зелена агенда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zelena-agenda/ За подобро да се разбереме Sun, 14 May 2023 13:33:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зелена агенда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zelena-agenda/ 32 32 За СДСМ приоритет е зелената агенда https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-sdsm-prioritet-e-zelenata-agenda/ Sun, 14 May 2023 13:33:22 +0000 https://republika.mk/?p=640680

Зелената транзиција на енергетскиот сектор останува врвен приоритет за СДСМ и веќе се прават подготовки за следната грејна сезона да биде уште поупсешна. Само во изминатите година и три месеци, инсталирани се 200 мегавати од обновливи извори на енергија (ОИЕ), што веќе се вклучени на мрежата, порача денеска лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.

-Со новите капацитети од обновливи извори што се изградени за само 16 месеци, може да се задоволат потребите на домаќинствата со просечна потрошувачка за над 10 гардови, или за една година и четири месеци ние имаме изградено капацитет кој е скоро како еден блок на РЕК Битола. Токму поради инвестициите во обновливи извори е намалена енергетската зависност во државата, рече Ковачевски во своето обраќање на денешната трибина „Резултати што прават разлика“ на тема „Енергетска безбедност и зелена транзиција“, во организација на Комисијата за енергетика на СДСМ што денеска се одржува во Скопје.

Наместо 33 отсто, додаде, сега за потребите на сите потрошувачи меѓу кои индустријата и малото стопанство има увоз на струја од само околу 11 отсто во првите месеци од оваа година.

Зелената транзиција на енергетскиот сектор останува врвен приоритет за СДСМ и веќе се прават подготовки за следната грејна сезона да биде уште поупсешна. Само во изминатите година и три месец

-Ова е најниско ниво на увезена струја. Во наредниот период наш приоритет е енергетската транзиција и енергетската независност, а нашата земја да биде и понатаму регионален лидер во енергетската транзиција, со огромен потенцијал да стане зелен енергетски хаб, истакна Ковачевски, додавајќи дека со поврзувањето на гасоводите, енергетската независност уште повеќе ќе се унапреди.

Нагласи дека изминатата година се покажа колку е важно знаење и посветеност за менаџирање со енергетскиот сектор.

-Пред само 12 месеци глобалната, светка економија беше пред колапс. Недостигот на енергија и растот на цените на енергенсите и струјата донесоа неизвесност и агонија кај секој граѓанин – не само кај нас, туку и во цела Европа. Но кај нас, струја, бензин, храна, парно имаше доволно, а рестрикции немаше. Ги заштитивме граѓаните и компаниите кога беше најтешко, посочи Ковачевски.

Потсети дека во време на ВМРО-ДПМНЕ беа инсталирани 18 мегавати од обновливи извори на енергија, додека во време на СДСМ инсталирани се 283 мегавати.

-Можеме да бидеме горди на нашата работа, затоа што фактите и податоците покажуваат дека имаме вистински резултати кои реално прават разлика, порача претседателот на СДСМ и потсети на зголемувањето на минималната и на просечната плата, намалувањето на невработеноста,

The post За СДСМ приоритет е зелената агенда appeared first on Република.

]]>

Зелената транзиција на енергетскиот сектор останува врвен приоритет за СДСМ и веќе се прават подготовки за следната грејна сезона да биде уште поупсешна. Само во изминатите година и три месеци, инсталирани се 200 мегавати од обновливи извори на енергија (ОИЕ), што веќе се вклучени на мрежата, порача денеска лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.
-Со новите капацитети од обновливи извори што се изградени за само 16 месеци, може да се задоволат потребите на домаќинствата со просечна потрошувачка за над 10 гардови, или за една година и четири месеци ние имаме изградено капацитет кој е скоро како еден блок на РЕК Битола. Токму поради инвестициите во обновливи извори е намалена енергетската зависност во државата, рече Ковачевски во своето обраќање на денешната трибина „Резултати што прават разлика“ на тема „Енергетска безбедност и зелена транзиција“, во организација на Комисијата за енергетика на СДСМ што денеска се одржува во Скопје.
Наместо 33 отсто, додаде, сега за потребите на сите потрошувачи меѓу кои индустријата и малото стопанство има увоз на струја од само околу 11 отсто во првите месеци од оваа година. Зелената транзиција на енергетскиот сектор останува врвен приоритет за СДСМ и веќе се прават подготовки за следната грејна сезона да биде уште поупсешна. Само во изминатите година и три месец -Ова е најниско ниво на увезена струја. Во наредниот период наш приоритет е енергетската транзиција и енергетската независност, а нашата земја да биде и понатаму регионален лидер во енергетската транзиција, со огромен потенцијал да стане зелен енергетски хаб, истакна Ковачевски, додавајќи дека со поврзувањето на гасоводите, енергетската независност уште повеќе ќе се унапреди. Нагласи дека изминатата година се покажа колку е важно знаење и посветеност за менаџирање со енергетскиот сектор. -Пред само 12 месеци глобалната, светка економија беше пред колапс. Недостигот на енергија и растот на цените на енергенсите и струјата донесоа неизвесност и агонија кај секој граѓанин – не само кај нас, туку и во цела Европа. Но кај нас, струја, бензин, храна, парно имаше доволно, а рестрикции немаше. Ги заштитивме граѓаните и компаниите кога беше најтешко, посочи Ковачевски. Потсети дека во време на ВМРО-ДПМНЕ беа инсталирани 18 мегавати од обновливи извори на енергија, додека во време на СДСМ инсталирани се 283 мегавати. -Можеме да бидеме горди на нашата работа, затоа што фактите и податоците покажуваат дека имаме вистински резултати кои реално прават разлика, порача претседателот на СДСМ и потсети на зголемувањето на минималната и на просечната плата, намалувањето на невработеноста,

The post За СДСМ приоритет е зелената агенда appeared first on Република.

]]>
Нуредини: Не отстапуваме од зелената транзиција, само го успоривме темпото https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nuredini-ne-otstapuvame-od-zelenata-tranzicija-samo-go-usporivme-tempoto/ Wed, 19 Oct 2022 12:01:40 +0000 https://republika.mk/?p=563098

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нурдини оствари прва протоколарна средба со новименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство Метју Лосон.

По срдечното добредојде и искажаните желби за успешен дипломатски мандат министерот Нуредини се осврна на добрата соработка на двете држави во заштита на животната средина со фокус на климатските промени и остварување на амбициозните климатски цели, информираат од МЖСПП.

На средбата, како што е наведено во соопштението, соговорниците размениле информации за активностите реализирани согласно заклучоците на минатогодишната Конференција на страните на UNFCCC, COP 26 што се одржуваше во Глазгов под покровителство на Обединетото Кралство.

На средбата станало збор и за предизвиците со кои се соочуваат државите пред новиот COP 27 што во ноември ќе се одржи во Египет, особено заради глобална енергетска криза.

Во оваа прилика министерот Нуредини ги претстави цврстите стратешки определби на Министерството, но и на државата и во услови на енергетска криза да се движат кон остварување на националните климатски цели, трансформација на економијата кон зелена економија и кон транзиција кон обновливи извори на енергија, се наведува во соопштението.

The post Нуредини: Не отстапуваме од зелената транзиција, само го успоривме темпото appeared first on Република.

]]>

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нурдини оствари прва протоколарна средба со новименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство Метју Лосон.
По срдечното добредојде и искажаните желби за успешен дипломатски мандат министерот Нуредини се осврна на добрата соработка на двете држави во заштита на животната средина со фокус на климатските промени и остварување на амбициозните климатски цели, информираат од МЖСПП.
На средбата, како што е наведено во соопштението, соговорниците размениле информации за активностите реализирани согласно заклучоците на минатогодишната Конференција на страните на UNFCCC, COP 26 што се одржуваше во Глазгов под покровителство на Обединетото Кралство. На средбата станало збор и за предизвиците со кои се соочуваат државите пред новиот COP 27 што во ноември ќе се одржи во Египет, особено заради глобална енергетска криза.
Во оваа прилика министерот Нуредини ги претстави цврстите стратешки определби на Министерството, но и на државата и во услови на енергетска криза да се движат кон остварување на националните климатски цели, трансформација на економијата кон зелена економија и кон транзиција кон обновливи извори на енергија, се наведува во соопштението.

The post Нуредини: Не отстапуваме од зелената транзиција, само го успоривме темпото appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Потребата од зелена транзиција на целиот регион ќе значи раст на економиите и подобар квалитет на животот на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bekteshi-potrebata-od-zelena-tranzicija-na-celiot-region-kje-znachi-rast-na-ekonomiite-i-podobar-kvalitet-na-zivotot-na-gragjanite/ Thu, 16 Jun 2022 19:37:18 +0000 https://republika.mk/?p=516087

Зелената агенда за Западен Балкан произлезе од потребата да се одговори на предизвиците за заштита на животната средина со кои се соочува регионот и да се усогласат нашите политики со приоритетите на Европската унија дефинирани преку Европскиот зелен договор. Во оваа насока Македонија веќе направи законски измени и засилено работи на зелена енергетска трансформација преку реализација на инвестиции во зголемување на домашните капацитети за производство на енергија од обновливи извори, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на панел сесијата насловена “Зелена агенда за Западен Балкан: рамка за имплементација за одржлив и климатски неутрален регион“ на Преспа форум дијалогот кој денеска се одржува во Охрид.

„Како држава работиме засилено на замена на старите енергетски капацитети со обновливи извори на енергија како што се фотоволтаични централи. Работиме засилено на изградба на инфраструктора за гасно поврзување и со регионот, но и за обезбедување на гас за сите дoмаќинства. Економиите во регионот се обврзаа да ги усогласат своите среднорочни планови за намалување на емисиите со амбициите на ЕУ за намалување на емисиите на CO2. Земјите од регионот мора да ги решат предизвиците што произлегуваат од постепеното исклучување на јагленот, како што се невработеноста, економските нарушувања и миграцијата на работната сила, се вели во декларацијата од самитот. Декарбонизацијата ќе се постигне „преку употреба на обновливи или помалку јаглерод-интензивни горива“ кажа Бектеши.

Министерот потенцираше дека за целиот регион потребата од зелена трансформација не е само економско прашање, и колку побрзо го разбереме ова и почнеме да работиме за да го дадеме нашиот придонес, толку полесна и побрза ќе биде промената, а квалитетот на животот ќе биде значително подобар.

„Подобрувањето на енергетскиот интензитет е главна можност за раст за целиот регион што може да ги поттикне инвестициските циклуси во обновливи извори на енергија, одржлива мобилност, модернизација на индустријата, реновирање на згради во масовен обем и подобрување на квалитетот и одржливоста на земјоделството и храната. Забрзаната транзиција на клучните сектори кои најмногу придонесуваат за емисиите на стакленички гасови е вистинскиот пат напред, додека внимателно се препознаваат новите можности за владата, компаниите и граѓаните кои ги донесе зелената транзиција. Исто така, неопходно е мудро да се управуваат ризиците од транзицијата и да се осигура дека е одржлив, праведен и адекватно финансиски поддржан. Потребно е секогаш да се има предвид дека оние кои не се прилагодуваат ќе заостанат многу“ кажа министерот.

„Треба да бидеме свесни, секој од нас, дека сите сме дел од зелената трансформација и дека секој од нас има своја улога. Колку побрзо го сфатиме ова и почнеме да работиме за да го дадеме нашиот придонес, толку полесна и побрза ќе биде промената, а квалитетот на животот ќе биде значително подобар“ кажа Бектеши.

The post Бектеши: Потребата од зелена транзиција на целиот регион ќе значи раст на економиите и подобар квалитет на животот на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Зелената агенда за Западен Балкан произлезе од потребата да се одговори на предизвиците за заштита на животната средина со кои се соочува регионот и да се усогласат нашите политики со приоритетите на Европската унија дефинирани преку Европскиот зелен договор. Во оваа насока Македонија веќе направи законски измени и засилено работи на зелена енергетска трансформација преку реализација на инвестиции во зголемување на домашните капацитети за производство на енергија од обновливи извори, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на панел сесијата насловена “Зелена агенда за Западен Балкан: рамка за имплементација за одржлив и климатски неутрален регион“ на Преспа форум дијалогот кој денеска се одржува во Охрид. „Како држава работиме засилено на замена на старите енергетски капацитети со обновливи извори на енергија како што се фотоволтаични централи. Работиме засилено на изградба на инфраструктора за гасно поврзување и со регионот, но и за обезбедување на гас за сите дoмаќинства. Економиите во регионот се обврзаа да ги усогласат своите среднорочни планови за намалување на емисиите со амбициите на ЕУ за намалување на емисиите на CO2. Земјите од регионот мора да ги решат предизвиците што произлегуваат од постепеното исклучување на јагленот, како што се невработеноста, економските нарушувања и миграцијата на работната сила, се вели во декларацијата од самитот. Декарбонизацијата ќе се постигне „преку употреба на обновливи или помалку јаглерод-интензивни горива“ кажа Бектеши. Министерот потенцираше дека за целиот регион потребата од зелена трансформација не е само економско прашање, и колку побрзо го разбереме ова и почнеме да работиме за да го дадеме нашиот придонес, толку полесна и побрза ќе биде промената, а квалитетот на животот ќе биде значително подобар. „Подобрувањето на енергетскиот интензитет е главна можност за раст за целиот регион што може да ги поттикне инвестициските циклуси во обновливи извори на енергија, одржлива мобилност, модернизација на индустријата, реновирање на згради во масовен обем и подобрување на квалитетот и одржливоста на земјоделството и храната. Забрзаната транзиција на клучните сектори кои најмногу придонесуваат за емисиите на стакленички гасови е вистинскиот пат напред, додека внимателно се препознаваат новите можности за владата, компаниите и граѓаните кои ги донесе зелената транзиција. Исто така, неопходно е мудро да се управуваат ризиците од транзицијата и да се осигура дека е одржлив, праведен и адекватно финансиски поддржан. Потребно е секогаш да се има предвид дека оние кои не се прилагодуваат ќе заостанат многу“ кажа министерот. „Треба да бидеме свесни, секој од нас, дека сите сме дел од зелената трансформација и дека секој од нас има своја улога. Колку побрзо го сфатиме ова и почнеме да работиме за да го дадеме нашиот придонес, толку полесна и побрза ќе биде промената, а квалитетот на животот ќе биде значително подобар“ кажа Бектеши.  

The post Бектеши: Потребата од зелена транзиција на целиот регион ќе значи раст на економиите и подобар квалитет на животот на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Покажавме оти сме во синергија со зелената агенда на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-pokazavme-oti-sme-vo-sinergija-so-zelenata-agenda-na-eu/ Sat, 05 Mar 2022 15:42:18 +0000 https://republika.mk/?p=468225

Вложуваме во сигурна енергетска иднина на државата преку инвестиции во фотоволтаични системи, во гасификација, ветерни паркови, а тоа ќе значи подобар квалитет на живот, пониски сметки и заштеда на енергијата, како и заштита на животната средина, објави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот фејсбук-профил по повод 5 март – Светскиот ден на енергетската ефикасност.

– Светскиот ден на енергетската ефикасност, 5 март, во време на забрзани климатски промени на нашата планета, останува една од најважните теми на денешницата. Сметам дека постои одржлива иднина за сите нас кои сме подготвени да го промениме и поправиме она што е лошо за животната средина, наведува Маричиќ.

Тој потенцира дека ние покажавме оти сме во синергија со Европската Унија, држејќи ја Зелената агенда високо на приоритетната листа, комплетно применувајќи ги мерките од Законот и од Програмата за енергетска ефикасност.

– Оваа година овој ден во светот се одбележува под мотото „Заштеда на пари, Намалување на загадувањето, Креирање на нови работни места“, вредносни критериуми и цели на кои силно е посветена и Владата на Република Македонија, додава Маричиќ во објавата.

The post Маричиќ: Покажавме оти сме во синергија со зелената агенда на ЕУ appeared first on Република.