железничка пруга Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zeleznichka-pruga/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Mar 2024 10:14:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png железничка пруга Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zeleznichka-pruga/ 32 32 Со 368 милиони евра Албанија ќе ја реконструира железничката пруга https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/so-368-milioni-evra-albanija-ke-ja-rekonstruira-zheleznichkata-pruga/ Thu, 07 Mar 2024 10:14:14 +0000 https://republika.mk/?p=752170

Европската Унија и други финансиски институции ќе го поддржат проектот за реконструкција на пругата Вора (во близина на Тирана) - Хан Хоти (на албанско-црногорската граница), која минува низ северниот дел на Албанија, со околу 368 милиони евра.

Новиот проект предвидува продолжување на пругата и изградба на 12 нови мостови за да се сместат новите електрични вагони и да се обезбеди максимална брзина до 120 километри на час. Овој инфраструктурен проект уште повеќе ја приближува Европа до Албанија, јави Топ чанел.

Оваа пруга, во должина од 120 километри, е единствената железничка линија која овозможува меѓународен превоз на стоки и патници меѓу Албанија и Црна Гора. Двете земји се поврзани преку станицата Туз за потоа да продолжат кон Подгорица и другите земји од регионот, Белград, Загреб, Љубљана до Будимпешта, изјави Ерјола Мука, директор за политика и развој на инфраструктура и територија.

Тој додаде дека на крајот на годинава се очекува да заврши изградбата на железничката пруга Тирана – Драч, со крак на меѓународниот аеродром во Тирана, кој ќе се поврзе со пругата Вора - Хан Хоти.

Албанската железничка мрежа започнува со Драч, потоа се надополнува со други проекти, кои се очекува да започнат. Покрај овој ќе почне и проектот на железничката линија Драч - Рогожина, која е дел од коридорот 8. Физибилити студијата и проектирањето на остатокот од коридорот 8, Рогожина-Поградец, до границата со Македонија, сè уште е во процес на проучување, вели Мука.

Тој посочи дека во новиот план за раст на Европската Унија, средствата за Западен Балкан се зголемени, додека земјите треба да конкурираат со амбициозни проекти за да добијат инвестиции од Европа, главно во проекти поврзани со европските патни мрежи

The post Со 368 милиони евра Албанија ќе ја реконструира железничката пруга appeared first on Република.

]]>

Европската Унија и други финансиски институции ќе го поддржат проектот за реконструкција на пругата Вора (во близина на Тирана) - Хан Хоти (на албанско-црногорската граница), која минува низ северниот дел на Албанија, со околу 368 милиони евра.
Новиот проект предвидува продолжување на пругата и изградба на 12 нови мостови за да се сместат новите електрични вагони и да се обезбеди максимална брзина до 120 километри на час. Овој инфраструктурен проект уште повеќе ја приближува Европа до Албанија, јави Топ чанел.
Оваа пруга, во должина од 120 километри, е единствената железничка линија која овозможува меѓународен превоз на стоки и патници меѓу Албанија и Црна Гора. Двете земји се поврзани преку станицата Туз за потоа да продолжат кон Подгорица и другите земји од регионот, Белград, Загреб, Љубљана до Будимпешта, изјави Ерјола Мука, директор за политика и развој на инфраструктура и територија. Тој додаде дека на крајот на годинава се очекува да заврши изградбата на железничката пруга Тирана – Драч, со крак на меѓународниот аеродром во Тирана, кој ќе се поврзе со пругата Вора - Хан Хоти.
Албанската железничка мрежа започнува со Драч, потоа се надополнува со други проекти, кои се очекува да започнат. Покрај овој ќе почне и проектот на железничката линија Драч - Рогожина, која е дел од коридорот 8. Физибилити студијата и проектирањето на остатокот од коридорот 8, Рогожина-Поградец, до границата со Македонија, сè уште е во процес на проучување, вели Мука.
Тој посочи дека во новиот план за раст на Европската Унија, средствата за Западен Балкан се зголемени, додека земјите треба да конкурираат со амбициозни проекти за да добијат инвестиции од Европа, главно во проекти поврзани со европските патни мрежи

The post Со 368 милиони евра Албанија ќе ја реконструира железничката пруга appeared first on Република.

]]>
Се заменуваат околу 1000 изгорени прагови на пругата Скопје-Битола, собраќајот останува во прекин https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-zamenuvaat-okolu-1000-izgoreni-pragovi-na-prugata-skopje-bitola-sobrakajot-ostanuva-vo-prekin/ Tue, 26 Sep 2023 15:58:02 +0000 https://republika.mk/?p=685400

Интензивно се работи на промена на изгорените околу 1000 прагови на пругата Скопје-Прилеп, велат од Македонски железници, чии екипи ги менуваат уништените прагови од двата пожари во саботата во реоните на прилепските села Слепче и Тројкрсти. Ова е досега најголемо уништување на пругата со изгорените прагови. Штетите се огромни. На пругата каде се работи, на потегот меѓу селата Гостиражни и Слепче сѐ уште тлее и чади.

Од овие пожари се изгорени околу 1000 прагови на железничката пруга. Нашите екипи интензивно работат на промена на овие прагови, со сопствени средства и се очекува во најкраток можен рок да бидат променети и сообраќајот да биде нормализиран. Моментално, сообраќајот помеѓу Скопје и Битола е во прекин се до завршувањето на работите. Се работи интензивно и се очекува праговите да бидат заменети до крајот на неделава, но се прават максимални напори да бидат заменети до петок, изјави за МИА Никола Марков, помошник директор за сообраќај во ЈП македонски железници-инфраструктура.

Се случувало да изгорат прагови на пругата, но толкаво големо количество никогаш и штетите се огромни. Праговите се со децении.

Ова досега е најголемо оштетување на пругата на изгорени прагови. Штетата сега конкретно не може да кажеме колкава е. Тоа се импрегнирани прагови и се скапи, а земајќи го предвид и застојот на сообраќајот, има загуби и од превоз на патници, а се ангажира и работна сила, така што загубата е огромна, рече Марков.

Од прилепската противпожарна единица информираат дека повторно е запален пожарот кај селото Слепче накај пругата. Има и повеќе активни пожари. Месецов, од 130 интервенции на отворено, околу 80 се во Долненско.

Многу се пожари во Долненскиот регион. Ова е тешка ситуација. Постојано сме на терен. Моментално таму имаме 10 интервенции на отворен простор, вели Кристијан Момироски, командир на прилепската противпожарна единица.

The post Се заменуваат околу 1000 изгорени прагови на пругата Скопје-Битола, собраќајот останува во прекин appeared first on Република.

Привремено ќе се затвори патниот премин Неготино поради работи на пругата Велес-Гевгелија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/privremeno-ke-se-zatvori-patniot-premin-negotino-poradi-raboti-na-prugata-veles-gevgelija/ Sun, 26 Mar 2023 18:23:23 +0000 https://republika.mk/?p=623926

Времено ќе биде затворен патниот премин Неготино, поради изведување работи на железничката пруга Велес-Гевгелија, информираше неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Тој соопшти дека во тек е ремонт на железничката пруга Велес-Гевгелија, делница Ногаевци-Неготино.

Стојанов додаде дека во рамки на овој ремонт, се предвидува инсталација на гумени елементи на три патни премини на територија на општина Неготино. Појасни дека за непречено извршување на градежните работи, потребно е целосно затворање на три патни премини.

Патен премин на км.548+687 (Криволак), почеток на 28 март  во 9.20 часот и крај на 29 март во 17.20 часот. Патен премин на км.537+114 (Кукуричани – влез во станица Кукуричани, правец на железничка пруга Велес-Гевгелија), почеток на 29 март во 9.20 часот и крај на 30 март во 17.20 часот. Патен премин на км.536+301 (Кукуричани – 813м пред патен премин на км.537+114, правец на железничка пруга Велес-Гевгелија ), почеток 30 март во 9.20 часот и  крај на 31 март во 17.20 часот, информираше Стојанов, истакнувајќи дека информацијата се однесува на локалното население и претпријатијата, што ги користат овие патни премини.

The post Привремено ќе се затвори патниот премин Неготино поради работи на пругата Велес-Гевгелија appeared first on Република.

]]>

Времено ќе биде затворен патниот премин Неготино, поради изведување работи на железничката пруга Велес-Гевгелија, информираше неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Тој соопшти дека во тек е ремонт на железничката пруга Велес-Гевгелија, делница Ногаевци-Неготино. Стојанов додаде дека во рамки на овој ремонт, се предвидува инсталација на гумени елементи на три патни премини на територија на општина Неготино. Појасни дека за непречено извршување на градежните работи, потребно е целосно затворање на три патни премини.
Патен премин на км.548+687 (Криволак), почеток на 28 март  во 9.20 часот и крај на 29 март во 17.20 часот. Патен премин на км.537+114 (Кукуричани – влез во станица Кукуричани, правец на железничка пруга Велес-Гевгелија), почеток на 29 март во 9.20 часот и крај на 30 март во 17.20 часот. Патен премин на км.536+301 (Кукуричани – 813м пред патен премин на км.537+114, правец на железничка пруга Велес-Гевгелија ), почеток 30 март во 9.20 часот и  крај на 31 март во 17.20 часот, информираше Стојанов, истакнувајќи дека информацијата се однесува на локалното население и претпријатијата, што ги користат овие патни премини.

The post Привремено ќе се затвори патниот премин Неготино поради работи на пругата Велес-Гевгелија appeared first on Република.

]]>
Бочварски: Комплетна реконструкција на пругата Ногаевци – Неготино https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-kompletna-rekonstruktsija-na-prugata-nogaevtsi-negotino/ Fri, 10 Feb 2023 14:00:49 +0000 https://republika.mk/?p=607434

Инвестираме преку 1 милијарда евра во подобрување на транспортната инфраструктура, пред се во изградба на нови патни и железнички траси, со што обезбедуваме ефикасна и одржлива мрежа која ни ја олеснува регионалната интеграција и поврзување со соседите, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска заедно со директорот на ЈП Железница Инфраструктура, Хари Локвенец, извршија увид во рехабилитација на пругата од Ногаевци до Неготино.

Тој потенцираше дека Владата засилено ги реализира најголемите проекти во модернизација на целокупната инфраструктура, што е видливо насекаде на терен.

Рехабилитацијата на оваа пруга на Коридорот 10 е во вредност од 4,8 милиони евра и е дел од големиот инвестициски циклус во изградба и модернизација на железничкиот систем во државата.

Денеска заедно со директорот Локвенец извршивме увид во рехабилитација на пругата од Ногаевци до Неготино, со вкупна должина од 31 километар. Инвестираме преку 4 милиони евра за овој проект кој е од големо значење за нас бидејќи преку овој железнички коридор се поврзува Централна Европа со Солунското пристаниште и претставува транзит рута за целиот железнички сообраќај. Заеднички работиме активно со цел да ги обезбедиме сите неопходни услови за брза реконструкција на овој дел од пругата, изјави министерот за транспорт и врски, Бочварски.

[caption id="attachment_607437" align="alignnone" width="640"] (фото: Министерство за транспорт и врски)[/caption]

Министерот исто така истакна дека Министерството за транспорт и врски, заедно со ЈП Железници работи посветено во модернизација на железничките пруги што најдобро се гледа преку проектите кои се реализираат, како изградбата на делницата Битола – Кременица која комплетно е завршена и веќе пуштена во употреба и преку најголемата инвестиција во железницата, изградбата на пругата кон Република Бугарија, која се одвива со предвидената динамка.

Заедно со министерот Бочварски денеска сме на увид на градежните активности на секцијата Ногаевци – Неготино и изразувам задоволство од прогресот на работите на терен и квалитетот со кој тие се извршуваат. Денеска оттука ги потврдуваме нашите заложби за квалитетни и безбедни железнички коридори, а сакам да истакнам дека денеска ни е и првата активност на терен оваа година во која одбележуваме 150 години од постоење на Македонски железници. Тука, преку оваа пруга поминал првиот воз во Македонија во далечната 1873 година, а еве денеска оваа секција комплетно ја реконструираме. Продолжуваме понатаму со сите активности, во реконструција и изградба на модерни пруги на Коридорите 8 и 10, изјави Хари Локвенец.

Директорот Локвенец додаде дека јавното претпријатие се екипира со млад инженерски кадар заради реализација на најкрупните проекти во железничката инфраструктура.

The post Бочварски: Комплетна реконструкција на пругата Ногаевци – Неготино appeared first on Република.

]]>

Инвестираме преку 1 милијарда евра во подобрување на транспортната инфраструктура, пред се во изградба на нови патни и железнички траси, со што обезбедуваме ефикасна и одржлива мрежа која ни ја олеснува регионалната интеграција и поврзување со соседите, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска заедно со директорот на ЈП Железница Инфраструктура, Хари Локвенец, извршија увид во рехабилитација на пругата од Ногаевци до Неготино. Тој потенцираше дека Владата засилено ги реализира најголемите проекти во модернизација на целокупната инфраструктура, што е видливо насекаде на терен. Рехабилитацијата на оваа пруга на Коридорот 10 е во вредност од 4,8 милиони евра и е дел од големиот инвестициски циклус во изградба и модернизација на железничкиот систем во државата.
Денеска заедно со директорот Локвенец извршивме увид во рехабилитација на пругата од Ногаевци до Неготино, со вкупна должина од 31 километар. Инвестираме преку 4 милиони евра за овој проект кој е од големо значење за нас бидејќи преку овој железнички коридор се поврзува Централна Европа со Солунското пристаниште и претставува транзит рута за целиот железнички сообраќај. Заеднички работиме активно со цел да ги обезбедиме сите неопходни услови за брза реконструкција на овој дел од пругата, изјави министерот за транспорт и врски, Бочварски.
[caption id="attachment_607437" align="alignnone" width="640"] (фото: Министерство за транспорт и врски)[/caption] Министерот исто така истакна дека Министерството за транспорт и врски, заедно со ЈП Железници работи посветено во модернизација на железничките пруги што најдобро се гледа преку проектите кои се реализираат, како изградбата на делницата Битола – Кременица која комплетно е завршена и веќе пуштена во употреба и преку најголемата инвестиција во железницата, изградбата на пругата кон Република Бугарија, која се одвива со предвидената динамка.
Заедно со министерот Бочварски денеска сме на увид на градежните активности на секцијата Ногаевци – Неготино и изразувам задоволство од прогресот на работите на терен и квалитетот со кој тие се извршуваат. Денеска оттука ги потврдуваме нашите заложби за квалитетни и безбедни железнички коридори, а сакам да истакнам дека денеска ни е и првата активност на терен оваа година во која одбележуваме 150 години од постоење на Македонски железници. Тука, преку оваа пруга поминал првиот воз во Македонија во далечната 1873 година, а еве денеска оваа секција комплетно ја реконструираме. Продолжуваме понатаму со сите активности, во реконструција и изградба на модерни пруги на Коридорите 8 и 10, изјави Хари Локвенец.
Директорот Локвенец додаде дека јавното претпријатие се екипира со млад инженерски кадар заради реализација на најкрупните проекти во железничката инфраструктура.

The post Бочварски: Комплетна реконструкција на пругата Ногаевци – Неготино appeared first on Република.

]]>
Владиниот врв со гости ќе го означи почетокот на продолжувањето на изградбата на пругата кон Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladiniot-vrv-so-gosti-kje-go-oznachi-pochetokot-na-prodolzuvanjeto-na-izgradbata-na-prugata-kon-bugarija/ Sat, 29 Oct 2022 06:44:15 +0000 https://republika.mk/?p=567042

Во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега Галаб Донев денеска кај местото Шупли Камен во близина на Куманово официјално ќе биде означено продолжувањето на изградбата на пругата кон Бугарија, на која нема градежни активности од јуни 2020 година.

На настанот ќе биде презентиран проектот за претстојните фази од изградбата на делницата, а обраќања ќе имаат премиерите Ковачевски и Донев, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на ЈП „ЖРСМ Инфраструктура“ Хари Локвенец, амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир и директорот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Анди Аранитаси.

Повторната изградба опфаќа работа на првите две од трите проектирани делници на источното крило на железничкиот Коридор 8, во вкупна должина од 88,2 километри (од Куманово до Бељаковце – 31 километар, од Бељаковце до Крива Паланка – 34 и од Крива Паланка до граница со Бугарија – 24 километри).

Делницата Бељаковце – Крива Паланка се гради со финансиска помош на ЕУ обезбедена преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ). Грантот финансиран од ЕУ-ВБИФ од 75 милиони евра, дополнет со национален придонес од 1 милион евра, е доделен за да се доближи овој железнички дел до современите стандарди. Работите ќе се изведуваат од октомври 2022 година до крајот на 2025 година и опфаќаат тунели во должина од 5,5 километри, железнички мостови, над и подвозници, железнички станици и стојалишта, како и нов систем за сигнализација и телекомуникација. Дополнителен грант финансиран од ЕУ од 210 милиони евра е во план за завршување на источниот крај на железничкиот Коридор 8 до границата со Бугарија, информираше Канцеларијата на ЕУ во Скопје во пресрет на денешните активности.

Откако ќе биде завршена, се очекува железничката делница да го зголеми годишниот обем на товар за 20 проценти до 2040 година и да обезбеди пристап до современите транспортни средства за повеќе од 350 000 луѓе. Ќе се намали времето на патување, како и загадувањето на воздухот и бучавата.

Нови изведувачи со кои беа потпишани договори во јули годинава се „Штрабаг“, кој треба да ја продолжи и изгради првата делница од Куманово до Бељаковце во вредност од 40,5 милиони евра, и „Ѓулермак“, кои пак со 155 милиони евра ќе работат на втората делница.

На првата фаза од пругата се изградени 54 проценти, а остатокот треба да се заврши за година и половина до две години. За 34-те километри од втората фаза рокот е три години. За третата делница во тек е подготовка на тендерската документација, а проценетата вредност за 24-те планирани километри, изнесува 405 милиони евра.

Плановите на домашните институции се источното железничко крило на Коридорот 8 да го завршиме до 2027 година, а западното каде треба да има пруга од Кичево до Лин, до 2030 година.

Изградбата на пругата кон Бугарија е почната во 1994 година, од кога се одвојувани пари од државните буџети до 2004 година, кога првпат се стопирани активностите. По речиси децениски застој на градежните работи, во март 2014 година почна обновата на изградените тунели и мостови и градба на новите делови согласно со проектот на првата делница. Со договорот со тогашниот изведувач – германски „Вибе“, беше предвидено пругата да се изгради до септември 2017 година, но поради проблеми при изведбата, претежно од имотно правен карактер беше потпишан анкес со рок за изградба до февруари 2020 година, по што во јуни 2020 година работите беа прекинати со реализирани 54 проценти, а државата најави арбитражна постапка. Во февруари лани ЈП МЖ Инфраструктура преку Европската банка за обнова и развој распиша нов тендер во кој ги спои првите две делници. Тендерската постапка се заокружи со изборот на новите изведувачи  „Ѓулермак“ и „Штрабаг“ и потпишување договор во јули годинава.

The post Владиниот врв со гости ќе го означи почетокот на продолжувањето на изградбата на пругата кон Бугарија appeared first on Република.

]]>

Во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега Галаб Донев денеска кај местото Шупли Камен во близина на Куманово официјално ќе биде означено продолжувањето на изградбата на пругата кон Бугарија, на која нема градежни активности од јуни 2020 година. На настанот ќе биде презентиран проектот за претстојните фази од изградбата на делницата, а обраќања ќе имаат премиерите Ковачевски и Донев, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на ЈП „ЖРСМ Инфраструктура“ Хари Локвенец, амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир и директорот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Анди Аранитаси. Повторната изградба опфаќа работа на првите две од трите проектирани делници на источното крило на железничкиот Коридор 8, во вкупна должина од 88,2 километри (од Куманово до Бељаковце – 31 километар, од Бељаковце до Крива Паланка – 34 и од Крива Паланка до граница со Бугарија – 24 километри).
Делницата Бељаковце – Крива Паланка се гради со финансиска помош на ЕУ обезбедена преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ). Грантот финансиран од ЕУ-ВБИФ од 75 милиони евра, дополнет со национален придонес од 1 милион евра, е доделен за да се доближи овој железнички дел до современите стандарди. Работите ќе се изведуваат од октомври 2022 година до крајот на 2025 година и опфаќаат тунели во должина од 5,5 километри, железнички мостови, над и подвозници, железнички станици и стојалишта, како и нов систем за сигнализација и телекомуникација. Дополнителен грант финансиран од ЕУ од 210 милиони евра е во план за завршување на источниот крај на железничкиот Коридор 8 до границата со Бугарија, информираше Канцеларијата на ЕУ во Скопје во пресрет на денешните активности.
Откако ќе биде завршена, се очекува железничката делница да го зголеми годишниот обем на товар за 20 проценти до 2040 година и да обезбеди пристап до современите транспортни средства за повеќе од 350 000 луѓе. Ќе се намали времето на патување, како и загадувањето на воздухот и бучавата. Нови изведувачи со кои беа потпишани договори во јули годинава се „Штрабаг“, кој треба да ја продолжи и изгради првата делница од Куманово до Бељаковце во вредност од 40,5 милиони евра, и „Ѓулермак“, кои пак со 155 милиони евра ќе работат на втората делница. На првата фаза од пругата се изградени 54 проценти, а остатокот треба да се заврши за година и половина до две години. За 34-те километри од втората фаза рокот е три години. За третата делница во тек е подготовка на тендерската документација, а проценетата вредност за 24-те планирани километри, изнесува 405 милиони евра. Плановите на домашните институции се источното железничко крило на Коридорот 8 да го завршиме до 2027 година, а западното каде треба да има пруга од Кичево до Лин, до 2030 година. Изградбата на пругата кон Бугарија е почната во 1994 година, од кога се одвојувани пари од државните буџети до 2004 година, кога првпат се стопирани активностите. По речиси децениски застој на градежните работи, во март 2014 година почна обновата на изградените тунели и мостови и градба на новите делови согласно со проектот на првата делница. Со договорот со тогашниот изведувач – германски „Вибе“, беше предвидено пругата да се изгради до септември 2017 година, но поради проблеми при изведбата, претежно од имотно правен карактер беше потпишан анкес со рок за изградба до февруари 2020 година, по што во јуни 2020 година работите беа прекинати со реализирани 54 проценти, а државата најави арбитражна постапка. Во февруари лани ЈП МЖ Инфраструктура преку Европската банка за обнова и развој распиша нов тендер во кој ги спои првите две делници. Тендерската постапка се заокружи со изборот на новите изведувачи  „Ѓулермак“ и „Штрабаг“ и потпишување договор во јули годинава.

The post Владиниот врв со гости ќе го означи почетокот на продолжувањето на изградбата на пругата кон Бугарија appeared first on Република.

]]>
Две тела пронајдени покрај пругата во Табановце https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-tela-pronajdeni-pokraj-prugata-vo-tabanovce/ Wed, 26 Jan 2022 07:59:42 +0000 https://republika.mk/?p=449500

Во текот на вчерашниот ден, околу 15.42 часот, екипите на СВР Куманово информираат дека добиле дојава за пронајдемни две мртви тела на починати мигранти.

На 25.1.2022г. во 15:42 часот во СВР Куманово било пријавено дека покрај железничка пруга во село Табановце, кумановско биле пронајдени две тела на починати лица-мигранти и се уште се вршат проверки за утврдување на нивниот идентитет, информираат надлежните служби на полицијата.

Оттаму додаваат дека СВР Куманово извршил увид на лице место и се работело на утврдување на идентитетот на починатите лица.

The post Две тела пронајдени покрај пругата во Табановце appeared first on Република.