земјотреси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zemjotresi/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Nov 2024 21:30:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png земјотреси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zemjotresi/ 32 32 Серија силни земјотреси вечерва ја погодија Босна и Херцеговина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/serija-silni-zemjotresi-vecherva-ja-pogodija-bosna-i-hertsegovina/ Sun, 24 Nov 2024 21:30:04 +0000 https://republika.mk/?p=841404

3,5 па 3,2 степени. Серија земјотреси вечерва ја погодија Босна и Херцеговина, пренесува 4news.mk.

Според ЕМСЦ, првиот земјотрес е регистриран во 21 часот и 45 минути со јачина од 3,5 степени по Рихтер. Епицентарот е на 31 километар северо-западно од градот Мостар. Потресот го почувствувале над 100 илјади граѓани. Епицентарот бил на длабочина од 5 километри.

Девет минути подоцна регистриран е уште еден земјотрес со јачина од 3,2 степени или така наречен афтершок. Сеизомолозите велат дека се очекуваат и понатаму афтершокови после првичниот удар. Епицентарот бил на длабочина од 10 километри.

The post Серија силни земјотреси вечерва ја погодија Босна и Херцеговина appeared first on Република.

]]>

3,5 па 3,2 степени. Серија земјотреси вечерва ја погодија Босна и Херцеговина, пренесува 4news.mk. Според ЕМСЦ, првиот земјотрес е регистриран во 21 часот и 45 минути со јачина од 3,5 степени по Рихтер. Епицентарот е на 31 километар северо-западно од градот Мостар. Потресот го почувствувале над 100 илјади граѓани. Епицентарот бил на длабочина од 5 километри. Девет минути подоцна регистриран е уште еден земјотрес со јачина од 3,2 степени или така наречен афтершок. Сеизомолозите велат дека се очекуваат и понатаму афтершокови после првичниот удар. Епицентарот бил на длабочина од 10 километри.

The post Серија силни земјотреси вечерва ја погодија Босна и Херцеговина appeared first on Република.

]]>
Сезимолошката опсерваторија повикува да се користат нејзините официјални информации за земјотреси https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/sezimoloshkata-opservatorija-povikuva-da-se-koristat-nejzinite-ofitsijalni-informatsii-za-zemjotresi/ Tue, 05 Nov 2024 09:35:42 +0000 https://republika.mk/?p=834262

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ги повика медиумите во своите објави за случени и почувствувани земјотреси да ги користат исклучливо нејзините официјални информации бидејќи, како што наведува, „споделувањето невистинити и погрешни податоци може да предизвика општа паника на населението и тоа е казниво со закон“.

Опсервацијата реагира со допис до медиумите „поради зачестено ширење непроверени информации за случени и почувствувани земјотреси“.

Во реакцијата Сеизмолошката опсерваторија потсетува дека и со закон таа е единствена институција во Републиката задолжена и овластена да ја одржува сеизмолошката мрежа и да ги објавува податоците за сеизмичките појави, вклучувајќи го и известувањето на јавноста за почувствуваните земјотреси во државава.

За навремено информирање на јавноста за случените и почувствувани земјотреси, Сеизмолошката опсерваторија испраќа известување до медиумите по електронска пошта, наведуваат од Опсерваторијата и додаваат дека медиумите може да ја контактираат институцијата за дополнителни информации.

The post Сезимолошката опсерваторија повикува да се користат нејзините официјални информации за земјотреси appeared first on Република.

]]>

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ги повика медиумите во своите објави за случени и почувствувани земјотреси да ги користат исклучливо нејзините официјални информации бидејќи, како што наведува, „споделувањето невистинити и погрешни податоци може да предизвика општа паника на населението и тоа е казниво со закон“. Опсервацијата реагира со допис до медиумите „поради зачестено ширење непроверени информации за случени и почувствувани земјотреси“. Во реакцијата Сеизмолошката опсерваторија потсетува дека и со закон таа е единствена институција во Републиката задолжена и овластена да ја одржува сеизмолошката мрежа и да ги објавува податоците за сеизмичките појави, вклучувајќи го и известувањето на јавноста за почувствуваните земјотреси во државава. За навремено информирање на јавноста за случените и почувствувани земјотреси, Сеизмолошката опсерваторија испраќа известување до медиумите по електронска пошта, наведуваат од Опсерваторијата и додаваат дека медиумите може да ја контактираат институцијата за дополнителни информации.

The post Сезимолошката опсерваторија повикува да се користат нејзините официјални информации за земјотреси appeared first on Република.

]]>
Разорен земјотрес му се заканува на Балканот следната година: Вака ќе знаеме дека почнало https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/razoren-zemjotres-mu-se-zakanuva-na-balkanot-slednata-godina-vaka-ke-znaeme-deka-pochnalo/ Mon, 14 Oct 2024 11:29:59 +0000 https://republika.mk/?p=826544

Серија силни земјотреси ја погодија територијата на Србија во изминатите неколку дена. Само во претходните пет дена имало земјотреси со јачина од над 3,5 степени според Рихтеровата скала кои ги погодија Романија (4,2), Крушевац (3,9), Задар (2,4), а како врв на се, вчера во текот на денот имаше два земјотреси во Врање (3,7 и 3,9 степени според Рихтер).

Зголемената сеизмолошка активност започна на почетокот на годинава кога беа потресени Младеновац, Доњи Милановац и Лазарец, а посилни земјотреси во текот на годината ги погодија Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора, кои имаа сериозни проблеми поради земјотресите во април годинава.

Познатиот сеизмолог Славица Радовановиќ за Телеграф.рс, објасни дека зголемената сеизмичка активност треба да се сфати како предупредување.

На сите, вклучително и на сеизмолозите им е очигледно дека сеизмичката активност се зголемува во нашиот регион. По неколку години, кои поминаа без поголеми потреси, на територијата на Србија почнаа да се случуваат земјотреси посилни од 3 степени. Од Врање, Крушевац, Параќин, Сврљиг, кога ќе помислите на Младеновац и другите земјотреси што се случија претходната година, станува јасно дека следуваат посилни земјотреси, изјави за Телеграф.рс познатиот сеизмолог Славица Радовановиќ,

Според една теорија, која ја поткрепува разорниот земјотрес од Црна Гора во 1979 година, повеќе области со зголемена активност и потреси кои се движат над 3 степени и тие ќе доведат до посилни земјотреси, кои кај нас не можат да бидат толку страшни како некои во светот, но сепак ќе бидат разорни. Тој земјотрес ќе се случи на точката која беше единствената што не се потресе. Треба да се испита каде ќе се случи тоа. Не можеме да знаеме кога, но можевме да провериме каде и да ја подготвиме областа. Од моето искуство, тоа ќе се случи или во Србија или во пограничните области на соседните земји кои граничат со нас, изјави Славица за Телеграф.рс и посочи дека искуството нè води до заклучок дека тоа ќе се случи во следната година.

Кога на 15 април 1979 година, земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Црна Гора и однесе повеќе од 100 животи, една година претходно земјата почна вака да се тресе. Ова нè наведува да претпоставиме дека следниот разорен земјотрес ќе се случи во текот на следната година. Ќе знаеме дека сме влегле во завршна фаза кога ќе се случи земјотрес со јачина од 4 или дури 4,5 степени според Рихтеровата скала, додава таа.

The post Разорен земјотрес му се заканува на Балканот следната година: Вака ќе знаеме дека почнало appeared first on Република.

]]>

Серија силни земјотреси ја погодија територијата на Србија во изминатите неколку дена. Само во претходните пет дена имало земјотреси со јачина од над 3,5 степени според Рихтеровата скала кои ги погодија Романија (4,2), Крушевац (3,9), Задар (2,4), а како врв на се, вчера во текот на денот имаше два земјотреси во Врање (3,7 и 3,9 степени според Рихтер). Зголемената сеизмолошка активност започна на почетокот на годинава кога беа потресени Младеновац, Доњи Милановац и Лазарец, а посилни земјотреси во текот на годината ги погодија Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора, кои имаа сериозни проблеми поради земјотресите во април годинава. Познатиот сеизмолог Славица Радовановиќ за Телеграф.рс, објасни дека зголемената сеизмичка активност треба да се сфати како предупредување. На сите, вклучително и на сеизмолозите им е очигледно дека сеизмичката активност се зголемува во нашиот регион. По неколку години, кои поминаа без поголеми потреси, на територијата на Србија почнаа да се случуваат земјотреси посилни од 3 степени. Од Врање, Крушевац, Параќин, Сврљиг, кога ќе помислите на Младеновац и другите земјотреси што се случија претходната година, станува јасно дека следуваат посилни земјотреси, изјави за Телеграф.рс познатиот сеизмолог Славица Радовановиќ, Според една теорија, која ја поткрепува разорниот земјотрес од Црна Гора во 1979 година, повеќе области со зголемена активност и потреси кои се движат над 3 степени и тие ќе доведат до посилни земјотреси, кои кај нас не можат да бидат толку страшни како некои во светот, но сепак ќе бидат разорни. Тој земјотрес ќе се случи на точката која беше единствената што не се потресе. Треба да се испита каде ќе се случи тоа. Не можеме да знаеме кога, но можевме да провериме каде и да ја подготвиме областа. Од моето искуство, тоа ќе се случи или во Србија или во пограничните области на соседните земји кои граничат со нас, изјави Славица за Телеграф.рс и посочи дека искуството нè води до заклучок дека тоа ќе се случи во следната година. Кога на 15 април 1979 година, земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Црна Гора и однесе повеќе од 100 животи, една година претходно земјата почна вака да се тресе. Ова нè наведува да претпоставиме дека следниот разорен земјотрес ќе се случи во текот на следната година. Ќе знаеме дека сме влегле во завршна фаза кога ќе се случи земјотрес со јачина од 4 или дури 4,5 степени според Рихтеровата скала, додава таа.

The post Разорен земјотрес му се заканува на Балканот следната година: Вака ќе знаеме дека почнало appeared first on Република.

]]>
Серија на силни земјотреси ја вознемирија Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/serija-na-silni-zemjotresi-ja-voznemirija-grtsija/ Sun, 22 Sep 2024 13:33:51 +0000 https://republika.mk/?p=818742

Серија на силни земјотреси ја погодија Грција. Епицентарот е 17 километри од Неа Рода и околу 105 километри источно од Солун во Егејското море. Најсилниот е со 4.7 степени според Рихтер на длабочина од само 4 километри.

 

The post Серија на силни земјотреси ја вознемирија Грција appeared first on Република.

]]>

Серија на силни земјотреси ја погодија Грција. Епицентарот е 17 километри од Неа Рода и околу 105 километри источно од Солун во Егејското море. Најсилниот е со 4.7 степени според Рихтер на длабочина од само 4 километри.  

The post Серија на силни земјотреси ја вознемирија Грција appeared first on Република.

]]>
Неколку земјотреси регистрирани во Хрватска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nekolku-zemjotresi-registrirani-vo-hrvatska/ Thu, 22 Feb 2024 08:13:21 +0000 https://republika.mk/?p=746790

Од средата навечер до утринава, во Хрватска беа регистрирани неколку земјотреси од кои најсилниот беше последниот, со јачина од 3,8 степени по Рихтеровата скала, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска.

Интензитетот во епицентарот е проценет на V степен според ЕМС. Во 5 часот и 7 минути утринава земјотрес со јачина од 3,4 степени е регистриран и во Пељешац, југоисточно од Жуљан, а интензитетот во епицентарот, проценет од јачината, бил IV-V степени ЕМС, соопшти сеизмолошката служба.

The post Неколку земјотреси регистрирани во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Од средата навечер до утринава, во Хрватска беа регистрирани неколку земјотреси од кои најсилниот беше последниот, со јачина од 3,8 степени по Рихтеровата скала, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска. Интензитетот во епицентарот е проценет на V степен според ЕМС. Во 5 часот и 7 минути утринава земјотрес со јачина од 3,4 степени е регистриран и во Пељешац, југоисточно од Жуљан, а интензитетот во епицентарот, проценет од јачината, бил IV-V степени ЕМС, соопшти сеизмолошката служба.

The post Неколку земјотреси регистрирани во Хрватска appeared first on Република.

]]>
Оваа година светот беше сведок на најсмртоносните земјотреси и поплави во поновата историја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ovaa-godina-svetot-beshe-svedok-na-najsmrtonosnite-zemjotresi-i-poplavi-vo-ponovata-istorija/ Thu, 28 Dec 2023 08:31:30 +0000 https://republika.mk/?p=727369

Додека илјадници луѓе ги загубија животите во многу катастрофи предизвикани од климатските промени во 2023 година, многу земји ги доживеаја „најсмртоносните“ земјотреси и поплави во својата понова историја.

Во продолжение преглед на најразорните земјотреси и поплави во светот оваа година.

Иако годинава немаше земјотреси со јачина поголема од осум, имаше 18 земјотреси со јачина поголема од седум и 123 земјотреси со јачина поголема од шест.

Најголемиот земјотрес беше во Турција

Најсилниот и најсмртоносниот земјотрес во 2023 година е регистриран во Турција.

На 6 февруари Турција беше погодена од земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар беше областа Пазарџик Кахраманмарас.

 

Според АФАД, земјотресот, кој се случи на длабочина од 8,6 километри, предизвика уништување во 11 провинции во Турција и големи разурнувања и загуби на човечки животи во Сирија. Земјотресот беше почувствуван низ цела Турција и многу делови од Блискиот Исток и Европа.

Меѓу најсмртоносните земјотреси беше оној во Мароко

Вториот земјотрес, кој предизвика најмногу жртви во 2023 година, се случи во Мароко ноќта на 8 септември.

Речиси 3.000 луѓе загинаа, а повеќе од 6.000 беа повредени во земјотресот со јачина од седум степени, чиј епицентар беше во регионот Ал-Хуз во Маракеш.

Во изјави на официјалните власти се наведува дека земјотресот биле погодени 2,8 милиони луѓе, што одговара на две третини од населението во регионот, а околу 60.000 куќи биле делумно или целосно уништени.

Насер Џабур, претседател на Националниот геофизички институт на Мароко, го опиша земјотресот како „најголемиот земјотрес во минатиот век во историјата на земјата“.

Земјотреси во Авганистан

Третиот овогодишен земјотрес, кој предизвика најмногу жртви, се случи на 7 октомври во Херат, Авганистан, на границата со Иран.

По овој земјотрес следеа четири последователни земјотреси, од кои најголемиот беше со магнитуда од 6,3 степени, а беа забележани и многу последователни земјотреси над пет степени.

Привремената влада на Талибанците објави дека во земјотресите загинале околу 2.500 луѓе, а илјадници се повредени.

А на 21 март, земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала се случи во регионот Хиндукус во Авганистан. Во земјотресот, кој беше почувствуван и во Пакистан, загинаа 21 лице. Овој земјотрес е забележан како „петти најсмртоносен земјотрес во 2023 година“.

Четвртиот најсмртоносен земјотрес во 2023 година беше во Непал 

На почетокот на ноември Непал беше погоден од земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтер.

Епицентарот на земјотресот бил на 42 километри јужно од непалската област Џумла.

Во катастрофата, која беше регистрирана како „четврт најсмртоносен земјотрес оваа година“, загинаа 157 луѓе, а многумина беа повредени.

Земјотреси во Еквадор и Филипини

Други земјотреси со голем број жртви во 2023 година се евидентирани во Еквадор и Филипините.

Осумнаесет лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,7 степени што се случи во Еквадор на 18 март.

На Филипините 11 лица загинаа во земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала што се случи во регионот Буриас на југот на земјата на 17 ноември.

Поплави во светот

Поплавите, кои се меѓу најголемите природни катастрофи со кои се соочува човештвото, однесоа илјадници животи во 2023 година.

Променливиот режим на врнежи поради климатските промени, емисиите на јаглерод и различните фактори на животната средина доведе до тоа многу земји на глобално ниво да се соочат со овие природни катастрофи.

Најголеми штети во поплавите претрпеа населените места и земјоделските површини кои резултираа со големи штети и човечки загуби.

Најголемата поплава годинава се случи во Либија

„Бурата Даниел“, која беше ефективна во централниот дел на Медитеранот и ја погоди источна Либија на 10 септември, предизвика поплави во градовите Бенгази, Бејда, Мерџ, Суза и Дерна.

Додека повеќе од 4.300 луѓе загинаа во поплавите што го погодија источниот дел на земјата, 40.000 луѓе, вклучително и најмалку 17.000 деца, беа внатрешно раселени.

Во подрачјата погодени од поплавите на истокот од државата оштетена е 70 отсто од инфраструктурата.

Оштетени се 95 проценти од образовните институции, а образованието во земјата беше во прекин на десет дена. Прогласена беше тридневна жалост за загинатите во поплавите.

Меѓународната организација за миграција при Обединетите нации (ИОМ) објави дека околу 40.000 луѓе се раселени во градовите погодени од поплавите во Либија.

Портпаролот на либиската влада на национално единство, Мохамед Хамуде, рече дека врнежите се најобилни во повеќе од 40 години.

Поплави во Демократска Република Конго

Во провинцијата Јужен Киву на истокот на Демократска Република Конго (ДРК), 438 лица загинаа во поплавите предизвикани од обилните дождови во мај.

По поплавите во земјата е прогласена национална жалост.

И Грција беше сведок на обилни дождови

Седумнаесет лица загинаа во поплавите што се случија во Грција поради врнежите што почнаа на 5 септември.

Образованието во основните и средните училишта беше прекинато поради поплавите во грчкиот регион Тесалија.

Урагани и бури 

Околу 1,2 милиони луѓе беа евакуирани поради поплавите предизвикани од тајфунот Доксури во северната кинеска провинција Хебеј во август.

Во септември, обилните дождови предизвикаа поплави во провинцијата Гуангдонг на југот на земјата.

Повеќе од илјада луѓе загинаа во Малави поради ураганот „Фреди“  кој во април кој го погоди југоисточниот брег на Африка.

Како резултат на пустошот предизвикан од климатските промени, уништени се куќи, мостови, училишта и работни места, а оштетени се патишта, далноводи и земјоделско земјиште.

Повеќе од половина милион луѓе во земјата мораа да ги напуштат своите домови.

Во јужноамериканската земја Перу 2.500 семејства останаа без покрив над главата поради поплавите предизвикани од тропскиот ураган „Јаку“ во март.

Во Јапонија, која беше погодена од тропскиот тајфун Мавар, кој се појави во источна Азија, во јуни загина едно лице, а беше извршена привремена евакуација на два милиони луѓе.

Монсунски дождови

Приближно 60.000 луѓе беа раселени поради поплавите предизвикани од монсунските дождови во Мјанмар во август.

Во истиот период, околу 700.000 луѓе беа блокирани во Бангладеш поради поплави и лизгање на земјиштето.

Најмалку 1,2 милиони луѓе беа погодени од поплавите во регионите на земјата, вклучувајќи ги Кокс Базар, Чатограм, Бандарбан и Рангамати.

Најмалку 215 луѓе загинаа во катастрофи и несреќи предизвикани од монсунските дождови што започнаа кон крајот на јуни во Пакистан.

Поплавите што во април се случија во јужна Сомалија негативно погодија 460.000 луѓе.

Обединетите нации (ОН) упатија итен апел за помош по загриженоста поради порастот на епидемиските болести како колера и маларија во регионот погоден од поплавите.

Во Сомалија половина милион луѓе мораа да ги напуштат своите домови поради поплавите предизвикани од обилните дождови во ноември.

Поплавата, која се случи поради обилните дождови во индиската држава Асам во јуни, поплави 108 села и раселени повеќе од 115.000 луѓе кои живеат во селата.

Во Јемен, обилните дождови и поплавите раселиа повеќе од 9.000 семејства во централниот град Мариб во март.

The post Оваа година светот беше сведок на најсмртоносните земјотреси и поплави во поновата историја appeared first on Република.

]]>

Додека илјадници луѓе ги загубија животите во многу катастрофи предизвикани од климатските промени во 2023 година, многу земји ги доживеаја „најсмртоносните“ земјотреси и поплави во својата понова историја. Во продолжение преглед на најразорните земјотреси и поплави во светот оваа година. Иако годинава немаше земјотреси со јачина поголема од осум, имаше 18 земјотреси со јачина поголема од седум и 123 земјотреси со јачина поголема од шест.

Најголемиот земјотрес беше во Турција

Најсилниот и најсмртоносниот земјотрес во 2023 година е регистриран во Турција. На 6 февруари Турција беше погодена од земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар беше областа Пазарџик Кахраманмарас.   Според АФАД, земјотресот, кој се случи на длабочина од 8,6 километри, предизвика уништување во 11 провинции во Турција и големи разурнувања и загуби на човечки животи во Сирија. Земјотресот беше почувствуван низ цела Турција и многу делови од Блискиот Исток и Европа.

Меѓу најсмртоносните земјотреси беше оној во Мароко

Вториот земјотрес, кој предизвика најмногу жртви во 2023 година, се случи во Мароко ноќта на 8 септември. Речиси 3.000 луѓе загинаа, а повеќе од 6.000 беа повредени во земјотресот со јачина од седум степени, чиј епицентар беше во регионот Ал-Хуз во Маракеш. Во изјави на официјалните власти се наведува дека земјотресот биле погодени 2,8 милиони луѓе, што одговара на две третини од населението во регионот, а околу 60.000 куќи биле делумно или целосно уништени. Насер Џабур, претседател на Националниот геофизички институт на Мароко, го опиша земјотресот како „најголемиот земјотрес во минатиот век во историјата на земјата“.

Земјотреси во Авганистан

Третиот овогодишен земјотрес, кој предизвика најмногу жртви, се случи на 7 октомври во Херат, Авганистан, на границата со Иран. По овој земјотрес следеа четири последователни земјотреси, од кои најголемиот беше со магнитуда од 6,3 степени, а беа забележани и многу последователни земјотреси над пет степени. Привремената влада на Талибанците објави дека во земјотресите загинале околу 2.500 луѓе, а илјадници се повредени. А на 21 март, земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала се случи во регионот Хиндукус во Авганистан. Во земјотресот, кој беше почувствуван и во Пакистан, загинаа 21 лице. Овој земјотрес е забележан како „петти најсмртоносен земјотрес во 2023 година“.

Четвртиот најсмртоносен земјотрес во 2023 година беше во Непал 

На почетокот на ноември Непал беше погоден од земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтер. Епицентарот на земјотресот бил на 42 километри јужно од непалската област Џумла. Во катастрофата, која беше регистрирана како „четврт најсмртоносен земјотрес оваа година“, загинаа 157 луѓе, а многумина беа повредени.

Земјотреси во Еквадор и Филипини

Други земјотреси со голем број жртви во 2023 година се евидентирани во Еквадор и Филипините. Осумнаесет лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,7 степени што се случи во Еквадор на 18 март. На Филипините 11 лица загинаа во земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала што се случи во регионот Буриас на југот на земјата на 17 ноември.

Поплави во светот

Поплавите, кои се меѓу најголемите природни катастрофи со кои се соочува човештвото, однесоа илјадници животи во 2023 година. Променливиот режим на врнежи поради климатските промени, емисиите на јаглерод и различните фактори на животната средина доведе до тоа многу земји на глобално ниво да се соочат со овие природни катастрофи. Најголеми штети во поплавите претрпеа населените места и земјоделските површини кои резултираа со големи штети и човечки загуби.

Најголемата поплава годинава се случи во Либија

„Бурата Даниел“, која беше ефективна во централниот дел на Медитеранот и ја погоди источна Либија на 10 септември, предизвика поплави во градовите Бенгази, Бејда, Мерџ, Суза и Дерна. Додека повеќе од 4.300 луѓе загинаа во поплавите што го погодија источниот дел на земјата, 40.000 луѓе, вклучително и најмалку 17.000 деца, беа внатрешно раселени. Во подрачјата погодени од поплавите на истокот од државата оштетена е 70 отсто од инфраструктурата. Оштетени се 95 проценти од образовните институции, а образованието во земјата беше во прекин на десет дена. Прогласена беше тридневна жалост за загинатите во поплавите. Меѓународната организација за миграција при Обединетите нации (ИОМ) објави дека околу 40.000 луѓе се раселени во градовите погодени од поплавите во Либија. Портпаролот на либиската влада на национално единство, Мохамед Хамуде, рече дека врнежите се најобилни во повеќе од 40 години.

Поплави во Демократска Република Конго

Во провинцијата Јужен Киву на истокот на Демократска Република Конго (ДРК), 438 лица загинаа во поплавите предизвикани од обилните дождови во мај. По поплавите во земјата е прогласена национална жалост.

И Грција беше сведок на обилни дождови

Седумнаесет лица загинаа во поплавите што се случија во Грција поради врнежите што почнаа на 5 септември. Образованието во основните и средните училишта беше прекинато поради поплавите во грчкиот регион Тесалија.

Урагани и бури 

Околу 1,2 милиони луѓе беа евакуирани поради поплавите предизвикани од тајфунот Доксури во северната кинеска провинција Хебеј во август. Во септември, обилните дождови предизвикаа поплави во провинцијата Гуангдонг на југот на земјата. Повеќе од илјада луѓе загинаа во Малави поради ураганот „Фреди“  кој во април кој го погоди југоисточниот брег на Африка. Како резултат на пустошот предизвикан од климатските промени, уништени се куќи, мостови, училишта и работни места, а оштетени се патишта, далноводи и земјоделско земјиште. Повеќе од половина милион луѓе во земјата мораа да ги напуштат своите домови. Во јужноамериканската земја Перу 2.500 семејства останаа без покрив над главата поради поплавите предизвикани од тропскиот ураган „Јаку“ во март. Во Јапонија, која беше погодена од тропскиот тајфун Мавар, кој се појави во источна Азија, во јуни загина едно лице, а беше извршена привремена евакуација на два милиони луѓе.

Монсунски дождови

Приближно 60.000 луѓе беа раселени поради поплавите предизвикани од монсунските дождови во Мјанмар во август. Во истиот период, околу 700.000 луѓе беа блокирани во Бангладеш поради поплави и лизгање на земјиштето. Најмалку 1,2 милиони луѓе беа погодени од поплавите во регионите на земјата, вклучувајќи ги Кокс Базар, Чатограм, Бандарбан и Рангамати. Најмалку 215 луѓе загинаа во катастрофи и несреќи предизвикани од монсунските дождови што започнаа кон крајот на јуни во Пакистан. Поплавите што во април се случија во јужна Сомалија негативно погодија 460.000 луѓе. Обединетите нации (ОН) упатија итен апел за помош по загриженоста поради порастот на епидемиските болести како колера и маларија во регионот погоден од поплавите. Во Сомалија половина милион луѓе мораа да ги напуштат своите домови поради поплавите предизвикани од обилните дождови во ноември. Поплавата, која се случи поради обилните дождови во индиската држава Асам во јуни, поплави 108 села и раселени повеќе од 115.000 луѓе кои живеат во селата. Во Јемен, обилните дождови и поплавите раселиа повеќе од 9.000 семејства во централниот град Мариб во март.

The post Оваа година светот беше сведок на најсмртоносните земјотреси и поплави во поновата историја appeared first on Република.

]]>
Серија земјотреси во Италија, најсилниот од 4,2 степени во близина на Неапол https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/serija-zemjotresi-vo-italija-najsilniot-od-4-2-stepeni-vo-blizina-na-neapol/ Wed, 27 Sep 2023 07:10:48 +0000 https://republika.mk/?p=685478

Неколку земјотреси, од кои најсилниот бил со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, се случиле во текот на ноќта во големиот вулкански регион на Флегрејските полиња, во близина на Неапол, објави италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.

Според сеизмолозите, најсилниот земјотрес е регистриран во 3 часот и 35 минути и бил почувствуван во некои делови на Неапол и околните села, пренесува АНСА.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 3 километри.

Засега нема информации за материјална штета или жртви.

The post Серија земјотреси во Италија, најсилниот од 4,2 степени во близина на Неапол appeared first on Република.

]]>

Неколку земјотреси, од кои најсилниот бил со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, се случиле во текот на ноќта во големиот вулкански регион на Флегрејските полиња, во близина на Неапол, објави италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија. Според сеизмолозите, најсилниот земјотрес е регистриран во 3 часот и 35 минути и бил почувствуван во некои делови на Неапол и околните села, пренесува АНСА. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 3 километри. Засега нема информации за материјална штета или жртви.

The post Серија земјотреси во Италија, најсилниот од 4,2 степени во близина на Неапол appeared first on Република.

]]>
Земјотреси во јужна Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zemjotresi-vo-juzhna-turtsija/ Mon, 19 Jun 2023 09:32:10 +0000 https://republika.mk/?p=653022

Земјотреси со интензитет од 4,4 и 4 степени се регистрирани рано изутрината во јужните турски покраини Малатија и Кахраманмараш, јави турската приватна телевизија НТВ, повикувајќи се на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби.

Во 3 часот и 30 минути по полноќ се случи земјотрес со интензитет од 4,4 степени со епицентар во областа на градот Јесилурт во Малатја. Земјотресот бил на длабочина од 3,3 километри.

Подоцна, во 04:21 часот земјотрес со интензитет од 4 степени го погоди предградието Гоксун, округот Кахраманмараш. Овој земјотрес се случи на длабочина од 7 километри под површината на земјата.

Повеќе од 50.000 луѓе загинаа во двата разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени во истата област на 6 февруари.

The post Земјотреси во јужна Турција appeared first on Република.

]]>

Земјотреси со интензитет од 4,4 и 4 степени се регистрирани рано изутрината во јужните турски покраини Малатија и Кахраманмараш, јави турската приватна телевизија НТВ, повикувајќи се на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби. Во 3 часот и 30 минути по полноќ се случи земјотрес со интензитет од 4,4 степени со епицентар во областа на градот Јесилурт во Малатја. Земјотресот бил на длабочина од 3,3 километри. Подоцна, во 04:21 часот земјотрес со интензитет од 4 степени го погоди предградието Гоксун, округот Кахраманмараш. Овој земјотрес се случи на длабочина од 7 километри под површината на земјата. Повеќе од 50.000 луѓе загинаа во двата разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени во истата област на 6 февруари.

The post Земјотреси во јужна Турција appeared first on Република.

]]>
Во Турција се урна зграда оштетена во земјотресите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-turtsija-se-urna-zgrada-oshtetena-vo-zemjotresite/ Wed, 08 Mar 2023 19:20:49 +0000 https://republika.mk/?p=617468

Во турскиот град Малатија се урна петкатна зграда која беше тешко оштетена во земјотресите на почетокот на февруари. Пожарникарите, војската и медицинските екипи проверуваат дали имало некој во зградата кога се случило уривањето, јавува Анадолија.

Како резултат на двата разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени во јужните турски градови, беа уништени десетици илјади згради, а голем број беа сериозно оштетени и неупотребливи без поправка.

Повеќе од 232.000 згради се сериозно оштетени или ќе бидат урнати во областа погодена од разорните земјотреси на 6 февруари, изјави во вторникот министерот за животна средина, урбанизам и климатски промени Мурат Курум, пренесува Анадолија.

 

The post Во Турција се урна зграда оштетена во земјотресите appeared first on Република.

]]>

Во турскиот град Малатија се урна петкатна зграда која беше тешко оштетена во земјотресите на почетокот на февруари. Пожарникарите, војската и медицинските екипи проверуваат дали имало некој во зградата кога се случило уривањето, јавува Анадолија. Како резултат на двата разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени во јужните турски градови, беа уништени десетици илјади згради, а голем број беа сериозно оштетени и неупотребливи без поправка. Повеќе од 232.000 згради се сериозно оштетени или ќе бидат урнати во областа погодена од разорните земјотреси на 6 февруари, изјави во вторникот министерот за животна средина, урбанизам и климатски промени Мурат Курум, пренесува Анадолија.  

The post Во Турција се урна зграда оштетена во земјотресите appeared first on Република.

]]>
Пет потреси за еден час: Тлото во Турција не мирува https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pet-potresi-za-eden-chas-tloto-vo-turtsija-ne-miruva/ Fri, 24 Feb 2023 08:04:51 +0000 https://republika.mk/?p=612614

Дури пет земјотреси се регистрирани утрово во Турција, за само еден час.

Првиот и најсилен земјотрес бил со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала, а потоа следеле серија послаби земјотреси, од кои најслабиот бил со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала.

Да потсетиме, оваа земја беше погодена од два разорни земјотреси на 6 февруари, кои однесоа повеќе од 50.000 животи во Турција и соседна Сирија.

Повеќе од десетици илјади згради беа срамнети со земја, а сега е во тек уривањето на тешко оштетените објекти.

По разорните земјотреси Турција беше погодена од повеќе од 7.000 последователни потреси

The post Пет потреси за еден час: Тлото во Турција не мирува appeared first on Република.

]]>

Дури пет земјотреси се регистрирани утрово во Турција, за само еден час. Првиот и најсилен земјотрес бил со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала, а потоа следеле серија послаби земјотреси, од кои најслабиот бил со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала. Да потсетиме, оваа земја беше погодена од два разорни земјотреси на 6 февруари, кои однесоа повеќе од 50.000 животи во Турција и соседна Сирија. Повеќе од десетици илјади згради беа срамнети со земја, а сега е во тек уривањето на тешко оштетените објекти. По разорните земјотреси Турција беше погодена од повеќе од 7.000 последователни потреси

The post Пет потреси за еден час: Тлото во Турција не мирува appeared first on Република.

]]>
Науката знае каде може да се случи земјотрес, но не може да предвиди кога https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/naukata-znae-kade-mozhe-da-se-sluchi-zemjotres-no-ne-mozhe-da-predvidi-koga/ Sun, 19 Feb 2023 09:24:01 +0000 https://republika.mk/?p=610649

Науката нема интерес да предвидува, иако однапред знае каде каде може да се случат земјотреси, бидејќи постојано со инструменти ги следи движењето на земјината кора, но е многу несериозно, неодговорно, непринципиелно и не е базирано на факти да се каже дека може да се знае кога ќе се случи потрес, вели директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Влатко Шешов во интервју за МИА.

Ако ние кажуваме дека постои веројатност дека во наредните 100 години ќе се случи еден земјотрес, кој ќе надмине магнитуда, да кажеме од 6 степени, тоа значи дека нашите податоци покажуваат дека во тој временски период тие раседни структури произведуваат енергија која што во еден момент ќе се ослободи и ќе предизвика таков потрес. Тоа е веќе научно искажан факт - нагласува Шешов.

Тој потенцира дека од тој аспект најбитно е да се има широка мрежа на инструменти коишто ги следат и оние микродвижења на земјината кора кои луѓето не ги чувствуваат, во поглед на сеизмичката енергија што се акумулира и да се знае дека во наредниот период во тоа подрачје можеме да очекуваме некој посилен потрес.

Треба да работиме на тоа како да обезбедиме да се почитуваат техничките прописи, да имаме современи сознанија како сеизмички изолации и слично. Земјотресите ќе си се случат, а ние треба да си ги припремиме нашите згради да бидат ОК и нашите домови да бидат добри за да бидеме сигурни - додава Шешов.

The post Науката знае каде може да се случи земјотрес, но не може да предвиди кога appeared first on Република.

]]>

Науката нема интерес да предвидува, иако однапред знае каде каде може да се случат земјотреси, бидејќи постојано со инструменти ги следи движењето на земјината кора, но е многу несериозно, неодговорно, непринципиелно и не е базирано на факти да се каже дека може да се знае кога ќе се случи потрес, вели директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Влатко Шешов во интервју за МИА.
Ако ние кажуваме дека постои веројатност дека во наредните 100 години ќе се случи еден земјотрес, кој ќе надмине магнитуда, да кажеме од 6 степени, тоа значи дека нашите податоци покажуваат дека во тој временски период тие раседни структури произведуваат енергија која што во еден момент ќе се ослободи и ќе предизвика таков потрес. Тоа е веќе научно искажан факт - нагласува Шешов.
Тој потенцира дека од тој аспект најбитно е да се има широка мрежа на инструменти коишто ги следат и оние микродвижења на земјината кора кои луѓето не ги чувствуваат, во поглед на сеизмичката енергија што се акумулира и да се знае дека во наредниот период во тоа подрачје можеме да очекуваме некој посилен потрес.
Треба да работиме на тоа како да обезбедиме да се почитуваат техничките прописи, да имаме современи сознанија како сеизмички изолации и слично. Земјотресите ќе си се случат, а ние треба да си ги припремиме нашите згради да бидат ОК и нашите домови да бидат добри за да бидеме сигурни - додава Шешов.

The post Науката знае каде може да се случи земјотрес, но не може да предвиди кога appeared first on Република.

]]>
И Скопје е на листата: Ова се местата во регионот каде што е можен земјотрес https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/i-skopje-e-na-listata-ova-se-mestata-vo-regionot-kade-shto-e-mozhen-zemjotres/ Sat, 18 Feb 2023 18:52:31 +0000 https://republika.mk/?p=610580

Подрачјата во Србија најзагрозени од земјотреси се наоѓаат во зоната која започнува во Грција, а завршува во Италија, изјави за Телеграф.рс, Драган Миловановиќ, професор на Рударско-геолошкиот факултет.

Тој смета дека Србија е во зоната на оската, кога станува збор за земјотреси но оти во регионот не може да се случи земјотрес посилен од 6 степени.

На линијата за опасност според него се наоѓаат Белград, Копаоник, Краљево, Скопје, Загреб и Бања Лука.

The post И Скопје е на листата: Ова се местата во регионот каде што е можен земјотрес appeared first on Република.

]]>

Подрачјата во Србија најзагрозени од земјотреси се наоѓаат во зоната која започнува во Грција, а завршува во Италија, изјави за Телеграф.рс, Драган Миловановиќ, професор на Рударско-геолошкиот факултет. Тој смета дека Србија е во зоната на оската, кога станува збор за земјотреси но оти во регионот не може да се случи земјотрес посилен од 6 степени. На линијата за опасност според него се наоѓаат Белград, Копаоник, Краљево, Скопје, Загреб и Бања Лука.

The post И Скопје е на листата: Ова се местата во регионот каде што е можен земјотрес appeared first on Република.

]]>
Тлото не мирува: Над 50 земјотреси во Романија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tloto-ne-miruva-nad-50-zemjotresi-vo-romanija/ Wed, 15 Feb 2023 09:05:53 +0000 https://republika.mk/?p=609187

Во Романија веќе трет ден се регистрираат земјотреси, од кои два посилни, во понеделник попладне со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала и во вторник со јачина од 5,7 степени.

Само од вчера попладне, од најсилниот што се почувствува дури и во Македонија, до утринава, во Романија се регистрирани вкупно 50 земјотреси, од кои повеќето биле со послаб интензитет.

Романските служби за итни случаи вчера извршиле увид на терен по дојава дека има пукнатини на некои згради, но констатирале само помали оштетувања.

Експертите сметаат дека земјотресите во Романија не се поврзани со смртоносниот земјотрес што пред една недела ја опустоши источна Турција и северна Сирија.

Романија, која е на неколку раседи, е меѓу европските земји најподложни на земјотреси. Во март 1977 година, главно во Букурешт, во земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер загинаа повеќе од 1.570 луѓе, а беа повредени 11.000, а потоа беше обновен голем дел од главниот град на Романија, но со многу подобар квалитет.

The post Тлото не мирува: Над 50 земјотреси во Романија appeared first on Република.

]]>

Во Романија веќе трет ден се регистрираат земјотреси, од кои два посилни, во понеделник попладне со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала и во вторник со јачина од 5,7 степени. Само од вчера попладне, од најсилниот што се почувствува дури и во Македонија, до утринава, во Романија се регистрирани вкупно 50 земјотреси, од кои повеќето биле со послаб интензитет. Романските служби за итни случаи вчера извршиле увид на терен по дојава дека има пукнатини на некои згради, но констатирале само помали оштетувања. Експертите сметаат дека земјотресите во Романија не се поврзани со смртоносниот земјотрес што пред една недела ја опустоши источна Турција и северна Сирија. Романија, која е на неколку раседи, е меѓу европските земји најподложни на земјотреси. Во март 1977 година, главно во Букурешт, во земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер загинаа повеќе од 1.570 луѓе, а беа повредени 11.000, а потоа беше обновен голем дел од главниот град на Романија, но со многу подобар квалитет.

The post Тлото не мирува: Над 50 земјотреси во Романија appeared first on Република.

]]>
Во последните 24 часа дури 50 земјотреси во Романија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-poslednite-24-chasa-duri-50-zemjotresi-vo-romanija/ Wed, 15 Feb 2023 08:47:16 +0000 https://republika.mk/?p=609174

Во Романија веќе трет ден се бележат земјотреси, од кои два посилни, во понеделник попладне со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала и во вторник со јачина од 5,7 степени.
До утрово во Романија се забележани вкупно 50 земјотреси од кои повеќето биле со послаб интензитет и се последица на смирување на тлото.

Според податоците на веб-страницата на Сеизмолошкиот институт на Србија, по магнитудата 5,7 во Романија имало уште два земјотреси посилни од 4, шест посилни од 3, додека останатите биле над 2 степени. пренесува Данас.рс.
Геолошкиот институт на САД УСГС соопшти дека земјотресот се случил во округот Горџ, на многу мала длабочина од 10 километри под површината на земјата.

Експертите сметаат дека земјотресите во Романија не се поврзани со смртоносниот земјотрес што пред една недела ја опустоши источна Турција и северна Сирија.

The post Во последните 24 часа дури 50 земјотреси во Романија appeared first on Република.

]]>

Во Романија веќе трет ден се бележат земјотреси, од кои два посилни, во понеделник попладне со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала и во вторник со јачина од 5,7 степени. До утрово во Романија се забележани вкупно 50 земјотреси од кои повеќето биле со послаб интензитет и се последица на смирување на тлото. Според податоците на веб-страницата на Сеизмолошкиот институт на Србија, по магнитудата 5,7 во Романија имало уште два земјотреси посилни од 4, шест посилни од 3, додека останатите биле над 2 степени. пренесува Данас.рс. Геолошкиот институт на САД УСГС соопшти дека земјотресот се случил во округот Горџ, на многу мала длабочина од 10 километри под површината на земјата. Експертите сметаат дека земјотресите во Романија не се поврзани со смртоносниот земјотрес што пред една недела ја опустоши источна Турција и северна Сирија.

The post Во последните 24 часа дури 50 земјотреси во Романија appeared first on Република.

]]>
Повеќе од 22.000 загинати во Турција и Сирија: На терен 141.000 спасувачи, регистрирани над 1.000 последователни потреси https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poveke-od-22-000-zaginati-vo-turtsija-i-sirija-na-teren-141-000-spasuvachi-registrirani-nad-1-000-posledovatelni-potresi/ Fri, 10 Feb 2023 13:31:14 +0000 https://republika.mk/?p=607424

Во земјотресите во Турција и Сирија досега загинаа повеќе од 22.000 луѓе, јави ДПА.

Повеќе од 7.000 хуманитарни работници од 61 земја се во Турција и помагаат во напорите за потрага и спасување по земјотресите во понеделникот, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи.

Вкупно 97 земји испратија помош и за Турција.

Според турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на лице место има вкупно 141.000 турски и странски спасувачи.

„Повеќе од 76.000 луѓе се евакуирани од областа на земјотресот“, рече Ердоган.

Потрагата по преживеани продолжува, и покрај сè помалата надеж.

Првиот земјотрес се случи во понеделникот рано наутро со јачина од 7,7 степени. По ова напладне следеше уште еден земјотрес со јачина од 7,6 степени.

Според турските власти, оттогаш имало над 1.000 последователни потреси.

The post Повеќе од 22.000 загинати во Турција и Сирија: На терен 141.000 спасувачи, регистрирани над 1.000 последователни потреси appeared first on Република.

]]>

Во земјотресите во Турција и Сирија досега загинаа повеќе од 22.000 луѓе, јави ДПА. Повеќе од 7.000 хуманитарни работници од 61 земја се во Турција и помагаат во напорите за потрага и спасување по земјотресите во понеделникот, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи. Вкупно 97 земји испратија помош и за Турција. Според турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на лице место има вкупно 141.000 турски и странски спасувачи. „Повеќе од 76.000 луѓе се евакуирани од областа на земјотресот“, рече Ердоган. Потрагата по преживеани продолжува, и покрај сè помалата надеж. Првиот земјотрес се случи во понеделникот рано наутро со јачина од 7,7 степени. По ова напладне следеше уште еден земјотрес со јачина од 7,6 степени. Според турските власти, оттогаш имало над 1.000 последователни потреси.

The post Повеќе од 22.000 загинати во Турција и Сирија: На терен 141.000 спасувачи, регистрирани над 1.000 последователни потреси appeared first on Република.

]]>
Досега 648 последователни потреси во Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dosega-648-posledovatelni-potresi-vo-turtsija/ Wed, 08 Feb 2023 08:46:09 +0000 https://republika.mk/?p=606303

По разорниот земјотрес од понеделникот во Турција, со магнитуда на ударот од 7,8 степени според Рихтеровата скала, досега во земјата се регистрирани 648 последователни потреси, соопшти денеска Управата за вонредни ситуации.

Во спасувачките операции се ангажирани повеќе од 79.000 лица, а во погодените области се испратени 5.402 тешки возила, главно багери, шлепери, дигалки, булдожери, камиони, приколки и грејдери, јави агенцијата Анадолија.

Воспоставен е и воздушен мост за транспорт на персонал и материјали од Истанбул, Анкара и Измир до регионот погоден од земјотресот.

The post Досега 648 последователни потреси во Турција appeared first on Република.

]]>

По разорниот земјотрес од понеделникот во Турција, со магнитуда на ударот од 7,8 степени според Рихтеровата скала, досега во земјата се регистрирани 648 последователни потреси, соопшти денеска Управата за вонредни ситуации. Во спасувачките операции се ангажирани повеќе од 79.000 лица, а во погодените области се испратени 5.402 тешки возила, главно багери, шлепери, дигалки, булдожери, камиони, приколки и грејдери, јави агенцијата Анадолија. Воспоставен е и воздушен мост за транспорт на персонал и материјали од Истанбул, Анкара и Измир до регионот погоден од земјотресот.

The post Досега 648 последователни потреси во Турција appeared first on Република.

]]>
Снимки од дрон ја покажуваат разорната моќ на земјотресите во Турција и Сирија, бројот на загинати надмина 5 000 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/snimki-od-dron-ja-pokazhuvaat-razornata-mok-na-zemjotresite-vo-turtsija-i-sirija-brojot-na-zaginati-nadmina-5-000/ Tue, 07 Feb 2023 10:53:46 +0000 https://republika.mk/?p=605922

Снимки направени со дрон, кои се објавени по разорните земјотреси во Турција и Сирија, ја покажуваат моќноста и јачината на едни од најсилните потреси за ова подрачје во последните осум децении.

Во катастрофалниот земјотрес се урнаа неколку илјади згради, а потрагата на преживеаните под рушевините е отежната и поради минусните температури и близу 200 последователни потреси кои ги погодија областите.

Агенцијата за управување со катастрофи во Турција информира дека како последица на земјотресот во земјата се оштетени над 11 000 згради.

Бројот на загинатите во земјотресот во Турција и Сирија, според последниот биланс, се искачи на најмалку 5 000 луѓе, а се очекува бројот на мртви да се зголемува.

Според информациите што ги објави Си-ен-ен, во Турција се загинати вкупно 3 419 лица, а во Сирија бројот на загинати се искачи на 1 602. Како последица на земјотресот, во двете земји се повредени над 23 000 лица.

Обединетите нации соопштија дека земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди јужна Турција рано во понеделникот е најсилниот земјотрес во ова подрачје во повеќе од 80 години, односно од 1939 година.

Додека Турција и Сирија почнаа да ја проценуваат штетата предизвикана од земјотресот, земјите ширум светот се мобилизираа за да помогнат во напорите за спасување и закрепнување по катастрофата.

Од Македонија во Турција ќе бидат испратени 40 припадници на силите за заштита и спасување кои ќе помогнат во санирањето на последиците од земјотресот, а заедно со нив ќе бидат испратени и две противпожарни возила. Дополнително ќе бидат испратени и 24 припадници на Армијата, од кои 22 лица од Баталјонот за специјални сили, две кучиња за пребарување и две лица водачи на кучиња.

The post Снимки од дрон ја покажуваат разорната моќ на земјотресите во Турција и Сирија, бројот на загинати надмина 5 000 appeared first on Република.

]]>

Снимки направени со дрон, кои се објавени по разорните земјотреси во Турција и Сирија, ја покажуваат моќноста и јачината на едни од најсилните потреси за ова подрачје во последните осум децении. Во катастрофалниот земјотрес се урнаа неколку илјади згради, а потрагата на преживеаните под рушевините е отежната и поради минусните температури и близу 200 последователни потреси кои ги погодија областите. Агенцијата за управување со катастрофи во Турција информира дека како последица на земјотресот во земјата се оштетени над 11 000 згради. Бројот на загинатите во земјотресот во Турција и Сирија, според последниот биланс, се искачи на најмалку 5 000 луѓе, а се очекува бројот на мртви да се зголемува. Според информациите што ги објави Си-ен-ен, во Турција се загинати вкупно 3 419 лица, а во Сирија бројот на загинати се искачи на 1 602. Како последица на земјотресот, во двете земји се повредени над 23 000 лица. Обединетите нации соопштија дека земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди јужна Турција рано во понеделникот е најсилниот земјотрес во ова подрачје во повеќе од 80 години, односно од 1939 година. Додека Турција и Сирија почнаа да ја проценуваат штетата предизвикана од земјотресот, земјите ширум светот се мобилизираа за да помогнат во напорите за спасување и закрепнување по катастрофата. Од Македонија во Турција ќе бидат испратени 40 припадници на силите за заштита и спасување кои ќе помогнат во санирањето на последиците од земјотресот, а заедно со нив ќе бидат испратени и две противпожарни возила. Дополнително ќе бидат испратени и 24 припадници на Армијата, од кои 22 лица од Баталјонот за специјални сили, две кучиња за пребарување и две лица водачи на кучиња.

The post Снимки од дрон ја покажуваат разорната моќ на земјотресите во Турција и Сирија, бројот на загинати надмина 5 000 appeared first on Република.

]]>
Турција е едно од сеизмичките најтрусни подрачја во светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/turtsija-e-edno-od-seizmichkite-najtrusni-podrachja-vo-svetot/ Mon, 06 Feb 2023 14:00:33 +0000 https://republika.mk/?p=605512

Турција, која беше погодена од два екстремно силни земјотреси денеска, се протега на неколку раседи, меѓу евроазиската и африканската тектонска плоча, и затоа е меѓу сеизмички најактивните области во светот. Само минатата година турските сеизмолози забележаа повеќе од 22.000 послаби земјотреси, јави словенечката новинска агенција СТА.

Земјотресот што се случи денеска со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала е еднаков на земјотресот од 1939 година во кој загинаа 33.000 луѓе.

Тој земјотрес ја погоди Турција ноќта меѓу 26 и 27 декември 1939 година. Со магнитуда од 7,8 степени е вториот најсилен земјотрес регистриран во Турција. Според податоците објавени од Википедија, само земјотресот во северна Анадолија во 1668 година бил посилен.

Во исто време, земјотресот што се случи на крајот на 1939 година, со епицентар во близина на градот Ерзинџан, неколку стотици километри северно од денешниот епицентар во јужниот до југоисточниот дел на Турција, беше најсмртоносната природна катастрофа во современата турска историја. Речиси 33.000 луѓе загинаа, околу 100.000 беа повредени.

Катастрофалниот земјотрес што се случи во 1999 година е дел од серијата силни земјотреси долж северноанадолскиот тектонски расед помеѓу евроазиската и анадолската плоча, кои веќе биле активирани 60 години порано.

Се случи на 17 август 1999 година, со јачина од 7,6 степени и со епицентар во близина на градот Измит на западот на земјата, на околу стотина километри источно од Истанбул. Во тој земјотрес загинаа повеќе од 17.000 луѓе, според некои податоци повеќе од 18.000. Земјата се тресела 37 секунди, а епицентарот бил плиток, на длабочина од 15 километри.

Тој земјотрес предизвика и опасен пожар во блиската рафинерија за нафта и предизвика цунами во дел од Мраморното Море, кое однесе дополнителни 155 животи.

Сите земјотреси што следеа во изминатите повеќе од 20 години беа значително помалку разорни. Земјотрес што се случи на 1 мај 2003 година, со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, ја погоди источна Турција, при што загинаа повеќе од 170 луѓе.

Во октомври 2011 година, посилен земјотрес со јачина од 7,2 степени однесе околу 600 животи на истокот на земјата.

Во 2020 година, прво во јануари, во земјотрес со јачина од 6,7 степени, загинаа околу 40 луѓе. Фокусната точка беше на истокот на земјата, потресите се почувствувани во Сирија, Ерменија и Грузија.

Потоа, во октомври истата година, 117 луѓе загинаа во земјотрес со јачина од 7 степени во близина на егејскиот град Измир, но повеќе жртви има во соседна Грција отколку во Турција.

Денешниот земјотрес, кој според последните податоци во Турција и соседна Сирија однесе повеќе од 1.300 животи, секако е најголемата катастрофа од ваков вид што ја погодила Турција во 21 век.

The post Турција е едно од сеизмичките најтрусни подрачја во светот appeared first on Република.

]]>

Турција, која беше погодена од два екстремно силни земјотреси денеска, се протега на неколку раседи, меѓу евроазиската и африканската тектонска плоча, и затоа е меѓу сеизмички најактивните области во светот. Само минатата година турските сеизмолози забележаа повеќе од 22.000 послаби земјотреси, јави словенечката новинска агенција СТА. Земјотресот што се случи денеска со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала е еднаков на земјотресот од 1939 година во кој загинаа 33.000 луѓе. Тој земјотрес ја погоди Турција ноќта меѓу 26 и 27 декември 1939 година. Со магнитуда од 7,8 степени е вториот најсилен земјотрес регистриран во Турција. Според податоците објавени од Википедија, само земјотресот во северна Анадолија во 1668 година бил посилен. Во исто време, земјотресот што се случи на крајот на 1939 година, со епицентар во близина на градот Ерзинџан, неколку стотици километри северно од денешниот епицентар во јужниот до југоисточниот дел на Турција, беше најсмртоносната природна катастрофа во современата турска историја. Речиси 33.000 луѓе загинаа, околу 100.000 беа повредени. Катастрофалниот земјотрес што се случи во 1999 година е дел од серијата силни земјотреси долж северноанадолскиот тектонски расед помеѓу евроазиската и анадолската плоча, кои веќе биле активирани 60 години порано. Се случи на 17 август 1999 година, со јачина од 7,6 степени и со епицентар во близина на градот Измит на западот на земјата, на околу стотина километри источно од Истанбул. Во тој земјотрес загинаа повеќе од 17.000 луѓе, според некои податоци повеќе од 18.000. Земјата се тресела 37 секунди, а епицентарот бил плиток, на длабочина од 15 километри. Тој земјотрес предизвика и опасен пожар во блиската рафинерија за нафта и предизвика цунами во дел од Мраморното Море, кое однесе дополнителни 155 животи. Сите земјотреси што следеа во изминатите повеќе од 20 години беа значително помалку разорни. Земјотрес што се случи на 1 мај 2003 година, со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, ја погоди источна Турција, при што загинаа повеќе од 170 луѓе. Во октомври 2011 година, посилен земјотрес со јачина од 7,2 степени однесе околу 600 животи на истокот на земјата. Во 2020 година, прво во јануари, во земјотрес со јачина од 6,7 степени, загинаа околу 40 луѓе. Фокусната точка беше на истокот на земјата, потресите се почувствувани во Сирија, Ерменија и Грузија. Потоа, во октомври истата година, 117 луѓе загинаа во земјотрес со јачина од 7 степени во близина на егејскиот град Измир, но повеќе жртви има во соседна Грција отколку во Турција. Денешниот земјотрес, кој според последните податоци во Турција и соседна Сирија однесе повеќе од 1.300 животи, секако е најголемата катастрофа од ваков вид што ја погодила Турција во 21 век.

The post Турција е едно од сеизмичките најтрусни подрачја во светот appeared first on Република.

]]>
Земјотресите во Турција немаат директно влијание врз нас, но има напрегања помеѓу микро плочите и блоковите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zemjotresite-vo-turtsija-nemaat-direktno-vlijanie-vrz-nas-no-ima-napregana-pomegu-mikro-plochite-i-blokovite/ Mon, 06 Feb 2023 13:42:15 +0000 https://republika.mk/?p=605496

Раководителката на Сеизмолошката опсерваторија при Природно – математичкиот факултет во Скопје, Д-р Драгана Черних на својот Фејсбук профил пишува дека силните земјотреси немаат директно влијание врз нашата територија.

Но, како што вели, секако дека има распределба на тектонските напрегања помеѓу микро плочите и блоковите кои не се брзи и имаат соодветна временска историја.

Утринава во еден од сеизмички најактивните региони на Источниот Медитеран, со активноста на Источно-Анадолскиот расед, започна серија на тектонски земјотреси која што се уште трае.

Двата најсилни, во 4 часот и 17 минути и во 13 часот и 24 минути со локални Рихтерови магнитуди 7.8 и 7.5, беа проследени со афтершокова серија од неколку умерено силни земјотреси со магнитуди помеѓу 6 и 7 и повеќе од 30-тина умерени земјотреси со магнитуди поголеми од 5 според Рихтеровата скала.

Сеизмичката активност е последица на активирањето на дел од Источно Анадолскиот расед со максималната линеарна димензија од околу 200 километри и напрегањата предизвикани од континуираната интеракција на Анадолската микро плоча како дел од Евроазиската тектонска плоча со Арабиската плоча и дополнителните напрегања од Африканската тектонска плоча. Епицентрите на земјотресите се протегаат вдолж раседот на самата граница помеѓу Турција и Сирија.

Според досегашните податоци, во Турција и Сирија земјотресите одземаа повеќе од 1500 животи, повеќе од 7000 повредени и предизвикаа рушење на околу 3000 градби.

Високата сеизмичка активност од Турција врз нашата територија нема директно влијание но секако дека има распределба на тектонските напрегања помеѓу микро плочите и блоковите кои не се брзи и имаат соодветна временска историја, пишува таа.

The post Земјотресите во Турција немаат директно влијание врз нас, но има напрегања помеѓу микро плочите и блоковите appeared first on Република.

]]>

Раководителката на Сеизмолошката опсерваторија при Природно – математичкиот факултет во Скопје, Д-р Драгана Черних на својот Фејсбук профил пишува дека силните земјотреси немаат директно влијание врз нашата територија. Но, како што вели, секако дека има распределба на тектонските напрегања помеѓу микро плочите и блоковите кои не се брзи и имаат соодветна временска историја. Утринава во еден од сеизмички најактивните региони на Источниот Медитеран, со активноста на Источно-Анадолскиот расед, започна серија на тектонски земјотреси која што се уште трае. Двата најсилни, во 4 часот и 17 минути и во 13 часот и 24 минути со локални Рихтерови магнитуди 7.8 и 7.5, беа проследени со афтершокова серија од неколку умерено силни земјотреси со магнитуди помеѓу 6 и 7 и повеќе од 30-тина умерени земјотреси со магнитуди поголеми од 5 според Рихтеровата скала. Сеизмичката активност е последица на активирањето на дел од Источно Анадолскиот расед со максималната линеарна димензија од околу 200 километри и напрегањата предизвикани од континуираната интеракција на Анадолската микро плоча како дел од Евроазиската тектонска плоча со Арабиската плоча и дополнителните напрегања од Африканската тектонска плоча. Епицентрите на земјотресите се протегаат вдолж раседот на самата граница помеѓу Турција и Сирија. Според досегашните податоци, во Турција и Сирија земјотресите одземаа повеќе од 1500 животи, повеќе од 7000 повредени и предизвикаа рушење на околу 3000 градби. Високата сеизмичка активност од Турција врз нашата територија нема директно влијание но секако дека има распределба на тектонските напрегања помеѓу микро плочите и блоковите кои не се брзи и имаат соодветна временска историја, пишува таа.

The post Земјотресите во Турција немаат директно влијание врз нас, но има напрегања помеѓу микро плочите и блоковите appeared first on Република.

]]>
По земјотресите на грчкиот остров Евија, денеска затворени училиштата во две општини https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/po-zemjotresite-na-grchkiot-ostrov-evija-deneska-zatvoreni-uchilishtata-vo-dve-opshtini/ Wed, 30 Nov 2022 09:24:56 +0000 https://republika.mk/?p=579934

Училиштата во две општини во јужниот дел на грчкиот остров Евија денеска превентивно се затворени по вчерашните земјотреси што беа регистрирани во морскиот дел, од кои најсилниот беше синоќа со јачина од пет степени, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотресот беше регистриран кусо по 22 часот по локално време во морскиот дел источно од островот, со ист епицентар каде што вчера наутро беа регистрирани три земјотреси меѓу 4,1 и 4,7 степени, а грчките сеизмолози, говорејќи за медиумите, оценија дека синоќешниот земјотрес веројатно беше главниот.

Сеизмологот Акис Целендис, како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА, рекол дека во текот на ноќта имало над 85 помали земјотреси, најголемиот од 4,2 степени и додал дека веројатно синоќешниот бил и главниот.

Од земјотресот немаше повредени или поголема материјална штета, меѓутоа според заменик- префектот на Евија Јоргос Келаидитис во текот на денешниот ден градежни инженери ќе извршат проверка на објектите и домовите за евентуални проблеми и штети.

Келаидитис за АНА-МПА рекол дека поради низата помали земјотреси во текот на ноќта постоела загриженост кај жителите.

The post По земјотресите на грчкиот остров Евија, денеска затворени училиштата во две општини appeared first on Република.

]]>

Училиштата во две општини во јужниот дел на грчкиот остров Евија денеска превентивно се затворени по вчерашните земјотреси што беа регистрирани во морскиот дел, од кои најсилниот беше синоќа со јачина од пет степени, јави дописничката на МИА од Атина. Земјотресот беше регистриран кусо по 22 часот по локално време во морскиот дел источно од островот, со ист епицентар каде што вчера наутро беа регистрирани три земјотреси меѓу 4,1 и 4,7 степени, а грчките сеизмолози, говорејќи за медиумите, оценија дека синоќешниот земјотрес веројатно беше главниот. Сеизмологот Акис Целендис, како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА, рекол дека во текот на ноќта имало над 85 помали земјотреси, најголемиот од 4,2 степени и додал дека веројатно синоќешниот бил и главниот. Од земјотресот немаше повредени или поголема материјална штета, меѓутоа според заменик- префектот на Евија Јоргос Келаидитис во текот на денешниот ден градежни инженери ќе извршат проверка на објектите и домовите за евентуални проблеми и штети. Келаидитис за АНА-МПА рекол дека поради низата помали земјотреси во текот на ноќта постоела загриженост кај жителите.

The post По земјотресите на грчкиот остров Евија, денеска затворени училиштата во две општини appeared first on Република.

]]>