женско Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zensko/ За подобро да се разбереме Sun, 01 Jan 2023 13:22:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png женско Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zensko/ 32 32 Првото новороденче во Битола е женско – градоначалникот додели вредносен ваучер и подароци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prvoto-novorodenche-vo-bitola-e-zhensko-gradonachalnikot-dodeli-vrednosen-vaucher-i-podarotsi/ Sun, 01 Jan 2023 13:22:35 +0000 https://republika.mk/?p=592538

Само една минута по полноќ, во Болница Плодност на свет дојде женско новороденче, Бојана, тешко 3360 грама, со должина 50 сантиметри.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски ја посети болницата, а на мајката Стефани Чалеска Димитријевска и подари вредносен ваучер и подароци за новороденчето, во име на општината.

Искрени честитки по повод Новата година до тимот на Болница Плодност, којашто имаше успешна година, честитки до првородените, имаме прво женско родено бебе и се надеваме дека ќе имаме плодна година. Посакувам успешна работа во оваа година, а мајките и родителите поубав подарок за Новата година не можеа да добијат. Општина Битола е тука да помогне колку што може, да создава услови младите да останат во нашиот град“, рече градоначалникот Тони Коњановски.

Инаку, на првиот ден во Новата 2023 година во болницата се родија две бебиња.

Покрај првороденото во 00.01 часот, во 05.01 часот се роди и Александар, со родилна тежина 2730 грама и должина 48 сантиметри.

На неговата мајка Славица Тановска од Ресен, градоначалникот исто така и подари ваучер и подарок за новороденчето.

 

The post Првото новороденче во Битола е женско – градоначалникот додели вредносен ваучер и подароци appeared first on Република.

]]>

Само една минута по полноќ, во Болница Плодност на свет дојде женско новороденче, Бојана, тешко 3360 грама, со должина 50 сантиметри. Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски ја посети болницата, а на мајката Стефани Чалеска Димитријевска и подари вредносен ваучер и подароци за новороденчето, во име на општината.
Искрени честитки по повод Новата година до тимот на Болница Плодност, којашто имаше успешна година, честитки до првородените, имаме прво женско родено бебе и се надеваме дека ќе имаме плодна година. Посакувам успешна работа во оваа година, а мајките и родителите поубав подарок за Новата година не можеа да добијат. Општина Битола е тука да помогне колку што може, да создава услови младите да останат во нашиот град“, рече градоначалникот Тони Коњановски.
Инаку, на првиот ден во Новата 2023 година во болницата се родија две бебиња. Покрај првороденото во 00.01 часот, во 05.01 часот се роди и Александар, со родилна тежина 2730 грама и должина 48 сантиметри. На неговата мајка Славица Тановска од Ресен, градоначалникот исто така и подари ваучер и подарок за новороденчето.  

The post Првото новороденче во Битола е женско – градоначалникот додели вредносен ваучер и подароци appeared first on Република.

]]>