зеленило Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zelenilo/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Oct 2023 11:53:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зеленило Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zelenilo/ 32 32 Скопје има поразителни 24% зеленило на својата територија https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopje-ima-porazitelni-24-zelenilo-na-svojata-teritorija/ Mon, 23 Oct 2023 11:53:12 +0000 https://republika.mk/?p=694160

Скопје има поразителни 24% вкупно зеленило на својата територија, од кои само очајни 6% се јавни зелени простори, а 15% се дрвја.

– Ако целиме да го зголемиме овој процент, најнапред мора да го спречиме целосното уништување зеленило на приватните градежни парцели во урбаните подрачја – вели Драгана Велковска од „Зелен хуман град“.

Инаку, за споредба во просек, околу 40% од површината на европските градови се состои од урбана зелена инфраструктура, со тоа што 44% од населението во урбани подрачја во Европа живее на 300 метри оддалеченост од парк.

Некои градови, како што се Виена и Фрајбург, имаат дури и шумски површини во нивните градски центри. Според Европската агенција за животна средина (податоци од 2018 година), 74% од територијата на Загреб и 67% од територијата на Љубљана се покриени со зеленило.

The post Скопје има поразителни 24% зеленило на својата територија appeared first on Република.

]]>

Скопје има поразителни 24% вкупно зеленило на својата територија, од кои само очајни 6% се јавни зелени простори, а 15% се дрвја.
– Ако целиме да го зголемиме овој процент, најнапред мора да го спречиме целосното уништување зеленило на приватните градежни парцели во урбаните подрачја – вели Драгана Велковска од „Зелен хуман град“.
Инаку, за споредба во просек, околу 40% од површината на европските градови се состои од урбана зелена инфраструктура, со тоа што 44% од населението во урбани подрачја во Европа живее на 300 метри оддалеченост од парк. Некои градови, како што се Виена и Фрајбург, имаат дури и шумски површини во нивните градски центри. Според Европската агенција за животна средина (податоци од 2018 година), 74% од територијата на Загреб и 67% од територијата на Љубљана се покриени со зеленило.

The post Скопје има поразителни 24% зеленило на својата територија appeared first on Република.

]]>
Во Скопје веќе нема да да се сече зеленило без знаење на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-skopje-vekje-nema-da-da-se-seche-zelenilo-bez-znaenje-na-gragjanite/ Wed, 14 Dec 2022 20:54:28 +0000 https://republika.mk/?p=585748

Во Скопје повеќе нема да може да се сече, корне, кастри зеленило без знаење на граѓаните.

Советот на Град Скопје го усвои предлогот на „Зелен хуман град“ за јавно објавување на решенијата за интервенција врз зеленило и со тоа донесе, како што велат од граѓанската иницијатива, „историска одлука за Скопје“.

Со донесувањето на ваква одлука сите решенија што Град Скопје ги издава за интервенција врз зеленило ќе бидат јавно објавувани заедно со записниците на денот на нивното издавање. Решенијата нема да стануваат правосилни додека не истече законски утврдениот рок за жалба и не поминат процесите на обжалување, споделија од ЗХГ на социјалните мрежи.

Ова е огромен напредок во заштитата на зеленилото во Скопје и во овозможувањето пристап до правда за граѓаните со цел заштита и унапредување на животната средина и природата“, велат од ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД и додаваат дека за нивниот предлог гласале 28 советници од сите советнички групи.

 

The post Во Скопје веќе нема да да се сече зеленило без знаење на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Во Скопје повеќе нема да може да се сече, корне, кастри зеленило без знаење на граѓаните. Советот на Град Скопје го усвои предлогот на „Зелен хуман град“ за јавно објавување на решенијата за интервенција врз зеленило и со тоа донесе, како што велат од граѓанската иницијатива, „историска одлука за Скопје“. Со донесувањето на ваква одлука сите решенија што Град Скопје ги издава за интервенција врз зеленило ќе бидат јавно објавувани заедно со записниците на денот на нивното издавање. Решенијата нема да стануваат правосилни додека не истече законски утврдениот рок за жалба и не поминат процесите на обжалување, споделија од ЗХГ на социјалните мрежи.
Ова е огромен напредок во заштитата на зеленилото во Скопје и во овозможувањето пристап до правда за граѓаните со цел заштита и унапредување на животната средина и природата“, велат од ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД и додаваат дека за нивниот предлог гласале 28 советници од сите советнички групи.
 

The post Во Скопје веќе нема да да се сече зеленило без знаење на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Експерти од Шумарски факултет ќе работат со Град Скопје за зачувување и зголемување на зеленилото https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/eksperti-od-shumarski-fakultet-kje-rabotat-so-grad-skopje-za-zachuvuvanje-i-zgolemuvanje-na-zeleniloto/ Mon, 18 Apr 2022 11:13:23 +0000 https://republika.mk/?p=489971

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и деканот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, проф. др. Кирил Сотировски Скопје, потпишаа Меморандум за соработка за овозможување унапредување и развој во областа на шумарството, заштитата и унапредувањето на животната средина, вклучувајќи ги аспектите кои се однесуваат на урбано зеленило, теренската и научноистражувачката работа, како и обуки за трансфер на знаења во наведените области.

Системски пристапуваме кон заштитата на постојното зеленило во градот, кон планирањето и подигањето нови зелени површини, засадувањето нови дрвја и заштита на животната средина. Како резултат на оваа нашата соработка се формираат работни групи во кои учествуваат стручни лица од секторите за комунални работи и заштита на животната средина од Град Скопје, од ЈП Паркови и зеленило и Шумарскиот факултет кои ќе работат на проценка на дрвјата во градот. Со овој пристап нема да дозволиме да се отстрани ниту едно здраво дрво, а дополнително со соодветна поддршка во форма на трансфер на знаења од факултетот, ќе се обозможи новите дрвја да бидат квалитетно и успешно засадени, истакна градоначалничката Арсовска, на потпишувањето на овој значаен документ.

Според меморандумот, Градот Скопје и Факултетот ќе соработуваат при спроведување на проекти во областа на зеленилото и заштита и унапредување на животната средина, вклучувајќи ги следните аспекти:

-урбано зеленило (урбана дендрофлора, проектирање и подигање на зелени површини,

-заштита и одгледување на урбано зеленило и цветни култури,

-проценка на здравствена состојба на растенија, фитопатолошка и ентомолошка заштита, педолошки анализи,

-производство на декоративни садници, парковски инфрастуктурни објекти и елементи),

-вонградско зеленило (планирање, пошумување и одгледување, здравствени аспекти на зеленилото, заштита на шумите и зеленилото, екологија и одржлив развој, заштита на земјиштето од ерозија, уредување на поројни водотеци и рекултивација на копови, депонии и јаловишта со акцент на биолошките аспекти, управување со опасности и ризици од некои природни непогоди, периурбана дендрофлора),

-машини и механизација,

-датабази за зеленилото,

-социоекономски аспекти на зеленилото,

-стратегиска оцена и оцена на влијание врз животната средина,

-теренска и научноистражувачка работа, како и обуки за трансфер на знаења во наведените области.

The post Експерти од Шумарски факултет ќе работат со Град Скопје за зачувување и зголемување на зеленилото appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и деканот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, проф. др. Кирил Сотировски Скопје, потпишаа Меморандум за соработка за овозможување унапредување и развој во областа на шумарството, заштитата и унапредувањето на животната средина, вклучувајќи ги аспектите кои се однесуваат на урбано зеленило, теренската и научноистражувачката работа, како и обуки за трансфер на знаења во наведените области.
Системски пристапуваме кон заштитата на постојното зеленило во градот, кон планирањето и подигањето нови зелени површини, засадувањето нови дрвја и заштита на животната средина. Како резултат на оваа нашата соработка се формираат работни групи во кои учествуваат стручни лица од секторите за комунални работи и заштита на животната средина од Град Скопје, од ЈП Паркови и зеленило и Шумарскиот факултет кои ќе работат на проценка на дрвјата во градот. Со овој пристап нема да дозволиме да се отстрани ниту едно здраво дрво, а дополнително со соодветна поддршка во форма на трансфер на знаења од факултетот, ќе се обозможи новите дрвја да бидат квалитетно и успешно засадени, истакна градоначалничката Арсовска, на потпишувањето на овој значаен документ.
Според меморандумот, Градот Скопје и Факултетот ќе соработуваат при спроведување на проекти во областа на зеленилото и заштита и унапредување на животната средина, вклучувајќи ги следните аспекти:
-урбано зеленило (урбана дендрофлора, проектирање и подигање на зелени површини, -заштита и одгледување на урбано зеленило и цветни култури, -проценка на здравствена состојба на растенија, фитопатолошка и ентомолошка заштита, педолошки анализи, -производство на декоративни садници, парковски инфрастуктурни објекти и елементи), -вонградско зеленило (планирање, пошумување и одгледување, здравствени аспекти на зеленилото, заштита на шумите и зеленилото, екологија и одржлив развој, заштита на земјиштето од ерозија, уредување на поројни водотеци и рекултивација на копови, депонии и јаловишта со акцент на биолошките аспекти, управување со опасности и ризици од некои природни непогоди, периурбана дендрофлора), -машини и механизација, -датабази за зеленилото, -социоекономски аспекти на зеленилото, -стратегиска оцена и оцена на влијание врз животната средина, -теренска и научноистражувачка работа, како и обуки за трансфер на знаења во наведените области.

The post Експерти од Шумарски факултет ќе работат со Град Скопје за зачувување и зголемување на зеленилото appeared first on Република.

]]>
Град Скопје ќе додели средства за сите 10 скопски општини за нови паркови и зеленило https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-kje-dodeli-sredstva-za-site-10-skopski-opshtini-za-novi-parkovi-i-zelenilo/ Thu, 24 Feb 2022 14:29:00 +0000 https://republika.mk/?p=463243

Советот на Град Скопје на денешната седница донесе повеќе одлуки за меѓуопштинска соработка со скопските општини. Со првата одлука, предвидено е Град Скопје да издвои средства за 10те скопски општини за реконструкција и хортикултурно уредување на постојните зелени парковски површини, како и садење нови садници и цвеќе.

Од овие средства ќе се реализираат голем број на заеднички проекти со општините со кои ќе зголеми зеленилото во градот Скопје.

Советиците на денешната седница донесоа и две одлуки за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општината Кисела Вода, првата за изградба на атмосферска, додека втората за изградба на фекална канализација.

Со првата одлука е предвидено целосно финансирање на изградбата на атмосферска канализација по дел од улиците Димо Хаџи Димов и Божидар Аџија – крак 2.

Со втората одлука, Град Скопје ќе ја финансира изградбата на фекалната канализација во населбата Градинар. Општина Кисела Вода во проектот ќе учествува преку финансирање на изработка на Урбанистички и Основен проект за линиски инфраструктурни градби на дел од булеварот Борис Трајковски за фекална канализација во населба Градинар.

The post Град Скопје ќе додели средства за сите 10 скопски општини за нови паркови и зеленило appeared first on Република.

]]>

Советот на Град Скопје на денешната седница донесе повеќе одлуки за меѓуопштинска соработка со скопските општини. Со првата одлука, предвидено е Град Скопје да издвои средства за 10те скопски општини за реконструкција и хортикултурно уредување на постојните зелени парковски површини, како и садење нови садници и цвеќе. Од овие средства ќе се реализираат голем број на заеднички проекти со општините со кои ќе зголеми зеленилото во градот Скопје. Советиците на денешната седница донесоа и две одлуки за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општината Кисела Вода, првата за изградба на атмосферска, додека втората за изградба на фекална канализација. Со првата одлука е предвидено целосно финансирање на изградбата на атмосферска канализација по дел од улиците Димо Хаџи Димов и Божидар Аџија – крак 2. Со втората одлука, Град Скопје ќе ја финансира изградбата на фекалната канализација во населбата Градинар. Општина Кисела Вода во проектот ќе учествува преку финансирање на изработка на Урбанистички и Основен проект за линиски инфраструктурни градби на дел од булеварот Борис Трајковски за фекална канализација во населба Градинар.

The post Град Скопје ќе додели средства за сите 10 скопски општини за нови паркови и зеленило appeared first on Република.

]]>