. Општина Центар го смени ДУП-от за Крњево во јули минатата година. Со измените, ја намали површината на која може да се гради и развиената површина, но ја зголеми дозволената катност на зградите од 12 на 18 ката.

The post Граѓаните се жалат за високите згради на паркингот спроти „Ист Гејт“, инвеститорот Чифлиганец тврди дека се гради законски appeared first on Република.

]]>
Крадци влегле во зградата која гореше вчера во Чаир https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kradtsi-vlegle-vo-zgradata-koja-goreshe-vchera-vo-chair/ Thu, 03 Oct 2024 12:32:30 +0000 https://republika.mk/?p=822217

Министерството за внатрешни работа информира дека две лица денеска се лишени од слобода поради обид за кражба од зградата на улица „Серава“ во Скопје во која вчера настана пожар. По документирање на случајот, дополнуваат, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Пожарот што избувна вчера во подрумски простории во зграда во скопската населба Чаир беше целосно изгаснат денеска. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, состојбата со опожарениот дел на зградата и состојбата на становите во зградата допрва ќе се утврдува.

Дел од медиумите објавија дека се опожарени простории кои се користеле како магацински простор од страна на фирма во кој имало големо количество пластични производи.

Во меѓувреме, се очекува да започне увидот на Министерството за внатрешни работи.

The post Крадци влегле во зградата која гореше вчера во Чаир appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работа информира дека две лица денеска се лишени од слобода поради обид за кражба од зградата на улица „Серава“ во Скопје во која вчера настана пожар. По документирање на случајот, дополнуваат, ќе биде поднесен соодветен поднесок. Пожарот што избувна вчера во подрумски простории во зграда во скопската населба Чаир беше целосно изгаснат денеска. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, состојбата со опожарениот дел на зградата и состојбата на становите во зградата допрва ќе се утврдува. Дел од медиумите објавија дека се опожарени простории кои се користеле како магацински простор од страна на фирма во кој имало големо количество пластични производи. Во меѓувреме, се очекува да започне увидот на Министерството за внатрешни работи.

The post Крадци влегле во зградата која гореше вчера во Чаир appeared first on Република.

]]>
Гори зграда во Чаир, има повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/gori-zgrada-vo-chair-ima-povredeni/ Wed, 02 Oct 2024 07:59:22 +0000 https://republika.mk/?p=821612

Чадот што утрово надвисна на поголемиот дел од Скопје доаѓа од Чаир, каде утрово се запали станбена. Огнот најверојатно почнал да се шири од подрумските простории на зградата од каде се издига и густ чад.

Екипите на противпожарната бригада и итната медицинска помош се на терен, по што ќе се знаат повеќе детали.

„Телма“ од терен јавува дека во тек е итна евакуација на станарите, а на повеќе лица им била укажана лекарска помош поради вдишување на чад.

The post Гори зграда во Чаир, има повредени appeared first on Република.

]]>

Чадот што утрово надвисна на поголемиот дел од Скопје доаѓа од Чаир, каде утрово се запали станбена. Огнот најверојатно почнал да се шири од подрумските простории на зградата од каде се издига и густ чад. Екипите на противпожарната бригада и итната медицинска помош се на терен, по што ќе се знаат повеќе детали. „Телма“ од терен јавува дека во тек е итна евакуација на станарите, а на повеќе лица им била укажана лекарска помош поради вдишување на чад.

The post Гори зграда во Чаир, има повредени appeared first on Република.

]]>
Две деца загинаа во Неапол, а шест се под урнатините, откако се урна зграда по експлозија на гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dve-detsa-zaginaa-vo-neapol-a-shest-se-pod-urnatinite-otkako-se-urna-zgrada-po-eksplozija-na-gas/ Sun, 22 Sep 2024 13:24:09 +0000 https://republika.mk/?p=818739

Две деца, на возраст од четири и шест години, трагично загинаа по уривањето на зграда во Неапол, што најверојатно е предизвикано од експлозија на гас во еден од становите. Под урнатините останале уште шест лица, а на местото на несреќата се наоѓаат повеќе од 60 спасувачи.

Уривањето се случило нешто по 8 часот утрово, а експлозијата се претпоставува дека била резултат на проблем со плинска боца во станот на вториот кат, каде живеела бабата на децата. Во моментот на трагедијата, во зградата имало повеќе лица, вклучувајќи семејство со три деца.

Полицијата и пожарникарите брзо реагирале и започнале со расчистување на урнатините во потрага по преживеани. По околу еден час од експлозијата, биле извлечени таткото и двегодишно дете во тешка состојба и пренесени во болница. Подоцна, спасувачите го пронашле телото на четиригодишното девојче, а потоа и телото на нејзиниот шестгодишен брат. Се уште се трага по мајката и бабата, кои живееле на вториот кат.

The post Две деца загинаа во Неапол, а шест се под урнатините, откако се урна зграда по експлозија на гас appeared first on Република.

]]>

Две деца, на возраст од четири и шест години, трагично загинаа по уривањето на зграда во Неапол, што најверојатно е предизвикано од експлозија на гас во еден од становите. Под урнатините останале уште шест лица, а на местото на несреќата се наоѓаат повеќе од 60 спасувачи. Уривањето се случило нешто по 8 часот утрово, а експлозијата се претпоставува дека била резултат на проблем со плинска боца во станот на вториот кат, каде живеела бабата на децата. Во моментот на трагедијата, во зградата имало повеќе лица, вклучувајќи семејство со три деца. Полицијата и пожарникарите брзо реагирале и започнале со расчистување на урнатините во потрага по преживеани. По околу еден час од експлозијата, биле извлечени таткото и двегодишно дете во тешка состојба и пренесени во болница. Подоцна, спасувачите го пронашле телото на четиригодишното девојче, а потоа и телото на нејзиниот шестгодишен брат. Се уште се трага по мајката и бабата, кои живееле на вториот кат.

The post Две деца загинаа во Неапол, а шест се под урнатините, откако се урна зграда по експлозија на гас appeared first on Република.

]]>
22-годишник пронајден починат во влез на зграда во центарот на Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/22-godishnik-pronajden-pochinat-vo-vlez-na-zgrada-vo-tsentarot-na-skopje/ Tue, 13 Aug 2024 13:51:49 +0000 https://republika.mk/?p=806219

На 12.08.2024 во 22.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во влез на станбена зграда на подрачјето на Центар бил пронајден починат И.С.(22) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

 

The post 22-годишник пронајден починат во влез на зграда во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>

На 12.08.2024 во 22.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во влез на станбена зграда на подрачјето на Центар бил пронајден починат И.С.(22) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.  

The post 22-годишник пронајден починат во влез на зграда во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>
Локализиран пожарот што избувна во зграда во Карпош 3 https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/lokaliziran-pozharot-shto-izbuvna-vo-zgrada-vo-karposh-3/ Fri, 09 Aug 2024 17:46:27 +0000 https://republika.mk/?p=805053

Изгаснат е пожарот што денеска избувна во стан во зградата на улица „Манапо“ во Карпош 3 во непосредна близина на супермаркетот на ВЕРО. Повредени нема, а полицијата допрва ќе ја утврди причината за избувнување на пожарот, изјави за МИА командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески.

-Пожарот избувна во стан во делот на балконот, во зграда на улицата „Манапо“. Интервенирано е со три противпожарни возила и осум пожарникари и за кратко време истиот е локализиран, посочи Томески.

Тој потенцираше дека и полицијата била присутна и таа допрва ќе ја утврдува причината за настанување на пожарот. 

The post Локализиран пожарот што избувна во зграда во Карпош 3 appeared first on Република.

]]>

Изгаснат е пожарот што денеска избувна во стан во зградата на улица „Манапо“ во Карпош 3 во непосредна близина на супермаркетот на ВЕРО. Повредени нема, а полицијата допрва ќе ја утврди причината за избувнување на пожарот, изјави за МИА командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески.
-Пожарот избувна во стан во делот на балконот, во зграда на улицата „Манапо“. Интервенирано е со три противпожарни возила и осум пожарникари и за кратко време истиот е локализиран, посочи Томески.
Тој потенцираше дека и полицијата била присутна и таа допрва ќе ја утврдува причината за настанување на пожарот. 

The post Локализиран пожарот што избувна во зграда во Карпош 3 appeared first on Република.

]]>
Седумина загинаа во пожар во Ница кој избувна во зграда https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sedumina-zaginaa-vo-pozhar-vo-nitsa-koj-izbuvna-vo-zgrada/ Thu, 18 Jul 2024 06:53:07 +0000 https://republika.mk/?p=797871

Најмалку седум лица загинаа во пожар што ноќеска избувна во станбена зграда во Ница, југоисточна Франција.

Противпожарната служба соопшти дека се уште не е јасно што го предизвикало пожарот кој избувнал на седмиот кат од зграда во квартот Мулнс во работничкиот дел на градот.

И покрај големите напори, за жал, седум лица загинаа во пожарот, соопшти брзата помош.

Три лица итно се префрлени во болница.

 

The post Седумина загинаа во пожар во Ница кој избувна во зграда appeared first on Република.

]]>

Најмалку седум лица загинаа во пожар што ноќеска избувна во станбена зграда во Ница, југоисточна Франција. Противпожарната служба соопшти дека се уште не е јасно што го предизвикало пожарот кој избувнал на седмиот кат од зграда во квартот Мулнс во работничкиот дел на градот.
И покрај големите напори, за жал, седум лица загинаа во пожарот, соопшти брзата помош.
Три лица итно се префрлени во болница.  

The post Седумина загинаа во пожар во Ница кој избувна во зграда appeared first on Република.

]]>
МОН бара објект за студентите од ФИНКИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-bara-objekt-za-studentite-od-finki/ Wed, 03 Jul 2024 11:08:05 +0000 https://republika.mk/?p=793054

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека се бараат опции во кои би можеле да се сместат студентите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Таа вели дека сместувањето на студентите нема да биде во објектот што седум години се руинира.

Секако дека студентите нема да учат во ова што се руинира веќе седум години. Интензивно бараме решение за тоа. Се сретнавме со деканот на ФИНКИ и Министерството веќе бара опции со кои би им помогнале на студентите да имаат нормални услови за настава. Значи во преговори сме“, рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање по настанот „Разговори за еднаквост“ што го организира Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

 

The post МОН бара објект за студентите од ФИНКИ appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека се бараат опции во кои би можеле да се сместат студентите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Таа вели дека сместувањето на студентите нема да биде во објектот што седум години се руинира.
Секако дека студентите нема да учат во ова што се руинира веќе седум години. Интензивно бараме решение за тоа. Се сретнавме со деканот на ФИНКИ и Министерството веќе бара опции со кои би им помогнале на студентите да имаат нормални услови за настава. Значи во преговори сме“, рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање по настанот „Разговори за еднаквост“ што го организира Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
 

The post МОН бара објект за студентите од ФИНКИ appeared first on Република.

]]>
Како цела Гевгелија да живее во една зграда https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kako-tsela-gevgelija-da-zhivee-vo-edna-zgrada/ Fri, 07 Jun 2024 17:12:25 +0000 https://republika.mk/?p=785548

Во средиштето на деловниот град Чијанжијанг Сенчури Сити, во рамките на населбата Хангжоу, се наоѓа „Реџент интернејшнал“ - еден од најголемите станбени згради во Кина.

Овој џиновски комплекс е висок повеќе од 200 метри и има над 260.000 квадратни метри површина. Дом е на речиси 20.000 луѓе, а може да прими и 30.000 жители. Она што го прави уникатен е фактот што луѓето никогаш не мора да ја напуштаат зградата за да ги задоволат своите секојдневни потреби, пишува „Јунилад“.

Имено, тука не се работи само за станбен комплекс - тоа е „микрокосмос“ што обезбедува сѐ што е потребно за живот.

Жителите имаат пристап до широк спектар супермаркети, ресторани, берберници, салони за фризури и нокти, базени, интернет-кафулиња... Огромната зграда првично била замислена како луксузен хотел со шест ѕвезди, а потоа е претворена, делумно и во станбен комплекс. Денес е дом на повеќе јавни личности, блогери и познати ѕвезди.

Говорејќи за изнајмувањето, стан без балкон чини 1.500 кинески јуани (скоро 200 евра) месечно, а апартман со балкони може да чини и до 4.000 јуани (скоро 520 евра) месечно.

За споредба, на последниот попис на населението од 2021, во Општина Гевгелија се регистрирани 21.582 жители.

The post Како цела Гевгелија да живее во една зграда appeared first on Република.

]]>

Во средиштето на деловниот град Чијанжијанг Сенчури Сити, во рамките на населбата Хангжоу, се наоѓа „Реџент интернејшнал“ - еден од најголемите станбени згради во Кина. Овој џиновски комплекс е висок повеќе од 200 метри и има над 260.000 квадратни метри површина. Дом е на речиси 20.000 луѓе, а може да прими и 30.000 жители. Она што го прави уникатен е фактот што луѓето никогаш не мора да ја напуштаат зградата за да ги задоволат своите секојдневни потреби, пишува „Јунилад“. Имено, тука не се работи само за станбен комплекс - тоа е „микрокосмос“ што обезбедува сѐ што е потребно за живот. Жителите имаат пристап до широк спектар супермаркети, ресторани, берберници, салони за фризури и нокти, базени, интернет-кафулиња... Огромната зграда првично била замислена како луксузен хотел со шест ѕвезди, а потоа е претворена, делумно и во станбен комплекс. Денес е дом на повеќе јавни личности, блогери и познати ѕвезди. Говорејќи за изнајмувањето, стан без балкон чини 1.500 кинески јуани (скоро 200 евра) месечно, а апартман со балкони може да чини и до 4.000 јуани (скоро 520 евра) месечно. За споредба, на последниот попис на населението од 2021, во Општина Гевгелија се регистрирани 21.582 жители.

The post Како цела Гевгелија да живее во една зграда appeared first on Република.

]]>
Камера од автобус го сними уривањето на зграда во Истанбул, едно лице загина, а осум се повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kamera-od-avtobus-go-snimi-urivaneto-na-zgrada-vo-istanbul-edno-litse-zagina-a-osum-se-povredeni/ Sun, 02 Jun 2024 13:53:08 +0000 https://republika.mk/?p=784180

Едно лице загина и осум се повредени, ова е билансот по уривањето на зграда во најголемиот турски град Истанбул кое се случи претпладнево.

Камера од автобус успеа да го фати моментот кога се сруши зградата во областа Кучукчекмеџе во Истанбул.

The post Камера од автобус го сними уривањето на зграда во Истанбул, едно лице загина, а осум се повредени appeared first on Република.

]]>

Едно лице загина и осум се повредени, ова е билансот по уривањето на зграда во најголемиот турски град Истанбул кое се случи претпладнево. Камера од автобус успеа да го фати моментот кога се сруши зградата во областа Кучукчекмеџе во Истанбул.

The post Камера од автобус го сними уривањето на зграда во Истанбул, едно лице загина, а осум се повредени appeared first on Република.

]]>
Oд зграда во Тетово овојпат фрлен предмет, погодил во глава случаен минувач https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/od-zgrada-vo-tetovo-ovojpat-frlen-predmet-pogodil-vo-glava-sluchaen-minuvach/ Tue, 02 Apr 2024 09:46:27 +0000 https://republika.mk/?p=761205

Вчеравечер во 21.00 часот во СВР Тетово, М.Ј.(54) од Тетово пријавила дека при поминување на улица „107“ во Тетово, од некоја од зградите бил фрлен тврд предмет, кој ја повредил на главата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Тетово.

Пред неколку дена јавноста беше згрозена од снимка на која се гледа куче кое паѓа од тетовска зграда во изградба.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/voznemiruvachko-video-javnosta-zgrozena-od-snimka-na-kuche-koe-padna-od-sedmi-kat-vo-tetovo/

The post Oд зграда во Тетово овојпат фрлен предмет, погодил во глава случаен минувач appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во 21.00 часот во СВР Тетово, М.Ј.(54) од Тетово пријавила дека при поминување на улица „107“ во Тетово, од некоја од зградите бил фрлен тврд предмет, кој ја повредил на главата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Тетово. Пред неколку дена јавноста беше згрозена од снимка на која се гледа куче кое паѓа од тетовска зграда во изградба. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/voznemiruvachko-video-javnosta-zgrozena-od-snimka-na-kuche-koe-padna-od-sedmi-kat-vo-tetovo/

The post Oд зграда во Тетово овојпат фрлен предмет, погодил во глава случаен минувач appeared first on Република.

]]>
Пожар во зграда во Лондон, 11 повредени, повеќе од 100 евакуирани https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pozhar-vo-zgrada-vo-london-11-povredeni-poveke-od-100-evakuirani/ Fri, 01 Mar 2024 08:51:28 +0000 https://republika.mk/?p=749884

Единаесет лица се пренесени во болница откако избувна пожар во зграда во луксузната лондонска населба Саут Кенсингтон, во југозападен Лондон, во близина на Природонаучниот музеј.

Лондонската противпожарна бригада на „Х“ објави дека 11 лица се лекувани поради вдишување чад и дека околу 130 жители морале да бидат евакуирани од зградата каде што избувна пожарот и од соседните згради.

На местото на настанот пристигнале 15 противпожарни возила и околу 100 пожарникари.

Околу 15 луѓе успеале да побегнат од запалената зграда пред да пристигнат пожарникарските екипи.

The post Пожар во зграда во Лондон, 11 повредени, повеќе од 100 евакуирани appeared first on Република.

]]>

Единаесет лица се пренесени во болница откако избувна пожар во зграда во луксузната лондонска населба Саут Кенсингтон, во југозападен Лондон, во близина на Природонаучниот музеј. Лондонската противпожарна бригада на „Х“ објави дека 11 лица се лекувани поради вдишување чад и дека околу 130 жители морале да бидат евакуирани од зградата каде што избувна пожарот и од соседните згради. На местото на настанот пристигнале 15 противпожарни возила и околу 100 пожарникари. Околу 15 луѓе успеале да побегнат од запалената зграда пред да пристигнат пожарникарските екипи.

The post Пожар во зграда во Лондон, 11 повредени, повеќе од 100 евакуирани appeared first on Република.

]]>
Трендафилов за зградата на ССМ: Се надеваме дека судиите нема да потпаднат на политички или олигархиски притисок и дека правдата ќе победи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trendafilov-za-zgradata-na-ssm-se-nadevame-deka-sudiite-nema-da-potpadnat-na-politichki-ili-oligarhiski-pritisok-i-deka-pravdata-ke-pobedi/ Wed, 28 Feb 2024 14:43:44 +0000 https://republika.mk/?p=749342

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), за да ја спречи конфискацијата на Работничкиот дом, поднесе предлог за повторување на постапката пред Основниот граѓански суд и бара што е можно поскоро овој предлог да биде доставен до Врховниот суд за брзо и ефикасно да се постапи, поради новите доставени докази.

Како што соопшти денеска на прес-конференција претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, за максимум една недела до недела и пол, Сојузот ќе почне со низа протести кои ќе кулминираат со голем работнички протест на 1 Мај. Тој апелира во протестите да се вклучат и останатите синдикати.

Според Трендафилов, кој изрази очекување дека постапката ќе заврши за 30 до 45 дена, како и дека правдата ќе победи, Работничкиот дом треба да остане на работниците, а законот не може да се применува селективно. Негова оценка е дека ако евентуално се одлучи на ССМ да му биде одземена зградата, тогаш таквата пресуда ќе биде злоупотребена од сите, а најмногу токму од ССМ кој за многу кратко време ќе може да почне постапки за одземање на сопственоста на имотите на некои политички субјекти што, пак, напомена, може да доведе до нивно згаснување, па и до колапс на општеството.

Претседателот на ССМ се надева дека судиите нема да потпаднат на политички, бизнис или олигархиски притисок. Смета и дека за овој случај треба да се заинтересира Уставниот суд до кого, рече, ќе биде поднесено барање за да се утврди дали е повреден Уставот.

-Претседателството и Советот на ССМ едногласно донесоа одлука за организирање низа протести кои ќе кулминираат со голем работнички протест на 1 Мај. Низата на протести се токму поради ова – трпението на работниците е премногу мало, не можеме веќе да се усогласиме со политиките што се водат, особено во судскиот систем на штета на работниците со конфискацијата на Работничкиот дом, не можеме да се усогласиме со некои политики без оглед на тоа дали се на централно или на локално ниво во поглед на постапките кои значат намалување на работничките плати. Протестите ќе бидат со отворена покана до сите синдикати во Македонија, не само синдикатите од ССМ, туку ги покануваме и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, СОНК, УНСМ и сите останати грански синдикати кои не се здружени во ниту една федерација, сојуз или конфедерација, да ни дадат поддршка и да се придружат на ваквите протести. Овие моменти, особено поради изборниот процес, се моменти кога работниците можат јасно да дадат до знаење на сите кои претендираат да бидат власт, дека не може повеќе корумпирано судство, дека не може повеќе намалување на платите, дека не може повеќе да си овозможувате само за вас, а за работниците не, истакна Трендафилов.

Во врска со предлогот на пратеничката група на СДСМ поднесен вчера за законски измени со кои нема да се зголемат платите на функционерите, Трендафилов потсети дека ССМ веќе има доставено ваков предлог уште во август минатата година.

– ССМ има доставено ваков предлог во август месец минатата година за да им помогне да не се мачат, да не менуваат седум закони, туку да сменат само еден член од еден закон кој ќе овозможи враќање на платите на функционерите пред срамната одлука на Уставниот суд со која им се зголемија платите за 78 проценти, нагласи Трендафилов.

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со конфискацијата на Работничкиот дом, тој напомена дека „предлогот за повторување на постапката ги побива сите недоречености на судиите кои се надвор од правната рамка и правниот разум, зашто слободното судиско убедување не може да биде посилно од документите, од Уставот, од одлуките на Уставниот суд, како и од законите кои се применувале и порано и денес“.

-Очигледно е дека дилемите кај овие тројца судии кои ја донесоа ваквата срамна пресуда за конфискација на Работничкиот дом треба дополнително да се разјаснат. Очекуваме правото и правдата конечно да победат. Апелирам и до Врховниот суд и до Советот кој одлучувал за донесувањето на оваа ревизија за конфискација на Работничкиот дом, до првостепениот суд, односно Основниот граѓански суд, оваа работа што е можно побрзо да ја заврши, да го разгледа предлогот за повторување на постапката, да ја отфрли ревизијата и Работничкиот дом да остане на работниците онака како што е повеќе од 60-70 години, од педесеттите години на минатиот век. Не можете да применувате селективно закон од 1998 година за здруженија и фондации кога ССМ од 1994 година се регистрира по Законот за работни односи и се води посебен регистар за тоа во Централниот регистар, како и во МТСП, и од 1994 година до денес се регистрира на истиот начин, а вие селективно да применувате еден член од законот кој вам ви одговора и покрај тоа што и во тој закон и во сите останати закони средствата од дописнина, од чланирина и од имовина, како што ја нарекувале во тој период, се средства со кои располагале дури здруженијата и фондациите во тој период и на таков начин имале право да располагаат, имале право да градат, имале право да имаат своја сопственост и никој не може денеска, после 70 години, да одлучува дали тие тогаш правилно одлучувале и дали органите на државата во тој период правилно одлучувале, потенцира претседателот на ССМ.

Трендафилов изрази наеж дека нема да има политички влијанија.

-Ќе видиме во наредниот период дали некој ќе се обиде да го минира процесот. Не сакаме да веруваме дека ќе има политички влијанија и политички притисок. Не сакаме да веруваме дека судиите ќе потпаднат и под бизнис или олигархиски притисок, особено поради вниманието на јавноста. Ние добивме допис од Европската конфедерација на синдикати со која се укажува и на Европската комисија и на Делегацијата на ЕУ во Македонија, испратен е дописот и до амбасадорот на Делегацијата на ЕУ дека се става под знак прашалник и претпристаниот процес на Република Македонија во ЕУ. Толку сме силни, ги користиме сите механизми и ќе ги искористиме сите механизми за да покажеме дека Работничкиот дом мора да остане на работниците. Очекуваме брза реакција и од Правобранителството – да го добијат предметот, да го вратат во Врховниот суд кој дал првпат одлука на штета на работниците и на ССМ и доколку не се случи тоа, излегуваме на улица, прво пред судовите. Во моментов одговорноста ја гледаме таму. Сомнежите веќе ни се потврдуваат и за политичката одговорност. Тоа што можат политичарите да го изгубат доколку го изгубиме ние Работничкиот дом, значи исто, да ги изгубат и нивните домови, подвлече претседателот на ССМ.

Во овој контекст дополни дека нивното, работничкото, не може никој да им го „враќа“.

-Не може да очекуваме некој сега да дојде и да ни каже дека ни го враќа тоа што е наше, тоа што ние сме го изградиле. Она што е наше е наше и не може никој да го земе, ниту ќе го дадеме „на тацна“. Да, политичка волја е потребна, меѓутоа и политичка одговорност има. Да не заборавиме дека имотите на неколку политички субјекти и политички партии кои наредниот период ќе се тркаат на следниве избори се општествено-политички организации и дека на ваков начин ќе биде проблем за нив и дека некој ќе дојде како нас, дека некој ќе дојде сличен како на нив, како на тие што ја почнале целата постапка, како на овие тројца судии кои ја донеле ваквата срамна пресуда ќе им го одземе и нив. Тоа значи дека ќе се случи колапс во општеството, во Македонија. Не зборуваме само за згаснување на ССМ како единствената класна работничка организација, можеби и за згаснување на неколку политички субјекти во следниот период во Република Македонија преку одземање и конфискација на нивните имоти. Да не заборавиме, ние можеме да донесеме многу слична одлука за многу брзо време, да почнеме постапки токму за нивните имоти доколку постои ваквата пресуда во правниот промет. Ваквата пресуда ќе биде злоупотреба од сите, најмногу од нас, рече Трендафилов.

Повотори и дека овој предмет и ваквата пресуда не треба да постојат во правниот промет.

-За нас е значајно што идејата за изградба на овој Работнички дом почнала со зборовите „Смрт за фашизмот, слобода на народот“ и веројатно така и ќе заврши. Очекуваме Уставниот суд да се заинтересира, зашто овој предмет и ваквата пресуда не треба да постојат во правниот промет, особено поради тоа што се спротивни на правата на слобода на здружување. Ние имаме ратификувано меѓународни конвенции на Меѓународната организација на труд во Македонија кои имаат сила на закон. Таквиот начин значи дека прекршувањето на правото на слобода на здружување, прекршувањето на правото на синдикалците, на работниците да се организираат во синдикати со конфискацијата на нивниот дом особено зашто тоа го нема никаде во светот, е прекршување директно на правото на слобода на здружување. Ние ќе поднесеме барање до Уставниот суд за да се утврди дали е повреден Уставот во некои членови особено зашто во 1992 година, токму на барање на ССМ на СДСМ кој се приклучи кон ССМ и на Социјалистичката партија се укинати одредбите со кои се одзема имотот граден од овие организации, особено поради тоа што ССМ е уставотворна организација која постоела во Уставот од 1992 година, рече претседателот на ССМ.

The post Трендафилов за зградата на ССМ: Се надеваме дека судиите нема да потпаднат на политички или олигархиски притисок и дека правдата ќе победи appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), за да ја спречи конфискацијата на Работничкиот дом, поднесе предлог за повторување на постапката пред Основниот граѓански суд и бара што е можно поскоро овој предлог да биде доставен до Врховниот суд за брзо и ефикасно да се постапи, поради новите доставени докази. Како што соопшти денеска на прес-конференција претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, за максимум една недела до недела и пол, Сојузот ќе почне со низа протести кои ќе кулминираат со голем работнички протест на 1 Мај. Тој апелира во протестите да се вклучат и останатите синдикати. Според Трендафилов, кој изрази очекување дека постапката ќе заврши за 30 до 45 дена, како и дека правдата ќе победи, Работничкиот дом треба да остане на работниците, а законот не може да се применува селективно. Негова оценка е дека ако евентуално се одлучи на ССМ да му биде одземена зградата, тогаш таквата пресуда ќе биде злоупотребена од сите, а најмногу токму од ССМ кој за многу кратко време ќе може да почне постапки за одземање на сопственоста на имотите на некои политички субјекти што, пак, напомена, може да доведе до нивно згаснување, па и до колапс на општеството. Претседателот на ССМ се надева дека судиите нема да потпаднат на политички, бизнис или олигархиски притисок. Смета и дека за овој случај треба да се заинтересира Уставниот суд до кого, рече, ќе биде поднесено барање за да се утврди дали е повреден Уставот. -Претседателството и Советот на ССМ едногласно донесоа одлука за организирање низа протести кои ќе кулминираат со голем работнички протест на 1 Мај. Низата на протести се токму поради ова – трпението на работниците е премногу мало, не можеме веќе да се усогласиме со политиките што се водат, особено во судскиот систем на штета на работниците со конфискацијата на Работничкиот дом, не можеме да се усогласиме со некои политики без оглед на тоа дали се на централно или на локално ниво во поглед на постапките кои значат намалување на работничките плати. Протестите ќе бидат со отворена покана до сите синдикати во Македонија, не само синдикатите од ССМ, туку ги покануваме и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, СОНК, УНСМ и сите останати грански синдикати кои не се здружени во ниту една федерација, сојуз или конфедерација, да ни дадат поддршка и да се придружат на ваквите протести. Овие моменти, особено поради изборниот процес, се моменти кога работниците можат јасно да дадат до знаење на сите кои претендираат да бидат власт, дека не може повеќе корумпирано судство, дека не може повеќе намалување на платите, дека не може повеќе да си овозможувате само за вас, а за работниците не, истакна Трендафилов. Во врска со предлогот на пратеничката група на СДСМ поднесен вчера за законски измени со кои нема да се зголемат платите на функционерите, Трендафилов потсети дека ССМ веќе има доставено ваков предлог уште во август минатата година. – ССМ има доставено ваков предлог во август месец минатата година за да им помогне да не се мачат, да не менуваат седум закони, туку да сменат само еден член од еден закон кој ќе овозможи враќање на платите на функционерите пред срамната одлука на Уставниот суд со која им се зголемија платите за 78 проценти, нагласи Трендафилов. Одговорајќи на новинарски прашања во врска со конфискацијата на Работничкиот дом, тој напомена дека „предлогот за повторување на постапката ги побива сите недоречености на судиите кои се надвор од правната рамка и правниот разум, зашто слободното судиско убедување не може да биде посилно од документите, од Уставот, од одлуките на Уставниот суд, како и од законите кои се применувале и порано и денес“. -Очигледно е дека дилемите кај овие тројца судии кои ја донесоа ваквата срамна пресуда за конфискација на Работничкиот дом треба дополнително да се разјаснат. Очекуваме правото и правдата конечно да победат. Апелирам и до Врховниот суд и до Советот кој одлучувал за донесувањето на оваа ревизија за конфискација на Работничкиот дом, до првостепениот суд, односно Основниот граѓански суд, оваа работа што е можно побрзо да ја заврши, да го разгледа предлогот за повторување на постапката, да ја отфрли ревизијата и Работничкиот дом да остане на работниците онака како што е повеќе од 60-70 години, од педесеттите години на минатиот век. Не можете да применувате селективно закон од 1998 година за здруженија и фондации кога ССМ од 1994 година се регистрира по Законот за работни односи и се води посебен регистар за тоа во Централниот регистар, како и во МТСП, и од 1994 година до денес се регистрира на истиот начин, а вие селективно да применувате еден член од законот кој вам ви одговора и покрај тоа што и во тој закон и во сите останати закони средствата од дописнина, од чланирина и од имовина, како што ја нарекувале во тој период, се средства со кои располагале дури здруженијата и фондациите во тој период и на таков начин имале право да располагаат, имале право да градат, имале право да имаат своја сопственост и никој не може денеска, после 70 години, да одлучува дали тие тогаш правилно одлучувале и дали органите на државата во тој период правилно одлучувале, потенцира претседателот на ССМ. Трендафилов изрази наеж дека нема да има политички влијанија. -Ќе видиме во наредниот период дали некој ќе се обиде да го минира процесот. Не сакаме да веруваме дека ќе има политички влијанија и политички притисок. Не сакаме да веруваме дека судиите ќе потпаднат и под бизнис или олигархиски притисок, особено поради вниманието на јавноста. Ние добивме допис од Европската конфедерација на синдикати со која се укажува и на Европската комисија и на Делегацијата на ЕУ во Македонија, испратен е дописот и до амбасадорот на Делегацијата на ЕУ дека се става под знак прашалник и претпристаниот процес на Република Македонија во ЕУ. Толку сме силни, ги користиме сите механизми и ќе ги искористиме сите механизми за да покажеме дека Работничкиот дом мора да остане на работниците. Очекуваме брза реакција и од Правобранителството – да го добијат предметот, да го вратат во Врховниот суд кој дал првпат одлука на штета на работниците и на ССМ и доколку не се случи тоа, излегуваме на улица, прво пред судовите. Во моментов одговорноста ја гледаме таму. Сомнежите веќе ни се потврдуваат и за политичката одговорност. Тоа што можат политичарите да го изгубат доколку го изгубиме ние Работничкиот дом, значи исто, да ги изгубат и нивните домови, подвлече претседателот на ССМ. Во овој контекст дополни дека нивното, работничкото, не може никој да им го „враќа“. -Не може да очекуваме некој сега да дојде и да ни каже дека ни го враќа тоа што е наше, тоа што ние сме го изградиле. Она што е наше е наше и не може никој да го земе, ниту ќе го дадеме „на тацна“. Да, политичка волја е потребна, меѓутоа и политичка одговорност има. Да не заборавиме дека имотите на неколку политички субјекти и политички партии кои наредниот период ќе се тркаат на следниве избори се општествено-политички организации и дека на ваков начин ќе биде проблем за нив и дека некој ќе дојде како нас, дека некој ќе дојде сличен како на нив, како на тие што ја почнале целата постапка, како на овие тројца судии кои ја донеле ваквата срамна пресуда ќе им го одземе и нив. Тоа значи дека ќе се случи колапс во општеството, во Македонија. Не зборуваме само за згаснување на ССМ како единствената класна работничка организација, можеби и за згаснување на неколку политички субјекти во следниот период во Република Македонија преку одземање и конфискација на нивните имоти. Да не заборавиме, ние можеме да донесеме многу слична одлука за многу брзо време, да почнеме постапки токму за нивните имоти доколку постои ваквата пресуда во правниот промет. Ваквата пресуда ќе биде злоупотреба од сите, најмногу од нас, рече Трендафилов. Повотори и дека овој предмет и ваквата пресуда не треба да постојат во правниот промет. -За нас е значајно што идејата за изградба на овој Работнички дом почнала со зборовите „Смрт за фашизмот, слобода на народот“ и веројатно така и ќе заврши. Очекуваме Уставниот суд да се заинтересира, зашто овој предмет и ваквата пресуда не треба да постојат во правниот промет, особено поради тоа што се спротивни на правата на слобода на здружување. Ние имаме ратификувано меѓународни конвенции на Меѓународната организација на труд во Македонија кои имаат сила на закон. Таквиот начин значи дека прекршувањето на правото на слобода на здружување, прекршувањето на правото на синдикалците, на работниците да се организираат во синдикати со конфискацијата на нивниот дом особено зашто тоа го нема никаде во светот, е прекршување директно на правото на слобода на здружување. Ние ќе поднесеме барање до Уставниот суд за да се утврди дали е повреден Уставот во некои членови особено зашто во 1992 година, токму на барање на ССМ на СДСМ кој се приклучи кон ССМ и на Социјалистичката партија се укинати одредбите со кои се одзема имотот граден од овие организации, особено поради тоа што ССМ е уставотворна организација која постоела во Уставот од 1992 година, рече претседателот на ССМ.

The post Трендафилов за зградата на ССМ: Се надеваме дека судиите нема да потпаднат на политички или олигархиски притисок и дека правдата ќе победи appeared first on Република.

]]>
ССМ бара повторување на постапката за конфискацијата на Работничкиот дом, најавува и протести https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ssm-bara-povtoruvane-na-postapkata-za-konfiskatsijata-na-rabotnichkiot-dom-najavuva-i-protesti/ Wed, 28 Feb 2024 13:15:48 +0000 https://republika.mk/?p=749271

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), за да ја спречи конфискацијата на Работничкиот дом, поднесе предлог за повторување на постапката пред Основниот граѓански суд и бара што е можно побрзо овој предлог да биде доставен до Врховниот суд за брзо и ефикасно да се постапи поради новите доставени докази.

Како што соопшти денеска на прес-конференција претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, за максимум една недела до недела и пол, Сојузот ќе почне со низа протести кои ќе кулминираат со голем работнички протест на 1 Мај.

Тој апелира во протестите да се вклучат и останатите синдикати.

Претседателството и Советот на ССМ едногласно донесоа одлука за организирање низа протести кои ќе кулминираат со голем работнички протест на 1 Мај. Низата на протести се токму поради ова – трпението на работниците е премногу мало, не можеме веќе да се усогласиме со политиките што се водат, особено во судскиот систем на штета на работниците со конфискацијата на Работничкиот дом, не можеме да се усогласиме со некои политики без оглед на тоа дали се на централно или на локално ниво во поглед на постапките кои значат намалување на работничките плати. Протестите ќе бидат со отворена покана до сите синдикати во Македонија, не само синдикатите од ССМ, туку ги покануваме и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, СОНК, УНСМ и сите останати грански синдикати кои не се здружени во ниту една федерација, сојуз или конфедерација, да ни дадат поддршка и да се придружат на ваквите протести - истакна Трендафилов.

Во врска со предлогот на пратеничката група на СДСМ поднесен вчера за законски измени со кои нема да се зголемат платите на функционерите, Трендафилов потсети дека ССМ веќе има доставено ваков предлог уште во август минатата година

ССМ има доставено ваков предлог во август месец минатата година за да им помогне да не се мачат, да не менуваат седум закони, туку да сменат само еден член од еден закон кој ќе овозможи враќање на платите на функционерите пред срамната одлука на Уставниот суд со која им се зголемија платите за 78 проценти - нагласи Трендафилов.

The post ССМ бара повторување на постапката за конфискацијата на Работничкиот дом, најавува и протести appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), за да ја спречи конфискацијата на Работничкиот дом, поднесе предлог за повторување на постапката пред Основниот граѓански суд и бара што е можно побрзо овој предлог да биде доставен до Врховниот суд за брзо и ефикасно да се постапи поради новите доставени докази. Како што соопшти денеска на прес-конференција претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, за максимум една недела до недела и пол, Сојузот ќе почне со низа протести кои ќе кулминираат со голем работнички протест на 1 Мај. Тој апелира во протестите да се вклучат и останатите синдикати.
Претседателството и Советот на ССМ едногласно донесоа одлука за организирање низа протести кои ќе кулминираат со голем работнички протест на 1 Мај. Низата на протести се токму поради ова – трпението на работниците е премногу мало, не можеме веќе да се усогласиме со политиките што се водат, особено во судскиот систем на штета на работниците со конфискацијата на Работничкиот дом, не можеме да се усогласиме со некои политики без оглед на тоа дали се на централно или на локално ниво во поглед на постапките кои значат намалување на работничките плати. Протестите ќе бидат со отворена покана до сите синдикати во Македонија, не само синдикатите од ССМ, туку ги покануваме и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, СОНК, УНСМ и сите останати грански синдикати кои не се здружени во ниту една федерација, сојуз или конфедерација, да ни дадат поддршка и да се придружат на ваквите протести - истакна Трендафилов.
Во врска со предлогот на пратеничката група на СДСМ поднесен вчера за законски измени со кои нема да се зголемат платите на функционерите, Трендафилов потсети дека ССМ веќе има доставено ваков предлог уште во август минатата година
ССМ има доставено ваков предлог во август месец минатата година за да им помогне да не се мачат, да не менуваат седум закони, туку да сменат само еден член од еден закон кој ќе овозможи враќање на платите на функционерите пред срамната одлука на Уставниот суд со која им се зголемија платите за 78 проценти - нагласи Трендафилов.

The post ССМ бара повторување на постапката за конфискацијата на Работничкиот дом, најавува и протести appeared first on Република.

]]>
Ноќно се гради висококатницата кај Воена, иако Конзерваторски центар го поништи решението https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nokno-se-gradi-visokokatnitsata-kaj-voena-iako-konzervatorski-tsentar-go-ponishti-reshenieto/ Tue, 27 Feb 2024 07:45:53 +0000 https://republika.mk/?p=748720

Иако Конзерваторскиот центар одлучи да го поништи позитивното мислење за изградба на зградата сред болничкиот комплекс кај Воена болница, градежните работи продолжија и тоа навечер.

https://republika.mk/vesti/skopje/ako-jakimovski-prodolzhi-kako-dosega-na-sila-da-gi-turka-planovite-ke-protestirame-24-chasa-pred-opshtina-karposh/

Видео од местото на кое се гледа дека противзаконско се гради зградата против која граѓаните на Карпош протестираат:

The post Ноќно се гради висококатницата кај Воена, иако Конзерваторски центар го поништи решението appeared first on Република.

]]>

Иако Конзерваторскиот центар одлучи да го поништи позитивното мислење за изградба на зградата сред болничкиот комплекс кај Воена болница, градежните работи продолжија и тоа навечер. https://republika.mk/vesti/skopje/ako-jakimovski-prodolzhi-kako-dosega-na-sila-da-gi-turka-planovite-ke-protestirame-24-chasa-pred-opshtina-karposh/ Видео од местото на кое се гледа дека противзаконско се гради зградата против која граѓаните на Карпош протестираат:

The post Ноќно се гради висококатницата кај Воена, иако Конзерваторски центар го поништи решението appeared first on Република.

]]>
Меѓу загинатите во пожарот во зграда во Валенсија има и новороденче https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/megu-zaginatite-vo-pozharot-vo-zgrada-vo-valensija-ima-i-novorodenche/ Fri, 23 Feb 2024 17:36:13 +0000 https://republika.mk/?p=747559

Бројот на загинати во пожар во станбена зграда во Валенсија се зголеми на 10, а градоначалничката Марија Хозе Катала прогласи тридневна жалост во овој град.

Весникот „Ел Паис“ наведе дека четири од жртвите се членови на исто семејство - татко, мајка, тригодишна ќерка и новороденче.

Шпанскиот центар за итни информации и координација соопшти дека четири повредени лица денеска се пуштени од болница, а на лекување се уште се двајца пожарникари кои и им пружале прва помош на настраданите.

Полицијата стигнала до четвртиот кат од опожарената зграда во обид да ги лоцира потенцијалните жртви, а на лице место биле и противпожарните и екипите за итна помош, пренесуваат шпанските медиуми.

Шефот на Истражниот суд број 10 во Валенсија отвори постапката за истрага за причините и околностите на пожарот и нареди доверливост на постапката во траење од еден месец со цел да се заштити полициската истрага и приватноста на жртвите и нивните семејства.

Пожарот избувна вчера попладне и за само половина час ја зафати целата зграда со 14 ката и 138 стана, а набрзо се прошири и во соседната зграда.

The post Меѓу загинатите во пожарот во зграда во Валенсија има и новороденче appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати во пожар во станбена зграда во Валенсија се зголеми на 10, а градоначалничката Марија Хозе Катала прогласи тридневна жалост во овој град. Весникот „Ел Паис“ наведе дека четири од жртвите се членови на исто семејство - татко, мајка, тригодишна ќерка и новороденче. Шпанскиот центар за итни информации и координација соопшти дека четири повредени лица денеска се пуштени од болница, а на лекување се уште се двајца пожарникари кои и им пружале прва помош на настраданите. Полицијата стигнала до четвртиот кат од опожарената зграда во обид да ги лоцира потенцијалните жртви, а на лице место биле и противпожарните и екипите за итна помош, пренесуваат шпанските медиуми. Шефот на Истражниот суд број 10 во Валенсија отвори постапката за истрага за причините и околностите на пожарот и нареди доверливост на постапката во траење од еден месец со цел да се заштити полициската истрага и приватноста на жртвите и нивните семејства. Пожарот избувна вчера попладне и за само половина час ја зафати целата зграда со 14 ката и 138 стана, а набрзо се прошири и во соседната зграда.

The post Меѓу загинатите во пожарот во зграда во Валенсија има и новороденче appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска бара да се поништи конзерваторското решение за зградата кај Воена болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kostadinovska-stojchevska-bara-da-se-ponishti-konzervatorskoto-reshenie-za-zgradata-kaj-voena-bolnitsa/ Wed, 21 Feb 2024 12:52:19 +0000 https://republika.mk/?p=746575

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, за изградбата на висококатницата до Воена болница во Скопје, информираше дека го добила Извештајот од работната група од Министерството за култура и дека денеска постапила по него.

„Во Извештајот е наведено дека издаденото конзерваторско решение не е во согласност со Правилникот што е постоечки по Законот за заштита на културно наследство и затоа предметот го враќаме назад кај првостепениот орган, поточно кај Конзерваторски центар – Скопје, и очекуваме тоа одобрение уште денес да биде поништено“.

Костадиновска-Стојчевска објасни дека работната група, според своите надлежности, вршеше надзор од формално-правен аспект на издаденото конзерваторско мислење од Конзерваторскиот центар – Скопје. Таа рече дека не се работи за одолжување на процесот, туку дека во случајот и друга надлежна институција, а тоа е Управата за заштита на културното наследство, беше повикана да постапи и да изврши надзор, бидејќи тие вршат надзор во однос на Законот за заштита на културното наследство.

 „Тие инспектори, како што кажав и минатата недела, не излегуваа на терен од засега непознати причини, дури вчера беа во Националната установа Конзерваторски центар – Скопје, и содржината на нивното мислење не ми е позната, но она што беше во наш домен по цела документација што беше прибрана, денес се обративме до Националната установа Конзерваторски центар – Скопје, разговаравме со в. д. директорката и очекувам во текот на денов, како првостепен орган, како што го донесе решението така и да го поништи.“

Костадиновска-Стојчевска посочи дека за стручниот дел, за содржината на конзерваторското одобрение за посочената парцела кај „Воена болница“, се надлежни стручните институции од оваа област. 

The post Костадиновска-Стојчевска бара да се поништи конзерваторското решение за зградата кај Воена болница appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, за изградбата на висококатницата до Воена болница во Скопје, информираше дека го добила Извештајот од работната група од Министерството за култура и дека денеска постапила по него.

„Во Извештајот е наведено дека издаденото конзерваторско решение не е во согласност со Правилникот што е постоечки по Законот за заштита на културно наследство и затоа предметот го враќаме назад кај првостепениот орган, поточно кај Конзерваторски центар – Скопје, и очекуваме тоа одобрение уште денес да биде поништено“.

Костадиновска-Стојчевска објасни дека работната група, според своите надлежности, вршеше надзор од формално-правен аспект на издаденото конзерваторско мислење од Конзерваторскиот центар – Скопје. Таа рече дека не се работи за одолжување на процесот, туку дека во случајот и друга надлежна институција, а тоа е Управата за заштита на културното наследство, беше повикана да постапи и да изврши надзор, бидејќи тие вршат надзор во однос на Законот за заштита на културното наследство.

 „Тие инспектори, како што кажав и минатата недела, не излегуваа на терен од засега непознати причини, дури вчера беа во Националната установа Конзерваторски центар – Скопје, и содржината на нивното мислење не ми е позната, но она што беше во наш домен по цела документација што беше прибрана, денес се обративме до Националната установа Конзерваторски центар – Скопје, разговаравме со в. д. директорката и очекувам во текот на денов, како првостепен орган, како што го донесе решението така и да го поништи.“

Костадиновска-Стојчевска посочи дека за стручниот дел, за содржината на конзерваторското одобрение за посочената парцела кај „Воена болница“, се надлежни стручните институции од оваа област. 

The post Костадиновска-Стојчевска бара да се поништи конзерваторското решение за зградата кај Воена болница appeared first on Република.

]]>
ССМ бара оставка од тројцата судии што ја донеле одлуката за одземање на зградата, најавуваат постапка и пред Судскиот совет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ssm-bara-ostavka-od-trojtsata-sudii-shto-ja-donele-odlukata-za-odzemane-na-zgradata-najavuvaat-postapka-i-pred-sudskiot-sovet/ Wed, 31 Jan 2024 13:20:37 +0000 https://republika.mk/?p=739051

Сојузот на синдикати на Македонија бараат оставка од судиите Шпенд Деваја, Наке Георгиев, Исамедин Лимани од Врховниот суд кои ја донеле пресудата за одземање на имотот на Синдикатот.

Доколку до петок не поднесат оставки, како што најави денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, од следната недела ќе почнат постапка пред Судскиот совет за нивно разрешување.

Овие тројца луѓе од Советот на пет судии, вклучително и Елица Крстевска и Анета Бошковска кои гласале против ваквата одлука, ја донеле пресудата со нивно слободно убедување без аргументи, со користење на закон што не е во сила - рече Трендафилов на денешната прес-конференција.

Како што образложи Трендафилов, тројцата судии во пресудата се повикуваат на законот од 1998 година кој е вон сила, затоа што во 2010 година е донесен нов закон во кој е наведено дека со стапувањето во сила на новиот закон претставува да важи законот од 1998 година.

Многу ми е жал што овие врховни судии не знаат дека од 2010 година има нов закон за здруженија и фондации во кој во членот 2 се наведува дека одредбите од овој закон не се однесуваат на политички партии, цркви, верски заедници, религиозни групи, синдикати, комори и други видови на здружување утврдени со посебни закони, рече Трендафилов.

Како што посочи, дури и во член од законот од 1998 година е наведено дека имотот на ваквите здруженија стекнат од сопствени пари им припаѓа на тие здруженија.

Шестар систем во судството, да ги бодат законите и да бираат кој ќе го применуваат за временски период што ним им одговара е погубно за судството и е погазување на честа на сите оние судии кои совесно си ја извршуваат работата. Токму поради ваквите судии довербата во судството е два проценти - рече Трендафилов.

Тројцата судии, посочи Трендафилов, не ја почитувале ниту одлуката на Уставниот суд од 1992 година во чие образложение е укината одлуката за определување на рокот за преземање на средствата на општествени и политички организации, а не ја почитувале ниту пресудата на Врховниот суд од 24.11.2004 година во која се одбива барањето за одземање на имотот на ССМ.

Од ССМ се сомневаат дека под политички притисок е донесена одлуката и како што велат најмалку што можат сега да сторат судиите е да донесат нова пресуда со која ќе ја поправат старата.

За случувањата информирани се европските и светските синдикати.

Целокупното светско синдикално лидерство ќе дојде во Македонија токму во изборите кога ќе им гори на политичките партии и кога тие ќе треба да покренат одговорност за овие судии - рече Трендафилов.

Најавуваат постапка и пред Меѓународниот суд на правдата.

Ние нема да ја предадеме зградата на тацна. Нема ни да влезат во зградата. Но, обезглавувањето на претставникот на работниците, односно на ССМ е нешто што нема да го дозволиме, а нема да го дозволат ниту Европската конфедерација на синдикати, ниту Светската конфедерација на синдикати. Тие тоа што ќе го направат во процесот на претпристани преговори за Република Македонија во Брисел е нешто што треба да се замислат политичарите - рече Трендафилов, прашувајќи кој ќе биде оној во Владата што ќе гласа за одлуката да се одземе имотот на ССМ бидејќи овој објект мора да биде впишан на име на државата.

The post ССМ бара оставка од тројцата судии што ја донеле одлуката за одземање на зградата, најавуваат постапка и пред Судскиот совет appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикати на Македонија бараат оставка од судиите Шпенд Деваја, Наке Георгиев, Исамедин Лимани од Врховниот суд кои ја донеле пресудата за одземање на имотот на Синдикатот. Доколку до петок не поднесат оставки, како што најави денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, од следната недела ќе почнат постапка пред Судскиот совет за нивно разрешување.
Овие тројца луѓе од Советот на пет судии, вклучително и Елица Крстевска и Анета Бошковска кои гласале против ваквата одлука, ја донеле пресудата со нивно слободно убедување без аргументи, со користење на закон што не е во сила - рече Трендафилов на денешната прес-конференција.
Како што образложи Трендафилов, тројцата судии во пресудата се повикуваат на законот од 1998 година кој е вон сила, затоа што во 2010 година е донесен нов закон во кој е наведено дека со стапувањето во сила на новиот закон претставува да важи законот од 1998 година. Многу ми е жал што овие врховни судии не знаат дека од 2010 година има нов закон за здруженија и фондации во кој во членот 2 се наведува дека одредбите од овој закон не се однесуваат на политички партии, цркви, верски заедници, религиозни групи, синдикати, комори и други видови на здружување утврдени со посебни закони, рече Трендафилов. Како што посочи, дури и во член од законот од 1998 година е наведено дека имотот на ваквите здруженија стекнат од сопствени пари им припаѓа на тие здруженија.
Шестар систем во судството, да ги бодат законите и да бираат кој ќе го применуваат за временски период што ним им одговара е погубно за судството и е погазување на честа на сите оние судии кои совесно си ја извршуваат работата. Токму поради ваквите судии довербата во судството е два проценти - рече Трендафилов.
Тројцата судии, посочи Трендафилов, не ја почитувале ниту одлуката на Уставниот суд од 1992 година во чие образложение е укината одлуката за определување на рокот за преземање на средствата на општествени и политички организации, а не ја почитувале ниту пресудата на Врховниот суд од 24.11.2004 година во која се одбива барањето за одземање на имотот на ССМ. Од ССМ се сомневаат дека под политички притисок е донесена одлуката и како што велат најмалку што можат сега да сторат судиите е да донесат нова пресуда со која ќе ја поправат старата. За случувањата информирани се европските и светските синдикати.
Целокупното светско синдикално лидерство ќе дојде во Македонија токму во изборите кога ќе им гори на политичките партии и кога тие ќе треба да покренат одговорност за овие судии - рече Трендафилов.
Најавуваат постапка и пред Меѓународниот суд на правдата.
Ние нема да ја предадеме зградата на тацна. Нема ни да влезат во зградата. Но, обезглавувањето на претставникот на работниците, односно на ССМ е нешто што нема да го дозволиме, а нема да го дозволат ниту Европската конфедерација на синдикати, ниту Светската конфедерација на синдикати. Тие тоа што ќе го направат во процесот на претпристани преговори за Република Македонија во Брисел е нешто што треба да се замислат политичарите - рече Трендафилов, прашувајќи кој ќе биде оној во Владата што ќе гласа за одлуката да се одземе имотот на ССМ бидејќи овој објект мора да биде впишан на име на државата.

The post ССМ бара оставка од тројцата судии што ја донеле одлуката за одземање на зградата, најавуваат постапка и пред Судскиот совет appeared first on Република.

]]>
Сојузот на синдикати остана без своето седиште: Со пресуда на Врховен одземена зградата на ССМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sojuzot-na-sindikati-ostana-bez-svoeto-sedishte-so-presuda-na-vrhoven-odzemena-zgradata-na-ssm/ Wed, 24 Jan 2024 12:23:04 +0000 https://republika.mk/?p=736313

Сојузот на синдикати остана без своето седиште. Со пресуда од Врховниот суд зградата на ССМ во центарот на Скопје е предадена во сопственост на државата.

Според пресудата на Врховниот суд, објектот на ССМ се градел со пари од државата, а не со средства на синдикатот бидејќи, како што се наведува во пресудата, ССМ не извршува стопанска дејност, па нема ниту сопствени приходи за стекнување на имот.

Од Сојузот на синдикати побараа оставки од врховните судии кои одлучиле државата да ја добие зградата на ССМ. Обвинија за корумпираност на судиите, а препознаваат и обид за дисциплинирање на синдикалното движење и негово уништување.

Од Владата сепак до овој момент нема информации што оваа пресуда ќе значи во пракса и дали синдикатот ќе треба да се исели од зградата.

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, денеска на вонредна прес-конференција соопшти дека според неофицијалните информации што ги има ССМ, Врховниот суд донел пресуда со која се одзема зградата Работнички дом во Скопје, која од почетокот на нејзината изградба во 1958 година е во сопственост на Сојузот на синдикати на Македонија.

Вели дека Домот бил граден со средства на работниците во 1958 година врз основа на договор и одобрение за градба. Од 1992 година наваму, пак, како што додава претседателот на ССМ, имало многубројни обиди за Работничкиот дом да се приграби во интерес на елитите, но, како што вели, аргументите во сите постапки кои се воделе изминатите години биле пресилни за одземање на имотот.

„Врховниот суд кој е највисоката судска инстанца во државата, која со таквата одлука не може да биде оспорувана во домашното законодавство туку само надвор, донел некоја пресуда со која ги поништува сите постапки од 1992 година започната од тогашните влади, функционери и правобранители кои се во име на ССМ врз основа на целокупните аргументи. Повеќе од 15 судски пресуди, од кои шест само во последниот случај од 2005 година до денес, повеќе од 15 решенија на управни институции на управни органи, Судот преиначува, поништува и кажува дека поради претпоставка дека синдикатите во тој систем не можеле да располагаат со толкави средства, поради претпоставка дека одлуката е повисока од Уставот на државата и во тој систем и денеска, и поради тоа што денешните судии кои претседавале со советот во Врховниот суд кои тогаш не биле родени или биле во пелени, одлучуваат на каков начин одлучувале тогашните органи на таа држава во која Македонија била дел. Сме успеале да го зачуваме имотот на работниците, за возврат на тоа што сме се бореле Врховниот суд не спречил општествениот имот на граѓаните и работниците и фирмите да бидат разграбани од олигархијата и тоа што ние успеавме да го зачуваме денеска сакаат да го земат“,

изјави Трендафилов.

Доколку ваквата одлука на Врховниот суд, за која ССМ чека официјална потврда, се испостави за вистинита, оттаму најавија дека ќе бараат оставка од претседателката на Судот и од судиите во Советот кои одлучувале по однос на ова прашање. Работничкиот дом, вели претседателот на ССМ, го преживеал катастрофалниот земјотрес во 1963 година, а ќе го преживее и потресот од Врховниот суд кој се обидува да го направи на ваков начин.

„Симптоматично е тоа што претседателот на Врховниот суд бил вклучен во постапката од 2005 година додека извршувал функција заменик-јавен правобранител и сакал да го земе имотот на работниците – Работничкиот дом, а денеска кога е претседател на Врховниот суд да се преиначат сите постапки со кои тој бил неуспешен и на таков начин да ја одземе зградата од позиција на моќ“,

додаде Трендафилов.

Првиот човек на ССМ оцени дека сите синдикални протести и штрајкови во минатото, како и борбата за подобрување на работничките права и борбата за зголемување на платите на работниците, биле кнедла во грлото на многу функционери, судии и избрани и именувани лица кои, како што вели, сакаат на своевиден начин да го дисциплинираат синдикалното движење во Македонија и ССМ и на таков начин да го уништат.

„Нападот на ССМ е напад на секој еден работник во државата. Обезглавувањето на ССМ или стапнувањето со чизма на вратот на лидерот на борбата на работниците нема да дозволиме да биде стапнување на функционерска чизма во Работничкиот дом. Нема да дозволиме Работничкиот дом кој постои повеќе од 70 години да стане функционерски или судски дом. Ќе се бориме против сите тие кои сакаат да земат од устата на работниците. Тоа што ние го правиме нема да запреме да го правиме. Не можете да дисциплинирате синдикати, можете само да ги разгневните“,

додаде претседателот на ССМ.

The post Сојузот на синдикати остана без своето седиште: Со пресуда на Врховен одземена зградата на ССМ appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикати остана без своето седиште. Со пресуда од Врховниот суд зградата на ССМ во центарот на Скопје е предадена во сопственост на државата. Според пресудата на Врховниот суд, објектот на ССМ се градел со пари од државата, а не со средства на синдикатот бидејќи, како што се наведува во пресудата, ССМ не извршува стопанска дејност, па нема ниту сопствени приходи за стекнување на имот. Од Сојузот на синдикати побараа оставки од врховните судии кои одлучиле државата да ја добие зградата на ССМ. Обвинија за корумпираност на судиите, а препознаваат и обид за дисциплинирање на синдикалното движење и негово уништување. Од Владата сепак до овој момент нема информации што оваа пресуда ќе значи во пракса и дали синдикатот ќе треба да се исели од зградата. Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, денеска на вонредна прес-конференција соопшти дека според неофицијалните информации што ги има ССМ, Врховниот суд донел пресуда со која се одзема зградата Работнички дом во Скопје, која од почетокот на нејзината изградба во 1958 година е во сопственост на Сојузот на синдикати на Македонија. Вели дека Домот бил граден со средства на работниците во 1958 година врз основа на договор и одобрение за градба. Од 1992 година наваму, пак, како што додава претседателот на ССМ, имало многубројни обиди за Работничкиот дом да се приграби во интерес на елитите, но, како што вели, аргументите во сите постапки кои се воделе изминатите години биле пресилни за одземање на имотот.
„Врховниот суд кој е највисоката судска инстанца во државата, која со таквата одлука не може да биде оспорувана во домашното законодавство туку само надвор, донел некоја пресуда со која ги поништува сите постапки од 1992 година започната од тогашните влади, функционери и правобранители кои се во име на ССМ врз основа на целокупните аргументи. Повеќе од 15 судски пресуди, од кои шест само во последниот случај од 2005 година до денес, повеќе од 15 решенија на управни институции на управни органи, Судот преиначува, поништува и кажува дека поради претпоставка дека синдикатите во тој систем не можеле да располагаат со толкави средства, поради претпоставка дека одлуката е повисока од Уставот на државата и во тој систем и денеска, и поради тоа што денешните судии кои претседавале со советот во Врховниот суд кои тогаш не биле родени или биле во пелени, одлучуваат на каков начин одлучувале тогашните органи на таа држава во која Македонија била дел. Сме успеале да го зачуваме имотот на работниците, за возврат на тоа што сме се бореле Врховниот суд не спречил општествениот имот на граѓаните и работниците и фирмите да бидат разграбани од олигархијата и тоа што ние успеавме да го зачуваме денеска сакаат да го земат“, изјави Трендафилов.
Доколку ваквата одлука на Врховниот суд, за која ССМ чека официјална потврда, се испостави за вистинита, оттаму најавија дека ќе бараат оставка од претседателката на Судот и од судиите во Советот кои одлучувале по однос на ова прашање. Работничкиот дом, вели претседателот на ССМ, го преживеал катастрофалниот земјотрес во 1963 година, а ќе го преживее и потресот од Врховниот суд кој се обидува да го направи на ваков начин.
„Симптоматично е тоа што претседателот на Врховниот суд бил вклучен во постапката од 2005 година додека извршувал функција заменик-јавен правобранител и сакал да го земе имотот на работниците – Работничкиот дом, а денеска кога е претседател на Врховниот суд да се преиначат сите постапки со кои тој бил неуспешен и на таков начин да ја одземе зградата од позиција на моќ“, додаде Трендафилов.
Првиот човек на ССМ оцени дека сите синдикални протести и штрајкови во минатото, како и борбата за подобрување на работничките права и борбата за зголемување на платите на работниците, биле кнедла во грлото на многу функционери, судии и избрани и именувани лица кои, како што вели, сакаат на своевиден начин да го дисциплинираат синдикалното движење во Македонија и ССМ и на таков начин да го уништат.
„Нападот на ССМ е напад на секој еден работник во државата. Обезглавувањето на ССМ или стапнувањето со чизма на вратот на лидерот на борбата на работниците нема да дозволиме да биде стапнување на функционерска чизма во Работничкиот дом. Нема да дозволиме Работничкиот дом кој постои повеќе од 70 години да стане функционерски или судски дом. Ќе се бориме против сите тие кои сакаат да земат од устата на работниците. Тоа што ние го правиме нема да запреме да го правиме. Не можете да дисциплинирате синдикати, можете само да ги разгневните“, додаде претседателот на ССМ.

The post Сојузот на синдикати остана без своето седиште: Со пресуда на Врховен одземена зградата на ССМ appeared first on Република.

]]>
Четиригодишно девојче паднало од петтиот кат на зграда во Букурешт https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/chetirigodishno-devojche-padnalo-od-pettiot-kat-na-zgrada-vo-bukuresht/ Sun, 17 Dec 2023 17:12:20 +0000 https://republika.mk/?p=724022

Четиригодишно девојче паднало од петти кат во зграда во Букурешт и е во тешка состојба во болница.

Според сведоците, девојчето си играло со елката, која била поставено до прозор кој во моментот на несреќата бил отворен.

Соседите велат дека мајката на девојчето спиела во моментот на несреќата и не ни забележала кога нејзината ќерка паднала.

Девојчето било пронајдено на тротоар, а соседите веднаш повикале брза помош. Останатите веднаш отишле во станот и ја разбудиле мајката.

Девојчето веднаш било пренесено во болница каде била оперирана. Според лекарите, нејзината состојба се уште е многу сериозна, со фрактура на черепот, торако-абдоминална политраума и фрактура на бутната коска.

 

The post Четиригодишно девојче паднало од петтиот кат на зграда во Букурешт appeared first on Република.

]]>

Четиригодишно девојче паднало од петти кат во зграда во Букурешт и е во тешка состојба во болница. Според сведоците, девојчето си играло со елката, која била поставено до прозор кој во моментот на несреќата бил отворен. Соседите велат дека мајката на девојчето спиела во моментот на несреќата и не ни забележала кога нејзината ќерка паднала. Девојчето било пронајдено на тротоар, а соседите веднаш повикале брза помош. Останатите веднаш отишле во станот и ја разбудиле мајката. Девојчето веднаш било пренесено во болница каде била оперирана. Според лекарите, нејзината состојба се уште е многу сериозна, со фрактура на черепот, торако-абдоминална политраума и фрактура на бутната коска.  

The post Четиригодишно девојче паднало од петтиот кат на зграда во Букурешт appeared first on Република.

]]>