жена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zena/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Nov 2024 16:49:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png жена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zena/ 32 32 Жена нападната и ограбена во Центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zhena-napadnata-i-ograbena-vo-tsentar/ Sun, 17 Nov 2024 16:49:13 +0000 https://republika.mk/?p=838901

На 16.11.2024 во 20:30 часот во СВР Скопје, В.С.(35) од Скопје пријавила дека околу 17:10 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице со употреба на физичка сила и одзело чанта со лични предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

The post Жена нападната и ограбена во Центар appeared first on Република.

]]>

На 16.11.2024 во 20:30 часот во СВР Скопје, В.С.(35) од Скопје пријавила дека околу 17:10 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице со употреба на физичка сила и одзело чанта со лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Жена нападната и ограбена во Центар appeared first on Република.

]]>
Македонски државјанин во Германија избодел жена до смрт пред трите деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/makedonski-drzhavjanin-vo-germanija-izbodel-zhena-do-smrt-pred-trite-detsa/ Wed, 06 Nov 2024 11:06:46 +0000 https://republika.mk/?p=834683

30-годишна жена била убиена во Дортмунд, Германија. Насилникот кој бил од Македонија ја избодел со месарски нож и тоа пред трите малолетни деца, соопштува Билд.

Жената сакала да се раздели од насилниот сопруг, и да почне нов живот. После настанот мажот побегнал и ја оставил жената да крвари во ходникот. Малите деца го пријавиле случајот кај соседите. Децата биле на возраст од 3, 4 и 6 години.

Билд пренесува дека жената неодамна се разделила од сопругот кој бил македонски државјанин. Жената долго време трпела семејно насислтво, а на крајот на октомври се преселила со нејзините три деца во нов стан во Дортмунд.

Сторителот потоа бил фатен на автопат во Вирцбург, а се претпоставува дека тргнал да бега на пат кон Македонија. Моментално е во притвор во Нирнберг, од каде ќе биде префрлен во Дортмунд.

Децата првично биле згрижени од Канцеларијата за заштита на младите и прегледани во детска клиника.

The post Македонски државјанин во Германија избодел жена до смрт пред трите деца appeared first on Република.

]]>

30-годишна жена била убиена во Дортмунд, Германија. Насилникот кој бил од Македонија ја избодел со месарски нож и тоа пред трите малолетни деца, соопштува Билд.

Жената сакала да се раздели од насилниот сопруг, и да почне нов живот. После настанот мажот побегнал и ја оставил жената да крвари во ходникот. Малите деца го пријавиле случајот кај соседите. Децата биле на возраст од 3, 4 и 6 години.

Билд пренесува дека жената неодамна се разделила од сопругот кој бил македонски државјанин. Жената долго време трпела семејно насислтво, а на крајот на октомври се преселила со нејзините три деца во нов стан во Дортмунд.

Сторителот потоа бил фатен на автопат во Вирцбург, а се претпоставува дека тргнал да бега на пат кон Македонија. Моментално е во притвор во Нирнберг, од каде ќе биде префрлен во Дортмунд.

Децата првично биле згрижени од Канцеларијата за заштита на младите и прегледани во детска клиника.

The post Македонски државјанин во Германија избодел жена до смрт пред трите деца appeared first on Република.

]]>
71-годишна жена тешко повредена, паднала во автобус на ЈСП https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/71-godishna-zhena-teshko-povredena-padnala-vo-avtobus-na-jsp-2/ Sun, 27 Oct 2024 11:41:05 +0000 https://republika.mk/?p=831389

На 26.10.2024 во 15:00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на кружниот тек од ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„Боца Иванова“ во Скопје, З.А.(71) од Скопје, додека се превезувала како патник во автобус на ЈСП, управуван од Г.С.(55) од Скопје, паднала во автобусот.

При падот таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post 71-годишна жена тешко повредена, паднала во автобус на ЈСП appeared first on Република.

]]>

На 26.10.2024 во 15:00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на кружниот тек од ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„Боца Иванова“ во Скопје, З.А.(71) од Скопје, додека се превезувала како патник во автобус на ЈСП, управуван од Г.С.(55) од Скопје, паднала во автобусот. При падот таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post 71-годишна жена тешко повредена, паднала во автобус на ЈСП appeared first on Република.

]]>
Автобус на ЈСП удрил во 55-годишна жена, со тешки повреди пренесена во болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/avtobus-na-jsp-udril-vo-55-godishna-zhena-so-teshki-povredi-prenesena-vo-bolnitsa/ Tue, 22 Oct 2024 10:19:17 +0000 https://republika.mk/?p=829717

Вчера во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.7“ во село Батинци, скопско, автобус на ЈСП со скопски регистарски ознаки при тргнување удрил во А.Н.(55) од с.Драчевица, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Н., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Автобус на ЈСП удрил во 55-годишна жена, со тешки повреди пренесена во болница appeared first on Република.

]]>

Вчера во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.7“ во село Батинци, скопско, автобус на ЈСП со скопски регистарски ознаки при тргнување удрил во А.Н.(55) од с.Драчевица, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Н., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Автобус на ЈСП удрил во 55-годишна жена, со тешки повреди пренесена во болница appeared first on Република.

]]>
Во Штипско пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-shtipsko-pronajdeno-telo-na-zhena-vo-faza-na-raspagane/ Sun, 06 Oct 2024 16:46:30 +0000 https://republika.mk/?p=823563

Денеска, рано наутро е пронајдено тело на возрасна жена во близина на Липов Дол, штипско, јавува М Нет-ТВ.

Телото инаку било во фаза на распаѓање.

 

The post Во Штипско пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање appeared first on Република.

]]>

Денеска, рано наутро е пронајдено тело на возрасна жена во близина на Липов Дол, штипско, јавува М Нет-ТВ. Телото инаку било во фаза на распаѓање.  

The post Во Штипско пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање appeared first on Република.

]]>
Се трага по жена од светиниколско https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-traga-po-zhena-od-svetinikolsko/ Fri, 20 Sep 2024 19:29:44 +0000 https://republika.mk/?p=818328

На 18.09.2024 во 09.30 часот во ОВР Свети Николе, Д.Е.(27) од с.Ерџелија, светиниколско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга Б.Е.(25).

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

The post Се трага по жена од светиниколско appeared first on Република.

]]>

На 18.09.2024 во 09.30 часот во ОВР Свети Николе, Д.Е.(27) од с.Ерџелија, светиниколско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга Б.Е.(25). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Се трага по жена од светиниколско appeared first on Република.

]]>
Загина 59-годишна жена во пожар во куќа во село Лозово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zagina-59-godishna-zhena-vo-pozhar-vo-kuka-vo-selo-lozovo/ Wed, 28 Aug 2024 15:18:37 +0000 https://republika.mk/?p=810959

Вчера во 17.06 часот во СВР Штип, било пријавено дека во с.Лозово, настанал пожар во куќа сопственост на К.Т.Б.(59), која починала на местото на настанот.

Од страна на лекар констатирана била смрт како последица на изгореници.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Свети Николе, а увид извршила увидна екипа на ОВР Свети Николе во присуство на инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување.

 

The post Загина 59-годишна жена во пожар во куќа во село Лозово appeared first on Република.

]]>

Вчера во 17.06 часот во СВР Штип, било пријавено дека во с.Лозово, настанал пожар во куќа сопственост на К.Т.Б.(59), која починала на местото на настанот. Од страна на лекар констатирана била смрт како последица на изгореници. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Свети Николе, а увид извршила увидна екипа на ОВР Свети Николе во присуство на инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување.  

The post Загина 59-годишна жена во пожар во куќа во село Лозово appeared first on Република.

]]>
51-годишна скопјанка пронајдена мртва во стан во Карпош https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/51-godishna-skopjanka-pronajdena-mrtva-vo-stan-vo-karposh/ Mon, 19 Aug 2024 14:13:36 +0000 https://republika.mk/?p=807998

МВР информира дека вчера наутро во 06.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Карпош во Скопје била пронајдена почината А.Ш.(51) од Скопје, која имала здравствени проблеми.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

The post 51-годишна скопјанка пронајдена мртва во стан во Карпош appeared first on Република.

]]>

МВР информира дека вчера наутро во 06.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Карпош во Скопје била пронајдена почината А.Ш.(51) од Скопје, која имала здравствени проблеми. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

The post 51-годишна скопјанка пронајдена мртва во стан во Карпош appeared first on Република.

]]>
Службено возило на МВР удрило во 42-годишна жена од Неготинско https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sluzhbeno-vozilo-na-mvr-udrilo-vo-42-godishna-zhena-od-negotinsko/ Sat, 03 Aug 2024 12:59:03 +0000 https://republika.mk/?p=803044

Службено возило на МВР удрило во 42-годишна жена од Неготинско, потврди денеска за МИА, Биљана Ѓаковска, портпарол на Сектор за внатрешни работи Велес.

На 01.08.2024 во ОВР Неготино било пријавено дека во 19.35 часот на улица ,,Маршал Тито", службено возило на МВР ,,шкода јети", управувано од полициски службеник И.П.(46) од Неготино, удрило во пешакот Х.Т.А., 42-годишна од село Тимјаник, неготинско. За настанот бил известен Одделот за внатрешна контрола при МВР и јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино, појасни Ѓаковска.

The post Службено возило на МВР удрило во 42-годишна жена од Неготинско appeared first on Република.

]]>

Службено возило на МВР удрило во 42-годишна жена од Неготинско, потврди денеска за МИА, Биљана Ѓаковска, портпарол на Сектор за внатрешни работи Велес. На 01.08.2024 во ОВР Неготино било пријавено дека во 19.35 часот на улица ,,Маршал Тито", службено возило на МВР ,,шкода јети", управувано од полициски службеник И.П.(46) од Неготино, удрило во пешакот Х.Т.А., 42-годишна од село Тимјаник, неготинско. За настанот бил известен Одделот за внатрешна контрола при МВР и јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино, појасни Ѓаковска.

The post Службено возило на МВР удрило во 42-годишна жена од Неготинско appeared first on Република.

]]>
Приведени маж и жена, биле агресивни кон полицајци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeni-mazh-i-zhena-bile-agresivni-kon-politsajtsi/ Sat, 13 Jul 2024 15:58:07 +0000 https://republika.mk/?p=796456

На 12.07.2024 во 14:25 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.И.(58) од Скопје поради тоа што во Полициската станица Кисела Вода агресивно се однесувал кон полициски службеници.

Исто така полициски службеници ја привеле и А.И.(57) од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

The post Приведени маж и жена, биле агресивни кон полицајци appeared first on Република.

]]>

На 12.07.2024 во 14:25 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.И.(58) од Скопје поради тоа што во Полициската станица Кисела Вода агресивно се однесувал кон полициски службеници. Исто така полициски службеници ја привеле и А.И.(57) од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

The post Приведени маж и жена, биле агресивни кон полицајци appeared first on Република.

]]>
Маж и жена од Србија се степале во автомобил, па сопругот ја исфрлил покрај автопат во Демир Капија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mazh-i-zhena-od-srbija-se-stepale-vo-avtomobil-pa-soprugot-ja-isfrlil-pokraj-avtopat-vo-demir-kapija/ Sat, 13 Jul 2024 14:37:53 +0000 https://republika.mk/?p=796428

Србинка била најдена повредена покрај коловозната лента на автопатот А1 на делницата од Демир Капија до Неготино, после наплатната станица „Демир Капија“. Како што информира Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од ОВР Неготино ја пронашле С.М.(49) од Србија, која била со повреди на телото, откако претходно физички се пресметала со сопругот во нивниот автомобил.

Во разговор со македонската полиција, сопругот Б.М. (52) од Србија раскажал дека враќајки се со сопругата и нивните малолетни син и внука од одмор од Грција, С.М., која имала здравствени проблеми, го нападнала во автомобилот, по што тој запрел, ја оставил С.М. покрај патот и заминал со децата кон граничниот премин „Табановце“.

На повредената жена и била укажана лекарска помош од страна на Итната медицинска помош од Неготино, по што е пренесена во здравствената установа „Негорци“. Од МВР информираат дека за настанот бил известен и јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување.

 

The post Маж и жена од Србија се степале во автомобил, па сопругот ја исфрлил покрај автопат во Демир Капија appeared first on Република.

]]>

Србинка била најдена повредена покрај коловозната лента на автопатот А1 на делницата од Демир Капија до Неготино, после наплатната станица „Демир Капија“. Како што информира Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од ОВР Неготино ја пронашле С.М.(49) од Србија, која била со повреди на телото, откако претходно физички се пресметала со сопругот во нивниот автомобил. Во разговор со македонската полиција, сопругот Б.М. (52) од Србија раскажал дека враќајки се со сопругата и нивните малолетни син и внука од одмор од Грција, С.М., која имала здравствени проблеми, го нападнала во автомобилот, по што тој запрел, ја оставил С.М. покрај патот и заминал со децата кон граничниот премин „Табановце“. На повредената жена и била укажана лекарска помош од страна на Итната медицинска помош од Неготино, по што е пренесена во здравствената установа „Негорци“. Од МВР информираат дека за настанот бил известен и јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување.  

The post Маж и жена од Србија се степале во автомобил, па сопругот ја исфрлил покрај автопат во Демир Капија appeared first on Република.

]]>
Претепана жена во парк во Кисела Вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pretepana-zhena-vo-park-vo-kisela-voda/ Mon, 08 Jul 2024 14:31:55 +0000 https://republika.mk/?p=794635

Вчера вечер, во 23.00 часот во СВР Скопје, 31-годишната Ц.С. од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот во парк на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од Б.А., извести МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Претепана жена во парк во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>

Вчера вечер, во 23.00 часот во СВР Скопје, 31-годишната Ц.С. од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот во парк на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од Б.А., извести МВР. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Претепана жена во парк во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>
Жена си го нападнала сопругот, па пријавила дека добила закани од него https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zhena-si-go-napadnala-soprugot-pa-prijavila-deka-dobila-zakani-od-nego/ Mon, 01 Jul 2024 15:10:19 +0000 https://republika.mk/?p=792470

На 30.06.2024 во 10:20 часот во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со Д.З.(50) од Скопје, по претходна пријава дека на 29.06.2024 околу 20:00 часот во домот на подрачјето на Центар ѝ упатувал закани на неговата сопруга Б.З.(47) од Скопје.

Претходно, во 15:20 часот бил извршен службен разговор со Б.З., по претходна пријава дека на 26.06.2024 околу 18:30 часот во домот физички го нападнала нејзиниот сопруг Д.З.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Жена си го нападнала сопругот, па пријавила дека добила закани од него appeared first on Република.

]]>

На 30.06.2024 во 10:20 часот во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со Д.З.(50) од Скопје, по претходна пријава дека на 29.06.2024 околу 20:00 часот во домот на подрачјето на Центар ѝ упатувал закани на неговата сопруга Б.З.(47) од Скопје. Претходно, во 15:20 часот бил извршен службен разговор со Б.З., по претходна пријава дека на 26.06.2024 околу 18:30 часот во домот физички го нападнала нејзиниот сопруг Д.З. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Жена си го нападнала сопругот, па пријавила дека добила закани од него appeared first on Република.

]]>
Неготинските полицајци и пожарникари спасуваа жена што се струполи покрај пат https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/negotinskite-politsajtsi-i-pozharnikari-spasuvaa-zhena-shto-se-strupoli-pokraj-pat/ Sat, 11 May 2024 08:16:55 +0000 https://republika.mk/?p=776988

На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиена информација за падната возрасна жена во стрмен засек покрај пат, откако се лизнала при движење по земјениот пат од Неготино кон село Тимјаник, соопшти денеска ЦУК.

По пријавата, веднаш биле известени полицајците од ПС Неготино и пожарникарите од ТППЕ Неготино, како и Итната медицинска помош.

Во првото нејзиното јавување информирала дека не можела да излезе сама од таму, но се обидувала, па подоцна и успеало во момент кога спасителите дошле во близина, на лице место. Конкретно, екипа од ПС Неготино итно отишла на лице место на настанот и го пронашло возрасното женско лице на земјениот пат. Иако паднато возрасно женско лице немало видливи повреди, сепак, превентивно е преземено од Итната медицинска помош и со возило е однесено до локалната амбуланта, наведува ЦУК во соопштение.

Во последното деноноќие на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 имало 1 951 повик, за отстранување вода од улици, паднати дрвја и одрони, како и за еден пожар на отворено.

The post Неготинските полицајци и пожарникари спасуваа жена што се струполи покрај пат appeared first on Република.

]]>

На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиена информација за падната возрасна жена во стрмен засек покрај пат, откако се лизнала при движење по земјениот пат од Неготино кон село Тимјаник, соопшти денеска ЦУК. По пријавата, веднаш биле известени полицајците од ПС Неготино и пожарникарите од ТППЕ Неготино, како и Итната медицинска помош.
Во првото нејзиното јавување информирала дека не можела да излезе сама од таму, но се обидувала, па подоцна и успеало во момент кога спасителите дошле во близина, на лице место. Конкретно, екипа од ПС Неготино итно отишла на лице место на настанот и го пронашло возрасното женско лице на земјениот пат. Иако паднато возрасно женско лице немало видливи повреди, сепак, превентивно е преземено од Итната медицинска помош и со возило е однесено до локалната амбуланта, наведува ЦУК во соопштение.
Во последното деноноќие на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 имало 1 951 повик, за отстранување вода од улици, паднати дрвја и одрони, како и за еден пожар на отворено.

The post Неготинските полицајци и пожарникари спасуваа жена што се струполи покрај пат appeared first on Република.

]]>
„БМВ“ прегази жена во Велес https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/bmv-pregazi-zhena-vo-veles/ Sat, 23 Mar 2024 10:52:13 +0000 https://republika.mk/?p=757734

Возач со „бмв“ вчера попладне прегази жена-пешак во Велес.

Како што соопшти полицијата, вчера околу 17.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Благој Ѓорев“, на место викано „Багремче“, во Велес, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(39) од Велес, удрило во пешакот Ц.М.(77) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.М., констатирани во Општа болница Велес.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

 

The post „БМВ“ прегази жена во Велес appeared first on Република.

]]>

Возач со „бмв“ вчера попладне прегази жена-пешак во Велес. Како што соопшти полицијата, вчера околу 17.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Благој Ѓорев“, на место викано „Багремче“, во Велес, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(39) од Велес, удрило во пешакот Ц.М.(77) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.М., констатирани во Општа болница Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.  

The post „БМВ“ прегази жена во Велес appeared first on Република.

]]>
Човекот кој застрела жена кај Прешево и се самоуби е 52-годишен Албанец од Тетово, жената е од Врњачка Бања и е на интензивна нега https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chovekot-koj-zastrela-zhena-kaj-preshevo-i-se-samoubi-e-52-godishen-albanets-od-tetovo-zhenata-e-od-vrnachka-bana-i-e-na-intenzivna-nega/ Fri, 08 Mar 2024 11:03:18 +0000 https://republika.mk/?p=752602

Мажот кој синоќа околу 21 часот на наплатата рампа кај Прешево, Србија, застрела жена и потоа се самоуби, е 52-годишен Албанец од Тетово. Жената е од Србија, од Врњачка Бања, таа има неколку сериозни повреди од куршуми и за нејзиниот живот се борат лекарите во Клиничкиот цетар во Ниш.

Очевидците велат дека на трагичниот настан му претходела расправија во автомобилот на тетовецот. Во еден момент жената излегла од возилото и започнала со трчање да бега. Мажот излегол од автомобилот и во неа испукал неколку куршуми. Отишол кон местото на злосторството и се застрелал во главата.

Некои медиуми во Србија дознаваат дека возилото марка ауди било запрено од сообраќајна полиција поради сторен прекршок, а кавгата меѓу мажот и жената започнала веднаш потоа.

Жената давала знаци на живот и веднаш била однесена во Здравствениот дом во Врање. Тамошните лекари утврдиле дека се потребни сложени хируршки интервенции па била донесена одлуката веднаш со возило на итната помош да биде транспортирана на Универзитетскиот клинички центар во Ниш. Таму била примена половина час по полноќ.

Лекарите најнапред извршиле преглед додека траело нужното згрижување. Утвдени биле повреди на трахеите, на вратните пршлени, дијагностицирана била инкулзија на воздух во градната празнина и контузија на левото белодробно крило.

По хируршките интервенции младата жена е префрлена на Клиниката за интензивна нега каде се следи состојбата и се прават прегледи заради евентуални нови хируршки интервенции.

Во српското МВР велат дека засега не можат да соопштат што всушност била причината за расправијата со трагични последици.

 

The post Човекот кој застрела жена кај Прешево и се самоуби е 52-годишен Албанец од Тетово, жената е од Врњачка Бања и е на интензивна нега appeared first on Република.

]]>

Мажот кој синоќа околу 21 часот на наплатата рампа кај Прешево, Србија, застрела жена и потоа се самоуби, е 52-годишен Албанец од Тетово. Жената е од Србија, од Врњачка Бања, таа има неколку сериозни повреди од куршуми и за нејзиниот живот се борат лекарите во Клиничкиот цетар во Ниш. Очевидците велат дека на трагичниот настан му претходела расправија во автомобилот на тетовецот. Во еден момент жената излегла од возилото и започнала со трчање да бега. Мажот излегол од автомобилот и во неа испукал неколку куршуми. Отишол кон местото на злосторството и се застрелал во главата. Некои медиуми во Србија дознаваат дека возилото марка ауди било запрено од сообраќајна полиција поради сторен прекршок, а кавгата меѓу мажот и жената започнала веднаш потоа. Жената давала знаци на живот и веднаш била однесена во Здравствениот дом во Врање. Тамошните лекари утврдиле дека се потребни сложени хируршки интервенции па била донесена одлуката веднаш со возило на итната помош да биде транспортирана на Универзитетскиот клинички центар во Ниш. Таму била примена половина час по полноќ. Лекарите најнапред извршиле преглед додека траело нужното згрижување. Утвдени биле повреди на трахеите, на вратните пршлени, дијагностицирана била инкулзија на воздух во градната празнина и контузија на левото белодробно крило. По хируршките интервенции младата жена е префрлена на Клиниката за интензивна нега каде се следи состојбата и се прават прегледи заради евентуални нови хируршки интервенции. Во српското МВР велат дека засега не можат да соопштат што всушност била причината за расправијата со трагични последици.  

The post Човекот кој застрела жена кај Прешево и се самоуби е 52-годишен Албанец од Тетово, жената е од Врњачка Бања и е на интензивна нега appeared first on Република.

]]>
Жена загина додека чистеше снег пред својот дом во Њујорк https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zhena-zagina-dodeka-chisteshe-sneg-pred-svojot-dom-vo-nujork/ Wed, 14 Feb 2024 10:12:11 +0000 https://republika.mk/?p=743983

Надзорна камера го снимила застрашувачкиот момент кога една постара жена смртно ја удрила тула во главата додека го чистела снегот пред нејзиниот дом во Њујорк, пишува „Дејли мејл“.

Дејл Сингер (74) билa итно пренесенa во болница откако се урнал бетонскиот дел околу влезната врата.

Сведоците рaскажаа дека жената штотуку се свртела да ја заклучи вратата на 6-та авенија во Бруклин кога била згмечена од тулата.

Соседката Мијра Мартинез рече дека Сингер изнајмила дуплекс во градска куќа од 19 век со нејзиниот сопруг и ќерка.

„Таа беше многу фина дама и многу ми е жал што вака почина“, додала таа.

Полицијата која пристигнала на местото на настанот се обидела со да ја спаси, пред жената да биде пренесена во болница во критична состојба. Подоцна била прогласена за почината.

Трагедијата се случила додека Њујорк се бори со една од најлошите зимски бури во последните две години.

The post Жена загина додека чистеше снег пред својот дом во Њујорк appeared first on Република.

]]>

Надзорна камера го снимила застрашувачкиот момент кога една постара жена смртно ја удрила тула во главата додека го чистела снегот пред нејзиниот дом во Њујорк, пишува „Дејли мејл“. Дејл Сингер (74) билa итно пренесенa во болница откако се урнал бетонскиот дел околу влезната врата. Сведоците рaскажаа дека жената штотуку се свртела да ја заклучи вратата на 6-та авенија во Бруклин кога била згмечена од тулата. Соседката Мијра Мартинез рече дека Сингер изнајмила дуплекс во градска куќа од 19 век со нејзиниот сопруг и ќерка. „Таа беше многу фина дама и многу ми е жал што вака почина“, додала таа. Полицијата која пристигнала на местото на настанот се обидела со да ја спаси, пред жената да биде пренесена во болница во критична состојба. Подоцна била прогласена за почината. Трагедијата се случила додека Њујорк се бори со една од најлошите зимски бури во последните две години.

The post Жена загина додека чистеше снег пред својот дом во Њујорк appeared first on Република.

]]>
Кина погуби маж и жена затоа што ги фрлиле децата од 15. кат https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kina-pogubi-mazh-i-zhena-zatoa-shto-gi-frlile-detsata-od-15-kat/ Fri, 02 Feb 2024 08:18:19 +0000 https://republika.mk/?p=739597

Кина погуби маж и жена затоа што ги фрлиле неговите мали деца од прозорец на стан на 15-ти кат, тврдејќи дека се работи за ненамерен пад. Децата биле од првиот брак и имале една и две години. Се се случило во градот Чонгкинг.

Таткото на децата Жанг Бо започнал афера со Је Ченгчен. Отпрвин го криел фактот дека е оженет и има деца, но Је дознала сè. Жанг потоа решил да се разведе од сопругата со која имал деца.

Како што утврдил судот, Је ги гледала двете деца на Жанг како пречка за нивниот брак и заеднички живот. Таа постојано го повикувала Жанг да ги убие децата и му се заканувала дека ќе го остави ако не го стори тоа, пренесува Си-ен-ен.

Во ноември 2020 година, Жанг ги фрлил својата двегодишна ќерка и едногодишниот син од својот стан на 15-ти кат додека си играле покрај прозорецот од спалната соба. Жанг и Је беа осудени на смрт во декември 2021 година.

Во Кина, смртоносна инјекција се користи за извршување на смртната казна.

 

The post Кина погуби маж и жена затоа што ги фрлиле децата од 15. кат appeared first on Република.

]]>

Кина погуби маж и жена затоа што ги фрлиле неговите мали деца од прозорец на стан на 15-ти кат, тврдејќи дека се работи за ненамерен пад. Децата биле од првиот брак и имале една и две години. Се се случило во градот Чонгкинг. Таткото на децата Жанг Бо започнал афера со Је Ченгчен. Отпрвин го криел фактот дека е оженет и има деца, но Је дознала сè. Жанг потоа решил да се разведе од сопругата со која имал деца. Како што утврдил судот, Је ги гледала двете деца на Жанг како пречка за нивниот брак и заеднички живот. Таа постојано го повикувала Жанг да ги убие децата и му се заканувала дека ќе го остави ако не го стори тоа, пренесува Си-ен-ен. Во ноември 2020 година, Жанг ги фрлил својата двегодишна ќерка и едногодишниот син од својот стан на 15-ти кат додека си играле покрај прозорецот од спалната соба. Жанг и Је беа осудени на смрт во декември 2021 година. Во Кина, смртоносна инјекција се користи за извршување на смртната казна.  

The post Кина погуби маж и жена затоа што ги фрлиле децата од 15. кат appeared first on Република.

]]>
Жена пронајдена во контејнер за ѓубре https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zhena-pronajdena-vo-kontejner-za-gubre/ Wed, 31 Jan 2024 17:08:24 +0000 https://republika.mk/?p=739045

Жена од американската сојузна држава Њу Хемпшир завршила во контејнер, а потоа и во камионот за ѓубре, но за чудо, го преживеала целиот тој ужас само со полесни повреди.

Повозрасната Американка, чиј идентитет не се соопштува, им кажала на истражителите дека паднала во големата канта додека си го фрлала отпадот, а потоа завршила и во камионот. Возачот ја забележал несреќната жена на камерата, но дури откако по четврти пат го префрлил товарот. Потоа се јавил во Службата за итни повици.

https://youtu.be/-OUFUl_NTiE?si=kFFF1lMlSd2Tkxg6

Шефот на противпожарната служба, Боб Боде истакна дека „никогаш немал ваков случај“ за 32 години - колку што работи.

Не мислите дека е можно, но времињата се тешки и луѓето прават секакви работи. Ова ќе остане запаметено, изјави Боде.

Меѓутоа, возачот рекол дека „не му се случува ова првпат“. Жената е пренесена в болница и ѝ е укажана лекарска помош. Се очекува да биде добро. Засега не е јасно колку време таа минала во контејнерот и во камионот.

The post Жена пронајдена во контејнер за ѓубре appeared first on Република.

]]>

Жена од американската сојузна држава Њу Хемпшир завршила во контејнер, а потоа и во камионот за ѓубре, но за чудо, го преживеала целиот тој ужас само со полесни повреди. Повозрасната Американка, чиј идентитет не се соопштува, им кажала на истражителите дека паднала во големата канта додека си го фрлала отпадот, а потоа завршила и во камионот. Возачот ја забележал несреќната жена на камерата, но дури откако по четврти пат го префрлил товарот. Потоа се јавил во Службата за итни повици. https://youtu.be/-OUFUl_NTiE?si=kFFF1lMlSd2Tkxg6 Шефот на противпожарната служба, Боб Боде истакна дека „никогаш немал ваков случај“ за 32 години - колку што работи.
Не мислите дека е можно, но времињата се тешки и луѓето прават секакви работи. Ова ќе остане запаметено, изјави Боде.
Меѓутоа, возачот рекол дека „не му се случува ова првпат“. Жената е пренесена в болница и ѝ е укажана лекарска помош. Се очекува да биде добро. Засега не е јасно колку време таа минала во контејнерот и во камионот.

The post Жена пронајдена во контејнер за ѓубре appeared first on Република.

]]>
65-годишник предизвикал сообраќајка во Аеродром, па тешко натепал жена: „Ќе те фрлам во Вардар“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/65-godishnik-predizvikal-soobrakajka-vo-aerodrom-pa-teshko-natepal-zhena-ke-te-frlam-vo-vardar/ Wed, 03 Jan 2024 12:46:25 +0000 https://republika.mk/?p=729314

Обвинителството почна истражна постапка против лицето кое предизвика сообраќајка во Аеродром и нападна жена.

Од Обвинителството информираа дека осомничениот е 65-годишник. Тој на 27 декември, на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје предизвикал значителна опасност за двајца оштетени – мајка и син, а извршил и грубо насилство кон оштетената жена, нанесувајќи и тешки телесни повреди.

„Додека оштетените со своето возило се движеле по булеварот кон својот дом, осомничениот ги удрил со неговиот автомобил, непрописно поминувајќи преку пешачки премин на црвен семафор. Оштетениот кој управувал со возилото тргнал по осомничениот и на следната крстосница излегол за да го праша зошто ги удрил. Осомничениот тогаш излегол од автомобилот со нож во раката и почнал да му се заканува.

Исплашен, оштетениот се вратил во возилото во кое била и неговата мајка, но осомничениот повторно влегол во неговиот автомобил и тргнал во рикверц, повторно удирајќи во возилото на оштетените. Расправијата продолжила, а кога од автомобилот излегла и мајката, осомничениот ја фатил за коса и започнал да ја влече, насилно ја турнал во неговиот автомобил и започнал да вози во правец кон Лисиче. По околу 600 метри застанал, ја извадил жената од колата и физички ја нападнал, удирајќи ја со клоци и тупаници и заканувајќи и се дека ќе ја фрли во Вардар. На тој начин на оштетената и нанел тешки телесни повреди – три скршеници и потрес на мозок, а кај сведоци на настанот предизвикал чувство на загрозување и страв“, објави Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да ги повтори кривичните дела.

 

The post 65-годишник предизвикал сообраќајка во Аеродром, па тешко натепал жена: „Ќе те фрлам во Вардар“ appeared first on Република.

]]>

Обвинителството почна истражна постапка против лицето кое предизвика сообраќајка во Аеродром и нападна жена. Од Обвинителството информираа дека осомничениот е 65-годишник. Тој на 27 декември, на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје предизвикал значителна опасност за двајца оштетени – мајка и син, а извршил и грубо насилство кон оштетената жена, нанесувајќи и тешки телесни повреди. „Додека оштетените со своето возило се движеле по булеварот кон својот дом, осомничениот ги удрил со неговиот автомобил, непрописно поминувајќи преку пешачки премин на црвен семафор. Оштетениот кој управувал со возилото тргнал по осомничениот и на следната крстосница излегол за да го праша зошто ги удрил. Осомничениот тогаш излегол од автомобилот со нож во раката и почнал да му се заканува.
Исплашен, оштетениот се вратил во возилото во кое била и неговата мајка, но осомничениот повторно влегол во неговиот автомобил и тргнал во рикверц, повторно удирајќи во возилото на оштетените. Расправијата продолжила, а кога од автомобилот излегла и мајката, осомничениот ја фатил за коса и започнал да ја влече, насилно ја турнал во неговиот автомобил и започнал да вози во правец кон Лисиче. По околу 600 метри застанал, ја извадил жената од колата и физички ја нападнал, удирајќи ја со клоци и тупаници и заканувајќи и се дека ќе ја фрли во Вардар. На тој начин на оштетената и нанел тешки телесни повреди – три скршеници и потрес на мозок, а кај сведоци на настанот предизвикал чувство на загрозување и страв“, објави Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да ги повтори кривичните дела.  

The post 65-годишник предизвикал сообраќајка во Аеродром, па тешко натепал жена: „Ќе те фрлам во Вардар“ appeared first on Република.

]]>