зголемување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zgolemuvanje/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Aug 2024 12:04:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зголемување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zgolemuvanje/ 32 32 Мицкоски: Ја разбирам потребата за зголемување на платите, синдикатите да не наседнуваат на политичките кампањи на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-ja-razbiram-potrebata-za-zgolemuvane-na-platite-sindikatite-da-ne-nasednuvaat-na-politichkite-kampani-na-sdsm/ Thu, 22 Aug 2024 12:03:33 +0000 https://republika.mk/?p=809067

Ја слушав изјавата на претседателот на синдикатот, можам да кажам дека од Министерството за финансии и од министерката бев информиран дека се е постапено согласно закон, во ребалансот и тука не треба да имаме никаква дилема. Мене ме зачуди фактот што веднаш претседателот на СДСМ, како да беа чудно синхронизирани, излезе со свој став во поддршка на овој претседател. Нема да навлегувам во начинот како беше избран итн. за тоа има институции, јавноста ја повикувам многу внимателно да го следи овој случај, но за помалку од 2 месеци од работа на една Влада гледам еден синхронизиран, би рекол напад спротивен и на закони и на етика и на принцип и на сѐ од страна на претседател на Сојуз на синдикати и претседател на најголема опозициска партија, и тоа мене ме доведува во ситуација да размислувам дека тука има политичка позадина, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот повика да не се наседнува на политички кампањи и дека Владата ќе разговара со сите легитимни синдикални организации, бидејќи јасна е потребата од зголемување на платите.

Јас ги повикувам членовите на синдикалната организација да не наседнуваат на политички кампањи во рамките на истата, ние сме Влада којашто многу скоро од денеска ќе седне и ќе разговара со сите легитимни синдикални организации. Тука немаме никаков проблем, сакаме да помогнеме, јас ја разбирам потребата од зголемување на платите, истакна Мицкоски.

Претседателот на Владата Мицкоски истакна дека најголем дел од луѓето живеат од плата, а не како што рече тој од провизии или од корумпирани тендери, од трговски центри или од фабрики за марихуана.

Секој од нас живее од плата, ние не живееме од провизии, не живееме од криминални тендери, ние не живееме од трговски центри, од фабрики за марихуана, не живееме од тоа, ние живееме сите од плата, барем ние коишто сме овде. Е сега има такви кои што гледате како ги коментираат овие работи, јас би сакал и 5.000 евра да биде платата, но треба да дојдеме до тоа имајќи ја состојбата во Буџетот којашто ја оставија и непредвидените усогласувања согласно колективните договори, па мораше сега со ребалансот да се усогласуваат. Но истовремено би напоменал дека истиот тој синдикат беше од страна на тогашната министерка за труд и социјала прелажа, тогаш доаѓаме сите до еден едноставен заклучок дека има многу политика, а малку основа за барање на правата на работниците“, посочи премиерот Мицкоски.

The post Мицкоски: Ја разбирам потребата за зголемување на платите, синдикатите да не наседнуваат на политичките кампањи на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Ја слушав изјавата на претседателот на синдикатот, можам да кажам дека од Министерството за финансии и од министерката бев информиран дека се е постапено согласно закон, во ребалансот и тука не треба да имаме никаква дилема. Мене ме зачуди фактот што веднаш претседателот на СДСМ, како да беа чудно синхронизирани, излезе со свој став во поддршка на овој претседател. Нема да навлегувам во начинот како беше избран итн. за тоа има институции, јавноста ја повикувам многу внимателно да го следи овој случај, но за помалку од 2 месеци од работа на една Влада гледам еден синхронизиран, би рекол напад спротивен и на закони и на етика и на принцип и на сѐ од страна на претседател на Сојуз на синдикати и претседател на најголема опозициска партија, и тоа мене ме доведува во ситуација да размислувам дека тука има политичка позадина, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Премиерот повика да не се наседнува на политички кампањи и дека Владата ќе разговара со сите легитимни синдикални организации, бидејќи јасна е потребата од зголемување на платите.
Јас ги повикувам членовите на синдикалната организација да не наседнуваат на политички кампањи во рамките на истата, ние сме Влада којашто многу скоро од денеска ќе седне и ќе разговара со сите легитимни синдикални организации. Тука немаме никаков проблем, сакаме да помогнеме, јас ја разбирам потребата од зголемување на платите, истакна Мицкоски.
Претседателот на Владата Мицкоски истакна дека најголем дел од луѓето живеат од плата, а не како што рече тој од провизии или од корумпирани тендери, од трговски центри или од фабрики за марихуана.
Секој од нас живее од плата, ние не живееме од провизии, не живееме од криминални тендери, ние не живееме од трговски центри, од фабрики за марихуана, не живееме од тоа, ние живееме сите од плата, барем ние коишто сме овде. Е сега има такви кои што гледате како ги коментираат овие работи, јас би сакал и 5.000 евра да биде платата, но треба да дојдеме до тоа имајќи ја состојбата во Буџетот којашто ја оставија и непредвидените усогласувања согласно колективните договори, па мораше сега со ребалансот да се усогласуваат. Но истовремено би напоменал дека истиот тој синдикат беше од страна на тогашната министерка за труд и социјала прелажа, тогаш доаѓаме сите до еден едноставен заклучок дека има многу политика, а малку основа за барање на правата на работниците“, посочи премиерот Мицкоски.
 
The post Мицкоски: Ја разбирам потребата за зголемување на платите, синдикатите да не наседнуваат на политичките кампањи на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Мицкоски од Велес: Ветувањето за повисоки пензии кое го кажавме тука во 2023 година го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-od-veles-vetuvaneto-za-povisoki-penzii-koe-go-kazhavme-tuka-vo-2023-godina-go-realiziravme-vo-prvite-pet-dena-od-formiraneto-na-vladata/ Fri, 28 Jun 2024 17:33:45 +0000 https://republika.mk/?p=791661

Ви благодарам на топлиот пречек, така беше на почетокот на октомври кога се сеќавам како многумина од вас кажуваа со какви се предизвици се соочувате. И тогаш главната идеа потекна од оваа средба да имаме комплетна промена на концептот во пензискиот систем, а тоа е да имаме линеарно покачување на пензиите на пензионерите. На тој начин практично сите пензионери ќе добијат подеднакво и нема да се создава преголема разлика помеѓу малкумина и повеќе од 80% од пензионерите, истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната средба со здружението на велешките пензионери, после одлуката на Владата за зголемување на пензиите за пензионерите.

И тогаш рековме и денес сакам тоа да го потврдам, дека наша главна цел ќе ни биде нашите повозрасни сограѓани да имаат подостоинствени пензионерски денови, односно во најубавите години од својот живот да може да се чувствуваат пристојно и достоинствено, а не како што беше минатата есен и зимата, кога за жал нашите родители, дедовци, баби, наместо да ги поминуваат пензионерските денови онака како што заслужуваат, тие чекореа по улиците и плоштадите ширум Македонија, барајќи поголеми права и повисоки пензии, истакна премиерот Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека е направена детална анализа и врз основа на тоа беше дадено ветувањето дека во првата година од мандатот ќе се направи линеарно зголемување на пензиите за пет илјади денари.

The post Мицкоски од Велес: Ветувањето за повисоки пензии кое го кажавме тука во 2023 година го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата appeared first on Република.

Колкаво зголемување ќе добијат пензионерите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kolkavo-zgolemuvane-ke-dobijat-penzionerite/ Wed, 20 Mar 2024 08:46:45 +0000 https://republika.mk/?p=756587

Пензионерите во земјава со нетрпение го очекуваат најавеното мартовско зголемување.

Се очекува дека од следниот месец најниските пензии ќе се зголемат за околу 600 до 800 денари.

Во оваа најниска група спаѓаат околу 40 отсто од пензионерите, или тука се околу 140 илјади пензионери. Нивните примања се од 12.500 до 16.000 денари, а нивното усогласување е околу 5,3 отсто.

Додека, пак, од вкупно 337 илјади пензионери, 93 илјади земаат пензија од 20 до 32 илјади денари, и сега нивните месечни прилив ќе бидат поголеми за околу 1.250 денари.

А, подобро ќе биде за оние чии пензии се од 30 до 50 илјади денари, кои ќе добијат плус 2.000 денари.

Оние кои се малку и чија месечна пензија е над 54 илјади денари, ќе можат да се пофалат со зголемување од нешто помалку од 3.000 денари.

The post Колкаво зголемување ќе добијат пензионерите appeared first on Република.

Минималната плата од идниот месец ќе се зголеми на 22.500 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/minimalnata-plata-od-idniot-mesets-ke-se-zgolemi-na-22-500-denari/ Tue, 20 Feb 2024 12:09:59 +0000 https://republika.mk/?p=746097

Минималната плата од идниот месец ќе се зголеми на 22.500 денари што ќе биде некои 2400 денари повеќе од сегашните 20.175 денари.

Од 2017 година минималната плата постојано растеше и сега изнесува 20.175 денари. За 6 години минималната плата се зголеми 4 пати. Растот на минималната плата доаѓа како последица на инфлацијата која во последните 2 години имаше силен удар врз македонскиот стандард.

Денарите се повеќе губеа од својата вредност под налетот на се повисоките цени кои кај некои производи скокнаа и за 100%.

Од аспект на растот на цените кои храната ги имаше во последните 2 – 3 години, нема да биде погрешно ако се констатира дека со 20.000 денари денеска, во продавница можете да го купите истото тоа што пред некоја година се купуваше со 10.000.

The post Минималната плата од идниот месец ќе се зголеми на 22.500 денари appeared first on Република.

]]>

Минималната плата од идниот месец ќе се зголеми на 22.500 денари што ќе биде некои 2400 денари повеќе од сегашните 20.175 денари. Од 2017 година минималната плата постојано растеше и сега изнесува 20.175 денари. За 6 години минималната плата се зголеми 4 пати. Растот на минималната плата доаѓа како последица на инфлацијата која во последните 2 години имаше силен удар врз македонскиот стандард. Денарите се повеќе губеа од својата вредност под налетот на се повисоките цени кои кај некои производи скокнаа и за 100%. Од аспект на растот на цените кои храната ги имаше во последните 2 – 3 години, нема да биде погрешно ако се констатира дека со 20.000 денари денеска, во продавница можете да го купите истото тоа што пред некоја година се купуваше со 10.000.

The post Минималната плата од идниот месец ќе се зголеми на 22.500 денари appeared first on Република.

]]>
Српските пензионери ќе имаат раст од 55 отсто на пензиите, а македонските се борат за „трошки“, но и нив не им ги даваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpskite-penzioneri-ke-imaat-rast-od-55-otsto-na-penziite-a-makedonskite-se-borat-za-troshki-no-i-niv-ne-im-gi-davaat/ Fri, 18 Aug 2023 16:10:50 +0000 https://republika.mk/?p=673510

Додека македонските пензионери се борат да добијат линеарно покачување од 3.500 денари со кое и натаму најголем дел од нив едвај ќе преживуваат, нивните српски колеги ќе добијат зголемени пензии за повеќе од 55% и посебни пензионерски картички со попусти во продавници.

Српскиот претседател Александар Вучиќ ова го најави во денешното обраќање до јавноста.

Тој најави дека во октомври и јануари веројатно ќе има „најголемото зголемување на пензиите во историјата на Србија, повеќе од 55 отсто“, имајќи ги предвид претходните зголемувања.

Само би ги замолил пензионерите да земат пензионерски картички, има многу попусти, многу ќе им значи со сите поскапувања. Правиме многу за да им обезбедиме попусти во разни продавници – рече Вучиќ.

Тој изрази и очекување дека во 2023 година просечната плата во Србија ќе биде повисока од 820 евра.

The post Српските пензионери ќе имаат раст од 55 отсто на пензиите, а македонските се борат за „трошки“, но и нив не им ги даваат appeared first on Република.

]]>

Додека македонските пензионери се борат да добијат линеарно покачување од 3.500 денари со кое и натаму најголем дел од нив едвај ќе преживуваат, нивните српски колеги ќе добијат зголемени пензии за повеќе од 55% и посебни пензионерски картички со попусти во продавници. Српскиот претседател Александар Вучиќ ова го најави во денешното обраќање до јавноста. Тој најави дека во октомври и јануари веројатно ќе има „најголемото зголемување на пензиите во историјата на Србија, повеќе од 55 отсто“, имајќи ги предвид претходните зголемувања. Само би ги замолил пензионерите да земат пензионерски картички, има многу попусти, многу ќе им значи со сите поскапувања. Правиме многу за да им обезбедиме попусти во разни продавници – рече Вучиќ. Тој изрази и очекување дека во 2023 година просечната плата во Србија ќе биде повисока од 820 евра.

The post Српските пензионери ќе имаат раст од 55 отсто на пензиите, а македонските се борат за „трошки“, но и нив не им ги даваат appeared first on Република.

]]>
Се зголемува и ДДВ за купување на пелети од 5 на 18 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-zgolemuva-i-ddv-za-kupuvane-na-peleti-od-5-na-18-otsto/ Sun, 16 Jul 2023 08:27:14 +0000 https://republika.mk/?p=661854

Неспособната власт предводена од ДУИ и СДС повторно удира по џебот на граѓаните. Наместо помош за граѓаните преку намалување на даноци, субвенционирање на основни потреби на граѓаните, криминалците на власт предложуваат зголемување на ДДВ-то за купување на пелети од 5 на 18 проценти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека по враќањето на ДДВ-то за електрична енергија на 18%, овој пат државата ќе мавне повторно по џебот на обичниот граѓанин.

-Ова ќе биде сериозен удар за и така малиот и скромен буџет на граѓаните. Над 50 илјади фамилии во државата кои користат пелети како огревно средство во зимскиот период, сега ќе мора да платат за 3 пати повисоки давачки кон државата за престојната зима.

Според пресметките секое семејство во зимскиот период со купување на пелети од својот буџет ќе треба да издвои плус над 6000 денари, за давачки кон државата преку зголеменото ДДВ од повластеното 5 на 18%.

Дали и преку оваа одлука на Владата, се носи со единствена цел, огромен профит за фирми блики од ДУИ и СДС кои тргуваат со ова огревно средство.

Владата на ДУИ и СДС треба веднаш да ја повлече оваа одлука. Граѓаните не треба да бидат изложени на уште поголеми давачки во оваа криза, стои во партиското соопштение.

The post Се зголемува и ДДВ за купување на пелети од 5 на 18 отсто appeared first on Република.

]]>

Неспособната власт предводена од ДУИ и СДС повторно удира по џебот на граѓаните. Наместо помош за граѓаните преку намалување на даноци, субвенционирање на основни потреби на граѓаните, криминалците на власт предложуваат зголемување на ДДВ-то за купување на пелети од 5 на 18 проценти, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата истакнуваат дека по враќањето на ДДВ-то за електрична енергија на 18%, овој пат државата ќе мавне повторно по џебот на обичниот граѓанин.
-Ова ќе биде сериозен удар за и така малиот и скромен буџет на граѓаните. Над 50 илјади фамилии во државата кои користат пелети како огревно средство во зимскиот период, сега ќе мора да платат за 3 пати повисоки давачки кон државата за престојната зима.
Според пресметките секое семејство во зимскиот период со купување на пелети од својот буџет ќе треба да издвои плус над 6000 денари, за давачки кон државата преку зголеменото ДДВ од повластеното 5 на 18%.
Дали и преку оваа одлука на Владата, се носи со единствена цел, огромен профит за фирми блики од ДУИ и СДС кои тргуваат со ова огревно средство. Владата на ДУИ и СДС треба веднаш да ја повлече оваа одлука. Граѓаните не треба да бидат изложени на уште поголеми давачки во оваа криза, стои во партиското соопштение.
 
The post Се зголемува и ДДВ за купување на пелети од 5 на 18 отсто appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Одлуката на Уставниот суд е конечна, но Владата останува на своето мислење платите да останат такви какви што се https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-odlukata-na-ustavniot-sud-e-konechna-no-vladata-ostanuva-na-svoeto-mislene-platite-da-ostanat-takvi-kakvi-shto-se/ Thu, 06 Apr 2023 13:33:26 +0000 https://republika.mk/?p=628028

Одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица е конечна и треба да се почитува со оглед на тоа дека одлуки на Уставен суд се конечни. Но, тоа не значи дека автоматски ќе се зголемат платите на сите именувани лица за проценти кои се зборуваа во јавноста, се работи за шпекулации во најголем дел, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата.

Досегашното замрзнување на основицата, како што посочи премиерот, беше всушност владин став изминатиов период и од страна на Владата истиот е бранет како став пред Уставниот суд.

Со одлука на Уставниот суд практично се укинува. Во мислењето што го дава Владата до Уставниот суд, во последниот став се вели „Согласно напред наведеното Владата на Република Македонија смета дека оспорениот член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија Службен весник бр. 97/10 и член 1 од Законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија Службен весник бр. 139/14 не е во несогласност со членовите 8 став 1 алинеја 3, 9, 32, став 3 и 51 од Уставот на Република  Македонија - образложи Ковачевски.

Со ова, според него, се потврдува дека Владата останала на своето мислење како и претходно во однос на тоа платите да останат такви какви што се.

Уставниот суд ги укинува овие одредби од Законот и со тоа основицата за пресметување на плата се пресметува според Законот без оние ограничувања кои постоеле досега. Доколку Уставниот суд на пример ги поништеше овие членови, бидејќи се две различни форми, тоа ќе значеше дека на сите избрани и именувани функционери изминатите 11 години ќе требаше да им се исплатат разликите во плата со се камати што ќе беше трошок на Буџетот од 100 милиони евра - додава Ковачевски.

МТСП, како што кажа, во рамките на своите овластувања има дадено негативно мислење на иницијативата за промена на членовите од Законот за плата и други надоместоци до Уставниот суд со кое го потврдува ставот дека закононското решение за плати не треба да се менува. Намерата на Владата, вели тој, била и се уште е јасна, а тоа е фер и праведно платена работа за сите чинители во општеството.

Иако основицата за пресметувања плата согласно одлуката се зголемува, Владата работи на изработка на нов закон за плати во кој ќе се стави конзистентност во исплатата на палти за сите функционери во државата, бидејќи и денес постои неконзистентност во исплатата на плати на фунцкинерите. Има акционерски друштва во државна сопственост, регулаторни тела, има разни агенции кои пресметуваат плата согласно друга методологија и чии плати на директори, на членови на УО се неколкукратно поголеми од платата на пример пратеник во Собрание и исто Владата веќе работи на изработка заедно со синдикатите преку економско-социјален дијалог на нов општ колективен договор кој ќе ги регулира платите во делот на работниците - рече Ковачевски.

Прашан дали ќе ги донира парите од покачувањето на платата, Ковачевски нагласи дека не сака да прави ПР од тоа.

Јас досега имам многу пати донирано, имам голем број благодарници од различни организации каде имам донирано и како физичко лице и како претставник на правно лице, но никогаш со тоа не сум правел ПР, сепак сметам дека доколку на некој му донирате тоа го правите со добра волја со цел на некого да му помогнете, а не од тоа да направите ПР за себе си. Така ќе правам и во иднина, а за блиска иднина подготвуваме нешто со моето семејство за една здравствена клиника - рече Ковачевски.

The post Ковачевски: Одлуката на Уставниот суд е конечна, но Владата останува на своето мислење платите да останат такви какви што се appeared first on Република.

]]>

Одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица е конечна и треба да се почитува со оглед на тоа дека одлуки на Уставен суд се конечни. Но, тоа не значи дека автоматски ќе се зголемат платите на сите именувани лица за проценти кои се зборуваа во јавноста, се работи за шпекулации во најголем дел, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата. Досегашното замрзнување на основицата, како што посочи премиерот, беше всушност владин став изминатиов период и од страна на Владата истиот е бранет како став пред Уставниот суд.
Со одлука на Уставниот суд практично се укинува. Во мислењето што го дава Владата до Уставниот суд, во последниот став се вели „Согласно напред наведеното Владата на Република Македонија смета дека оспорениот член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија Службен весник бр. 97/10 и член 1 од Законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија Службен весник бр. 139/14 не е во несогласност со членовите 8 став 1 алинеја 3, 9, 32, став 3 и 51 од Уставот на Република  Македонија - образложи Ковачевски.
Со ова, според него, се потврдува дека Владата останала на своето мислење како и претходно во однос на тоа платите да останат такви какви што се.
Уставниот суд ги укинува овие одредби од Законот и со тоа основицата за пресметување на плата се пресметува според Законот без оние ограничувања кои постоеле досега. Доколку Уставниот суд на пример ги поништеше овие членови, бидејќи се две различни форми, тоа ќе значеше дека на сите избрани и именувани функционери изминатите 11 години ќе требаше да им се исплатат разликите во плата со се камати што ќе беше трошок на Буџетот од 100 милиони евра - додава Ковачевски.
МТСП, како што кажа, во рамките на своите овластувања има дадено негативно мислење на иницијативата за промена на членовите од Законот за плата и други надоместоци до Уставниот суд со кое го потврдува ставот дека закононското решение за плати не треба да се менува. Намерата на Владата, вели тој, била и се уште е јасна, а тоа е фер и праведно платена работа за сите чинители во општеството.
Иако основицата за пресметувања плата согласно одлуката се зголемува, Владата работи на изработка на нов закон за плати во кој ќе се стави конзистентност во исплатата на палти за сите функционери во државата, бидејќи и денес постои неконзистентност во исплатата на плати на фунцкинерите. Има акционерски друштва во државна сопственост, регулаторни тела, има разни агенции кои пресметуваат плата согласно друга методологија и чии плати на директори, на членови на УО се неколкукратно поголеми од платата на пример пратеник во Собрание и исто Владата веќе работи на изработка заедно со синдикатите преку економско-социјален дијалог на нов општ колективен договор кој ќе ги регулира платите во делот на работниците - рече Ковачевски.
Прашан дали ќе ги донира парите од покачувањето на платата, Ковачевски нагласи дека не сака да прави ПР од тоа.
Јас досега имам многу пати донирано, имам голем број благодарници од различни организации каде имам донирано и како физичко лице и како претставник на правно лице, но никогаш со тоа не сум правел ПР, сепак сметам дека доколку на некој му донирате тоа го правите со добра волја со цел на некого да му помогнете, а не од тоа да направите ПР за себе си. Така ќе правам и во иднина, а за блиска иднина подготвуваме нешто со моето семејство за една здравствена клиника - рече Ковачевски.

The post Ковачевски: Одлуката на Уставниот суд е конечна, но Владата останува на своето мислење платите да останат такви какви што се appeared first on Република.

]]>
Муцунски: Зголемувањето на платата целосно ќе го донирам во хуманитарни цели и за семејствата на уставобранителите https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mutsunski-zgolemuvaneto-na-platata-tselosno-ke-go-doniram-vo-humanitarni-tseli-i-za-semejstvata-na-ustavobranitelite/ Thu, 30 Mar 2023 11:58:23 +0000 https://republika.mk/?p=625471

​Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, на својот Фејсбук профил објави дека според последната одлука на Уставниот суд, сите носители на јавни функции ќе добијат зголемување на својата плата, а разликата во покачувањето тој ќе го донира во хуманитарни цели, на семејствата со ниски месечни примања и за семејствата на уставобранителите.

Муцунски истакна дека одлуката е донесена од највисокиот орган кој ја штити уставноста во Македонија и е одлука која мора да се почитува, но разликата може да се донира.

Јас сум растен, воспитуван и образован во духот на позитивни вредности. Сметам дека меѓусебната поддршка и помош се важни. Среќата не зависи од тоа колку имаме, туку од тоа колку можеме да помогнеме и да направиме за другите, напиша Муцунски на својот Фејсбук профил.

Тој воедно ги повика и останатите носители на јавни функции од сите политички партии да го следат неговиот пример.

Имајќи ја предвид тешката економска и финансиска состојба во која живееме, почнувајќи од следниот месец разликата во платата ќе ја донирам за хуманитарни цели. Ова е само мал гест од моја страна кој се надевам дека ќе помогне на голем број семејства кој секојдневно се борат со различни предизвици и се справуваат со економски, финансиски и здравствени проблеми. Воедно, ги повикувам и останатите мои колеги од сите политички партии, доколку се во можност да го следат овој пример.

The post Муцунски: Зголемувањето на платата целосно ќе го донирам во хуманитарни цели и за семејствата на уставобранителите appeared first on Република.

]]>

​Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, на својот Фејсбук профил објави дека според последната одлука на Уставниот суд, сите носители на јавни функции ќе добијат зголемување на својата плата, а разликата во покачувањето тој ќе го донира во хуманитарни цели, на семејствата со ниски месечни примања и за семејствата на уставобранителите. Муцунски истакна дека одлуката е донесена од највисокиот орган кој ја штити уставноста во Македонија и е одлука која мора да се почитува, но разликата може да се донира.
Јас сум растен, воспитуван и образован во духот на позитивни вредности. Сметам дека меѓусебната поддршка и помош се важни. Среќата не зависи од тоа колку имаме, туку од тоа колку можеме да помогнеме и да направиме за другите, напиша Муцунски на својот Фејсбук профил.
Тој воедно ги повика и останатите носители на јавни функции од сите политички партии да го следат неговиот пример.
Имајќи ја предвид тешката економска и финансиска состојба во која живееме, почнувајќи од следниот месец разликата во платата ќе ја донирам за хуманитарни цели. Ова е само мал гест од моја страна кој се надевам дека ќе помогне на голем број семејства кој секојдневно се борат со различни предизвици и се справуваат со економски, финансиски и здравствени проблеми. Воедно, ги повикувам и останатите мои колеги од сите политички партии, доколку се во можност да го следат овој пример.

The post Муцунски: Зголемувањето на платата целосно ќе го донирам во хуманитарни цели и за семејствата на уставобранителите appeared first on Република.

]]>
Следниот месец пензионерите ќе добијат пензија повисока за 8,4 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sledniot-mesets-penzionerite-ke-dobijat-penzija-povisoka-za-8-4-otsto/ Tue, 14 Mar 2023 09:35:16 +0000 https://republika.mk/?p=619453

Министерството за труд и социјална политика известува дека согласно одлуката на Владата на Република Македонија од март 2022 година за новата методологија за усогласување на пензиите со мартовската исплата пензиите ќе се зголемат за 8,4%, информираат од Министерството за труд и социјала.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се предвиде нов начин на усогласување на пензиите, при што за пресметката на усогласувањето на пензиите се зема растот на трошоците на живот и растот на просечната плата. Со овој начин на усогласување на пензиите се овозможува реален пораст на пензиите во однос на платите, односно како што ќе порасне просечната плата, во континуитет ќе растат и пензиите. Усогласувањето на пензија се врши според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република  Македонија во висина од 50%.

Пензијата согласно новата Методологија, се усогласува на 1 март и на 1 септември секоја година според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи.

Усогласувањето на Септемвриските пензии кои се исплатија со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот односно усогласувањето беше во висина од 6.8%, (порастот на плати 6,6% а порастот на трошоци за живот 6,9%) со што просечната пензија од 16.348 денари се зголеми на 17.666 денари.

Усогласувањето на Мартовската пензија согласно методологијата ќе се зголеми за 8,4 % (пораст на плати 6,1 и пораст на трошоци за живот 10.6%) со што просечната пензија од 17.666 ќе се зголеми на 19.150 денари.

The post Следниот месец пензионерите ќе добијат пензија повисока за 8,4 отсто appeared first on Република.

]]>

Министерството за труд и социјална политика известува дека согласно одлуката на Владата на Република Македонија од март 2022 година за новата методологија за усогласување на пензиите со мартовската исплата пензиите ќе се зголемат за 8,4%, информираат од Министерството за труд и социјала. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се предвиде нов начин на усогласување на пензиите, при што за пресметката на усогласувањето на пензиите се зема растот на трошоците на живот и растот на просечната плата. Со овој начин на усогласување на пензиите се овозможува реален пораст на пензиите во однос на платите, односно како што ќе порасне просечната плата, во континуитет ќе растат и пензиите. Усогласувањето на пензија се врши според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република  Македонија во висина од 50%. Пензијата согласно новата Методологија, се усогласува на 1 март и на 1 септември секоја година според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи. Усогласувањето на Септемвриските пензии кои се исплатија со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот односно усогласувањето беше во висина од 6.8%, (порастот на плати 6,6% а порастот на трошоци за живот 6,9%) со што просечната пензија од 16.348 денари се зголеми на 17.666 денари. Усогласувањето на Мартовската пензија согласно методологијата ќе се зголеми за 8,4 % (пораст на плати 6,1 и пораст на трошоци за живот 10.6%) со што просечната пензија од 17.666 ќе се зголеми на 19.150 денари.

The post Следниот месец пензионерите ќе добијат пензија повисока за 8,4 отсто appeared first on Република.

]]>
Буџетот за одбрана на Кина годинава ќе биде поголем за 7,2 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/budhetot-za-odbrana-na-kina-godinava-ke-bide-pogolem-za-7-2-otsto/ Sun, 05 Mar 2023 11:23:15 +0000 https://republika.mk/?p=616016

Кина денеска соопшти дека нејзиниот буџет за одбраната, втор во светот по американскиот, ќе биде за 7,2 отсто поголем во 2023 година.

Издвојувањара за одбрана се повисоки од 2022 година, кога беа зголемени за 7,1 отсто, се наведува во извештајот на Министерството за финансии објавен на маргините на отворањето на годишното заседание на Секинескиот народен конгрес.

Пекинг планира да потроши 1.553,7 милијарди јуани (225 милијарди долари) за одбраната, што е и натаму околу три пати помалку од буџетот на Вашингтон.

Премиерот Ли Кечијанг во Парламентот апелираше да се „интензивираат обуките на армијата и борбена готовност“, како и да се „спроведат иновации во стратешките насоки“.

Високи американски претставници неодамна ја обвинија Кина дека сака да го нападне Тајван во наредните години, како и дека управува со „флота“ од воени балони кои го шпионираат целиот свет.

Од минатата година НАТО го оценува азискиот гигант како „предизвик за интересите“ на земјите од Алијансата.

Кина истакнува дека нејзината војска е чисто „одбранбена“ и дека има само една воена база во странство, во Џибути, во споредба со неколку стотици американски воени бази.

The post Буџетот за одбрана на Кина годинава ќе биде поголем за 7,2 отсто appeared first on Република.

]]>

Кина денеска соопшти дека нејзиниот буџет за одбраната, втор во светот по американскиот, ќе биде за 7,2 отсто поголем во 2023 година. Издвојувањара за одбрана се повисоки од 2022 година, кога беа зголемени за 7,1 отсто, се наведува во извештајот на Министерството за финансии објавен на маргините на отворањето на годишното заседание на Секинескиот народен конгрес. Пекинг планира да потроши 1.553,7 милијарди јуани (225 милијарди долари) за одбраната, што е и натаму околу три пати помалку од буџетот на Вашингтон. Премиерот Ли Кечијанг во Парламентот апелираше да се „интензивираат обуките на армијата и борбена готовност“, како и да се „спроведат иновации во стратешките насоки“. Високи американски претставници неодамна ја обвинија Кина дека сака да го нападне Тајван во наредните години, како и дека управува со „флота“ од воени балони кои го шпионираат целиот свет. Од минатата година НАТО го оценува азискиот гигант како „предизвик за интересите“ на земјите од Алијансата. Кина истакнува дека нејзината војска е чисто „одбранбена“ и дека има само една воена база во странство, во Џибути, во споредба со неколку стотици американски воени бази.

The post Буџетот за одбрана на Кина годинава ќе биде поголем за 7,2 отсто appeared first on Република.

]]>
Синдикатот до министерот Бесими: Должен сте да го спроведувате и почитувате законот што самиот го донесовте https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sindikatot-do-ministerot-besimi-dolzhen-ste-da-go-sproveduvate-i-pochituvate-zakonot-shto-samiot-go-donesovte/ Thu, 02 Feb 2023 11:57:33 +0000 https://republika.mk/?p=603806

Сојузот на синдикатите на Македонија се огласи по најновата одлука на министерот за финансии Фатмир Бесими да ја избрише одредбата со која се зголемуваат платите на вработените во Министерството за финансии за 30 проценти.

Министерот за финансии Фатмир Бесими е главната причина поради која 138.000 работници во јавниот сектор заедно со ССМ започнаа генерален штрајк во јавниот сектор токму поради лошите политики и тоа што работници не го добија услогласување на нивните плати кое им следува согласно Закон, а за што во текот на утрешниот ден со почеток во 10 часот е првото рочиште пред Основниот граѓански суд Скопје, по тужбата на ССМ против Државата односно Владата за дискриминацијата и неусогласување на платите во јавниот сектор согласно Закон, се вели во соопштението од ССМ.

Министерот Бесими, како што пишуваат од Синдикатот, „од вчерашниот ден со бришење на одредбата за зголемување на плата што самиот ја донесе и ја бранеше, свесно прави кривично дело по член 166 од Кривичниот законик, поради тоа што тој свесно не се придржува кон закон за платата и надоместоците на платата и со тоа повредува, одзема или ограничува право што на работникот му припаѓа“.

Дали Фатмир Бесими треба да раководи со Министерството за финансии, особено ако пред два дена на јавен настан на Владата го бранеше зголемување на платите за да го задржи кадарот во министерството, па со вчерашните случувања веројатно истиот тој кадар не му е потребен, што произлегува дека брка од работа повеќе од 650 вработени во Министерството за финансии и на своја рака прави упад во правниот поредок на државата и пременување на законите.

Шест месеци укажуваме дека односот на одредени владини функционери е недостоен и недостоинствен кон работниците, а Владата како награда кон таквите министри дополнително им дава надлежности кои се спротивни на Закон и меѓународни документи како оние надлежности кои му ги даде на Министерот за финансии Бесими да не дозволува потпишување на ниту еден колективен договор, а токму поради непотпишување на колективните договори сме доведени во состојба Бесими мислењето да го менува од денес за утре, што произлегува дека кој што сака и како сака прави во Владата, а Владата потоа го спасува во услови кога ќе произлезе проблем од таквото однесување.

Министрите спротивно на закон самите одлучуваат и бираат дали ги спроведуваат одредбите од Законите и дали одредени членови ќе ги применуваат или не, па така на своја рака одлучија дека членот 8 од Законот за минималната плата за усогласување на платите некаде ќе го спроведуваат, а некаде нема, а сега иако донесоа Закон за буџети за зголемување на платите на вработените во Министерството за финансии за 30 отсто, сега одлучуваат да не го почитуваат и да не го спроведуваат законот, па Владата наместо да го следи добриот пример и за сите работници во јавниот сектор да ги зголеми платите, со вчерашниот чин таа сака да им скрати и да земе од работниците и од нивните плати.

Ваквите случувања на самоволие и самовластие на овој министер кои што продолжуваат и понатаму треба да бидат доволен аргумент за основаноста на тужбата на ССМ и апелираме судот со своја одлука да стави крај на ваквото самовластие и самоволие на одредени министри како министерот за финансии Бесими и да престане атакот врз работниците и правниот поредок и судот да овозможи заштитат на правната сигурност, се вели во опширното соопштение од Синдикатот.

The post Синдикатот до министерот Бесими: Должен сте да го спроведувате и почитувате законот што самиот го донесовте appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикатите на Македонија се огласи по најновата одлука на министерот за финансии Фатмир Бесими да ја избрише одредбата со која се зголемуваат платите на вработените во Министерството за финансии за 30 проценти. Министерот за финансии Фатмир Бесими е главната причина поради која 138.000 работници во јавниот сектор заедно со ССМ започнаа генерален штрајк во јавниот сектор токму поради лошите политики и тоа што работници не го добија услогласување на нивните плати кое им следува согласно Закон, а за што во текот на утрешниот ден со почеток во 10 часот е првото рочиште пред Основниот граѓански суд Скопје, по тужбата на ССМ против Државата односно Владата за дискриминацијата и неусогласување на платите во јавниот сектор согласно Закон, се вели во соопштението од ССМ. Министерот Бесими, како што пишуваат од Синдикатот, „од вчерашниот ден со бришење на одредбата за зголемување на плата што самиот ја донесе и ја бранеше, свесно прави кривично дело по член 166 од Кривичниот законик, поради тоа што тој свесно не се придржува кон закон за платата и надоместоците на платата и со тоа повредува, одзема или ограничува право што на работникот му припаѓа“. Дали Фатмир Бесими треба да раководи со Министерството за финансии, особено ако пред два дена на јавен настан на Владата го бранеше зголемување на платите за да го задржи кадарот во министерството, па со вчерашните случувања веројатно истиот тој кадар не му е потребен, што произлегува дека брка од работа повеќе од 650 вработени во Министерството за финансии и на своја рака прави упад во правниот поредок на државата и пременување на законите. Шест месеци укажуваме дека односот на одредени владини функционери е недостоен и недостоинствен кон работниците, а Владата како награда кон таквите министри дополнително им дава надлежности кои се спротивни на Закон и меѓународни документи како оние надлежности кои му ги даде на Министерот за финансии Бесими да не дозволува потпишување на ниту еден колективен договор, а токму поради непотпишување на колективните договори сме доведени во состојба Бесими мислењето да го менува од денес за утре, што произлегува дека кој што сака и како сака прави во Владата, а Владата потоа го спасува во услови кога ќе произлезе проблем од таквото однесување. Министрите спротивно на закон самите одлучуваат и бираат дали ги спроведуваат одредбите од Законите и дали одредени членови ќе ги применуваат или не, па така на своја рака одлучија дека членот 8 од Законот за минималната плата за усогласување на платите некаде ќе го спроведуваат, а некаде нема, а сега иако донесоа Закон за буџети за зголемување на платите на вработените во Министерството за финансии за 30 отсто, сега одлучуваат да не го почитуваат и да не го спроведуваат законот, па Владата наместо да го следи добриот пример и за сите работници во јавниот сектор да ги зголеми платите, со вчерашниот чин таа сака да им скрати и да земе од работниците и од нивните плати. Ваквите случувања на самоволие и самовластие на овој министер кои што продолжуваат и понатаму треба да бидат доволен аргумент за основаноста на тужбата на ССМ и апелираме судот со своја одлука да стави крај на ваквото самовластие и самоволие на одредени министри како министерот за финансии Бесими и да престане атакот врз работниците и правниот поредок и судот да овозможи заштитат на правната сигурност, се вели во опширното соопштение од Синдикатот.

The post Синдикатот до министерот Бесими: Должен сте да го спроведувате и почитувате законот што самиот го донесовте appeared first on Република.

]]>
Идната година повторно зголемување на минималната плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/idnata-godina-povtorno-zgolemuvanje-na-minimalnata-plata/ Sun, 09 Oct 2022 14:36:47 +0000 https://republika.mk/?p=559103

Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека во првиот квартал од идната година повторно ќе има покачување на минималната плата.

Идната година повторно не очекува зголемување на минималната плата, бидејќи ја сменивме методологијата. Сега влијае и зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на продуктивноста, односно на БДП во државата, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања.

Премиерот истакна дека со стопанските комори се разговара многу отворено.

Сега не е време за финансирање профитабилност, сега е време за финансирање опстанок, како на компаниите, така и за загрижување на најранливите категории, подвлече премиерот на прес-конференцијата откако соопшти дека Владата донесе нов пакет мерки вреден 350 милиони евра.

The post Идната година повторно зголемување на минималната плата appeared first on Република.

Најголем дел од пензионерите извисија: Најавеното покачување не го крпи домашниот буџет https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/najgolem-del-od-penzionerite-izvisija-najavenoto-pokachuvanje-ne-go-krpi-domashniot-budzet/ Wed, 21 Sep 2022 10:24:24 +0000 https://republika.mk/?p=552554

Незадоволството на пензионерите е се поголемо, бидејќи тие уште еднаш се изиграни до актуелната власт. Имено помпезно најавуваниот раст на пензиите се ограничи на зголемување на септемвриската пензија од нецели 7 отсто, поточно од 6,8 проценти, што ќе значи дека оние што земаат минимална пензија од 10.276 денари ќе добијат зголемување од само 699 денари и нивната септемвриска пензија ќе изнесува 10.975 денари.Просечната пензија, која досега изнесуваше 16.348, е зголемена за 1.112 денари и ја достигна висината од 17.460 денари. Најмногу ќе се офајдат корисниците на максималната пензија од 60.294 денари, кои ќе добијат зголемување од 4.100 денари, што е за околу шест пати поголема од најниската пензија, со што највисоката пензија ќе изнесува 64.394 денари.

Разликата во месечните примања на пензионерите е огромна, а трошоците за живот за сите се исти. Млекото, лебот и зејтинот и се останато во продавница исто чини и за тие со примања над 60.000 денари и со тие со примања од 10.000 денари, па голем дел од пензионерите со право се револтирани, бидејќи едвај преживуваат. Неправедната распределба на месечните примања и дискрепанцата во износот на зголемување на пензиите се повеќе го зголемуваат јазот меѓу најниските и највисоките пензии. Галопирачаката инфлација од скоро 20 отсто, уште повеќе ја истакнува разликата меѓу различната категорија пензионери, па така се наметнува прашањето, што ќе купи еден пензионер со добиени плус 700 денари, а што оној со 4.000 денари покачување?

Експертите сметаат дека скапотијата е повисока поради забрзаниот раст на цените, особено ако се споредуваат покачувањата единствено на основните прехранбени производи, на лебот, маслото, зеленчукот, млекото и млечните производи, како и на сметките за електрична енергија, комунални трошоци, лекарства и други неминовни потреби за нормален живот во секојдневието. Поради тоа, веста за линеарното зголемување на септемвриските пензии од 6,8 проценти не ги израдува сите пензионери, особено корисниците на пониски пензии. Овој пат за усогласувањето на пензиите е применета старо-новата методологија со порастот на трошоците за живот со 50 отсто и со ист процент со растот на просечната плата. Добиеното е далеку од популистички кажуваното историско и рекордно зголемување.

Она што и натаму загрижува е јазот меѓу пензионерите во однос на примањата.

Така според августовските податоци на Фондот на ПИОМ, износ до 11.500 денари зеле 92.300 пензионери, а од 11.501 до 18.000 денари примиле 135.860 корисници на пензија. Бројките покажуваат дека од вкупно 330.000 пензионери во нашата земја, над 228.000 пензионери, односно 69 отсто, имаат пензија до 18.000 денари, кои се судираат со обезбедување основни средства за егзистенција.

Поскапувањата се однесуваат на сите. Исти се животните потреби и на професорот или лекарот што отишол во пензија пред 15 години и на оној што се пензионирал минатата или предминатите неколку години. Како резултат на тоа, денес професор што се пензионирал пред 10-15 години има пензија приближно како хигиеничарка што станала пензионерка годинава, лекарот како медицинска сестра, инженерот како техничар. И никому не му пречи тоа. За подостоинствен живот на сите пензионери, потребна е нивелација, односно отстранување на евидентните разлики на пензиите. Вакви зафати има во некои земји од Европската Унија. Со измени на Законот за служба во армијата од минатиот месец веќе е овозможено повторно пресметување на пензиите на воените пензионери. Според податоците од август, тие имаат највисока просечна пензија од 23.507 денари, а најниска од 8.484 е кај корисниците на земјоделска пензија - велат од пензионерските здруженија.

Сето ова треба сериозно да се анализира во рамките на пензиските реформи. Во услови на зголемени трошоци на животот и намалување на вредноста на денарот, потребно е сериозно да се настојува и воведување на скалесто покачување на пензиите, и тоа 20 отсто на најниските пензиите до 20.000 денари, потоа 15 отсто на корисници на пензија од 20.001 до 30.000 денари и 10 отсто од 30.001 денар до највисоката пензија.

Инаку со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата треба да добијат повисоки пензии за 6,8 отсто, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година. Новата методологија предвидува усогласување на пензиите со комбиниран модел од 50 отсто пораст на просечната плата на сите вработени во државата и 50 проценти пораст на трошоци на живот, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Усогласувањето ќе се врши два пати во годината, односно во март и септември, што значи ќе ги следи промените во двата индекси за усогласување.

Во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ пензиите на сите пензионери во Република Македонија се зголемуваа секоја година. Најниската пензија се зголеми за 105 проценти и истата од 4.330 денари во 2006 година, се покачи на 8.895 денари во 2016. Додека просечната пензија која во 2006 година изнесуваше 7.684 денари, на крајот од 2016 година стигна до 13.754 денари. Најголем раст на пензиите од 2006 година, има регистрирано во 2008 година, кога во јануари се усогласија за 13 проценти, а потоа и во јули за 7,65 проценти. Во 2014, 2015 и 2016 година исто така имаше поголем раст на пензиите, од 600, 621 и 654 денари линеарно. Најмало усогласување на пензиите е регистрирано во 2019 година, кога во јануари се зголемија за 0,70 проценти, а потоа од 1 јули уште за 0,40 проценти.

The post Најголем дел од пензионерите извисија: Најавеното покачување не го крпи домашниот буџет appeared first on Република.

]]>

Незадоволството на пензионерите е се поголемо, бидејќи тие уште еднаш се изиграни до актуелната власт. Имено помпезно најавуваниот раст на пензиите се ограничи на зголемување на септемвриската пензија од нецели 7 отсто, поточно од 6,8 проценти, што ќе значи дека оние што земаат минимална пензија од 10.276 денари ќе добијат зголемување од само 699 денари и нивната септемвриска пензија ќе изнесува 10.975 денари.Просечната пензија, која досега изнесуваше 16.348, е зголемена за 1.112 денари и ја достигна висината од 17.460 денари. Најмногу ќе се офајдат корисниците на максималната пензија од 60.294 денари, кои ќе добијат зголемување од 4.100 денари, што е за околу шест пати поголема од најниската пензија, со што највисоката пензија ќе изнесува 64.394 денари. Разликата во месечните примања на пензионерите е огромна, а трошоците за живот за сите се исти. Млекото, лебот и зејтинот и се останато во продавница исто чини и за тие со примања над 60.000 денари и со тие со примања од 10.000 денари, па голем дел од пензионерите со право се револтирани, бидејќи едвај преживуваат. Неправедната распределба на месечните примања и дискрепанцата во износот на зголемување на пензиите се повеќе го зголемуваат јазот меѓу најниските и највисоките пензии. Галопирачаката инфлација од скоро 20 отсто, уште повеќе ја истакнува разликата меѓу различната категорија пензионери, па така се наметнува прашањето, што ќе купи еден пензионер со добиени плус 700 денари, а што оној со 4.000 денари покачување? Експертите сметаат дека скапотијата е повисока поради забрзаниот раст на цените, особено ако се споредуваат покачувањата единствено на основните прехранбени производи, на лебот, маслото, зеленчукот, млекото и млечните производи, како и на сметките за електрична енергија, комунални трошоци, лекарства и други неминовни потреби за нормален живот во секојдневието. Поради тоа, веста за линеарното зголемување на септемвриските пензии од 6,8 проценти не ги израдува сите пензионери, особено корисниците на пониски пензии. Овој пат за усогласувањето на пензиите е применета старо-новата методологија со порастот на трошоците за живот со 50 отсто и со ист процент со растот на просечната плата. Добиеното е далеку од популистички кажуваното историско и рекордно зголемување. Она што и натаму загрижува е јазот меѓу пензионерите во однос на примањата. Така според августовските податоци на Фондот на ПИОМ, износ до 11.500 денари зеле 92.300 пензионери, а од 11.501 до 18.000 денари примиле 135.860 корисници на пензија. Бројките покажуваат дека од вкупно 330.000 пензионери во нашата земја, над 228.000 пензионери, односно 69 отсто, имаат пензија до 18.000 денари, кои се судираат со обезбедување основни средства за егзистенција.
Поскапувањата се однесуваат на сите. Исти се животните потреби и на професорот или лекарот што отишол во пензија пред 15 години и на оној што се пензионирал минатата или предминатите неколку години. Како резултат на тоа, денес професор што се пензионирал пред 10-15 години има пензија приближно како хигиеничарка што станала пензионерка годинава, лекарот како медицинска сестра, инженерот како техничар. И никому не му пречи тоа. За подостоинствен живот на сите пензионери, потребна е нивелација, односно отстранување на евидентните разлики на пензиите. Вакви зафати има во некои земји од Европската Унија. Со измени на Законот за служба во армијата од минатиот месец веќе е овозможено повторно пресметување на пензиите на воените пензионери. Според податоците од август, тие имаат највисока просечна пензија од 23.507 денари, а најниска од 8.484 е кај корисниците на земјоделска пензија - велат од пензионерските здруженија.
Сето ова треба сериозно да се анализира во рамките на пензиските реформи. Во услови на зголемени трошоци на животот и намалување на вредноста на денарот, потребно е сериозно да се настојува и воведување на скалесто покачување на пензиите, и тоа 20 отсто на најниските пензиите до 20.000 денари, потоа 15 отсто на корисници на пензија од 20.001 до 30.000 денари и 10 отсто од 30.001 денар до највисоката пензија. Инаку со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата треба да добијат повисоки пензии за 6,8 отсто, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година. Новата методологија предвидува усогласување на пензиите со комбиниран модел од 50 отсто пораст на просечната плата на сите вработени во државата и 50 проценти пораст на трошоци на живот, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Усогласувањето ќе се врши два пати во годината, односно во март и септември, што значи ќе ги следи промените во двата индекси за усогласување. Во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ пензиите на сите пензионери во Република Македонија се зголемуваа секоја година. Најниската пензија се зголеми за 105 проценти и истата од 4.330 денари во 2006 година, се покачи на 8.895 денари во 2016. Додека просечната пензија која во 2006 година изнесуваше 7.684 денари, на крајот од 2016 година стигна до 13.754 денари. Најголем раст на пензиите од 2006 година, има регистрирано во 2008 година, кога во јануари се усогласија за 13 проценти, а потоа и во јули за 7,65 проценти. Во 2014, 2015 и 2016 година исто така имаше поголем раст на пензиите, од 600, 621 и 654 денари линеарно. Најмало усогласување на пензиите е регистрирано во 2019 година, кога во јануари се зголемија за 0,70 проценти, а потоа од 1 јули уште за 0,40 проценти.      

The post Најголем дел од пензионерите извисија: Најавеното покачување не го крпи домашниот буџет appeared first on Република.

]]>
Гејтс: Зголемувањето на каматните стапки ќе предизвикаат глобално економско забавување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gejts-zgolemuvanjeto-na-kamatnite-stapki-kje-predizvikaat-globalno-ekonomsko-zabavuvanje/ Mon, 09 May 2022 12:31:58 +0000 https://republika.mk/?p=499937

Според милијардерот Бил Гејтс, каматните стапки веројатно ќе се зголемат доволно за да предизвикаат глобално економско забавување предизвикано од руската инвазија на Украина и последиците од пандемијата на коронавирус.

Милијардерот филантроп и ко-основач на Мајкрософт рече дека војната во Украина, која доведе до нагло зголемување на цените на суровините, се случува покрај пандемијата, „кога нивоата на државниот долг веќе беа доста високи и веќе имаше некои проблеми во синџирот на снабдување“.

Многу земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Индија, почнаа да ги зголемуваат каматните стапки во обид да се справат со забрзаната инфлација. Ова „на крајот ќе доведе до економско забавување, рече Гејтс, чие богатство од 123 милијарди долари го прави четвртиот најбогат човек во Индексот на милијардери на Блумберг.

Минатиот месец, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги намали своите очекувања за глобален економски раст со најмногу од првите месеци на пандемијата и предвиде уште побрза инфлација поради војната во Украина и новите блокади во Кина.

The post Гејтс: Зголемувањето на каматните стапки ќе предизвикаат глобално економско забавување appeared first on Република.

]]>

Според милијардерот Бил Гејтс, каматните стапки веројатно ќе се зголемат доволно за да предизвикаат глобално економско забавување предизвикано од руската инвазија на Украина и последиците од пандемијата на коронавирус. Милијардерот филантроп и ко-основач на Мајкрософт рече дека војната во Украина, која доведе до нагло зголемување на цените на суровините, се случува покрај пандемијата, „кога нивоата на државниот долг веќе беа доста високи и веќе имаше некои проблеми во синџирот на снабдување“.
Многу земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Индија, почнаа да ги зголемуваат каматните стапки во обид да се справат со забрзаната инфлација. Ова „на крајот ќе доведе до економско забавување, рече Гејтс, чие богатство од 123 милијарди долари го прави четвртиот најбогат човек во Индексот на милијардери на Блумберг.
Минатиот месец, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги намали своите очекувања за глобален економски раст со најмногу од првите месеци на пандемијата и предвиде уште побрза инфлација поради војната во Украина и новите блокади во Кина.  

The post Гејтс: Зголемувањето на каматните стапки ќе предизвикаат глобално економско забавување appeared first on Република.

]]>
Влада: Платите во образование зголемени од 3.200 до 6.400 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlada-platite-vo-obrazovanie-zgolemeni-od-3-200-do-6-400-denari/ Tue, 12 Apr 2022 08:28:21 +0000 https://republika.mk/?p=487199

Вработените во образованието и во детската заштита и воспитание се базата за развој на општеството и квалитетен човечки потенцијал. Затоа еден од врвните приоритети на Владата е континуиран раст на платите на наставниците и воспитувачите и негователите, на кое работиме и ќе продолжиме да работиме, соопштуваат од Влада.

Со конструктивен дијалог со синдикатите кои се наш силен партнер, платите на вработените во образованието и во детската заштита во периодот од 2017 до 2022 година се зголемени за 21%. Со последните зголемувања, наставник/чка во основно образование сега зема плата од 24.786 денари, плус минат труд, што е зголемување за 3.267 денари плус минат труд, за разлика од 2016 година кога неговата плата изнесувала 21.521 денар. Кај наставниците во средно образование платата сега изнесува 25.642 денари и е зголемена за 4.353 денари плус минат труд.

Изминатиот период од 2017 до 2022 година со воведувањето на новата методологија за пресметка беше постигнато најголемото зголемување на платите на вработените во градинките. Во 2017 година неговател/ка во градинка земаше 14.493 денари плата. Во 2022 просечно исплатена плата за месец февруари на неговател/ка е 19.560 денари плус минат труд. Разликата е 5.067 денари повеќе на сметката на овие вработени, плус додатокот за минат труд. Платата на воспитувач/ка во градинка во 2017 година изнесувала 19.200 денари, додека во 2022 година, 25.642 денари плус додатокот за минат труд. Зголемувањето овде е 6.442 денари, плус минатиот труд.

Растот за платите за вработените во образование и во градинките е во времето на оваа Влада и колективниот договор потпишан 2019 година во јуни. Дебатата за новиот колективен договор е шанса за трајно решавање на континуираниот раст на платите. Владата е отворена за дијалог за постигнување систем за раст на платите кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства. Заедно да најдеме модел за раст кој како со договорот за минималната плата ќе се врзе за порастот на просечната плата и со порастот на трошоците за живот.

Го охрабруваме синдикатот, кој покажа интерес за новиот пристап, да го продолжи дијалогот и да учествува и да ја преземе одговорноста за трајно решение за раст на платите.

Барањата треба да бидат реални и да произлегуваат од чувството кое го налага моментот. Во услови на исклучителна светска економска криза која не заобиколи ниту една земја, па ниту нашата, Владата во заеднички дијалог со репрезентативните синдикати продолжува да обезбедува системски решенија со кои ќе го продолжи зголемувањето на платите за вработените во училиштата и градинките, стои во владиното соопштение.

The post Влада: Платите во образование зголемени од 3.200 до 6.400 денари appeared first on Република.

Може да се зголемат платите без да се предизвика инфлација https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/moze-da-se-zgolemat-platite-bez-da-se-predizvika-inflacija/ Fri, 08 Apr 2022 13:19:10 +0000 https://republika.mk/?p=485614

Поранешниот премиер Никола Груевски, во нов коментар на Фејсбук, ги отфрла тврдењата на Владата на Ковачевски ека не може да се зголемуваат платите во јавниот сектор бидејќи со тоа ќе се предизвика инфлација.

Деновиве е актуелно прашањето поточно барањето за зголемување на платите во јавниот сектор во Македонија, како и одговорот на власта дека нема да има покачување заради опасност од инфлација. Тоа е погрешна теза која наликува на изговор.
1. Во периодот додека бев премиер (а претходно во една прилика и како министер за финасии), платите во администрацијата се покачија неколку пати надвор од оние годишни усогласувања на платите со инфлацијата и трошоците за живот и тоа беше направено вклучително и во услови на голема светска финасиска и европска должничка криза и рецесии. Немаше ефект на инфлацијата, или барем не некој сериозен ефект.
2. Ефект на инфлацијата може да има ако тоа зголемување на плати се направи од квантитативни емисии/подршки/стимулации (популарно меѓу народот наречени “печатење пари”), или државни задолжувања кои посериозно и по трајно би го зголемиле буџетскиот дефицит, нешто што никој не го бара сега, ниту пак тоа ќе се случи.
Заштеди и прераспределба во буџетот од едни на други позиции е она што е во опција и тоа неможе да има или барем не некои сериозни инфлаторни ефекти. Некаде и нетреба специјални мерки за заштеди бидејќи неефикасноста во извршување на буџетот ќе заврши дел ИД работата.
Всушност преку-умерените квантитативните подршки независно дали одеа како неселективна распределба на чекови како готовински подршка за населението или квантитативни стимул за изведба на јавни работи но и делумно заради задоцнетите реакции на монетарната политика (централните банки), пред се во најсилните економии во светот заради очигледно погрешното верување на голем број економисти во светот дека инфлацијата ќе е многу привремена и неколку месечна појава, се создаде почетокот на овој проблем во светот, а кој е директно поврзан со кризата предизвикана од последиците од Ковид-19. Подоцна на тоа се надоврзаа повеќе други фактори и причини.
На крајот цената ја плаќа општото население преку инфлацијата. Таа во случајот е еден вид на данок кој е многу рецесивен данок, па дури и ако имаме рамен данок во земјата.
3. Не зголемувањето на платите во услови на околу 9% инфлација на годишно ниво може да доведе до пад на куповната моќ на населението, што би водело кон пад на потрошувачката и ризици од рецесија предизвикани од тоа.
Ова посебно затоа што и пред овој период имаше одредена инфлација и континуирано зголемување на трошоците за живот кои со измена на законите по доаѓањето на новата власт беа недсодветно и нефер третирани.
4. Државниот буџет заради зголемувањето на цените на светските берзи на метали, енергенси, храна, транспорт, разни услуги кои заради прекинот на некои ланци на испорака поскапеа, итн сега прибира повеќе приходи од царини и даноци, особено ДДВ, па оттука има логика дел или сите тие вишоци над проекцијата а создадени со зголемувањето на цените, да се пренасочат во повисоки плати на јавниот сектор, кој сигурно ќе изврши притисок и на приватниот сектор, каде основниот фокус треба да биде во зголемувањето на продуктивноста на трудот.

The post Може да се зголемат платите без да се предизвика инфлација appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер Никола Груевски, во нов коментар на Фејсбук, ги отфрла тврдењата на Владата на Ковачевски ека не може да се зголемуваат платите во јавниот сектор бидејќи со тоа ќе се предизвика инфлација. Деновиве е актуелно прашањето поточно барањето за зголемување на платите во јавниот сектор во Македонија, како и одговорот на власта дека нема да има покачување заради опасност од инфлација. Тоа е погрешна теза која наликува на изговор. 1. Во периодот додека бев премиер (а претходно во една прилика и како министер за финасии), платите во администрацијата се покачија неколку пати надвор од оние годишни усогласувања на платите со инфлацијата и трошоците за живот и тоа беше направено вклучително и во услови на голема светска финасиска и европска должничка криза и рецесии. Немаше ефект на инфлацијата, или барем не некој сериозен ефект. 2. Ефект на инфлацијата може да има ако тоа зголемување на плати се направи од квантитативни емисии/подршки/стимулации (популарно меѓу народот наречени “печатење пари”), или државни задолжувања кои посериозно и по трајно би го зголемиле буџетскиот дефицит, нешто што никој не го бара сега, ниту пак тоа ќе се случи. Заштеди и прераспределба во буџетот од едни на други позиции е она што е во опција и тоа неможе да има или барем не некои сериозни инфлаторни ефекти. Некаде и нетреба специјални мерки за заштеди бидејќи неефикасноста во извршување на буџетот ќе заврши дел ИД работата. Всушност преку-умерените квантитативните подршки независно дали одеа како неселективна распределба на чекови како готовински подршка за населението или квантитативни стимул за изведба на јавни работи но и делумно заради задоцнетите реакции на монетарната политика (централните банки), пред се во најсилните економии во светот заради очигледно погрешното верување на голем број економисти во светот дека инфлацијата ќе е многу привремена и неколку месечна појава, се создаде почетокот на овој проблем во светот, а кој е директно поврзан со кризата предизвикана од последиците од Ковид-19. Подоцна на тоа се надоврзаа повеќе други фактори и причини. На крајот цената ја плаќа општото население преку инфлацијата. Таа во случајот е еден вид на данок кој е многу рецесивен данок, па дури и ако имаме рамен данок во земјата. 3. Не зголемувањето на платите во услови на околу 9% инфлација на годишно ниво може да доведе до пад на куповната моќ на населението, што би водело кон пад на потрошувачката и ризици од рецесија предизвикани од тоа. Ова посебно затоа што и пред овој период имаше одредена инфлација и континуирано зголемување на трошоците за живот кои со измена на законите по доаѓањето на новата власт беа недсодветно и нефер третирани. 4. Државниот буџет заради зголемувањето на цените на светските берзи на метали, енергенси, храна, транспорт, разни услуги кои заради прекинот на некои ланци на испорака поскапеа, итн сега прибира повеќе приходи од царини и даноци, особено ДДВ, па оттука има логика дел или сите тие вишоци над проекцијата а создадени со зголемувањето на цените, да се пренасочат во повисоки плати на јавниот сектор, кој сигурно ќе изврши притисок и на приватниот сектор, каде основниот фокус треба да биде во зголемувањето на продуктивноста на трудот.

The post Може да се зголемат платите без да се предизвика инфлација appeared first on Република.

]]>
Се прават анализи за зголемување на пензиите, се најавува и финансиска помош за пензионерите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-pravat-analizi-za-zgolemuvanje-na-penziite-se-najavuva-i-finansiska-pomosh-za-penzionerite/ Mon, 14 Feb 2022 10:18:28 +0000 https://republika.mk/?p=458255

Се прават анализи за зголемување на пензиите, а премиерот Димитар Ковачевски најавува и финансиска помош за пензионерите за полесно справување со енергетската и економската криза.

Тој денеска од Росоман порача дека веќе се работи на методологија која ќе овозможи одржливо и долгорочно зголемување на пензиите и која ќе биде презентирана пред сите засегнати страни.

Веќе работиме на анализи коишто ќе бидат презентирани преку дијалог во кој ќе учествуваат здруженијата на пензионери, заинтересираните страни и институциите на државата. Работиме на методологија која ќе овозможи одржливо и долгорочно зголемување на пензиите бидејки пензионерите заслужуваат по толку години изминат труд и придонес во развојот на државата, да имаат достоинствени пензионерски денови - изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по закројувањето на лозјата во Росоман.

Предлогот на ВРМО-ДПМНЕ го оценува како паушален, затоа што, како што изјави, не се базира на никакви анализи и методологија.

The post Се прават анализи за зголемување на пензиите, се најавува и финансиска помош за пензионерите appeared first on Република.

]]>

Се прават анализи за зголемување на пензиите, а премиерот Димитар Ковачевски најавува и финансиска помош за пензионерите за полесно справување со енергетската и економската криза. Тој денеска од Росоман порача дека веќе се работи на методологија која ќе овозможи одржливо и долгорочно зголемување на пензиите и која ќе биде презентирана пред сите засегнати страни.
Веќе работиме на анализи коишто ќе бидат презентирани преку дијалог во кој ќе учествуваат здруженијата на пензионери, заинтересираните страни и институциите на државата. Работиме на методологија која ќе овозможи одржливо и долгорочно зголемување на пензиите бидејки пензионерите заслужуваат по толку години изминат труд и придонес во развојот на државата, да имаат достоинствени пензионерски денови - изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по закројувањето на лозјата во Росоман.
Предлогот на ВРМО-ДПМНЕ го оценува како паушален, затоа што, како што изјави, не се базира на никакви анализи и методологија.

The post Се прават анализи за зголемување на пензиите, се најавува и финансиска помош за пензионерите appeared first on Република.

]]>
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со предлог за зголемување на пензиите за 20 отсто од април https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pratenicite-na-vmro-dpmne-so-predlog-za-zgolemuvanje-na-penziite-za-20-otsto-od-april/ Fri, 11 Feb 2022 10:47:05 +0000 https://republika.mk/?p=457127

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието денеска поднесе Предлог-закон за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, со кој се предвидува зголемување на пензиите за 20 проценти од април 2022 година.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски, изјави дека треба да се обезбеди зголемување на старосната пензија, но и на сите останати видови пензии, имајќи го предвид порастот на цените на одделни производи и електричната енергија, како и потребата од подобрување на животниот стандард на највозрасните граѓани.

Доколку не се зголемат пензиите, рече Мицевски, пензионерите ќе бидат доведени до раб на сиромаштија поради неможност да ги подмират основните животни трошоци.

Секој пензионер има право да живее пристојно, со доволно средства да ги подмири основните трошоци за храна, греење, лекови итн. Со растот на минималната плата, соодветно е да растат и пензиите, со цел обезбедување на рамноправност и еднаквост на пензионерите со останатите граѓани. Цениме дека со предложеното законско решение ќе се подобри социјалната положба на корисниците на пензија во 2022 година со порастот на сите видови на пензија за 20 проценти. Преку оваа форма на усогласување ќе се зачува реалната вредност на пензиите и се заштитува стандардот на пензионерите - рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицевски апелираше до парламентарното мнозинство да го поддржи Предлог-законот поднесен од неговата партија исто како што заедно, рече тој, биле обединети и за зголемувањето на минималната плата.

The post Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со предлог за зголемување на пензиите за 20 отсто од април appeared first on Република.

]]>

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието денеска поднесе Предлог-закон за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, со кој се предвидува зголемување на пензиите за 20 проценти од април 2022 година. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски, изјави дека треба да се обезбеди зголемување на старосната пензија, но и на сите останати видови пензии, имајќи го предвид порастот на цените на одделни производи и електричната енергија, како и потребата од подобрување на животниот стандард на највозрасните граѓани. Доколку не се зголемат пензиите, рече Мицевски, пензионерите ќе бидат доведени до раб на сиромаштија поради неможност да ги подмират основните животни трошоци.