зелен картон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zelen-karton/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 14:23:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зелен картон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zelen-karton/ 32 32 Зелениот картон – потреба или луксуз? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zeleniot-karton-potreba-ili-luksuz/ Thu, 21 Nov 2024 09:05:03 +0000 https://republika.mk/?p=839486

Секое патување со сопствено возило надвор од земјава подразбира потреба од вадење зелен картон. А овој трошок и не е така мал, посебно доколку ви се поклопи со одењето на одмор. Ако на тоа се накалеми и трошокот за вадење меѓународна возачка дозвола, е тогаш веќе сето тоа добива прилична финансиска тежина. Вадењето зелен картон, е рак рана за нашите возачи, со оглед на тоа дека цените за неговото вадење почнуваат од околу 50 евра за помалите кубикажи, па до околу 90 тина евра за помоќните возила за една година. За зелен картон од еден месец треба да се издвои од 30 до 50 евра. Комбињата, автобусите се разбира плаќаат многу поскапи зелени картони. Важност на годишната зелена карта е во рамките на времетраењето на полисата за автомобилска одговорност, односно истекува со регистрацијата.

Она што најмногу боли е фактот дека возачите од другите земји добиваат годишен зелен картон по цена која се движи околу 10 евра, со тоа што тој е споен со автоосигурувањето и се добива при самата регистрација на возилото. Токму затоа возачите од другите земји се фрустираат што за транзит низ Македонија принудени се да извадат зелен картон само за територијата на нашата држава, но правилата се тие, па кој сака нека повели!

Иако долго време се најавуваше дека оваа варијанта ќе се воведе и кај нас, сепак не дојде до конечна реализација, бидејќи, според одговорните, тоа ќе го поскапеше основното автоосигурување, а со тоа и регистрацијата на возилата за сите граѓани, а не само за тие што патуваат во странство, па доброволниот  поскап зелен картон, испаѓа дека е помалото зло.

Инаку македонските осигурителни компании секоја година бележат раст на побарувачката на зелени осигурителни картони, што во превод значи дека граѓаните надвор од државава патуваат се повеќе со свои возила, па согласно тоа и плаќаат зелен картон. Овој документ се издава врз основа на полисата за осигурување од автомобилска одговорност и е замена за полисата за осигурување од автомобилска одговорност издадена за матичната земја со важност за сите земји- членки наведени во полисата. Зелениот картон е еден вид проширување на важноста на задолжителното осигурување од автомобилска одговорност и ги покриваат евентуалните штети кои ќе се причинат на трети лица со управување на моторните возила при патување во странство односно во земјите членки на системот на зелена карта.

На 9 октомври 2024 година, заедничкиот комитет на ЦЕФТА усвои препорака (1/2024), која на земјите од ЦЕФТА им предлага мерки за олеснување на процесите за осигурување од автоодговорност на трети лица во рамки на пазарот на ЦЕФТА. Тоа подразбира возачите од една земја на ЦЕФТА да патуваат во друга земја без да имаат потреба од зелена карта или еквивалентна документација за осигурување, како и намалување на административната такса за зелен картон и дигитализација на документите за осигурување на возилата. Рокот за ова е октомври 2026 година.

До октомври 2025 година треба да се намалат административните такси за добивање зелена карта и да се овозможи признавање на осигурувањето од автоодговорност за трети лица (MTPL) врз основа на регистрациските таблици на возилата издадени од земјите кои се членки на мултилатералниот договор. Дополнително, заедничкиот комитет на ЦЕФТА ги повикува земјите целосно да ги дигитализираат осигурителните документи и да овозможат нивна електронска размена. Оваа дигитална транзиција има за цел да ја елиминира потребата од физички осигурителни документи при патување во рамките на ЦЕФТА – информираа од ЦЕФТА.

Според оваа асоцијација овие активности се засноваат на Акцискиот план за воспоставување заеднички регионален пазар и приоритети на претседателството на ЦЕФТА за 2024 година.

Од Владата на Македонија обелоденија  дека е добиен нацрт-патоказ којшто е изготвен во рамки на Централно-европскиот договор за слободна трговија, кој е во насока на олеснување на движењето на луѓето и на моторните возила во рамки на земјите членки на ЦЕФТА и се работи на нив. Процесот е сложен и додаваат дека треба да се оди постепено, но дека самата иницијатива ќе се разгледа, а за исходот граѓаните ќе бидат навреме известени.

И додека Владата ја разгледува иницијативата за олеснување на патувањето со зелен картон, од Нациналното биро за осигурување ги потонаа како Титаник надевањата на нашите возачи дека е возможно укинување на овој трошок.

Зелениот картон уште е неопходен документ за влез со моторни возила во било која држава во Европа, како и во соседните Србија, Албанија, Црна Гора, БиХ и Молдавија. Тој е во функција и е неизвесно кога и дали воопшто ќе има промени околу неговото користење, соопштија од НБО.

Од Бирото велат дека прашањето за спојување на зелениот картон и вклучување на премијата од зелениот картон во полисата за осигурување од автомобилска одговорност е доста комплексно и сериозно прашање кое подлежи на меѓународна и домашна регулатива.

Тоа не е нешто што може да се промени преку ноќ, и затоа не треба да се шпекулира, и корисниците да се доведуваат во заблуда – велат од Националното биро за осигурување.

Оттаму истакнуваат дека тoa e комплексно прашање кое што не може да се регулира поединечно, туку кога се регулира тоа мора да биде генерално.

Оттаму појаснуваат дека во ЦЕФТА Секретарјатот е отворено прашањето за некакви промени околу зелениот картон, но станува збор само за еднострано мислење и видување на начинот и потребата од користење односно не користење на зелениот картон како документ за влез со моторни возила во државите од ЦЕФТА.

Од Бирото сметаат дека е непрактична идејата за укинување на зелениот картон само за државите од ЦЕФТА, бидејќи граѓаните ќе користат зелен картон за влез во било која друга држава членка на ЕУ и потписнички на Мултилатералната спогодба одобрена од Советот на бироа-Брисел.Во овој момент не треба да се создава забуна кај сопствениците на моторни возила и да се шпекулира. Зелениот картон е во функција и тој е потребен – велат од Националното биро за осигурување.

Согласно ваквите ставови останува заклучокот дека македонските возачи уште долго време ќе си плаќаат зелен картон како услов за излез од земјава и дека негово поевтинување или укинување, барем засега, не е можно.

Значи кој сака да патува во странство, трк по зелен картон, ако досега не го набавил и среќен пат!

Автор: Александрија С. Николовска

The post Зелениот картон – потреба или луксуз? appeared first on Република.

]]>

Секое патување со сопствено возило надвор од земјава подразбира потреба од вадење зелен картон. А овој трошок и не е така мал, посебно доколку ви се поклопи со одењето на одмор. Ако на тоа се накалеми и трошокот за вадење меѓународна возачка дозвола, е тогаш веќе сето тоа добива прилична финансиска тежина. Вадењето зелен картон, е рак рана за нашите возачи, со оглед на тоа дека цените за неговото вадење почнуваат од околу 50 евра за помалите кубикажи, па до околу 90 тина евра за помоќните возила за една година. За зелен картон од еден месец треба да се издвои од 30 до 50 евра. Комбињата, автобусите се разбира плаќаат многу поскапи зелени картони. Важност на годишната зелена карта е во рамките на времетраењето на полисата за автомобилска одговорност, односно истекува со регистрацијата. Она што најмногу боли е фактот дека возачите од другите земји добиваат годишен зелен картон по цена која се движи околу 10 евра, со тоа што тој е споен со автоосигурувањето и се добива при самата регистрација на возилото. Токму затоа возачите од другите земји се фрустираат што за транзит низ Македонија принудени се да извадат зелен картон само за територијата на нашата држава, но правилата се тие, па кој сака нека повели! Иако долго време се најавуваше дека оваа варијанта ќе се воведе и кај нас, сепак не дојде до конечна реализација, бидејќи, според одговорните, тоа ќе го поскапеше основното автоосигурување, а со тоа и регистрацијата на возилата за сите граѓани, а не само за тие што патуваат во странство, па доброволниот  поскап зелен картон, испаѓа дека е помалото зло. Инаку македонските осигурителни компании секоја година бележат раст на побарувачката на зелени осигурителни картони, што во превод значи дека граѓаните надвор од државава патуваат се повеќе со свои возила, па согласно тоа и плаќаат зелен картон. Овој документ се издава врз основа на полисата за осигурување од автомобилска одговорност и е замена за полисата за осигурување од автомобилска одговорност издадена за матичната земја со важност за сите земји- членки наведени во полисата. Зелениот картон е еден вид проширување на важноста на задолжителното осигурување од автомобилска одговорност и ги покриваат евентуалните штети кои ќе се причинат на трети лица со управување на моторните возила при патување во странство односно во земјите членки на системот на зелена карта. На 9 октомври 2024 година, заедничкиот комитет на ЦЕФТА усвои препорака (1/2024), која на земјите од ЦЕФТА им предлага мерки за олеснување на процесите за осигурување од автоодговорност на трети лица во рамки на пазарот на ЦЕФТА. Тоа подразбира возачите од една земја на ЦЕФТА да патуваат во друга земја без да имаат потреба од зелена карта или еквивалентна документација за осигурување, како и намалување на административната такса за зелен картон и дигитализација на документите за осигурување на возилата. Рокот за ова е октомври 2026 година. До октомври 2025 година треба да се намалат административните такси за добивање зелена карта и да се овозможи признавање на осигурувањето од автоодговорност за трети лица (MTPL) врз основа на регистрациските таблици на возилата издадени од земјите кои се членки на мултилатералниот договор. Дополнително, заедничкиот комитет на ЦЕФТА ги повикува земјите целосно да ги дигитализираат осигурителните документи и да овозможат нивна електронска размена. Оваа дигитална транзиција има за цел да ја елиминира потребата од физички осигурителни документи при патување во рамките на ЦЕФТА – информираа од ЦЕФТА. Според оваа асоцијација овие активности се засноваат на Акцискиот план за воспоставување заеднички регионален пазар и приоритети на претседателството на ЦЕФТА за 2024 година. Од Владата на Македонија обелоденија  дека е добиен нацрт-патоказ којшто е изготвен во рамки на Централно-европскиот договор за слободна трговија, кој е во насока на олеснување на движењето на луѓето и на моторните возила во рамки на земјите членки на ЦЕФТА и се работи на нив. Процесот е сложен и додаваат дека треба да се оди постепено, но дека самата иницијатива ќе се разгледа, а за исходот граѓаните ќе бидат навреме известени. И додека Владата ја разгледува иницијативата за олеснување на патувањето со зелен картон, од Нациналното биро за осигурување ги потонаа како Титаник надевањата на нашите возачи дека е возможно укинување на овој трошок. Зелениот картон уште е неопходен документ за влез со моторни возила во било која држава во Европа, како и во соседните Србија, Албанија, Црна Гора, БиХ и Молдавија. Тој е во функција и е неизвесно кога и дали воопшто ќе има промени околу неговото користење, соопштија од НБО. Од Бирото велат дека прашањето за спојување на зелениот картон и вклучување на премијата од зелениот картон во полисата за осигурување од автомобилска одговорност е доста комплексно и сериозно прашање кое подлежи на меѓународна и домашна регулатива. Тоа не е нешто што може да се промени преку ноќ, и затоа не треба да се шпекулира, и корисниците да се доведуваат во заблуда – велат од Националното биро за осигурување. Оттаму истакнуваат дека тoa e комплексно прашање кое што не може да се регулира поединечно, туку кога се регулира тоа мора да биде генерално. Оттаму појаснуваат дека во ЦЕФТА Секретарјатот е отворено прашањето за некакви промени околу зелениот картон, но станува збор само за еднострано мислење и видување на начинот и потребата од користење односно не користење на зелениот картон како документ за влез со моторни возила во државите од ЦЕФТА. Од Бирото сметаат дека е непрактична идејата за укинување на зелениот картон само за државите од ЦЕФТА, бидејќи граѓаните ќе користат зелен картон за влез во било која друга држава членка на ЕУ и потписнички на Мултилатералната спогодба одобрена од Советот на бироа-Брисел.Во овој момент не треба да се создава забуна кај сопствениците на моторни возила и да се шпекулира. Зелениот картон е во функција и тој е потребен – велат од Националното биро за осигурување. Согласно ваквите ставови останува заклучокот дека македонските возачи уште долго време ќе си плаќаат зелен картон како услов за излез од земјава и дека негово поевтинување или укинување, барем засега, не е можно. Значи кој сака да патува во странство, трк по зелен картон, ако досега не го набавил и среќен пат!
Автор: Александрија С. Николовска

The post Зелениот картон – потреба или луксуз? appeared first on Република.

]]>
Неизвесно укинувањето на Зелениот картон https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/neizvesno-ukinuvaneto-na-zeleniot-karton/ Tue, 19 Nov 2024 07:03:30 +0000 https://republika.mk/?p=839341

Националното биро за осигурување во соопштение вели дека зелениот картон е сеуште неопходен документ за влез со моторни возила во било која држава во Европа, како и во соседните Србија, Албанија, Црна Гора, БиХ и Молдавија. Од таму додаваат дека тоа е комплексно прашање и тој засега не може да биде укинат.

„Прашањето за спојување на ЗК и вклучување на премијата од ЗК во полисата за осигурување од Автомобилска Одговорност е доста комплексно и сериозно прашање кое подлежи на меѓународна и домашна регулатива. Тоа не е нешто што може да се промени преку ноќ, и затоа не треба да се шпекулира, и корисниците да се доведуваат во заблуда. Точно е дека на оваа тема се разговара во регионот, но во моментов нема консензус ниту заеднички став, бидејќи членките држави на CEFTA имаат во примена сосема различни модели на функционирање на системот на зелена карта“, велат од НБО.

The post Неизвесно укинувањето на Зелениот картон appeared first on Република.

Укинување или поедноставно вадење зелен картон – препорачува ЦЕФТА https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ukinuvane-ili-poednostavno-vadene-zelen-karton-preporachuva-tsefta/ Thu, 14 Nov 2024 09:25:22 +0000 https://republika.mk/?p=837495

Одлуката дали граѓаните на Македонија во иднина ќе треба да купуваат зелен картон за да влезат во Србија, Албанија и Молдавија најверојатно ќе се знае до крајот на годинава, односно кон средината на декември.

Овој трошок за граѓаните на Македонија, но и за граѓаните на другите членки на ЦЕФТА договорот треба да се укине, вели Здравко Илиќ, експерт за трговија со услуги во Секретаријатот на ЦЕФТА во Брисел .

Поседувањето на овој документ сега е задолжителен при влез на територијата на Русија , Белорусија, Украина, Турција, Израел, Иран, Тунис и Мароко.

Зелениот картон е само доказ дека сопствениците на автомобили веќе платиле осигурување за својот автомобил и не е посебен документ, туку само потврда дека сте платиле осигурување, но за него се издвојуваат одредена сума пари.

Возачите во Македонија во просек ги чини околу 2.000 денари месечно или речиси 5.000 денари годишно.

Во контекст на последните медиумски информации за осигурувањето за моторна одговорност кон трети лица (MTPL) и зелената карта, Секретаријатот на ЦЕФТА сака да обезбеди јасни и точни информации за јавноста.

На 9 октомври 2024 година, Заедничкиот комитет на ЦЕФТА ја усвои Препораката 1/2024, која на страните на ЦЕФТА им предлага мерки за олеснување на процесите за осигурување (MTPL) низ пазарите на ЦЕФТА.

Клучните мерки вклучуваат:

Конечна цел (до октомври 2026 година): Овозможување на возачите од една ЦЕФТА страна да патуваат во друга ЦЕФТА страна без да имаат потреба од зелена карта или еквивалентна документација за осигурување MTPL.

Преодна цел (до октомври 2025 година): Намалување на административните такси за добивање на зелена карта и овозможување признавање на осигурувањето MTPL врз основа на регистрационите таблици на возилата издадени од страните кои се членки на Мултилатералниот Договор.

Дополнително, Заедничкиот комитет на ЦЕФТА ги повикува страните целосно да ги дигитализираат осигурителните документи и да овозможат електронска размена на истите. Оваа дигитална транзиција има за цел да ја елиминира потребата од физички осигурителни документи при патување во рамките на ЦЕФТА.

Овие активности се засноваат на Акцискиот план за воспоставување на Заедничкиот Регионален Пазар (приоритет 3.3) и приоритетите на претседателството на ЦЕФТА за 2024 година (приоритет 2).

The post Укинување или поедноставно вадење зелен картон – препорачува ЦЕФТА appeared first on Република.

]]>

Одлуката дали граѓаните на Македонија во иднина ќе треба да купуваат зелен картон за да влезат во Србија, Албанија и Молдавија најверојатно ќе се знае до крајот на годинава, односно кон средината на декември. Овој трошок за граѓаните на Македонија, но и за граѓаните на другите членки на ЦЕФТА договорот треба да се укине, вели Здравко Илиќ, експерт за трговија со услуги во Секретаријатот на ЦЕФТА во Брисел . Поседувањето на овој документ сега е задолжителен при влез на територијата на Русија , Белорусија, Украина, Турција, Израел, Иран, Тунис и Мароко. Зелениот картон е само доказ дека сопствениците на автомобили веќе платиле осигурување за својот автомобил и не е посебен документ, туку само потврда дека сте платиле осигурување, но за него се издвојуваат одредена сума пари. Возачите во Македонија во просек ги чини околу 2.000 денари месечно или речиси 5.000 денари годишно. Во контекст на последните медиумски информации за осигурувањето за моторна одговорност кон трети лица (MTPL) и зелената карта, Секретаријатот на ЦЕФТА сака да обезбеди јасни и точни информации за јавноста. На 9 октомври 2024 година, Заедничкиот комитет на ЦЕФТА ја усвои Препораката 1/2024, која на страните на ЦЕФТА им предлага мерки за олеснување на процесите за осигурување (MTPL) низ пазарите на ЦЕФТА. Клучните мерки вклучуваат: Конечна цел (до октомври 2026 година): Овозможување на возачите од една ЦЕФТА страна да патуваат во друга ЦЕФТА страна без да имаат потреба од зелена карта или еквивалентна документација за осигурување MTPL. Преодна цел (до октомври 2025 година): Намалување на административните такси за добивање на зелена карта и овозможување признавање на осигурувањето MTPL врз основа на регистрационите таблици на возилата издадени од страните кои се членки на Мултилатералниот Договор. Дополнително, Заедничкиот комитет на ЦЕФТА ги повикува страните целосно да ги дигитализираат осигурителните документи и да овозможат електронска размена на истите. Оваа дигитална транзиција има за цел да ја елиминира потребата од физички осигурителни документи при патување во рамките на ЦЕФТА. Овие активности се засноваат на Акцискиот план за воспоставување на Заедничкиот Регионален Пазар (приоритет 3.3) и приоритетите на претседателството на ЦЕФТА за 2024 година (приоритет 2).

The post Укинување или поедноставно вадење зелен картон – препорачува ЦЕФТА appeared first on Република.

]]>
Србите ќе патуваат без зелен картон во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbite-ke-patuvaat-bez-zelen-karton-vo-makedonija/ Wed, 25 Sep 2024 16:30:08 +0000 https://republika.mk/?p=819608

Овој трошок за граѓаните на Србија, но и за државјаните на останатите членки на ЦЕФТА договорот, треба да се укине, вели за Курир, Здравко Илиќ, експерт за трговија со услуги во Секретаријатот на ЦЕФТА воБрисел.

Србија ја искористи својата улога на претседавач со ЦЕФТА, која ја сочинуваат Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Молдавија и Црна Гора и кога ќе биде усвоен овој предлог, тоа ќе биде голем успех на српското претседателство.
Поседувањето на зелен картон за осигурување е денес задолжително при влез и на територијата на Русија, Белорусија, Украина, Турција, Израел, Иран, Тунис и Мароко.

Нашиот план е во наредните две години да го отстраниме административниот трошок за зелениот картон во регионот, кој го имаат сите наши државјани при влез на пример во Македонија. Иако веќе имаат платено осигурување за своето возило, сепак мораат да издвојат одредена сума. Притоа, не плаќате никакво осигурување, туку добивате потврда дека имате осигурување, истакнува Илиќ.

Илиќ објаснува дека, ако патувате на пример на Исланд преку Унгарија, никој нема да ви побара зелен картон, но ако сакате да одите на море во Грција, не можете да поминете низ Македонија без овој документ: Направивме план и го ставивме на маса. Се надеваме дека ќе биде усвоен. Дадовме рок од две години, но мислам дека може да се случи и порано. Во принцип, сѐ е договорено, а на претстојниот министерски состанок во декември сѐ треба да биде официјално потврдено. Сѐ започна во Софија во 2020 година, а укинувањето на зелениот картон не беше предлог на Секретаријатот, туку на една од владите на земјите-членки на ЦЕФТА.

Ние понатаму ја анализиравме состојбата и разговаравме со Европската асоцијација за осигурување на возила затоа како може да се реши овој проблем. Во Србија тоа е дел од регистрацијата, но не е така во сите земји. Има земји каде што регистрирано возило не значи автоматски и осигурено. Нивниот систем едноставно не функционира така, вели Илиќ.

Предлогот, како што тврди тој, е договорен во форма на препорака на Заедничкиот комитет на ЦЕФТА.

The post Србите ќе патуваат без зелен картон во Македонија appeared first on Република.

]]>

Овој трошок за граѓаните на Србија, но и за државјаните на останатите членки на ЦЕФТА договорот, треба да се укине, вели за Курир, Здравко Илиќ, експерт за трговија со услуги во Секретаријатот на ЦЕФТА воБрисел. Србија ја искористи својата улога на претседавач со ЦЕФТА, која ја сочинуваат Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Молдавија и Црна Гора и кога ќе биде усвоен овој предлог, тоа ќе биде голем успех на српското претседателство. Поседувањето на зелен картон за осигурување е денес задолжително при влез и на територијата на Русија, Белорусија, Украина, Турција, Израел, Иран, Тунис и Мароко. Нашиот план е во наредните две години да го отстраниме административниот трошок за зелениот картон во регионот, кој го имаат сите наши државјани при влез на пример во Македонија. Иако веќе имаат платено осигурување за своето возило, сепак мораат да издвојат одредена сума. Притоа, не плаќате никакво осигурување, туку добивате потврда дека имате осигурување, истакнува Илиќ. Илиќ објаснува дека, ако патувате на пример на Исланд преку Унгарија, никој нема да ви побара зелен картон, но ако сакате да одите на море во Грција, не можете да поминете низ Македонија без овој документ: Направивме план и го ставивме на маса. Се надеваме дека ќе биде усвоен. Дадовме рок од две години, но мислам дека може да се случи и порано. Во принцип, сѐ е договорено, а на претстојниот министерски состанок во декември сѐ треба да биде официјално потврдено. Сѐ започна во Софија во 2020 година, а укинувањето на зелениот картон не беше предлог на Секретаријатот, туку на една од владите на земјите-членки на ЦЕФТА. Ние понатаму ја анализиравме состојбата и разговаравме со Европската асоцијација за осигурување на возила затоа како може да се реши овој проблем. Во Србија тоа е дел од регистрацијата, но не е така во сите земји. Има земји каде што регистрирано возило не значи автоматски и осигурено. Нивниот систем едноставно не функционира така, вели Илиќ. Предлогот, како што тврди тој, е договорен во форма на препорака на Заедничкиот комитет на ЦЕФТА.

The post Србите ќе патуваат без зелен картон во Македонија appeared first on Република.

]]>
Грк сакал да влезе без зелен картон, нудел поткуп од 20 евра, заработи лисици https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/grk-sakal-da-vleze-bez-zelen-karton-nudel-potkup-od-20-evra-zaraboti-lisitsi/ Sat, 02 Sep 2023 18:35:47 +0000 https://republika.mk/?p=678222

- На граничниот премин Богородица, денеска, во 17.45 часот полициски службеници од РЦГР Југ го лишија од слобода Х.Ј. од Грција поради сторено кривично дело нудење поткуп.

Како што соопшти МВР, Х.Ј. се обидел да влезе во Република Македонија со патничко моторно возило „пежо 206“ со германски регистерски таблички, но не поседувал зелен картон.

-Кога од страна на полициски службеник му било укажано дека мора да извади зелен картон, тој почнал агресивно да се однесува, а потоа му понудил поткуп од 20 евра на полицискиот службеник. Х.Ј. е веднаш лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија, се наведува во соопштението.

The post Грк сакал да влезе без зелен картон, нудел поткуп од 20 евра, заработи лисици appeared first on Република.

]]>

- На граничниот премин Богородица, денеска, во 17.45 часот полициски службеници од РЦГР Југ го лишија од слобода Х.Ј. од Грција поради сторено кривично дело нудење поткуп. Како што соопшти МВР, Х.Ј. се обидел да влезе во Република Македонија со патничко моторно возило „пежо 206“ со германски регистерски таблички, но не поседувал зелен картон. -Кога од страна на полициски службеник му било укажано дека мора да извади зелен картон, тој почнал агресивно да се однесува, а потоа му понудил поткуп од 20 евра на полицискиот службеник. Х.Ј. е веднаш лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија, се наведува во соопштението.

The post Грк сакал да влезе без зелен картон, нудел поткуп од 20 евра, заработи лисици appeared first on Република.

]]>
Нема да им се бара зелен картон: Се менуваат правилата за влез на возилата што доаѓаат од Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-da-im-se-bara-zelen-karton-se-menuvaat-pravilata-za-vlez-na-vozilata-shto-doagjaat-od-ukraina/ Tue, 08 Mar 2022 21:38:18 +0000 https://republika.mk/?p=469821

Владата на редовната седница го задолжила Министерството за внатрешни работи за два дена да достави предлог со кој ќе се најде начин украинските патнички возила кои не поседуваат зелен картон да можат да влезат во земјава и да бидат вклучени во сообраќајот, без притоа да им се бара возачите кои управуваат со нив сами да го покријат надоместокот.

Владата го задолжи МВР, во координација со Министерството за финансии, а во соработка и со Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето и Здружението на осигурителните компании, во рок од два дена до Владата на Република Македонија да достави соодветен предлог во насока на изнаоѓање на начин украинските патнички моторни возила кои не поседуваат зелен картон да можат да влезат во Република Македонија и да бидат соодветно вклучени во сообраќајот, без притоа да се бара надоместокот да го покријат самите - информира владината прес-служба.

The post Нема да им се бара зелен картон: Се менуваат правилата за влез на возилата што доаѓаат од Украина appeared first on Република.

Луѓето по пат им дале гориво, храна, кревет, само на граница од Македонија му побарале 50 евра за зелен картон https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lugjeto-po-pat-im-dale-gorivo-hrana-krevet-samo-na-granica-od-makedonija-mu-pobarale-50-evra-za-zelen-karton/ Sun, 06 Mar 2022 15:33:12 +0000 https://republika.mk/?p=468556

Одлуката да ја напуштиме Украина беше тешка, но следејќи ја ситуацијата имав претчувство дека нешто ќе се случи и бев решен доколку пукне, ведаш да заминеме, ја почнува својата приказна за „Алфа“ охриѓанецот Дарко Кипаризовски, кој 6 години со своето семејство живееше во Харков каде што се водат најжестоките борби. Целиот живот буквално го собравме во неколкиу најлон кеси, додава тој, полнејќи ги со сува храна, вода, и алишта, сè што ќе ни се фатеше при рака.

Оставајќи го зад себе домот и дел од семејството кои не сакале да ја напуштат Украина, Дарко трнал на пат за Македонија со сoпругата и двете малолетни дечиња.

Првите бомби пукнаа во 5 ч сабајле, а ние веќе во 8.30 излеговме од дома. Кога излеговме имаше премногу гужва, бидејќи живееме блиску до излезот од градот, јас сакав да излезеам на кружен но беше блокиран, стоеше украинска војска и не пушташе и одма свртивме назад низ цел град на другиот излез но и таму веќе беше сè блокирано со коли. Луѓето возеа каде што имаше можност, сите коли возеa, излегуваа на другата лента, као не доаѓаат коли една луѓето излегуваа на друга и одеа така што побрзо, вели Дарко Кипаризовски

Додава дека извлекувањето од Украина траело два дена, во кои спиеле кај туѓинци, сè додека не стигнале на граница со Молдавија.

Видовме едно село дека има, пробавме таму да видиме некој дали издава, имаше се продаваше една куќа и ѕвонавме на жената, таа рече куќата се продава нема ништо внатре, нема вода, нема струја и ни помогна побара кај други и нè смести кај друга жена. Молдавија стигнавме, имаше големи редици и рекоа дека овде се чека по 24 до 48 часа. Имаше луѓе, Украинци кои носеа на граница јадење имаше комбиња кои даваа чај, кафе, супа, пире, за деца сендвичи, вода, сок. Тоа беа цивили, имаше еден човек кој што одеше и ги сместуваше во фамилии секој некој што може од гратчето да земе, додава Кипаризовски

Во Молдавија и Романија уште на граничниот премин волонери им давале сим картички и го упатувале сместувајќи ги во приватни куќи или хотели. Тој раскажа и за Романија каде непознати луѓе, дечиња им купувале намирници на своите врсници, а една постара жена на коленици ги молела да ги земат парите, ставајќи им ги во рака.

Тоа се трогателни моменти, кои емотивно тешко се доживуваат. Без оглед од каде доаѓаме,ние сме сите луѓе. Сè е беспатно, сè е платено, ни рекоа. Нема што да плаќате ако сакате седите два или три дена колку што сакате. Во Бугарија кога требаше да полнам бензин застанав на бензиска и еден човек ми вели „од Укранина сте? јас ќе го платам бензинот, сакам да помогнам“, истакнува Кипаризовски

Кога стиганале дома, на македонска граница им барале да платат 50 евра за зелен картон, на сите кои во тој момент доаѓале од Украина.

Извинете рекоа, не можем , не е ништо до нас мора да платите зелен картон. Украинците беа малку разочарани и јас бев малку разочаран, но реков во ред, живот е, ваму ми помогнаа многу но сега нешто мора и да и платам. На ова сакам да додам апел ако може некој од нашите од македонската држава да нема зелен картон за украински коли затоа што немаше ни во Моладивија, ни во Романија ни во Бугарија, додава Кипаризовски

По шестдневно патување и 2.500 км, Дарко и неговото семејство се во родниот Охрид, но тој постојано контактира со 30-тина Македнци кои сè уште се заглавени во Укранина.

Ако некој поминува од таму да ги земе од на граница дали од Романија, дали од Бугарија навака. Затоа што сите кои се останати се без кола. Пишуваат дека е лошо, овие што се во Киев цело време трчаат во скривници, нема доволно вода, нема храна, струја нема во многу делови греење нема, исто како кај нас во Харков, има рестриции. Јас мислам дека не може уште долго да издржат, тешко е логистички супермаркетите не успеваат да донесат јадење, пробуваат носат, но луѓето чекаат кој што ќе купи и за во аптеки исто има проблем со дотур на лекови. Никогаш не би помислил дека во 21 век ќе гинат недолжни луѓе, уверен бев дека размумот ќе провладее, среќен сум што сум овде на сугурно, но тажен што сиtе родниni и пријатели останаа во Украина. Моето 5 годишно синче сè уште ги брои деновите до роденденот на своето другарче, верувајќи дека навреме ќе се вратиме дома во Украина и дека заедно ќе ги дувнат роденденските свеќи, раскажува Дарко.

The post Луѓето по пат им дале гориво, храна, кревет, само на граница од Македонија му побарале 50 евра за зелен картон appeared first on Република.

]]>

Одлуката да ја напуштиме Украина беше тешка, но следејќи ја ситуацијата имав претчувство дека нешто ќе се случи и бев решен доколку пукне, ведаш да заминеме, ја почнува својата приказна за „Алфа“ охриѓанецот Дарко Кипаризовски, кој 6 години со своето семејство живееше во Харков каде што се водат најжестоките борби. Целиот живот буквално го собравме во неколкиу најлон кеси, додава тој, полнејќи ги со сува храна, вода, и алишта, сè што ќе ни се фатеше при рака. Оставајќи го зад себе домот и дел од семејството кои не сакале да ја напуштат Украина, Дарко трнал на пат за Македонија со сoпругата и двете малолетни дечиња.