Зендели Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zendeli/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Sep 2023 13:33:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зендели Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zendeli/ 32 32 Зендели: ДУИ е дојдена до фаза кога веќе го злоупотребува стратешкото партнерство со САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zendeli-dui-e-dojdena-do-faza-koga-veke-go-zloupotrebuva-strateshkoto-partnerstvo-so-sad/ Sat, 16 Sep 2023 13:33:30 +0000 https://republika.mk/?p=682417

Пратеникот од партијата БЕСА, Фадил Зендели денеска преку соопштение, позади кое застанаа и партиите Алтернатива и Демократско движење, го обвини вицепремиерот Артан Груби и ДУИ дека ја злоупотребуваат својата моќ, произведувајќи и прикривајќи нови корупциски скандали, само за да имаат корист од секоја страна.

Почитувани, во овој филм, како да не е доволен фактот што Артан Груби ја злоупотребува својата улога за да го персонализира успехот, како да не е доволен фактот што има конфликт на интереси среде проектот, со оглед на тоа што компаниите ЕУРОВИА и АК ИНВЕСТ се главните и најголемите донатори на ДУИ, дури и го злоупотребува присуството на амбасадорот за да прикрие вакви корупциски скандали, рече Зендели.

Според него, народот чека одговори за ваквите случувања.

Дали Артан Груби и кажал на американската амбасадорка Анџела Агелер дека го злоупотребува нејзиното присуство за да покрива нови скандали со партиски донатори на ДУИ? Колку милиони евра ќе се слеат на сметките на „Еуровиа“ и „Ак инвест“? Колку од тие средства ќе се слеат на сметката на ДУИ, а колку во џебовите на некои клиентелисти инсталирани околу Али Ахмети? Дали Артан Груби најде начин да заработи одредба и кога ќе биде во опозиција? Зошто Артан Груби одговорноста за личните гревови ја фрла врз американско-турската компанија „Бехтел и Енка“?, кажа Зендели во однос на почетокот на изградбата на Коридорите 8 и 10Д, додавајќи дека ДУИ е дојдена до фаза кога веќе го злоупотребува стратешкото партнерство со САД за лични интереси на овој субјект и неговите функционери.

The post Зендели: ДУИ е дојдена до фаза кога веќе го злоупотребува стратешкото партнерство со САД appeared first on Република.

]]>

Собранието го разреши Зендели од член на Комисијата за избори и именувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-go-razreshi-zendeli-od-chlen-na-komisijata-za-izbori-i-imenuvanja/ Thu, 03 Mar 2022 12:45:13 +0000 https://republika.mk/?p=467064

По тридневна расправа Собранието го разреши пратеникот на Беса, Фадил Зендели од член на Комисијата за избори и именувања. За разрешување на Зендели гласаа 61 пратеник од мнозинството. Опозицијата не влезе во пленарната сала и за разрешувањето на Зендели немаше воздржани и против.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски по гласањето побара претседателот на Собранието Талат Џафери писмено да му одговори што се случи со 400 амандамни на опозицијата.

Претседателот има рок од три дена да ги разгледа амандамните и по истекот на рокот ќе добиете одговор – одговори Џафери.

Одлуката тој да биде разрешен од Комисијата дојде на предлог на пратеници од мнозинството меѓу кои првопотпишан беше претседателот на Собранието Талат Џафери, откако повеќе месеци беше блокирана работата на тоа работно тело, бидејќи Зендели одбиваше сам да ја напушти Комисијата откако Беса премина во опозиција. Власта не закажуваше седници на Комисијата бидејќи по локалните избори Комисијата остана без претседателот Костадин Костадинов кој стана градоначалник, а мнозинство во работното тело наместо власта имаше опозицијата.

За опозицијата разрешувањето на Зендели на пленарна седница е преседан кој на власта ќе и се удри од глава, бидејќи предлогот не дошол од Комисијата туку со одлука директно на пленум. Според опозицијата, со тоа се прекршени собранискиот Деловник и Уставот.

Според власта, повикувајќи се на Уставот, пленумот има право да го разреши Зендели, бидејќи тој е избран функционер.

По разрешувањето на Зендели се очекува да се отвори патот за избор на нови четири уставни судии. Поради истекување на мандатот, Уставниот суд работи со пет од девет судии, што е минимум за негово функционирање.

The post Собранието го разреши Зендели од член на Комисијата за избори и именувања appeared first on Република.

]]>

По тридневна расправа Собранието го разреши пратеникот на Беса, Фадил Зендели од член на Комисијата за избори и именувања. За разрешување на Зендели гласаа 61 пратеник од мнозинството. Опозицијата не влезе во пленарната сала и за разрешувањето на Зендели немаше воздржани и против. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски по гласањето побара претседателот на Собранието Талат Џафери писмено да му одговори што се случи со 400 амандамни на опозицијата.
Претседателот има рок од три дена да ги разгледа амандамните и по истекот на рокот ќе добиете одговор – одговори Џафери.
Одлуката тој да биде разрешен од Комисијата дојде на предлог на пратеници од мнозинството меѓу кои првопотпишан беше претседателот на Собранието Талат Џафери, откако повеќе месеци беше блокирана работата на тоа работно тело, бидејќи Зендели одбиваше сам да ја напушти Комисијата откако Беса премина во опозиција. Власта не закажуваше седници на Комисијата бидејќи по локалните избори Комисијата остана без претседателот Костадин Костадинов кој стана градоначалник, а мнозинство во работното тело наместо власта имаше опозицијата. За опозицијата разрешувањето на Зендели на пленарна седница е преседан кој на власта ќе и се удри од глава, бидејќи предлогот не дошол од Комисијата туку со одлука директно на пленум. Според опозицијата, со тоа се прекршени собранискиот Деловник и Уставот. Според власта, повикувајќи се на Уставот, пленумот има право да го разреши Зендели, бидејќи тој е избран функционер. По разрешувањето на Зендели се очекува да се отвори патот за избор на нови четири уставни судии. Поради истекување на мандатот, Уставниот суд работи со пет од девет судии, што е минимум за негово функционирање.

The post Собранието го разреши Зендели од член на Комисијата за избори и именувања appeared first on Република.

]]>