земјоделска партија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zemjodelska-partija/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Mar 2023 12:12:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png земјоделска партија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zemjodelska-partija/ 32 32 Протестната партија на земјоделците во Холандија освои 15 места во Сенатот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/protestnata-partija-na-zemjodeltsite-vo-holandija-osvoi-15-mesta-vo-senatot/ Thu, 16 Mar 2023 12:12:13 +0000 https://republika.mk/?p=620301

Протестната партија на земјоделците вчера ја стресе политичката сцена во Холандија, победувајќи на регионалните избори што одлучуваат за составот на Сенатот, Горниот дом на холандскиот Парламент.

Партијата БББ (Движење на земјоделците- граѓани ја освои наклонетоста на гласачите по серијата протести против владините политики за заштита на животната средина и се чини дека освои повеќе места во Сенатот од конзервативната партија ВВД на актуелниот холандски премиер Марк Руте.

Првичните излезни анкети предвидуваат дека БББ освои 15 од вкупно 75 места во Сенатот и сега ќе има моќ да ги блокира законите донесени во Долниот дом на парламентот, а ВВД падна од 12 на 10 места.

Масовниот пораст на БББ е сериозен удар за владејачката коалиција на Руте и ја доведува во прашање нејзината цел драстично да го намали загадувањето со азот на фармите, што беше поттик за основање на БББ во 2019 година.

Владата сака да ги намали емисиите на азот за 50 отсто до 2030 година, бидејќи релативно големиот број добиток и масовната употреба на ѓубрива доведоа до нивоа на азотни оксиди во почвата и водата, што ги прекршува прописите на Европската унија.

Проблемот со азот го забави градежниот сектор во Холандија бидејќи еколошките здруженија кои се залагаат за зачувување на животната средина победија во серија судски случаи со кои и се наложува на владата да ги ограничи емисиите и да ја зачува природата пред да се издадат нови градежни дозволи.

БББ тврди дека проблемот е пренадуен и дека предложените решенија се неправедни кон земјоделците, што доведе до затворање на многу фарми и недостиг во производството на храна.

Владата на Руте нема мнозинство во Сенатот од последните регионални избори во 2019 година и мора да преговара со главно левичарската опозиција.

Двете партии кои се најподготвени за соработка, Лабуристите и Зелената левица, според излезните анкети, ќе ги задржат своите места во Сенатот, чиј вкупен број се совпаѓа со БББ и може да биде доволен за да се обезбеди поддршка за политиките на Руте.

БББ освои едно место во Долниот дом во 2021 година, но нејзината популарност драстично порасна поради намалената доверба во владата и незадоволството поради прашања како имиграцијата.

Поддршката за владата на Руте, во четвртиот последователен мандат од 2010 година, падна на 20 отсто, што е најниско ниво во последната деценија.

The post Протестната партија на земјоделците во Холандија освои 15 места во Сенатот appeared first on Република.

]]>

Протестната партија на земјоделците вчера ја стресе политичката сцена во Холандија, победувајќи на регионалните избори што одлучуваат за составот на Сенатот, Горниот дом на холандскиот Парламент. Партијата БББ (Движење на земјоделците- граѓани ја освои наклонетоста на гласачите по серијата протести против владините политики за заштита на животната средина и се чини дека освои повеќе места во Сенатот од конзервативната партија ВВД на актуелниот холандски премиер Марк Руте. Првичните излезни анкети предвидуваат дека БББ освои 15 од вкупно 75 места во Сенатот и сега ќе има моќ да ги блокира законите донесени во Долниот дом на парламентот, а ВВД падна од 12 на 10 места. Масовниот пораст на БББ е сериозен удар за владејачката коалиција на Руте и ја доведува во прашање нејзината цел драстично да го намали загадувањето со азот на фармите, што беше поттик за основање на БББ во 2019 година. Владата сака да ги намали емисиите на азот за 50 отсто до 2030 година, бидејќи релативно големиот број добиток и масовната употреба на ѓубрива доведоа до нивоа на азотни оксиди во почвата и водата, што ги прекршува прописите на Европската унија. Проблемот со азот го забави градежниот сектор во Холандија бидејќи еколошките здруженија кои се залагаат за зачувување на животната средина победија во серија судски случаи со кои и се наложува на владата да ги ограничи емисиите и да ја зачува природата пред да се издадат нови градежни дозволи. БББ тврди дека проблемот е пренадуен и дека предложените решенија се неправедни кон земјоделците, што доведе до затворање на многу фарми и недостиг во производството на храна. Владата на Руте нема мнозинство во Сенатот од последните регионални избори во 2019 година и мора да преговара со главно левичарската опозиција. Двете партии кои се најподготвени за соработка, Лабуристите и Зелената левица, според излезните анкети, ќе ги задржат своите места во Сенатот, чиј вкупен број се совпаѓа со БББ и може да биде доволен за да се обезбеди поддршка за политиките на Руте. БББ освои едно место во Долниот дом во 2021 година, но нејзината популарност драстично порасна поради намалената доверба во владата и незадоволството поради прашања како имиграцијата. Поддршката за владата на Руте, во четвртиот последователен мандат од 2010 година, падна на 20 отсто, што е најниско ниво во последната деценија.

The post Протестната партија на земјоделците во Холандија освои 15 места во Сенатот appeared first on Република.

]]>