Жељко Комшиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zeljko-komshikj/ За подобро да се разбереме Sun, 08 May 2022 06:33:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Жељко Комшиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zeljko-komshikj/ 32 32 Комшиќ сака повторно да биде хрватски член на Претседателството на БиХ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/komshikj-saka-povtorno-da-bide-hrvatski-chlen-na-pretsedatelstvoto-na-bih/ Sun, 08 May 2022 06:33:58 +0000 https://republika.mk/?p=499306

Актуелниот хрватски член на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, потврди дека на изборите во октомври повторно ќе се кандидира за нов мандат во највиското тело на БиХ.

Сакам, морам да одам понатаму, не можам да застанам сега. Во работата што ја избрав за своја професија нема откажувања, па затоа мора да се оди до крај - рече Комшиќ гостувајќи на сараевската „Фејс ТВ“, кога експлицитно беше прашан дали ќе се кандидира повторно.

Комшиќ најави дека ќе биде кандидат на неговата партија Демократски фронт (ДФ), а засега не знае дали со него ќе има уште една поголема партија.

Сите тие имаат свои политики и мора да имаат кандидати за најважната функција - рече Комшиќ.

Тој порача дека за натпреварот го мотивира борбата за политички концепт во БиХ во кој луѓето ќе се препознаат себеси како поединци.

Комшиќ досега трипати беше избиран во Претседателството на БиХ како хрватски кандидат. Изборниот закон на БиХ дозволува можност за два последователни мандати во државното раководство и соодветно тој има право повторно да се кандидира.

Неговиот избор за Претседател на БиХ беше повод партиите собрани околу Хрватското народно собрание (ХНС) да инсистираат на измени на изборниот закон бидејќи тврдат дека тој бил избран од Бошњаците, а не од Хрватите чии интереси треба да ги застапува.

Општите избори во БиХ се закажани за 2 октомври, а актуелниот изборен закон дефинира дека за Претседателството на БиХ се избираат еден Хрват и еден Бошњак од Федерацијата БиХ и еден Србин од Република Српска.

The post Комшиќ сака повторно да биде хрватски член на Претседателството на БиХ appeared first on Република.

]]>

Актуелниот хрватски член на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, потврди дека на изборите во октомври повторно ќе се кандидира за нов мандат во највиското тело на БиХ.
Сакам, морам да одам понатаму, не можам да застанам сега. Во работата што ја избрав за своја професија нема откажувања, па затоа мора да се оди до крај - рече Комшиќ гостувајќи на сараевската „Фејс ТВ“, кога експлицитно беше прашан дали ќе се кандидира повторно.
Комшиќ најави дека ќе биде кандидат на неговата партија Демократски фронт (ДФ), а засега не знае дали со него ќе има уште една поголема партија.
Сите тие имаат свои политики и мора да имаат кандидати за најважната функција - рече Комшиќ.
Тој порача дека за натпреварот го мотивира борбата за политички концепт во БиХ во кој луѓето ќе се препознаат себеси како поединци. Комшиќ досега трипати беше избиран во Претседателството на БиХ како хрватски кандидат. Изборниот закон на БиХ дозволува можност за два последователни мандати во државното раководство и соодветно тој има право повторно да се кандидира. Неговиот избор за Претседател на БиХ беше повод партиите собрани околу Хрватското народно собрание (ХНС) да инсистираат на измени на изборниот закон бидејќи тврдат дека тој бил избран од Бошњаците, а не од Хрватите чии интереси треба да ги застапува. Општите избори во БиХ се закажани за 2 октомври, а актуелниот изборен закон дефинира дека за Претседателството на БиХ се избираат еден Хрват и еден Бошњак од Федерацијата БиХ и еден Србин од Република Српска.

The post Комшиќ сака повторно да биде хрватски член на Претседателството на БиХ appeared first on Република.

]]>
Комшиќ бара од ЕУ итно да одобри кандидатски статус за БиХ затоа што земјата ги прифатила европските санкции за Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/komshikj-bara-od-eu-itno-da-odobri-kandidatski-status-za-bih-zatoa-shto-zemjata-gi-prifatila-evropskite-sankcii-za-rusija/ Tue, 08 Mar 2022 15:27:01 +0000 https://republika.mk/?p=469731

Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, побара од лидерите на Европска Унија итно да и одобрат на БиХ кандидатски статус за членство во ЕУ.

Слободен сум да Ве замолам да ја разгледате можноста за доделување кандидатски статус на БиХ во рамките на институциите на ЕУ - наведува Комшиќ во писмото испратено до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи.и безбедноста на Жозеп Борел и европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји.

БиХ поднесе барање за одобрување на кандидатски статус за членство во ЕУ во 2016 година, а ЕК во 2019 година состави листа од 14 приоритети кои треба да се исполнат за да се одговори позитивно на ова барање. Сепак, властите на БиХ оттогаш не направија ништо ококу тие прашања.

Во писмото Комшиќ истакнува дека сите во БиХ се свесни за проблемот, но оти околностите значително се промениле по случувањата во Украина, така што ЕУ сега треба да ги разгледа претходните барања за БиХ, особено затоа што земјата покажала подготвеност да ја усогласи своите надворешната политика со онаа на ЕУ во однос на Русија.

Со доделувањето на кандидатски статус на БиХ ќе создаде нов амбиент и тоа ќе биде уште една потврда за неделивоста и суверенитетот на мојата земја, а потоа сигурно ќе има голем број позитивни ефекти врз севкупната безбедност и стабилност на БиХ, а со тоа и на целиот Западен Балкан - потенцира Комшиќ.

Покрај Косово, БиХ е единствената земја од Западен Балкан која се уште нема статус на кандидат за членство во ЕУ.

The post Комшиќ бара од ЕУ итно да одобри кандидатски статус за БиХ затоа што земјата ги прифатила европските санкции за Русија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, побара од лидерите на Европска Унија итно да и одобрат на БиХ кандидатски статус за членство во ЕУ.
Слободен сум да Ве замолам да ја разгледате можноста за доделување кандидатски статус на БиХ во рамките на институциите на ЕУ - наведува Комшиќ во писмото испратено до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи.и безбедноста на Жозеп Борел и европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји.
БиХ поднесе барање за одобрување на кандидатски статус за членство во ЕУ во 2016 година, а ЕК во 2019 година состави листа од 14 приоритети кои треба да се исполнат за да се одговори позитивно на ова барање. Сепак, властите на БиХ оттогаш не направија ништо ококу тие прашања. Во писмото Комшиќ истакнува дека сите во БиХ се свесни за проблемот, но оти околностите значително се промениле по случувањата во Украина, така што ЕУ сега треба да ги разгледа претходните барања за БиХ, особено затоа што земјата покажала подготвеност да ја усогласи своите надворешната политика со онаа на ЕУ во однос на Русија.