жешко Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zeshko/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Aug 2023 12:40:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png жешко Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zeshko/ 32 32 Во Турција измерени рекордни 49,5 степени Целзиусови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-turtsija-izmereni-rekordni-49-5-stepeni-tselziusovi/ Wed, 16 Aug 2023 13:20:14 +0000 https://republika.mk/?p=672755

Турција соопшти дека вчера била измерена рекордна температура од 49,5 степени Целзиусови во централната анадолска провинција Ескишехир, а експертите предупредуваат дека трендот на топлотни бранови во медитеранскиот слив ќе продолжи до 2040-тите.

Рекордна температура е евидентирана во централната анадолска провинција Ескишехир, напиша синоќа министерот за животна средина Мехмет Ожасеки на платформата Х, поранешен Твитер.

Претходниот рекорд беше 49,1 степени Целзиусови и беше измерен во 2021 година, додаде Ожасеки.

Националната метеоролошка служба денеска предупреди дека топлотниот бран ќе продолжи да ги надминува нормалните сезонски температури за дури 11 степени.

Главната причина за топлинските рекорди се климатските промени, според Барш Онол, професор по метеорологија на Техничкиот универзитет во Истанбул.

Иако временскиот феномен Ел Нио носи и температурни рекорди, топлотните бранови стануваат се почести и траат подолго, рече Онол во телефонски разговор со ДПА.

Турција ќе биде многу повеќе изложена на високи температури во следните 30 до 40 години, како и остатокот од медитеранскиот регион. Од 2040 година врвот на туристичка сезона во медитеранските земји ќе биде во септември и октомври, предвидува Онол.

Управувањето со водите и водните ресурси ќе биде исто така клучно за регионот, смета Онол, и предвидува суша во летните месеци во годините што доаѓаат.

Турција е многу зависна од фосилните горива. Според официјалните податоци, околу 34,6 отсто од електричната енергија е произведена од јаглен во 2022 година, а 22,2 отсто од природен гас.

Ожасеки потсетува дека целта на земјата е да достигне нулта стапка до 2053 година.

The post Во Турција измерени рекордни 49,5 степени Целзиусови appeared first on Република.

]]>

Турција соопшти дека вчера била измерена рекордна температура од 49,5 степени Целзиусови во централната анадолска провинција Ескишехир, а експертите предупредуваат дека трендот на топлотни бранови во медитеранскиот слив ќе продолжи до 2040-тите.
Рекордна температура е евидентирана во централната анадолска провинција Ескишехир, напиша синоќа министерот за животна средина Мехмет Ожасеки на платформата Х, поранешен Твитер.
Претходниот рекорд беше 49,1 степени Целзиусови и беше измерен во 2021 година, додаде Ожасеки. Националната метеоролошка служба денеска предупреди дека топлотниот бран ќе продолжи да ги надминува нормалните сезонски температури за дури 11 степени. Главната причина за топлинските рекорди се климатските промени, според Барш Онол, професор по метеорологија на Техничкиот универзитет во Истанбул. Иако временскиот феномен Ел Нио носи и температурни рекорди, топлотните бранови стануваат се почести и траат подолго, рече Онол во телефонски разговор со ДПА.
Турција ќе биде многу повеќе изложена на високи температури во следните 30 до 40 години, како и остатокот од медитеранскиот регион. Од 2040 година врвот на туристичка сезона во медитеранските земји ќе биде во септември и октомври, предвидува Онол.
Управувањето со водите и водните ресурси ќе биде исто така клучно за регионот, смета Онол, и предвидува суша во летните месеци во годините што доаѓаат. Турција е многу зависна од фосилните горива. Според официјалните податоци, околу 34,6 отсто од електричната енергија е произведена од јаглен во 2022 година, а 22,2 отсто од природен гас. Ожасеки потсетува дека целта на земјата е да достигне нулта стапка до 2053 година.

The post Во Турција измерени рекордни 49,5 степени Целзиусови appeared first on Република.

]]>
Клуге: Неподготвеноста на жештините може да биде смртоносна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kluge-nepodgotvenosta-na-zheshtinite-mozhe-da-bide-smrtonosna/ Wed, 19 Jul 2023 08:15:04 +0000 https://republika.mk/?p=662994

Европската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) ги предупреди жителите на Стариот континент да бидат подготвени за високите температури бидејќи топлотниот бран зафати поголем дел од континентот.

Без потребната подготовка, топлината може да стане смртоносна, предупреди Ханс Клуге, директор на СЗО за Европа.

Белгиецот предложи низа мерки кои жителите можат да ги преземат за да ги избегнат најлошите последици од топлотниот бран.

Тој советува да се остане дома и да се избегнуваат најтешките задачи во најжешките делови од денот.

Домовите треба да се ладат, на пример со спуштање на ролетните и користење на воздух ноќе за вентилација.

Исто така, клучно е да го одржувате телото ладно и хидрирано со носење лесна, широка облека, туширање со ладна вода и редовно пиење вода.

-Додека се прилагодуваме на оваа нова нормала, со нејзините разорни ефекти врз здравјето и животните услови, од клучно значење е сите да бидеме вооружени со знаење што помага да се спасат животи, рече Клуге.

Покрај тоа што летово ќе се прилагодиме на новата реалност, мора да „размислуваме и за децениите што доаѓаат“, предупреди докторот во својата објава.

Тој повика на итна регионална и глобална акција за запирање на климатската криза, која претставува егзистенцијална закана за човештвото.

Клуге нагласи дека клучно е да се вклучат и помладите генерации, кои се особено загрижени за климата и често имаат идеи и предлози. Тој, исто така, нагласи дека прашањето за климатските промени треба да биде приоритет за сите политички опции.

The post Клуге: Неподготвеноста на жештините може да биде смртоносна appeared first on Република.

]]>

Европската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) ги предупреди жителите на Стариот континент да бидат подготвени за високите температури бидејќи топлотниот бран зафати поголем дел од континентот. Без потребната подготовка, топлината може да стане смртоносна, предупреди Ханс Клуге, директор на СЗО за Европа. Белгиецот предложи низа мерки кои жителите можат да ги преземат за да ги избегнат најлошите последици од топлотниот бран. Тој советува да се остане дома и да се избегнуваат најтешките задачи во најжешките делови од денот. Домовите треба да се ладат, на пример со спуштање на ролетните и користење на воздух ноќе за вентилација. Исто така, клучно е да го одржувате телото ладно и хидрирано со носење лесна, широка облека, туширање со ладна вода и редовно пиење вода. -Додека се прилагодуваме на оваа нова нормала, со нејзините разорни ефекти врз здравјето и животните услови, од клучно значење е сите да бидеме вооружени со знаење што помага да се спасат животи, рече Клуге. Покрај тоа што летово ќе се прилагодиме на новата реалност, мора да „размислуваме и за децениите што доаѓаат“, предупреди докторот во својата објава. Тој повика на итна регионална и глобална акција за запирање на климатската криза, која претставува егзистенцијална закана за човештвото. Клуге нагласи дека клучно е да се вклучат и помладите генерации, кои се особено загрижени за климата и често имаат идеи и предлози. Тој, исто така, нагласи дека прашањето за климатските промени треба да биде приоритет за сите политички опции.

The post Клуге: Неподготвеноста на жештините може да биде смртоносна appeared first on Република.

]]>
Најдобрите секс пози за ова жешко време https://arhiva3.republika.mk/intima/najdobrite-seks-pozi-za-ova-zheshko-vreme/ Mon, 17 Jul 2023 20:44:33 +0000 https://republika.mk/?p=662458

Неколку предлози за летни пози кои сигурно ќе ви се најдат на овие високи температури:

Ладен ветер

5511_310514170245121_541x398

Застанете пред вентиларот, а партнерот нека биде зад вас. На овој начин и двајцата ќе добиете освежување.

Минимален контакт

5511_310514170245201_578x533

Вашиот парнтер нека легне на ладните плочки, додека вие сте над него.

Малку поинаква 69

5511_310514170245264_836x534

Наместо вообичаената 69 поза, додека вие орално го задоволувате партнерот, тој нека ве лади со лепеза по телото. Потоа сменете ги позициите.

Летен дожд

5511_310514170245414_593x532

Разладете се со туш, а партнерот нека ве допира за тоа време.

The post Најдобрите секс пози за ова жешко време appeared first on Република.

]]>

Неколку предлози за летни пози кои сигурно ќе ви се најдат на овие високи температури:

Ладен ветер

5511_310514170245121_541x398 Застанете пред вентиларот, а партнерот нека биде зад вас. На овој начин и двајцата ќе добиете освежување.

Минимален контакт

5511_310514170245201_578x533 Вашиот парнтер нека легне на ладните плочки, додека вие сте над него.

Малку поинаква 69

5511_310514170245264_836x534 Наместо вообичаената 69 поза, додека вие орално го задоволувате партнерот, тој нека ве лади со лепеза по телото. Потоа сменете ги позициите. Летен дожд

5511_310514170245414_593x532

Разладете се со туш, а партнерот нека ве допира за тоа време.

The post Најдобрите секс пози за ова жешко време appeared first on Република.

]]>
Не го пуштиле во Пензиско по шорц, се вратил во фустан https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ne-go-pushtile-vo-penzisko-po-shorts-se-vratil-vo-fustan/ Tue, 11 Jul 2023 13:30:20 +0000 https://republika.mk/?p=660056

За „победник на денот“ е прогласен на „Твитер“ мажот кој во фустан чекал ред во мостарското ПИО, откако одбиле да го послужат оти бил облечен во куси пантолони.

The post Не го пуштиле во Пензиско по шорц, се вратил во фустан appeared first on Република.

]]>

За „победник на денот“ е прогласен на „Твитер“ мажот кој во фустан чекал ред во мостарското ПИО, откако одбиле да го послужат оти бил облечен во куси пантолони.

The post Не го пуштиле во Пензиско по шорц, се вратил во фустан appeared first on Република.

]]>
Денеска 34 степени, викендот времето повторно ќе се расипе https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/deneska-34-stepeni-vikendot-vremeto-povtorno-kje-se-rasipe/ Wed, 01 Jun 2022 07:20:15 +0000 https://republika.mk/?p=509569

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови од земјава.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 33 степени.

УХМР соопшти дека следува период на топло време со изолирана појава на нестабилност во попладневните часови проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено за време на викендот

The post Денеска 34 степени, викендот времето повторно ќе се расипе appeared first on Република.

]]>

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови од земјава. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 33 степени. УХМР соопшти дека следува период на топло време со изолирана појава на нестабилност во попладневните часови проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено за време на викендот

The post Денеска 34 степени, викендот времето повторно ќе се расипе appeared first on Република.

]]>
Ако веќе го вклучувате, оставете го клима уредот запален – ќе троши помалку! https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/ako-vekje-go-vkluchuvate-ostavete-go-klima-uredot-zapalen-kje-troshi-pomalku/ Thu, 26 May 2022 14:46:07 +0000 https://republika.mk/?p=507319

Претераното трошење на електрична енергија не само што чини повеќе, туку исто така го зголемува загадувањето и испуштањето на фосилни горива, што придонесува за глобалните климатски промени.

Поради тоа, важно е да се знае на кој начин најдобро да се користи клима уредот со цел максимално да се заштеди на електрична енергија.

Можеби ќе ви се чини како непотребно трошење на електрична енергија кога го вклучувате и исклучувате клима уредот, но на тој начин ќе заштедите доста на пари, а клима уредот на тој начин работи подобро.

Всушност, системот на разладување на просторот најефикасен е кога работи со полна брзина, отколку кога работи во кратки периоди со помала брзина, со цел да се одржи константна температура во текот на целиот ден.

Освен тоа, кога клима уредот работи со полна брзина, подобро ќе ја избрка влагата од вашиот дом.

Електична енергија може да се заштеди и доколку термостатот на клима уредот го подесите на повисока температура (разликата помеѓу собната температура и надворешната не смее да биде поголема од 7 до 10 степени).

Според некои податоци, клима уредот троши од 3 до 5 % помалку енергија со секој степен погоре на термостатот.

За максимална заштеда на енергија, клима уредот оставете го да работи на 26 или повеќе степени целзиусови, додека не сте дома.

The post Ако веќе го вклучувате, оставете го клима уредот запален – ќе троши помалку! appeared first on Република.

]]>

Претераното трошење на електрична енергија не само што чини повеќе, туку исто така го зголемува загадувањето и испуштањето на фосилни горива, што придонесува за глобалните климатски промени. Поради тоа, важно е да се знае на кој начин најдобро да се користи клима уредот со цел максимално да се заштеди на електрична енергија. Можеби ќе ви се чини како непотребно трошење на електрична енергија кога го вклучувате и исклучувате клима уредот, но на тој начин ќе заштедите доста на пари, а клима уредот на тој начин работи подобро. Всушност, системот на разладување на просторот најефикасен е кога работи со полна брзина, отколку кога работи во кратки периоди со помала брзина, со цел да се одржи константна температура во текот на целиот ден. Освен тоа, кога клима уредот работи со полна брзина, подобро ќе ја избрка влагата од вашиот дом. Електична енергија може да се заштеди и доколку термостатот на клима уредот го подесите на повисока температура (разликата помеѓу собната температура и надворешната не смее да биде поголема од 7 до 10 степени). Според некои податоци, клима уредот троши од 3 до 5 % помалку енергија со секој степен погоре на термостатот. За максимална заштеда на енергија, клима уредот оставете го да работи на 26 или повеќе степени целзиусови, додека не сте дома.

The post Ако веќе го вклучувате, оставете го клима уредот запален – ќе троши помалку! appeared first on Република.

]]>