зголемена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zgolemena/ За подобро да се разбереме Wed, 11 May 2022 11:32:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зголемена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zgolemena/ 32 32 Зголемена основната каматна стапка! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zgolemena-osnovnata-kamatna-stapka/ Wed, 11 May 2022 11:32:08 +0000 https://republika.mk/?p=500999

Народната банка изврши дополнително зголемување за 0,25 процентни поени за основната каматна стапка и таа сега е на ниво од 1,75 проценти.

Оттаму информираат дека при донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид најновите движења кај инфлацијата, којашто и во април забрза, како и влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања.

Одлуката за натамошно затегнување на монетарната политика се заснова врз оцените дека увозните ценовни притисоци се подолготрајни и посилни, што создава одредени преносни ефекти кај повеќе ценовни категории и делува врз инфлациските очекувања. Оттука е и потребата од монетарна реакција, и покрај надолните ризици за економскиот раст и за домашната побарувачка, се вели во соопштението.

Според централната банка годинава инфлацијата ќе биде повисока од очекувањата според последните проекции.

Главните фактори за поместувањата на ценовното ниво и понатаму се факторите на страната на понудата, пред сѐ цените на храната и енергијата, поради растот на цените на примарните производи на светските берзи. Овие преносни ефекти се видливи особено кај економиите како нашата, каде што голем дел од потрошувачката е увозна и каде што учеството на храната и енергијата во потрошувачката кошничка е високо. Имајќи предвид дека храната и енергијата се влезна компонента кај повеќе други производи и услуги, растот на цените станува пошироко распространет. Оттука, поголема динамика се забележува и кај движењето на базичната инфлација. Тековните оцени и натаму упатуваат на отсуство на поизразени притисоци од побарувачката врз цените, а со воениот конфликт во Украина се нагласуваат надолните ризици за домашната побарувачка во следниот период. Сепак, неопходни се претпазливи домашни политики коишто нема да предизвикаат дополнителни притисоци и од страната на потрошувачкат,  – појаснуваат од Народната банка.

Девизните резерви се во сигурна зона и девизниот пазар е стабилен.

The post Зголемена основната каматна стапка! appeared first on Република.

]]>

Народната банка изврши дополнително зголемување за 0,25 процентни поени за основната каматна стапка и таа сега е на ниво од 1,75 проценти. Оттаму информираат дека при донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид најновите движења кај инфлацијата, којашто и во април забрза, како и влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања.
Одлуката за натамошно затегнување на монетарната политика се заснова врз оцените дека увозните ценовни притисоци се подолготрајни и посилни, што создава одредени преносни ефекти кај повеќе ценовни категории и делува врз инфлациските очекувања. Оттука е и потребата од монетарна реакција, и покрај надолните ризици за економскиот раст и за домашната побарувачка, се вели во соопштението.
Според централната банка годинава инфлацијата ќе биде повисока од очекувањата според последните проекции.
Главните фактори за поместувањата на ценовното ниво и понатаму се факторите на страната на понудата, пред сѐ цените на храната и енергијата, поради растот на цените на примарните производи на светските берзи. Овие преносни ефекти се видливи особено кај економиите како нашата, каде што голем дел од потрошувачката е увозна и каде што учеството на храната и енергијата во потрошувачката кошничка е високо. Имајќи предвид дека храната и енергијата се влезна компонента кај повеќе други производи и услуги, растот на цените станува пошироко распространет. Оттука, поголема динамика се забележува и кај движењето на базичната инфлација. Тековните оцени и натаму упатуваат на отсуство на поизразени притисоци од побарувачката врз цените, а со воениот конфликт во Украина се нагласуваат надолните ризици за домашната побарувачка во следниот период. Сепак, неопходни се претпазливи домашни политики коишто нема да предизвикаат дополнителни притисоци и од страната на потрошувачкат,  – појаснуваат од Народната банка.
Девизните резерви се во сигурна зона и девизниот пазар е стабилен.  

The post Зголемена основната каматна стапка! appeared first on Република.

]]>
На Антарктикот измерена температура за 38 степени повисока од вообичаеното https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/na-antarktikot-izmerena-temperatura-za-38-stepeni-povisoka-od-voobichaenoto/ Tue, 29 Mar 2022 07:29:21 +0000 https://republika.mk/?p=480131

Научниците измериле невообичаено високи температури на Антарктикот овој месец. Температурата на истражувачката станица Конкордија, попозната како најстуденото место на Земјата, на 18 март била 11,5 степени Целзиусови под нулата.

Како што објави Си-Ен-Ен, нормалната дневна температура таму е околу 49 степени Целзиусови под нулата, што значи дека измерената е за 38 степени повисока од вообичаеното.

Се чини дека тоа е нов светски рекорд со највисоката температурна разлика измерена некогаш на метеоролошка станица, ја пренесува Си-Ен-Ен изјавата на Роберт Роде, водечки научник од Универзитетот Беркли.

Рандал Сервени, професор по географија на Универзитетот во Аризона и експерт за екстремни рекорди на Светската метеоролошка организација вели дека Светската метеоролошка организација не евидентира такви податоци за тоа колку температурата е под или над просекот, што не значи дека податоците за измерените температури не се легитимни.

Екстремно високите температури на Јужниот пол се причина за загриженост поради долгорочните ефекти врз мразот, особено доколку потраат. За само неколку дена на Антарктикот се распаднала санта мраз со големина на Лос Анџелес.

Националниот центар за податоци за снег и мраз на САД соопшти дека мерењата на површината под мраз спроведени минатиот месец покажуваат дека ледениот појас околу Антарктикот е најмал од 1979 година кога почнаа специјални сателитски мерења.

Научниците уверуваат дека влијанието од краткорочното покачување на температурата како тоа од 18 март ќе биде мало.

Доколку такви ситуации се случат во иднина и тие станат почести, тогаш може да имаат значително влијание, вели Џон Кинг од Британската експедиција на Антарктикот.

The post На Антарктикот измерена температура за 38 степени повисока од вообичаеното appeared first on Република.

]]>

Научниците измериле невообичаено високи температури на Антарктикот овој месец. Температурата на истражувачката станица Конкордија, попозната како најстуденото место на Земјата, на 18 март била 11,5 степени Целзиусови под нулата. Како што објави Си-Ен-Ен, нормалната дневна температура таму е околу 49 степени Целзиусови под нулата, што значи дека измерената е за 38 степени повисока од вообичаеното.
Се чини дека тоа е нов светски рекорд со највисоката температурна разлика измерена некогаш на метеоролошка станица, ја пренесува Си-Ен-Ен изјавата на Роберт Роде, водечки научник од Универзитетот Беркли.
Рандал Сервени, професор по географија на Универзитетот во Аризона и експерт за екстремни рекорди на Светската метеоролошка организација вели дека Светската метеоролошка организација не евидентира такви податоци за тоа колку температурата е под или над просекот, што не значи дека податоците за измерените температури не се легитимни. Екстремно високите температури на Јужниот пол се причина за загриженост поради долгорочните ефекти врз мразот, особено доколку потраат. За само неколку дена на Антарктикот се распаднала санта мраз со големина на Лос Анџелес. Националниот центар за податоци за снег и мраз на САД соопшти дека мерењата на површината под мраз спроведени минатиот месец покажуваат дека ледениот појас околу Антарктикот е најмал од 1979 година кога почнаа специјални сателитски мерења. Научниците уверуваат дека влијанието од краткорочното покачување на температурата како тоа од 18 март ќе биде мало.