зголемување на плати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zgolemuvanje-na-plati/ За подобро да се разбереме Fri, 21 Jul 2023 19:55:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зголемување на плати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zgolemuvanje-na-plati/ 32 32 Функционерите нема да добијат зголемување на платите од десет отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/funktsionerite-nema-da-dobijat-zgolemuvane-na-platite-od-deset-otsto/ Fri, 21 Jul 2023 20:04:15 +0000 https://republika.mk/?p=664079

Зголемувањето на платите во јавната администрација за 10 отсто од септември годинава нема да важи за функционерите на кои претходно со одлука на Уставен суд им беше зголемена платата за 78 отсто, потврди вечерва министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

-Функционеите не се работници во јавниот сектор и за нив нема да важи зголемувањето на платите што е предвидено со договорот што го постигневме со ССМ, рече Тренчевска во гостување на ТВ Канал 5.

Таа нагласи дека зголемувањето на платите на функционерите не е со одлука на Владата, туку со одлука на Уставен суд која не се коментира и само се спроведува.

-Како Влада бараме начин да се намалат платите на функционерите, но не може тоа да го спроведеме само со наша одлука, туку е потребна и одлука на Собранието. Покрај тоа, со одлуката на Уставен суд за 78 отсто се зголемени и платите на градоначалниците, рече Тренчевска.

Оцени дека зголемувањето на платие за 10 отсто од септември за јавната администрација е најголемо досега барем од 2003 година откога и таа е во јавната администрација.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов посочи дека зголемувањето од 10 отсто можеби не е доволно, но е добра основа за понатаму.

-Сега јавната администрација ќе има предвидливост и ќе знае дека во иднина ќе растат нивните плати, рече Трендафилов.

Министерката истакна дека со зголемување на платите ќе се бара и зголемување на продуктивноста на јавната администрација, на што Трендафилов и одговори дека нема лоши и непродуктивни работници, туку само малку платени работници.

-Ако ја покачуваме платата ќе бараме и реорганизација на работните места во јавната администрација што нема да значи губење на работни места, туку прераспоредување онаму каде што се потребни и каде ќе бидат попродуктивни, рече Тренчевска.

Таа нагласи дека е против одобрување на неплатено отсуство за работниците во јавниот сектор за да одат во странство на привремена работа коај е подобро платена.

-Тоа е нивно право, но не може да се добие само со барање и без пропратна документација за што им е потребно. Не може да не му се дозволи неплатено отсуство на работник за нега на болно лице или за нешто слично, посочи Тренчевска.

На тоа Трендафилов кажа дека ниту еден работник не треба да трпи доколку користи неплатено

The post Функционерите нема да добијат зголемување на платите од десет отсто appeared first on Република.

]]>

Зголемувањето на платите во јавната администрација за 10 отсто од септември годинава нема да важи за функционерите на кои претходно со одлука на Уставен суд им беше зголемена платата за 78 отсто, потврди вечерва министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.
-Функционеите не се работници во јавниот сектор и за нив нема да важи зголемувањето на платите што е предвидено со договорот што го постигневме со ССМ, рече Тренчевска во гостување на ТВ Канал 5.
Таа нагласи дека зголемувањето на платите на функционерите не е со одлука на Владата, туку со одлука на Уставен суд која не се коментира и само се спроведува. -Како Влада бараме начин да се намалат платите на функционерите, но не може тоа да го спроведеме само со наша одлука, туку е потребна и одлука на Собранието. Покрај тоа, со одлуката на Уставен суд за 78 отсто се зголемени и платите на градоначалниците, рече Тренчевска. Оцени дека зголемувањето на платие за 10 отсто од септември за јавната администрација е најголемо досега барем од 2003 година откога и таа е во јавната администрација. Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов посочи дека зголемувањето од 10 отсто можеби не е доволно, но е добра основа за понатаму.
-Сега јавната администрација ќе има предвидливост и ќе знае дека во иднина ќе растат нивните плати, рече Трендафилов.
Министерката истакна дека со зголемување на платите ќе се бара и зголемување на продуктивноста на јавната администрација, на што Трендафилов и одговори дека нема лоши и непродуктивни работници, туку само малку платени работници. -Ако ја покачуваме платата ќе бараме и реорганизација на работните места во јавната администрација што нема да значи губење на работни места, туку прераспоредување онаму каде што се потребни и каде ќе бидат попродуктивни, рече Тренчевска. Таа нагласи дека е против одобрување на неплатено отсуство за работниците во јавниот сектор за да одат во странство на привремена работа коај е подобро платена. -Тоа е нивно право, но не може да се добие само со барање и без пропратна документација за што им е потребно. Не може да не му се дозволи неплатено отсуство на работник за нега на болно лице или за нешто слично, посочи Тренчевска. На тоа Трендафилов кажа дека ниту еден работник не треба да трпи доколку користи неплатено

The post Функционерите нема да добијат зголемување на платите од десет отсто appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Платата ми е 127-8 илјади денари, уште веднаш да почне да се применува нова методологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-platata-mi-e-127-8-iljadi-denari-ushte-vednash-da-pochne-da-se-primenuva-nova-metodologija/ Wed, 17 May 2023 16:13:56 +0000 https://republika.mk/?p=641876

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи е согласен новата методологија за пресметка на платите што ја предлага Синдикатот да почне да се применува веднаш. Тој денес објасни дека во политиката дошол од приватниот сектор и секогаш имал достоинствена плата и кажа колку му изнесува платат со покачувањето од 78%.

Мојата плата е јавна. Изнесува 125.000 денари основица, плус додатоци од стажот стигнуваат некаде 127/8 илјади. Јас во политиката имам влезено пред само четири години. Дојден сум од приватен сектор во кој што сигурно добивав достоинствена плата“, рече вицепремиерот Битиќи на бизнис форумот за одбележување на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи со Финска.

Предлогот на Синдикатот просечната плата да биде основа за пресметките на платите, според Битиќи, на изненадување на Синдикатот, е веќе прифатен.

Се согласувам. Мислам дека синдикалните организации веруваа дека ние нема да го прифатиме, но на последната средба го прифативме нивниот предлог. Секако, бидејќи беше само предлог без никакви финансиски калкулации, рековме дека треба сите заедно да ги дефинираме коефициентите на сложеност на сите работни места, во целиот јавен сектор. Што побрзо тоа го направиме и го затвориме веднаш треба да почнеме да гледаме, според можностите, тоа да го спроведеме. Методологијата да се аплицира од оваа година“, рече вицепремиерот Битиќи.

Усвојувањето на системско решение за платите на сите вработени во јавниот сектор, тргнувајќи од најниското работно место па се до платите на претседателот на државата и претседателот на Владата за Битиќи е решение кое е праведно, правично и солидарно.

The post Битиќи: Платата ми е 127-8 илјади денари, уште веднаш да почне да се применува нова методологија appeared first on Република.

Покачувањето од некоја илјадарка за здравствените работници е срамно и понижувачко https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pokachuvaneto-od-nekoja-iljadarka-za-zdravstvenite-rabotnitsi-e-sramno-i-ponizhuvachko/ Thu, 11 May 2023 14:01:46 +0000 https://republika.mk/?p=639783

Невиден срам, деградација и понижувачки однос. Со месеци лаги , манипулации и газење по достоинството на здравствените работници, молење и шетање по институции кои се ненадлежни и само си ја префрлуваат одговорноста.

Коментарите на социјалните мрежи се дека ова покачување на платата од 3000 ден бруто за сестрите и 2000 ден бруто за останатите здравствени работници и помошно-технички персонал всусшност значи точно 2010 ден за сестрите и 1340 за останатите здравствени работници и помошно-технички персонал што е срамно и во никој случај не може да значи мотивирање на кадарот.

Напротив ова претставува уште еден чекор во насока на дополнително демотивирање на кадарот и продолжување на трендот на напуштање на јавното здравство кој посебно е изразен во изминатиов период.

Во меѓувреме впечатокот е дека здравството е на колена, освен што нема доволно средства за медицинскиот персонал, не се води сметка ниту за зајакнување на инфраструктурата со која би се унапредиле условите за работа на здравствените работници.

Генералниот впечаток е дека здравството е на маргините доведено што е на огромна штета како на здарвствените работници,така и за пациентите.

The post Покачувањето од некоја илјадарка за здравствените работници е срамно и понижувачко appeared first on Република.

]]>

Невиден срам, деградација и понижувачки однос. Со месеци лаги , манипулации и газење по достоинството на здравствените работници, молење и шетање по институции кои се ненадлежни и само си ја префрлуваат одговорноста. Коментарите на социјалните мрежи се дека ова покачување на платата од 3000 ден бруто за сестрите и 2000 ден бруто за останатите здравствени работници и помошно-технички персонал всусшност значи точно 2010 ден за сестрите и 1340 за останатите здравствени работници и помошно-технички персонал што е срамно и во никој случај не може да значи мотивирање на кадарот. Напротив ова претставува уште еден чекор во насока на дополнително демотивирање на кадарот и продолжување на трендот на напуштање на јавното здравство кој посебно е изразен во изминатиов период. Во меѓувреме впечатокот е дека здравството е на колена, освен што нема доволно средства за медицинскиот персонал, не се води сметка ниту за зајакнување на инфраструктурата со која би се унапредиле условите за работа на здравствените работници. Генералниот впечаток е дека здравството е на маргините доведено што е на огромна штета како на здарвствените работници,така и за пациентите.

The post Покачувањето од некоја илјадарка за здравствените работници е срамно и понижувачко appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски за зголемувањето на платите на функционерите: Ајде да го земеме американскиот модел за исплата и во нашето здравство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-bekarovski-za-zgolemuvaneto-na-platite-na-funktsionerite-ajde-da-go-zememe-amerikanskiot-model-za-isplata-i-vo-nasheto-zdravstvo/ Fri, 07 Apr 2023 05:59:28 +0000 https://republika.mk/?p=628153

Д-р Нико Беќаровски, во јавноста важи за човек кој секогаш искрено и јавно ги пишува своите ставови за разни општествени теми.

Овој пат, д-р Беќаровски реагира за зголемувањето на платите на функционерите.

Бруто платите на американските конгресмени и сенатори се 174.000 $ годишно. Просечната бруто плата исплатена на докторите специјалисти во САД е 234.000 $ годишно за специјалистите по јавно здравје до 554.000 за пластичните хирурзи. Од денес нето платата на македонските парламентарци без патни трошоци, без пресметан стаж, без дневници за патување итн е само 110.000 денари. Ајде да го земеме американскиот модел за исплата и во македонското здравство“, пишува д-р Беќаровски на Фејсбук.

The post Д-р Беќаровски за зголемувањето на платите на функционерите: Ајде да го земеме американскиот модел за исплата и во нашето здравство appeared first on Република.

]]>

Д-р Нико Беќаровски, во јавноста важи за човек кој секогаш искрено и јавно ги пишува своите ставови за разни општествени теми. Овој пат, д-р Беќаровски реагира за зголемувањето на платите на функционерите.
Бруто платите на американските конгресмени и сенатори се 174.000 $ годишно. Просечната бруто плата исплатена на докторите специјалисти во САД е 234.000 $ годишно за специјалистите по јавно здравје до 554.000 за пластичните хирурзи. Од денес нето платата на македонските парламентарци без патни трошоци, без пресметан стаж, без дневници за патување итн е само 110.000 денари. Ајде да го земеме американскиот модел за исплата и во македонското здравство“, пишува д-р Беќаровски на Фејсбук.

The post Д-р Беќаровски за зголемувањето на платите на функционерите: Ајде да го земеме американскиот модел за исплата и во нашето здравство appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Платите се регулираат со колективните договори, се останато што зборуваат е ветер и магла https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mickoski-platite-se-reguliraat-so-kolektivnite-dogovori-se-ostanato-shto-zboruvaat-e-veter-i-magla/ Wed, 23 Feb 2022 18:11:40 +0000 https://republika.mk/?p=462647

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување на Сител, објасни дека платите во државава се регулираат со колективни договори, а не со одлука на влада, како што во јавноста сакаат да претстават од власта.

Ќе ги зголемувале платите. Платите се регулираат со колективните договори. Останатото е ветер и магла.

Излегов на прес-конференција, направив симулација за нивелирањето на платите на вработените во градинките, основните и средните училишта.

Нека ги нивелираат платите и ние ќе ги поддржиме. Но, сакаат да протнат неквалитет со укинување на приправничкиот стаж - истакна Мицкоски.

The post Мицкоски: Платите се регулираат со колективните договори, се останато што зборуваат е ветер и магла appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување на Сител, објасни дека платите во државава се регулираат со колективни договори, а не со одлука на влада, како што во јавноста сакаат да претстават од власта.
Ќе ги зголемувале платите. Платите се регулираат со колективните договори. Останатото е ветер и магла.   Излегов на прес-конференција, направив симулација за нивелирањето на платите на вработените во градинките, основните и средните училишта.   Нека ги нивелираат платите и ние ќе ги поддржиме. Но, сакаат да протнат неквалитет со укинување на приправничкиот стаж - истакна Мицкоски.

The post Мицкоски: Платите се регулираат со колективните договори, се останато што зборуваат е ветер и магла appeared first on Република.

]]>