зелки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zelki/ За подобро да се разбереме Fri, 24 Jun 2022 08:22:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зелки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zelki/ 32 32 Десетици мртви делфини и желки се појавија на брегот на Гватемала https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/desetici-mrtvi-delfini-i-zelki-se-pojavija-na-bregot-na-gvatemala/ Fri, 24 Jun 2022 08:22:06 +0000 https://republika.mk/?p=519159

Десетици желки, делфини и други морски видови се пронајдени мртви на брегот на Тихиот Океан кај Гватемала, што поттикна официјална истрага.

Оваа недела биле пронајдени 65 мртви желки, од кои повеќето му припаѓаат на видот „маслиново Ридли“, како и 14 мртви делфини.

Официјалните лица веруваат дека случајот веројатно бил предизвикан од поројните дождови последните денови, што можеби однеле некои токсични материјали од континентот во морето, соопшти Националниот совет за заштитени подрачја на Гватемала.

Стручњаците од оваа средноамериканска земја ќе ги испитуваат остатоците од животните за да ја утврдат причината за смртта.

Властите продолжуваат да бараат уште угинати животни близу брегот.

The post Десетици мртви делфини и желки се појавија на брегот на Гватемала appeared first on Република.

]]>

Десетици желки, делфини и други морски видови се пронајдени мртви на брегот на Тихиот Океан кај Гватемала, што поттикна официјална истрага. Оваа недела биле пронајдени 65 мртви желки, од кои повеќето му припаѓаат на видот „маслиново Ридли“, како и 14 мртви делфини. Официјалните лица веруваат дека случајот веројатно бил предизвикан од поројните дождови последните денови, што можеби однеле некои токсични материјали од континентот во морето, соопшти Националниот совет за заштитени подрачја на Гватемала. Стручњаците од оваа средноамериканска земја ќе ги испитуваат остатоците од животните за да ја утврдат причината за смртта. Властите продолжуваат да бараат уште угинати животни близу брегот.

The post Десетици мртви делфини и желки се појавија на брегот на Гватемала appeared first on Република.

]]>
Желките од Галапагос и индонезиските комодо-варани станале видови пред исчезнување https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/zelkite-od-galapagos-i-indoneziskite-komodo-varani-stanale-vidovi-pred-ischeznuvanje/ Thu, 28 Apr 2022 06:54:14 +0000 https://republika.mk/?p=494507

Околу една петтина од видовите рептили, како што се желките од Галапагос, индонезиските комодо-варани, западноафриканските отровни змии и индиските крокодили, се соочуваат со исчезнување, предупредуваат научниците.

Истражување опфатило 10.196 видови рептили, по што утврдено е дека 21 отсто од видовите се загрозени, критично загрозени или ранливи до истребување, според дефиницијата на Меѓународната унија за зачувување на природата.

Според научниците, 31 вид е веќе исчезнат, многу влекачи се на работ на истребување, а во слична состојба се и други копнени животни - водоземци, птици и цицачи. Оваа состојба е резултат на сечењето на шумите поради земјоделството, урбанизирањето и ловот. Климатските промени и грабливците, исто така, се постојана закана.

Влекачите се важна и разновидна гранка на „дрвото на животот“ и играат интегрална улога во екосистемите во кои се наоѓаат - вели Брус Јанг, еден од предводниците во истражувањето чии резултати се објавени во списанието „Нејчр“.

Тој смета дека сега кога се познати приоритетите и кои се заканите што треба да се ублажат, „нема повеќе изговори да се остават влекачите“ вон плановите за зачувување и нивната примена низ светот. 

The post Желките од Галапагос и индонезиските комодо-варани станале видови пред исчезнување appeared first on Република.

]]>

Околу една петтина од видовите рептили, како што се желките од Галапагос, индонезиските комодо-варани, западноафриканските отровни змии и индиските крокодили, се соочуваат со исчезнување, предупредуваат научниците. Истражување опфатило 10.196 видови рептили, по што утврдено е дека 21 отсто од видовите се загрозени, критично загрозени или ранливи до истребување, според дефиницијата на Меѓународната унија за зачувување на природата. Според научниците, 31 вид е веќе исчезнат, многу влекачи се на работ на истребување, а во слична состојба се и други копнени животни - водоземци, птици и цицачи. Оваа состојба е резултат на сечењето на шумите поради земјоделството, урбанизирањето и ловот. Климатските промени и грабливците, исто така, се постојана закана.
Влекачите се важна и разновидна гранка на „дрвото на животот“ и играат интегрална улога во екосистемите во кои се наоѓаат - вели Брус Јанг, еден од предводниците во истражувањето чии резултати се објавени во списанието „Нејчр“.
Тој смета дека сега кога се познати приоритетите и кои се заканите што треба да се ублажат, „нема повеќе изговори да се остават влекачите“ вон плановите за зачувување и нивната примена низ светот. 

The post Желките од Галапагос и индонезиските комодо-варани станале видови пред исчезнување appeared first on Република.

]]>