земјоделски субвенции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zemjodelski-subvencii/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Feb 2024 09:24:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png земјоделски субвенции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zemjodelski-subvencii/ 32 32 Трипуновски: Над 50 милиони евра субвенции не им се исплатени на земјоделците https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-nad-50-milioni-evra-subventsii-ne-im-se-isplateni-na-zemjodeltsite/ Sat, 24 Feb 2024 09:24:19 +0000 https://republika.mk/?p=747722

Трипуновски открива дека ако во 2016-та-2017-та година имало над 95.000 земјоделци апликанти за поддршките кои МЗШВ ги имало во тоа време, во 2023-та година во истите тие апликации за мерките и програмите имаат аплицирано некаде околу 65.000 земјоделци, што е сериозно намалување на бројот на земјоделци кои се занимаваат со земјоделство.

Во интервју за КУРИР, Цветан Трипуновски, дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, откри голем скандал. Огромни суми на пари наменети за субвенции за земјоделците во Македонија, од страна на оваа Влада воопшто не биле исплаќани.

-Кога зборувам за разочарувањето на земјоделците од оваа Влада и министерството, сакам да споделам еден податок и да го поткрепам ова разочарување кое го имаат. Во програмата за финансиска поддршка за 2024-та година, во мерка 11, заостанати обврски по мерки од програми од претходни години, има една фрапантна бројка од 3.400.000.000 денари, тоа се некаде над 50 милиони евра заостанати субвенции од претходни години, од 2020-та до 2023-та година. Тоа што цело време апелираме субвенциите да бидат навремени за земјоделците да имаат доверба во институциите, се потврдува со фактот дека субвенциите во најголем дел НЕ се исплатени кон земјоделците. И замислете во тешка економска состојба, со зголемени инфлации, со трошоци за производство, нафтени деривати и така натаму, вие имате субвенции кои што не се исплатени. Затоа велам дека земјоделците се разочарани од институциите и не ги добиваат сите оние услуги и мерки, истакна тој.

Трипуновски открива дека ако во 2016-та-2017-та година имало над 95.000 земјоделци апликанти за поддршките кои МЗШВ ги имало во тоа време, во 2023-та година во истите тие апликации за мерките и програмите имаат аплицирано некаде околу 65.000 земјоделци, што е сериозно намалување на бројот на земјоделци кои се занимаваат со земјоделство.

Тоа значи околу 30.000 земјоделци помалку. Ова, според Трипуновски, е сериозен удар бидејќи изминативе години сите погрешни политики и задоцнети мерки, ненавремено ангажирање на ресорното министерство и Владата, значи разочарување и напуштање на нивите ширум Република Македонија.

The post Трипуновски: Над 50 милиони евра субвенции не им се исплатени на земјоделците appeared first on Република.

]]>

Трипуновски открива дека ако во 2016-та-2017-та година имало над 95.000 земјоделци апликанти за поддршките кои МЗШВ ги имало во тоа време, во 2023-та година во истите тие апликации за мерките и програмите имаат аплицирано некаде околу 65.000 земјоделци, што е сериозно намалување на бројот на земјоделци кои се занимаваат со земјоделство. Во интервју за КУРИР, Цветан Трипуновски, дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, откри голем скандал. Огромни суми на пари наменети за субвенции за земјоделците во Македонија, од страна на оваа Влада воопшто не биле исплаќани.
-Кога зборувам за разочарувањето на земјоделците од оваа Влада и министерството, сакам да споделам еден податок и да го поткрепам ова разочарување кое го имаат. Во програмата за финансиска поддршка за 2024-та година, во мерка 11, заостанати обврски по мерки од програми од претходни години, има една фрапантна бројка од 3.400.000.000 денари, тоа се некаде над 50 милиони евра заостанати субвенции од претходни години, од 2020-та до 2023-та година. Тоа што цело време апелираме субвенциите да бидат навремени за земјоделците да имаат доверба во институциите, се потврдува со фактот дека субвенциите во најголем дел НЕ се исплатени кон земјоделците. И замислете во тешка економска состојба, со зголемени инфлации, со трошоци за производство, нафтени деривати и така натаму, вие имате субвенции кои што не се исплатени. Затоа велам дека земјоделците се разочарани од институциите и не ги добиваат сите оние услуги и мерки, истакна тој.
Трипуновски открива дека ако во 2016-та-2017-та година имало над 95.000 земјоделци апликанти за поддршките кои МЗШВ ги имало во тоа време, во 2023-та година во истите тие апликации за мерките и програмите имаат аплицирано некаде околу 65.000 земјоделци, што е сериозно намалување на бројот на земјоделци кои се занимаваат со земјоделство. Тоа значи околу 30.000 земјоделци помалку. Ова, според Трипуновски, е сериозен удар бидејќи изминативе години сите погрешни политики и задоцнети мерки, ненавремено ангажирање на ресорното министерство и Владата, значи разочарување и напуштање на нивите ширум Република Македонија.

The post Трипуновски: Над 50 милиони евра субвенции не им се исплатени на земјоделците appeared first on Република.

]]>
Рокот за аплицирање за субвенции 2023 се продолжува до 14 јули https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rokot-za-aplitsirane-za-subventsii-2023-se-prodolzhuva-do-14-juli/ Wed, 28 Jun 2023 06:19:07 +0000 https://republika.mk/?p=655858

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека до 14 јули 2023 година се продолжува рокот за аплицирање за директни плаќања по програмата за финансиска поддршка во земјдоелството за 2023 година, за растително и сточарско производство.

Земјоделците своите барања можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на министерството или електронски преку веб страната на АФПЗРР https://e-subvencii.ipardpa.gov.mk/perun/index.html

Продолжувањето на рокот за аплицирање за субвенции 2023 е по барање на земјоделците, со цел да се излезе во пресрет на сите земјоделци кои досега не стигнаа навремено да аплицираат.

The post Рокот за аплицирање за субвенции 2023 се продолжува до 14 јули appeared first on Република.

МЗШВ: Исплатени 232.2 милиони денари субвенции кон 8.435 корисници за употреба на сертифициран семенски материјал во полјоделското производство https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mzshv-isplateni-232-2-milioni-denari-subventsii-kon-8-435-korisnitsi-za-upotreba-na-sertifitsiran-semenski-materijal-vo-poljodelskoto-proizvodstvo/ Tue, 27 Jun 2023 19:30:20 +0000 https://republika.mk/?p=655842

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска реализираше исплата на директните плаќања за користен сертифициран семенски материјал за сите полјоделски култури, освен тутунот.

Вкупната вредност на исплатата изнесува 232.2 милиони денари, кон 8.435 корисници.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства кои пријавиле употреба на сертифициран семенски материјал за производство на пченица, јачмен, пченка, рж, овес, тритикале, хељда, сирак, суданска трева, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, памук, анасон, шеќерна репка, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, афион, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок, наут, луцерка, и ориз.

Преку оваа подмерка се поттикнуваат полјоделците да употребуваат сертифициран семенски материјал, инвестирајќи во квалитетен род и зголемен принос. Реализацијата на исплатата за оваа подмерка доаѓа навремено во период кога актуелна е и жетвата на житните и индустриски култури, што дополнително ќе ги помогне земјоделците во трошоците.

Земјоделците оваа година се сведоци на наврменеа исплата за сите директни плаќања предвидени од програмата. Навремено уште на почетокот од годината беа исплатени и основните директни плаќања за полјоделски култури, што заедно со исплатата на оваа поддмерка достигнува до 650 милиони денари поддршка за овој сектор.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека во наредниот период реализирана ќе биде и финансиската поддршка за предадени житни и индустриски култури во домашни преработувачки капацитети како и исплатата за произведени и предадени овошни и градинарски култури.

The post МЗШВ: Исплатени 232.2 милиони денари субвенции кон 8.435 корисници за употреба на сертифициран семенски материјал во полјоделското производство appeared first on Република.

Земјоделците да се пријават во МЗШВ за директни плаќања за женски приплодни грла маторици  https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zemjodeltsite-da-se-prijavat-vo-mzshv-za-direktni-plakana-za-zhenski-priplodni-grla-matoritsi/ Sun, 25 Jun 2023 17:45:31 +0000 https://republika.mk/?p=655006

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директни плаќања за женски приплодни грла- маторици.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат женски приплодни грла-маторици и поседуваат минимум пет грла маторица и истите ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2023 година. Висината на директните плаќања изнесува 1.000 денари по грло-маторица.

Земјоделските стопанства можат да аплицираат и за подмерката 2.14 за директни плаќања за продадени или заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства кои одгледале, продале или заклале најмалку пет гоеници во период од мај 2022 година до јануари 2023 година во регистриран кланичен капацитет, запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло. Висината на директните плаќања за гоеници со тежина над 90 килограми изнесува 1.000 денари по грло.  

Ги потсетуваме земјоделците дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции е до 30 јуни 2023. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или електронски преку веб страната на Платежната Агенција.

The post Земјоделците да се пријават во МЗШВ за директни плаќања за женски приплодни грла маторици  appeared first on Република.

]]>

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директни плаќања за женски приплодни грла- маторици. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат женски приплодни грла-маторици и поседуваат минимум пет грла маторица и истите ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2023 година. Висината на директните плаќања изнесува 1.000 денари по грло-маторица. Земјоделските стопанства можат да аплицираат и за подмерката 2.14 за директни плаќања за продадени или заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети. Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства кои одгледале, продале или заклале најмалку пет гоеници во период од мај 2022 година до јануари 2023 година во регистриран кланичен капацитет, запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло. Висината на директните плаќања за гоеници со тежина над 90 килограми изнесува 1.000 денари по грло.   Ги потсетуваме земјоделците дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции е до 30 јуни 2023. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или електронски преку веб страната на Платежната Агенција.

The post Земјоделците да се пријават во МЗШВ за директни плаќања за женски приплодни грла маторици  appeared first on Република.

]]>
Аплицирајте за директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години    https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/aplitsirajte-za-direktni-plakana-za-mali-zemjodelski-stopanstva-definirani-spored-istoriski-plakana-za-prethodnite-tri-godini/ Sun, 25 Jun 2023 17:28:12 +0000 https://republika.mk/?p=655001

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства, кои се корисници по Програмите за финансиска поддршка во земјоделството за 2020,2021 и 2022 година и истите не се корисници на останатите подмерки од член 2 ставови 2 и 3 од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2023 година.

Висината на директните плаќања се утврдува како просек од висината на одобрените финансиски средства за директни плаќања, по Програмите за финансиска поддршка во земјоделството за 2020,2021 и 2022 година и тоа:

  • за одобрен просек од 0 до 10.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 10.000 денари,
  • за одобрен просек од 10.001 до 20.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 20.000 денари,
  • за одобрен просек од 20.001 до 30.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 30.000 денари,
  • за одобрен просек од 30.001 до 40.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 40.000 денари.

МЗШВ ги потсетува земјоделските стопанства дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции за 2023 година за растително и сточарско производство е до 30 јуни 2023 година. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ, или електронски преку веб страната на Платежната Агенција.

The post Аплицирајте за директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години    appeared first on Република.

МЗШВ: Земјоделците да се пријават за директни плаќања за регистрирано преземено пчелно семејство  https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mzshv-zemjodeltsite-da-se-prijavat-za-direktni-plakana-za-registrirano-prezemeno-pchelno-semejstvo/ Sun, 25 Jun 2023 17:17:47 +0000 https://republika.mk/?p=654996

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директни плаќања за регистрирано преземено пчелно семејство.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства, кои поседуваат минимум 10 регистрирани преземени пчелни семејства.

За земјоделските стопанства, кои поседуваат од 10 до 50 регистрирани преземени пчелни семејства, висината на директните плаќања изнесува 600 денари по пчелно семејство.

За земјоделските стопанства, кои поседуваат над 50 регистрирани преземени пчелни семејства, висината на директните плаќања изнесува 800 денари по пчелно семејство, евидентирани или регистрирани од Агенцијата за храна и ветеринарство, како примарни производители на производи од животинско потекло, или одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како оператори со храна, или имаат предадено мед во објект одобрен од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Потребното одржување на бројот на пријавените преземени пчелни семејства е до 30 ноември 2023 година.

Земјоделските стопанства можат да аплицираат и за дополнителна субвенција од подмерката 2.18. за пчелни семејства вкучени во селекција за пеоизводство на шчелни матици, односно за подмерката 2.19.

Корисници на оваа дополнителна подмерка се земјоделските стопанства запишани во Регистарот на одгледувалишта на пчели и се регистрирани одледувалишта на пчелни матици или се нивни членови.

Висината на директните плаќања изнесува 2.000 денари по пчелно семејство, кое е во контрола и е вклучено во селекција за производство на пчелни матици.

Ги потсетуваме земјоделците дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции е до 30 јуни 2023. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачнитеединици на МЗШВ или електронски преку веб страната на Платежната Агенција.

The post МЗШВ: Земјоделците да се пријават за директни плаќања за регистрирано преземено пчелно семејство  appeared first on Република.

Земјоделците да се пријават за директни плаќања за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zemjodeltsite-da-se-prijavat-za-direktni-plakana-za-proizvodstvo-na-predosnoven-i-osnoven-semenski-materijal-za-zhitni-kulturi/ Sat, 24 Jun 2023 19:34:50 +0000 https://republika.mk/?p=654805

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директни плаќања за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал, и кои имаат произведен и продаден предосновен и основен семенски материјал за житни култури во 2023 година, согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија.

Висината на директните плаќања за произведен и продаден предосновен семенски материјал изнесува 20 денари по килограм, а за основен семенски материјал изнесува 10 денари по килограм.

Ги потсетуваме земјоделците дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции е до 30 јуни 2023. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или електронски преку веб страната на Платежната Агенција.

The post Земјоделците да се пријават за директни плаќања за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури appeared first on Република.

]]>

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директни плаќања за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури. Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал, и кои имаат произведен и продаден предосновен и основен семенски материјал за житни култури во 2023 година, согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија. Висината на директните плаќања за произведен и продаден предосновен семенски материјал изнесува 20 денари по килограм, а за основен семенски материјал изнесува 10 денари по килограм. Ги потсетуваме земјоделците дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции е до 30 јуни 2023. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или електронски преку веб страната на Платежната Агенција.

The post Земјоделците да се пријават за директни плаќања за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури appeared first on Република.

]]>
Аплицирајте за субвенции за директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци  https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/aplitsirajte-za-subventsii-za-direktni-plakana-za-obelezhani-grla-ovtsi-postari-od-12-mesetsi/ Thu, 22 Jun 2023 19:22:27 +0000 https://republika.mk/?p=654203

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директните плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства одгледувачи на овци, кои поседуваат минимум 30 овци, кои се постари од 12 месеци на денот на поднесување на барањето за поддршка и се евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на овци/кози, а истите ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2023 година. Висината на директните плаќања изнесува 600 денари по грло.

Земјоделските стопанства можат да аплицираат и за дополнителна субвенција од подмерката 2.8. за обележани грла овци постари од 12 месеци, односно за подмерката 2.9..

Корисници на дополнителни плаќања се земјоделските стопанства кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко, како корисници на подмерката 2.4 од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2023 година, корисници на подмерката 2.8 од Уредбата кои или предале или заклале јагниња во преработувачки капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло, како корисници на померките 2.12 и 2.8 од Уредбата. Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 1.400 денари по грло.

Ги потсетуваме земјоделците дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции е до 30 јуни 2023. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или електронски преку веб страната на Платежната Агенција.

The post Аплицирајте за субвенции за директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци  appeared first on Република.

]]>

  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директните плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци. Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства одгледувачи на овци, кои поседуваат минимум 30 овци, кои се постари од 12 месеци на денот на поднесување на барањето за поддршка и се евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на овци/кози, а истите ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2023 година. Висината на директните плаќања изнесува 600 денари по грло. Земјоделските стопанства можат да аплицираат и за дополнителна субвенција од подмерката 2.8. за обележани грла овци постари од 12 месеци, односно за подмерката 2.9.. Корисници на дополнителни плаќања се земјоделските стопанства кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко, како корисници на подмерката 2.4 од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2023 година, корисници на подмерката 2.8 од Уредбата кои или предале или заклале јагниња во преработувачки капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло, како корисници на померките 2.12 и 2.8 од Уредбата. Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 1.400 денари по грло. Ги потсетуваме земјоделците дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции е до 30 јуни 2023. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или електронски преку веб страната на Платежната Агенција.  

The post Аплицирајте за субвенции за директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци  appeared first on Република.

]]>
Аплицирајте за субвенции по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/aplitsirajte-za-subventsii-po-obrabotliva-zemjodelska-povrshina-za-odrzhuvane-na-postoechki-ovoshni-nasadi/ Wed, 21 Jun 2023 06:42:51 +0000 https://republika.mk/?p=653523

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директните плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади.

Како корисници на овие субвенции се јавуваат земјоделски стопанства кои имаат минимум 0,2 ха одржлива површина со постоечки овошни насади збирно за следните овошни видови: јаболка, слива, праска, круша, вишна, кајсија, цреша, јагода на отворено, малина, капина, боровинка, диња, мушмула, актинидија, маслинка, калинка, јапонско јаболко, смоква, аронија, шип, рибизла, гоџи бери, бадем, лешник, орев и питом костен и се регистрирани во Единствениот регистар за земјоделски стопанства.

Минимален број на овошки- садници по хектар прифатлив за секој овошен вид одделно е даден во табелата за минимален број на овошки-садници во Прилог 5, дел од  Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2023 година. Висината на директните плаќања изнесува 12.000 денари по хектар.

Земјоделските стопанства можат да аплицираат и за дополнителна субвенција од подмерката 1.8. за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи, односно за подмерката 1.11.

Право на аплицирање за дополнителните плаќања имаат земјоделските стопанства, корисници од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година, за одржување на постоечки јаболкови насади и оствареното производство на јаболка за период од 15 септември 2022 до 15 мај 2023 година, кои го имаат предадено и го предаваат директно, или преку еден регистриран откупувач, кај регистрирани преработувачки капацитети, или кај регистриран откупувач, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи-овошје. Висината на доплнителните директни плаќања изнесува 3 денари по килограм.

МЗШВ ги потсетува земјоделските стопанства дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции за 2023 година за растително и сточарско производство е до 30 јуни 2023 година. Земјдоелците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или електронски преку веб страната на Платежната Агенција. 

The post Аплицирајте за субвенции по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади appeared first on Република.

]]>

  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директните плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади. Како корисници на овие субвенции се јавуваат земјоделски стопанства кои имаат минимум 0,2 ха одржлива површина со постоечки овошни насади збирно за следните овошни видови: јаболка, слива, праска, круша, вишна, кајсија, цреша, јагода на отворено, малина, капина, боровинка, диња, мушмула, актинидија, маслинка, калинка, јапонско јаболко, смоква, аронија, шип, рибизла, гоџи бери, бадем, лешник, орев и питом костен и се регистрирани во Единствениот регистар за земјоделски стопанства. Минимален број на овошки- садници по хектар прифатлив за секој овошен вид одделно е даден во табелата за минимален број на овошки-садници во Прилог 5, дел од  Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2023 година. Висината на директните плаќања изнесува 12.000 денари по хектар. Земјоделските стопанства можат да аплицираат и за дополнителна субвенција од подмерката 1.8. за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи, односно за подмерката 1.11. Право на аплицирање за дополнителните плаќања имаат земјоделските стопанства, корисници од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година, за одржување на постоечки јаболкови насади и оствареното производство на јаболка за период од 15 септември 2022 до 15 мај 2023 година, кои го имаат предадено и го предаваат директно, или преку еден регистриран откупувач, кај регистрирани преработувачки капацитети, или кај регистриран откупувач, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи-овошје. Висината на доплнителните директни плаќања изнесува 3 денари по килограм. МЗШВ ги потсетува земјоделските стопанства дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции за 2023 година за растително и сточарско производство е до 30 јуни 2023 година. Земјдоелците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или електронски преку веб страната на Платежната Агенција. 

The post Аплицирајте за субвенции по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади appeared first on Република.

]]>
Само големите земјоделски фирми блиски до власта ќе видат аир од субвенциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/samo-golemite-zemjodelski-firmi-bliski-do-vlasta-ke-vidat-air-od-subventsiite/ Wed, 15 Feb 2023 19:06:15 +0000 https://republika.mk/?p=609458

СДС ги прави субвенциите привилегија за олигарсите и неколку големи фирми блиски до нив, без да води грижа за вистинските земјоделци, рече на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да се фалат со новиот начин на субвенционирање, Владата на Димитар Ковачевски и Љупчо Николовски треба да излезат и пред земјоделците да ја кажат вистината, рече тој.

Покрај укинувањето на субвенционирање на некои земјоделски култури и намалување на висината на субвенцијата кај одредени мерки, Владата на СДС предлага авансна исплата на субвенциите од 30 проценти во тековната година и дополнителни 70 проценти откако ќе се предаде родот во откупен или преработувачки пункт. Она што е спорно овде е што, обичниот земјоделец е условен да има минимална производна количина на земјоделски производ, која е нереална и далеку недостижна. А, со тоа и не можат да го исполнат вториот услов и да ги земат дополнителните 70% од износот на субвенцијата. Втор проблем е и фактот што ниту една година откако СДС е на власт нема сигурен пласман на земјоделските производи што е уште еден доказ дека земјоделците ќе останат без субвенции.

Па така, Владата на СДС наместо да ги зголемува, ги намалува средствата за субвенционирање и од овој модел кој помпезно го најавуваат најголем бенефит ќе имаат само неколку фирми кои што се блиски до нив, откри тој.

Според Трипуновски, ова ќе значи крај на земјоделското производство во Република Македонија.

Наместо парите да завршуваат кај земјоделците и да се поттикне производството на земјоделски производи, Владата на Ковачевски и Николовски им ги ускратува субвенциите.

Имено, тоа што владата им исплаќа на земјоделците субвенции на самиот празник Св. Трифун е чиста манипулација и газење на достоинството и маката на чесниот земјоделец. Владата наместо да се фали со обврска која ја има кон земјоделците, нека одговори зошто според новата програма за директни плаќања за 2023 година, која излезе само пред неколку дена во Службен весник од вкупно предвидени 100 милиони евра за целата програма, 50 милиони евра се за неисплатени субвенции за 2019-та, 2020-та, 2021 и 2022 година. Ова е двојно признание дека Владата не ги исплаќа субвенциите тековно и дека за 2023-та година има обезбедено само 50 милиони евра наместо ветените 100 милиони евра.

СДС, Ковачевски и Николовски се рак рана за македонското земјоделство и македонското производство.

Владата не им помага на земјоделците, напротив работи против нивниот интерес и потреба. Затоа е време за предвремени парламентарни избори и промени кои ќе обезбедат стабилност и иднина на македонските земјоделци, вели Трипуновски.

https://youtube.com/watch?v=c2QxEbW6euU&feature=shares

The post Само големите земјоделски фирми блиски до власта ќе видат аир од субвенциите appeared first on Република.

]]>

СДС ги прави субвенциите привилегија за олигарсите и неколку големи фирми блиски до нив, без да води грижа за вистинските земјоделци, рече на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да се фалат со новиот начин на субвенционирање, Владата на Димитар Ковачевски и Љупчо Николовски треба да излезат и пред земјоделците да ја кажат вистината, рече тој.
Покрај укинувањето на субвенционирање на некои земјоделски култури и намалување на висината на субвенцијата кај одредени мерки, Владата на СДС предлага авансна исплата на субвенциите од 30 проценти во тековната година и дополнителни 70 проценти откако ќе се предаде родот во откупен или преработувачки пункт. Она што е спорно овде е што, обичниот земјоделец е условен да има минимална производна количина на земјоделски производ, која е нереална и далеку недостижна. А, со тоа и не можат да го исполнат вториот услов и да ги земат дополнителните 70% од износот на субвенцијата. Втор проблем е и фактот што ниту една година откако СДС е на власт нема сигурен пласман на земјоделските производи што е уште еден доказ дека земјоделците ќе останат без субвенции. Па така, Владата на СДС наместо да ги зголемува, ги намалува средствата за субвенционирање и од овој модел кој помпезно го најавуваат најголем бенефит ќе имаат само неколку фирми кои што се блиски до нив, откри тој.
Според Трипуновски, ова ќе значи крај на земјоделското производство во Република Македонија.
Наместо парите да завршуваат кај земјоделците и да се поттикне производството на земјоделски производи, Владата на Ковачевски и Николовски им ги ускратува субвенциите. Имено, тоа што владата им исплаќа на земјоделците субвенции на самиот празник Св. Трифун е чиста манипулација и газење на достоинството и маката на чесниот земјоделец. Владата наместо да се фали со обврска која ја има кон земјоделците, нека одговори зошто според новата програма за директни плаќања за 2023 година, која излезе само пред неколку дена во Службен весник од вкупно предвидени 100 милиони евра за целата програма, 50 милиони евра се за неисплатени субвенции за 2019-та, 2020-та, 2021 и 2022 година. Ова е двојно признание дека Владата не ги исплаќа субвенциите тековно и дека за 2023-та година има обезбедено само 50 милиони евра наместо ветените 100 милиони евра. СДС, Ковачевски и Николовски се рак рана за македонското земјоделство и македонското производство. Владата не им помага на земјоделците, напротив работи против нивниот интерес и потреба. Затоа е време за предвремени парламентарни избори и промени кои ќе обезбедат стабилност и иднина на македонските земјоделци, вели Трипуновски.
https://youtube.com/watch?v=c2QxEbW6euU&feature=shares

The post Само големите земјоделски фирми блиски до власта ќе видат аир од субвенциите appeared first on Република.

]]>
Започна исплатата на субвенциите кон тутунарите за реколтата 2021 https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zapochna-isplatata-na-subvenciite-kon-tutunarite-za-rekoltata-2021/ Thu, 09 Jun 2022 18:22:55 +0000 https://republika.mk/?p=513308

Тутунарите ги добиваат заслужените субвенции за реколтата 2021. Откако успеавме да ги одблокираме законските измени, преку кои се одложи обврската кон УЈП, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 2 јуни ги подготви и потпиша сите решенија за исплата на субвенциите и истите беа предадени до министерството за финансии за исплата, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Денеска, по добиена информација од министерството за финансии, ги известуваме тутунарите дека од денес во текот на наредните девет работни дена субвенциите кон тутунарите целосно ќе бидат исплатени. Вкупно 1.3 милијарди денари ќе бидат пуштени на сметките до 17.280 тутунопроизводители, се додава во соопштението.

МЗШВ додава дека дополнително ги информира земјоделците оти во следниот период се очекува реализација на исплатата на финансиската поддршка за набавено вештачко ѓубриво и поддршката за продадени или заклани гоеници, мерки кои ги донесовме за поддршка на земјоделците во услови на криза преку Интервентниот фонд.

Следува и реализација на поддршката преку програмата за директни плаќања за премијата за произведено и предадено млеко јануари-феруари 2021 и субвенциите за заклани бројлери и несилки во регистрирани кланични капацитети. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се грижи за секој земјоделец и дава силна поддршка на земјоделците во услови на светска криза, се додава во соопштението на МЗШВ.

The post Започна исплатата на субвенциите кон тутунарите за реколтата 2021 appeared first on Република.

Пратениците едногласно ги поддржаа измените на Законот за земјоделство и рурален развој https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pratenicite-ednoglasno-gi-poddrzaa-izmenite-na-zakonot-za-zemjodelstvo-i-ruralen-razvoj/ Tue, 31 May 2022 11:09:45 +0000 https://republika.mk/?p=509229

Со 90 гласови „за“, без ниту еден против и без воздржани, Собранието денеска во рамки на 64-та седница го донесе Предлог- законот за изменување и дополнување на законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка. Предлагачи на законот се група пратеници од владејачкото мнозинство.

Пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека не се применува и не се почитува Деловникот на Собранието и дека денешните седници на Собранието се закажани на растојание од десет минути што би значело, како што рече, дека нема да има време за ниту еден говор по било која точка, зошто еден говор трае 10 минути. Додаде дека во Собранието не е овозможена и нема отворена дебата и нее оставен простор за подготовка на пратениците.

-И покрај сите дезинформации, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ дава целосна поддршка на Предлог-законот, сепак имаме одредени забелешки, кои секако треба и ги истакнуваме со нашиве дискусии, рече Стојаноска. Смета дека власта не ја бидува, не е заинтересирана за работа и додаде дека решение се брзи и предвремени избори.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во расправата укажаа на тековните проблемите на земјоделците во земјава и додадоа дека СДСМ и ДУИ имале можност за корекција, но не сториле ништо. Потсетија на третманот на земјоделецот, на неисплатените субвенции за земјоделците од 2021, 2020 и 2019 година и посочија дека државата има неисплатени обврски кон земјоделците, дека земјоделците заслужуват секогаш подобро законско решение,

Пратеничката Љубица Спасова од СДСМ рече дека е лага дека нема пари во буџетот и дека поради тоа не се исплаќаат субвенции за земјоделците. Таа соопшти дека се обезбедени една милијарда и 300 милиони денари се обезбедни во буџетот и по гласањето на овој закон и по објавувањето во „Службен весник“ субвенциите веднаш ќе може да им се исплатат на земјоделците. Нагласи дека не точно дека не се исплатени субвенции досега и потенцира дека има навремена и неселективна исплата.

-Во периодот од 2017 до 2019 година исплатени се 305 милиони евра за заостанати редовни субвенции, а финансиската поддршка продолжува и понатаму, потенцира Спасова, која потсети на новите мерки, како зелена нафта, грантови од 20.000 евра за млад земјоделец, грант од три илјади евра за жена земјоделка…

Претседателот на Собранието Талат Џафери по гласањето на Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, ја прекина 64-та седница и даде пауза од пет минути за да се подготват службите.

По паузата ќе продолжи 54-та седница, а со неа ќе претседава потпретседателот на Собранието Горан Мисовски.

The post Пратениците едногласно ги поддржаа измените на Законот за земјоделство и рурален развој appeared first on Република.

]]>

Со 90 гласови „за“, без ниту еден против и без воздржани, Собранието денеска во рамки на 64-та седница го донесе Предлог- законот за изменување и дополнување на законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка. Предлагачи на законот се група пратеници од владејачкото мнозинство. Пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека не се применува и не се почитува Деловникот на Собранието и дека денешните седници на Собранието се закажани на растојание од десет минути што би значело, како што рече, дека нема да има време за ниту еден говор по било која точка, зошто еден говор трае 10 минути. Додаде дека во Собранието не е овозможена и нема отворена дебата и нее оставен простор за подготовка на пратениците.
-И покрај сите дезинформации, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ дава целосна поддршка на Предлог-законот, сепак имаме одредени забелешки, кои секако треба и ги истакнуваме со нашиве дискусии, рече Стојаноска. Смета дека власта не ја бидува, не е заинтересирана за работа и додаде дека решение се брзи и предвремени избори.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во расправата укажаа на тековните проблемите на земјоделците во земјава и додадоа дека СДСМ и ДУИ имале можност за корекција, но не сториле ништо. Потсетија на третманот на земјоделецот, на неисплатените субвенции за земјоделците од 2021, 2020 и 2019 година и посочија дека државата има неисплатени обврски кон земјоделците, дека земјоделците заслужуват секогаш подобро законско решение, Пратеничката Љубица Спасова од СДСМ рече дека е лага дека нема пари во буџетот и дека поради тоа не се исплаќаат субвенции за земјоделците. Таа соопшти дека се обезбедени една милијарда и 300 милиони денари се обезбедни во буџетот и по гласањето на овој закон и по објавувањето во „Службен весник“ субвенциите веднаш ќе може да им се исплатат на земјоделците. Нагласи дека не точно дека не се исплатени субвенции досега и потенцира дека има навремена и неселективна исплата.
-Во периодот од 2017 до 2019 година исплатени се 305 милиони евра за заостанати редовни субвенции, а финансиската поддршка продолжува и понатаму, потенцира Спасова, која потсети на новите мерки, како зелена нафта, грантови од 20.000 евра за млад земјоделец, грант од три илјади евра за жена земјоделка…
Претседателот на Собранието Талат Џафери по гласањето на Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, ја прекина 64-та седница и даде пауза од пет минути за да се подготват службите. По паузата ќе продолжи 54-та седница, а со неа ќе претседава потпретседателот на Собранието Горан Мисовски.

The post Пратениците едногласно ги поддржаа измените на Законот за земјоделство и рурален развој appeared first on Република.

]]>
Трајанов: Владата не им ги исплаќа субвенциите на земјоделците бидејќи нема пари во буџетот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trajanov-vladata-ne-im-gi-isplakja-subvenciite-na-zemjodelcite-bidejkji-nema-pari-vo-budzetot/ Tue, 31 May 2022 10:26:28 +0000 https://republika.mk/?p=509191

За жал состојбата не е добро. Можам да кажам дека во дадени сегменти можеме да ја окарактеризираме како проблематична од проста причина што капацитетите на државата се многу мали. Ние го напуштивме тоа државно производство на храна, така што капацитетите мораме да ги бараме кај земјоделците и проблемот не е кај земјоделците да произведат храна, туку треба да им се овозможи услови за истата да биде произведена, откупена по реални цени и соодветно пласирани, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Здравко Трајанов во гостување во Утрински брифинг на Слободна ТВ.

Трајанов истакна дека земјоделците ги немаат добиено субвенциите уште од 2018, 2019 и 2020 година, укажувајќи дека субвенциите за тутунот се исплаќаат календарски уште во март месец, но не се исплатени бидејќи како што рече тој смета дека нема доволно пари во буџетот.

Во кризна година 2022 година знаеме дека кризата започна уште во 2021 година и знаевме што ќе се случува и во светот и во државата, ние имаме ситуација на неисплатени субвенции, дури тоа што земјоделците го имаат сработено, државата донела закон дека ќе им исплати, не им го исплатила, тука се тутунарите и многу други останати гранки. Тука се и заостанати субвенции од претходна година од 2018, 2019, 2020 година каде што имаме неисплатени субвенции во некои сектори. Тоа се проблеми што реално можеше државата да го направи да ги исплати субвенциите, да дојдат парите кај земјоделците, затоа што на земјоделците им требаат пари, рече тој.

Субвенциите за тутун требаше да бидат исплатени согласно календарот за исплата на субвенции уште во март. Зошто тоа не е направено треба да одговори власта, наша перцепција е дека нема пари во буџетот и едноставно со законски регулативи тоа се пролонгира или се бара алиби, смета Трајанов.

Во однос на авансното плаќање на субвенциите мораме да бидеме до крај чесни, законот не се однесува на сите земјоделски производи, туку само на земјоделските површини каде што субвенциите се исплаќаат по површина, затоа што таму имате предвидливост, кажа Трајанов.

Во однос на најавите дека се очекуваат ценовни шокови и вртоглав раст на цените на прехранбените производи, Трајанов потенцираше дека тоа најмногу ќе удри врз сиромашните граѓани, како и дека државата до сега не реагирала соодветно за регулирање на цените на прехранбените производи.

Очекувам да се случи пазарен шок од проста причина затоа што досегашното искуство со регулирање на цените покажа дека владата не се снајде со проблематиката, ги замрзна цените на основните производи, сега тој рок поминува и најавите се дека ќе остави пазарот слободно да си го направи своето. Ако владата во оваа ситуација не најдеме механизми да интервенира на пазарот преку државни резерви, преку соодветни политики, преку понуда на производи ние може да очекуваме ценовни шокови и тоа ќе удри најмногу врз сиромашните затоа што цените на храната вртоглаво ќе растат, истакна тој.

The post Трајанов: Владата не им ги исплаќа субвенциите на земјоделците бидејќи нема пари во буџетот appeared first on Република.

]]>

За жал состојбата не е добро. Можам да кажам дека во дадени сегменти можеме да ја окарактеризираме како проблематична од проста причина што капацитетите на државата се многу мали. Ние го напуштивме тоа државно производство на храна, така што капацитетите мораме да ги бараме кај земјоделците и проблемот не е кај земјоделците да произведат храна, туку треба да им се овозможи услови за истата да биде произведена, откупена по реални цени и соодветно пласирани, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Здравко Трајанов во гостување во Утрински брифинг на Слободна ТВ. Трајанов истакна дека земјоделците ги немаат добиено субвенциите уште од 2018, 2019 и 2020 година, укажувајќи дека субвенциите за тутунот се исплаќаат календарски уште во март месец, но не се исплатени бидејќи како што рече тој смета дека нема доволно пари во буџетот. Во кризна година 2022 година знаеме дека кризата започна уште во 2021 година и знаевме што ќе се случува и во светот и во државата, ние имаме ситуација на неисплатени субвенции, дури тоа што земјоделците го имаат сработено, државата донела закон дека ќе им исплати, не им го исплатила, тука се тутунарите и многу други останати гранки. Тука се и заостанати субвенции од претходна година од 2018, 2019, 2020 година каде што имаме неисплатени субвенции во некои сектори. Тоа се проблеми што реално можеше државата да го направи да ги исплати субвенциите, да дојдат парите кај земјоделците, затоа што на земјоделците им требаат пари, рече тој. Субвенциите за тутун требаше да бидат исплатени согласно календарот за исплата на субвенции уште во март. Зошто тоа не е направено треба да одговори власта, наша перцепција е дека нема пари во буџетот и едноставно со законски регулативи тоа се пролонгира или се бара алиби, смета Трајанов. Во однос на авансното плаќање на субвенциите мораме да бидеме до крај чесни, законот не се однесува на сите земјоделски производи, туку само на земјоделските површини каде што субвенциите се исплаќаат по површина, затоа што таму имате предвидливост, кажа Трајанов. Во однос на најавите дека се очекуваат ценовни шокови и вртоглав раст на цените на прехранбените производи, Трајанов потенцираше дека тоа најмногу ќе удри врз сиромашните граѓани, како и дека државата до сега не реагирала соодветно за регулирање на цените на прехранбените производи. Очекувам да се случи пазарен шок од проста причина затоа што досегашното искуство со регулирање на цените покажа дека владата не се снајде со проблематиката, ги замрзна цените на основните производи, сега тој рок поминува и најавите се дека ќе остави пазарот слободно да си го направи своето. Ако владата во оваа ситуација не најдеме механизми да интервенира на пазарот преку државни резерви, преку соодветни политики, преку понуда на производи ние може да очекуваме ценовни шокови и тоа ќе удри најмногу врз сиромашните затоа што цените на храната вртоглаво ќе растат, истакна тој.

The post Трајанов: Владата не им ги исплаќа субвенциите на земјоделците бидејќи нема пари во буџетот appeared first on Република.

]]>
Николовски: Пратениците да ги изгласаат законските измени, за да се исплати поддршката на тутунарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-pratenicite-da-gi-izglasaat-zakonskite-izmeni-za-da-se-isplati-poddrshkata-na-tutunarite/ Tue, 31 May 2022 09:44:13 +0000 https://republika.mk/?p=509162

Тргнете ја политиката од земјоделството, посебно сега, во услови на криза и војна и сите, едногласно, без секунда одложување, изгласајте ги измените на Законот за земјоделство и рурален развој со кој на над 20 000 туутнопроизвподители треба да им бидат исплатени 1,3 милијарди денари, апелира денеска до пратениците министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски пред почетокот на 64 пленарна седница.

Според Николовски, кој досега неколку пати апелира до Парламентот да ги донесе земјоделските закони без одлагање, политика имало и ќе има, но тоа никако не смее да биде на штета на земјоделците и граѓаните.

Зошто се блокира вака битен закон и се одолговлекува неговото донесување кога тоа им штети на над 20 000 тутунопроизвподители кои ги чекаат годинашните субвенции? Ваквата блокада е нешто сосема неодговорно кон тутунарите, но ја одолговлекува и генерално поддршката за земјоделците кои треба да произведат храна. Затоа, наместо да го кажувате својот партиски глас, слушнете го гласот на тутунарите и сите земјоделци. Без одлагање и без партиски говори донесети ги законските измени, рече Николовски.

Министерот сепак очекува дека законските измени денеска ќе бидат донесени.

Очекувам тоа да се случи и законот да биде потпишан од претседтаелот на Собанието и од претседателот на државата, за од утре, веднаш, да почне реализацијата на субвенциите, потенцира Николовски.

Директорот на Платежната агенција Никица Бачовски дополни дека финансиските средства во висина од 1,3 милијарди денари се обезбедени и може веднаш да се префрлат на сметките на тутунарите, по донесувањето на законот во СОбранието.

Платежната агенција е подготвена тоа да го стори веднаш по донесувањето на Законот. Пратениците да се вразумат, средства има и парите ќе се најдат на сметките на тутунарите по донесување на законот. Очекувам законот денеска да биде изгласан, а ние ветуваме дека веднаш потоа и по објавувањето на законот во службен весник, 1,3 милијарди денари ќе се најдат кај тутнарите. Податоците се собрани и обработени, се чека само исплатата, изјави Бачовски.

The post Николовски: Пратениците да ги изгласаат законските измени, за да се исплати поддршката на тутунарите appeared first on Република.

]]>

Тргнете ја политиката од земјоделството, посебно сега, во услови на криза и војна и сите, едногласно, без секунда одложување, изгласајте ги измените на Законот за земјоделство и рурален развој со кој на над 20 000 туутнопроизвподители треба да им бидат исплатени 1,3 милијарди денари, апелира денеска до пратениците министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски пред почетокот на 64 пленарна седница. Според Николовски, кој досега неколку пати апелира до Парламентот да ги донесе земјоделските закони без одлагање, политика имало и ќе има, но тоа никако не смее да биде на штета на земјоделците и граѓаните.
Зошто се блокира вака битен закон и се одолговлекува неговото донесување кога тоа им штети на над 20 000 тутунопроизвподители кои ги чекаат годинашните субвенции? Ваквата блокада е нешто сосема неодговорно кон тутунарите, но ја одолговлекува и генерално поддршката за земјоделците кои треба да произведат храна. Затоа, наместо да го кажувате својот партиски глас, слушнете го гласот на тутунарите и сите земјоделци. Без одлагање и без партиски говори донесети ги законските измени, рече Николовски.
Министерот сепак очекува дека законските измени денеска ќе бидат донесени.
Очекувам тоа да се случи и законот да биде потпишан од претседтаелот на Собанието и од претседателот на државата, за од утре, веднаш, да почне реализацијата на субвенциите, потенцира Николовски.
Директорот на Платежната агенција Никица Бачовски дополни дека финансиските средства во висина од 1,3 милијарди денари се обезбедени и може веднаш да се префрлат на сметките на тутунарите, по донесувањето на законот во СОбранието.
Платежната агенција е подготвена тоа да го стори веднаш по донесувањето на Законот. Пратениците да се вразумат, средства има и парите ќе се најдат на сметките на тутунарите по донесување на законот. Очекувам законот денеска да биде изгласан, а ние ветуваме дека веднаш потоа и по објавувањето на законот во службен весник, 1,3 милијарди денари ќе се најдат кај тутнарите. Податоците се собрани и обработени, се чека само исплатата, изјави Бачовски.

The post Николовски: Пратениците да ги изгласаат законските измени, за да се исплати поддршката на тутунарите appeared first on Република.

]]>
„Ковачевски дојде во Прилеп, а повторно ги избегна тутунарите на кои не им се исплатени субвенции“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-dojde-vo-prilep-a-povtorno-gi-izbegna-tutunarite-na-koi-ne-im-se-isplateni-subvencii/ Sat, 14 May 2022 14:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=502241

Денес во посета на прилепската болница дојде Димитар Ковачевски, по повод пуштање во употреба на апарат и оддел за магнетна резонанца. Колку за потсетување, во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, крупните инвестиции во здравството беа секојдневие. Сега, дури после 5 години власт на СДСМ, конечно ние прилепчани, дочекавме некаква инвестиција во прилепската болница, во истата болница каде за време на грејната сезона немаше затоплување, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Во продолжение интегрален текст од нивната прес-конференција:

Во болницата каде мамографот подолг период не е во функција и апартите не се одржуваат, во болницата во која долгот е сериозно зголемен од кога ја менаџираат кадри на СДСМ. Како не му е срам на премиерот Ковачески да доаѓа во болницата во која имаше најмногу смртни случаи за враме на Ковид – пандемијата!

Прашуваме, зошто Ковачевски, повторно ги избегна тутунарите, на кои се уште не им се исплатени субвенциите? Ги праша ли воопшто некој од владата овие луѓе како набавуваат репроматеријали и нафта, како преживуваат и како врзуваат крај со крај? Дали е целта уништување на тутунопроизводството, се со цел задоволување на фамилијата т.е. мафијата да го користи регионот за производство на марихуана?

Какви мерки презема Ковачески за безбедносната состојба во Прилеп кој се повеќе наликува на нарко мафијашки град во кој секојдневно има тепачки, пукање со огнени оружја во угостителски објекти, запалени автомобили, тешки кражби и убиства? Дали ваквата состојба се должи на поддршката на сторителите на криминал од страна на истакнати функционери на СДСМ во Прилеп? Дали ќе преземе нешто против сериозните скандали за вмешаност во криминал на високи полициски службеници?

За жал неспособноста на Ковачевски и владата предводена од СДС најмногу ја чувствуваат граѓаните на свој грб.

Во овие 100 дена старо-нова влада предводена од Ковачевски, како продолжена рака на деструктивните политики на Зоран Заев, нема ништо друго освен растечка сиромаштија, високи цени на основни прехранбени продукти, зголемени сметки и давачки, национално понижување, тргување со националните интереси.

Почитувани, на Македонија и’ се потребни предвремени избори час поскоро, бидејќи тоа е единствениот начин за спас од неспособноста на СДСМ и Ковачевски. Избори, за да се стави крај на недомаќинското работење, нерационалното трошење пари, огромното задолжување, крај на бедата и сиромаштијата кои ги имаат зафатено граѓаните.

The post „Ковачевски дојде во Прилеп, а повторно ги избегна тутунарите на кои не им се исплатени субвенции“ appeared first on Република.

]]>

Денес во посета на прилепската болница дојде Димитар Ковачевски, по повод пуштање во употреба на апарат и оддел за магнетна резонанца. Колку за потсетување, во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, крупните инвестиции во здравството беа секојдневие. Сега, дури после 5 години власт на СДСМ, конечно ние прилепчани, дочекавме некаква инвестиција во прилепската болница, во истата болница каде за време на грејната сезона немаше затоплување, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Во продолжение интегрален текст од нивната прес-конференција: Во болницата каде мамографот подолг период не е во функција и апартите не се одржуваат, во болницата во која долгот е сериозно зголемен од кога ја менаџираат кадри на СДСМ. Како не му е срам на премиерот Ковачески да доаѓа во болницата во која имаше најмногу смртни случаи за враме на Ковид – пандемијата! Прашуваме, зошто Ковачевски, повторно ги избегна тутунарите, на кои се уште не им се исплатени субвенциите? Ги праша ли воопшто некој од владата овие луѓе како набавуваат репроматеријали и нафта, како преживуваат и како врзуваат крај со крај? Дали е целта уништување на тутунопроизводството, се со цел задоволување на фамилијата т.е. мафијата да го користи регионот за производство на марихуана? Какви мерки презема Ковачески за безбедносната состојба во Прилеп кој се повеќе наликува на нарко мафијашки град во кој секојдневно има тепачки, пукање со огнени оружја во угостителски објекти, запалени автомобили, тешки кражби и убиства? Дали ваквата состојба се должи на поддршката на сторителите на криминал од страна на истакнати функционери на СДСМ во Прилеп? Дали ќе преземе нешто против сериозните скандали за вмешаност во криминал на високи полициски службеници? За жал неспособноста на Ковачевски и владата предводена од СДС најмногу ја чувствуваат граѓаните на свој грб. Во овие 100 дена старо-нова влада предводена од Ковачевски, како продолжена рака на деструктивните политики на Зоран Заев, нема ништо друго освен растечка сиромаштија, високи цени на основни прехранбени продукти, зголемени сметки и давачки, национално понижување, тргување со националните интереси. Почитувани, на Македонија и’ се потребни предвремени избори час поскоро, бидејќи тоа е единствениот начин за спас од неспособноста на СДСМ и Ковачевски. Избори, за да се стави крај на недомаќинското работење, нерационалното трошење пари, огромното задолжување, крај на бедата и сиромаштијата кои ги имаат зафатено граѓаните.

The post „Ковачевски дојде во Прилеп, а повторно ги избегна тутунарите на кои не им се исплатени субвенции“ appeared first on Република.

]]>
Свето Јаневски: Потребно е помалку бирократија во енергетскиот сектор и реструктуирање на земјоделските субвенции https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sveto-janevski-potrebno-e-pomalku-birokratija-vo-energetskiot-sektor-i-restruktuiranje-na-zemjodelskite-subvencii/ Mon, 04 Apr 2022 14:13:25 +0000 https://republika.mk/?p=483182

Намалување на увозната зависност и инвестирање во самоодржливоста, е најважниот аспект од домашната економија на кој треба да работиме, а храната и енергијата да бидат првите области на кои ќе се фокусираме, порача извршниот директор на Бизнис клубот на Евроатлантскиот совет на Македонија, Свето Јаневски.

Во обраќањето на настанот по повод Денот на НАТО, Јаневски потенцира дека не треба да бидеме само брзи, туку и храбри во реформите зашто „само просперитетните економии може да гарантираат безбедност и стабилност“.

Осврнувајќи се посебно на енергетиката, тој рече дека треба да се редизјанира сегашниот закон, но и да се намалат бирократските процедури. Во однос на земјоделството, пак, укажа дека е неопходно да се реструктуираат субвенциите и да се овозможат меки кредити и државни гаранции за компаниите кои се подготвени да инвестират и да го трансформираат секторот.

Јаневски истакна дека додека гледаме кон иднината мора да инвестираме во капацитетите денес.

Главниот краткорочен приоритет треба да биде спроведување економски политики насочени кон подигање на стандардот и обезбедување можност за младите. Мораме брзо да обезбедиме енергетска независност, да го редизјанираме сегашниот закон, да ги намалиме бирократските практики и да им овозможиме на сите заинтерсирани да инвестираат во обновливи извори. Иако традиционално сме земјоделска земја со идеални услови за производство на храна, годишно бележиме трговски дефицит од преку 300 милиони. Годинава ќе биде уште повеќе. Увозот на храна беше околу 700 милиони, но годинава очекуваме да биде една милијарда. Иако се субвенционираат милионски суми, реструктуирањето на владсините субвениите мора да биде највисок приорите заедно со овозможување меки кредити и државни гаранции на компаниите кои се подготвени да инвестират и да го трансформираат земјоделството. Треба да дејствуваме сега - нагласи Јаневски.

Тој дополни дека е клучно да се овозможи отворен дијалог за приротетите на државата, да се направи план во кој сите ќе веруваат и што ќе се реализира за да се трансформира и зачува земјата, а нашата најважна битка треба да биде против емиграцијата.

Ако не се направат суштински реформи, државата ќе остане пуста. Тоа го потврдува и последниот попис. Сепак, верувам дека се уште постои надеж. НАТО е и ќе остане камен-темелник на безбедноста на нејзините членки. За нас НАТО значи поголема одговорност за заедничката безбедност, но и за исполнување на стандардите на цивилизираниот свет: демократски институции, либерална пазарна економија, борба против корупцијата, владеење на правото, осносно човечко достоинство и поширока толерантност. На Балканот тоа не е познато, се уште сме на почеток на нивното спроведување - изјави Јаневски.

The post Свето Јаневски: Потребно е помалку бирократија во енергетскиот сектор и реструктуирање на земјоделските субвенции appeared first on Република.

]]>

Намалување на увозната зависност и инвестирање во самоодржливоста, е најважниот аспект од домашната економија на кој треба да работиме, а храната и енергијата да бидат првите области на кои ќе се фокусираме, порача извршниот директор на Бизнис клубот на Евроатлантскиот совет на Македонија, Свето Јаневски. Во обраќањето на настанот по повод Денот на НАТО, Јаневски потенцира дека не треба да бидеме само брзи, туку и храбри во реформите зашто „само просперитетните економии може да гарантираат безбедност и стабилност“. Осврнувајќи се посебно на енергетиката, тој рече дека треба да се редизјанира сегашниот закон, но и да се намалат бирократските процедури. Во однос на земјоделството, пак, укажа дека е неопходно да се реструктуираат субвенциите и да се овозможат меки кредити и државни гаранции за компаниите кои се подготвени да инвестират и да го трансформираат секторот. Јаневски истакна дека додека гледаме кон иднината мора да инвестираме во капацитетите денес.
Главниот краткорочен приоритет треба да биде спроведување економски политики насочени кон подигање на стандардот и обезбедување можност за младите. Мораме брзо да обезбедиме енергетска независност, да го редизјанираме сегашниот закон, да ги намалиме бирократските практики и да им овозможиме на сите заинтерсирани да инвестираат во обновливи извори. Иако традиционално сме земјоделска земја со идеални услови за производство на храна, годишно бележиме трговски дефицит од преку 300 милиони. Годинава ќе биде уште повеќе. Увозот на храна беше околу 700 милиони, но годинава очекуваме да биде една милијарда. Иако се субвенционираат милионски суми, реструктуирањето на владсините субвениите мора да биде највисок приорите заедно со овозможување меки кредити и државни гаранции на компаниите кои се подготвени да инвестират и да го трансформираат земјоделството. Треба да дејствуваме сега - нагласи Јаневски.
Тој дополни дека е клучно да се овозможи отворен дијалог за приротетите на државата, да се направи план во кој сите ќе веруваат и што ќе се реализира за да се трансформира и зачува земјата, а нашата најважна битка треба да биде против емиграцијата.
Ако не се направат суштински реформи, државата ќе остане пуста. Тоа го потврдува и последниот попис. Сепак, верувам дека се уште постои надеж. НАТО е и ќе остане камен-темелник на безбедноста на нејзините членки. За нас НАТО значи поголема одговорност за заедничката безбедност, но и за исполнување на стандардите на цивилизираниот свет: демократски институции, либерална пазарна економија, борба против корупцијата, владеење на правото, осносно човечко достоинство и поширока толерантност. На Балканот тоа не е познато, се уште сме на почеток на нивното спроведување - изјави Јаневски.
 
The post Свето Јаневски: Потребно е помалку бирократија во енергетскиот сектор и реструктуирање на земјоделските субвенции appeared first on Република.

]]>
Власта да се откаже од акцизата и ДДВ-то за зелената нафта и вештачките ѓубрива ако сака вистински да им помогне на земјоделците https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-da-se-otkaze-od-akcizata-i-ddv-to-za-zelenata-nafta-i-veshtachkite-gjubriva-ako-vistinski-saka-da-im-pomogne-na-zemjodelcite/ Mon, 14 Mar 2022 08:02:20 +0000 https://republika.mk/?p=472338

Само со недоложна реакција на Владата може да им се помогне на земјоделците, кои во моментов се најпогодени од кризата во Укрина. Со итното укинување на акцизата и ДДВ за зелената нафта за земјоделците, како и 0% ДДВ на вештачките ѓубрива веднаш, земјоделците ќе имаат пониски трошоци за производство.

Земјоделците се помеѓу најпогодените од енергетската криза. Високата цена на горивата го зголемува трошокот за производство, a тоа ќе придонесе за намалување на засадените површини и ќе се јави недостаток на домашна храна.

Козметичката мерка која ја донесе владата, а се однесува на намалување на акцизата за 30% не е целосна, затоа што горивата се повторно екстремно високи, што ќе допринесе до намалување на засадените површини со што ќе се јави недостаток на домашна храна, а увозната ќе биде со неколку пати повисоки цени односно ова сериозно дополнително ќе се одрази на семејниот буџет кај сите граѓани во Република Македонија, смета од МВРО-ДПМНЕ.

Поддржувајќи ги барањата на земјоделците, ВМРО-ДПМНЕ бара од владата да се намали ДДВ за вештачките ѓубрива на 0%, бидејќи тие на светските берзи бележат раст и до 100% изминативе неколку месеци, и со тоа во голема мера влијаат на трошоците за производство.

Зголемените трошоци во земјоделското производство се само половина од проблемот со кои што се соочува и допрва ќе се соочуваат македонските земјоделци. Имено во голема мера се нарушени пазарите за пласман, бидејќи македонските раноградинарски култури како и овошјето во значајна мера завршуваа во Русија. Ова ќе значи значително помал извоз и нарушување на пазарот.

Од сите овие причини, ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува мерките за помош на земјоделците, кои се поднесени од земјоделските здруженија до владата на Република Македонија и тоа:

1.ЗЕЛЕНА НАФТА - Да важи за сите земјоделски гранки и да биде 100% ослободена од акциза и ДДВ, како и промена на досегашната методологија со нова во која исплатата ќе биде по литар по единица површина.

2.Итно процентуално зголемување на субвенциите во сите земјоделски гранки со процентуалното зголемување на производните трошоците и нивна исплата пред секоја производна сезона.

3.Субвенционирање на вештачките ѓубрива во сите земјоделски гранки и укинување на ДДВ за сите вештачки ѓубрива и хемиски препарати кои што се употребуваат во земјоделското производство.

4.Ослободување од надоместокот за  концесија за 2022 година за корисниците  на државно земјоделско земјиште, како и ослободување од пашарина, наводнување и одводнување.

5.Субвенционирање на придонесите на сите регистрирани земјоделци во државата.

6.Под ИТНО да се изнајдат алтернативни пазари за пласман на сите земјоделски производи кои што ги произведува нашата државата.

Апелираме владата и владејачкото мнозинство да не калкулираат и да ги поддржат сите овие мерки за доброто и за земјоделците, но и за државата, велат од опозицијата.

The post Власта да се откаже од акцизата и ДДВ-то за зелената нафта и вештачките ѓубрива ако сака вистински да им помогне на земјоделците appeared first on Република.

]]>

Само со недоложна реакција на Владата може да им се помогне на земјоделците, кои во моментов се најпогодени од кризата во Укрина. Со итното укинување на акцизата и ДДВ за зелената нафта за земјоделците, како и 0% ДДВ на вештачките ѓубрива веднаш, земјоделците ќе имаат пониски трошоци за производство.

Земјоделците се помеѓу најпогодените од енергетската криза. Високата цена на горивата го зголемува трошокот за производство, a тоа ќе придонесе за намалување на засадените површини и ќе се јави недостаток на домашна храна.
Козметичката мерка која ја донесе владата, а се однесува на намалување на акцизата за 30% не е целосна, затоа што горивата се повторно екстремно високи, што ќе допринесе до намалување на засадените површини со што ќе се јави недостаток на домашна храна, а увозната ќе биде со неколку пати повисоки цени односно ова сериозно дополнително ќе се одрази на семејниот буџет кај сите граѓани во Република Македонија, смета од МВРО-ДПМНЕ.

Поддржувајќи ги барањата на земјоделците, ВМРО-ДПМНЕ бара од владата да се намали ДДВ за вештачките ѓубрива на 0%, бидејќи тие на светските берзи бележат раст и до 100% изминативе неколку месеци, и со тоа во голема мера влијаат на трошоците за производство.

Зголемените трошоци во земјоделското производство се само половина од проблемот со кои што се соочува и допрва ќе се соочуваат македонските земјоделци. Имено во голема мера се нарушени пазарите за пласман, бидејќи македонските раноградинарски култури како и овошјето во значајна мера завршуваа во Русија. Ова ќе значи значително помал извоз и нарушување на пазарот.
Од сите овие причини, ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува мерките за помош на земјоделците, кои се поднесени од земјоделските здруженија до владата на Република Македонија и тоа: 1.ЗЕЛЕНА НАФТА - Да важи за сите земјоделски гранки и да биде 100% ослободена од акциза и ДДВ, како и промена на досегашната методологија со нова во која исплатата ќе биде по литар по единица површина. 2.Итно процентуално зголемување на субвенциите во сите земјоделски гранки со процентуалното зголемување на производните трошоците и нивна исплата пред секоја производна сезона. 3.Субвенционирање на вештачките ѓубрива во сите земјоделски гранки и укинување на ДДВ за сите вештачки ѓубрива и хемиски препарати кои што се употребуваат во земјоделското производство. 4.Ослободување од надоместокот за  концесија за 2022 година за корисниците  на државно земјоделско земјиште, како и ослободување од пашарина, наводнување и одводнување. 5.Субвенционирање на придонесите на сите регистрирани земјоделци во државата. 6.Под ИТНО да се изнајдат алтернативни пазари за пласман на сите земјоделски производи кои што ги произведува нашата државата. Апелираме владата и владејачкото мнозинство да не калкулираат и да ги поддржат сите овие мерки за доброто и за земјоделците, но и за државата, велат од опозицијата.

The post Власта да се откаже од акцизата и ДДВ-то за зелената нафта и вештачките ѓубрива ако сака вистински да им помогне на земјоделците appeared first on Република.

]]>