земјоделки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zemjodelki/ За подобро да се разбереме Tue, 31 Oct 2023 16:58:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png земјоделки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zemjodelki/ 32 32 Николовски и Агелер во Горна Матка и Ржаничино посетија успешни жени земјоделки https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-i-ageler-vo-gorna-matka-i-rzhanichino-posetija-uspeshni-zheni-zemjodelki/ Tue, 31 Oct 2023 19:33:12 +0000 https://republika.mk/?p=696812

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно  со амбасадорката на САД, Анџела Агелер, денеска заедно со претседателката на Националната Федерација на Фармери, Васка Мојсовска беа во  посета на успешната земјоделка Јасмин од „Матка фарма“ во село Горна Матка Скопје и Зорица Димовска, жена земјоделка од село Ржаничино, општина Петровец, две успени жени земјоделки со успешни земјоделски приказни.

Матка фарма“ е во сопственост на Јасмин и Уран, вредни земјоделци кои произведуваат козјо млеко и сирење, јајца од кокошки и препелици, фелафел, кајмак, димено сирење, димена риба, слатко од дуња. Вкусни домашно приготвени производи во кои министерот Николовски и амбасадорката Агелер заедно со руралните жени членки на Националната Федерација на Фармери, можеа самите да се уверат на денешниот заеднички појадок на „Матка фарма“.

Јасмин и Уран се млади земјоделци, корисници на субвенции за поддршка во сточарството, а со мерките кои ги преземаме поттикнуваме уште повеќе млади луѓе да се занимаваат со сточарство како гранка која е профитабилна и просперитетна. Нивната Матка фарма“ е наменета за рурален туризам, која топло ви ја препорачуваме како ваша следна дестинација при посетата на Матка.  

Како министерство водиме грижа и преку повеќе мерки даваме поддршка до секој еден земјоделец, како и поддршка на руралниот развој, поддршка за младите земјоделци и за жените земјоделки од руралните средини. Со Правилниците за продажба од праг, овозможуваме малите производители и руралните жени на легален начин да можат да ги продаваат своите убави и автентични производи.

Во текот на денот министерот Николовски и амбасадорката Агелер  беа во  посета на фармата од Зорица Димовска, која е уште еден успешен пример на успешна жена земјоделка.

Таа одгледува крави и има своја мала млекара во која го произведува вкусното бурата сирење. Зорица го напуштила градот и метежот и заедно со нејзиното семејство се преселиле во село Ражаничино, каде работат само земјоделство. Зорица е корисник на мерката рурална жена со која обезбедуваме грантови до 6000 евра, но исто така и корисник на мерката за поддршка до 75% во изградба на мандри на бачилата, мерки за поддршка преку Програмата за рурален развој.

Како министерство креиравме и програма за поддршка на малите производители на храна со грантови до 10.000 евра за набавка на опрема за производство. За нас жената земјоделка има посебна важност и овие години заедно во соработка со НФФ креираме мерки и политики за подобрување на статусот и условите за руралната жена. Во таа насока за прв пат преку програмата за мајчинство на министерството овозможивме услови за право на платено породилно отсуство за жената земјоделка. 

Продолжуваме да бидеме силна поддршка на секоја жена земјоделка која живее и вредно работи во руралните средини, а нивните успешни приказни со гордост ги раскажуваме, промовирајќи ги нивните убави домашно подготвени производи.

The post Николовски и Агелер во Горна Матка и Ржаничино посетија успешни жени земјоделки appeared first on Република.

]]>

За земјоделките платено породилно отсуство во висина на минималната плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/za-zemjodelkite-plateno-porodilno-otsustvo-vo-visina-na-minimalnata-plata/ Sat, 22 Apr 2023 07:25:50 +0000 https://republika.mk/?p=632900

Индивидуалните земјоделци (земјоделки) не се на товар на Буџетот, сами плаќаат пензиско и здравствено осигурување, произведуваат храна за сите нас, а не можат да пристапат до ниту едно право согласно законите за работни односи. Немаат платено боледување и платено породилно отсуство, ниту имаат право на годишен одмор. Ова се само некои од укажувањата на Локалната акциска група (ЛАГ) Агро Лидер и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) кои јавно го отворија прашањето -  „колку се земјоделците изгубени во лавиринтите на законските регулативи?“.

Граѓанскиот сектор покрена иницијатива за измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување со кои ќе се елиминира ваквиот нееднаков третман кон регистрираните земјоделки и земјоделци. За земјоделките конкретно, предлага 9 или 15 месеци породилно отсуство и надомест во висина на минималната плата.

Општина Кочани објави повик за обука на жени земјоделки за брендирање, пакување и продажба на земјоделски производи, што ќе се реализира во рамки на серијата тематски обуки за економско јакне

-Постојано сме на терен. Кога ќе ги прашаме земјоделките што би сакале да имаат, речиси сите велат – време за своите деца. Жените земјоделки работат 11 до 16 часа дневно, а многу им е тешко да пристапат и до правото од социјална заштита. Немаат платено боледување, ниту платено породилно отсуство. Ова е системска дискриминација. Минимум што може да направи државава за нив, е да им обезбеди платено породилно отсуство во висина на минимална плата, вели Марина Тошеска од ЛАГ Агро Лидер.

Таа, како пример, споделува и лична приказна на жена земјоделец во земјава.

-Мајка сум на три деца, преживеав два спонтани абортуса, земјоделските активности ни се единствен приход. Регистрирана сум како индивидуален земјоделец и редовно плаќам осигурување, но немам користено никакви бенефиции од државата како што користат работнички од другите дејности. Поради физичка активност, се породив во 34-тата недела од бременоста. Со оглед дека бебето беше предвреме родено, му требаше дополнителна грижа, а тоа оневозможи да ги завршам земјоделските активности. Го изгубивме речиси целиот приход од земјоделската дејност и останавме без финансии кои ни беа повеќе од потребни за преглед на детето, за прихрана и лекови, посочува Тошеска, раскажувајќи ја приказната на земјоделката.

Ова, напоменува Тошеска, се само дел од директните последици од третманот на земјоделците.

-Се работи за дискриминација и неправо врз жените земјоделци, а индиректните последици допрва и се уште ќе ги мериме, истакнува Тошеска.

КСЗД веќе донесе мислење, според кое, кај земјоделките се утврдува индиректна, продолжена дискриминација врз основа на пол, род, личен статус (земјоделки со потекло од рурални средини) и припадност на маргинализирана група во остварување на правото од здравствено осигурување.

-Со истото мислење се утврдува и индиректна, продолжена  дискриминација кон индивидуалните земјоделки и земјоделци во остварување на правото на платено боледување. Законот за здравствено осигурување ги предвидува индивидуалните земјоделци/земјоделки како задолжителни здравствени осигуреници. Тие ги остваруваат правата на основни здравствени услуги, но не и правата на надоместоци на еднаква основа со останатите осигуреници. Ова произлегува од самиот Закон и токму преку исклучување на индивидуалните земјоделци од правата на надоместоците како навидум неутрален пропис - Законот продуцира дискриминација, нагласува Анастасија Муратовска од КСЗД.

Според неа, согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, ова се потешки облици на дискриминација.

-Во произнесувањето на Министерството за здравство како матичен орган на Законот, главните тврдења беа дека овие права се утврдуваат во прописите од областа на трудот, а Законот за здравствено осигурување единствено го уредува начинот на нивното остварување. Тоа би значело дека Законот за работните односи не ги препознава индивидуалните земјоделци како работници и од таа причина тие не ги остваруваат правата за платено породилно и платено боледување, објаснува Муратовска.

Во 2022 година се евидентирани 1 075 жени со статус индивидуален земјоделец. Сите тие не можат да пристапат до правото на платено породилно отсуство.

null

-Ова е премала бројка, знаеме дека имаме многу повеќе. Значи, имаме законско решение кое не ги мотивира земјоделките да се регистрираат и како такви, тие претставуваат неактивно население. Според членот 42 од Уставот, државата посебно ги заштитува мајчинството, децата и малолетните лица. Дали земјоделците и земјоделките се сметаат за помалку важна категорија во општеството која овие права за разлика од сите останати, не може да ги ужива?, укажува Драгана Дрндаревска од Коалицијата Маргини.

КСЗД му препорача на Министерството за здравство да изготви и иницира соодветни измени и дополнувања на Законот, а ако тоа не го стори во предвидениот рок, против него ќе биде поднесено барање за покренување прекршочна постапка пред надлежен суд.

Владата, во меѓувреме, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе т.н. Програма за мајчинство како поддршка за жените земјоделки. Ова, според МЗШВ, е преодно решение, додека проблематиката не се уреди системски. Предвидува 81 000 денари еднократен надомест за деветмесечно породилно отсуство, а услов е жената земјоделка да има непрекинат статус на осигуреник 12 месеци пред раѓањето на детето, како и семејното земјоделско стопанство во чии рамки живее, да остварило најмалку 300 000 денари приход од вршење земјоделска дејност.

-Сите ние треба да бидеме шест месеци осигурани за да стекнеме право на платено породилно отсуство, а за земјоделките е предвидено 12 месеци. Дискутабилен е и условот тие да реализираат приход за да го остварат правото на породилно отсуство. Тоа значително го стеснува обемот на жените кои ќе може да го остварат ова право зашто приходите од земјоделската дејност се многу несигурни, истакнува Дрндаревска.

И според КСЗД, владиното решение не е одржливо.

 -Програмата е временски и финансиски ограничена со што се продолжува неизвесноста во остварувањето на платеното породилно отсуство кај жените земјоделки. Воедно, се создава правна несигурност. Дури и со постоењето на оваа Програма, Законот и натаму би продуцирал дискриминација, оценува Муратовска.

Земји од регионот, како Хрватска, го имаат регулирано породилното отсуство на земјоделките. Бугарија се издвојува како држава која обезбедува најдобри бенефиции во однос на породилното осигурување за земјоделките. Таму породилното отсуство трае 410 дена. Регистрираните земјоделци, тутунопроизводителите, дури и брачните другари на регистрираните земјоделци и тутунопроизводители, имаат право на платено родителско отсуство. И Грција и други земји, исто така успеале да ги стават земјоделците во законската рамка за да им биде овозможен платен надоместок за мајчинство и грижа на дете.

Мирјана Чакарова/MИA

Фото: МИА Архива

The post За земјоделките платено породилно отсуство во висина на минималната плата appeared first on Република.

]]>

Индивидуалните земјоделци (земјоделки) не се на товар на Буџетот, сами плаќаат пензиско и здравствено осигурување, произведуваат храна за сите нас, а не можат да пристапат до ниту едно право согласно законите за работни односи. Немаат платено боледување и платено породилно отсуство, ниту имаат право на годишен одмор. Ова се само некои од укажувањата на Локалната акциска група (ЛАГ) Агро Лидер и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) кои јавно го отворија прашањето -  „колку се земјоделците изгубени во лавиринтите на законските регулативи?“. Граѓанскиот сектор покрена иницијатива за измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување со кои ќе се елиминира ваквиот нееднаков третман кон регистрираните земјоделки и земјоделци. За земјоделките конкретно, предлага 9 или 15 месеци породилно отсуство и надомест во висина на минималната плата. Општина Кочани објави повик за обука на жени земјоделки за брендирање, пакување и продажба на земјоделски производи, што ќе се реализира во рамки на серијата тематски обуки за економско јакне -Постојано сме на терен. Кога ќе ги прашаме земјоделките што би сакале да имаат, речиси сите велат – време за своите деца. Жените земјоделки работат 11 до 16 часа дневно, а многу им е тешко да пристапат и до правото од социјална заштита. Немаат платено боледување, ниту платено породилно отсуство. Ова е системска дискриминација. Минимум што може да направи државава за нив, е да им обезбеди платено породилно отсуство во висина на минимална плата, вели Марина Тошеска од ЛАГ Агро Лидер. Таа, како пример, споделува и лична приказна на жена земјоделец во земјава. -Мајка сум на три деца, преживеав два спонтани абортуса, земјоделските активности ни се единствен приход. Регистрирана сум како индивидуален земјоделец и редовно плаќам осигурување, но немам користено никакви бенефиции од државата како што користат работнички од другите дејности. Поради физичка активност, се породив во 34-тата недела од бременоста. Со оглед дека бебето беше предвреме родено, му требаше дополнителна грижа, а тоа оневозможи да ги завршам земјоделските активности. Го изгубивме речиси целиот приход од земјоделската дејност и останавме без финансии кои ни беа повеќе од потребни за преглед на детето, за прихрана и лекови, посочува Тошеска, раскажувајќи ја приказната на земјоделката. Ова, напоменува Тошеска, се само дел од директните последици од третманот на земјоделците. -Се работи за дискриминација и неправо врз жените земјоделци, а индиректните последици допрва и се уште ќе ги мериме, истакнува Тошеска. КСЗД веќе донесе мислење, според кое, кај земјоделките се утврдува индиректна, продолжена дискриминација врз основа на пол, род, личен статус (земјоделки со потекло од рурални средини) и припадност на маргинализирана група во остварување на правото од здравствено осигурување. -Со истото мислење се утврдува и индиректна, продолжена  дискриминација кон индивидуалните земјоделки и земјоделци во остварување на правото на платено боледување. Законот за здравствено осигурување ги предвидува индивидуалните земјоделци/земјоделки како задолжителни здравствени осигуреници. Тие ги остваруваат правата на основни здравствени услуги, но не и правата на надоместоци на еднаква основа со останатите осигуреници. Ова произлегува од самиот Закон и токму преку исклучување на индивидуалните земјоделци од правата на надоместоците како навидум неутрален пропис - Законот продуцира дискриминација, нагласува Анастасија Муратовска од КСЗД. Според неа, согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, ова се потешки облици на дискриминација. -Во произнесувањето на Министерството за здравство како матичен орган на Законот, главните тврдења беа дека овие права се утврдуваат во прописите од областа на трудот, а Законот за здравствено осигурување единствено го уредува начинот на нивното остварување. Тоа би значело дека Законот за работните односи не ги препознава индивидуалните земјоделци како работници и од таа причина тие не ги остваруваат правата за платено породилно и платено боледување, објаснува Муратовска. Во 2022 година се евидентирани 1 075 жени со статус индивидуален земјоделец. Сите тие не можат да пристапат до правото на платено породилно отсуство. null -Ова е премала бројка, знаеме дека имаме многу повеќе. Значи, имаме законско решение кое не ги мотивира земјоделките да се регистрираат и како такви, тие претставуваат неактивно население. Според членот 42 од Уставот, државата посебно ги заштитува мајчинството, децата и малолетните лица. Дали земјоделците и земјоделките се сметаат за помалку важна категорија во општеството која овие права за разлика од сите останати, не може да ги ужива?, укажува Драгана Дрндаревска од Коалицијата Маргини. КСЗД му препорача на Министерството за здравство да изготви и иницира соодветни измени и дополнувања на Законот, а ако тоа не го стори во предвидениот рок, против него ќе биде поднесено барање за покренување прекршочна постапка пред надлежен суд. Владата, во меѓувреме, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе т.н. Програма за мајчинство како поддршка за жените земјоделки. Ова, според МЗШВ, е преодно решение, додека проблематиката не се уреди системски. Предвидува 81 000 денари еднократен надомест за деветмесечно породилно отсуство, а услов е жената земјоделка да има непрекинат статус на осигуреник 12 месеци пред раѓањето на детето, како и семејното земјоделско стопанство во чии рамки живее, да остварило најмалку 300 000 денари приход од вршење земјоделска дејност. -Сите ние треба да бидеме шест месеци осигурани за да стекнеме право на платено породилно отсуство, а за земјоделките е предвидено 12 месеци. Дискутабилен е и условот тие да реализираат приход за да го остварат правото на породилно отсуство. Тоа значително го стеснува обемот на жените кои ќе може да го остварат ова право зашто приходите од земјоделската дејност се многу несигурни, истакнува Дрндаревска. И според КСЗД, владиното решение не е одржливо.  -Програмата е временски и финансиски ограничена со што се продолжува неизвесноста во остварувањето на платеното породилно отсуство кај жените земјоделки. Воедно, се создава правна несигурност. Дури и со постоењето на оваа Програма, Законот и натаму би продуцирал дискриминација, оценува Муратовска. Земји од регионот, како Хрватска, го имаат регулирано породилното отсуство на земјоделките. Бугарија се издвојува како држава која обезбедува најдобри бенефиции во однос на породилното осигурување за земјоделките. Таму породилното отсуство трае 410 дена. Регистрираните земјоделци, тутунопроизводителите, дури и брачните другари на регистрираните земјоделци и тутунопроизводители, имаат право на платено родителско отсуство. И Грција и други земји, исто така успеале да ги стават земјоделците во законската рамка за да им биде овозможен платен надоместок за мајчинство и грижа на дете. Мирјана Чакарова/MИA Фото: МИА Архива

The post За земјоделките платено породилно отсуство во висина на минималната плата appeared first on Република.

]]>
Земјоделките бараат системско решение за платено породилно отсуство https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zemjodelkite-baraat-sistemsko-reshenie-za-plateno-porodilno-otsustvo/ Mon, 12 Dec 2022 13:58:11 +0000 https://republika.mk/?p=584824

ЛАГ Агро Лидер, Фондацијата Отворено општество – Македонија и Мрежата за заштита од дискриминација денеска на прес-конференција побараа системско решение за платено породилно отсуство за жените-земјоделки. Притоа, беше упатено барање до Собранието на РСМ, Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување.

Драгана Дрндаревска од Коалицијата Маргини и претставничка на Мрежата за заштита од дискриминација изјави дека зад ова барање стојат повеќе од 70 здруженија, мрежи и сојузи од кои голем дел се организации кои дејствуваат во областа на заштитата на човековите права и правата на рурални жени.

Земјоделките немаат право на платено породилно отсуство нити боледување. Оваа нехумана политика несразмерно го погодува животот и здравјето на руралните жени особено ако се земе предвид дека оваа група работнички е погодена од сиромаштија, има мали можности за пристап до здравство, образование и социјални услуги, живее во рурални области каде нормите на патријахатот сѐ се уште поцврсти со што теретот на грижата за домот, децата и старите го носи жената додека паралелно работи тешка земјоделска работа за да се издржи себе си и своето семејство. Од една страна овие работнички се есенцијални, ја произведуваат храната која ја јадеме, од друга страна, за возврат нашето општество не им овозможува клучни социјални и работнички права, како породилно отсуство, годишен одмор и боледување, вели таа.

Додава дека уставната одредба според која државата посебно ги заштитува мајчинството и децата не важи за руралните жени, па можност да се престане со работа и да се посвети на грижа за новороденчето станува привилегија, а не право.

Лилјана Јоневски од Руралната Коалиција нагласува дека најголем дел од земјоделските стопанства имаат годишни примања до 2000 евра, што значи дека најголем дел од земјоделците живеат во сиромаштија или зависат од приходите на другите членови во семјеството. Според нивните истражувања незначителен број земјоделки (9) користеле платено породилно отсуство, по друг основ.

Фактот што немаат право на платено породилно отсуство значи дека не можат да престанат со работа по пораѓањето и да се посветат на грижа и нега на новороденчињата, бидејќи ќе го изгубат и онака малиот и несигурен приход од земјоделска дејност. Оваа состојба влијае негативно на здравјето на мајките и децата од руралните области и резултира со несакани абортуси, зголемен ризик од патолошка бременост, прерано прекинување со доењето и неможност за пружање соодветна грижа на новороденчињата што доведува до нарушувања на менталното и физичкото здравје, изјави Марина Тошеска од ЛАГ Агро Лидер.

Здруженијата имаат подготвено Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување во кој се бара измена во неколку членови. Јована Јовановска-Кануркова од Хелсиншкиот комитет за човекови права додаде дека бараат измени со кои основицата за пресметка и висината на надоместокот нема да биде помала од минималната плата за претходната година, односно 18.000 денари, а породилното да трае 9 или 15 месеци како за останатите работнички.

-Сметаме дека ова е најмалата прифатлива сума бидејќи со средтствата од породилното отсуство земјоделките мора да бидат во можност да се издржуваат себе си и своето семејство. Исто така достоинствена сума наметнуваат и меѓународните стандарди како обврски што Република Македонија ги има преземено, вели таа.

Според Тошеска, предложеното решение нема големи финансиски импликации.

Доколку се водиме од вкупната бројка на регистрирани жени индивидуални земјоделци, која изнесува 1.075 жени, максималниот финансиски трошок доколку 1/4 од овие жени се во можност да забременат и да родат во една година, според предложениот модел изнесува 58.104.000 денари, а доколку се разработи сценарио на реален број на корисници според бројот на доделени права на 1.000 осигуренички според највисоката вредност на овој индикатор во 2021 година, тогаш финансиските импликации би изнесувале 10.368.000 денари, нагласува таа.

Граѓанските организации објаснија дека спортивно на нивните барања поради недостаток на политичка волја за системско решение, Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство планира да го реши проблемот преку програма со која ќе се делат средства на земјоделки. Според нив, ова не е прифатливо решение бидејќи е нецелисходно и во пракса повторно нема да доведе до фактичко уживање на правото на платено породилно отсуство. сст/дма.

The post Земјоделките бараат системско решение за платено породилно отсуство appeared first on Република.

]]>

ЛАГ Агро Лидер, Фондацијата Отворено општество – Македонија и Мрежата за заштита од дискриминација денеска на прес-конференција побараа системско решение за платено породилно отсуство за жените-земјоделки. Притоа, беше упатено барање до Собранието на РСМ, Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување. Драгана Дрндаревска од Коалицијата Маргини и претставничка на Мрежата за заштита од дискриминација изјави дека зад ова барање стојат повеќе од 70 здруженија, мрежи и сојузи од кои голем дел се организации кои дејствуваат во областа на заштитата на човековите права и правата на рурални жени.
Земјоделките немаат право на платено породилно отсуство нити боледување. Оваа нехумана политика несразмерно го погодува животот и здравјето на руралните жени особено ако се земе предвид дека оваа група работнички е погодена од сиромаштија, има мали можности за пристап до здравство, образование и социјални услуги, живее во рурални области каде нормите на патријахатот сѐ се уште поцврсти со што теретот на грижата за домот, децата и старите го носи жената додека паралелно работи тешка земјоделска работа за да се издржи себе си и своето семејство. Од една страна овие работнички се есенцијални, ја произведуваат храната која ја јадеме, од друга страна, за возврат нашето општество не им овозможува клучни социјални и работнички права, како породилно отсуство, годишен одмор и боледување, вели таа.
Додава дека уставната одредба според која државата посебно ги заштитува мајчинството и децата не важи за руралните жени, па можност да се престане со работа и да се посвети на грижа за новороденчето станува привилегија, а не право. Лилјана Јоневски од Руралната Коалиција нагласува дека најголем дел од земјоделските стопанства имаат годишни примања до 2000 евра, што значи дека најголем дел од земјоделците живеат во сиромаштија или зависат од приходите на другите членови во семјеството. Според нивните истражувања незначителен број земјоделки (9) користеле платено породилно отсуство, по друг основ.
Фактот што немаат право на платено породилно отсуство значи дека не можат да престанат со работа по пораѓањето и да се посветат на грижа и нега на новороденчињата, бидејќи ќе го изгубат и онака малиот и несигурен приход од земјоделска дејност. Оваа состојба влијае негативно на здравјето на мајките и децата од руралните области и резултира со несакани абортуси, зголемен ризик од патолошка бременост, прерано прекинување со доењето и неможност за пружање соодветна грижа на новороденчињата што доведува до нарушувања на менталното и физичкото здравје, изјави Марина Тошеска од ЛАГ Агро Лидер.
Здруженијата имаат подготвено Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување во кој се бара измена во неколку членови. Јована Јовановска-Кануркова од Хелсиншкиот комитет за човекови права додаде дека бараат измени со кои основицата за пресметка и висината на надоместокот нема да биде помала од минималната плата за претходната година, односно 18.000 денари, а породилното да трае 9 или 15 месеци како за останатите работнички. -Сметаме дека ова е најмалата прифатлива сума бидејќи со средтствата од породилното отсуство земјоделките мора да бидат во можност да се издржуваат себе си и своето семејство. Исто така достоинствена сума наметнуваат и меѓународните стандарди како обврски што Република Македонија ги има преземено, вели таа. Според Тошеска, предложеното решение нема големи финансиски импликации.