железничка инфраструктура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zeleznichka-infrastruktura/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Apr 2024 12:57:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png железничка инфраструктура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zeleznichka-infrastruktura/ 32 32 По 151 година железница во Македонија, возовите одат 30 на час https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/po-151-godina-zheleznitsa-vo-makedonija-vozovite-odat-30-na-chas/ Tue, 09 Apr 2024 12:57:16 +0000 https://republika.mk/?p=764301

Ветувања за инвестиции во изградба на источниот железнички дел од Коридорот 8, што ќе резултира со наше железничко поврзување со Бугарија како членка на ЕУ до 2030 година, ремонт на железничкиот дел од Коридорот 10, придобивки од либерализацијата што стартуваше во товарниот сообраќај со гаранција дека работните места нема да бидат загрозени, приклучување кон регионалниот проект за брза пруга... Вакви ветувања денеска изнесоа раководството на ЈП железничка инфраструктура и членови на Владата на свеченоста по повод 151 година од основањето на Македонски железници.

- Заедно ќе ја трансформираме Железницата и ќе ја направиме европска и модерна. Со либерализацијата отворивме ново поглавје во железницата и создадовме нови можности, но нема потреба од загриженост за вашите работни места, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

null

Битиќи посочи дека либерализацијата ќе значи и повеќе пари за модернизација на пругите, за проширување на железничката мрежа, односно зголемување на ефикасноста и ефективноста на железничкиот сообраќај во земјава.

- На либерализацијата не треба да гледаме со страв, туку да ја прифатиме како можност да ја искористиме нашата стратешка локација. Со развојот што го нуди либерализација на железничкиот сообраќај, ќе поставиме нови основи за поддршка и стимулирање на економската активност, правејќи ја нашата земја уште попривлечен избор за бизнисите во Европската унија, кои барат сигурни, блиски и ефикасни решенија за приближување на своите добавувачки ланци. Концептот на near-shoring станува клучен за развојот на нашата економија, а железницата е таа која има стратешка и клучна улога Македонија да ја позиционира во срцето на европските синџири, рече Битиќи.

null

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски порача дека  доизградбата на Коридор 8 како дел од регионалната транспортна мрежа е предуслов за одржлив економски раст и развој на целокупниот регион.

- Првата делница од Куманово до Бељаковце за која очекуваме да биде завршена оваа година е со преку 50 проценти прогрес на работите, а втората делница од Бељаковце до Крива Паланка е со  прогрес од над 20 проценти и исто така се работи со потребната динамика. Тоа што ни претстои како сериозен предизвик е изградбата на третата делница од Крива Паланка до граничен премин Деве Баир која е најсложена, за која веќе ја објавивме тендерската постапка, рече Бочварски.

Посочи дека има многу прашања околку либерализацијата што стартуваше на почетокот на годинава  во делот на товарниот сообраќај и порача дека тоа е единствен начин за да се зголеми конкуренцијата на железничкиот транспорт и да се овозможи нашите компании да имаат побрз, ефикасен транспорт и конкурентен производ на европските и светски пазари.

Го спомена и Меморандумот за разбирање што го потпишавме со Србија за наше приклучување кон проектот за брза пруга која ќе ги поврзе Белград и Скопје со модерна пруга со брзи перформанси во прва фаза, а потоа во втора фаза поврзување со Солун до солунското пристаниште.

null

Според директорот на ЈП за железничка инфраструктура Зоран Трифуновски, Железницата останува главен двигател за транспорт и развој, поради што фокусот е на инвестициите, за изградба на источниот крак на Коридор 8, каде се градат првите две делници, а за третата како што рече, во најскоро време ќе се избере изведувач.

-Поврзувањето со Бугарија го планираме со зачленување во ЕУ до 2030 година. Овој проект има огромно регионално значење и треба да донесе зголемен економски раст и размена на стока во земјите од Западен Балкан и пошироко, посочи Трифуновски, истакнувајќи дека се подготвува документација за изградба на западниот железнички дел на Коридор 8, како и проектна документација за ремонт на Коридор 10.

null

Првиот воз влечен од парна локомотива пристигнал на Железничката станица во Велес на 9-ти април 1973 година. На свеченоста по тој повод во Железничко патничката станица во Скопје, на Весна Стевановска, Димитар Ќамилов и Славица Маневска, тројца најискусни вработени кои се пред пензионирање, им беа врачени признанија.

The post По 151 година железница во Македонија, возовите одат 30 на час appeared first on Република.

]]>

Ветувања за инвестиции во изградба на источниот железнички дел од Коридорот 8, што ќе резултира со наше железничко поврзување со Бугарија како членка на ЕУ до 2030 година, ремонт на железничкиот дел од Коридорот 10, придобивки од либерализацијата што стартуваше во товарниот сообраќај со гаранција дека работните места нема да бидат загрозени, приклучување кон регионалниот проект за брза пруга... Вакви ветувања денеска изнесоа раководството на ЈП железничка инфраструктура и членови на Владата на свеченоста по повод 151 година од основањето на Македонски железници. - Заедно ќе ја трансформираме Железницата и ќе ја направиме европска и модерна. Со либерализацијата отворивме ново поглавје во железницата и создадовме нови можности, но нема потреба од загриженост за вашите работни места, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. null Битиќи посочи дека либерализацијата ќе значи и повеќе пари за модернизација на пругите, за проширување на железничката мрежа, односно зголемување на ефикасноста и ефективноста на железничкиот сообраќај во земјава. - На либерализацијата не треба да гледаме со страв, туку да ја прифатиме како можност да ја искористиме нашата стратешка локација. Со развојот што го нуди либерализација на железничкиот сообраќај, ќе поставиме нови основи за поддршка и стимулирање на економската активност, правејќи ја нашата земја уште попривлечен избор за бизнисите во Европската унија, кои барат сигурни, блиски и ефикасни решенија за приближување на своите добавувачки ланци. Концептот на near-shoring станува клучен за развојот на нашата економија, а железницата е таа која има стратешка и клучна улога Македонија да ја позиционира во срцето на европските синџири, рече Битиќи. null Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски порача дека  доизградбата на Коридор 8 како дел од регионалната транспортна мрежа е предуслов за одржлив економски раст и развој на целокупниот регион. - Првата делница од Куманово до Бељаковце за која очекуваме да биде завршена оваа година е со преку 50 проценти прогрес на работите, а втората делница од Бељаковце до Крива Паланка е со  прогрес од над 20 проценти и исто така се работи со потребната динамика. Тоа што ни претстои како сериозен предизвик е изградбата на третата делница од Крива Паланка до граничен премин Деве Баир која е најсложена, за која веќе ја објавивме тендерската постапка, рече Бочварски. Посочи дека има многу прашања околку либерализацијата што стартуваше на почетокот на годинава  во делот на товарниот сообраќај и порача дека тоа е единствен начин за да се зголеми конкуренцијата на железничкиот транспорт и да се овозможи нашите компании да имаат побрз, ефикасен транспорт и конкурентен производ на европските и светски пазари. Го спомена и Меморандумот за разбирање што го потпишавме со Србија за наше приклучување кон проектот за брза пруга која ќе ги поврзе Белград и Скопје со модерна пруга со брзи перформанси во прва фаза, а потоа во втора фаза поврзување со Солун до солунското пристаниште. null Според директорот на ЈП за железничка инфраструктура Зоран Трифуновски, Железницата останува главен двигател за транспорт и развој, поради што фокусот е на инвестициите, за изградба на источниот крак на Коридор 8, каде се градат првите две делници, а за третата како што рече, во најскоро време ќе се избере изведувач. -Поврзувањето со Бугарија го планираме со зачленување во ЕУ до 2030 година. Овој проект има огромно регионално значење и треба да донесе зголемен економски раст и размена на стока во земјите од Западен Балкан и пошироко, посочи Трифуновски, истакнувајќи дека се подготвува документација за изградба на западниот железнички дел на Коридор 8, како и проектна документација за ремонт на Коридор 10. null Првиот воз влечен од парна локомотива пристигнал на Железничката станица во Велес на 9-ти април 1973 година. На свеченоста по тој повод во Железничко патничката станица во Скопје, на Весна Стевановска, Димитар Ќамилов и Славица Маневска, тројца најискусни вработени кои се пред пензионирање, им беа врачени признанија.

The post По 151 година железница во Македонија, возовите одат 30 на час appeared first on Република.

]]>
Весиќ: Србија и Македонија ќе имаат заедничка железничка станица во Табановце https://arhiva3.republika.mk/vesti/vesik-srbija-i-severna-makedonija-ke-imaat-zaednichka-zheleznichka-stanitsa-vo-tabanovtse/ Thu, 06 Apr 2023 12:10:15 +0000 https://republika.mk/?p=627968

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави заедничка товарна железничка станица на Србија и Македонија во Табановце, јави дописиникот на МИА од Белград.

-Ќе имаме заедничка товарна железничка станица така што возовите повеќе нема да застануваат на граница, туку прегледот ќе се врши во Табановце. Кон средината на мај во Бијело Поље ќе отвориме заедничка железничка станица со Црна Гора така да возовите повеќе нема да застанува на граница туку во Бијело Поље каде ќе имаме царина и полиција, и српска и црногорска, и се ќе биде на едно место, изјави Весиќ за белградски Јуроњуз.

Тој додаде дека вакво нешто Србија ќе има и со Унгарија, во Сегедин, каде ќе се врши царината и пасошката контрола и оттаму возовите без застанување ќе влегуваат на територијата на Србија.

Весиќ изјави и дека брзата пруга меѓу Белград и Будимпешта ќе биде завршена во 2025 година и додаде дека срспскиот дел од пругата ќе буде завршен до 2024 година.

Меѓу другото, тој изјави и дека очекува од јули Србија да има интегрирана наплата на патарина со Македонија, а наскоро и со Хрватска.

-Тоа значи дека, доколку користите електронска наплата на патарина, ќе треба таг уредот да го врзете со платежна картичка и ќе можете целосно слободно да поминувате низ Македонија со српски таг што ќе работи на секоја патарина, а патарината ќе се наплаќа од платежната картичка и нема да има повеќе застанување, објасни Весиќ и додаде дека оние кои имаат таг од Македонија ќе можат да патуваат низ Србија на ист начин.

Весиќ кажа дека за ова се водат преговори и со Хрватска, дека за ова ќе биде вклучена и Албанија, а се разговара и со Грција.

Минатата недела, Весиќ и министерот за градежништво и транспорт на Унгарија, Лазар Јанош, изјавија дека ќе испратат заедничка покана до министрите за транспорт на Македонија, Албанија, Бугарија, Грција и Турција да дојдат во Белград за да разговараат за развојот на брзите железници во регионот, која прво ќе се изгради од Белград до Будимпешта, а подоцна и до македонската граница.

-Разговаравме за продолжување на брзата пруга кон Ниш, а подоцна и кон македонската граница. Се договоривме заеднички да потпишеме една иницијатива и да испратиме покана до министрите за транспорт на Турција, Бугарија, Македонија, Албанија и Грција и да разговараме за продолжување на брзата железница кон Албанија, односно преку Македонија кон Грција и преку Бугарија кон Истанбул, така што брзата железница навистина би имала смисла и ќе ги поврзе нашите две земји со турскиот и грчкиот брег за патнички и карго сообраќај, изјави Весиќ по средбата со Јанош

The post Весиќ: Србија и Македонија ќе имаат заедничка железничка станица во Табановце appeared first on Република.

]]>

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави заедничка товарна железничка станица на Србија и Македонија во Табановце, јави дописиникот на МИА од Белград. -Ќе имаме заедничка товарна железничка станица така што возовите повеќе нема да застануваат на граница, туку прегледот ќе се врши во Табановце. Кон средината на мај во Бијело Поље ќе отвориме заедничка железничка станица со Црна Гора така да возовите повеќе нема да застанува на граница туку во Бијело Поље каде ќе имаме царина и полиција, и српска и црногорска, и се ќе биде на едно место, изјави Весиќ за белградски Јуроњуз. Тој додаде дека вакво нешто Србија ќе има и со Унгарија, во Сегедин, каде ќе се врши царината и пасошката контрола и оттаму возовите без застанување ќе влегуваат на територијата на Србија. Весиќ изјави и дека брзата пруга меѓу Белград и Будимпешта ќе биде завршена во 2025 година и додаде дека срспскиот дел од пругата ќе буде завршен до 2024 година. Меѓу другото, тој изјави и дека очекува од јули Србија да има интегрирана наплата на патарина со Македонија, а наскоро и со Хрватска. -Тоа значи дека, доколку користите електронска наплата на патарина, ќе треба таг уредот да го врзете со платежна картичка и ќе можете целосно слободно да поминувате низ Македонија со српски таг што ќе работи на секоја патарина, а патарината ќе се наплаќа од платежната картичка и нема да има повеќе застанување, објасни Весиќ и додаде дека оние кои имаат таг од Македонија ќе можат да патуваат низ Србија на ист начин. Весиќ кажа дека за ова се водат преговори и со Хрватска, дека за ова ќе биде вклучена и Албанија, а се разговара и со Грција. Минатата недела, Весиќ и министерот за градежништво и транспорт на Унгарија, Лазар Јанош, изјавија дека ќе испратат заедничка покана до министрите за транспорт на Македонија, Албанија, Бугарија, Грција и Турција да дојдат во Белград за да разговараат за развојот на брзите железници во регионот, која прво ќе се изгради од Белград до Будимпешта, а подоцна и до македонската граница.
-Разговаравме за продолжување на брзата пруга кон Ниш, а подоцна и кон македонската граница. Се договоривме заеднички да потпишеме една иницијатива и да испратиме покана до министрите за транспорт на Турција, Бугарија, Македонија, Албанија и Грција и да разговараме за продолжување на брзата железница кон Албанија, односно преку Македонија кон Грција и преку Бугарија кон Истанбул, така што брзата железница навистина би имала смисла и ќе ги поврзе нашите две земји со турскиот и грчкиот брег за патнички и карго сообраќај, изјави Весиќ по средбата со Јанош

The post Весиќ: Србија и Македонија ќе имаат заедничка железничка станица во Табановце appeared first on Република.

]]>
Скопје и Белград ќе инвестираат во железничката инфраструктура на Коридорот 10 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/skopje-i-belgrad-kje-investiraat-vo-zeleznichkata-infrastruktura-na-koridorot-10/ Wed, 18 May 2022 11:54:25 +0000 https://republika.mk/?p=503841

Премиерите на Македонија и на Србија Димитар Ковачевски и Ана Брнабиќ денеска најавија модернизација на железничката пруга долж Коридорот 10. Ковачевски истакна дека мора да се инвестира во железничката инфраструктура на Коридорот 10 заради зголемување на капацитетот и зголемување на брзините на транспорт, додека Брнабиќ потенцира дека еден од следните приоритети на српската Влада е брза железница од Белград до границата со Македонија.

Во однос на железничката пруга која што се гради во Србија премиерката ме информираше за плановите, а во исто време и јас неа ја информирав за нашите планови на изградбата на инфраструктурата. Ние имаме отпочнување на еден голем инвестициски циклус во Македонија особено изградбата на Коридор 8, патната и железничката инфраструктура со оглед на тоа што Коридорот 10 што не поврзува со Република Србија и со Република Грција е комплетно изграден во делот на автопатското решение - рече Ковачевски.

Затоа кога разговараме со нашите европски партнери, посебно со ЕУ, со мултилатералните финансиски институции и кога разговараме за регионална соработка помеѓу двете земји, според премиерот, еден од приоритетите треба да ни биде и ќе ни биде заеднички настап во обезбедување на финансиски средства за модернизирање на железничката инфраструктура на Коридорот 10.

Српската премиерка Брнабиќ рече дека инфраструктурното поврзување и изградбата на патишта и пругите за што подобро поврзување на регионот е еден од основните столбови на регионалната соработка и поврзување.

Тоа обезбедува не само економиите и стопанствата да се поврзуваат и еднакво важно е, ако не и поважно, во одредени ситуации е да се поврзуваат и луѓето, да имаме запознавање, размена на искуства, знаење, патување, нешто што гарантира подобра иднина на нашите земји. Република Србија многу вложи во инфраструктурно поврзува со регионот и изградба на патишта и уште повеќе ќе вложи во изградба на пруги - рече таа.

Брнабиќ изрази задоволство што во нејзиниот мандат е завршен Коридорот 10, и потенцира дека следен приоритет на српската Влада е брза пруга, односно комплетна модернизација на железницата на Коридорот 10 односно пругата од Белград до границата со Македонија.

Премиерите Ковачевски и Брнабиќ денеска во Скопје учествуваа на Регионалниот самит Македонија 2025, а имаа и билатерална средба.

The post Скопје и Белград ќе инвестираат во железничката инфраструктура на Коридорот 10 appeared first on Република.

]]>

Премиерите на Македонија и на Србија Димитар Ковачевски и Ана Брнабиќ денеска најавија модернизација на железничката пруга долж Коридорот 10. Ковачевски истакна дека мора да се инвестира во железничката инфраструктура на Коридорот 10 заради зголемување на капацитетот и зголемување на брзините на транспорт, додека Брнабиќ потенцира дека еден од следните приоритети на српската Влада е брза железница од Белград до границата со Македонија.
Во однос на железничката пруга која што се гради во Србија премиерката ме информираше за плановите, а во исто време и јас неа ја информирав за нашите планови на изградбата на инфраструктурата. Ние имаме отпочнување на еден голем инвестициски циклус во Македонија особено изградбата на Коридор 8, патната и железничката инфраструктура со оглед на тоа што Коридорот 10 што не поврзува со Република Србија и со Република Грција е комплетно изграден во делот на автопатското решение - рече Ковачевски.
Затоа кога разговараме со нашите европски партнери, посебно со ЕУ, со мултилатералните финансиски институции и кога разговараме за регионална соработка помеѓу двете земји, според премиерот, еден од приоритетите треба да ни биде и ќе ни биде заеднички настап во обезбедување на финансиски средства за модернизирање на железничката инфраструктура на Коридорот 10. Српската премиерка Брнабиќ рече дека инфраструктурното поврзување и изградбата на патишта и пругите за што подобро поврзување на регионот е еден од основните столбови на регионалната соработка и поврзување.
Тоа обезбедува не само економиите и стопанствата да се поврзуваат и еднакво важно е, ако не и поважно, во одредени ситуации е да се поврзуваат и луѓето, да имаме запознавање, размена на искуства, знаење, патување, нешто што гарантира подобра иднина на нашите земји. Република Србија многу вложи во инфраструктурно поврзува со регионот и изградба на патишта и уште повеќе ќе вложи во изградба на пруги - рече таа.
Брнабиќ изрази задоволство што во нејзиниот мандат е завршен Коридорот 10, и потенцира дека следен приоритет на српската Влада е брза пруга, односно комплетна модернизација на железницата на Коридорот 10 односно пругата од Белград до границата со Македонија. Премиерите Ковачевски и Брнабиќ денеска во Скопје учествуваа на Регионалниот самит Македонија 2025, а имаа и билатерална средба.

The post Скопје и Белград ќе инвестираат во железничката инфраструктура на Коридорот 10 appeared first on Република.

]]>