зелен пазар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zelen-pazar/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Apr 2023 13:12:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зелен пазар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zelen-pazar/ 32 32 Гладен народ патлиџан сонува – „замрзнатите“ цени ги испразнија тезгите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/gladen-narod-patlidhan-sonuva-zamrznatite-tseni-gi-ispraznija-tezgite/ Thu, 06 Apr 2023 13:07:10 +0000 https://republika.mk/?p=627974

Мечкина услуга ни направи владата пред празниците, коментираат жители на Скопје, кои ги затекнавме на Зелениот пазар. Дошле по „замрзнат“ зарзават, но ќе се врат дома непријатно изненадени и со празни ќеси.

На Зелениот пазар денеска црвени домати се продаваат на три тезги. Буквално на три тезги. И нивната цена е двојно повисока од замрзнатата. Така, црвените домати денеска или ги нема или чинат од 120 до 140 денари за килограм. На една од 2-3-те тезги се продаваат ситни и меки домати по цена од 80 денари.

Краставиците се продаваат по 70 денари ако одлучите да купите албански краставици. Ако, сепак, сакате домашно, кочанските краставици денеска на Зелен пазар ќе ве чинат 110 денари за килограм.

Стар кромид на Зелен пазар денеска исто така се продава на две тезги. На едната чини 90, а на другата 70. Има и мек кромид за 60.

Зелени пиперки на Зелен пазар нема, а стариот компир се продава од 35 до 50 денари, зелката од 25 до 50 денари.

Во маркетите, пак, можете да најдете домати ако сте подготвени да ги платите со суво злато. Во КАМ и Веро денеска нема зелени нелути пиперки, а замрзнатите цени главно се почитуваат: Во КАМ стариот кромид чини 60 денари, стар компир 39, краставици 75, лимони 55, банани 70 и домати има. Но, тие се увозни, розови и чинат 189 денари. Во Веро, пак, за увозни розови домати треба да платите 259 денари. Во ЗУР маркетите, пак, денес нема домати и кромид.

За спредба, Владата ги замрзна цените на овошјето и зеленчукот и одлуката важи од вчера.

Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат на првиот ден од спроведувањето на одлуката на Владата извршиле над 250 контроли и надзори и забележале само две прекршувања. ДПИ констатира дека одлуката се почитува.

До објавувањето на овој текст ДПИ го немаше објавено денешниот извештај, а ни одговорија дека колегите се на состаник.

The post Гладен народ патлиџан сонува – „замрзнатите“ цени ги испразнија тезгите appeared first on Република.

]]>

Мечкина услуга ни направи владата пред празниците, коментираат жители на Скопје, кои ги затекнавме на Зелениот пазар. Дошле по „замрзнат“ зарзават, но ќе се врат дома непријатно изненадени и со празни ќеси. На Зелениот пазар денеска црвени домати се продаваат на три тезги. Буквално на три тезги. И нивната цена е двојно повисока од замрзнатата. Така, црвените домати денеска или ги нема или чинат од 120 до 140 денари за килограм. На една од 2-3-те тезги се продаваат ситни и меки домати по цена од 80 денари. Краставиците се продаваат по 70 денари ако одлучите да купите албански краставици. Ако, сепак, сакате домашно, кочанските краставици денеска на Зелен пазар ќе ве чинат 110 денари за килограм. Стар кромид на Зелен пазар денеска исто така се продава на две тезги. На едната чини 90, а на другата 70. Има и мек кромид за 60. Зелени пиперки на Зелен пазар нема, а стариот компир се продава од 35 до 50 денари, зелката од 25 до 50 денари. Во маркетите, пак, можете да најдете домати ако сте подготвени да ги платите со суво злато. Во КАМ и Веро денеска нема зелени нелути пиперки, а замрзнатите цени главно се почитуваат: Во КАМ стариот кромид чини 60 денари, стар компир 39, краставици 75, лимони 55, банани 70 и домати има. Но, тие се увозни, розови и чинат 189 денари. Во Веро, пак, за увозни розови домати треба да платите 259 денари. Во ЗУР маркетите, пак, денес нема домати и кромид. За спредба, Владата ги замрзна цените на овошјето и зеленчукот и одлуката важи од вчера. Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат на првиот ден од спроведувањето на одлуката на Владата извршиле над 250 контроли и надзори и забележале само две прекршувања. ДПИ констатира дека одлуката се почитува. До објавувањето на овој текст ДПИ го немаше објавено денешниот извештај, а ни одговорија дека колегите се на состаник.  

The post Гладен народ патлиџан сонува – „замрзнатите“ цени ги испразнија тезгите appeared first on Република.

]]>
Почна реконструкција на платото пред Зелениот пазар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zapochna-rekonstruktsija-na-platoto-pred-zeleniot-pazar/ Wed, 05 Apr 2023 11:21:01 +0000 https://republika.mk/?p=627523

Општина Центар продолжува со санација на оштетените плочници кај Градски ѕид. По завршената реконструкција зад Блок 2, во тек е ревитализација на платото пред Зелениот пазар. Станува збор за замена на општетените и искршени терацо плочки на околу 500 метри квадратни кои поради дотраеноста довеле до прокиснување во подземните гаражи. Од тие причини, во овој градежен зафат е предвидено вадење на сите слоеви до армирано бетонската плоча и поставување нова хидроизолација, порамнителен слој и нови гранитни плочки.

Конечно, по долго време, со оваа санација плочникот ќе прерасне во современ простор, со што ќе се подобрат неговата функција и квалитет и ќе претставува одлично место за одмор и рекреација на жителите на Општина Центар, изјави градоначалникот Горан Герасимовски и истакна дека ова е само уште едно реализирано предизборно ветување.

Вкупната вредност на овој зафат е 5.093.470 денари, а санацијата ќе трае до крајот на април 2023 година. Со обновата на плочникот ќе се зголеми и безбедноста на движењето на пешаците околу Зелениот пазар но и ќе се забрани и поставување на дивите пазарџии кои го нарушуваа слободниот простор за пешаци и ги узурпираа јавните површини.

The post Почна реконструкција на платото пред Зелениот пазар appeared first on Република.

Герасимовски: Акциите на Зелен пазар ќе продолжат сè додека не се тргнат дивите препродавачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-aktsiite-na-zelen-pazar-ke-prodolzhat-se-dodeka-ne-se-trgnat-divite-preprodavachi/ Mon, 13 Feb 2023 11:18:36 +0000 https://republika.mk/?p=608353

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во „Утринска на Телма“ зборуваше за акцијата на Зелен пазар, којa општината ја спроведува веќе една недела. Станува збор за акција со поддршка од Mинистерството за внатрешни работи, преку која се расчистуваат узурпираните површини од дивите препродавачи.

Почнувајќи од минатата недела веќе осми ден сме во акција за целосно да ги отстраниме дивите препродавачи. Општината добива голем број поплаки од жителите во тој дел, особено во делот на хигиената, уништувањето на зеленилото, узурпирањето на јавниот дури и на подземниот простор, а исто така има и чести напади на жители во реонот. Заради овие проблеми акциите ќе продолжат се додека не се сменат навиките. Дополнително имавме и средба со директорите на Скопски пазар. Има барање до нас за реконструкција на пазарот и при овој разговор бидејќи имаат обезбедување да ни се вклучат во акцијата и ни помогнат да ги отстраниме дивите препродавачи, изјави Герасимовски.

Состојбата со Зелен пазар и дивите препродавачи беше тема и на средбите со граѓаните кои градоначалникот Герасимовски ги организираше во неколку населби.

На средбите жителите околу овој пазар, јасно кажаа за какви проблеми станува збор поради што побараа сериозен пристап за нивно решавање. Општина Центар и во наредниот период ќе продолжи со проведување на овие акции.

The post Герасимовски: Акциите на Зелен пазар ќе продолжат сè додека не се тргнат дивите препродавачи appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во „Утринска на Телма“ зборуваше за акцијата на Зелен пазар, којa општината ја спроведува веќе една недела. Станува збор за акција со поддршка од Mинистерството за внатрешни работи, преку која се расчистуваат узурпираните површини од дивите препродавачи.
Почнувајќи од минатата недела веќе осми ден сме во акција за целосно да ги отстраниме дивите препродавачи. Општината добива голем број поплаки од жителите во тој дел, особено во делот на хигиената, уништувањето на зеленилото, узурпирањето на јавниот дури и на подземниот простор, а исто така има и чести напади на жители во реонот. Заради овие проблеми акциите ќе продолжат се додека не се сменат навиките. Дополнително имавме и средба со директорите на Скопски пазар. Има барање до нас за реконструкција на пазарот и при овој разговор бидејќи имаат обезбедување да ни се вклучат во акцијата и ни помогнат да ги отстраниме дивите препродавачи, изјави Герасимовски.
Состојбата со Зелен пазар и дивите препродавачи беше тема и на средбите со граѓаните кои градоначалникот Герасимовски ги организираше во неколку населби. На средбите жителите околу овој пазар, јасно кажаа за какви проблеми станува збор поради што побараа сериозен пристап за нивно решавање. Општина Центар и во наредниот период ќе продолжи со проведување на овие акции.

The post Герасимовски: Акциите на Зелен пазар ќе продолжат сè додека не се тргнат дивите препродавачи appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: Акциите на зелениот пазар ќе продолжат се додека не се тргнат дивите препродавачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-aktsiite-na-zeleniot-pazar-ke-prodolzhat-se-dodeka-ne-se-trgnat-divite-preprodavachi/ Mon, 13 Feb 2023 11:00:15 +0000 https://republika.mk/?p=608355

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски гостуваше во „Утринска на Телма“ каде зборуваше за акцијата на Зелениот пазар кој општината ја спроведува веќе една недела. Станува збор за спроведување на акција со поддршка од министерството за внатрешни работи преку која се расчистуваат узурпираните површини од дивите препродавачи.

„Почнувајќи од минатата недела веќе осми ден сме во акција за целосно да ги отстраниме дивите препродавачи. Општината добива голем број поплаки од жителите во тој дел, особено во делот на хигиената, уништување на зеленилото, узурпирање на јавниот дури и на подземниот простор, а исто така има и чести напади на жители во реонот. Заради овие проблеми акциите ќе продолжат се додека не се сменат навиките. Дополнително имавме и средба со директорите на Скопски пазар. Има барање до нас за реконструкција на пазарот и при овој разговор бидејќи имаат обезбедување да ни се вклучат во акцијата и ни помогнат да ги отстраниме дивите препродавачи“, изјави Герасимовски на Телма.

Состојбата со Зелениот пазар и дивите препродавачи беше тема и на средбите со граѓани кои градоначалникот Герасимовски ги организираше во неколку населби. На средбите жителите околу Зелениот пазар, јасно кажаа за какви проблеми станува збор поради што побараа сериозен пристап за нивно решавање. Општина Центар и во наредниот период ќе продолжи со проведување на овие акции.

The post Герасимовски: Акциите на зелениот пазар ќе продолжат се додека не се тргнат дивите препродавачи appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски гостуваше во „Утринска на Телма“ каде зборуваше за акцијата на Зелениот пазар кој општината ја спроведува веќе една недела. Станува збор за спроведување на акција со поддршка од министерството за внатрешни работи преку која се расчистуваат узурпираните површини од дивите препродавачи. „Почнувајќи од минатата недела веќе осми ден сме во акција за целосно да ги отстраниме дивите препродавачи. Општината добива голем број поплаки од жителите во тој дел, особено во делот на хигиената, уништување на зеленилото, узурпирање на јавниот дури и на подземниот простор, а исто така има и чести напади на жители во реонот. Заради овие проблеми акциите ќе продолжат се додека не се сменат навиките. Дополнително имавме и средба со директорите на Скопски пазар. Има барање до нас за реконструкција на пазарот и при овој разговор бидејќи имаат обезбедување да ни се вклучат во акцијата и ни помогнат да ги отстраниме дивите препродавачи“, изјави Герасимовски на Телма. Состојбата со Зелениот пазар и дивите препродавачи беше тема и на средбите со граѓани кои градоначалникот Герасимовски ги организираше во неколку населби. На средбите жителите околу Зелениот пазар, јасно кажаа за какви проблеми станува збор поради што побараа сериозен пристап за нивно решавање. Општина Центар и во наредниот период ќе продолжи со проведување на овие акции.

The post Герасимовски: Акциите на зелениот пазар ќе продолжат се додека не се тргнат дивите препродавачи appeared first on Република.

]]>
Општина Центар ги засилува контролите на нелегалните препродавачи кај Зелен пазар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtina-tsentar-gi-zasiluva-kontrolite-na-nelegalnite-preprodavachi-kaj-zelen-pazar/ Sun, 05 Feb 2023 18:12:15 +0000 https://republika.mk/?p=605077

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар во соработка со ПС Центар и инспектори од Државниот пазарен инспекторат утринава спроведоа вонреден инспекциски надзор за отстранување на дивите препродавачи околу Зеленото пазарче.

[caption id="attachment_605081" align="alignnone" width="640"] (фото: Општина Центар)[/caption]

Граѓаните кои живеат во зградите и околината на пазарот до општината во повеќе наврати имаат поднесено жалби и барања за отстранување на препродавачите. Заради препродавачите, слободното движење по тротоарите е многу отежнато, а целиот простор е полн со смет и ѓубре кои тие го оставаат зад себе. Оштината ќе спроведува редовни акции се до конечно отстранување и прекинување на оваа пракса. Покрај хаосот кој се создава, ниедна институција нема увид во стоките кои тие ги продаваат и начинот на кој тие ги продаваат.

„Овој инспекциски надзор доаѓа по барањата на граѓаните, кои и на средбите што ги имавме со нив, но и на други начини побараа од нас да се справиме со препродавачите кои очигледно им создаваат проблеми. Од дивите препродавачи се жалат и пазарџиите кои регуларно си закупуваат тезга во затворениот дел од пазарот. За да може некој да продава на јавен простор треба да си има уредна документација. Секој оној што не поседува соодветна документација е подложен на контрола и санкција. На нас жителите и нивните услови за живот ни се секогаш на прво место“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Во наредниот период ќе се спроведуваат зачестени заеднички инспекциски надзори и на други локации во Општина Центар каде се наоѓаат нелегалните препродавачи.

The post Општина Центар ги засилува контролите на нелегалните препродавачи кај Зелен пазар appeared first on Република.

]]>

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар во соработка со ПС Центар и инспектори од Државниот пазарен инспекторат утринава спроведоа вонреден инспекциски надзор за отстранување на дивите препродавачи околу Зеленото пазарче. [caption id="attachment_605081" align="alignnone" width="640"] (фото: Општина Центар)[/caption] Граѓаните кои живеат во зградите и околината на пазарот до општината во повеќе наврати имаат поднесено жалби и барања за отстранување на препродавачите. Заради препродавачите, слободното движење по тротоарите е многу отежнато, а целиот простор е полн со смет и ѓубре кои тие го оставаат зад себе. Оштината ќе спроведува редовни акции се до конечно отстранување и прекинување на оваа пракса. Покрај хаосот кој се создава, ниедна институција нема увид во стоките кои тие ги продаваат и начинот на кој тие ги продаваат.
„Овој инспекциски надзор доаѓа по барањата на граѓаните, кои и на средбите што ги имавме со нив, но и на други начини побараа од нас да се справиме со препродавачите кои очигледно им создаваат проблеми. Од дивите препродавачи се жалат и пазарџиите кои регуларно си закупуваат тезга во затворениот дел од пазарот. За да може некој да продава на јавен простор треба да си има уредна документација. Секој оној што не поседува соодветна документација е подложен на контрола и санкција. На нас жителите и нивните услови за живот ни се секогаш на прво место“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Во наредниот период ќе се спроведуваат зачестени заеднички инспекциски надзори и на други локации во Општина Центар каде се наоѓаат нелегалните препродавачи.

The post Општина Центар ги засилува контролите на нелегалните препродавачи кај Зелен пазар appeared first on Република.

]]>
Ковачевски пазареше во најлон кеси: Обезбедивме храна, струја и енергенси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-pazareshe-vo-najlon-kesi-obezbedivme-hrana-struja-i-energensi/ Sat, 22 Oct 2022 17:29:12 +0000 https://republika.mk/?p=564397

Премиерот Димитар Ковачевски беше со граѓаните на скопската општина Ѓорче Петров.

На пазарот во Ѓорче, Ковачевски директно им се заблагодари на пазарџиите и македонските земјоделци кои секојдневно работат неуморно за граѓаните да имаат свежи и убаво домашно овошје и зеленчук.

Годинава голем фокус ставаме на зголемувањето на домашното производство на храна. Нашите јаболки се највкусни, од нашите пиперки се прави најубавиот ајвар, убавата и вкусна македонска храна е наше богатство. Нашата татковина има сонце, вода, плодна почва, ги има сите потребни ресурси, а ние, даваме целосна поддршка на земјоделците за најпрво да им помогнеме работата да им се развива по нагорна линија, но и за да обезбедиме доволно храна за целата држава во оваа голема криза во која живееме, рече Ковачевски.

Претседателот Ковачевски рече дека има голема почит за трудот на земјоделците и дека Владата веќе воведе нов модел за финансиска поддршка на земјоделството со кој ги мотивираме да произведуваат повеќе храна. Од модел на субвенции, капитални инвестиции, советодавни услуги, па се до европски фондови и вложување во човечки ресурси.

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, додаде дека владата којашто ја предводи навреме презеде соодветни мерки за обезбедување храна, струја и енергенси и за заштита на стандардот на граѓаните, на ранливите и на компаниите.

Го максимализиравме производството на струја од домашните капацитети, постојано го зголемуваме домашното производство и вклучуваме нови капацитети. Реализираме два пакети антикризни мерки од 700 милиони евра. Струјата за граѓаните ја субвенционира, ја плаќа државата, во висина од 80%, како и за 72.000 компании. Подготвени сме за соочување со сите предизвици никој нема да биде оставен сам, заедно ќе успееме, рече Ковачевски.

По средбите со граѓаните на скопската општина Ѓорче Петров претседателот на СДСМ ќе одржи и работен состанок со членовите и симпатизерите на СДСМ од оваа населба во локалното седиште на партијата.

The post Ковачевски пазареше во најлон кеси: Обезбедивме храна, струја и енергенси appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски беше со граѓаните на скопската општина Ѓорче Петров. На пазарот во Ѓорче, Ковачевски директно им се заблагодари на пазарџиите и македонските земјоделци кои секојдневно работат неуморно за граѓаните да имаат свежи и убаво домашно овошје и зеленчук.
Годинава голем фокус ставаме на зголемувањето на домашното производство на храна. Нашите јаболки се највкусни, од нашите пиперки се прави најубавиот ајвар, убавата и вкусна македонска храна е наше богатство. Нашата татковина има сонце, вода, плодна почва, ги има сите потребни ресурси, а ние, даваме целосна поддршка на земјоделците за најпрво да им помогнеме работата да им се развива по нагорна линија, но и за да обезбедиме доволно храна за целата држава во оваа голема криза во која живееме, рече Ковачевски.
Претседателот Ковачевски рече дека има голема почит за трудот на земјоделците и дека Владата веќе воведе нов модел за финансиска поддршка на земјоделството со кој ги мотивираме да произведуваат повеќе храна. Од модел на субвенции, капитални инвестиции, советодавни услуги, па се до европски фондови и вложување во човечки ресурси. Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, додаде дека владата којашто ја предводи навреме презеде соодветни мерки за обезбедување храна, струја и енергенси и за заштита на стандардот на граѓаните, на ранливите и на компаниите.
Го максимализиравме производството на струја од домашните капацитети, постојано го зголемуваме домашното производство и вклучуваме нови капацитети. Реализираме два пакети антикризни мерки од 700 милиони евра. Струјата за граѓаните ја субвенционира, ја плаќа државата, во висина од 80%, како и за 72.000 компании. Подготвени сме за соочување со сите предизвици никој нема да биде оставен сам, заедно ќе успееме, рече Ковачевски.
По средбите со граѓаните на скопската општина Ѓорче Петров претседателот на СДСМ ќе одржи и работен состанок со членовите и симпатизерите на СДСМ од оваа населба во локалното седиште на партијата.

The post Ковачевски пазареше во најлон кеси: Обезбедивме храна, струја и енергенси appeared first on Република.

]]>
Зелен пазар претворен во езеро https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zelen-pazar-pretvoren-vo-ezero/ Tue, 30 Aug 2022 15:52:56 +0000 https://republika.mk/?p=545735

Зелен пазар во Скопје е поплавен. По невремето од силен ветар, дожд и град, кое го зафати градот, пазарџиите дојдоа да проверат што се случува со производите кои ги продаваат.

До половина тезгата е под вода, се што е во неа веќе не е за употреба. Голема штета ни направи неврмето. Мора да се најде решение, на секој појак дожд пазарот е поплавен. Постојано трпиме штети - вели еден од пазарџиите кој проверуваше што останало здраво од робата која ја продава.

Тезгите се во вода, низ пазарот луѓето се движат со гумени чизми. Очекуваат дека вечерва ќе биде извлечена цела вода за утре да може колку толку пазарот да функционира.

The post Зелен пазар претворен во езеро appeared first on Република.

Пироман палел кај Зелен пазар: Уништени се возила, а пробал да запали и влез на зграда https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/piroman-palel-kaj-zelen-pazar-unishteni-se-vozila-a-probal-da-zapali-i-vlez-na-zgrada/ Mon, 08 Aug 2022 09:34:11 +0000 https://republika.mk/?p=537901

Пироман дивеел во центарот на Скопје во саботата навечер околу полноќ. На паркингот кај Зелено пазарче уништени се повеќе автомобили, а избегната е поголема трагедија бидејќи, како што споделуваат соседите со „Република“, влегол и во првиот влез на зградата со број 36, ги наполнил поштенските сандачиња со хартија, но за среќа не успеал да ги запали.

Од МВР велат дека до нив стигнале две пријави. Едната 07.08.2022 во 00:11 часот кога во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“ настанал пожар во товарно возило – комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ќ.Д.(62) од Чифлик-Сопиште. Од пожарот било зафатено и товарно возило – комбе „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Ј.(64) од Скопје.

Во истиот период на бул.„Кочо Рацин“ било пријавено дека е опожарен мотоцикл „пјаџо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.Б.(46) од Скопје, од кој било зафатено и неговото патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки.

Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

The post Пироман палел кај Зелен пазар: Уништени се возила, а пробал да запали и влез на зграда appeared first on Република.

]]>

Пироман дивеел во центарот на Скопје во саботата навечер околу полноќ. На паркингот кај Зелено пазарче уништени се повеќе автомобили, а избегната е поголема трагедија бидејќи, како што споделуваат соседите со „Република“, влегол и во првиот влез на зградата со број 36, ги наполнил поштенските сандачиња со хартија, но за среќа не успеал да ги запали. Од МВР велат дека до нив стигнале две пријави. Едната 07.08.2022 во 00:11 часот кога во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“ настанал пожар во товарно возило – комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ќ.Д.(62) од Чифлик-Сопиште. Од пожарот било зафатено и товарно возило – комбе „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Ј.(64) од Скопје. Во истиот период на бул.„Кочо Рацин“ било пријавено дека е опожарен мотоцикл „пјаџо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.Б.(46) од Скопје, од кој било зафатено и неговото патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

The post Пироман палел кај Зелен пазар: Уништени се возила, а пробал да запали и влез на зграда appeared first on Република.

]]>
Скопје доби позорникари во реонот на Зелено пазарче https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopje-dobi-pozornikari-vo-reonot-na-zeleno-pazarche/ Thu, 26 May 2022 09:01:48 +0000 https://republika.mk/?p=507149

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски со претставници од Министерството за внатрешни работи и инспектор за превенција на криминалитет при СВР Скопје, беше на средба со граѓаните кои живеат околу Зелениот пазар.

На средбата жителите се запознаа со маалските редари кои ќе се движат низ овој дел од населбата. Од позорникарите граѓаните добија совети како да го обезбедат домот пред заминување на годишни одмори, но и совет секоја сомнителна активност да ја пријавуваат. Исто така на средбата стана збор за засилени акции на дивите продавачи како и разговор со позорникарите за секое прашање кое ги мачи граѓаните и се однесува на совет за безбедност на домовите и животот на граѓаните.

Со маалските полициски службеници на терен се враќа спокојот на граѓаните. Мене ми е мило што и Министерството за внатрешни работи имаше слух за ова барање на граѓаните и одговори на потребите. Во следниот период ќе продолжи патролирањето на полициските службеници во секое маало и тие ќе нѐ заштитуваат нас и нашите деца. Со самото присуство на позорникарите ние родителите ќе си ја вратиме сигурноста и чувството за безбедност, изјави градоначалникот Герасимовски.

Маалските позорникари на денешната средба со граѓаните споделија основни совети за подигнување на безбедноста на домовите и повикаа на пријавување на сомнителни активности на телефонскиот број 192.

Инаку, маалските полицајци-позорникари најпрво ќе се вратат во општина Центар, а потоа и во неколку општини во градот Скопје. Тие треба да обезбедат безбедна детска игра и безбедност за тинејџерите, лична сигурност и зашти на имотот на граѓаните, спречување на извршување на казниви дела и загрозување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

The post Скопје доби позорникари во реонот на Зелено пазарче appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски со претставници од Министерството за внатрешни работи и инспектор за превенција на криминалитет при СВР Скопје, беше на средба со граѓаните кои живеат околу Зелениот пазар. На средбата жителите се запознаа со маалските редари кои ќе се движат низ овој дел од населбата. Од позорникарите граѓаните добија совети како да го обезбедат домот пред заминување на годишни одмори, но и совет секоја сомнителна активност да ја пријавуваат. Исто така на средбата стана збор за засилени акции на дивите продавачи како и разговор со позорникарите за секое прашање кое ги мачи граѓаните и се однесува на совет за безбедност на домовите и животот на граѓаните.
Со маалските полициски службеници на терен се враќа спокојот на граѓаните. Мене ми е мило што и Министерството за внатрешни работи имаше слух за ова барање на граѓаните и одговори на потребите. Во следниот период ќе продолжи патролирањето на полициските службеници во секое маало и тие ќе нѐ заштитуваат нас и нашите деца. Со самото присуство на позорникарите ние родителите ќе си ја вратиме сигурноста и чувството за безбедност, изјави градоначалникот Герасимовски.
Маалските позорникари на денешната средба со граѓаните споделија основни совети за подигнување на безбедноста на домовите и повикаа на пријавување на сомнителни активности на телефонскиот број 192. Инаку, маалските полицајци-позорникари најпрво ќе се вратат во општина Центар, а потоа и во неколку општини во градот Скопје. Тие треба да обезбедат безбедна детска игра и безбедност за тинејџерите, лична сигурност и зашти на имотот на граѓаните, спречување на извршување на казниви дела и загрозување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

The post Скопје доби позорникари во реонот на Зелено пазарче appeared first on Република.

]]>
Баби се степале на Зелен пазар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/babi-se-stepale-na-zelen-pazar/ Thu, 07 Apr 2022 15:02:15 +0000 https://republika.mk/?p=484880

Осудесет и тригодишна скопјанка во полицискката станица Беко пријавила дека била нападната од двасе годони помлада сограѓанка. Инцидентот се случил на во близина на Зелениот пазар.

Вчера во 14:15 часот Р.К.(83) од Скопје пријавила дека околу 13:40 часот кај Зелен пазар била физички нападната со тврд предмет од Г.Ч.Т.(62) од Скопје. Сочинет бил записник по чл.12 од ЗППЈРМ, информира МВР.

The post Баби се степале на Зелен пазар appeared first on Република.

]]>

Осудесет и тригодишна скопјанка во полицискката станица Беко пријавила дека била нападната од двасе годони помлада сограѓанка. Инцидентот се случил на во близина на Зелениот пазар. Вчера во 14:15 часот Р.К.(83) од Скопје пријавила дека околу 13:40 часот кај Зелен пазар била физички нападната со тврд предмет од Г.Ч.Т.(62) од Скопје. Сочинет бил записник по чл.12 од ЗППЈРМ, информира МВР.

The post Баби се степале на Зелен пазар appeared first on Република.

]]>