зграда продажба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zgrada-prodazhba/ За подобро да се разбереме Wed, 22 Feb 2023 09:17:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зграда продажба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zgrada-prodazhba/ 32 32 Оштетени штедачи: Кој ќе ја купи зградата на Еуростандард банка во центарот на Скопје? https://arhiva3.republika.mk/zivot/oshteteni-shtedachi-koj-ke-ja-kupi-zgradata-na-eurostandard-banka-vo-tsentarot-na-skopje-2/ Wed, 22 Feb 2023 09:15:47 +0000 https://republika.mk/?p=611789

И додека обвинителството упорно молчи за организираниот криминал во Еуростандард банка, за продажба стигна и главната зграда на банката во строгиот центар на град Скопје. Понудена е за продажба на сите заинтересирани субјекти на објавениот оглас. Таа е една од малкуте останати вредни имоти кои не се украдени поради фактот што не можела и физички да биде украдена додека била и останала во сопственост на самата банка. Но, нејзината вредност останува да биде како утеха за оштетените депоненти, граѓани и фирми, дека сепак има останато нешто вредно од банката и дека не е се украдено, се вели во денешното соопштение на Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка.

И покрај сите докази за грабежот на депозитите од банката, обвинителството е институција која треба да го даде последниот збор, да донесе одлука за обвинение. Но, по се изгледа, поради можното соучество на некои високо позиционирани политичари, банкари и сопственици на фирми во грабежот на Еуростандард банка, можно е одлуката од обвинителството да почека подобри времиња кога навистина ќе сакаат да застанат на страна на граѓаните, а против криминалот.

Лоцирана во строгото централно подрачје на град Скопје, со својата грандиозност и привлечност, главната зграда на Еуростандард банка беше симбол за стабилност и сигурност, верба во банкарска институција со која може да се соработува. И покрај фактот што во банката се случувал долгогодишен масовен грабеж на депозити без истиот да биде навремено спречен и санкциониран од Народната банка и останатите надлежни институции на прогонот, централната главна зграда на Еуростандард банка како градба останува да зрачи со својата атрактивност и привлечност. Најновата официјална проценка за вредноста на зградата вели дека нејзината сегашна пазарна вредност е во висина од околу 520 милиони денари или околу 8,4 милиони евра.

Оштететните депоненти, граѓани и фирми, имаат можност да ги повратат барем еден дел од нивните украдени пари преку продажба на атрактивната зграда на Еуростандард банка. Таа е една од малкуте вредни имоти кои останаа во рамките на стечајната маса и која сега се нуди за продажба. Тоа е можност за сите заинтересирани домашни и странски субјекти навремено да достават банкарска гаранција или да извршат уплата на депозит за учество на јавната електронска продажба на зградата согласно условите наведени во огласот. А огласот кажува дека електронското надавање за главната зграда на банката е закажано и ќе се случи на 15 март оваа година. Сите оштетени депоненти од Еуростандард банка посакуваат успешно идно користење и берикет на најдобриот понудувач и купувач на зградата“, соопшти здружението.

The post Оштетени штедачи: Кој ќе ја купи зградата на Еуростандард банка во центарот на Скопје? appeared first on Република.

]]>

И додека обвинителството упорно молчи за организираниот криминал во Еуростандард банка, за продажба стигна и главната зграда на банката во строгиот центар на град Скопје. Понудена е за продажба на сите заинтересирани субјекти на објавениот оглас. Таа е една од малкуте останати вредни имоти кои не се украдени поради фактот што не можела и физички да биде украдена додека била и останала во сопственост на самата банка. Но, нејзината вредност останува да биде како утеха за оштетените депоненти, граѓани и фирми, дека сепак има останато нешто вредно од банката и дека не е се украдено, се вели во денешното соопштение на Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка.
И покрај сите докази за грабежот на депозитите од банката, обвинителството е институција која треба да го даде последниот збор, да донесе одлука за обвинение. Но, по се изгледа, поради можното соучество на некои високо позиционирани политичари, банкари и сопственици на фирми во грабежот на Еуростандард банка, можно е одлуката од обвинителството да почека подобри времиња кога навистина ќе сакаат да застанат на страна на граѓаните, а против криминалот. Лоцирана во строгото централно подрачје на град Скопје, со својата грандиозност и привлечност, главната зграда на Еуростандард банка беше симбол за стабилност и сигурност, верба во банкарска институција со која може да се соработува. И покрај фактот што во банката се случувал долгогодишен масовен грабеж на депозити без истиот да биде навремено спречен и санкциониран од Народната банка и останатите надлежни институции на прогонот, централната главна зграда на Еуростандард банка како градба останува да зрачи со својата атрактивност и привлечност. Најновата официјална проценка за вредноста на зградата вели дека нејзината сегашна пазарна вредност е во висина од околу 520 милиони денари или околу 8,4 милиони евра. Оштететните депоненти, граѓани и фирми, имаат можност да ги повратат барем еден дел од нивните украдени пари преку продажба на атрактивната зграда на Еуростандард банка. Таа е една од малкуте вредни имоти кои останаа во рамките на стечајната маса и која сега се нуди за продажба. Тоа е можност за сите заинтересирани домашни и странски субјекти навремено да достават банкарска гаранција или да извршат уплата на депозит за учество на јавната електронска продажба на зградата согласно условите наведени во огласот. А огласот кажува дека електронското надавање за главната зграда на банката е закажано и ќе се случи на 15 март оваа година. Сите оштетени депоненти од Еуростандард банка посакуваат успешно идно користење и берикет на најдобриот понудувач и купувач на зградата“, соопшти здружението.

The post Оштетени штедачи: Кој ќе ја купи зградата на Еуростандард банка во центарот на Скопје? appeared first on Република.

]]>