зелена табла Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zelena-tabla/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Mar 2022 09:53:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зелена табла Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zelena-tabla/ 32 32 На Табановце поставена првата табла за Зелена лента за Отворен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-tabanovce-postavena-prvata-tabla-za-zelena-lenta-za-otvoren-balkan/ Sat, 19 Mar 2022 09:59:16 +0000 https://republika.mk/?p=475315

На граничниот премин „Табановце“, на влез во Македонија, Царинската управа  ја постави првата табла за Зелена лента за Отворен Балкан што, како што информира денеска Владата, е еден од првите проекти на иницијативата кои даваат конкретен и видлив резултат за побрз проток на стоки, услуги, луѓе и капитал.

Најважната придобивка од Зелената лента за компаниите и транспортерите, како и за Овластените економски оператори од Отворен Балкан е намалување на времето на чекање на граничните премини. Тоа е овозможено преку приоритет во преминувањето и спроведување на царинските постапки со скратени и олеснети физички и документациски контроли, информира владината прес-служба.

Со визуелното обележување на Зелената лента за Отворен Балкан, Царинската управа ги упатува транспортерите кон полесно движење на стоките и намалување на трошоците за извоз и увоз.

Од Владата најавуваат дека следната недела вакви обележја ќе бидат поставени и на граничниот премин „Ќафасан“ при влез во Македонија, а потоа тоа ќе го направат и партнерите од Србија и Албанија на позициите при влез од нашата држава во тие две држави.

Одобрението за овластен економски оператор кој го издава Царинската управа претставува потврда дека лицето имател на ОЕО е сигурен и безбеден партнер на царинскиот орган и има контрола над процесите на своето работење, а со протоколите кои меѓусебно ги потпишавме тие потврди се еднакво валидни и за земјите кои се дел од иницијативата Отворен Балкан. Ова е значајна придобивка за компаниите од трите земји кои побрзо и поефикасно можат да ја пласираат својата роба, истакнуваат од Владата.

The post На Табановце поставена првата табла за Зелена лента за Отворен Балкан appeared first on Република.

]]>

На граничниот премин „Табановце“, на влез во Македонија, Царинската управа  ја постави првата табла за Зелена лента за Отворен Балкан што, како што информира денеска Владата, е еден од првите проекти на иницијативата кои даваат конкретен и видлив резултат за побрз проток на стоки, услуги, луѓе и капитал.
Најважната придобивка од Зелената лента за компаниите и транспортерите, како и за Овластените економски оператори од Отворен Балкан е намалување на времето на чекање на граничните премини. Тоа е овозможено преку приоритет во преминувањето и спроведување на царинските постапки со скратени и олеснети физички и документациски контроли, информира владината прес-служба.
Со визуелното обележување на Зелената лента за Отворен Балкан, Царинската управа ги упатува транспортерите кон полесно движење на стоките и намалување на трошоците за извоз и увоз.   Од Владата најавуваат дека следната недела вакви обележја ќе бидат поставени и на граничниот премин „Ќафасан“ при влез во Македонија, а потоа тоа ќе го направат и партнерите од Србија и Албанија на позициите при влез од нашата држава во тие две држави.