земјоделие Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zemjodelie/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Oct 2024 09:25:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png земјоделие Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zemjodelie/ 32 32 Трипуновски: Работиме земјоделските производи да бидат препознатливи надвор од границите и да го намалиме увозот на храна во Македонија, така ќе ги заштитиме и земјоделците https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-rabotime-zemjodelskite-proizvodi-da-bidat-prepoznatlivi-nadvor-od-granitsite-i-da-go-namalime-uvozot-na-hrana-vo-makedonija-taka-ke-gi-zashtitime-i-zemjodeltsite/ Fri, 25 Oct 2024 09:25:35 +0000 https://republika.mk/?p=830851

„Првиот предизвик со кој што се соочивме беше во делот на земјоделството, исплатата на субвенциите кои што во минатото често кажувавме дека имаме нередовна исплата. И практично тоа се потврди со самото влегување во Министерството. Субвенциите се онаа поддршка која што на земјоделците им е неминовна за да го одржат своето производство и за да го планираат наредното производство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на панел дискусијата 100% посветени за тебе на тема „Мерки и политики за земјоделието, животната средина и локалната самоуправа“.

„Со самото доцнење на субвенциите имавме пад на земјоделското производство. Во овие 20 милиони евра кои што се исплатени се опфатени сите категории на земјоделци. Вкупната бројка на која е испорачана оваа сума е на над 20.000 земјоделци. Тука сакам да нотирам дека наредниот период продолжуваме со исплатата бидејќи со ребалансот на Буџетот обезбедивме дополнителни средства кои што се исто така за намена за исплата на субвенции спрема земјоделците“, појасни министерот Трипуновски.

Трипуновски истакна дека ќе се исплатат сите заостанати субвенции заклучно со 2023-та година и да останат само тековните од 2024-та кои што до крајот на годината и веќе од наредната ќе се сервисираат се со цел субвенциите редовно да бидат исплаќани спрема земјоделците.

„Веќе во тек се работат програмите за 2025-та година. Трите клучни програми на Министерството се Програмата за директни плаќања, Програмата за рурален развој и Програмата за водостопанство. Во Програмата за директни плаќања ќе се предвиди намалување на бирократијата која што досега ја имаа земјоделците како обврска, и нормално ќе има фузирање на мерките односно зголемување на сумата на субвенциите кај оние стратешки производи кои што се за нас како држава многу важни. Во делот на Програмата за рурален развој, тука се инвестициите и модернизацијата во земјоделското производство, и оваа програма ќе биде наменета кон оние помали земјоделци кои што ќе треба да ги доведеме во ситуација да ги искористуваат и европските средства кои што ни се на располагање преку ИПАРД програмата. И нормално во оваа Програма ќе има повеќе сегменти на инвестиции од модернизација во делот на механизација, во делот на модерни системи за наводнување, во делот на преработувачки капацитети итн. И со последната Програма за водостопанство планираме да ги вратиме во функција сите системи кои што досега беа запуштени и нефункционални“, нагласи министерот.

Тој во текот на панел дискусијата додаде дека со програмите на Министерството Македонија повторно ќе се врати во вистинска смисла на земјоделска држава. Сите статистички податоци говорат дека во минатото повеќе Македонија увезуваше храна.

„Нашиот план е пред се да ја вратиме довербата на земјоделците према институциите, према Владата, према Министерството. Затоа што во една таква симбиоза ќе можат да сметаат земјоделците дека имаат партнер со кој што ќе можат да разговараат за креирање на закони, програми, уредби кои што ќе значат искористување на повеќе средства или креирање на мерки кои што се од добробит на земјоделското производство“, рече министерот Трипуновски.

Трипуновски истакна дека во изработка на програмите за 2025-та година вклучени се и науката, земјоделските здруженија, Министерството, и чинителите кои што се во секторот.

„Работиме да обезбедиме сигурен пласман на земјоделското производство и нормално цени кои што се рентабилни во делот на производството за да можеме да ја зголемиме бројката на земјоделците“, додаде тој.

„Во таа насока се изработува и Програмата за саемски настани за 2025-та година, тоа значи промоција на примарни и преработки на земјоделски производи надвор од границите. Нормално како Министерство ќе продолжиме да субвенционираме настани кои што се одржуваат во рамките на нашата држава со цел промоција на квалитетни земјоделски производи. Еве ја користам и приликата да најавам дека на 2-ри ноември ќе организираме една манифестација која што е под мотото „Вкуси ја традицијата“ на која што ќе бидат изложени повеќе од 300 изложувачи на македонски производи, преработки и примарни производи“, нагласи министерот.

Тој додаде дека преку манифестациите може да се долови дека Македонија има навистина вкусна и здрава храна која што треба да биде препознатлива и надвор од границите.

The post Трипуновски: Работиме земјоделските производи да бидат препознатливи надвор од границите и да го намалиме увозот на храна во Македонија, така ќе ги заштитиме и земјоделците appeared first on Република.

]]>

„Првиот предизвик со кој што се соочивме беше во делот на земјоделството, исплатата на субвенциите кои што во минатото често кажувавме дека имаме нередовна исплата. И практично тоа се потврди со самото влегување во Министерството. Субвенциите се онаа поддршка која што на земјоделците им е неминовна за да го одржат своето производство и за да го планираат наредното производство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на панел дискусијата 100% посветени за тебе на тема „Мерки и политики за земјоделието, животната средина и локалната самоуправа“. „Со самото доцнење на субвенциите имавме пад на земјоделското производство. Во овие 20 милиони евра кои што се исплатени се опфатени сите категории на земјоделци. Вкупната бројка на која е испорачана оваа сума е на над 20.000 земјоделци. Тука сакам да нотирам дека наредниот период продолжуваме со исплатата бидејќи со ребалансот на Буџетот обезбедивме дополнителни средства кои што се исто така за намена за исплата на субвенции спрема земјоделците“, појасни министерот Трипуновски. Трипуновски истакна дека ќе се исплатат сите заостанати субвенции заклучно со 2023-та година и да останат само тековните од 2024-та кои што до крајот на годината и веќе од наредната ќе се сервисираат се со цел субвенциите редовно да бидат исплаќани спрема земјоделците. „Веќе во тек се работат програмите за 2025-та година. Трите клучни програми на Министерството се Програмата за директни плаќања, Програмата за рурален развој и Програмата за водостопанство. Во Програмата за директни плаќања ќе се предвиди намалување на бирократијата која што досега ја имаа земјоделците како обврска, и нормално ќе има фузирање на мерките односно зголемување на сумата на субвенциите кај оние стратешки производи кои што се за нас како држава многу важни. Во делот на Програмата за рурален развој, тука се инвестициите и модернизацијата во земјоделското производство, и оваа програма ќе биде наменета кон оние помали земјоделци кои што ќе треба да ги доведеме во ситуација да ги искористуваат и европските средства кои што ни се на располагање преку ИПАРД програмата. И нормално во оваа Програма ќе има повеќе сегменти на инвестиции од модернизација во делот на механизација, во делот на модерни системи за наводнување, во делот на преработувачки капацитети итн. И со последната Програма за водостопанство планираме да ги вратиме во функција сите системи кои што досега беа запуштени и нефункционални“, нагласи министерот. Тој во текот на панел дискусијата додаде дека со програмите на Министерството Македонија повторно ќе се врати во вистинска смисла на земјоделска држава. Сите статистички податоци говорат дека во минатото повеќе Македонија увезуваше храна. „Нашиот план е пред се да ја вратиме довербата на земјоделците према институциите, према Владата, према Министерството. Затоа што во една таква симбиоза ќе можат да сметаат земјоделците дека имаат партнер со кој што ќе можат да разговараат за креирање на закони, програми, уредби кои што ќе значат искористување на повеќе средства или креирање на мерки кои што се од добробит на земјоделското производство“, рече министерот Трипуновски. Трипуновски истакна дека во изработка на програмите за 2025-та година вклучени се и науката, земјоделските здруженија, Министерството, и чинителите кои што се во секторот. „Работиме да обезбедиме сигурен пласман на земјоделското производство и нормално цени кои што се рентабилни во делот на производството за да можеме да ја зголемиме бројката на земјоделците“, додаде тој. „Во таа насока се изработува и Програмата за саемски настани за 2025-та година, тоа значи промоција на примарни и преработки на земјоделски производи надвор од границите. Нормално како Министерство ќе продолжиме да субвенционираме настани кои што се одржуваат во рамките на нашата држава со цел промоција на квалитетни земјоделски производи. Еве ја користам и приликата да најавам дека на 2-ри ноември ќе организираме една манифестација која што е под мотото „Вкуси ја традицијата“ на која што ќе бидат изложени повеќе од 300 изложувачи на македонски производи, преработки и примарни производи“, нагласи министерот. Тој додаде дека преку манифестациите може да се долови дека Македонија има навистина вкусна и здрава храна која што треба да биде препознатлива и надвор од границите.

The post Трипуновски: Работиме земјоделските производи да бидат препознатливи надвор од границите и да го намалиме увозот на храна во Македонија, така ќе ги заштитиме и земјоделците appeared first on Република.

]]>
Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ ветува 800 милиони евра за земјоделците, реновирање на сите водоводни канали, загарантирана откупна цена и нови откупни центри https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachki-vmro-dpmne-vetuva-800-milioni-evra-za-zemjodeltsite-renovirane-na-site-vodovodni-kanali-zagarantirana-otkupna-tsena-i-novi-otkupni-tsentri/ Fri, 19 Apr 2024 16:33:31 +0000 https://republika.mk/?p=768137

Во изминатиот период во изминатите неколку дена имав можност да посетам многу населени места, градови села се сретнав со многу луѓе со земјоделци со образовни работници со лекари со воени лица со полицајци и секаде каде што одев преовладуваше една иста мисла. Време е за промени време е Македонија да престане да губи време Македонија да почне да победува, истакна Драган Ковачки член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ3 од митингот во Ранковце.

„Време е Македонија да ја вратиме во рацете на граѓаните, затоа што Македонија ни е одземена, ни е украдена и затоа што Македонија ни е понижена. Во Македонија владее една структура што е на заминување меѓутоа е под директно влијание на Мала Речица. Значи луѓе со 13 пратеници во изминатиот период успеаја да ја девастираат Македонија. Да го уништат системот да ги уништат институциите“, кажа Ковачки и додаде:

Здравството не функционира, земјоделците ни велат немаме загарантирана откупна цена, немаме вода за да си ги наводнуваме нашите ниви, немаме откупни центри епа затоа владата на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе вложи 800 милиони евра само за земјоделците. Ќе ги реновираме сите водоводни канали. Ќе воведеме откупна загарантирана цена и ќе отвориме нови откупни центри.

Тој рече и дека ВМРО-ДПМНЕ во својата програма ветува 5 000 денари покачување на пензиите за сите. Ветуваме проширување на позитивната листа на лекови. 250 милиони евра директна помош за Општините.

„ВМРО-ДПМНЕ ветува реализација на следните проекти: Изградба на делницата од Страцич (Чатал) до Длабочица како дел од експресниот пат А2, од Ранковце до Крива Паланка од патниот коридор 8 до Република Бугарија. Ќе се работи на изградба на канализациона мрежа за Опила, изградба на патен правец с. Петралица до село Баратлија, изградба на општински пат Радибуп до Средна маала, како и повеќе други проекти кои заедно со Општината Ранковце ќе ги реализираме“, нагласи Ковачки и додаде:

За сето тоа потребна ни е поддршка, масовната излезеност за пет дена од сега ни е многу важна. Поддршка на 24-ти април за г-ѓата Гордана Силјановска Давкова. Потоа на 8-ми мај да славиме голема и убедлива победа, да си ја вратиме Македонија.

The post Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ ветува 800 милиони евра за земјоделците, реновирање на сите водоводни канали, загарантирана откупна цена и нови откупни центри appeared first on Република.

]]>

Во изминатиот период во изминатите неколку дена имав можност да посетам многу населени места, градови села се сретнав со многу луѓе со земјоделци со образовни работници со лекари со воени лица со полицајци и секаде каде што одев преовладуваше една иста мисла. Време е за промени време е Македонија да престане да губи време Македонија да почне да победува, истакна Драган Ковачки член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ3 од митингот во Ранковце. „Време е Македонија да ја вратиме во рацете на граѓаните, затоа што Македонија ни е одземена, ни е украдена и затоа што Македонија ни е понижена. Во Македонија владее една структура што е на заминување меѓутоа е под директно влијание на Мала Речица. Значи луѓе со 13 пратеници во изминатиот период успеаја да ја девастираат Македонија. Да го уништат системот да ги уништат институциите“, кажа Ковачки и додаде: Здравството не функционира, земјоделците ни велат немаме загарантирана откупна цена, немаме вода за да си ги наводнуваме нашите ниви, немаме откупни центри епа затоа владата на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе вложи 800 милиони евра само за земјоделците. Ќе ги реновираме сите водоводни канали. Ќе воведеме откупна загарантирана цена и ќе отвориме нови откупни центри. Тој рече и дека ВМРО-ДПМНЕ во својата програма ветува 5 000 денари покачување на пензиите за сите. Ветуваме проширување на позитивната листа на лекови. 250 милиони евра директна помош за Општините. „ВМРО-ДПМНЕ ветува реализација на следните проекти: Изградба на делницата од Страцич (Чатал) до Длабочица како дел од експресниот пат А2, од Ранковце до Крива Паланка од патниот коридор 8 до Република Бугарија. Ќе се работи на изградба на канализациона мрежа за Опила, изградба на патен правец с. Петралица до село Баратлија, изградба на општински пат Радибуп до Средна маала, како и повеќе други проекти кои заедно со Општината Ранковце ќе ги реализираме“, нагласи Ковачки и додаде: За сето тоа потребна ни е поддршка, масовната излезеност за пет дена од сега ни е многу важна. Поддршка на 24-ти април за г-ѓата Гордана Силјановска Давкова. Потоа на 8-ми мај да славиме голема и убедлива победа, да си ја вратиме Македонија.

The post Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ ветува 800 милиони евра за земјоделците, реновирање на сите водоводни канали, загарантирана откупна цена и нови откупни центри appeared first on Република.

]]>
Што и од каде ќе јадеме? Алармантно намалено производството на домати, краставици, овошје, сончоглед… https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/shto-i-od-kade-ke-jademe-alarmantno-namaleno-proizvodstvoto-na-domati-krastavitsi-ovoshje-sonchogled/ Sat, 30 Mar 2024 07:59:15 +0000 https://republika.mk/?p=760300

Од земја позната по здрави земјоделски производи, Македонија стана роб на увозот. Веќе долго време на пазарите е празник ако се најде македонска краставица, лук, кромид, домати...Ова го потврдуваат и податоците од Државниот завод за статистика, кој излезе со алармантни бројки.

Во 2023 година се регистрирани 514 375 хектари обработлива површина. Намалување е забележано кај овоштарниците за 2,5 отсто и лозјата за 4,6 проценти, а зголемување на производството е евидентирано кај оризот за 5,4 отсто и кај пиперот за 4,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика.

Значително намалување на производството кај овошјето е забележано кај јаболката за 51,2 отсто, крушите за 41,2, сливите за 46,1 и праските за 50 проценти. Кај останатите култури поголемо намалување е забележано кај сончогледот за 39,5 отсто, доматите за 23, краставиците за 34.3 и крмната пченка за 31,7 отсто.

The post Што и од каде ќе јадеме? Алармантно намалено производството на домати, краставици, овошје, сончоглед… appeared first on Република.

]]>

Од земја позната по здрави земјоделски производи, Македонија стана роб на увозот. Веќе долго време на пазарите е празник ако се најде македонска краставица, лук, кромид, домати...Ова го потврдуваат и податоците од Државниот завод за статистика, кој излезе со алармантни бројки. Во 2023 година се регистрирани 514 375 хектари обработлива површина. Намалување е забележано кај овоштарниците за 2,5 отсто и лозјата за 4,6 проценти, а зголемување на производството е евидентирано кај оризот за 5,4 отсто и кај пиперот за 4,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика. Значително намалување на производството кај овошјето е забележано кај јаболката за 51,2 отсто, крушите за 41,2, сливите за 46,1 и праските за 50 проценти. Кај останатите култури поголемо намалување е забележано кај сончогледот за 39,5 отсто, доматите за 23, краставиците за 34.3 и крмната пченка за 31,7 отсто.

The post Што и од каде ќе јадеме? Алармантно намалено производството на домати, краставици, овошје, сончоглед… appeared first on Република.

]]>
МЗШВ: Исплатени 214,7 милиони денари субвенции за производителите на градинарски култури до близу 11.000 корисници https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mzshv-isplateni-214-7-milioni-denari-subventsii-za-proizvoditelite-na-gradinarski-kulturi-do-blizu-11-000-korisnitsi/ Wed, 22 Feb 2023 11:18:02 +0000 https://republika.mk/?p=611869

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците производители на градинарски култури дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР изврши исплата на директните плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници.

Исплатена е вкупна сума од 214,7 милиони денари до сметките на 10.987 корисници.

Како корисници на оваа поддршка се јавуваат земјоделски стопанства кои пријавиле обработени површини со домати, пиперка, лубеница, дињатиква, грав, боранија, грашок, компир, краставици, корнишони, зелка, кељ, кромид, лук, праз, тиквички, зелена салата, брокула, спанаќ, карфиол, модар патлиџан, рукола, морков, целер, пашканат, цвекло, аспарагус, ротквици, цвеќе и култувирани, ароматични и зачински растенија.

Навремено во текот на овој месец Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на субвенциите до 14.830 лозаропроизводители во вредност од 597 милиони денари, како и субвенциите за полјоделските култури во вредност од 422,4 милиони денари до над 24.000 корисници.

Посветено работиме водејќи грижа за секој еден земјоделец. За 2023 година обезбедивме најголем земјоделски буџет вреден 200 милиони евра, средства со кои успешно ги реалзиираме сите нови мерки за поддршка на земјоделците и за навремена исплата на субвенциите.

 

The post МЗШВ: Исплатени 214,7 милиони денари субвенции за производителите на градинарски култури до близу 11.000 корисници appeared first on Република.

]]>

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците производители на градинарски култури дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР изврши исплата на директните плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници.

Исплатена е вкупна сума од 214,7 милиони денари до сметките на 10.987 корисници.

Како корисници на оваа поддршка се јавуваат земјоделски стопанства кои пријавиле обработени површини со домати, пиперка, лубеница, дињатиква, грав, боранија, грашок, компир, краставици, корнишони, зелка, кељ, кромид, лук, праз, тиквички, зелена салата, брокула, спанаќ, карфиол, модар патлиџан, рукола, морков, целер, пашканат, цвекло, аспарагус, ротквици, цвеќе и култувирани, ароматични и зачински растенија.

Навремено во текот на овој месец Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на субвенциите до 14.830 лозаропроизводители во вредност од 597 милиони денари, како и субвенциите за полјоделските култури во вредност од 422,4 милиони денари до над 24.000 корисници.

Посветено работиме водејќи грижа за секој еден земјоделец. За 2023 година обезбедивме најголем земјоделски буџет вреден 200 милиони евра, средства со кои успешно ги реалзиираме сите нови мерки за поддршка на земјоделците и за навремена исплата на субвенциите.

 

The post МЗШВ: Исплатени 214,7 милиони денари субвенции за производителите на градинарски култури до близу 11.000 корисници appeared first on Република.

]]>
Со сателит ќе се контролира кој, што и каде сади, најави Николовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-satelit-ke-se-kontrolira-koj-shto-i-kade-sadi-najavi-nikolovski/ Sun, 19 Feb 2023 17:59:02 +0000 https://republika.mk/?p=610768

Со исплатата на субвенциите по површина обработливо земјиште независно од видот на земјоделската култура, се создадоа можности за воведување нов пристап во спроведувањето на теренските контроли, т.н. мониторинг на парцели.

Мониторингот кој годинава прв пат се воведува во земјите-членки на ЕУ, а кај нас ќе почне на одредена пилот територија, ќе овозможи контроли преку сателитски снимки кои ќе покажат дали на некоја парцела се одгледува земјоделска култура, без притоа физички да се посети самото место.

Станува збор за Сентинел сателитски снимки (нови сателитски снимки на секои 6 - 10 дена и нивна обработка) кои ќе овозможат воспоставување прецизен систем на детекција на обработуваните површини. Дел од мониторингот на парцелите ќе биде и т.н. гео-тагирање на фотографии кое во севкупниот контролен систем ќе ги вклучи и земјоделците.

Овој вид контроли ќе овозможи целосен мониторинг на сите земјоделски парцели, без посета на самото место, со користење т.н. Сентинел сателитски снимки преку кои се утврдува дали на површината се одгледува земјоделска култура. За почеток, ние ќе го примениме системот на одредена пилот територија со тенденција да се прошири на целата територија на државата во следните години, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Од 2012 година во земјава се вршат контроли кај избран примерок, но со посета на самото место. Се користат и далечински методи преку сателистки снимки кои се прават еднаш до двапати годишно по зони во најпогодниот вегетативен период.

Со воведувањето на мониторингот во иднина, ќе се замени контролата на примерок земјоделски површини со целосен мониторинг на сите земјоделски парцели, а за детекција на културите е потребно да се изготват и вегетативни маркери - индекси за државата, потенцира Николовски.

The post Со сателит ќе се контролира кој, што и каде сади, најави Николовски appeared first on Република.

]]>

Со исплатата на субвенциите по површина обработливо земјиште независно од видот на земјоделската култура, се создадоа можности за воведување нов пристап во спроведувањето на теренските контроли, т.н. мониторинг на парцели. Мониторингот кој годинава прв пат се воведува во земјите-членки на ЕУ, а кај нас ќе почне на одредена пилот територија, ќе овозможи контроли преку сателитски снимки кои ќе покажат дали на некоја парцела се одгледува земјоделска култура, без притоа физички да се посети самото место. Станува збор за Сентинел сателитски снимки (нови сателитски снимки на секои 6 - 10 дена и нивна обработка) кои ќе овозможат воспоставување прецизен систем на детекција на обработуваните површини. Дел од мониторингот на парцелите ќе биде и т.н. гео-тагирање на фотографии кое во севкупниот контролен систем ќе ги вклучи и земјоделците.
Овој вид контроли ќе овозможи целосен мониторинг на сите земјоделски парцели, без посета на самото место, со користење т.н. Сентинел сателитски снимки преку кои се утврдува дали на површината се одгледува земјоделска култура. За почеток, ние ќе го примениме системот на одредена пилот територија со тенденција да се прошири на целата територија на државата во следните години, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Од 2012 година во земјава се вршат контроли кај избран примерок, но со посета на самото место. Се користат и далечински методи преку сателистки снимки кои се прават еднаш до двапати годишно по зони во најпогодниот вегетативен период.
Со воведувањето на мониторингот во иднина, ќе се замени контролата на примерок земјоделски површини со целосен мониторинг на сите земјоделски парцели, а за детекција на културите е потребно да се изготват и вегетативни маркери - индекси за државата, потенцира Николовски.

The post Со сателит ќе се контролира кој, што и каде сади, најави Николовски appeared first on Република.

]]>
Иако работата во земјоделието паѓа на женските плеќи, машките деца се почести наследници https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/iako-rabotata-vo-zemjodelieto-paga-na-zhenskite-pleki-mashkite-detsa-se-pochesti-naslednitsi/ Tue, 07 Feb 2023 09:53:48 +0000 https://republika.mk/?p=605862

Жените помалку се носители на земјоделски стопанства од мажите, а во регионот се уште машките деца се почести наследници. Ова меѓу другото го соопштија од невладината „Ековита", на дебата посветена на идејата за рамноправни граѓани.

- Цел ни е да ги идентификуваме проблемите, кои доведуваат до иселување на младите. Сметаме дека економската рамноправност не е единствена причина за тоа, нагласи Кристина Тодорова, координатор на проектните активности за рамноправни и задоволни граѓани".

Таа информираше дека на оваа тема, работат и преку анкетирање на неготинци, но и на поранешни жители во општината, што сега се иселени во странство.

Лилјана Јоноска, извршна директорка на ,,Рурална коалиција", рече дека целта е подобрување на родовата еднаквост, препознавање на специфичните потреби што ги имаат мажите и жените на локално ниво, зајакнување на свеста на локалното население.

Гордана Јованова, претседател на Комисија за еднакви можности при општината Неготино, рече дека факт е оти жените не учествуваат подеднакво со мажите во економијата. Истражувања покажувале дека жени имале помали плати за исти квалификаци, биле помалку застапени на пазарот на труд и имале понеповолни услови за вработување.

Јованова информираше дека од КЕМ имале изготвено програма за еднакви можности и акциски план за спроведување на предвидени активности.

Јавната дебата се одржа во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“, финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Центарот за истражување и креирање политики, Лулуди, Рурална Коалиција, Новинари за човекови права и ЕХО-Штип.

The post Иако работата во земјоделието паѓа на женските плеќи, машките деца се почести наследници appeared first on Република.

]]>

Жените помалку се носители на земјоделски стопанства од мажите, а во регионот се уште машките деца се почести наследници. Ова меѓу другото го соопштија од невладината „Ековита", на дебата посветена на идејата за рамноправни граѓани. - Цел ни е да ги идентификуваме проблемите, кои доведуваат до иселување на младите. Сметаме дека економската рамноправност не е единствена причина за тоа, нагласи Кристина Тодорова, координатор на проектните активности за рамноправни и задоволни граѓани". Таа информираше дека на оваа тема, работат и преку анкетирање на неготинци, но и на поранешни жители во општината, што сега се иселени во странство. Лилјана Јоноска, извршна директорка на ,,Рурална коалиција", рече дека целта е подобрување на родовата еднаквост, препознавање на специфичните потреби што ги имаат мажите и жените на локално ниво, зајакнување на свеста на локалното население. Гордана Јованова, претседател на Комисија за еднакви можности при општината Неготино, рече дека факт е оти жените не учествуваат подеднакво со мажите во економијата. Истражувања покажувале дека жени имале помали плати за исти квалификаци, биле помалку застапени на пазарот на труд и имале понеповолни услови за вработување. Јованова информираше дека од КЕМ имале изготвено програма за еднакви можности и акциски план за спроведување на предвидени активности. Јавната дебата се одржа во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“, финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Центарот за истражување и креирање политики, Лулуди, Рурална Коалиција, Новинари за човекови права и ЕХО-Штип.

The post Иако работата во земјоделието паѓа на женските плеќи, машките деца се почести наследници appeared first on Република.

]]>
Ни носи ли топлата зима уште поскапо јадење? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ni-nosi-li-toplata-zima-ushte-poskapo-jadene/ Wed, 18 Jan 2023 18:07:15 +0000 https://republika.mk/?p=597396

„Ако зимата е топла, земјоделецот ќе биде сиромашен“, така вели една стара германска поговорка. Рекордно високите температури низ Европа оваа зима помагаат да се избегне енергетската криза. Но, тие не ветуваат ништо добро за земјоделците и цените на храната.

Седум европски земји ги забележаа досега највисоките јануарски температури на Нова година, при што некои делови од Полска достигнаа речиси 20 Целзиусови степени, а во Шпанија и над 25 степени.

Ова не само што ги загрижува научниците, туку ги вознемирува и земјоделците во многу делови на Европа. Најголемото италијанско здружение на земјоделци „Колдирети“, предупреди дека без снег ќе страдаат селата.

Благите температури ги намалија цените на енергијата, што е добра вест за потрошувачите кои се погодени од зголемените трошоци по руската инвазија на Украина и санкциите на ЕУ како одговор, кои направија хаос на енергетскиот пазар.

Но, топлата зима ризикува да ги намали приносите на земјоделските култури во време кога земјоделците веќе се борат со недостиг на ѓубрива – уште една последица од војната – и сè уште не закрепнале од сушата од минатото лето. Ова врши притисок врз зголемувањето на цените на храната во регионот, кои остануваат на рекордно високи нивоа, дури и кога вкупната инфлација се намалува.

Кога температурите се зголемуваат премногу високо, следуваат цените на храната, според неодамнешното истражување на Пол Грифин, професор на Факултетот за менаџмент на УЦ Дејвис на Универзитетот во Калифорнија, кој го истражувал економското и финансиското влијание на екстремните временски услови.

Според неодамнешното истражување на Пол Грифин, професор на Факултетот за менаџмент на Универзитетот во Калифорнија, кој го проучувал економското и финансиското влијание на екстремните временски услови, кога температурите се зголемуваат премногу, тоа предизвикува раст на цените на храната.

Лажна пролет

Во германската покраина Саксонија-Анхалт, каде што се фармите на Карл-Филип Бартмер, температурата се искачи од минус 20 Целзиусови степени на плус 17 степени во рок од две недели во декември.

„Никогаш досега не сум доживеал вакво нешто“, вели 33-годишниот Карл-Филип Бартмер. „Ова е тотално лудило“.
Главната грижа на Бартмер е дека нестабилноста на температурите ќе предизвика прерано ‘ртење на  неговите посеви со зимска пченица и јачмен.

Овие штотуку никнати, како што се нарекуваат „горди за зимата“ култури, се поподложни на оштетување од мраз – што не е важно ако продолжат благите температури. Всушност, раниот раст може да им помогне на земјоделците, но проблемот е што зимата не е завршена, вели Бартмер.

Според прогнозата, следната недела во северозападниот дел на Европа температурите треба да се спуштат под сезонските норми.

Студеното време наскоро повторно ќе ја зафати и источна Германија, вели Бартмер. Кога тоа ќе се случи, тој стравува дека би можел да изгуби до 70 отсто од зимските култури на јачмен и пченица посеани на неговите 3.000 хектари земја.

„Како земјоделец не можете да направите ништо за да ја намалите штетата, само може да се надевате дека растенијата се доволно силни“, рече тој.

Овошните култури, како јаболката, крушите, сливите, кајсиите, црешите и грозјето, се исто така особено ранливи на штета од мраз, преудпредува Ханс-Мартин Фусел, експерт за ранливост и адаптација на климатските промени во Европската агенција за животна средина.

Иако, поради топлиот период, земјоделците стравуваат од следниот мраз, целосниот недостиг на снег исто така може да предизвика проблеми, смета Фусел.

Потоплото и понепредвидливо време носи нови штетници и повеќе циклуси кога тие се појавуваат, вели Лука Гадони од Колдирети. Ова ги намалува приносите и ги зголемува трошоците на земјоделците.

Нема снег, нема вода

Најголемиот проблем, според експертите, е тоа што огромни делови од европското обработливо земјиште се потпираат на водоносни слоеви кои се надополнуваат со топење на снегот.

Снегот е многу добар за наводнување на почвата бидејќи ја покрива земјата и малку по малку се топи, па водата полека и долг период се апсорбира. Спротивно на тоа, обилниот дожд често истекува по површината — особено кога паѓа на суво земјиште кое е помалку способно да апсорбира вода.

Недостигот на снег минатата зима предизвика пресушување на По, најголемата река во Италија која тече низ најплодородните земјоделски региони.

Топлото лето што следуваше го влоши проблемот бидејќи Јадранското Море се влеа во долниот тек на По и ги наполни каналите за наводнување со солена вода што им штети на посевите и почвите.

Низ Европа, 2022 година беше втора најтопла година досега. На многу места беше и најсушна. Италија имаше 30 отсто помалку дожд и снег од историскиот просек од 1991 година, проценуваат експертите.

Сега, кога полињата во земјата останаа суви од летната суша во Европа и нивото на водата на големите езера како Гарда и Комо е повеќе од преполовено, на италијанското земјоделство му треба снег, вели Паоло ди Стефано, шеф на канцеларијата на „Колдирети“ во Брисел. Но, топлите температури оваа зима, носат ризик да се повтори претходната година.

Токму тоа Алесандро Калкањо, одгледувач на ориз од долината По во северна Италија, се надева да го избегне. Во 2022 година неговите приноси паднаа за пет проценти.

Дождот во последните неколку месеци од годината даде одредена надеж. Но, високите зимски температури би можеле да донесат неуспех, бидејќи отсуството на снег ризикува да го намали снабдувањето со вода за претстојната сезона, објасни Калкањо.

Комбинацијата од пад на приносите и зголемените трошоци на фармите предизвикува повисоки цени за потрошувачите.

„А ако цените на храната се зголемат, тоа многу веројатно ќе предизвика инфлација“, вели Грифин, чие истражување прикажува како, кога температурите во Европа се над одредена точка, бизнисите генерално страдаат бидејќи продуктивноста и продажбата паѓаат.

Дополнителен притисок врз цените на храната доаѓа од неизвесноста создадена од климатските промени, бидејќи Европа не само што станува потопла, туку и нејзините временски шеми стануваат понепредвидливи, посочува Грифин. Соочени со ова, земјоделците и другите бизниси во синџирот на снабдување со храна се обидуваат да создадат парични резерви за да се заштитат од зголемениот ризик.

Но, непредвидливоста остава многу земјоделци, навикнати да ја планираат годината според годишните времиња, без патоказ.

„Разговаравме за [топлото време] со сите други локални фармери и никој нема јасен одговор“, вели Бартмер, германски фармер. „Никој не знае што значи тоа или што може да се случи“.

Извор: Политико

The post Ни носи ли топлата зима уште поскапо јадење? appeared first on Република.

]]>

„Ако зимата е топла, земјоделецот ќе биде сиромашен“, така вели една стара германска поговорка. Рекордно високите температури низ Европа оваа зима помагаат да се избегне енергетската криза. Но, тие не ветуваат ништо добро за земјоделците и цените на храната. Седум европски земји ги забележаа досега највисоките јануарски температури на Нова година, при што некои делови од Полска достигнаа речиси 20 Целзиусови степени, а во Шпанија и над 25 степени. Ова не само што ги загрижува научниците, туку ги вознемирува и земјоделците во многу делови на Европа. Најголемото италијанско здружение на земјоделци „Колдирети“, предупреди дека без снег ќе страдаат селата. Благите температури ги намалија цените на енергијата, што е добра вест за потрошувачите кои се погодени од зголемените трошоци по руската инвазија на Украина и санкциите на ЕУ како одговор, кои направија хаос на енергетскиот пазар. Но, топлата зима ризикува да ги намали приносите на земјоделските култури во време кога земјоделците веќе се борат со недостиг на ѓубрива – уште една последица од војната – и сè уште не закрепнале од сушата од минатото лето. Ова врши притисок врз зголемувањето на цените на храната во регионот, кои остануваат на рекордно високи нивоа, дури и кога вкупната инфлација се намалува. Кога температурите се зголемуваат премногу високо, следуваат цените на храната, според неодамнешното истражување на Пол Грифин, професор на Факултетот за менаџмент на УЦ Дејвис на Универзитетот во Калифорнија, кој го истражувал економското и финансиското влијание на екстремните временски услови. Според неодамнешното истражување на Пол Грифин, професор на Факултетот за менаџмент на Универзитетот во Калифорнија, кој го проучувал економското и финансиското влијание на екстремните временски услови, кога температурите се зголемуваат премногу, тоа предизвикува раст на цените на храната.

Лажна пролет

Во германската покраина Саксонија-Анхалт, каде што се фармите на Карл-Филип Бартмер, температурата се искачи од минус 20 Целзиусови степени на плус 17 степени во рок од две недели во декември. „Никогаш досега не сум доживеал вакво нешто“, вели 33-годишниот Карл-Филип Бартмер. „Ова е тотално лудило“. Главната грижа на Бартмер е дека нестабилноста на температурите ќе предизвика прерано ‘ртење на  неговите посеви со зимска пченица и јачмен. Овие штотуку никнати, како што се нарекуваат „горди за зимата“ култури, се поподложни на оштетување од мраз – што не е важно ако продолжат благите температури. Всушност, раниот раст може да им помогне на земјоделците, но проблемот е што зимата не е завршена, вели Бартмер. Според прогнозата, следната недела во северозападниот дел на Европа температурите треба да се спуштат под сезонските норми. Студеното време наскоро повторно ќе ја зафати и источна Германија, вели Бартмер. Кога тоа ќе се случи, тој стравува дека би можел да изгуби до 70 отсто од зимските култури на јачмен и пченица посеани на неговите 3.000 хектари земја. „Како земјоделец не можете да направите ништо за да ја намалите штетата, само може да се надевате дека растенијата се доволно силни“, рече тој. Овошните култури, како јаболката, крушите, сливите, кајсиите, црешите и грозјето, се исто така особено ранливи на штета од мраз, преудпредува Ханс-Мартин Фусел, експерт за ранливост и адаптација на климатските промени во Европската агенција за животна средина. Иако, поради топлиот период, земјоделците стравуваат од следниот мраз, целосниот недостиг на снег исто така може да предизвика проблеми, смета Фусел. Потоплото и понепредвидливо време носи нови штетници и повеќе циклуси кога тие се појавуваат, вели Лука Гадони од Колдирети. Ова ги намалува приносите и ги зголемува трошоците на земјоделците.

Нема снег, нема вода

Најголемиот проблем, според експертите, е тоа што огромни делови од европското обработливо земјиште се потпираат на водоносни слоеви кои се надополнуваат со топење на снегот. Снегот е многу добар за наводнување на почвата бидејќи ја покрива земјата и малку по малку се топи, па водата полека и долг период се апсорбира. Спротивно на тоа, обилниот дожд често истекува по површината — особено кога паѓа на суво земјиште кое е помалку способно да апсорбира вода. Недостигот на снег минатата зима предизвика пресушување на По, најголемата река во Италија која тече низ најплодородните земјоделски региони. Топлото лето што следуваше го влоши проблемот бидејќи Јадранското Море се влеа во долниот тек на По и ги наполни каналите за наводнување со солена вода што им штети на посевите и почвите. Низ Европа, 2022 година беше втора најтопла година досега. На многу места беше и најсушна. Италија имаше 30 отсто помалку дожд и снег од историскиот просек од 1991 година, проценуваат експертите. Сега, кога полињата во земјата останаа суви од летната суша во Европа и нивото на водата на големите езера како Гарда и Комо е повеќе од преполовено, на италијанското земјоделство му треба снег, вели Паоло ди Стефано, шеф на канцеларијата на „Колдирети“ во Брисел. Но, топлите температури оваа зима, носат ризик да се повтори претходната година. Токму тоа Алесандро Калкањо, одгледувач на ориз од долината По во северна Италија, се надева да го избегне. Во 2022 година неговите приноси паднаа за пет проценти. Дождот во последните неколку месеци од годината даде одредена надеж. Но, високите зимски температури би можеле да донесат неуспех, бидејќи отсуството на снег ризикува да го намали снабдувањето со вода за претстојната сезона, објасни Калкањо. Комбинацијата од пад на приносите и зголемените трошоци на фармите предизвикува повисоки цени за потрошувачите. „А ако цените на храната се зголемат, тоа многу веројатно ќе предизвика инфлација“, вели Грифин, чие истражување прикажува како, кога температурите во Европа се над одредена точка, бизнисите генерално страдаат бидејќи продуктивноста и продажбата паѓаат. Дополнителен притисок врз цените на храната доаѓа од неизвесноста создадена од климатските промени, бидејќи Европа не само што станува потопла, туку и нејзините временски шеми стануваат понепредвидливи, посочува Грифин. Соочени со ова, земјоделците и другите бизниси во синџирот на снабдување со храна се обидуваат да создадат парични резерви за да се заштитат од зголемениот ризик. Но, непредвидливоста остава многу земјоделци, навикнати да ја планираат годината според годишните времиња, без патоказ. „Разговаравме за [топлото време] со сите други локални фармери и никој нема јасен одговор“, вели Бартмер, германски фармер. „Никој не знае што значи тоа или што може да се случи“. Извор: Политико

The post Ни носи ли топлата зима уште поскапо јадење? appeared first on Република.

]]>
Поради цената на гасот – земјоделците наместо со ѓубрива, ѓубреат со талог од кафе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poradi-cenata-na-gasot-zemjodelcite-namesto-so-gjubriva-gjubreat-so-talog-od-kafe/ Sun, 14 Aug 2022 08:29:54 +0000 https://republika.mk/?p=540137

Поради пандемијата и последователната војна во Украина, цените на ѓубривата ширум светот се зголемија неколку пати, а тоа ги принудува земјоделците да бараат алтернативен начин за оплодување на земјоделските површини.

Поради скапиот природен гас, најголемата фабрика за ѓубрива во светот, која се наоѓа во Германија – БАСФ, го прекина производството на амонијак – главната суровина за ѓубрива. Раководството на комбинатот пред неколку недели најави дека наместо да го произведува, ќе купува амонијак, но тоа ќе го поскапи крајниот производ за клиентите.

Поради оваа причина албанскиот земјоделец Албан Чакали бара алтернативни начини за ѓубрење, пренесува AFP. 38-годишниот земјоделец од оваа балканска земја поседува само 5 декари обработливо земјиште во градот Мамурас, во северозападна Албанија, но повеќе не може да си дозволи ѓубрива на база на хемикалии увезени од странство.

Како и во другите делови на светот, албанскиот земјоделски сектор е погоден од зголемени трошоци, при што цените на горивото и ѓубривата се зголемија откако Русија, главен производител на двете, ја нападна Украина.

За да ги намали трошоците, Чакали сега бара трошење талог од кафе, природно ѓубриво кое е лесно достапно во Албанија, каде пиењето на пијалок со кофеин е традиција и кафулињата се на речиси секој агол. За да го собере отпадното кафе, пак, фармерот по цел ден го обиколува талогот од кафето, а неговиот рекорд е до 40 килограми собрано старо кафе во еден ден.

По обиколката, фармерот го меша кафето со компост и чека најмалку три месеци да стане квалитетно. Финалниот производ е „богат со азот, магнезиум и калиум и е добра замена за хемиските ѓубрива“ и „ги одбива инсектите“, изјави Чакали за АФП.

Сè повеќе од речиси 280.000 мали земјоделци во Албанија се враќаат на слични традиционални методи на ѓубрење наместо да плаќаат повисоки цени за увезените ѓубрива.

Ѓубривата и горивата сочинуваат над 45 отсто од трошоците за земјоделско производство во земјава.

Русија беше најголемиот увозник на ѓубрива во Албанија во 2021 година, со вкупна вредност на производите над 11 милиони долари.

Со префрлување од хемиски ѓубрива на талог од кафе, земјоделците заштедуваат од 1.500 до 2.000 евра годишно.

The post Поради цената на гасот – земјоделците наместо со ѓубрива, ѓубреат со талог од кафе appeared first on Република.

]]>

Поради пандемијата и последователната војна во Украина, цените на ѓубривата ширум светот се зголемија неколку пати, а тоа ги принудува земјоделците да бараат алтернативен начин за оплодување на земјоделските површини. Поради скапиот природен гас, најголемата фабрика за ѓубрива во светот, која се наоѓа во Германија – БАСФ, го прекина производството на амонијак – главната суровина за ѓубрива. Раководството на комбинатот пред неколку недели најави дека наместо да го произведува, ќе купува амонијак, но тоа ќе го поскапи крајниот производ за клиентите. Поради оваа причина албанскиот земјоделец Албан Чакали бара алтернативни начини за ѓубрење, пренесува AFP. 38-годишниот земјоделец од оваа балканска земја поседува само 5 декари обработливо земјиште во градот Мамурас, во северозападна Албанија, но повеќе не може да си дозволи ѓубрива на база на хемикалии увезени од странство. Како и во другите делови на светот, албанскиот земјоделски сектор е погоден од зголемени трошоци, при што цените на горивото и ѓубривата се зголемија откако Русија, главен производител на двете, ја нападна Украина. За да ги намали трошоците, Чакали сега бара трошење талог од кафе, природно ѓубриво кое е лесно достапно во Албанија, каде пиењето на пијалок со кофеин е традиција и кафулињата се на речиси секој агол. За да го собере отпадното кафе, пак, фармерот по цел ден го обиколува талогот од кафето, а неговиот рекорд е до 40 килограми собрано старо кафе во еден ден. По обиколката, фармерот го меша кафето со компост и чека најмалку три месеци да стане квалитетно. Финалниот производ е „богат со азот, магнезиум и калиум и е добра замена за хемиските ѓубрива“ и „ги одбива инсектите“, изјави Чакали за АФП. Сè повеќе од речиси 280.000 мали земјоделци во Албанија се враќаат на слични традиционални методи на ѓубрење наместо да плаќаат повисоки цени за увезените ѓубрива. Ѓубривата и горивата сочинуваат над 45 отсто од трошоците за земјоделско производство во земјава. Русија беше најголемиот увозник на ѓубрива во Албанија во 2021 година, со вкупна вредност на производите над 11 милиони долари. Со префрлување од хемиски ѓубрива на талог од кафе, земјоделците заштедуваат од 1.500 до 2.000 евра годишно.

The post Поради цената на гасот – земјоделците наместо со ѓубрива, ѓубреат со талог од кафе appeared first on Република.

]]>
МЗШВ: Потсетување до сите жени земјоделки дека во тек е јавниот повик за Рурална жена https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mzshv-potsetuvanje-do-site-zeni-zemjodelki-deka-vo-tek-e-javniot-povik-za-ruralna-zena/ Tue, 10 May 2022 20:35:08 +0000 https://republika.mk/?p=500764

Потсетување до сите жени земјоделки дека во тек е јавниот повик за Рурална жена, ги повикуваме земјоделките да аплицираат и да ја искористат поддршката.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство неодамна објави јавен повик за мерката 115 „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство” популарно наречена мерка „Рурална жена”.

Ги потсетуваме сите жени земјоделки дека јавниот повик е во тек и истиот ќе трае до 20.05.2022. Има доволно време за сите заинтересирани да аплицираат на повикот и да ги искористат средствата од мерката кои од оваа година се двојно поголеми, па така грантот сега е зголемен од 3000 на 6000 евра неповратни средства, по корисник. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

Право на користење на средства имаат сите земјоделски стопанства чиј носител е жена, запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој. Средствата се наменети за инвестиции во набавка на опрема за преработка и/или доработка на примарни земјоделски производи и инвестиции во набавка на услуги за спроведување на деловниот план на инвестицијата. Од сопственото земјоделско производство жените можат да развијат широк спектар на призводи со додадена вредност, како што се маџун, сирења, кашкавали, пчеларски производи, мармалади, слатка, ајвар и други производи.

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Еден барател може да поднесе само едно барање за оваа мерка.

Земјоделските стопанства кои се корисници на ИПАРД програмата за истиот тип на инвестиција (градба, опрема и услуги) и земјоделските стопанства кои се претходни корисници на мерката, не можат да бидат корисници на финансиска поддршка на истата мерката.

Доколку намената на инвестицијата согласно одобрениот деловен план предвидува преработка на земјоделски производи, корисниците на оваа мерка треба да ја евидентираат дејноста во Агенцијата за храна и ветеринарство по реализација на инвестицијата. Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за локација на инвестицијата, податоци за инвестицијата и електронски да ги прикачат потребните документи предвидени за мерка 115.

Електронски пополнетото барање за финансиска поддршка потребно е да се превземе, испринта и потпише и заедно со целокупната пропратна документација да се достави до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои Барање за финансиска поддршка и Архивски број на Барањето (0222-11516-ХХХХ/1). Барањето може да се достави по препорачана пошта или лично во писарницата на Агенцијата.

За сите подетални информации земјоделките може да се јават на телефонскиот број на Платежната агенција, тел. (02)3097-460 или на е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk. За сите заинтересирани овозможена е и поддршката од Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Ги повикуваме жените земјоделки максимално да ја искористат поддршката и да аплицираат. За потсетување на минатиот повик аплицираа 250 жени и сите се добитници на грант. Ефектите кои се постигнаа со оваа мерка, се развиени мали семејни бизниси и нови производи на пазарот.

Крајниот рок за доставување на барањата е 20.05.2022 година.

The post МЗШВ: Потсетување до сите жени земјоделки дека во тек е јавниот повик за Рурална жена appeared first on Република.

]]>

Потсетување до сите жени земјоделки дека во тек е јавниот повик за Рурална жена, ги повикуваме земјоделките да аплицираат и да ја искористат поддршката. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство неодамна објави јавен повик за мерката 115 „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство” популарно наречена мерка „Рурална жена”. Ги потсетуваме сите жени земјоделки дека јавниот повик е во тек и истиот ќе трае до 20.05.2022. Има доволно време за сите заинтересирани да аплицираат на повикот и да ги искористат средствата од мерката кои од оваа година се двојно поголеми, па така грантот сега е зголемен од 3000 на 6000 евра неповратни средства, по корисник. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво. Право на користење на средства имаат сите земјоделски стопанства чиј носител е жена, запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој. Средствата се наменети за инвестиции во набавка на опрема за преработка и/или доработка на примарни земјоделски производи и инвестиции во набавка на услуги за спроведување на деловниот план на инвестицијата. Од сопственото земјоделско производство жените можат да развијат широк спектар на призводи со додадена вредност, како што се маџун, сирења, кашкавали, пчеларски производи, мармалади, слатка, ајвар и други производи. Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Еден барател може да поднесе само едно барање за оваа мерка. Земјоделските стопанства кои се корисници на ИПАРД програмата за истиот тип на инвестиција (градба, опрема и услуги) и земјоделските стопанства кои се претходни корисници на мерката, не можат да бидат корисници на финансиска поддршка на истата мерката. Доколку намената на инвестицијата согласно одобрениот деловен план предвидува преработка на земјоделски производи, корисниците на оваа мерка треба да ја евидентираат дејноста во Агенцијата за храна и ветеринарство по реализација на инвестицијата. Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за локација на инвестицијата, податоци за инвестицијата и електронски да ги прикачат потребните документи предвидени за мерка 115. Електронски пополнетото барање за финансиска поддршка потребно е да се превземе, испринта и потпише и заедно со целокупната пропратна документација да се достави до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои Барање за финансиска поддршка и Архивски број на Барањето (0222-11516-ХХХХ/1). Барањето може да се достави по препорачана пошта или лично во писарницата на Агенцијата. За сите подетални информации земјоделките може да се јават на телефонскиот број на Платежната агенција, тел. (02)3097-460 или на е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk. За сите заинтересирани овозможена е и поддршката од Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ги повикуваме жените земјоделки максимално да ја искористат поддршката и да аплицираат. За потсетување на минатиот повик аплицираа 250 жени и сите се добитници на грант. Ефектите кои се постигнаа со оваа мерка, се развиени мали семејни бизниси и нови производи на пазарот. Крајниот рок за доставување на барањата е 20.05.2022 година.

The post МЗШВ: Потсетување до сите жени земјоделки дека во тек е јавниот повик за Рурална жена appeared first on Република.

]]>
Производството на храна е стабилно, сите земјоделци да ја искористат помошта на Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/proizvodstvoto-na-hrana-e-stabilno-site-zemjodelci-da-ja-iskoristat-pomoshta-na-vladata/ Mon, 02 May 2022 10:44:20 +0000 https://republika.mk/?p=496287

рес-конференција, Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ

Најпрво би сакал на сите граѓани од исламска вероисповест да им го честитам Рамазан Бајрам, посакувам мир, здравје и бериќет.

Светската криза е предизвик кој бара сериозност и државничко однесување. Наша одговорност како партија која ја предводи државата е да го одржуваме производството на храна стабилно и одржливо.

Националниот план за производство на храна се спроведува со засилено темпо. Аплицирањето е за финансиска поддршка за набавка за вештачки ѓубрива за засеани површини со пченица, пченка, јачмен и сончоглед е веќе започнато.

Ги повикуваме сите земјоделци кои ќе набават вештачки ѓубрива во периодот од 01.12.2021 – 31.05.2021 да аплицираат и да ја искористат помошта, која ја обезбеди Владата предводена од СДСМ.

Висината на финансиска поддршка изнесува:

4.000 денари по хектар за набавка на најмалку 200 кг по хектар вештачки ѓубрива за површини со пченица и пченка

2.500 денари по хектар за набавка на најмалку 200 кг по хектар вештачки ѓубрива за површини со јачмен

2.500 денари по хектар за набавка на најмалку 100 кг по хектар вештачки ѓубрива за површини со сончоглед

400 денари по хектар за набавка на најмалку 6 л по хектар течни фолијарни ѓубрива за пченица, јачмен, пченка и сончоглед.

Покрај петте јавни повици за финансиска поддршка кои се објавија изминатиот период, објавен е уште еден јавен повик од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за кофинансирање на инвестиции во подигнати нови лозови и овошни насади како и повеќегодишни ароматични растенија.

Периодот кој е опфатен со поддршката е од 01 април 2021 година до 31 март 2022 година.

Прифатливи се трошоците за набавка на новите насади, градежни материјали и елементи за потпорна конструкција, како и услуги од трети лица за припрема на земјоделското земјиште и извршување на градежните работи.

Максималната поддршка по корисник изнесува 6 милиони денари, а кофинансирањето е до 75% од инвестицијата.

Крајниот рок за доставување на барањата за исплата е 31 мај 2022 година.

Поддршката за овоштарството продолжува.

Како што беше најавено, исплатени се субвенциите на над 10.000 овоштари за одржување на овошни насади во висина од 434 милиони денари за над 14.000 хектари пријавени земјоделски површини.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е искрен партнер на земјоделците од сите категории. Продолжуваме посветено со неселективна поддршка, поддршка за сите.

The post Производството на храна е стабилно, сите земјоделци да ја искористат помошта на Владата appeared first on Република.

]]>

рес-конференција, Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ Најпрво би сакал на сите граѓани од исламска вероисповест да им го честитам Рамазан Бајрам, посакувам мир, здравје и бериќет. Светската криза е предизвик кој бара сериозност и државничко однесување. Наша одговорност како партија која ја предводи државата е да го одржуваме производството на храна стабилно и одржливо. Националниот план за производство на храна се спроведува со засилено темпо. Аплицирањето е за финансиска поддршка за набавка за вештачки ѓубрива за засеани површини со пченица, пченка, јачмен и сончоглед е веќе започнато. Ги повикуваме сите земјоделци кои ќе набават вештачки ѓубрива во периодот од 01.12.2021 – 31.05.2021 да аплицираат и да ја искористат помошта, која ја обезбеди Владата предводена од СДСМ. Висината на финансиска поддршка изнесува: 4.000 денари по хектар за набавка на најмалку 200 кг по хектар вештачки ѓубрива за површини со пченица и пченка 2.500 денари по хектар за набавка на најмалку 200 кг по хектар вештачки ѓубрива за површини со јачмен 2.500 денари по хектар за набавка на најмалку 100 кг по хектар вештачки ѓубрива за површини со сончоглед 400 денари по хектар за набавка на најмалку 6 л по хектар течни фолијарни ѓубрива за пченица, јачмен, пченка и сончоглед. Покрај петте јавни повици за финансиска поддршка кои се објавија изминатиот период, објавен е уште еден јавен повик од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за кофинансирање на инвестиции во подигнати нови лозови и овошни насади како и повеќегодишни ароматични растенија. Периодот кој е опфатен со поддршката е од 01 април 2021 година до 31 март 2022 година. Прифатливи се трошоците за набавка на новите насади, градежни материјали и елементи за потпорна конструкција, како и услуги од трети лица за припрема на земјоделското земјиште и извршување на градежните работи. Максималната поддршка по корисник изнесува 6 милиони денари, а кофинансирањето е до 75% од инвестицијата. Крајниот рок за доставување на барањата за исплата е 31 мај 2022 година. Поддршката за овоштарството продолжува. Како што беше најавено, исплатени се субвенциите на над 10.000 овоштари за одржување на овошни насади во висина од 434 милиони денари за над 14.000 хектари пријавени земјоделски површини. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е искрен партнер на земјоделците од сите категории. Продолжуваме посветено со неселективна поддршка, поддршка за сите.

The post Производството на храна е стабилно, сите земјоделци да ја искористат помошта на Владата appeared first on Република.

]]>
Димовски: Македонија мора да дејствува во две насоки за нејзиното земјоделство https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimovski-makedonija-mora-da-dejstvuva-vo-dve-nasoki-za-nejzinoto-zemjodelstvo/ Wed, 23 Mar 2022 10:27:28 +0000 https://republika.mk/?p=477062

Поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Димовски на својот Фејсбук профил понуди две насоки кои ќе овозможат како што тој вели зголемување на вкупното земјоделско производство. Неговиот став ви го пренесуваме во целост:

Многу е важно индивидуалните земјоделски производители да се охрабрат и без страв од некаков ризик да ги започнат земјоделските активности во обработката на земјоделските површини за производство на жито, за што е потребно и државата дополнително да ги мотивира. На Македонија и е потребно секое парче земјоделско земјиште за производство на пченица. Впрочем често пати земјоделското производство било едно од носечките стопански гранки, особено во услови какви што се денешниве.

И во оваа прилика ќе потсетам на иницијативата од пред неколку години на земјите членки на ЕУ, особено на оние со високо развиено земјоделско производство, а произлезена од заедничката земјоделска политика за потребата од зголемување на земјоделските површини кои ќе се обработуваат, односно за зголемувањето на производството на земјоделските кутури. Потточно зголемување на производството на храна.

Напоменувам дека во ЕУ постои единствена заедничка земјоделска политика која е обврзувачка и се почитува од сите нејзини членки, што доволно говори за значењето на овој сектор на кој му се посветува особено внимание.

Секако и Република Македонија, иако сèуште неполноправен член на ЕУ, преку прилагодувањето на своето законодавство кон европското Acquis communautaire и во делот на аграрните политики требаше да ја следи политиката на зголемување на сопственото земјоделско производство. Ова е особено важно затоа што секоја земја која има земјоделско производство може самостојно да ги задоволи потребите на својот пазар, односно на населението, што значи дека таа е отпорна на надворешните влијанија, таа е незавидна и е во состојба самата да се грижи за сопствените граѓани и нивните потреби.

Воените случувања придонесоа за значително и сериозно пореметување на пазарот со земјоделските производи, односно со тешко надоместливи количини, пред сè на житарици, кои во значителен процент од светското производство, дури до 35%, се произведуваат во регионот на конфликт. Затоа е сè поочигледен недостатокот од овие земјоделски стратегиски производи. Како последица од пореметувањето на понудата и побарувачката пазарниот механизам реагира со драстично зголемување на нивната цена, односно со сè поголемиот недостаток на житарици.

Македонија е дел од заедничкиот глобален пазар и таа е подложна на влијанието на понудата и побарувачката на земјоделски производи, односно на храна. И нашата држава не е исклучок затоа што и таа како и сите останати држави се соочува со сериозни проблеми во обезбедувањето на стратегиските земјоделски култури.

Затоа мора да се дејствува во две насоки:

- Во обезбедувањето на дефицитарните земјоделски производи со увоз; и

- Во интензивирањето на сопственото земјоделско производство.

Тоа значи проширување на обработливите земјоделски површини, во зголемување на приносот по единица површина и конечно во зголемувањето на вкупното земјоделско производство.

Ова е сериозен предизвик за македонскиот аграр.

Правилните и интензивни земјоделски политики во изминатиот петнаесет годишен период во Република Македонија дадоа резултат во зголемувањето на земјоделско производство скоро кај сите култури. Со примена на добрата земјоделска пракса и современите технологии и механизација постепено и приносот бележи зголемување, а непосредната финансиска поддршка на земјоделските стопанства во одреден период ги даде и поскауваните резултати.

Меѓутоа, како пример ќе го земам полјоделството, односно производството на житните култури, изминативе неколку години се соочуваме со намалување на вкупната земјоделска обработлива површина и на вкупното производство на пченица, јачмен, рʼж или ориз.

Вкупните потреби на Република Македонија за пченица на годишно ниво изнесуваат од 310 до 330 илјади тони.

Овој индикатор е всушност клучниот проблем со кој нашата држава ќе се соочи во текот на оваа земјоделска година, па и подолго. Затоа во оваа прилика ќе потсетам на 2014 година кога Македонија произведе 335 илјади тони пченица на над 100 хектари земјоделско земјиште.

Меѓутоа, последниве неколку години земјоделските површини посеани со пченица изнесуваат околу 78 илјади хектари. Доколку просечниот принос на еднициа површина хетар изнесува околу 3,4 тони, тогаш вкупното производство на пченица ќе изнесува околу 265 илјади тони. Тоа е недостаток од најмалку 45 до 65 илјади тони. Во оваа прилика не навлегувам дали целата произведена количина на пченица се користи за човечка исхрана или значителен дел од неа, заради недоволниот квалитет (помала хектолитарска тежина, помалку протеини и слично), се користи како сточна храна. За нас во вој случај е најважно што поголемо производство на пченица, без оглед на нејзиниот квалитет.

Според податоците со кои располагам, иако сеидбените активности штотуку се започнати, до овој момент со пченица се посеани само 3.449 хектари. Очекувањата се дека и оваа година ќе бидат посеани истите површини како што биле и минатата година, со многу мали отстапки.

Мое длабоку уверување е дека оваа земјоделска година потребно е зголемување на активностите од страна на индивидуалните земјоделски произведувачи, помалите земјоделски стопанства, но и големите земјоделски системи да се посветат на обработување на што поголема земјоделска површина посеана со пченица. На тој начин многу е битно во што поголем процент да ја обезбедиме потребната количина за задоволување на домашните потреби.

Многу е важно индивидуалните земјоделски производители да се охрабрат и без страв од некаков ризик да ги започнат земјоделските активности во обработката на земјоделските површини за производство на жито, за што е потребно и државата дополнително да ги мотивира. На Македонија и е потребно секое парче земјоделско земјиште за производство на пченица. Впрочем често пати земјоделското производство било едно од носечките стопански гранки, особено во услови какви што се денешниве.

Што се однесува на висината на откупната цена сметам дека оваа година и производителите и особено откупувачите е потребно да бидат свесни дека, со оглед на приликите и берзантските движења на цената на меркантилната пченица, но и проценката на вкупната намалена понуда, нужно нејзината висина во целост да ги исполни очекувањата на земјоделските произведувачи со правилно, праведно и чесно вреднување на нивниот труд и производ, за што е потребна и поддршката од надлежните институции.

Воедно, потребно е иницирање за враќање на одгледувањето на сончогледот или обновување на организираното производство на шеќерната репа, со што преку нивнтата преработка би се задоволиле потребите на домашниот пазар преку преработка и домашно производство со масло за јадење и шеќер.

Како залог за обезбедување на услови на стабилно земјоделско производство и во следниот период и задоволување на домашните потреби со сопствено произвдство.

The post Димовски: Македонија мора да дејствува во две насоки за нејзиното земјоделство appeared first on Република.

]]>

Поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Димовски на својот Фејсбук профил понуди две насоки кои ќе овозможат како што тој вели зголемување на вкупното земјоделско производство. Неговиот став ви го пренесуваме во целост: Многу е важно индивидуалните земјоделски производители да се охрабрат и без страв од некаков ризик да ги започнат земјоделските активности во обработката на земјоделските површини за производство на жито, за што е потребно и државата дополнително да ги мотивира. На Македонија и е потребно секое парче земјоделско земјиште за производство на пченица. Впрочем често пати земјоделското производство било едно од носечките стопански гранки, особено во услови какви што се денешниве. И во оваа прилика ќе потсетам на иницијативата од пред неколку години на земјите членки на ЕУ, особено на оние со високо развиено земјоделско производство, а произлезена од заедничката земјоделска политика за потребата од зголемување на земјоделските површини кои ќе се обработуваат, односно за зголемувањето на производството на земјоделските кутури. Потточно зголемување на производството на храна. Напоменувам дека во ЕУ постои единствена заедничка земјоделска политика која е обврзувачка и се почитува од сите нејзини членки, што доволно говори за значењето на овој сектор на кој му се посветува особено внимание. Секако и Република Македонија, иако сèуште неполноправен член на ЕУ, преку прилагодувањето на своето законодавство кон европското Acquis communautaire и во делот на аграрните политики требаше да ја следи политиката на зголемување на сопственото земјоделско производство. Ова е особено важно затоа што секоја земја која има земјоделско производство може самостојно да ги задоволи потребите на својот пазар, односно на населението, што значи дека таа е отпорна на надворешните влијанија, таа е незавидна и е во состојба самата да се грижи за сопствените граѓани и нивните потреби. Воените случувања придонесоа за значително и сериозно пореметување на пазарот со земјоделските производи, односно со тешко надоместливи количини, пред сè на житарици, кои во значителен процент од светското производство, дури до 35%, се произведуваат во регионот на конфликт. Затоа е сè поочигледен недостатокот од овие земјоделски стратегиски производи. Како последица од пореметувањето на понудата и побарувачката пазарниот механизам реагира со драстично зголемување на нивната цена, односно со сè поголемиот недостаток на житарици. Македонија е дел од заедничкиот глобален пазар и таа е подложна на влијанието на понудата и побарувачката на земјоделски производи, односно на храна. И нашата држава не е исклучок затоа што и таа како и сите останати држави се соочува со сериозни проблеми во обезбедувањето на стратегиските земјоделски култури. Затоа мора да се дејствува во две насоки: - Во обезбедувањето на дефицитарните земјоделски производи со увоз; и - Во интензивирањето на сопственото земјоделско производство. Тоа значи проширување на обработливите земјоделски површини, во зголемување на приносот по единица површина и конечно во зголемувањето на вкупното земјоделско производство. Ова е сериозен предизвик за македонскиот аграр. Правилните и интензивни земјоделски политики во изминатиот петнаесет годишен период во Република Македонија дадоа резултат во зголемувањето на земјоделско производство скоро кај сите култури. Со примена на добрата земјоделска пракса и современите технологии и механизација постепено и приносот бележи зголемување, а непосредната финансиска поддршка на земјоделските стопанства во одреден период ги даде и поскауваните резултати. Меѓутоа, како пример ќе го земам полјоделството, односно производството на житните култури, изминативе неколку години се соочуваме со намалување на вкупната земјоделска обработлива површина и на вкупното производство на пченица, јачмен, рʼж или ориз. Вкупните потреби на Република Македонија за пченица на годишно ниво изнесуваат од 310 до 330 илјади тони. Овој индикатор е всушност клучниот проблем со кој нашата држава ќе се соочи во текот на оваа земјоделска година, па и подолго. Затоа во оваа прилика ќе потсетам на 2014 година кога Македонија произведе 335 илјади тони пченица на над 100 хектари земјоделско земјиште. Меѓутоа, последниве неколку години земјоделските површини посеани со пченица изнесуваат околу 78 илјади хектари. Доколку просечниот принос на еднициа површина хетар изнесува околу 3,4 тони, тогаш вкупното производство на пченица ќе изнесува околу 265 илјади тони. Тоа е недостаток од најмалку 45 до 65 илјади тони. Во оваа прилика не навлегувам дали целата произведена количина на пченица се користи за човечка исхрана или значителен дел од неа, заради недоволниот квалитет (помала хектолитарска тежина, помалку протеини и слично), се користи како сточна храна. За нас во вој случај е најважно што поголемо производство на пченица, без оглед на нејзиниот квалитет. Според податоците со кои располагам, иако сеидбените активности штотуку се започнати, до овој момент со пченица се посеани само 3.449 хектари. Очекувањата се дека и оваа година ќе бидат посеани истите површини како што биле и минатата година, со многу мали отстапки. Мое длабоку уверување е дека оваа земјоделска година потребно е зголемување на активностите од страна на индивидуалните земјоделски произведувачи, помалите земјоделски стопанства, но и големите земјоделски системи да се посветат на обработување на што поголема земјоделска површина посеана со пченица. На тој начин многу е битно во што поголем процент да ја обезбедиме потребната количина за задоволување на домашните потреби. Многу е важно индивидуалните земјоделски производители да се охрабрат и без страв од некаков ризик да ги започнат земјоделските активности во обработката на земјоделските површини за производство на жито, за што е потребно и државата дополнително да ги мотивира. На Македонија и е потребно секое парче земјоделско земјиште за производство на пченица. Впрочем често пати земјоделското производство било едно од носечките стопански гранки, особено во услови какви што се денешниве. Што се однесува на висината на откупната цена сметам дека оваа година и производителите и особено откупувачите е потребно да бидат свесни дека, со оглед на приликите и берзантските движења на цената на меркантилната пченица, но и проценката на вкупната намалена понуда, нужно нејзината висина во целост да ги исполни очекувањата на земјоделските произведувачи со правилно, праведно и чесно вреднување на нивниот труд и производ, за што е потребна и поддршката од надлежните институции. Воедно, потребно е иницирање за враќање на одгледувањето на сончогледот или обновување на организираното производство на шеќерната репа, со што преку нивнтата преработка би се задоволиле потребите на домашниот пазар преку преработка и домашно производство со масло за јадење и шеќер. Како залог за обезбедување на услови на стабилно земјоделско производство и во следниот период и задоволување на домашните потреби со сопствено произвдство.

The post Димовски: Македонија мора да дејствува во две насоки за нејзиното земјоделство appeared first on Република.

]]>