железничка несреќа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zeleznichka-nesrekja/ За подобро да се разбереме Sun, 13 Oct 2024 11:08:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png железничка несреќа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zeleznichka-nesrekja/ 32 32 Железничка несреќа во Египет, се судрија локомотива и воз https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zheleznichka-nesreka-vo-egipet-se-sudrija-lokomotiva-i-voz/ Sun, 13 Oct 2024 11:14:26 +0000 https://republika.mk/?p=826123

Најмалку 20 луѓе се повредени во судир на локомотива и патнички воз во јужниот дел на Египет.

Судирот се случи во провинцијата Миња, 270 километри јужно од Каиро. По судирот два вагона паднале во блиската река.

Се испитува причината за железничката несреќа.

За еден месец тоа е втора железничка несреќа во Египет

The post Железничка несреќа во Египет, се судрија локомотива и воз appeared first on Република.

]]>

Најмалку 20 луѓе се повредени во судир на локомотива и патнички воз во јужниот дел на Египет. Судирот се случи во провинцијата Миња, 270 километри јужно од Каиро. По судирот два вагона паднале во блиската река. Се испитува причината за железничката несреќа. За еден месец тоа е втора железничка несреќа во Египет

The post Железничка несреќа во Египет, се судрија локомотива и воз appeared first on Република.

]]>
Загинаа најмалку три лица, а 49 се повредени во железничка несреќа во Египет https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zaginaa-najmalku-tri-litsa-a-49-se-povredeni-vo-zheleznichka-nesreka-vo-egipet/ Sun, 15 Sep 2024 09:41:40 +0000 https://republika.mk/?p=816481

Три лица загинаа во вчерашната железничка несреќа во северниот дел на Египет, а 49 се повредени, соопшти Министерството за здравство.

Помеѓу загинатите две се деца. Несреќата се случила кога два воза се судриле во провинцијата Шаркија, на околу 80 километри северно од Каиро.

Железничка мрежа на Египет, една од најголемите земји во Африка, е застарена и чести се несреќите.

Во април 2021 година се случија железнички несреќи за помалку од еден месец, при што загинаа 40 луѓе. Во март 2023 година, четири лица загинаа, а 23 беа повредени кога воз излета од шините.

The post Загинаа најмалку три лица, а 49 се повредени во железничка несреќа во Египет appeared first on Република.

]]>

Три лица загинаа во вчерашната железничка несреќа во северниот дел на Египет, а 49 се повредени, соопшти Министерството за здравство. Помеѓу загинатите две се деца. Несреќата се случила кога два воза се судриле во провинцијата Шаркија, на околу 80 километри северно од Каиро. Железничка мрежа на Египет, една од најголемите земји во Африка, е застарена и чести се несреќите. Во април 2021 година се случија железнички несреќи за помалку од еден месец, при што загинаа 40 луѓе. Во март 2023 година, четири лица загинаа, а 23 беа повредени кога воз излета од шините.

The post Загинаа најмалку три лица, а 49 се повредени во железничка несреќа во Египет appeared first on Република.

]]>
Брат и сестра на возраст од 12 и 14 години загинаа во железничка несреќа во Србија, таткото се бори за живот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/brat-i-sestra-na-vozrast-od-12-i-14-godini-zaginaa-vo-zheleznichka-nesreka-vo-srbija-tatkoto-se-bori-za-zhivot/ Mon, 19 Aug 2024 17:59:24 +0000 https://republika.mk/?p=808033

12-годишниот М. Д и 14-годишната М. Д загинале денеска во сообраќајна несреќа која се случила на железничкиот премин во местото Петка во Лазаревац, кога на автомобилот во кој биле налетал воз, објавија српските медиуми.

Во несреќата загинал и возачот Милан Л., додека таткото на децата, 38-годишниот Милан Д. е тешко повреден.

На автомобилот марка „Audi“ налетал воз кој сообраќал на линијата Приеполе – Белград.

На самото место е дежурниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Лазаревац кој прави увид. Се очекува да пристигне и полицијата од Белград.

The post Брат и сестра на возраст од 12 и 14 години загинаа во железничка несреќа во Србија, таткото се бори за живот appeared first on Република.

]]>

12-годишниот М. Д и 14-годишната М. Д загинале денеска во сообраќајна несреќа која се случила на железничкиот премин во местото Петка во Лазаревац, кога на автомобилот во кој биле налетал воз, објавија српските медиуми. Во несреќата загинал и возачот Милан Л., додека таткото на децата, 38-годишниот Милан Д. е тешко повреден. На автомобилот марка „Audi“ налетал воз кој сообраќал на линијата Приеполе – Белград. На самото место е дежурниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Лазаревац кој прави увид. Се очекува да пристигне и полицијата од Белград.

The post Брат и сестра на возраст од 12 и 14 години загинаа во железничка несреќа во Србија, таткото се бори за живот appeared first on Република.

]]>
Човек загина по удар на возот кој тргнуваше од Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chovek-zagina-po-udar-na-vozot-koj-trgnuvashe-od-skopje/ Tue, 09 Jul 2024 06:25:21 +0000 https://republika.mk/?p=794757

На железничката пруга кај булеварот „Србија", на излез од населбата 11 Октомври, синоќа воз удрил човек на возраст од околу педесет години.

Од ударот, тој починал на местото на несреќата, потврдија утрово за МИА од Итната медицинска помош во Скопје.

Станува збор за возот Скопје – Битола, кој тргнува од главната Железничка станица во 20:05 часот и кој после несреќата имаше застој од над три часа.

The post Човек загина по удар на возот кој тргнуваше од Скопје appeared first on Република.

]]>

На железничката пруга кај булеварот „Србија", на излез од населбата 11 Октомври, синоќа воз удрил човек на возраст од околу педесет години. Од ударот, тој починал на местото на несреќата, потврдија утрово за МИА од Итната медицинска помош во Скопје. Станува збор за возот Скопје – Битола, кој тргнува од главната Железничка станица во 20:05 часот и кој после несреќата имаше застој од над три часа.

The post Човек загина по удар на возот кој тргнуваше од Скопје appeared first on Република.

]]>
Воз излета од шини во Русија, најмалку 70 повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/voz-izleta-od-shini-vo-rusija-najmalku-70-povredeni/ Thu, 27 Jun 2024 07:53:14 +0000 https://republika.mk/?p=791164

Најмалку 70 лица се повредени кога девет вагони на патнички воз излетале од шините во Република Коми на северот на Русија.

Руските медиуми јавија дека според последните информации нема жртви во оваа тешка железничка несреќа.

Патничкиот воз со број 511 сообраќал меѓу Воркут, град на северот на Русија и Новоросијск на брегот на Црното Море. Несреќата се случила недалеку од градот Инта, соопштија претставници на Руската железница.

Итните служби се на лице место. Преземени се сите неопходни мерки за помош на повредените. Сообраќајот на пругата е во прекин, соопштија надлежните.

The post Воз излета од шини во Русија, најмалку 70 повредени appeared first on Република.

]]>

Најмалку 70 лица се повредени кога девет вагони на патнички воз излетале од шините во Република Коми на северот на Русија. Руските медиуми јавија дека според последните информации нема жртви во оваа тешка железничка несреќа. Патничкиот воз со број 511 сообраќал меѓу Воркут, град на северот на Русија и Новоросијск на брегот на Црното Море. Несреќата се случила недалеку од градот Инта, соопштија претставници на Руската железница.
Итните служби се на лице место. Преземени се сите неопходни мерки за помош на повредените. Сообраќајот на пругата е во прекин, соопштија надлежните.

The post Воз излета од шини во Русија, најмалку 70 повредени appeared first on Република.

]]>
Трагедија утрово во Чешка: Четворица загинати, повеќе повредени во директен судир на два воза https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tragedija-utrovo-vo-cheshka-chetvoritsa-zaginati-poveke-povredeni-vo-direkten-sudir-na-dva-voza/ Thu, 06 Jun 2024 07:49:30 +0000 https://republika.mk/?p=785135

Четири лица загинаа, а уште 23 се повредени кога патнички воз се судри со товарен воз во чешкиот град Пардубице, соопшти министерот за внатрешни работи Вит Ракушан за државната телевизија рано утрово.

Судирот на двата воза во Пардубице е голема трагедија. Нашите мисли се со жртвите и повредените, напиша чешкиот премиер Петр Фијала на Х, изразувајќи сочувство.

Од 23 повредени лица, 20 се здобиле со полесни повреди, а тројца се со потешки повреди, рече Ракусан.

Според противпожарната бригада, во патничкиот воз имало повеќе од 300 луѓе.

На местото на несреќата, на околу 100 километри источно од Прага, распоредени се голем број пожарникари, болничари и лекари, како и два спасувачки хеликоптери.

Ракусан и министерот за транспорт Мартин Купка веднаш отпатуваа на местото на несреќата откако добија извештаи за инцидентот.

Купка рече дека се уште е рано да се коментира за веројатната причина за несреќата бидејќи истрагата се уште е во тек.

Во Чешка, фаталните железнички несреќи во јули 2020 и август 2021 година поттикнаа повици за модернизација на железничката инфраструктура.

Владата планира да го имплементира Европскиот систем за контрола на возови (ETCS) низ целата железничка мрежа до 2025 година за да ја подобри безбедноста

The post Трагедија утрово во Чешка: Четворица загинати, повеќе повредени во директен судир на два воза appeared first on Република.

]]>

Четири лица загинаа, а уште 23 се повредени кога патнички воз се судри со товарен воз во чешкиот град Пардубице, соопшти министерот за внатрешни работи Вит Ракушан за државната телевизија рано утрово.
Судирот на двата воза во Пардубице е голема трагедија. Нашите мисли се со жртвите и повредените, напиша чешкиот премиер Петр Фијала на Х, изразувајќи сочувство.
Од 23 повредени лица, 20 се здобиле со полесни повреди, а тројца се со потешки повреди, рече Ракусан. Според противпожарната бригада, во патничкиот воз имало повеќе од 300 луѓе. На местото на несреќата, на околу 100 километри источно од Прага, распоредени се голем број пожарникари, болничари и лекари, како и два спасувачки хеликоптери. Ракусан и министерот за транспорт Мартин Купка веднаш отпатуваа на местото на несреќата откако добија извештаи за инцидентот. Купка рече дека се уште е рано да се коментира за веројатната причина за несреќата бидејќи истрагата се уште е во тек. Во Чешка, фаталните железнички несреќи во јули 2020 и август 2021 година поттикнаа повици за модернизација на железничката инфраструктура. Владата планира да го имплементира Европскиот систем за контрола на возови (ETCS) низ целата железничка мрежа до 2025 година за да ја подобри безбедноста

The post Трагедија утрово во Чешка: Четворица загинати, повеќе повредени во директен судир на два воза appeared first on Република.

]]>
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/devet-povredeni-pri-sudar-na-patnichki-i-tovaren-voz-vo-tunelot-vukov-spomenik-panchevachki-most-vo-belgrad/ Sat, 18 May 2024 06:13:39 +0000 https://republika.mk/?p=779349

Девет лица се повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, блиску до излезот кон Панчевачки мост, јави РТС.

Несреќата се случила вчера вечерта, во тунелот кај студентскиот дом „Карабурма“. На терен излегле екипи на Итната помош и 25 пожарникари со пет возила.

Итните служби добиле известување дека товарен воз налетал на патнички воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, поблиску до излезот кон Панчевачкиот мост.

The post Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост во Белград appeared first on Република.

]]>

Девет лица се повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, блиску до излезот кон Панчевачки мост, јави РТС. Несреќата се случила вчера вечерта, во тунелот кај студентскиот дом „Карабурма“. На терен излегле екипи на Итната помош и 25 пожарникари со пет возила. Итните служби добиле известување дека товарен воз налетал на патнички воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, поблиску до излезот кон Панчевачкиот мост.

The post Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост во Белград appeared first on Република.

]]>
Најмалку 17 патници повредени откако два воза се судрија кај Фиренца https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-17-patnitsi-povredeni-otkako-dva-voza-se-sudrija-kaj-firentsa/ Mon, 11 Dec 2023 09:53:08 +0000 https://republika.mk/?p=721677

Најмалку 17 лица се повредени откако синоќа два воза се судрија во близина на италијанскиот град Фаенца. Повеќето се полесно повредени, јави новинската агенција АНСА, повикувајќи се на спасувачлките служби на местото на настанот.

Несреќата се случила околу 20 часот и 30 минути на делот од пругата меѓу градовите Болоња и Римини, во северната италијанска област Емилија Ромања.

Причината за судирот засега не е јасна. Според првичната реконструкција на настанот, двата воза се движеле во правец на север, како што јави италијанската агенција АНСА. Едениот воз удрил во другиот одзади.

The post Најмалку 17 патници повредени откако два воза се судрија кај Фиренца appeared first on Република.

]]>

Најмалку 17 лица се повредени откако синоќа два воза се судрија во близина на италијанскиот град Фаенца. Повеќето се полесно повредени, јави новинската агенција АНСА, повикувајќи се на спасувачлките служби на местото на настанот. Несреќата се случила околу 20 часот и 30 минути на делот од пругата меѓу градовите Болоња и Римини, во северната италијанска област Емилија Ромања. Причината за судирот засега не е јасна. Според првичната реконструкција на настанот, двата воза се движеле во правец на север, како што јави италијанската агенција АНСА. Едениот воз удрил во другиот одзади.

The post Најмалку 17 патници повредени откако два воза се судрија кај Фиренца appeared first on Република.

]]>
Петмина од 52 патници се потешко повредени по железничката несреќа во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petmina-od-52-patnitsi-se-poteshko-povredeni-po-zheleznichkata-nesreka-vo-srbija/ Sat, 18 Nov 2023 15:55:15 +0000 https://republika.mk/?p=702945

Повеќе од 50 лица, од кои пет потешко, се повредени во железничка несреќа во петокот вечерта кај Оџак на линијата Сомбор – Нови Сад, а сите возови на таа релација се откажани до понатамошно известување, јавува Радиотелевизија на Србија.

Лекарите во Општата болница во Сомбор потврдија дека пет од 52 повредени патници се хоспитализирани, од кои еден се здобил со тешки скршеници и повреди на црниот дроб и е сместен на интензивна нега.

Останатите пациенти, по прегледот и дијагнозата, биле упатени на домашно лекување со скршеници на главата, контузии на градниот кош и абдомен и повреди на рацете и нозете.

До несреќата дошло кога патнички воз налетал на товарен воз кој застанал на делот од пругата помеѓу станиците Ратково и Оџаци, а посериозни последици спречил машиновозачот на патничкиот воз бидејќи гледајќи ги вагоните пред себе , со сопирање успеал да ја намали брзината.

Истрагата е во тек, а засега е утврдено дека диспечерот на возовите на станицата Ратково го пропуштил возот без да утврди дека товарниот воз застанал меѓу двете станици.

 

The post Петмина од 52 патници се потешко повредени по железничката несреќа во Србија appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 50 лица, од кои пет потешко, се повредени во железничка несреќа во петокот вечерта кај Оџак на линијата Сомбор – Нови Сад, а сите возови на таа релација се откажани до понатамошно известување, јавува Радиотелевизија на Србија. Лекарите во Општата болница во Сомбор потврдија дека пет од 52 повредени патници се хоспитализирани, од кои еден се здобил со тешки скршеници и повреди на црниот дроб и е сместен на интензивна нега. Останатите пациенти, по прегледот и дијагнозата, биле упатени на домашно лекување со скршеници на главата, контузии на градниот кош и абдомен и повреди на рацете и нозете. До несреќата дошло кога патнички воз налетал на товарен воз кој застанал на делот од пругата помеѓу станиците Ратково и Оџаци, а посериозни последици спречил машиновозачот на патничкиот воз бидејќи гледајќи ги вагоните пред себе , со сопирање успеал да ја намали брзината. Истрагата е во тек, а засега е утврдено дека диспечерот на возовите на станицата Ратково го пропуштил возот без да утврди дека товарниот воз застанал меѓу двете станици.  

The post Петмина од 52 патници се потешко повредени по железничката несреќа во Србија appeared first on Република.

]]>
Се запали воз во тунел во Австрија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-zapali-voz-vo-tunel-vo-avstrija/ Thu, 08 Jun 2023 08:03:48 +0000 https://republika.mk/?p=649062

Австриските власти евакуираа стотици патници од воз кој синоќа се запали додека беше во тунел и, според официјалните лица, околу 50 луѓе претрпеле полесни повреди, најмногу поради вдишување чад.

Ноќниот воз со околу 370 патници се наоѓал во тунелот Фиценс, источно од Инсбрук во регионот на Тирол, кога избувнал пожарот, јави австриската новинска агенција АПА.

Железничкиот оператор ОББ соопшти дека околу 20:40 часот било пријавено оштетување на горните електрични водови и оти изгледа се запалил автомобил во товарен вагон во ноќниот воз од Инсбрук до Амстердам. Како што се наведува, пожарот бил изгаснат до 22.20 часот.

Евакуацијата завршила кусо по 23 часот.

Ноќниот сервис на Австриските железници сообраќа до неколку европски градови и понекогаш превезува автомобили во посебни вагони. Возот утрово требаше да пристигне во Амстердам.

Патниците на кои не им била потребна медицинска помош биле однесени во Инсбрук каде по потреба било организирано сместување за нив.

The post Се запали воз во тунел во Австрија appeared first on Република.

]]>

Австриските власти евакуираа стотици патници од воз кој синоќа се запали додека беше во тунел и, според официјалните лица, околу 50 луѓе претрпеле полесни повреди, најмногу поради вдишување чад. Ноќниот воз со околу 370 патници се наоѓал во тунелот Фиценс, источно од Инсбрук во регионот на Тирол, кога избувнал пожарот, јави австриската новинска агенција АПА. Железничкиот оператор ОББ соопшти дека околу 20:40 часот било пријавено оштетување на горните електрични водови и оти изгледа се запалил автомобил во товарен вагон во ноќниот воз од Инсбрук до Амстердам. Како што се наведува, пожарот бил изгаснат до 22.20 часот. Евакуацијата завршила кусо по 23 часот. Ноќниот сервис на Австриските железници сообраќа до неколку европски градови и понекогаш превезува автомобили во посебни вагони. Возот утрово требаше да пристигне во Амстердам. Патниците на кои не им била потребна медицинска помош биле однесени во Инсбрук каде по потреба било организирано сместување за нив.

The post Се запали воз во тунел во Австрија appeared first on Република.

]]>
Грешка во сигнализацијата ја предизвикала железничката несреќа во Индија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/greshka-vo-signalizatsijata-ja-predizvikala-zheleznichkata-nesreka-vo-indija/ Sun, 04 Jun 2023 09:50:53 +0000 https://republika.mk/?p=647599

Железничка несреќа во источна Индија, во која загинаа повеќе од 300 луѓе, а стотици беа повредени е предизвикана од дефект во системот за електронска сигнализација, поради што возот ја смени пругата, изјави министерот за железници на Индија, пренесува агенцијата Асошиетед прес ( АП).

Кој го направи тоа и која е причината ќе покаже истрагата, изјави министерот Ашвини Ваишнав во интервју за телевизијата Њу Делхи.

Властите работат на расчистување на остатоците од двата патнички воза што излетаа од шините во петокот вечерта во областа Баласоре во источната индиска држава Одиша, во една од најтешките железнички несреќи во земјата во последните децении. Индиската новинска агенција PTI претходно објави дека прелиминарната истрага открила што му било сигнализирано на возот „Коромандел експрес“ да влезе во главната пруга, а подоцна сигналот бил исклучен.

 

The post Грешка во сигнализацијата ја предизвикала железничката несреќа во Индија appeared first on Република.

]]>

Железничка несреќа во источна Индија, во која загинаа повеќе од 300 луѓе, а стотици беа повредени е предизвикана од дефект во системот за електронска сигнализација, поради што возот ја смени пругата, изјави министерот за железници на Индија, пренесува агенцијата Асошиетед прес ( АП).
Кој го направи тоа и која е причината ќе покаже истрагата, изјави министерот Ашвини Ваишнав во интервју за телевизијата Њу Делхи.
Властите работат на расчистување на остатоците од двата патнички воза што излетаа од шините во петокот вечерта во областа Баласоре во источната индиска држава Одиша, во една од најтешките железнички несреќи во земјата во последните децении. Индиската новинска агенција PTI претходно објави дека прелиминарната истрага открила што му било сигнализирано на возот „Коромандел експрес“ да влезе во главната пруга, а подоцна сигналот бил исклучен.  

The post Грешка во сигнализацијата ја предизвикала железничката несреќа во Индија appeared first on Република.

]]>
Воз удри во маж кај Градско, во прекин железничкиот собраќај Гевгелија – Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/voz-udri-vo-mazh-kaj-gradsko-vo-prekin-zheleznichkiot-sobrakaj-gevgelija-skopje/ Fri, 05 May 2023 08:35:18 +0000 https://republika.mk/?p=637202

Патнички воз што сообраќал во утринските часови на релација Гевгелија - Скопје, на железничката станица кај Градско удрил во едно лице, кое починало на самото место. Поради сообраќајната несреќа железничкиот собраќај е во прекин, соопшти Регионалниот ЦУК Велес по информацијата добиена од Македонски железници.

РЦУК - Велес известува дека станува збор за маж кој бил роден 1960 година.

-По пристигнувањето на екипата на Итна медицинска помош од Велес веднаш била констатирана смрт, што настапила од ударот на возот. Јавниот обвинител треба да го потврди тоа, наведуваат од РЦУК Велес.

Од страна на екипи на СВР Велес и Јавен обвинител се уште се врши увид на местото на настанот.

The post Воз удри во маж кај Градско, во прекин железничкиот собраќај Гевгелија – Скопје appeared first on Република.

]]>

Патнички воз што сообраќал во утринските часови на релација Гевгелија - Скопје, на железничката станица кај Градско удрил во едно лице, кое починало на самото место. Поради сообраќајната несреќа железничкиот собраќај е во прекин, соопшти Регионалниот ЦУК Велес по информацијата добиена од Македонски железници. РЦУК - Велес известува дека станува збор за маж кој бил роден 1960 година. -По пристигнувањето на екипата на Итна медицинска помош од Велес веднаш била констатирана смрт, што настапила од ударот на возот. Јавниот обвинител треба да го потврди тоа, наведуваат од РЦУК Велес. Од страна на екипи на СВР Велес и Јавен обвинител се уште се врши увид на местото на настанот.

The post Воз удри во маж кај Градско, во прекин железничкиот собраќај Гевгелија – Скопје appeared first on Република.

]]>
Воз излета од шини во близина на Хаг, едно лице загина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/voz-izleta-od-shini-vo-blizina-na-hag-edno-litse-zagina/ Tue, 04 Apr 2023 06:27:28 +0000 https://republika.mk/?p=626915

Едно лице загина, а околу 30 се повредени кога патнички воз излета од шините во Холандија. Првичните информации беа за неколку тешко повредени. На поголем дел од повредените им била укажана помош на лице место. Неколку лица кои се во сериозна состојба се хоспитализирани.

Патничк воз удрил во градежна опрема на шините меѓу Хаг и Лајден во провинцијата Јужна Холандија. Првиот вагон излетал од шините, вториот се превртел на едната страна, а третиот се запалил. Пожарот сега е изгаснат.

Во возот патувале околу 50 луѓе.

Засега не е јасно како градежната опрема завршила на шините кај селото Воршотен. Првично беше соопштено дека патничкиот воз се судрил со товарен воз. Железничкиот сообраќај меѓу Лајден и делови од Хаг е прекинат

The post Воз излета од шини во близина на Хаг, едно лице загина appeared first on Република.

]]>

Едно лице загина, а околу 30 се повредени кога патнички воз излета од шините во Холандија. Првичните информации беа за неколку тешко повредени. На поголем дел од повредените им била укажана помош на лице место. Неколку лица кои се во сериозна состојба се хоспитализирани.

Патничк воз удрил во градежна опрема на шините меѓу Хаг и Лајден во провинцијата Јужна Холандија. Првиот вагон излетал од шините, вториот се превртел на едната страна, а третиот се запалил. Пожарот сега е изгаснат.

Во возот патувале околу 50 луѓе.

Засега не е јасно како градежната опрема завршила на шините кај селото Воршотен. Првично беше соопштено дека патничкиот воз се судрил со товарен воз. Железничкиот сообраќај меѓу Лајден и делови од Хаг е прекинат

The post Воз излета од шини во близина на Хаг, едно лице загина appeared first on Република.

]]>
Загина маж во кој удрил воз на пругата кај Хиподром https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zagina-mazh-vo-koj-udril-voz-na-prugata-kaj-hipodrom/ Tue, 28 Mar 2023 11:12:33 +0000 https://republika.mk/?p=624617

Вчера  околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на железничката пруга во населба Хиподром, без знаци на живот било пронајдено машко лице, кое било удрено од воз.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а за случајот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.

Увид извршиле екипи од СВР Скопје и од Железници.

The post Загина маж во кој удрил воз на пругата кај Хиподром appeared first on Република.

]]>

Вчера  околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на железничката пруга во населба Хиподром, без знаци на живот било пронајдено машко лице, кое било удрено од воз. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а за случајот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција. Увид извршиле екипи од СВР Скопје и од Железници.

The post Загина маж во кој удрил воз на пругата кај Хиподром appeared first on Република.

]]>
По железничката несреќа, Атина бара од француска компанија да ја заврши инсталацијата на безбедносниот систем https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/po-zheleznichkata-nesreka-atina-bara-od-frantsuska-kompanija-da-ja-zavrshi-instalatsijata-na-bezbednosniot-sistem/ Tue, 14 Mar 2023 12:27:45 +0000 https://republika.mk/?p=619551

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис побара од францускиот производител на железничка опрема „Алстома“, одговорен за инсталирање на безбедносни системи на грчката мрежа, да ја заврши работата „што е можно поскоро“, објавија денеска атинските медиуми.

Речиси две недели по директниот судир на два воза во кој загинаа 57 лица, меѓу кои и многу млади луѓе, протестите на гневните граѓани и железничките работници се речиси секојдневни, возовите во Грција сè уште се во застој, а владата вети дека сообраќајот може да продолжи до крајот на месецот.

Премиерот веќе комуницираше со извршниот директор на „Алстома“ за да може да се заврши работата на далечинско управување што е можно поскоро - рече владиниот портпарол Јанис Оиконому на брифинг со новинарите.

Договори за модернизација на системи за далечинско управување со возови, кои овозможуваат управување со железничкиот сообраќај со помош на компјутери, беа потпишани во неколку наврати пред неколку години помеѓу „Алстома“ и ОСЕ, јавното тело одговорно за инфраструктурата на железничката мрежа.

Железничката несреќа вечерта на 28 февруари, најтешката во историјата Грција, во голема мера беше припишана на „грешка“ на шефот на станицата во Лариса, градот најблиску до местото на несреќата. Против него е поднесена кривична пријава и одредена му е мерка притвор.

Но, несреќата откри и „хронична патологија на пропуст или рамнодушност од страна на ОСЕ, призна Јанис Оиконому.

Експертите, медиумите и синдикалците на ОСЕ ги обвинуваат неодамнешните влади, особено Киријакос Мицотакис, кој е на власт речиси четири години, дека занемаруваат да ја модернизираат железничката мрежа.

Меѓу причините за оваа катастрофа се дисфункционалноста на државата ослабена за време на финансиската криза бидејќи отпуштањата и намалувањата на платите го погодија јавниот сектор под драстични мерки за штедење диктирани од кредиторите на Грција.

The post По железничката несреќа, Атина бара од француска компанија да ја заврши инсталацијата на безбедносниот систем appeared first on Република.

]]>

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис побара од францускиот производител на железничка опрема „Алстома“, одговорен за инсталирање на безбедносни системи на грчката мрежа, да ја заврши работата „што е можно поскоро“, објавија денеска атинските медиуми. Речиси две недели по директниот судир на два воза во кој загинаа 57 лица, меѓу кои и многу млади луѓе, протестите на гневните граѓани и железничките работници се речиси секојдневни, возовите во Грција сè уште се во застој, а владата вети дека сообраќајот може да продолжи до крајот на месецот.
Премиерот веќе комуницираше со извршниот директор на „Алстома“ за да може да се заврши работата на далечинско управување што е можно поскоро - рече владиниот портпарол Јанис Оиконому на брифинг со новинарите.
Договори за модернизација на системи за далечинско управување со возови, кои овозможуваат управување со железничкиот сообраќај со помош на компјутери, беа потпишани во неколку наврати пред неколку години помеѓу „Алстома“ и ОСЕ, јавното тело одговорно за инфраструктурата на железничката мрежа. Железничката несреќа вечерта на 28 февруари, најтешката во историјата Грција, во голема мера беше припишана на „грешка“ на шефот на станицата во Лариса, градот најблиску до местото на несреќата. Против него е поднесена кривична пријава и одредена му е мерка притвор. Но, несреќата откри и „хронична патологија на пропуст или рамнодушност од страна на ОСЕ, призна Јанис Оиконому. Експертите, медиумите и синдикалците на ОСЕ ги обвинуваат неодамнешните влади, особено Киријакос Мицотакис, кој е на власт речиси четири години, дека занемаруваат да ја модернизираат железничката мрежа. Меѓу причините за оваа катастрофа се дисфункционалноста на државата ослабена за време на финансиската криза бидејќи отпуштањата и намалувањата на платите го погодија јавниот сектор под драстични мерки за штедење диктирани од кредиторите на Грција.

The post По железничката несреќа, Атина бара од француска компанија да ја заврши инсталацијата на безбедносниот систем appeared first on Република.

]]>
Грчката претседателка за железничката несреќа: Не чувствуваме само одговорност, туку и срам https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grchkata-pretsedatelka-za-zheleznichkata-nesreka-ne-chuvstvuvame-samo-odgovornost-tuku-i-sram/ Fri, 10 Mar 2023 18:53:20 +0000 https://republika.mk/?p=618281

Не чувствуваме само одговорност, туку би рекла и срам. Мора да има итна и целосна одговорност во секоја насока. И сите заедно, со сите сили да се погрижиме ваква трагедија никогаш повеќе да не се повтори, изјави грчката претседателка Катерина Сакеларопулу за железничката несреќа во земјата со 57 жртви.

Сакеларопулу, за време на средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис додала дека земјата живее трагедија, а општеството е луто и „ја губи довербата во институциите“, истакнувајќи дека овој гнев и бес на народот не смееме да се заборави.

Мицотакис, од своја страна, рекол дека оправдано е што постои лутина кај народот за нешто што „не требало да се случи“.

The post Грчката претседателка за железничката несреќа: Не чувствуваме само одговорност, туку и срам appeared first on Република.

]]>

Не чувствуваме само одговорност, туку би рекла и срам. Мора да има итна и целосна одговорност во секоја насока. И сите заедно, со сите сили да се погрижиме ваква трагедија никогаш повеќе да не се повтори, изјави грчката претседателка Катерина Сакеларопулу за железничката несреќа во земјата со 57 жртви.
Сакеларопулу, за време на средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис додала дека земјата живее трагедија, а општеството е луто и „ја губи довербата во институциите“, истакнувајќи дека овој гнев и бес на народот не смееме да се заборави. Мицотакис, од своја страна, рекол дека оправдано е што постои лутина кај народот за нешто што „не требало да се случи“.

The post Грчката претседателка за железничката несреќа: Не чувствуваме само одговорност, туку и срам appeared first on Република.

]]>
Се извинувам што преживеав, вели 17-годишната Василка која низ дупка се извлече од возот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-izvinuvam-shto-prezhiveav-veli-17-godishnata-vasilka-koja-niz-dupka-se-izvleche-od-vozot/ Fri, 10 Mar 2023 08:53:07 +0000 https://republika.mk/?p=617998

Сведоштво на преживеана 17-годишна девојка, која била во ресторанот во вториот вагон на патничкиот воз кој заврши фатално откако се судри со товарен воз во близина на Лариса во Грција минатиот вторник. Младата Василка, која студира да стане физиотерапевт, патувала со своето момче во патничкиот воз „Интерсити 62“, со кого по сударот успеале да се спасат наоѓајќи дупка во вагонот низ која излегле. Василка вели дека возот бил полн со млади луѓе. Се чувствува бесна и вели дека се срами што преживеала.

Одевме за Солун. Бевме во ресторан кога дојде до експлозија и несреќа. Се паѓаше над нас, најдовме дупка и излеговме низ неа. Што да кажам за децата кои беа внатре. Се срамам и се извинувам што преживеав, рекла девојката, пренесува Прототема.

Василика додаде дека „се срами што живее во оваа земја, што никој не излегува и не се извинува“.

Осум дена не спиев, како да спијам? Никој не се извинува за несреќата, како ќе оздрават семејствата кои ги загубија своите најблиски?, прашува таа.

The post Се извинувам што преживеав, вели 17-годишната Василка која низ дупка се извлече од возот appeared first on Република.

]]>

Сведоштво на преживеана 17-годишна девојка, која била во ресторанот во вториот вагон на патничкиот воз кој заврши фатално откако се судри со товарен воз во близина на Лариса во Грција минатиот вторник. Младата Василка, која студира да стане физиотерапевт, патувала со своето момче во патничкиот воз „Интерсити 62“, со кого по сударот успеале да се спасат наоѓајќи дупка во вагонот низ која излегле. Василка вели дека возот бил полн со млади луѓе. Се чувствува бесна и вели дека се срами што преживеала.

Одевме за Солун. Бевме во ресторан кога дојде до експлозија и несреќа. Се паѓаше над нас, најдовме дупка и излеговме низ неа. Што да кажам за децата кои беа внатре. Се срамам и се извинувам што преживеав, рекла девојката, пренесува Прототема.

Василика додаде дека „се срами што живее во оваа земја, што никој не излегува и не се извинува“.
Осум дена не спиев, како да спијам? Никој не се извинува за несреќата, како ќе оздрават семејствата кои ги загубија своите најблиски?, прашува таа.

The post Се извинувам што преживеав, вели 17-годишната Василка која низ дупка се извлече од возот appeared first on Република.

]]>
Шефот на железничката станица во Лариса ќе оди во притвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/shefot-na-zheleznichkata-stanitsa-vo-larisa-ke-odi-vo-pritvor/ Mon, 06 Mar 2023 08:15:29 +0000 https://republika.mk/?p=616277

По маратонскиот исказ даден пред истражен судија и обвинител, шефот на железничката станица во Лариса, доби мерка притвор за железничката несреќа.

Шефот на станицата беше уапсен веднаш по несреќата, што се случи во вторникот кусо пред полноќ кај месноста Темпи, а животот го загубија 57лица.

Во форензичките лаборатории на грчката полиција, според медиумите, заврши процесот на идентификација на загинатите преку ДНК анализа и од 57 загинати, идентификувани се 55 лица.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, еден загинат, сè уште не е идентификуван, бидејќи никој не го побарал и не постои ДНК примерок за анализа, додека пак една жена и понатаму ја бара нејзината ќерка која била во возот, но не постои никаква трага од неа.

Новиот министер за транспорт и инфраструктура на Грција Јоргос Герапетритис денеска и утре ќе биде во Лариса и Солун и ќе го посети местото на несреќата, а в среда планирано е да одржи прес конференција.

Паралелно, продолжува штрајкот на вработените во железницата, штрајк што започна веднаш по несреќата и Грција веќе шести ден е без возови.

Железничката несреќа предизвика бурни реакции и граѓаните организирани од синдикатите, од организации и сл континуирано одржуваат протести, а последниот, вчера, беше еден од помасовните со учество на околу 10.000 лица, според грчката полиција.

Во инцидентите што се случија, уапсени се пет лица, а повредени се седум полицајци.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој веднаш по несреќата рече дека судирот на двата воза веројатно се должи на човечка грешка, вчера, преку Фејсбук им се извини на роднините на загинатите.

-Како премиер им должам на сите, но пред сѐ на роднините на жртвите едно големо извинување. И лично, и во името на сите кои со години владееја со државата. Бидејќи, навистина, во Грција во 2023 година не може два воза да се движат во спротивни насоки по иста линија и никој да не го забележи тоа, напиша Мицотакис.

Додаде дека не сакаат и не треба да се скријат зад човечка грешка, истакна дека правдата ќе ја истражи трагедијата, а надлежниот министер ќе соопшти мерки „за итно подобрување на безбедноста на железницата додека да биде ставен во функција системот за дигитална контрола“.

The post Шефот на железничката станица во Лариса ќе оди во притвор appeared first on Република.

]]>

По маратонскиот исказ даден пред истражен судија и обвинител, шефот на железничката станица во Лариса, доби мерка притвор за железничката несреќа. Шефот на станицата беше уапсен веднаш по несреќата, што се случи во вторникот кусо пред полноќ кај месноста Темпи, а животот го загубија 57лица. Во форензичките лаборатории на грчката полиција, според медиумите, заврши процесот на идентификација на загинатите преку ДНК анализа и од 57 загинати, идентификувани се 55 лица. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, еден загинат, сè уште не е идентификуван, бидејќи никој не го побарал и не постои ДНК примерок за анализа, додека пак една жена и понатаму ја бара нејзината ќерка која била во возот, но не постои никаква трага од неа. Новиот министер за транспорт и инфраструктура на Грција Јоргос Герапетритис денеска и утре ќе биде во Лариса и Солун и ќе го посети местото на несреќата, а в среда планирано е да одржи прес конференција. Паралелно, продолжува штрајкот на вработените во железницата, штрајк што започна веднаш по несреќата и Грција веќе шести ден е без возови. Железничката несреќа предизвика бурни реакции и граѓаните организирани од синдикатите, од организации и сл континуирано одржуваат протести, а последниот, вчера, беше еден од помасовните со учество на околу 10.000 лица, според грчката полиција. Во инцидентите што се случија, уапсени се пет лица, а повредени се седум полицајци. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој веднаш по несреќата рече дека судирот на двата воза веројатно се должи на човечка грешка, вчера, преку Фејсбук им се извини на роднините на загинатите. -Како премиер им должам на сите, но пред сѐ на роднините на жртвите едно големо извинување. И лично, и во името на сите кои со години владееја со државата. Бидејќи, навистина, во Грција во 2023 година не може два воза да се движат во спротивни насоки по иста линија и никој да не го забележи тоа, напиша Мицотакис. Додаде дека не сакаат и не треба да се скријат зад човечка грешка, истакна дека правдата ќе ја истражи трагедијата, а надлежниот министер ќе соопшти мерки „за итно подобрување на безбедноста на железницата додека да биде ставен во функција системот за дигитална контрола“.

The post Шефот на железничката станица во Лариса ќе оди во притвор appeared first on Република.

]]>
Шефот на станицата во Лариса обвинет дека ја предизвикал најсмртоносната железничка несреќа во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/shefot-na-stanitsata-vo-larisa-obvinet-deka-ja-predizvikal-najsmrtonosnata-zheleznichka-nesreka-vo-grtsija/ Mon, 06 Mar 2023 07:47:49 +0000 https://republika.mk/?p=616251

Шефот на станицата во Лариса е обвинет дека ја предизвикал најсмртоносната железничка несреќа во Грција, квалификувана како убиство од небрежност. Грчкиот премиер пак,  Киријакос Микотакис се извини за секоја одговорност што грчката влада може да ја сноси за големата трагедија.

Истражниот судија и обвинителот се согласија дека против шефот на железничката станица во Лариса ќе биде поднесено обвинение за неколку точки за убиство, нанесување телесни повреди и загрозена безбедност во сообраќајот.

Најмалку 57 луѓе, од кои многумина беа под 20 години, загинаа кога патнички и товарен воз се судрија во вторникот вечерта со полна брзина северно од градот Лариса, во централна Грција.

59-годишниот шеф на станицата ги насочил двата воза на иста пруга, кои сообраќале во спротивна насока. Тој вчера повеќе од седум часа сведочеше за настанот што доведе до несреќата, по што беше поднесено обвинение и тој ќе биде задржан во притвор додека трае судењето.

Тоа е најголемата железничка несреќа во Грција, а претходно најголемата беше во 1968 година кога во несреќа на јужниот дел на Пелопонез кога загинаа 34 лица.

The post Шефот на станицата во Лариса обвинет дека ја предизвикал најсмртоносната железничка несреќа во Грција appeared first on Република.

]]>

Шефот на станицата во Лариса е обвинет дека ја предизвикал најсмртоносната железничка несреќа во Грција, квалификувана како убиство од небрежност. Грчкиот премиер пак,  Киријакос Микотакис се извини за секоја одговорност што грчката влада може да ја сноси за големата трагедија. Истражниот судија и обвинителот се согласија дека против шефот на железничката станица во Лариса ќе биде поднесено обвинение за неколку точки за убиство, нанесување телесни повреди и загрозена безбедност во сообраќајот. Најмалку 57 луѓе, од кои многумина беа под 20 години, загинаа кога патнички и товарен воз се судрија во вторникот вечерта со полна брзина северно од градот Лариса, во централна Грција. 59-годишниот шеф на станицата ги насочил двата воза на иста пруга, кои сообраќале во спротивна насока. Тој вчера повеќе од седум часа сведочеше за настанот што доведе до несреќата, по што беше поднесено обвинение и тој ќе биде задржан во притвор додека трае судењето. Тоа е најголемата железничка несреќа во Грција, а претходно најголемата беше во 1968 година кога во несреќа на јужниот дел на Пелопонез кога загинаа 34 лица.

The post Шефот на станицата во Лариса обвинет дека ја предизвикал најсмртоносната железничка несреќа во Грција appeared first on Република.

]]>
Извинете сите, затоа што во Грција во 2023 година не може два воза да се движат во спротивни насоки https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/izvinete-site-zatoa-shto-vo-grtsija-vo-2023-godina-ne-mozhe-dva-voza-da-se-dvizhat-vo-sprotivni-nasoki/ Sun, 05 Mar 2023 15:06:37 +0000 https://republika.mk/?p=616096

Како премиер им должам на сите, но пред сѐ на роднините на жртвите едно големо извинување. И лично и во името на сите кои со години владееја со државата. Бидејќи, навистина, во Грција во 2023 година не може два воза да се движат во спротивни насоки по иста линија и никој да не го забележи тоа, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Фејсбук во однос на железничката несреќа во земјата.

Тој додаде дека не сака и никој не треба да се скрие зад човечка грешка. Тој истакна дека правдата ќе ја истражи трагедијата, а надлежниот министер ќе соопшти мерки „за итно подобрување на безбедноста на железницата додека да биде ставен во функција системот за дигитална контрола.

Истовремено рече дека ќе им предложи да се обврзат, по изборите, да се формира специјална комисија која ќе ја истражи „болната историја на грчките железници во последните дваесет години“.

Во железничката несреќа што во вторникот вечерта се случи кај месноста Темпи во близина на Лариса, животот го загубија 57 лица.

The post Извинете сите, затоа што во Грција во 2023 година не може два воза да се движат во спротивни насоки appeared first on Република.

]]>

Како премиер им должам на сите, но пред сѐ на роднините на жртвите едно големо извинување. И лично и во името на сите кои со години владееја со државата. Бидејќи, навистина, во Грција во 2023 година не може два воза да се движат во спротивни насоки по иста линија и никој да не го забележи тоа, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Фејсбук во однос на железничката несреќа во земјата.
Тој додаде дека не сака и никој не треба да се скрие зад човечка грешка. Тој истакна дека правдата ќе ја истражи трагедијата, а надлежниот министер ќе соопшти мерки „за итно подобрување на безбедноста на железницата додека да биде ставен во функција системот за дигитална контрола. Истовремено рече дека ќе им предложи да се обврзат, по изборите, да се формира специјална комисија која ќе ја истражи „болната историја на грчките железници во последните дваесет години“. Во железничката несреќа што во вторникот вечерта се случи кај месноста Темпи во близина на Лариса, животот го загубија 57 лица.

The post Извинете сите, затоа што во Грција во 2023 година не може два воза да се движат во спротивни насоки appeared first on Република.

]]>