женско здравје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zensko-zdravje/ За подобро да се разбереме Sun, 29 Jan 2023 07:53:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png женско здравје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zensko-zdravje/ 32 32 Вакцината против ракот на грлото на матката е речиси стопроцентно ефикасна https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vaktsinata-protiv-rakot-na-grloto-na-matkata-e-rechisi-stoprotsentno-efikasna/ Sun, 29 Jan 2023 07:38:08 +0000 https://republika.mk/?p=602112

Ракот на грлото на матката е четврт најчест канцер кај жените, со над 600 илјади нови случаи во светски рамки. Во нашата држава, во просек секоја година 150 жени заболуваат, а 20 жени ја губат битката со оваа болест. Само со сеопфатен пристап на превенција, прегледи и лекување може да стави крај на карцином на грлото на матката како јавно здравствен проблем во само неколку генерации.

Како што објаснува за МИА специјалната претставничка на СЗО за Македонија и шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје, д-р Ане Јохансен, примарната причина за карцином на грлото на матката е хуманиот папилома вирус (ХПВ). Тоа е, како што вели, многу заразна инфекција која се пренесува преку сексуален контакт или контакт кожа на кожа.

ХПВ е исклучително чест вирус – 80 отсто од сексуално активните жени и мажи го добиваат во одреден момент од животот. Постојаната инфекција со високоризичен тип на ХПВ може да доведе до абнормални промени во клетките на грлото на матката. Овие промени се нарекуваат преканцерозни израстоци (или лезии). Ако не заздрават или не се отстранат, може да се развијат во карцином. Обично потребни се години за овие израстоци да се развијат во карцином на грлото на матката, вели д-р Јохансен.

Како што потенцира, помеѓу факторите на ризик се вбројуваат и возраста од првата бременост, три или повеќе полнорочни бремености, пушење цигари, ослабен имунолошки систем, ХИВ инфекција или присуство на други сексуално преносливи инфекции.

Симптомите на карцином на грлото на матката во рана фаза вклучуваат неправилно крварење меѓу менструалните циклуси или по менопаузата, зголемен вагинален исцедок со непријатен мирис, вагинално крварење по сексуален однос, болка во карлицата или болка за време на сексуалниот однос.

Симптомите на напредната фаза на карцином на грлото на матката вклучуваат постојана болка во грбот, нозете или карлицата, губење на тежината, замор, губење на апетит, непријатен исцедок и вагинална непријатност и отекување на ногата или на двата долни екстремитети.

Карцином на грло на матка најчесто се развива кај жените од 20 до 45 години

Специјалната претставничка на СЗО за Македонија вели дека карциномот на грлото на матката е еден од најчестите видови на карцином што ги погодува жените, со околу 69.000 случаи и 30.000 смртни случаи регистрирани годишно во Европскиот регион на СЗО.

Таа додава дека поверојатно е оваа болест да се развие кај жени на возраст од 20 до 45 години, а инциденцата е поголема во земјите кои немаат ефективни организирани програми за скрининг на карцином на грлото на матката.

Во текот на 2021 година во државава беа регистрирани 179 нови случаи на карцином на грлото на матката, односно 5,5 проценти од вкупно евидентираните случаи со карцином во државата, додека пак инциденцата изнесува 19,34/100.000 женско население, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје на Република Македонија.

Согласно поделбата на десет најчести примарни локализации на карцином кај жени во нашата држава за 2021 година, карциномот на грлото на матката се наоѓа на шесто место, а пак на прво место е карциномот на дојка.

Во 2020 година пак, имало околу 604.000 случаи на карцином на грлото на матката и 342.000 смртни случаи поради истиот ширум светот.

Од Министерството за здравство за МИА информираат дека во нашата држава, во просек секоја година 150 жени заболуваат од рак на грлото на матката, а 20 жени ја губат битката со оваа болест.

Потребно информирање, едукација, вакцинирање, скрининг преглед

Во рамки на месецот за подигање на свеста за карциномот на грлото на матката, главните пораки кои беа упатени е задолжително информирање и едукација на жените за карциномот на грлото на матката, скрининг преглед и вакцинирање со две дози до ХПВ вакцината.

Пораките се јасни – информирајте се. Дознајте ги фактите за карциномот на грлото на матката и хуманиот папилома вирус (ХПВ) што го предизвикува. Помогнете да ги едуцирате и другите жени во вашиот живот. Направете скрининг преглед. Скринингот за карцином на грлото на матката обично започнува на 30-годишна возраст и периодично се повторува. Вакцинирајте се. ХПВ вакцината се дава во две дози кои треба да започнат кога девојчето е помеѓу 9 и 14 години. Со ХПВ вакцина во Македонија се вакцинираат само девојчиња, со наполнети 12 години, со давање на две дози на вакцина, на растојание од шест месеци, вели д-р Јохансен за МИА.

Специјалната претставничка на СЗО за Македонија уверува дека кога ќе се дијагностицира, карциномот на грлото на матката е една од најуспешно излечливите форми на карцином, доколку се открие рано и ефикасно се менаџира. Карциномот дијагностициран во доцните фази, исто така, може да се третира со соодветен третман и палијативна нега.

Покрај тоа што се спречуваат преку вакцинација против ХПВ, преканцерозните лезии лесно може да се откријат преку скрининг преглед пред да развијат во карцином.

Вакцината за ХПВ е речиси 100 отсто ефикасна во спречувањето на повеќето ХПВ инфекции кои може да резултираат со преканцерозна состојба и карцином.

-Кога ќе се откријат, преканцерозните лезии може да се третираат и да се избегне карцином. Програмите за скрининг, исто така, можат да го откријат карциномот во рана фаза кога третманот има поголем потенцијал за излекување. Воведувањето на ХПВ вакцината пошироко, во комбинација со организиран скрининг за карцином на грлото на матката, има потенцијал да спаси многу животи, особено кај помладите жени, додава д-р Јохансен.

Како што појаснува, главните третмани за карцином на грлото на матката се хирушка интервенција, радиотерапија и хемотерапија, што може да доведе до долгорочни здравствени проблеми, вклучително и неплодност.

Д-р Јохансен потенцира дека организираните програми за скрининг овозможуваат откривање на преканцерозни лезии, кои доколку се третираат правилно може да го спречат развојот на инвазивен канцер.

Министерството за здравство организира скрининг за рана детекција, кампањи за подигнување на свеста

Од Министерството за здравство за МИА информираат дека организираат скрининг за рана детекција на карцином на грлото на матката. За закажување превентивен преглед за рана детекција на карцином на грлото на матката, како што велат, достапна е веб платформата „https://skrining.zdravstvo.gov.mk/“.

Оттаму потенцираат дека за тековната 2023 се продолжува со организираниот скрининг за жени на возраст од 21 до 59 години кои во последните три години немаат направено ПАП тест. Прегледот во рамки на скринингот за оваа возрасна група е бесплатен за жената.

-Министерството за здравство е фокусирано на унапредување на женското здравје и за таа цел се реализира континуирана кампања за промоција и подигнување на свесноста за ова заболување, а со цел рано откривање, што може да спаси живот. За таа цел, се спроведува скрининг за рано откривање рак на грло на матката, со бесплатен преглед и ПАП тест кај матичниот гинеколог за жените на возраст од 21 до 59 години, кои во последните три години немаат направено ваков преглед, посочија од Министерството.

Тие информираат дека со организиран скрининг, минатата година, биле опфатени жените на возраст од 36 до 45 години, кои во последните три години немале направено ПАП тест.

-Веб платформата skrining.mk е директно поврзана со системот МојТермин и матичниот гинеколог веднаш добива информација за пријавени пациентки, по што ги известува пациентките во кој термин е закажан прегледот. Согласно распоредот предвиден во планот за ПАП тестирање, матичниот гинеколог ги повикува жените информирајќи за точниот датум и час кога треба да се направи ПАП тестот. Исто така и матичните гинеколози можат да вршат пријавување на пациентки на оваа возраст и согласно план и распоред да ги повикуваат, велат за МИА од Министерството.

Како што појаснуваат, од април месец 2022 година, до крајот на минатата година, веб платформата ја искористиле вкупно 17.204 пациентки, од кои за 12.194 пациентки бил земен ПАП тест.

Инаку, во буџетот за 2023 година за Програмата за рана детекција на малигни заболувања се предвидени 23.570.000 денари.

The post Вакцината против ракот на грлото на матката е речиси стопроцентно ефикасна appeared first on Република.

]]>

Ракот на грлото на матката е четврт најчест канцер кај жените, со над 600 илјади нови случаи во светски рамки. Во нашата држава, во просек секоја година 150 жени заболуваат, а 20 жени ја губат битката со оваа болест. Само со сеопфатен пристап на превенција, прегледи и лекување може да стави крај на карцином на грлото на матката како јавно здравствен проблем во само неколку генерации. Како што објаснува за МИА специјалната претставничка на СЗО за Македонија и шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје, д-р Ане Јохансен, примарната причина за карцином на грлото на матката е хуманиот папилома вирус (ХПВ). Тоа е, како што вели, многу заразна инфекција која се пренесува преку сексуален контакт или контакт кожа на кожа.
ХПВ е исклучително чест вирус – 80 отсто од сексуално активните жени и мажи го добиваат во одреден момент од животот. Постојаната инфекција со високоризичен тип на ХПВ може да доведе до абнормални промени во клетките на грлото на матката. Овие промени се нарекуваат преканцерозни израстоци (или лезии). Ако не заздрават или не се отстранат, може да се развијат во карцином. Обично потребни се години за овие израстоци да се развијат во карцином на грлото на матката, вели д-р Јохансен.
Како што потенцира, помеѓу факторите на ризик се вбројуваат и возраста од првата бременост, три или повеќе полнорочни бремености, пушење цигари, ослабен имунолошки систем, ХИВ инфекција или присуство на други сексуално преносливи инфекции. Симптомите на карцином на грлото на матката во рана фаза вклучуваат неправилно крварење меѓу менструалните циклуси или по менопаузата, зголемен вагинален исцедок со непријатен мирис, вагинално крварење по сексуален однос, болка во карлицата или болка за време на сексуалниот однос. Симптомите на напредната фаза на карцином на грлото на матката вклучуваат постојана болка во грбот, нозете или карлицата, губење на тежината, замор, губење на апетит, непријатен исцедок и вагинална непријатност и отекување на ногата или на двата долни екстремитети.

Карцином на грло на матка најчесто се развива кај жените од 20 до 45 години

Специјалната претставничка на СЗО за Македонија вели дека карциномот на грлото на матката е еден од најчестите видови на карцином што ги погодува жените, со околу 69.000 случаи и 30.000 смртни случаи регистрирани годишно во Европскиот регион на СЗО. Таа додава дека поверојатно е оваа болест да се развие кај жени на возраст од 20 до 45 години, а инциденцата е поголема во земјите кои немаат ефективни организирани програми за скрининг на карцином на грлото на матката. Во текот на 2021 година во државава беа регистрирани 179 нови случаи на карцином на грлото на матката, односно 5,5 проценти од вкупно евидентираните случаи со карцином во државата, додека пак инциденцата изнесува 19,34/100.000 женско население, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје на Република Македонија. Согласно поделбата на десет најчести примарни локализации на карцином кај жени во нашата држава за 2021 година, карциномот на грлото на матката се наоѓа на шесто место, а пак на прво место е карциномот на дојка. Во 2020 година пак, имало околу 604.000 случаи на карцином на грлото на матката и 342.000 смртни случаи поради истиот ширум светот. Од Министерството за здравство за МИА информираат дека во нашата држава, во просек секоја година 150 жени заболуваат од рак на грлото на матката, а 20 жени ја губат битката со оваа болест.

Потребно информирање, едукација, вакцинирање, скрининг преглед

Во рамки на месецот за подигање на свеста за карциномот на грлото на матката, главните пораки кои беа упатени е задолжително информирање и едукација на жените за карциномот на грлото на матката, скрининг преглед и вакцинирање со две дози до ХПВ вакцината.
Пораките се јасни – информирајте се. Дознајте ги фактите за карциномот на грлото на матката и хуманиот папилома вирус (ХПВ) што го предизвикува. Помогнете да ги едуцирате и другите жени во вашиот живот. Направете скрининг преглед. Скринингот за карцином на грлото на матката обично започнува на 30-годишна возраст и периодично се повторува. Вакцинирајте се. ХПВ вакцината се дава во две дози кои треба да започнат кога девојчето е помеѓу 9 и 14 години. Со ХПВ вакцина во Македонија се вакцинираат само девојчиња, со наполнети 12 години, со давање на две дози на вакцина, на растојание од шест месеци, вели д-р Јохансен за МИА.
Специјалната претставничка на СЗО за Македонија уверува дека кога ќе се дијагностицира, карциномот на грлото на матката е една од најуспешно излечливите форми на карцином, доколку се открие рано и ефикасно се менаџира. Карциномот дијагностициран во доцните фази, исто така, може да се третира со соодветен третман и палијативна нега. Покрај тоа што се спречуваат преку вакцинација против ХПВ, преканцерозните лезии лесно може да се откријат преку скрининг преглед пред да развијат во карцином. Вакцината за ХПВ е речиси 100 отсто ефикасна во спречувањето на повеќето ХПВ инфекции кои може да резултираат со преканцерозна состојба и карцином.
-Кога ќе се откријат, преканцерозните лезии може да се третираат и да се избегне карцином. Програмите за скрининг, исто така, можат да го откријат карциномот во рана фаза кога третманот има поголем потенцијал за излекување. Воведувањето на ХПВ вакцината пошироко, во комбинација со организиран скрининг за карцином на грлото на матката, има потенцијал да спаси многу животи, особено кај помладите жени, додава д-р Јохансен.
Како што појаснува, главните третмани за карцином на грлото на матката се хирушка интервенција, радиотерапија и хемотерапија, што може да доведе до долгорочни здравствени проблеми, вклучително и неплодност. Д-р Јохансен потенцира дека организираните програми за скрининг овозможуваат откривање на преканцерозни лезии, кои доколку се третираат правилно може да го спречат развојот на инвазивен канцер.

Министерството за здравство организира скрининг за рана детекција, кампањи за подигнување на свеста

Од Министерството за здравство за МИА информираат дека организираат скрининг за рана детекција на карцином на грлото на матката. За закажување превентивен преглед за рана детекција на карцином на грлото на матката, како што велат, достапна е веб платформата „https://skrining.zdravstvo.gov.mk/“. Оттаму потенцираат дека за тековната 2023 се продолжува со организираниот скрининг за жени на возраст од 21 до 59 години кои во последните три години немаат направено ПАП тест. Прегледот во рамки на скринингот за оваа возрасна група е бесплатен за жената.
-Министерството за здравство е фокусирано на унапредување на женското здравје и за таа цел се реализира континуирана кампања за промоција и подигнување на свесноста за ова заболување, а со цел рано откривање, што може да спаси живот. За таа цел, се спроведува скрининг за рано откривање рак на грло на матката, со бесплатен преглед и ПАП тест кај матичниот гинеколог за жените на возраст од 21 до 59 години, кои во последните три години немаат направено ваков преглед, посочија од Министерството.
Тие информираат дека со организиран скрининг, минатата година, биле опфатени жените на возраст од 36 до 45 години, кои во последните три години немале направено ПАП тест.
-Веб платформата skrining.mk е директно поврзана со системот МојТермин и матичниот гинеколог веднаш добива информација за пријавени пациентки, по што ги известува пациентките во кој термин е закажан прегледот. Согласно распоредот предвиден во планот за ПАП тестирање, матичниот гинеколог ги повикува жените информирајќи за точниот датум и час кога треба да се направи ПАП тестот. Исто така и матичните гинеколози можат да вршат пријавување на пациентки на оваа возраст и согласно план и распоред да ги повикуваат, велат за МИА од Министерството.
Како што појаснуваат, од април месец 2022 година, до крајот на минатата година, веб платформата ја искористиле вкупно 17.204 пациентки, од кои за 12.194 пациентки бил земен ПАП тест. Инаку, во буџетот за 2023 година за Програмата за рана детекција на малигни заболувања се предвидени 23.570.000 денари.

The post Вакцината против ракот на грлото на матката е речиси стопроцентно ефикасна appeared first on Република.

]]>
Во „Мој термин“ се воведува поле „женско здравје“ каде што ќе ги има извештаите од ехо, мамографија, преглед на дојка https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-moj-termin-se-voveduva-pole-zhensko-zdravje-kade-shto-ke-gi-ima-izveshtaite-od-eho-mamografija-pregled-na-dojka/ Wed, 25 Jan 2023 07:59:42 +0000 https://republika.mk/?p=600685

Националниот систем „Мој термин“ на барање на Македонското лекарско друштво (МЛД) ќе воведе поле „женско здравје“ каде што лекарот кој ја прегледува пациентката може да ги види на едно место извештаите од гинеколошките испитувања, како и прегледите на дојка, ехо, момографија.

– На наше барање во електронското досие на пациентките ќе биде додаден посебен дел кошто ќе се нарекува „женско здравје“ каде што лекарот кој што ја прегледува пациентката може да ги види на едно место извештаите од гинеколошките испитувања, како и прегледите на дојка, ехо, момографија и во тек е дополнување на овој модул со секција за следење на ХПВ статусот на секоја жена и каков е незјиниот вакцинален статус, изјави проф. д-р Горан Димитров, претседаттел на МЛД.

Од 23 до 29 јануари се одбележува Недела на борба против ракот на грлото на матката. На прес-конфернецијата што беше организирана од страна на Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија, Македонското здружение на радиолози и Македонското здружение за патологија (членки на МЛД) беше истакнато ХПВ тестирањето е статистичка метода со која се покажува дека практично жената којашто има високоризичен тип носи оргромен ризик да има преканцероза и на тој начин рано се открива и се лекува, со што се спречува да дојде до инвазивен рак.

На 100 000 жени на годишно ниво, според податоците од последните неколку години, 20-21 заболуваат од рак на грло на матка, што е доста висок процент. Потребно е подигање на јавната свест за што посмасовна ХПВ вакцинација кај девојчињата и ХПВ примарен скрининг кај жените на возраст од 25 до 65 години.

Примарен ХПВ скрининг – тоа значи дека на почетокот на одредена популација се земаат примероци од грло на матка и се тестираат за присуство на ХПВ вирусот следено со негова генотипизација односно одредување на гентипот на вирусот, односно дали се работи за ниско или високо ризичен, наведе професорот Рубенс Јовановиќ.

Тој појасни дека веќе повеќе европски земји практикуваат примерен ХПВ скрининг, со тоа што скринингот се спроведува кај жените на возраст од 25 до 65 години и додаде дека е утврдено во тој скрининг да не спаѓаат жените од помладата возрасна група од 21 до 25 години бидејќи бројот на инфекции кај таа возрасна група е голем и анализите покажуваат дека најголем дел од тие инфекции спонтано ќе се елиминираат и само во помал процент вирусот ќе премине во интегративна фаза.

Професорот Јовановиќ истакна дека на здравствените власти им е даден предлог за спроведување на примарен ХПВ скрининг.

Доколку нашиот здравствен систем тргне со примарно ХПВ тестирање треба да повнимаваме тоа да се одвива по строги протоколи, со строги тестови, бидејќи од повеќе од 480 тестови достапни на пазарот само 14 се валидирани, а само четири се одобрени од Американската агенција за храна и лекови. Ќе треба многу да се внимава, бидејќи многу е битно, доколку се одлучиме за ваков тип на примарен скрининг, сите лаборатории коишто ќе бидат инволвирани во тој скрининг да користат иста методологија и исти тестови за да имаат компарабилни резултати, нагласи Јовановиќ.

Во однос на вакцините на прес-конфернецијата беше истакната дека процентот на вакцинирани не е доволен и оти мора да се подигне јавната свест за ХПВ вакцината. Деветовалентната вакцина, се смета за откритие на 21 век.

Професорката Александра Гроздановска посочи дека се објавуваат многу дезинформации во однос на вакцините.

ХПВ вакцината е една од најпосебните вакцини бидејќи станува збор за вакцина којашто покрај тоа што делува на инфективно заболување, а тоа е ХПВ инфекцијата, превенира развој на карционом, потенцираше Гроздановска.

Таа додаде дека ракот на грло на матка е втор по карциномот на гради и дека најдобро е да се превенира.

Гроздановска наведе дека државата нуди ефикасната и достапна вакцини за која треба да се подигне свеста кај родителите и девојките кои се од 12 до 15 годишна возраст да се вакцинираат.

Докторката Виолета Клисарова го објасни методот на лекување на различни типови на кационом на грло на матка и посочи дека постојано се надградува и модернизира начинот на лекување.

Професорите на прес-конференцијата ги претставија и придобивките кај земјите кои вовеле примарен ХПВ вирус како и од примената на ХПВ вакцината.

The post Во „Мој термин“ се воведува поле „женско здравје“ каде што ќе ги има извештаите од ехо, мамографија, преглед на дојка appeared first on Република.

]]>

Националниот систем „Мој термин“ на барање на Македонското лекарско друштво (МЛД) ќе воведе поле „женско здравје“ каде што лекарот кој ја прегледува пациентката може да ги види на едно место извештаите од гинеколошките испитувања, како и прегледите на дојка, ехо, момографија. – На наше барање во електронското досие на пациентките ќе биде додаден посебен дел кошто ќе се нарекува „женско здравје“ каде што лекарот кој што ја прегледува пациентката може да ги види на едно место извештаите од гинеколошките испитувања, како и прегледите на дојка, ехо, момографија и во тек е дополнување на овој модул со секција за следење на ХПВ статусот на секоја жена и каков е незјиниот вакцинален статус, изјави проф. д-р Горан Димитров, претседаттел на МЛД. Од 23 до 29 јануари се одбележува Недела на борба против ракот на грлото на матката. На прес-конфернецијата што беше организирана од страна на Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија, Македонското здружение на радиолози и Македонското здружение за патологија (членки на МЛД) беше истакнато ХПВ тестирањето е статистичка метода со која се покажува дека практично жената којашто има високоризичен тип носи оргромен ризик да има преканцероза и на тој начин рано се открива и се лекува, со што се спречува да дојде до инвазивен рак. На 100 000 жени на годишно ниво, според податоците од последните неколку години, 20-21 заболуваат од рак на грло на матка, што е доста висок процент. Потребно е подигање на јавната свест за што посмасовна ХПВ вакцинација кај девојчињата и ХПВ примарен скрининг кај жените на возраст од 25 до 65 години.
Примарен ХПВ скрининг – тоа значи дека на почетокот на одредена популација се земаат примероци од грло на матка и се тестираат за присуство на ХПВ вирусот следено со негова генотипизација односно одредување на гентипот на вирусот, односно дали се работи за ниско или високо ризичен, наведе професорот Рубенс Јовановиќ.
Тој појасни дека веќе повеќе европски земји практикуваат примерен ХПВ скрининг, со тоа што скринингот се спроведува кај жените на возраст од 25 до 65 години и додаде дека е утврдено во тој скрининг да не спаѓаат жените од помладата возрасна група од 21 до 25 години бидејќи бројот на инфекции кај таа возрасна група е голем и анализите покажуваат дека најголем дел од тие инфекции спонтано ќе се елиминираат и само во помал процент вирусот ќе премине во интегративна фаза. Професорот Јовановиќ истакна дека на здравствените власти им е даден предлог за спроведување на примарен ХПВ скрининг.
Доколку нашиот здравствен систем тргне со примарно ХПВ тестирање треба да повнимаваме тоа да се одвива по строги протоколи, со строги тестови, бидејќи од повеќе од 480 тестови достапни на пазарот само 14 се валидирани, а само четири се одобрени од Американската агенција за храна и лекови. Ќе треба многу да се внимава, бидејќи многу е битно, доколку се одлучиме за ваков тип на примарен скрининг, сите лаборатории коишто ќе бидат инволвирани во тој скрининг да користат иста методологија и исти тестови за да имаат компарабилни резултати, нагласи Јовановиќ.
Во однос на вакцините на прес-конфернецијата беше истакната дека процентот на вакцинирани не е доволен и оти мора да се подигне јавната свест за ХПВ вакцината. Деветовалентната вакцина, се смета за откритие на 21 век. Професорката Александра Гроздановска посочи дека се објавуваат многу дезинформации во однос на вакцините.
ХПВ вакцината е една од најпосебните вакцини бидејќи станува збор за вакцина којашто покрај тоа што делува на инфективно заболување, а тоа е ХПВ инфекцијата, превенира развој на карционом, потенцираше Гроздановска.
Таа додаде дека ракот на грло на матка е втор по карциномот на гради и дека најдобро е да се превенира. Гроздановска наведе дека државата нуди ефикасната и достапна вакцини за која треба да се подигне свеста кај родителите и девојките кои се од 12 до 15 годишна возраст да се вакцинираат. Докторката Виолета Клисарова го објасни методот на лекување на различни типови на кационом на грло на матка и посочи дека постојано се надградува и модернизира начинот на лекување. Професорите на прес-конференцијата ги претставија и придобивките кај земјите кои вовеле примарен ХПВ вирус како и од примената на ХПВ вакцината.

The post Во „Мој термин“ се воведува поле „женско здравје“ каде што ќе ги има извештаите од ехо, мамографија, преглед на дојка appeared first on Република.

]]>