зголемени водостои Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zgolemeni-vodostoi/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Nov 2022 13:27:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зголемени водостои Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zgolemeni-vodostoi/ 32 32 ЦУК: Опасност од брзо зголемување на водостоите на реките и суводолиците https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/cuk-opasnost-od-brzo-zgolemuvanje-na-vodostoite-na-rekite-i-suvodolicite/ Sun, 20 Nov 2022 13:27:54 +0000 https://republika.mk/?p=576119

Започнувајќи од попладневните часови се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата, кои посебно ќе се интензивираат во текот на вечерните часови и за време на ноќта. Поради тоа што постојат изгледи и веројатност локално врнежите да бидат интензивни и поројни, Центарот за управување со кризи предупредува на можност од брзо зголемување на водостоите на помалите реки и суводолиците со можност за нивни локални излевања, а исто така можни се и локални проблеми во дел од градските урбани средини.

За време на ноќта и утре изутрина се очекува зголемување на водостојот на сите реки низ земјава, а посебно на оние во југоисточните и источните делови, како и во крајните западни делови.

– Предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците низ земјава во текот на вечерните часови, претстојната ноќ, како и за време на утрешниот ден, истакнуваат од ЦУК.

The post ЦУК: Опасност од брзо зголемување на водостоите на реките и суводолиците appeared first on Република.

]]>

Започнувајќи од попладневните часови се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата, кои посебно ќе се интензивираат во текот на вечерните часови и за време на ноќта. Поради тоа што постојат изгледи и веројатност локално врнежите да бидат интензивни и поројни, Центарот за управување со кризи предупредува на можност од брзо зголемување на водостоите на помалите реки и суводолиците со можност за нивни локални излевања, а исто така можни се и локални проблеми во дел од градските урбани средини. За време на ноќта и утре изутрина се очекува зголемување на водостојот на сите реки низ земјава, а посебно на оние во југоисточните и источните делови, како и во крајните западни делови. – Предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците низ земјава во текот на вечерните часови, претстојната ноќ, како и за време на утрешниот ден, истакнуваат од ЦУК.

The post ЦУК: Опасност од брзо зголемување на водостоите на реките и суводолиците appeared first on Република.

]]>
Зголемени водостоите на реките https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/zgolemeni-vodostoite-na-rekite/ Mon, 07 Nov 2022 10:45:54 +0000 https://republika.mk/?p=570844

Водостоите на речиси сите реки во земјава се зголемени во споредба со вчерашните, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Најголемо, седумкратно зголемување на нивото има реката Треска кај Македонски Брод, а речиси двојно е зголемен и водостојот на Вардар на мерните места кај Јегуновце и кај вливот на Лепенец во Скопје. Исто со вчерашното е нивото на Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово и Струмица кај Сушево. Единствено понизок водостој од вчерашниот е забележан кај реката Брегалница на мерното место кај Штип.

Нивоата, пак, на трите природни езера се исти со вчерашните.

The post Зголемени водостоите на реките appeared first on Република.

]]>

Водостоите на речиси сите реки во земјава се зголемени во споредба со вчерашните, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Најголемо, седумкратно зголемување на нивото има реката Треска кај Македонски Брод, а речиси двојно е зголемен и водостојот на Вардар на мерните места кај Јегуновце и кај вливот на Лепенец во Скопје. Исто со вчерашното е нивото на Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово и Струмица кај Сушево. Единствено понизок водостој од вчерашниот е забележан кај реката Брегалница на мерното место кај Штип. Нивоата, пак, на трите природни езера се исти со вчерашните.

The post Зголемени водостоите на реките appeared first on Република.

]]>