Според некои стари руски традиции, се верува дека имињата можат да влијаат на судбината на една личност. Според нив одредени имиња се сметаат за непожелни за девојките, бидејќи се верува дека носат предизвици и тешкотии во животот.
Три од тие имиња се доста чести во Македонија:
Името Вера симболизира внатрешна сила и голема способност да се надминат тешкотиите. Но токму поради тоа, се верува дека девојките со ова име може да доживеат значителни пречки и предизвици пред да постигнат просперитет или успех.
Се верува дека девојките со името Александра често ќе се најдат во ситуации кога треба да се грижат за семејството и секојдневно да да се соочуваат со проблеми, дури и ако повеќе би сакале да прават нешто што ги исполнува. Овој јаз помеѓу желбите и обврските може да доведе до чувство на незадоволство.
На Тамарите им се припишуваат предизвици како соочување со предавство и здравствени проблеми. Исто така, се верува дека е можно девојките со име Тамара да доживеат неуспеси во бракот, можеби дури и да станат вдовица или да се разведат. Ако Тамара повторно се омажи, таа може премногу да се врзе за партнерот, што може да доведе до тензија во врската поради нејзините стравови и сомнежи.
The post Три женски македонски имиња за кои се верува дека носат несреќа appeared first on Република.
]]>The post Три женски македонски имиња за кои се верува дека носат несреќа appeared first on Република.
]]>На страницата Amazing Maps е споделена карта на Европа, на која се претставени најпопуларните имиња за девојчиња во различни земји.
Со оглед на тоа што мапите кои истакнуваат интересни податоци за земјите ширум светот стануваат сè попопуларни, на една од нив е претставено кои се најчестите имиња за девојчиња во земјите од Европа во 2023 година. Податоците за картата се преземени од веб-страницата Fatherly.
Јана е најпопуларното име во Македонија. Едно од најчестите имиња претставени на картата е Софија. Ова име е најзастапено во соседните Србија и Црна Гора, но и во Италија, Русија и Словачка.
Најчестото име во БиХ е Сара. Во Хрватска најпопуларното име за девојчиња минатата година е Миа, а истото било и најчестото име во Швајцарија, но и во Естонија. Во Словенија, девојчињата најчесто ги нарекувале Ема во претходната година и Амелија во Албанија.
Во Португалија и Грција најчесто име за девојчиња било Марија, а во Шпанија Лусија. Во Турција тоа е Зејнеп, а во Велика Британија и Финска е Оливија.
Токму овие имиња беа меѓу најчестите ширум светот во 2022 година, според истражувањето на BabyCentre.
Во тоа време, имињата Софија, Оливија, Амелија, Миа, Емили, Изабела, Хана, Ема, меѓу другите, беа наведени меѓу стоте најпопуларни.
View this post on Instagram
The post Кои се најчестите имиња на девојчиња во Европа, во Македонија е Јана appeared first on Република.
]]>View this post on Instagram
The post Кои се најчестите имиња на девојчиња во Европа, во Македонија е Јана appeared first on Република.
]]>Неколку стари македонски имиња кои иако веќе не се популарни, во себе кријат неверојатна симболика.
1. Ружица – име на кралицата на цвеќињата, кое одлично ќе ми прилега на секое девојче. Розата е истовремено е нешто нежно, романтично и кршливо, но силно и симболично.
2. Лидија – ова име значи „родена од Бога“, односно жена од Лидија, покраина во Мала Азија. Во коренот на името има асирски збор кој значи луѓе.
3. Љубица – женско име со старословенско потекло, настанато од билката љубичица.
4. Верица – основното толкување е христијанската доблест, верата, а самото име ќе се преведе како „онаа која верува“ или „онаа која е верна“.
5. Зорица – името потекнува од поимот кој означува дел од денот, зората и симболизира почеток на светлината. Како симбол за убавина, зората била инспирација на многу уметници во нивното создавање.
6. Јасна – името настанало од придавката јасна, која значи светла, сјајна. Ова име симболизира позитивност, оптимизам и шарм.
The post Стари македонски женски имиња со убава симболика appeared first on Република.
]]>The post Стари македонски женски имиња со убава симболика appeared first on Република.
]]>Имињата што им се даваат на децата во нашите краишта имаат посебно значење. „Името е судбина“ верувале нашите предци, кои ги избирале имињата на своите деца и според празниците околу кои се родени, традиција која трае и денеска.
За девојчињата родени околу најголемиот христијански празник, Христовото воскресение или Велигден, најчесто се одбира името - Анастасија, што и самото значи воскресение.
Доаѓа од грчкиот збор „anastasia“ што значи „таа што воскресна“ („anastasis“ = воскресение, подигање).
Машката форма на ова име е Анастас, и таа, како и женското лично име, спаѓа во т.н. група на имиња од „верско календарче“.
Според значењето на името се верува дека личностите кои го носат секогаш имаат повеќе шанси за среќа во животот, тие се ведри и вредни и секогаш се исправаат гордо после животните порази.
The post Девојчињата родени околу Велигден најчесто го носат ова преубаво име appeared first on Република.
]]>The post Девојчињата родени околу Велигден најчесто го носат ова преубаво име appeared first on Република.
]]>