зелена енергија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zelena-energija/ За подобро да се разбереме Sun, 22 Sep 2024 07:12:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зелена енергија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zelena-energija/ 32 32 РЕК Битола меѓу „кафеавата“ и „зелената“ енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rek-bitola-megu-kafeavata-i-zelenata-energija/ Sun, 22 Sep 2024 07:12:55 +0000 https://republika.mk/?p=818608

Рударско-енергетскиот комбинат-РЕК „Битола“ има ново раководство, но останува со старите проблеми и предизвици. Во пресрет на грејната сезона, главниот акцент ќе биде ставен на производството на струја, но со оглед на тоа дека до крајниот производ се доаѓа со откоп и преработка на јаглен, и оваа година извесен е „судирот“ меѓу „кафеавата“ и „зелената“ енергија или како што битолчани велат „РЕК пак ќе биде меѓу чеканот и наковалната“.

Глобалната мрежа на еколошки навладини организации „Бенквоч“ со седиште во Прага во најновиот извештај повторно посочува на зголемено загадување од јаглен во државите од регионот кое доаѓа од работата на застарените термоцентрали. Во извештајот, еко-активистите предочуваат дека зголемено е загадувањето на воздухот со сулфур диоксид, а над дозволеното ниво се емисиите на прашина и азотни оксиди. Илустрирано со бројки, емисиите на сулфур диоксид во државите од Западен Балкан се 5,7 пати повисоки од дозволеното ниво, со што директно се прекршени правилата за контрола на загадувањето утврдени со Договорот за Енергетска заедница.

Според документ на Бенквоч, во Македонија, битолската термоелектрана е најголем загадувач на возухот, а емиисиите на сулфур диоксид се 10 пати поголеми од дозволениот лимит, со што директно и штетно се влијае врз здравјето на населението.

Со документот запознати се и во АД ЕСМ од каде за МИА информираа дека остануваат посветени на развојот на енергетскиот потенцијал преку проекти кои се дел од процесот на декарбонизација, без притоа да наведат детали.

Зелената транзиција на која компанијата посветено работи, а која е дел од Националната стратегија за енергетика, предвидува сериозни инвестиции во капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија. На долг рок, очекуваните ефекти ќе се одразат не само врз зголеменото и стабилно производство на електрична енергија, туку и во областа на заштитата на животната средина. Притоа, зелената транзиција мора да биде и праведна транзиција, односно одржливиот енергетски развој нема да ги стави само во оптимален капацитет енергетските ресурси, туку и ќе креира работни места во секторот на зелената економија, велат од АД ЕСМ.

Јагленот останува основно гориво за термоелектраните

Според извештајот за работата на АД ЕСМ за 2022 година, од македонските рудници „Суводол“, „Осломеј“ и „Брод-Гнеотино“ ископани се 5.049.885 тони јаглен, а заради потребата од поголемо производство вршена е и дополнителна набавка на јаглен.

Во трката за што повеќе количини јаглен, се чини Сонцето останува во сенка, односно обновливите извори на енергија како единствен патоказ и виза за работа на производствените капацитите за кои сугерира меѓународната еко-заедница. Впрочем, во извештајот на „Бенквоч“ се нагласува дека Македонија треба да го забрза преминот кон обновливи извори на енергија, и наместо во нови јагленокопи, да се фокусира на технолошки решенија коишто ќе го намалат загадувањето.

Во реалниот живот ситуацијата е поинаква. Во Пелагонија ќе се продолжи со експлоатација на минералната суровина  јаглен на локалитетот „Брод-Гнеотино“ за што е изработена студија за оправданост, изработен е главен рударски проект за отворање и експлоатација на јаглен од рудник „Живојно“, а има активности и за детални геолошки истражни работи во наоѓалиштата за јаглен „Дедебалци“ кај Новаци и „Гуштерица“-Осломеј, но и во Мариово. Дел од изборната програма на владејачката партија се продолжување на животниот век на термоелектричните централи во РЕК „Битола“ преку отворање на новите рудници „Живојно“ и „Мариово“, и двата со можност за површинска експлоатација од околу два милиони тони јаглен годишно со цел да продолжи експлоатациониот век на РЕК „Битола“.

Во АД ЕСМ се свесни дека транзицијата е скапа, но ако доцни ќе биде уште поскапа. Примерите за енергетска транзиција врзани за ТЕЦ „Осломеј“ каде е изградена фотонапонска електрана, желбата за зелена енергија и декарбонизација, како и повременото засадување на дрвца и понатаму се недоволен придонес во заштитата на животната средина.

Во мисијата на АД ЕСМ е нагласена определбата за сведување на минимум на штетните влијанија од производствените капацитети врз животната средина, но мерките и напорите, барем според Бенквоч, не даваат резултати.

Вршиме редовен мониторниг на сопствените капацитети и нивното влијание врз животната средина. Континуирано ги следиме количините штетни гасови и честички што се емитираат во воздухот од термоелектричните централи и транспарентно ги објавуваме, може да се прочита на веб страницата на АД ЕСМ.

Во меѓувреме, во земјава и државите од регионот продолжува користењето на старите електрани на јаглен затоа што врз компаниите никој не предвидел санкции. Впрочем, и во извештајот на Бенквоч се нагласува дека Секретаријатот на Енергетската заедница покренал неколку случаи за прекршување на одредбите од Договорот, но засега ниту една од постројките на јаглен не е санкционирана, ниту постојат јасни ажурирани и реални планови за нивно затворање или услогласување со еколошките стандарди.

The post РЕК Битола меѓу „кафеавата“ и „зелената“ енергија appeared first on Република.

]]>

Рударско-енергетскиот комбинат-РЕК „Битола“ има ново раководство, но останува со старите проблеми и предизвици. Во пресрет на грејната сезона, главниот акцент ќе биде ставен на производството на струја, но со оглед на тоа дека до крајниот производ се доаѓа со откоп и преработка на јаглен, и оваа година извесен е „судирот“ меѓу „кафеавата“ и „зелената“ енергија или како што битолчани велат „РЕК пак ќе биде меѓу чеканот и наковалната“. Глобалната мрежа на еколошки навладини организации „Бенквоч“ со седиште во Прага во најновиот извештај повторно посочува на зголемено загадување од јаглен во државите од регионот кое доаѓа од работата на застарените термоцентрали. Во извештајот, еко-активистите предочуваат дека зголемено е загадувањето на воздухот со сулфур диоксид, а над дозволеното ниво се емисиите на прашина и азотни оксиди. Илустрирано со бројки, емисиите на сулфур диоксид во државите од Западен Балкан се 5,7 пати повисоки од дозволеното ниво, со што директно се прекршени правилата за контрола на загадувањето утврдени со Договорот за Енергетска заедница. Според документ на Бенквоч, во Македонија, битолската термоелектрана е најголем загадувач на возухот, а емиисиите на сулфур диоксид се 10 пати поголеми од дозволениот лимит, со што директно и штетно се влијае врз здравјето на населението. Со документот запознати се и во АД ЕСМ од каде за МИА информираа дека остануваат посветени на развојот на енергетскиот потенцијал преку проекти кои се дел од процесот на декарбонизација, без притоа да наведат детали.
Зелената транзиција на која компанијата посветено работи, а која е дел од Националната стратегија за енергетика, предвидува сериозни инвестиции во капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија. На долг рок, очекуваните ефекти ќе се одразат не само врз зголеменото и стабилно производство на електрична енергија, туку и во областа на заштитата на животната средина. Притоа, зелената транзиција мора да биде и праведна транзиција, односно одржливиот енергетски развој нема да ги стави само во оптимален капацитет енергетските ресурси, туку и ќе креира работни места во секторот на зелената економија, велат од АД ЕСМ.

Јагленот останува основно гориво за термоелектраните

Според извештајот за работата на АД ЕСМ за 2022 година, од македонските рудници „Суводол“, „Осломеј“ и „Брод-Гнеотино“ ископани се 5.049.885 тони јаглен, а заради потребата од поголемо производство вршена е и дополнителна набавка на јаглен. Во трката за што повеќе количини јаглен, се чини Сонцето останува во сенка, односно обновливите извори на енергија како единствен патоказ и виза за работа на производствените капацитите за кои сугерира меѓународната еко-заедница. Впрочем, во извештајот на „Бенквоч“ се нагласува дека Македонија треба да го забрза преминот кон обновливи извори на енергија, и наместо во нови јагленокопи, да се фокусира на технолошки решенија коишто ќе го намалат загадувањето. Во реалниот живот ситуацијата е поинаква. Во Пелагонија ќе се продолжи со експлоатација на минералната суровина  јаглен на локалитетот „Брод-Гнеотино“ за што е изработена студија за оправданост, изработен е главен рударски проект за отворање и експлоатација на јаглен од рудник „Живојно“, а има активности и за детални геолошки истражни работи во наоѓалиштата за јаглен „Дедебалци“ кај Новаци и „Гуштерица“-Осломеј, но и во Мариово. Дел од изборната програма на владејачката партија се продолжување на животниот век на термоелектричните централи во РЕК „Битола“ преку отворање на новите рудници „Живојно“ и „Мариово“, и двата со можност за површинска експлоатација од околу два милиони тони јаглен годишно со цел да продолжи експлоатациониот век на РЕК „Битола“. Во АД ЕСМ се свесни дека транзицијата е скапа, но ако доцни ќе биде уште поскапа. Примерите за енергетска транзиција врзани за ТЕЦ „Осломеј“ каде е изградена фотонапонска електрана, желбата за зелена енергија и декарбонизација, како и повременото засадување на дрвца и понатаму се недоволен придонес во заштитата на животната средина. Во мисијата на АД ЕСМ е нагласена определбата за сведување на минимум на штетните влијанија од производствените капацитети врз животната средина, но мерките и напорите, барем според Бенквоч, не даваат резултати.
Вршиме редовен мониторниг на сопствените капацитети и нивното влијание врз животната средина. Континуирано ги следиме количините штетни гасови и честички што се емитираат во воздухот од термоелектричните централи и транспарентно ги објавуваме, може да се прочита на веб страницата на АД ЕСМ.
Во меѓувреме, во земјава и државите од регионот продолжува користењето на старите електрани на јаглен затоа што врз компаниите никој не предвидел санкции. Впрочем, и во извештајот на Бенквоч се нагласува дека Секретаријатот на Енергетската заедница покренал неколку случаи за прекршување на одредбите од Договорот, но засега ниту една од постројките на јаглен не е санкционирана, ниту постојат јасни ажурирани и реални планови за нивно затворање или услогласување со еколошките стандарди.

The post РЕК Битола меѓу „кафеавата“ и „зелената“ енергија appeared first on Република.

]]>
Анализа на „Еуроњуз“: Дали Македонија ќе може да се откаже од јагленот? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/analiza-na-euronuz-dali-makedonija-ke-mozhe-da-se-otkazhe-od-jaglenot/ Mon, 11 Dec 2023 17:06:08 +0000 https://republika.mk/?p=721866

Македонија има околу 280 сончеви денови во текот на годината, со што идејата за постепеното исфрлање на јагленот од употреба наликува на лесна задача, но како последица на енергетската криза во моментов се случуваат спротивни тенденции – старите електрани на јаглен ослободуваат огромни количества на токсични емисии во воздухот, а дури се отвораат нови рудници за лигнит, наведува „Еуроњуз“ во текст посветен на транзицијата кон зелена енергија во земјава.

Авторот на написот посочува дека и покрај ветувањата дека ќе стане првата „држава без јаглен“ на Западниот Балкан, земјава во неколку наврати го одлага рокот за затворање на електраните на јаглен.

Според „Еуроњуз“, дури 47 отсто од електричната енергија во земјата се произведува од лигнит, при што активни се две термоцентрали „РЕК Битола“ и „РЕК Осломеј“.

Директор на „РЕК Битола“, Пеце Матевски за „Еурактив“ вели дека покрај постојните ископи за јаглен во близина на електраната, се очекува отворање на уште еден рудник.

Наскоро ќе го отвориме „Живојно“. Во следните 30 години ќе имаме доволно јаглен за работа и функционирање на електраната, додава Матевски.

Во текстот се посочува дека првично земјава планираше целосно исфрлање на јагленот од употреба до 2027 година, но енергетската криза ги промени плановите и сега рокот за остварување на оваа цел е продолжен до 2030 година.

Активистката за енергетска трансформација во невладината организација „ЦЕЕ Бенквоч“, Невена Смилевска оценува дека натамошното одлагање на оваа транзиција би може да има влијание врз пристапувањето на земјата во Европската Унија.

Датумот за затворање треба да остане 2030 година. Малку е веројатно дека ќе ни биде дозволено да го игнорираме Европскиот зелен договор, вели Смилевска за „Еуроњуз“.

Според неа, земјата ќе мора да ги затвори електраните на јаглен пред зачленувањето во ЕУ.

Нема логика да добиете грант за „Праведна транзиција“ за ослободување од јагленот и да отворате нов рудник за јаглен. Ова е неприфатливо и целосно ќе ја уништи стратегијата за откажување на јагленот, смета Смилевска.

Според „Еуроњуз“, резервите на лигнит на земјата се при крај, па таа ќе мора да увезува јаглен од соседните земји.

Силното потпирање на фосилните горива не го подобрува квалитетот на воздухот. Во 2022 година, електраната на јаглен во Битола имаше најголеми емисии на сулфур диоксид и прашина во регионот на Западниот Балкан. Ослободени се 111.000 тони сулфур диоксид – 17 пати повеќе од дозволеното, се наведува во текстот.

Авторот на написот посочува дека земјава со просек од 280 сончеви денови во годината има идеални услови за производство на сончева енергија, па така во најстарата електрана на јаглен „РЕК Осломеј“, што се наоѓа на 120 километри од Скопје, начинот на производство на струја треба да се промени со изградбата на соларната централа над отворениот коп за лигнит. Сепак, фотоволтаичната централа чека година и половина за да почне да ја напојува мрежата со електрична енергија.

Се уште чекаме некои дозволи од надлежните, вели директорот на фотоволтаичната централа Чедомир Арсовски за „Еуроњуз“.

Во текстот натаму се наведува дека договорот постигнат на Самитот за климата – КОП28 во Дубаи, сепак би можел да ја забрза енергетската транзиција на Македонија, во услови кога меѓународните кредитори најавија дека ќе финансираат план од три милијарди евра за целосно затворање на електраните на јаглен во земјата до 2030 година и нивна замена со соларни, хидро, ветерни и гасни централи.

Целта е да се обезбеди „Праведна транзиција“, со производство на 1,7 гигавати обновлива енергија и со мултиплицирање на капацитетите за складирање енергија, додека се надградуваат мрежните врски. Дали овој пат ќе се постигне зелената амбиција на Македонија? Ако земјата успее да се ослободи од јагленот до 2030 година, тоа би можело да биде пример за целиот регион на Западниот Балкан, но и за некои членки на ЕУ, се заклучува во текстот.

The post Анализа на „Еуроњуз“: Дали Македонија ќе може да се откаже од јагленот? appeared first on Република.

]]>

Македонија има околу 280 сончеви денови во текот на годината, со што идејата за постепеното исфрлање на јагленот од употреба наликува на лесна задача, но како последица на енергетската криза во моментов се случуваат спротивни тенденции – старите електрани на јаглен ослободуваат огромни количества на токсични емисии во воздухот, а дури се отвораат нови рудници за лигнит, наведува „Еуроњуз“ во текст посветен на транзицијата кон зелена енергија во земјава. Авторот на написот посочува дека и покрај ветувањата дека ќе стане првата „држава без јаглен“ на Западниот Балкан, земјава во неколку наврати го одлага рокот за затворање на електраните на јаглен. Според „Еуроњуз“, дури 47 отсто од електричната енергија во земјата се произведува од лигнит, при што активни се две термоцентрали „РЕК Битола“ и „РЕК Осломеј“. Директор на „РЕК Битола“, Пеце Матевски за „Еурактив“ вели дека покрај постојните ископи за јаглен во близина на електраната, се очекува отворање на уште еден рудник.
Наскоро ќе го отвориме „Живојно“. Во следните 30 години ќе имаме доволно јаглен за работа и функционирање на електраната, додава Матевски.
Во текстот се посочува дека првично земјава планираше целосно исфрлање на јагленот од употреба до 2027 година, но енергетската криза ги промени плановите и сега рокот за остварување на оваа цел е продолжен до 2030 година. Активистката за енергетска трансформација во невладината организација „ЦЕЕ Бенквоч“, Невена Смилевска оценува дека натамошното одлагање на оваа транзиција би може да има влијание врз пристапувањето на земјата во Европската Унија.
Датумот за затворање треба да остане 2030 година. Малку е веројатно дека ќе ни биде дозволено да го игнорираме Европскиот зелен договор, вели Смилевска за „Еуроњуз“.
Според неа, земјата ќе мора да ги затвори електраните на јаглен пред зачленувањето во ЕУ.
Нема логика да добиете грант за „Праведна транзиција“ за ослободување од јагленот и да отворате нов рудник за јаглен. Ова е неприфатливо и целосно ќе ја уништи стратегијата за откажување на јагленот, смета Смилевска.
Според „Еуроњуз“, резервите на лигнит на земјата се при крај, па таа ќе мора да увезува јаглен од соседните земји.
Силното потпирање на фосилните горива не го подобрува квалитетот на воздухот. Во 2022 година, електраната на јаглен во Битола имаше најголеми емисии на сулфур диоксид и прашина во регионот на Западниот Балкан. Ослободени се 111.000 тони сулфур диоксид – 17 пати повеќе од дозволеното, се наведува во текстот.
Авторот на написот посочува дека земјава со просек од 280 сончеви денови во годината има идеални услови за производство на сончева енергија, па така во најстарата електрана на јаглен „РЕК Осломеј“, што се наоѓа на 120 километри од Скопје, начинот на производство на струја треба да се промени со изградбата на соларната централа над отворениот коп за лигнит. Сепак, фотоволтаичната централа чека година и половина за да почне да ја напојува мрежата со електрична енергија.
Се уште чекаме некои дозволи од надлежните, вели директорот на фотоволтаичната централа Чедомир Арсовски за „Еуроњуз“.
Во текстот натаму се наведува дека договорот постигнат на Самитот за климата – КОП28 во Дубаи, сепак би можел да ја забрза енергетската транзиција на Македонија, во услови кога меѓународните кредитори најавија дека ќе финансираат план од три милијарди евра за целосно затворање на електраните на јаглен во земјата до 2030 година и нивна замена со соларни, хидро, ветерни и гасни централи.
Целта е да се обезбеди „Праведна транзиција“, со производство на 1,7 гигавати обновлива енергија и со мултиплицирање на капацитетите за складирање енергија, додека се надградуваат мрежните врски. Дали овој пат ќе се постигне зелената амбиција на Македонија? Ако земјата успее да се ослободи од јагленот до 2030 година, тоа би можело да биде пример за целиот регион на Западниот Балкан, но и за некои членки на ЕУ, се заклучува во текстот.

The post Анализа на „Еуроњуз“: Дали Македонија ќе може да се откаже од јагленот? appeared first on Република.

]]>
Со поморски кабел ќе пренесува 100% зелена енергија од Египет преку Грција до Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/so-pomorski-kabel-ke-prenesuva-100-zelena-energija-od-egipet-preku-grtsija-do-evropa/ Thu, 18 May 2023 11:11:26 +0000 https://republika.mk/?p=642254

Copelouzos Group, преку своите филијали DAMCO ENERGY и ELICA MEDITERRANEAN INTERCONNECTION и Infinity Power, заедничко вложување помеѓу Masdar (Abu Dhabi Future Energy Company) и египетската Infinity, потпишаа Меморандум за разбирање за пристап, на не-ексклузивна основа, за можности за заеднички развој на проектите за обновлива енергија, што ќе му овозможи на проектот GREGY електрична интерконекција со извор на зелена енергија.

Проектот GREGY - Green Energy Interconnector вклучува електрична интерконекција на Египет директно со континентална Грција преку подморски кабел со капацитет од 3 000 MW и можност за двонасочен пренос на енергија. Проектот GREGY ќе пренесува 100% зелена енергија од Египет до Грција и преку Грција до Европа, со што ќе даде одлучувачки придонес во справувањето со климатските промени и ефектот на стаклена градина со значително намалување на емисиите на CO2. Неопходните проекти за обновлива енергија со капацитет од околу 9,5 GW ќе бидат потребни за максимално искористување на GREGY. Проектот ќе обезбеди алтернативни чисти и обновливи извори на енергија и рути за Европа, со што ќе се намали зависноста на континентот од енергијата произведена од фосилни горива.

Меморандумот за разбирање предвидува формирање на Управен комитет, составен од три члена, за да ги координира дискусиите, да разменува информации и да води преговори. Преку нивната соработка, страните ќе настојуваат да ја искористат својата експертиза, искуство и техничко, комерцијално и финансиско знаење, за брз развој, имплементација и успешно функционирање на проектите за обновливи извори на енергија.

Меморандумот за разбирање следи по договорот потпишан минатата година меѓу ОАЕ и Грција, за време на посетата на грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис на Абу Даби, за воспоставување инвестициска рамка во вредност од 4 милијарди евра, помеѓу ADQ и Грчката банка за развој (HDB), Националната развојна банка на Грција и Грчката развојна банка за инвестиции (HDBI).

Многу сме возбудени што работиме заедно преку ова партнерство и очекуваме силен потенцијал за взаемна корист и соработка преку заеднички развој на проекти за обновливи извори на енергија во Египет и трансфер преку проектот за подморски пренос (GREGY) на произведената зелена енергија во Европа. Овој проект е извонредна можност за Египет да има корист преку економскиот развој и растот на приходите. Проектот ќе ја зајакне и енергетската безбедност на земјата и ќе биде клучен потфат во промовирањето на меѓународната соработка. Со снабдување со обновлива енергија во Европа, ние не само што ја зајакнуваме сопствената економија, туку и се позиционираме како клучен играч на глобалниот енергетски пазар. Овој проект совршено се усогласува со нашата визија за одржлива иднина за светот, вели Мохамед Исмаил Мансур, Претседател на Infinity Power.

За Најер Фуад, Извршен директор на Infinity Power изјави ова партнерство отвора поголеми патишта за аспиративни цели и пресвртници.

Не само што придонесуваме за реализација на аспирациите на COP27, туку го предводиме и движењето кон COP28, со тоа што се етаблираме како значаен снабдувач на зелена енергија, надвор од Африка. Придобивките од проектот за подморски пренос меѓу Египет и Грција се далекусежни. Не само што зелената енергија произведена од заеднички развиениот проект за обновливи извори на енергија ќе ја зајакне енергетската безбедност на Египет и ќе обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија, туку и ќе генерира работни места и значителен раст на приходите. Нејзиното пренесување преку GREGY во Грција и Европа, исто така, ќе ги поддржи земјите од ЕУ да постигнат енергетска безбедност и декарбонизација. Проектите ќе го промовираат и развојот на обновливите извори на енергија во земјата и ќе ја поддржат транзицијата кон поодржлив енергетски систем, вели Фуад.

Христос Копелузос, Претседател и Извршен директор на Copelouzos Group смета дека на овој начин може да се поддржи Европа во нејзините напори за постигнување енергетска диверзификација и безбедност и побрзо постигнување на Fit-55 и елиминација на целите за емисија на CO2.

Среќни сме што влегуваме во Меморандум за разбирање со Infinity Power за проценка на можноста за соработка во развојот на еден од најголемите проекти за зелена енергија во Источниот Медитеран за производство на зелена енергија што ќе се пренесе преку GREGY во Грција и преку Грција до Европа, вели тој.

За компаниите

Infinity Power е заедничко вложување помеѓу египетската Infinity и Masdar (Abu Dhabi Future Energy Company) за насочување на проектите за производство на електрична енергија преку обновливи извори на енергија, односно соларни и ветерни технологии на комунално ниво, како и комерцијални и индустриски размери во Африка. Infinity Power ги обединува силните искуства на двете компании во развојот и работењето со средства за обновлива енергија.

Со тековните проекти лоцирани во Египет, Јужна Африка и Сенегал, Infinity Power има за цел да ги прошири своите операции на пазарите во сите 54 африкански земји, обезбедувајќи електрична енергија на сите локации во Африка, на кои струјата им е најпотребна. Вкупниот капацитет на оперативните проекти на Infinity Power е 1,3 GW, што е еднакво на намалување за повеќе од 3 милиони тони емисии на CO2 годишно со користење на конвенционално производство на електрична енергија. Компанијата има и 13,8 GW проекти во подготовка во различни фази на развој.

Copelouzos Group е една од најголемите инвестициски групи во Грција со различни активности, специјализирана за стратешки сектори на економијата и индустријата како инфраструктурен инвеститор и целосно интегрирана организација за развој на бизнисот специјализирана за сектори за стратешки економски развој, каде што нејзината експертиза и знаење тоа го овозможуваат тоа. Компанијата игра клучна улога во конципирањето, развојот и спроведувањето на големи и технички предизвикувачки, индустриски, технолошки и други инфраструктурни проекти. Основните деловни области на Групацијата се енергетски проекти, електрани, природен гас, обновливи извори на енергија, развој и менаџмент на аеродроми, недвижнини, градежништво, туризам, изложбени и конгресни центри и отворено рекламирање. Меѓу другото, Групацијата го развива проектот GREGY-Green Energy Interconnection.

The post Со поморски кабел ќе пренесува 100% зелена енергија од Египет преку Грција до Европа appeared first on Република.

]]>

Copelouzos Group, преку своите филијали DAMCO ENERGY и ELICA MEDITERRANEAN INTERCONNECTION и Infinity Power, заедничко вложување помеѓу Masdar (Abu Dhabi Future Energy Company) и египетската Infinity, потпишаа Меморандум за разбирање за пристап, на не-ексклузивна основа, за можности за заеднички развој на проектите за обновлива енергија, што ќе му овозможи на проектот GREGY електрична интерконекција со извор на зелена енергија. Проектот GREGY - Green Energy Interconnector вклучува електрична интерконекција на Египет директно со континентална Грција преку подморски кабел со капацитет од 3 000 MW и можност за двонасочен пренос на енергија. Проектот GREGY ќе пренесува 100% зелена енергија од Египет до Грција и преку Грција до Европа, со што ќе даде одлучувачки придонес во справувањето со климатските промени и ефектот на стаклена градина со значително намалување на емисиите на CO2. Неопходните проекти за обновлива енергија со капацитет од околу 9,5 GW ќе бидат потребни за максимално искористување на GREGY. Проектот ќе обезбеди алтернативни чисти и обновливи извори на енергија и рути за Европа, со што ќе се намали зависноста на континентот од енергијата произведена од фосилни горива. Меморандумот за разбирање предвидува формирање на Управен комитет, составен од три члена, за да ги координира дискусиите, да разменува информации и да води преговори. Преку нивната соработка, страните ќе настојуваат да ја искористат својата експертиза, искуство и техничко, комерцијално и финансиско знаење, за брз развој, имплементација и успешно функционирање на проектите за обновливи извори на енергија. Меморандумот за разбирање следи по договорот потпишан минатата година меѓу ОАЕ и Грција, за време на посетата на грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис на Абу Даби, за воспоставување инвестициска рамка во вредност од 4 милијарди евра, помеѓу ADQ и Грчката банка за развој (HDB), Националната развојна банка на Грција и Грчката развојна банка за инвестиции (HDBI).
Многу сме возбудени што работиме заедно преку ова партнерство и очекуваме силен потенцијал за взаемна корист и соработка преку заеднички развој на проекти за обновливи извори на енергија во Египет и трансфер преку проектот за подморски пренос (GREGY) на произведената зелена енергија во Европа. Овој проект е извонредна можност за Египет да има корист преку економскиот развој и растот на приходите. Проектот ќе ја зајакне и енергетската безбедност на земјата и ќе биде клучен потфат во промовирањето на меѓународната соработка. Со снабдување со обновлива енергија во Европа, ние не само што ја зајакнуваме сопствената економија, туку и се позиционираме како клучен играч на глобалниот енергетски пазар. Овој проект совршено се усогласува со нашата визија за одржлива иднина за светот, вели Мохамед Исмаил Мансур, Претседател на Infinity Power.
За Најер Фуад, Извршен директор на Infinity Power изјави ова партнерство отвора поголеми патишта за аспиративни цели и пресвртници.
Не само што придонесуваме за реализација на аспирациите на COP27, туку го предводиме и движењето кон COP28, со тоа што се етаблираме како значаен снабдувач на зелена енергија, надвор од Африка. Придобивките од проектот за подморски пренос меѓу Египет и Грција се далекусежни. Не само што зелената енергија произведена од заеднички развиениот проект за обновливи извори на енергија ќе ја зајакне енергетската безбедност на Египет и ќе обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија, туку и ќе генерира работни места и значителен раст на приходите. Нејзиното пренесување преку GREGY во Грција и Европа, исто така, ќе ги поддржи земјите од ЕУ да постигнат енергетска безбедност и декарбонизација. Проектите ќе го промовираат и развојот на обновливите извори на енергија во земјата и ќе ја поддржат транзицијата кон поодржлив енергетски систем, вели Фуад.
Христос Копелузос, Претседател и Извршен директор на Copelouzos Group смета дека на овој начин може да се поддржи Европа во нејзините напори за постигнување енергетска диверзификација и безбедност и побрзо постигнување на Fit-55 и елиминација на целите за емисија на CO2.
Среќни сме што влегуваме во Меморандум за разбирање со Infinity Power за проценка на можноста за соработка во развојот на еден од најголемите проекти за зелена енергија во Источниот Медитеран за производство на зелена енергија што ќе се пренесе преку GREGY во Грција и преку Грција до Европа, вели тој.

За компаниите

Infinity Power е заедничко вложување помеѓу египетската Infinity и Masdar (Abu Dhabi Future Energy Company) за насочување на проектите за производство на електрична енергија преку обновливи извори на енергија, односно соларни и ветерни технологии на комунално ниво, како и комерцијални и индустриски размери во Африка. Infinity Power ги обединува силните искуства на двете компании во развојот и работењето со средства за обновлива енергија. Со тековните проекти лоцирани во Египет, Јужна Африка и Сенегал, Infinity Power има за цел да ги прошири своите операции на пазарите во сите 54 африкански земји, обезбедувајќи електрична енергија на сите локации во Африка, на кои струјата им е најпотребна. Вкупниот капацитет на оперативните проекти на Infinity Power е 1,3 GW, што е еднакво на намалување за повеќе од 3 милиони тони емисии на CO2 годишно со користење на конвенционално производство на електрична енергија. Компанијата има и 13,8 GW проекти во подготовка во различни фази на развој. Copelouzos Group е една од најголемите инвестициски групи во Грција со различни активности, специјализирана за стратешки сектори на економијата и индустријата како инфраструктурен инвеститор и целосно интегрирана организација за развој на бизнисот специјализирана за сектори за стратешки економски развој, каде што нејзината експертиза и знаење тоа го овозможуваат тоа. Компанијата игра клучна улога во конципирањето, развојот и спроведувањето на големи и технички предизвикувачки, индустриски, технолошки и други инфраструктурни проекти. Основните деловни области на Групацијата се енергетски проекти, електрани, природен гас, обновливи извори на енергија, развој и менаџмент на аеродроми, недвижнини, градежништво, туризам, изложбени и конгресни центри и отворено рекламирање. Меѓу другото, Групацијата го развива проектот GREGY-Green Energy Interconnection.

The post Со поморски кабел ќе пренесува 100% зелена енергија од Египет преку Грција до Европа appeared first on Република.

]]>
Австралија ја изрече првата казна за компанија за измама дека ќе произведува „зелена енергија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstralija-ja-izreche-prvata-kazna-za-kompanija-za-izmama-deka-kje-proizveduva-zelena-energija/ Thu, 27 Oct 2022 13:13:02 +0000 https://republika.mk/?p=566396

Австралискиот регулатор ја изрече првата казна за истакнување еколошки прифатливи инвестиции, заклучувајќи дека енергетската компанија Тлоу Енерџи ги доведува во заблуда инвеститорите со тврдења за новиот „зелен“ проект за производство на струја.

„Тлоу Енерџи“ мора да плати казна од 53.280 австралиски долари или 34.600 американски долари, затоа што тврдеше дека струјата што ќе ја произведе ќе биде јаглеродно неутрална.

Регулаторот оценил и дека компанијата ги доведува во заблуда инвеститорите со тврдењата дека нејзиниот проект за производство на струја во термоелектрана на гас ќе испушта малку штетни гасови.

„Гринвашинг“ е практика на погрешно претставување на влијанието на инвестициите и финансиските производи врз животната средина.

„Тлоу Енерџи“ соопшти дека смета оти нема прекршено ниту еден пропис, но, се согласи да ја плати казната одредена од регулаторот.

The post Австралија ја изрече првата казна за компанија за измама дека ќе произведува „зелена енергија“ appeared first on Република.

]]>

Австралискиот регулатор ја изрече првата казна за истакнување еколошки прифатливи инвестиции, заклучувајќи дека енергетската компанија Тлоу Енерџи ги доведува во заблуда инвеститорите со тврдења за новиот „зелен“ проект за производство на струја. „Тлоу Енерџи“ мора да плати казна од 53.280 австралиски долари или 34.600 американски долари, затоа што тврдеше дека струјата што ќе ја произведе ќе биде јаглеродно неутрална. Регулаторот оценил и дека компанијата ги доведува во заблуда инвеститорите со тврдењата дека нејзиниот проект за производство на струја во термоелектрана на гас ќе испушта малку штетни гасови. „Гринвашинг“ е практика на погрешно претставување на влијанието на инвестициите и финансиските производи врз животната средина. „Тлоу Енерџи“ соопшти дека смета оти нема прекршено ниту еден пропис, но, се согласи да ја плати казната одредена од регулаторот.

The post Австралија ја изрече првата казна за компанија за измама дека ќе произведува „зелена енергија“ appeared first on Република.

]]>
Повеќе од една третина од потрошената струја во ЕУ доаѓа од обновливи извори https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/povekje-od-edna-tretina-od-potroshenata-struja-vo-eu-doagja-od-obnovlivi-izvori/ Wed, 26 Jan 2022 10:02:34 +0000 https://republika.mk/?p=449606

Обновливите извори на енергија учествувале со 37 отсто од бруто потрошувачката на електрична енергија во ЕУ во 2020 година, во споредба со 34 отсто една година порано.

Според податоците на Евростат, енергијата од ветерот и хидроенергијата заедно сочинуваат повеќе од две третини од вкупната електрична енергија произведена од обновливи извори, 36 проценти и 33 проценти, соодветно. Преостанатата третина од електричната енергија доаѓа од соларна енергија (14 проценти), цврсти биогорива (осум проценти) и други обновливи извори (осум проценти).

Во анализата на Евростат се наведува дека сончевата енергија е најбрзо растечки извор бидејќи во 2008 година учествувала само еден процент од вкупната потрошена електрична енергија во ЕУ, а во 2020 година се зголемила на 14 проценти.

Меѓу земјите-членки на ЕУ, најголема потрошувачка на енергија од обновливи извори има во Австрија (78 отсто) и Шведска (75 отсто), како и во Данска (65 отсто) и Португалија (58 отсто). Најмал удел на електрична енергија од обновливи извори има во Малта, само 10 отсто, Унгарија и Кипар (по 12 отсто), Луксембург (14 отсто) и Чешка (15 отсто).

The post Повеќе од една третина од потрошената струја во ЕУ доаѓа од обновливи извори appeared first on Република.

]]>

Обновливите извори на енергија учествувале со 37 отсто од бруто потрошувачката на електрична енергија во ЕУ во 2020 година, во споредба со 34 отсто една година порано. Според податоците на Евростат, енергијата од ветерот и хидроенергијата заедно сочинуваат повеќе од две третини од вкупната електрична енергија произведена од обновливи извори, 36 проценти и 33 проценти, соодветно. Преостанатата третина од електричната енергија доаѓа од соларна енергија (14 проценти), цврсти биогорива (осум проценти) и други обновливи извори (осум проценти). Во анализата на Евростат се наведува дека сончевата енергија е најбрзо растечки извор бидејќи во 2008 година учествувала само еден процент од вкупната потрошена електрична енергија во ЕУ, а во 2020 година се зголемила на 14 проценти. Меѓу земјите-членки на ЕУ, најголема потрошувачка на енергија од обновливи извори има во Австрија (78 отсто) и Шведска (75 отсто), како и во Данска (65 отсто) и Португалија (58 отсто). Најмал удел на електрична енергија од обновливи извори има во Малта, само 10 отсто, Унгарија и Кипар (по 12 отсто), Луксембург (14 отсто) и Чешка (15 отсто).

The post Повеќе од една третина од потрошената струја во ЕУ доаѓа од обновливи извори appeared first on Република.

]]>