жена-мачка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zena-machka/ За подобро да се разбереме Thu, 23 Jun 2022 08:45:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png жена-мачка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zena-machka/ 32 32 Захарова: За смената на Петков одговорни се и Бетмен и жената-мачка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zaharova-za-smenata-na-petkov-odgovorni-se-i-betmen-i-zena-machka/ Thu, 23 Jun 2022 08:24:13 +0000 https://republika.mk/?p=518761

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска иронично ги прокоментира обвинувањата на бугарскиот премиер во оставка, Кирил Петков, дека за неговото заминување од функцијата виновна е и руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова, изјавувајќи дека на списокот на „виновници“ недостасуваат уште некои други фиктивни филмски ликови.

Само Бетмен и жената-мачка сè уште се исчезнати. Мислам, човекот се измори, почна да блада, иронично кажа Захарова, пренесена од руските медиуми.

Откако бугарскиот Парламент синоќа и изгласа недоверба на Владата на Петков, тој за исходот од гласањето обвини тројца политичари и амбасадорката Митрофанова.

Петков ги прозва бизнисменот и поранешен пратеник Дељан Пеевски, лидерот на партијата ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов и Слави Трифонов, чија партија „Има таков народ“ претходно ја напушти владејачката коалиција.

Партијата ГЕРБ го иницираше гласањето недоверба на владата.

The post Захарова: За смената на Петков одговорни се и Бетмен и жената-мачка appeared first on Република.

]]>

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска иронично ги прокоментира обвинувањата на бугарскиот премиер во оставка, Кирил Петков, дека за неговото заминување од функцијата виновна е и руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова, изјавувајќи дека на списокот на „виновници“ недостасуваат уште некои други фиктивни филмски ликови.
Само Бетмен и жената-мачка сè уште се исчезнати. Мислам, човекот се измори, почна да блада, иронично кажа Захарова, пренесена од руските медиуми.
Откако бугарскиот Парламент синоќа и изгласа недоверба на Владата на Петков, тој за исходот од гласањето обвини тројца политичари и амбасадорката Митрофанова. Петков ги прозва бизнисменот и поранешен пратеник Дељан Пеевски, лидерот на партијата ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов и Слави Трифонов, чија партија „Има таков народ“ претходно ја напушти владејачката коалиција. Партијата ГЕРБ го иницираше гласањето недоверба на владата.

The post Захарова: За смената на Петков одговорни се и Бетмен и жената-мачка appeared first on Република.

]]>