женева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zeneva/ За подобро да се разбереме Sat, 25 May 2024 16:31:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png женева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zeneva/ 32 32 Трета титула за Руд во Женева https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/treta-titula-za-rud-vo-zheneva/ Sat, 25 May 2024 16:31:13 +0000 https://republika.mk/?p=781673

Најдобриот норвешки тенисер Каспер Руд (АТП – 7.) трет пат во кариерата го освои победничкиот трофеј на АТП турнирот во Женева, совладувајќи го попладнево во финалето Чехот Томаш Махач (АТП – 44.) со 7-5, 6-3.

Руд триумфираше во Женева и во 2021, 2022 и 2024 година.

За Махач ова беше прво АТП финале, додека Руд ја освои својата 12 титула во своето 23 финале, второ сезонава, откако го подигна победничкиот пехар во Барселона.

Освоените бодови на Руд нема да му донесат поместување на АТП рангирањето, додека Махач од 44. место ќе скокне на 34. позиција, што е најдобар пласман во неговата кариера.

Настапот во Женева, чешкиот тенисер ќе го памети и по полуфиналната победа против тенисерот број еден во светот Новак Ѓоковиќ.

The post Трета титула за Руд во Женева appeared first on Република.

]]>

Најдобриот норвешки тенисер Каспер Руд (АТП – 7.) трет пат во кариерата го освои победничкиот трофеј на АТП турнирот во Женева, совладувајќи го попладнево во финалето Чехот Томаш Махач (АТП – 44.) со 7-5, 6-3. Руд триумфираше во Женева и во 2021, 2022 и 2024 година. За Махач ова беше прво АТП финале, додека Руд ја освои својата 12 титула во своето 23 финале, второ сезонава, откако го подигна победничкиот пехар во Барселона. Освоените бодови на Руд нема да му донесат поместување на АТП рангирањето, додека Махач од 44. место ќе скокне на 34. позиција, што е најдобар пласман во неговата кариера. Настапот во Женева, чешкиот тенисер ќе го памети и по полуфиналната победа против тенисерот број еден во светот Новак Ѓоковиќ.

The post Трета титула за Руд во Женева appeared first on Република.

]]>
„Патување пеш“ на Тамара Котевска на 12 март со европска премиера на Фестивалот за човекови права во Женева https://arhiva3.republika.mk/scena/film/patuvane-pesh-na-tamara-kotevska-na-12-mart-so-evropska-premiera-na-festivalot-za-chovekovi-prava-vo-zheneva/ Tue, 05 Mar 2024 14:49:28 +0000 https://republika.mk/?p=751577

„Режисерката на ‘Медена земја’ се враќа со современа бајка направена со чувствителност и поезија додека џиновската кукла патува од Сирија низ Европа за да ја раскаже приказната за миграцијата од детска перспектива. Амал, што на арапски значи надеж, е кукла висока 3,5 метри. Нејзините долги нозе ја носат низ огромни предели и мали села. Таа ги дише дрвјата, ги чувствува крилјата на пеперутките, ја дочекуваат со музика и радост и се спријателува со децата во бегалскиот камп, со младите мигранти кои спијат под мостовите и со самиот папа. Но, кој пат води дома кога сте дете бегалец?“. Со овие зборови еден од најголемите фестивали за документарен филм во светот CPH:DOX го најавува филмот на Котевска

Документарецот „Патување пеш“ (The Walk) на Тамара Котевска, на 12 март ќе ја има својата европска премиера на фестивалот за човекови права FIFDH (International Film Festival and Forum On Human Rights) во Женева, Швајцарија. Вториот долгометражен документарен филм на македонската режисерка, позната по „Медена земја“, е посветен на сите бегалци од Сирија и Палестина и го следи патешествието на џиновската кукла Амал, висока 3,5 метри, која претставува млада сириска бегалка, и која се обидува да си најде нов и безбеден дом, патувајќи од Турција до Англија. Филмот ќе се прикаже во рамки на натпреварувачката категоријата за креативни документарци, а проекција ќе има и на 13 март. Фестивалот FIFDH, кој годинава ќе се одржи од 8 до 17 март, над две децении е посветен на киното и на промоцијата на човековите права, а секоја година, во срцето на Женева и паралелно со главната сесија на Советот за човекови права на ОН, презентира филмови и води дебати кои нагласуваат различни борби и ги осудуваат прекршувањата на човековите права каде и да се случат.

Во март „Патување пеш“ ќе има и пет проекции и на еден од најголемите фестивали за документарен филм во светот CPH:DOX (Copenhagen International Documentary Film Festival) како дел од програмата „Highlights“. Филмот пред публиката во Копенхаген, Данска ќе се прикаже на 13, 15, 18, 21 и 22 март, а дел од проекциите ќе бидат проследени со дебати за темата на филмот и прашањето: Каде одите кога вашиот дом исчезнал?

„Режисерката на ‘Медена земја’ се враќа со современа бајка направена со чувствителност и поезија додека џиновската кукла патува од Сирија низ Европа за да ја раскаже приказната за миграцијата од детска перспектива. Во својот втор долгометражен филм, Македонката Тамара Котевска, која го режираше номинираниот за Оскар ‘Медена земја’, започнува долго патување од сириската граница до Турција и патува сè нагоре низ Европа до Ла Манш. Нејзината камера следи две деветгодишни девојчиња кои избегаа од Алепо и војната во Сирија во потрага по нов дом. Асил е заробена во Турција, сираче, без пасош, а сепак полна со надеж. Амал е исто така бегалка, но благодарение на нејзините џиновски чизми, таа може да го пропатува светот преку границите и ништо не може да ја спречи, дури ни омразените христијански фанатици со кои таа се среќава на патот. Амал, што на арапски значи надеж, е кукла висока 3,5 метри. Нејзините долги нозе ја носат низ огромни предели и мали села. Таа ги дише дрвјата, ги чувствува крилјата на пеперутките, ја дочекуваат со музика и радост и се спријателува со децата во бегалскиот камп, со младите мигранти кои спијат под мостовите и со самиот папа. Но, кој пат води дома кога сте дете бегалец?“. Со овие зборови фестивалот CPH:DOX, кој годинава се одржува од 13 до 24 март, го најавува документарецот на Котевска.

Инаку, во креативниот тим на филмот, покрај Тамара Котевска се и монтажерот Мартин Иванов, кинематограферот Самир Љума и композиторот Дуке Бојаџиев. Главен продуцент на филмот е Grain Media – една од најголемите британски филмски компании фокусирана на документарни филмови, а македонски копродуцент е ОХО Продукција. Филмот е поддржан и од Агенцијата за филм.

-Уште една добра вест е што реномираната компанија „Together Films“, со седишта во Лондон и Њујорк и значајно искуство во светска дистрибуција на филмови, ги обезбеди правата на „Патување пеш“ и истиот ќе го дистрибуира низ светот. Тој беше претставен за продажба и на овогодишниот филмски маркет во Берлин, а во следниот период ќе биде дел од маркетите на CPH DOX во Копенхаген и SXSW во САД, соопштија неодамна од ОХО Продукција.

The post „Патување пеш“ на Тамара Котевска на 12 март со европска премиера на Фестивалот за човекови права во Женева appeared first on Република.

]]>

„Режисерката на ‘Медена земја’ се враќа со современа бајка направена со чувствителност и поезија додека џиновската кукла патува од Сирија низ Европа за да ја раскаже приказната за миграцијата од детска перспектива. Амал, што на арапски значи надеж, е кукла висока 3,5 метри. Нејзините долги нозе ја носат низ огромни предели и мали села. Таа ги дише дрвјата, ги чувствува крилјата на пеперутките, ја дочекуваат со музика и радост и се спријателува со децата во бегалскиот камп, со младите мигранти кои спијат под мостовите и со самиот папа. Но, кој пат води дома кога сте дете бегалец?“. Со овие зборови еден од најголемите фестивали за документарен филм во светот CPH:DOX го најавува филмот на Котевска Документарецот „Патување пеш“ (The Walk) на Тамара Котевска, на 12 март ќе ја има својата европска премиера на фестивалот за човекови права FIFDH (International Film Festival and Forum On Human Rights) во Женева, Швајцарија. Вториот долгометражен документарен филм на македонската режисерка, позната по „Медена земја“, е посветен на сите бегалци од Сирија и Палестина и го следи патешествието на џиновската кукла Амал, висока 3,5 метри, која претставува млада сириска бегалка, и која се обидува да си најде нов и безбеден дом, патувајќи од Турција до Англија. Филмот ќе се прикаже во рамки на натпреварувачката категоријата за креативни документарци, а проекција ќе има и на 13 март. Фестивалот FIFDH, кој годинава ќе се одржи од 8 до 17 март, над две децении е посветен на киното и на промоцијата на човековите права, а секоја година, во срцето на Женева и паралелно со главната сесија на Советот за човекови права на ОН, презентира филмови и води дебати кои нагласуваат различни борби и ги осудуваат прекршувањата на човековите права каде и да се случат. Во март „Патување пеш“ ќе има и пет проекции и на еден од најголемите фестивали за документарен филм во светот CPH:DOX (Copenhagen International Documentary Film Festival) како дел од програмата „Highlights“. Филмот пред публиката во Копенхаген, Данска ќе се прикаже на 13, 15, 18, 21 и 22 март, а дел од проекциите ќе бидат проследени со дебати за темата на филмот и прашањето: Каде одите кога вашиот дом исчезнал? „Режисерката на ‘Медена земја’ се враќа со современа бајка направена со чувствителност и поезија додека џиновската кукла патува од Сирија низ Европа за да ја раскаже приказната за миграцијата од детска перспектива. Во својот втор долгометражен филм, Македонката Тамара Котевска, која го режираше номинираниот за Оскар ‘Медена земја’, започнува долго патување од сириската граница до Турција и патува сè нагоре низ Европа до Ла Манш. Нејзината камера следи две деветгодишни девојчиња кои избегаа од Алепо и војната во Сирија во потрага по нов дом. Асил е заробена во Турција, сираче, без пасош, а сепак полна со надеж. Амал е исто така бегалка, но благодарение на нејзините џиновски чизми, таа може да го пропатува светот преку границите и ништо не може да ја спречи, дури ни омразените христијански фанатици со кои таа се среќава на патот. Амал, што на арапски значи надеж, е кукла висока 3,5 метри. Нејзините долги нозе ја носат низ огромни предели и мали села. Таа ги дише дрвјата, ги чувствува крилјата на пеперутките, ја дочекуваат со музика и радост и се спријателува со децата во бегалскиот камп, со младите мигранти кои спијат под мостовите и со самиот папа. Но, кој пат води дома кога сте дете бегалец?“. Со овие зборови фестивалот CPH:DOX, кој годинава се одржува од 13 до 24 март, го најавува документарецот на Котевска. Инаку, во креативниот тим на филмот, покрај Тамара Котевска се и монтажерот Мартин Иванов, кинематограферот Самир Љума и композиторот Дуке Бојаџиев. Главен продуцент на филмот е Grain Media – една од најголемите британски филмски компании фокусирана на документарни филмови, а македонски копродуцент е ОХО Продукција. Филмот е поддржан и од Агенцијата за филм. -Уште една добра вест е што реномираната компанија „Together Films“, со седишта во Лондон и Њујорк и значајно искуство во светска дистрибуција на филмови, ги обезбеди правата на „Патување пеш“ и истиот ќе го дистрибуира низ светот. Тој беше претставен за продажба и на овогодишниот филмски маркет во Берлин, а во следниот период ќе биде дел од маркетите на CPH DOX во Копенхаген и SXSW во САД, соопштија неодамна од ОХО Продукција.

The post „Патување пеш“ на Тамара Котевска на 12 март со европска премиера на Фестивалот за човекови права во Женева appeared first on Република.

]]>
Oсмани од Женева: Мултилатералната соработка, клучна во остварување на човековите права https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-od-zheneva-multilateralnata-sorabotka-kluchna-vo-ostvaruvane-na-chovekovite-prava/ Tue, 12 Dec 2023 09:36:14 +0000 https://republika.mk/?p=722052

Во рамки на настанот на високо ниво за одбележување на седумдесет и пет години од Универзалната декларација за човекови права, во Обединетите нации во Женева, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари и низа билатерални средби со шефовите на најзначајните меѓународни организации и агенции: генералните директори на меѓународната организација за миграции и светската здравствена организација, Ејми Поуп и Тедрос Аданом, високиот комесар за човекови права Волкер Турк, како и со високиот комесар за бегалци, Филипо Гранди.

 

“Мултилатералната соработка се покажа како клучна во остварување на човековите права ширум светот. Токму тоа стана предуслов за успешни комплексни мировни мисии, како што беше неодамнешното успешно извлекување на цивилите од Газа. Во име на Министерството и сите граѓани на Македонија, огромна благодарност за солидарноста, соработка и помошта кога тоа најмногу ни беше потребно, имено при извлекување на нашите државјани од Газа, нивното привремено сместување и примарна здравствена заштита во Египет, по што и нивно упатување кон земјава” рече Османи на средба со директорот на меѓународната организација на миграции, Поуп.

 

Во својство на Претседавач со ОБСЕ, Османи истакна дека мултилатералните организации имаат значење кога им служат на луѓето, кога се причина за позитивна промена во нивниот живот. Токму оваа беше целта на овогодишното претседавање на Македонија со Организацијата.

 

“Хуманата димензија беше во фокус на нашето претседавање. Луѓето, без разлика кои се или каде живеат, на сите им требаат истите основни права– мир, безбедност, сигурност и просперитет.” рече Османи.

 

Теми на разговор беа прилагодувањето на мултилатералните организации кон тековните предизвици на луѓето како и интензивирањето на соработката меѓу организациите во новите геополитички околности.

 

The post Oсмани од Женева: Мултилатералната соработка, клучна во остварување на човековите права appeared first on Република.

]]>

Во рамки на настанот на високо ниво за одбележување на седумдесет и пет години од Универзалната декларација за човекови права, во Обединетите нации во Женева, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари и низа билатерални средби со шефовите на најзначајните меѓународни организации и агенции: генералните директори на меѓународната организација за миграции и светската здравствена организација, Ејми Поуп и Тедрос Аданом, високиот комесар за човекови права Волкер Турк, како и со високиот комесар за бегалци, Филипо Гранди.   “Мултилатералната соработка се покажа како клучна во остварување на човековите права ширум светот. Токму тоа стана предуслов за успешни комплексни мировни мисии, како што беше неодамнешното успешно извлекување на цивилите од Газа. Во име на Министерството и сите граѓани на Македонија, огромна благодарност за солидарноста, соработка и помошта кога тоа најмногу ни беше потребно, имено при извлекување на нашите државјани од Газа, нивното привремено сместување и примарна здравствена заштита во Египет, по што и нивно упатување кон земјава” рече Османи на средба со директорот на меѓународната организација на миграции, Поуп.   Во својство на Претседавач со ОБСЕ, Османи истакна дека мултилатералните организации имаат значење кога им служат на луѓето, кога се причина за позитивна промена во нивниот живот. Токму оваа беше целта на овогодишното претседавање на Македонија со Организацијата.   “Хуманата димензија беше во фокус на нашето претседавање. Луѓето, без разлика кои се или каде живеат, на сите им требаат истите основни права– мир, безбедност, сигурност и просперитет.” рече Османи.   Теми на разговор беа прилагодувањето на мултилатералните организации кон тековните предизвици на луѓето како и интензивирањето на соработката меѓу организациите во новите геополитички околности.

 

The post Oсмани од Женева: Мултилатералната соработка, клучна во остварување на човековите права appeared first on Република.

]]>
Штрајк на вработените на аеродромот во Женева, откажани десетици летови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shtrajk-na-vrabotenite-na-aerodromot-vo-zheneva-otkazhani-desetitsi-letovi/ Fri, 30 Jun 2023 12:22:12 +0000 https://republika.mk/?p=656865

Околу стотина вработени на аеродромот во Женева денеска штрајкуваа во периодот од 6 до 10 часот по локално време, а поради протестот беа откажани десетици летови. Штрајкот ќе продолжи и утре, пренесува Ројтерс.

Патниците мораа да чекаат во долги редици за пријавување поради протестите на вработените, но штрајкувачите сметаат дека тие не се одговорни за гужвите.

„Се разбира дека оваа ситуација не е пријатна, но ги замолуваме патниците да го насочат својот гнев кон управата на аеродромот кои се одговорни за овој хаос“, рече Џемшид Пуранпир, секретар на синдикатот за јавни услуги.

Дел од вработените на аеродромот во Женева штрајкуваа бидејќи управниот одбор на аеродромот одобри измени со кои се замрзнува зголемувањето на платите на дел од вработените, потсетува британската агенција.

The post Штрајк на вработените на аеродромот во Женева, откажани десетици летови appeared first on Република.

]]>

Околу стотина вработени на аеродромот во Женева денеска штрајкуваа во периодот од 6 до 10 часот по локално време, а поради протестот беа откажани десетици летови. Штрајкот ќе продолжи и утре, пренесува Ројтерс. Патниците мораа да чекаат во долги редици за пријавување поради протестите на вработените, но штрајкувачите сметаат дека тие не се одговорни за гужвите.
„Се разбира дека оваа ситуација не е пријатна, но ги замолуваме патниците да го насочат својот гнев кон управата на аеродромот кои се одговорни за овој хаос“, рече Џемшид Пуранпир, секретар на синдикатот за јавни услуги.
Дел од вработените на аеродромот во Женева штрајкуваа бидејќи управниот одбор на аеродромот одобри измени со кои се замрзнува зголемувањето на платите на дел од вработените, потсетува британската агенција.

The post Штрајк на вработените на аеродромот во Женева, откажани десетици летови appeared first on Република.

]]>
Голем пожар избувна на аеродромот во Женева https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/golem-pozar-izbuvna-na-aerodromot-vo-zeneva/ Fri, 20 May 2022 19:23:44 +0000 https://republika.mk/?p=504981

Голем пожар избувна денеска по експлозијата на аеродромот во Женева, поради што е во прекин авиосообраќајот, јавува Дејли Мејл.

На фотографиите и видеата објавени на порталот на тој весник се гледа експлозија, пожар и густ чад.

The post Голем пожар избувна на аеродромот во Женева appeared first on Република.

]]>

Голем пожар избувна денеска по експлозијата на аеродромот во Женева, поради што е во прекин авиосообраќајот, јавува Дејли Мејл. На фотографиите и видеата објавени на порталот на тој весник се гледа експлозија, пожар и густ чад.

The post Голем пожар избувна на аеродромот во Женева appeared first on Република.

]]>
Лавров го откажа патувањето во ОН во Женева https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lavrov-go-otkaza-patuvanjeto-vo-on-vo-zeneva/ Mon, 28 Feb 2022 14:02:36 +0000 https://republika.mk/?p=465349

Рускиот министер за надворешни работи го откажа патувањето во Обединетите нации во Женева поради „антируските санкции“ наметнати од земјите на ЕУ, соопшти денеска руската мисија во Женева.

Лавров, кој требаше да се обрати пред Советот за човекови права на ОН и на Конференцијата за разоружување во вторник, го откажа своето патување „поради невидена забрана за неговиот лет во воздушниот простор на голем број земји на ЕУ кои воведоа антируски санкции“, објави мисијата на Твитер.

Русија забранува летови на авиокомпании од 36 земји, вклучувајќи ги Велика Британија и Германија. Руската управа за цивилна авијација соопшти дека ги воведува ограничувањата „како одмаздничка мерка за забраната од европските држави за летови на цивилното воздухопловство управувано од руски авиокомпании или регистрирани во Русија“.

The post Лавров го откажа патувањето во ОН во Женева appeared first on Република.

]]>

Рускиот министер за надворешни работи го откажа патувањето во Обединетите нации во Женева поради „антируските санкции“ наметнати од земјите на ЕУ, соопшти денеска руската мисија во Женева. Лавров, кој требаше да се обрати пред Советот за човекови права на ОН и на Конференцијата за разоружување во вторник, го откажа своето патување „поради невидена забрана за неговиот лет во воздушниот простор на голем број земји на ЕУ кои воведоа антируски санкции“, објави мисијата на Твитер. Русија забранува летови на авиокомпании од 36 земји, вклучувајќи ги Велика Британија и Германија. Руската управа за цивилна авијација соопшти дека ги воведува ограничувањата „како одмаздничка мерка за забраната од европските држави за летови на цивилното воздухопловство управувано од руски авиокомпании или регистрирани во Русија“.

The post Лавров го откажа патувањето во ОН во Женева appeared first on Република.

]]>