зелен хуман град Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zelen-human-grad/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Dec 2023 08:33:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зелен хуман град Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zelen-human-grad/ 32 32 Скопскиот буџет со 46% намалени ставки за заштита на животна средина https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopskiot-budhet-so-46-namaleni-stavki-za-zashtita-na-zhivotna-sredina/ Wed, 27 Dec 2023 08:33:15 +0000 https://republika.mk/?p=726994

Годишен буџет со 46% намалени ставки за заштита на животна средина кога 5.600 луѓе во Македонија годишно умираат од загаден воздух и буџет без точно кои средства за кои проекти ќе се користат - ние одбиваме!, велат од Зелен хуман град, потенцирајќи дека Буџетот е круцијален документ кој МОРА да се носи во соработка со граѓаните и со советниците кои ги претставуваат нив.

Тоа што ние сега го добиваме е документ изработен без никакво наше учество. За целото ова време додека најважниот документ за скопјани се составуваше зад затворени врати, на градските сектори им беше забрането директно да комуницираат со нас, советниците, велат од здружението.

Додаваат дека ЗХГ одлучи да не поднесува амандмани, туку во целост да го одбие овој штетен буџет затоа што од изгласаните амандмани ниту еден до сега не бил комплетиран, а поголем дел од нив никогаш ни започнати (буџет 2021: 27 поднесени, 1 прифатен, 0 остварени; буџет 2022: 33 поднесени, 5 прифатени, 0 остварени; 2023 година: 13 поднесени, 4 прифатени, 0 остварени).

Овој пат, велат, одбиваат да се радуваат на поднесени и изгласани амандмани, кои нема да бидат повторно спроведени од градската администрација и дека одбиваат да ги разочараат граѓаните кои им ја дадоа нивната поддршка надевајќи се на решение на најголемиот проблем на Скопје.

ЗХГ нема да го гласа овој буџет и неговите програми, додека не:

Се организира средба помеѓу секторите, градоначалничката и сите советници, и буџетот биде заеднички составен
Се добие т.н. „описен дел“ од буџетот каде што се гледа точно колку средства се планирани за секој проект поединечно
Се дозволи директна соработка со секторите, без потреба од присуство или зелено светло од градоначалник (нешто што ни следува според деловник)
Се комплетираат проектите започнати со амандмани од претходните 2 години
Се вклучат во буџет бројни и ефективни мерки за намалување на аерозагадувањето според барањата на ЗХГ

Можеби сме само 2 совеници од 45, но застапуваме 10.000 скопјани кои гласаа за ЗХГ. Тие, и сите останати заслужуваат преку директна демократија да учествуваат во креирање на буџетот на сопствениот град. Скопје заслужува да дише чист воздух!

The post Скопскиот буџет со 46% намалени ставки за заштита на животна средина appeared first on Република.

]]>

Годишен буџет со 46% намалени ставки за заштита на животна средина кога 5.600 луѓе во Македонија годишно умираат од загаден воздух и буџет без точно кои средства за кои проекти ќе се користат - ние одбиваме!, велат од Зелен хуман град, потенцирајќи дека Буџетот е круцијален документ кој МОРА да се носи во соработка со граѓаните и со советниците кои ги претставуваат нив.
Тоа што ние сега го добиваме е документ изработен без никакво наше учество. За целото ова време додека најважниот документ за скопјани се составуваше зад затворени врати, на градските сектори им беше забрането директно да комуницираат со нас, советниците, велат од здружението.
Додаваат дека ЗХГ одлучи да не поднесува амандмани, туку во целост да го одбие овој штетен буџет затоа што од изгласаните амандмани ниту еден до сега не бил комплетиран, а поголем дел од нив никогаш ни започнати (буџет 2021: 27 поднесени, 1 прифатен, 0 остварени; буџет 2022: 33 поднесени, 5 прифатени, 0 остварени; 2023 година: 13 поднесени, 4 прифатени, 0 остварени). Овој пат, велат, одбиваат да се радуваат на поднесени и изгласани амандмани, кои нема да бидат повторно спроведени од градската администрација и дека одбиваат да ги разочараат граѓаните кои им ја дадоа нивната поддршка надевајќи се на решение на најголемиот проблем на Скопје. ЗХГ нема да го гласа овој буџет и неговите програми, додека не:
Се организира средба помеѓу секторите, градоначалничката и сите советници, и буџетот биде заеднички составен Се добие т.н. „описен дел“ од буџетот каде што се гледа точно колку средства се планирани за секој проект поединечно Се дозволи директна соработка со секторите, без потреба од присуство или зелено светло од градоначалник (нешто што ни следува според деловник) Се комплетираат проектите започнати со амандмани од претходните 2 години Се вклучат во буџет бројни и ефективни мерки за намалување на аерозагадувањето според барањата на ЗХГ Можеби сме само 2 совеници од 45, но застапуваме 10.000 скопјани кои гласаа за ЗХГ. Тие, и сите останати заслужуваат преку директна демократија да учествуваат во креирање на буџетот на сопствениот град. Скопје заслужува да дише чист воздух!

The post Скопскиот буџет со 46% намалени ставки за заштита на животна средина appeared first on Република.

]]>
Зелен хуман град: Индустријата загадува со помош на институциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zelen-human-grad-industrijata-zagaduva-so-pomosh-na-institutsiite/ Mon, 16 Jan 2023 12:54:20 +0000 https://republika.mk/?p=597393

Цементарница УСЈЕ е дел од загадувачката индустрија во Македонија што согорува отпад како „алтернативно гориво“. Неодамна медиумите беа преплавени со апологиите на лобисти од индустријата кои бараат укинување на забраната за увоз на отпад за горење, зашто тоа било единствениот начин за да станат поконкурентни на пазарот.

Активистичките групи кои се членки на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД со години повторуваат дека индустријата во Македонија е крајно неконтролирана и дека не постојат прецизни и објективни податоци за степенот на аерозагадување што го предизвикува. Со последниот „инспекциски надзор“ над УСЈЕ тоа многу пластично се покажа.

Во обид да ја покажат својата „транспарентност“ и „посветеност“, Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина деновиве објавија низа документи и информации во врска со инспекцискиот надзор спроведен над УСЈЕ во периоди на високо аерозагадување.

Тие документи и информации уште повеќе ги продлабочија сомнежите и ја разоткрија трулоста на системот кој ревносно ги штити големите загадувачи за сметка на јавното здравје.

Ова се фактите кои по спроведената анализа на сите јавно достапни документи и информации досега ги воочи ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД:

  • Вонредниот инспекциски надзор над УСЈЕ беше најавен.
  • Со отпочнувањето прекршочна наместо кривична постапка, инспекторот од Државниот инспекторат за животна средина потенцијално спречил кривичен прогон на УСЈЕ во склад со начелото Ne bis in idem.
  • Инспекторите мереле емисии на само 3 од вкупно 12 оџаци во УСЈЕ. Според закон и А-интегрираната дозвола, тие се обврзани да ги мерат емисиите од сите 12 оџаци.
  • Според А-дозволата, од 12 оџаци, обврската е континуирано (секојдневно) да се мерат емисии на 10 оџаци (2 ротирачки печки, 2 ладилника за клинкер, 4 мелници за цемент и 2 мелници за цврсто гориво), а двапати годишно да се мерат емисиите на 2 оџака (1 парен котел на мазут и 1 парен котел на гас).
  • Никаде не се јавно достапни дневните извештаи од континуирано мерење на 10 оџаци во УСЈЕ, што повторно е неисполнета обврска од дозволата.
  • Никаде не се јавно објавени резултатите од 24-часовното мерење на ПМ10 честици во кругот на фабриката што се реализирало за време на вонредниот надзор.
  • Во објавениот извештај од мерењата спроведени од лабораторијата ЕУРОМАК-КОНТРОЛ недостасува табела со број 7.2.6. Дали таа ги содржи податоците со мерењата на ПМ10 честиците и намерно е испуштена?
  • Во извештајот од ротирачката печка бр. 3 од автоматски мониторинг на 28 декември 2022 г. недостасуваат податоци за дури 10 часа, а според Правилникот за методологијата, начините, постапките, методите и средствата за мерење на емисиите од стационарните извори, член 15 став (2) Вредностите од мерењата на автоматскиот систем ќе се оценуваат врз основа на правилото според кое најмалку две третини од вредностите треба да бидат валидизирани за да се смета мерењето како веродостојно.

Во записниците и извештаите од мерењата се забележани огромни пропусти. УСЈЕ до Државниот инспекторат за животна средина доставува месечни извештаи. Во тие извештаи не може да се видат аномалиите кои се видливи во дневните извештаи. За да бидат веродостојни дневните мерења, во 24 часа мора да постојат податоци од мерења за минимум 16 часа. Ако не постојат мерења за минимум 16 часа, мерењата од тој ден се сметаат за невалидни. За да бидат веродостојни месечните мерења, не смее повеќе од 10 дена да има невалидни мерења. Нејасно е кој и дали воопшто некој ги валидира мерењата на дневна основа. Нејасно е како инспекторот кој го контролирал извештајот од автоматски мониторинг не го оспорил бидејќи тој содржи податоци за само 14 часа?!

Инсистираме Државниот инспекторат за животна средина и Министерството за животна средина и просторно планирање да одговорат на жителите на Скопје колку години и УСЈЕ и останати индустриски капацитети се толерирани и никој не покренал кривични постапки иако сте забележале огромни недостатоци во мерењата како во случајот со последниот спроведен надзор?

Министерот за животна средина и просторно планирање во своето последно гостување во Дневникот на Сител покажа загрижувачко непознавање на состојбите – не знаеше дека вонредниот надзор во УСЈЕ бил најавен; не знае дека и сега има обврска да ги објавува јавно податоците од континуираните мерења, а не да чека нов Закон за индустриски емисии; не знае дека министерството кое го води прво има должност да ги отпочнува кривичните постапки против загадувачи, а не да ја префрла топката кај некои други институции.

Потсетуваме дека директорот на Државниот инспекторат за животна средина на 5 јануари, ден по спроведениот најавен надзор на УСЈЕ, изјави дека фабриките не загадуваат, туку домаќинствата.

Маглата од загаденост во која нѐ држат институциите на системот ќе ја снема кога секој корумпиран службеник ќе го снема од работното место и ќе биде затворен за своите злодела.

Активисти на Граѓанска иницијатива ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД

The post Зелен хуман град: Индустријата загадува со помош на институциите appeared first on Република.

]]>

Цементарница УСЈЕ е дел од загадувачката индустрија во Македонија што согорува отпад како „алтернативно гориво“. Неодамна медиумите беа преплавени со апологиите на лобисти од индустријата кои бараат укинување на забраната за увоз на отпад за горење, зашто тоа било единствениот начин за да станат поконкурентни на пазарот. Активистичките групи кои се членки на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД со години повторуваат дека индустријата во Македонија е крајно неконтролирана и дека не постојат прецизни и објективни податоци за степенот на аерозагадување што го предизвикува. Со последниот „инспекциски надзор“ над УСЈЕ тоа многу пластично се покажа. Во обид да ја покажат својата „транспарентност“ и „посветеност“, Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина деновиве објавија низа документи и информации во врска со инспекцискиот надзор спроведен над УСЈЕ во периоди на високо аерозагадување. Тие документи и информации уште повеќе ги продлабочија сомнежите и ја разоткрија трулоста на системот кој ревносно ги штити големите загадувачи за сметка на јавното здравје. Ова се фактите кои по спроведената анализа на сите јавно достапни документи и информации досега ги воочи ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД:
  • Вонредниот инспекциски надзор над УСЈЕ беше најавен.
  • Со отпочнувањето прекршочна наместо кривична постапка, инспекторот од Државниот инспекторат за животна средина потенцијално спречил кривичен прогон на УСЈЕ во склад со начелото Ne bis in idem.
  • Инспекторите мереле емисии на само 3 од вкупно 12 оџаци во УСЈЕ. Според закон и А-интегрираната дозвола, тие се обврзани да ги мерат емисиите од сите 12 оџаци.
  • Според А-дозволата, од 12 оџаци, обврската е континуирано (секојдневно) да се мерат емисии на 10 оџаци (2 ротирачки печки, 2 ладилника за клинкер, 4 мелници за цемент и 2 мелници за цврсто гориво), а двапати годишно да се мерат емисиите на 2 оџака (1 парен котел на мазут и 1 парен котел на гас).
  • Никаде не се јавно достапни дневните извештаи од континуирано мерење на 10 оџаци во УСЈЕ, што повторно е неисполнета обврска од дозволата.
  • Никаде не се јавно објавени резултатите од 24-часовното мерење на ПМ10 честици во кругот на фабриката што се реализирало за време на вонредниот надзор.
  • Во објавениот извештај од мерењата спроведени од лабораторијата ЕУРОМАК-КОНТРОЛ недостасува табела со број 7.2.6. Дали таа ги содржи податоците со мерењата на ПМ10 честиците и намерно е испуштена?
  • Во извештајот од ротирачката печка бр. 3 од автоматски мониторинг на 28 декември 2022 г. недостасуваат податоци за дури 10 часа, а според Правилникот за методологијата, начините, постапките, методите и средствата за мерење на емисиите од стационарните извори, член 15 став (2) Вредностите од мерењата на автоматскиот систем ќе се оценуваат врз основа на правилото според кое најмалку две третини од вредностите треба да бидат валидизирани за да се смета мерењето како веродостојно.
Во записниците и извештаите од мерењата се забележани огромни пропусти. УСЈЕ до Државниот инспекторат за животна средина доставува месечни извештаи. Во тие извештаи не може да се видат аномалиите кои се видливи во дневните извештаи. За да бидат веродостојни дневните мерења, во 24 часа мора да постојат податоци од мерења за минимум 16 часа. Ако не постојат мерења за минимум 16 часа, мерењата од тој ден се сметаат за невалидни. За да бидат веродостојни месечните мерења, не смее повеќе од 10 дена да има невалидни мерења. Нејасно е кој и дали воопшто некој ги валидира мерењата на дневна основа. Нејасно е како инспекторот кој го контролирал извештајот од автоматски мониторинг не го оспорил бидејќи тој содржи податоци за само 14 часа?! Инсистираме Државниот инспекторат за животна средина и Министерството за животна средина и просторно планирање да одговорат на жителите на Скопје колку години и УСЈЕ и останати индустриски капацитети се толерирани и никој не покренал кривични постапки иако сте забележале огромни недостатоци во мерењата како во случајот со последниот спроведен надзор? Министерот за животна средина и просторно планирање во своето последно гостување во Дневникот на Сител покажа загрижувачко непознавање на состојбите – не знаеше дека вонредниот надзор во УСЈЕ бил најавен; не знае дека и сега има обврска да ги објавува јавно податоците од континуираните мерења, а не да чека нов Закон за индустриски емисии; не знае дека министерството кое го води прво има должност да ги отпочнува кривичните постапки против загадувачи, а не да ја префрла топката кај некои други институции. Потсетуваме дека директорот на Државниот инспекторат за животна средина на 5 јануари, ден по спроведениот најавен надзор на УСЈЕ, изјави дека фабриките не загадуваат, туку домаќинствата. Маглата од загаденост во која нѐ држат институциите на системот ќе ја снема кога секој корумпиран службеник ќе го снема од работното место и ќе биде затворен за своите злодела. Активисти на Граѓанска иницијатива ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД

The post Зелен хуман град: Индустријата загадува со помош на институциите appeared first on Република.

]]>
Максимум 1.800 евра ќе е казната за без дозвола масакрираните стари дрвја за да никне зграда на „Елена Лука“ во Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/maksimum-1-800-evra-ke-e-kaznata-za-bez-dozvola-masakriranite-stari-drvja-za-da-nikne-zgrada-na-elena-luka-vo-aerodrom/ Thu, 12 Jan 2023 13:35:43 +0000 https://republika.mk/?p=596223

Од Зелен хуман град реагираат дека денеска без дозвола, спротивно на решението на градежниот инспектор, биле масакрирани децениски стари дрвја на улицата „Венјамин Мачуковски“ во Аеродром.

Како што велат од здружението, за оваа локација поплаки од граѓаните добиле пред 2 недели, зошто оваа локација се заградила од страна на инвеститор „Елена Лука“, за градење нова зграда.

Град Скопје потрдил дека нема издадено дозвола за интервенција врз децениското зеленило на парцелата и истото не смее да се сече / пресадува / кастри во ниеден случај. Испектор од градот беше на терен и ја констатираа состојбата, велат од ЗХГ.

Ова утро, инвеститорот започнал со масакр на дрвјата и другото зеленило на парцелата, иако нема дозвола за истото од Градот. Децениски стари дрвја што имаат непроценлива вредност за животната средина, уништени за нова зграда да никне на нивно место. Зелен хуман град повторно реагираше кај надлежниот инспекторат што сега е на терен, и известени сме дека „Елена Лука“ ќе бидат казнети според Закон за урбано зеленило. За жал, законот предвидува максимална казна од 1.800 ЕУР, без разлика на бројот на исечени дрвја, што е смешна сума за секој инвеститор и воопшто не ги обесхрабрува да го прекршат истиот тој закон.
Само со притисок од локалното население може да се спасат останатите дрвја на парцелата што уште не се уништени од инвеститорот! Аеродромци, не дозволувајте профитот на една фирма да ви го одземе правото на чист воздух, термална заштита и здрава животна средина, велат од Зелен хуман град.

The post Максимум 1.800 евра ќе е казната за без дозвола масакрираните стари дрвја за да никне зграда на „Елена Лука“ во Аеродром appeared first on Република.

]]>

Од Зелен хуман град реагираат дека денеска без дозвола, спротивно на решението на градежниот инспектор, биле масакрирани децениски стари дрвја на улицата „Венјамин Мачуковски“ во Аеродром. Како што велат од здружението, за оваа локација поплаки од граѓаните добиле пред 2 недели, зошто оваа локација се заградила од страна на инвеститор „Елена Лука“, за градење нова зграда. Град Скопје потрдил дека нема издадено дозвола за интервенција врз децениското зеленило на парцелата и истото не смее да се сече / пресадува / кастри во ниеден случај. Испектор од градот беше на терен и ја констатираа состојбата, велат од ЗХГ.
Ова утро, инвеститорот започнал со масакр на дрвјата и другото зеленило на парцелата, иако нема дозвола за истото од Градот. Децениски стари дрвја што имаат непроценлива вредност за животната средина, уништени за нова зграда да никне на нивно место. Зелен хуман град повторно реагираше кај надлежниот инспекторат што сега е на терен, и известени сме дека „Елена Лука“ ќе бидат казнети според Закон за урбано зеленило. За жал, законот предвидува максимална казна од 1.800 ЕУР, без разлика на бројот на исечени дрвја, што е смешна сума за секој инвеститор и воопшто не ги обесхрабрува да го прекршат истиот тој закон. Само со притисок од локалното население може да се спасат останатите дрвја на парцелата што уште не се уништени од инвеститорот! Аеродромци, не дозволувајте профитот на една фирма да ви го одземе правото на чист воздух, термална заштита и здрава животна средина, велат од Зелен хуман град.

The post Максимум 1.800 евра ќе е казната за без дозвола масакрираните стари дрвја за да никне зграда на „Елена Лука“ во Аеродром appeared first on Република.

]]>
Во Скопје веќе нема да да се сече зеленило без знаење на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-skopje-vekje-nema-da-da-se-seche-zelenilo-bez-znaenje-na-gragjanite/ Wed, 14 Dec 2022 20:54:28 +0000 https://republika.mk/?p=585748

Во Скопје повеќе нема да може да се сече, корне, кастри зеленило без знаење на граѓаните.

Советот на Град Скопје го усвои предлогот на „Зелен хуман град“ за јавно објавување на решенијата за интервенција врз зеленило и со тоа донесе, како што велат од граѓанската иницијатива, „историска одлука за Скопје“.

Со донесувањето на ваква одлука сите решенија што Град Скопје ги издава за интервенција врз зеленило ќе бидат јавно објавувани заедно со записниците на денот на нивното издавање. Решенијата нема да стануваат правосилни додека не истече законски утврдениот рок за жалба и не поминат процесите на обжалување, споделија од ЗХГ на социјалните мрежи.

Ова е огромен напредок во заштитата на зеленилото во Скопје и во овозможувањето пристап до правда за граѓаните со цел заштита и унапредување на животната средина и природата“, велат од ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД и додаваат дека за нивниот предлог гласале 28 советници од сите советнички групи.

The post Во Скопје веќе нема да да се сече зеленило без знаење на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Во Скопје повеќе нема да може да се сече, корне, кастри зеленило без знаење на граѓаните. Советот на Град Скопје го усвои предлогот на „Зелен хуман град“ за јавно објавување на решенијата за интервенција врз зеленило и со тоа донесе, како што велат од граѓанската иницијатива, „историска одлука за Скопје“. Со донесувањето на ваква одлука сите решенија што Град Скопје ги издава за интервенција врз зеленило ќе бидат јавно објавувани заедно со записниците на денот на нивното издавање. Решенијата нема да стануваат правосилни додека не истече законски утврдениот рок за жалба и не поминат процесите на обжалување, споделија од ЗХГ на социјалните мрежи.
Ова е огромен напредок во заштитата на зеленилото во Скопје и во овозможувањето пристап до правда за граѓаните со цел заштита и унапредување на животната средина и природата“, велат од ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД и додаваат дека за нивниот предлог гласале 28 советници од сите советнички групи.
 
The post Во Скопје веќе нема да да се сече зеленило без знаење на граѓаните appeared first on Република.

]]>
„Зелен хуман град“ бара да се стопира проширување на улицата „Васко Карангелски“ во Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zelen-human-grad-bara-da-se-stopira-proshiruvanje-na-ulicata-vasko-karangelski-vo-aerodrom/ Fri, 02 Dec 2022 21:04:35 +0000 https://republika.mk/?p=581155

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ попладнево одржа протест во знак на револт од најавеното проширување на улицата „Васко Карангелески“ во Општина Аеродром. Оттаму нагласија дека не е прифатливо проширување на улицата на четири ленти до основно училиште каде што децата ќе бидат во постојана опасност да бидат прегазени.

– Бараме од Град Скопје итно да го стопира проширувањето на улицата „Васко Карангелески“. Не е прифатливо проширување на улицата на четири ленти до основно училиште каде што децата ќе бидат во постојана опасност да бидат прегазени на булевар со четири ленти. Не е прифатливо да се изгуби огромен појас на зеленило каде што локалците наместо да се движат по зелена патека ќе треба да се движат по асфалт со издувни гасови од густ сообраќај. Не е прифатливо да се пресадуваат дрвја кои имаат многу мали шанси да преживеат, потенцираа од „Зелен хуман град“.

The post „Зелен хуман град“ бара да се стопира проширување на улицата „Васко Карангелски“ во Аеродром appeared first on Република.

Денeска протест и на „Васко Карангелески“: И покрај барањата на граѓаните, Град Скопје ја прави булевар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/deneska-protest-i-na-vasko-karangeleski-i-pokraj-baranjata-na-gragjanite-grad-skopje-ja-pravi-bulevar/ Fri, 02 Dec 2022 10:09:07 +0000 https://republika.mk/?p=580803

Граѓанската иницијатива Зелен хуман град денска, петок 2 декември, повикува на протес во 17 часот на улицата „Васко Карангелески“ во Аеродром. Како што велат оттаму, Градот Скопје упорно, и покрај промената на власта, делува спротивно на барањата и интересите на граѓаните.

Повеќе од една година заедно со локалното население се бориме да спречиме претворање на ул. „Васко Карангелески“ во булевар. Наместо Град Скопје да работи на смирување на сообраќајот кој буквално носи животи, тие мирна улица веднаш пред основно училиште прошируваат во булевар! Ги повикуваме сите наши сограѓани, но пред сѐ сите локални жители, сите родители чиишто деца учат во основното училиште „Љубен Лапе“, да излезат и да ги заштитат своите и животите на своите деца. Булевар до основно училиште е енормен ризик по безбедноста не само на децата кои учат таму, туку и на нивните најблиски кои ги носат и ги земаат од училиште, повикуваат од Зелен хуман град.

Потенцираат дека на само 800 метри оддалеченост е булеварот „Србија“, со што е „целосно беспредметно уништувањето на една мирна сообраќајна зона каде што живее и повозрасно население и нејзино претворање во авионска писта каде што ќе прелетуваат смртоносни возила со огромна брзина“.

Да не дозволиме нашите најблиски да бидат подвижни мети!
Да не дозволиме да се дуплира количината на асфалт и бетон за да се создаде уште
еден топлински остров!
Локалните самоуправи постојат за да работат во најдобар интерес на граѓаните!, порачуваат од ЗХГ.

The post Денeска протест и на „Васко Карангелески“: И покрај барањата на граѓаните, Град Скопје ја прави булевар appeared first on Република.

]]>

Граѓанската иницијатива Зелен хуман град денска, петок 2 декември, повикува на протес во 17 часот на улицата „Васко Карангелески“ во Аеродром. Како што велат оттаму, Градот Скопје упорно, и покрај промената на власта, делува спротивно на барањата и интересите на граѓаните.
Повеќе од една година заедно со локалното население се бориме да спречиме претворање на ул. „Васко Карангелески“ во булевар. Наместо Град Скопје да работи на смирување на сообраќајот кој буквално носи животи, тие мирна улица веднаш пред основно училиште прошируваат во булевар! Ги повикуваме сите наши сограѓани, но пред сѐ сите локални жители, сите родители чиишто деца учат во основното училиште „Љубен Лапе“, да излезат и да ги заштитат своите и животите на своите деца. Булевар до основно училиште е енормен ризик по безбедноста не само на децата кои учат таму, туку и на нивните најблиски кои ги носат и ги земаат од училиште, повикуваат од Зелен хуман град.
Потенцираат дека на само 800 метри оддалеченост е булеварот „Србија“, со што е „целосно беспредметно уништувањето на една мирна сообраќајна зона каде што живее и повозрасно население и нејзино претворање во авионска писта каде што ќе прелетуваат смртоносни возила со огромна брзина“.
Да не дозволиме нашите најблиски да бидат подвижни мети! Да не дозволиме да се дуплира количината на асфалт и бетон за да се создаде уште еден топлински остров! Локалните самоуправи постојат за да работат во најдобар интерес на граѓаните!, порачуваат од ЗХГ.

The post Денeска протест и на „Васко Карангелески“: И покрај барањата на граѓаните, Град Скопје ја прави булевар appeared first on Република.

]]>
Ќе може ли и милениците да се превезуваат во автобусите на ЈСП Скопје? https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kje-moze-li-i-milenicite-da-se-prevezuvaat-vo-avtobusite-na-jsp-skopje/ Sat, 15 Oct 2022 19:55:25 +0000 https://republika.mk/?p=561559

Иницијативата „Зелен хуман град“ објави анкета на која граѓаните можат да го дадат својот глас за тоа дали се за или против тоа Град Скопје да дозволи користење на јавен транспорт во придружба на миленик.

Во образложението на анкетата се вели дека граѓаните кои имаат миленици се една од најдискриминираните група на граѓани во Македонија.

Доколку не располагате со сопствено возило, или немате доволно пари за такси на кратки и долги дестинации, вие не смеете да користите ниту еден јавен транспорт било каде во земјава. Од една страна државата и институции промовираат одговорно сопствеништво, ненапуштање на миленици (секако само на постери), од друга страна го скратуваат основното човеково право на слободно движење, оневозможувајќи ги луѓето со своите миленици да стигнат дури и до ветеринар и во најитните ситуации, а камоли да ги спроведуваат посакуваните семејни активности со нив, стои во објаснувањето на предлогот.

Поради тие причини се бара измена и дополнување наОдлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје со што ќе се овозможи граѓаните со миленици да го користат градскиот превоз, без разлика дали нивните милениците се во служба на придружба, се додека се уредно сместени во транспортер за мали миленици или се на поводници кога станува збор за кучиња.

Доколку анкетата покаже дека овој предлог има поддршка од граѓаните тој ќе биде доставен до Советот на Град Скопје.

The post Ќе може ли и милениците да се превезуваат во автобусите на ЈСП Скопје? appeared first on Република.

]]>

Иницијативата „Зелен хуман град“ објави анкета на која граѓаните можат да го дадат својот глас за тоа дали се за или против тоа Град Скопје да дозволи користење на јавен транспорт во придружба на миленик. Во образложението на анкетата се вели дека граѓаните кои имаат миленици се една од најдискриминираните група на граѓани во Македонија.
Доколку не располагате со сопствено возило, или немате доволно пари за такси на кратки и долги дестинации, вие не смеете да користите ниту еден јавен транспорт било каде во земјава. Од една страна државата и институции промовираат одговорно сопствеништво, ненапуштање на миленици (секако само на постери), од друга страна го скратуваат основното човеково право на слободно движење, оневозможувајќи ги луѓето со своите миленици да стигнат дури и до ветеринар и во најитните ситуации, а камоли да ги спроведуваат посакуваните семејни активности со нив, стои во објаснувањето на предлогот.
Поради тие причини се бара измена и дополнување наОдлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје со што ќе се овозможи граѓаните со миленици да го користат градскиот превоз, без разлика дали нивните милениците се во служба на придружба, се додека се уредно сместени во транспортер за мали миленици или се на поводници кога станува збор за кучиња. Доколку анкетата покаже дека овој предлог има поддршка од граѓаните тој ќе биде доставен до Советот на Град Скопје.

The post Ќе може ли и милениците да се превезуваат во автобусите на ЈСП Скопје? appeared first on Република.

]]>
ЗХГ: Мора да го смениме начинот на одбирање на раководители https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zhg-mora-da-go-smenime-nachinot-na-odbiranje-na-rakovoditeli/ Thu, 04 Aug 2022 19:38:38 +0000 https://republika.mk/?p=536874

По хаосот кој се случи во Зоолошката градина во Скопје, од медиумите дознавме дека е назначен нов директор на ова јавно претпријатие—човек, кој според информациите достапни во јавноста, нема претходно искуство на работа со животни ниту пак е соодветно образован за дадената позиција, реагираат од Зелен хуман град.

https://republika.mk/vesti/skopje/dragan-ilievski-od-grom-nov-direktor-vo-zoo-skopje/

Можеби е добар раководител, но тоа е тешко да се оцени без информации за неговото претходно работно искуство (CV) да бидат доставени до советниците.
Покрај тоа, раководител на институција во која се чуваат живи суштества и чии животи зависат од правилно раководење на истата МОРА да има соодветна едукација и искуство во конкретната област.
За жал, назначувањето на директори на јавни институции се врши од градоначалничката функција, а не преку советот, па советот нема право на глас за истото. Сепак, кога се консултираат советниците полесно се стигнува до вистинските луѓе за ваквите позиции, потенцираат оттаму.

Според Зелен хуман град, одличен пример за тоа е новиот директор на ЈП ЛАЈКА, Војислав Димитровски, кој по професија е ветеринар, магистер во областа на ветеринарното јавно здравство, национален консултант на ФАО за благосостојба на животните и проект лидер на УНДП за решавање на проблемот со бездомните кучиња на територијата на Југозападниот реон на Македонија.

Димитровски, кој беше поставен на позицијата со поддршка од сите скопски здруженија за заштита на животните по препорака на ЗХГ заедно со новите членови на управниот и надзорниот одбор, успеаја да ја трансформираат институцијата во функционално прифатилиште кое хумано ги третира животните и вистински им служи на скопјани - бројките на заловени, лекувани, кастрирани и вдомени животни говорат за тоа.
Друг пример е Ана Петровска која како директорка на Државниот инспекторат за животна средина успеа да ја врати во живот институцијата, да почне со вистински казни за сите оние кои ја загадуваат нашата средина и следствено да ја зголеми довербата на граѓаните во ова тело. Нажалост, токму поради тоа беше отстранета од нејзината функција, велат од Зелен хуман град.

Од здружението потенцираат дека нашите институции со години наназад тонат поради лошо раководство и работење.

Мора да го смениме начинот на одбирање на раководители на институциите и мора да бидат поставени луѓе со соодветно искуство, желба и мотивација да ја направат потребната трансформација на институција! Во спротивно, само ќе продолжиме да зборуваме за некакви промени, без да можеме уште долго време да ги видиме во пракса, велат од Зелен хуман град.

The post ЗХГ: Мора да го смениме начинот на одбирање на раководители appeared first on Република.

]]>

По хаосот кој се случи во Зоолошката градина во Скопје, од медиумите дознавме дека е назначен нов директор на ова јавно претпријатие—човек, кој според информациите достапни во јавноста, нема претходно искуство на работа со животни ниту пак е соодветно образован за дадената позиција, реагираат од Зелен хуман град. https://republika.mk/vesti/skopje/dragan-ilievski-od-grom-nov-direktor-vo-zoo-skopje/
Можеби е добар раководител, но тоа е тешко да се оцени без информации за неговото претходно работно искуство (CV) да бидат доставени до советниците. Покрај тоа, раководител на институција во која се чуваат живи суштества и чии животи зависат од правилно раководење на истата МОРА да има соодветна едукација и искуство во конкретната област. За жал, назначувањето на директори на јавни институции се врши од градоначалничката функција, а не преку советот, па советот нема право на глас за истото. Сепак, кога се консултираат советниците полесно се стигнува до вистинските луѓе за ваквите позиции, потенцираат оттаму.
Според Зелен хуман град, одличен пример за тоа е новиот директор на ЈП ЛАЈКА, Војислав Димитровски, кој по професија е ветеринар, магистер во областа на ветеринарното јавно здравство, национален консултант на ФАО за благосостојба на животните и проект лидер на УНДП за решавање на проблемот со бездомните кучиња на територијата на Југозападниот реон на Македонија.
Димитровски, кој беше поставен на позицијата со поддршка од сите скопски здруженија за заштита на животните по препорака на ЗХГ заедно со новите членови на управниот и надзорниот одбор, успеаја да ја трансформираат институцијата во функционално прифатилиште кое хумано ги третира животните и вистински им служи на скопјани - бројките на заловени, лекувани, кастрирани и вдомени животни говорат за тоа. Друг пример е Ана Петровска која како директорка на Државниот инспекторат за животна средина успеа да ја врати во живот институцијата, да почне со вистински казни за сите оние кои ја загадуваат нашата средина и следствено да ја зголеми довербата на граѓаните во ова тело. Нажалост, токму поради тоа беше отстранета од нејзината функција, велат од Зелен хуман град.
Од здружението потенцираат дека нашите институции со години наназад тонат поради лошо раководство и работење.
Мора да го смениме начинот на одбирање на раководители на институциите и мора да бидат поставени луѓе со соодветно искуство, желба и мотивација да ја направат потребната трансформација на институција! Во спротивно, само ќе продолжиме да зборуваме за некакви промени, без да можеме уште долго време да ги видиме во пракса, велат од Зелен хуман град.

The post ЗХГ: Мора да го смениме начинот на одбирање на раководители appeared first on Република.

]]>
Шанса за Центар: Градот ќе стане жежок топлотен остров, а улиците реки ако се покрие целосно со асфалт https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/shansa-za-centar-gradot-kje-stane-zezok-toploten-ostrov-a-ulicite-reki-ako-se-pokrie-celosno-so-asfalt/ Mon, 01 Aug 2022 17:39:43 +0000 https://republika.mk/?p=535853

Градот не може и не смее да се покрие целосно со асфалт, реагираат од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ откако градоначалничката Данела Арсовска по Градскиот парк викендов асфалтираше патека и на кејот на реката Вардар. Од „Шанса за Центар“ велат ако се продолжи со покривање на целиот град со асфалт и бетон, Скопје ќе стане голем жежок топлотен остров во кој условите за живот ќе бидат уште полоши од сегашните.

„Сите анализи кои ги направи самиот Град Скопје во соработка со меѓународни организации во рамки на проектот ‘Отпорно Скопје‘ укажуваат дека досегашната прекумерна и непланска замена на природните и зелените површини со бетон и асфалт создаде локации во градот на кои температурата достигнува и до над 60 целзиусови степени во лето. Дополнително, научно е докажано дека овие материјали не пропуштаат вода со што се намалува пропусноста на почвата, се намалуваат подземните води, а градските улици се претвораат во површини на кои водата се собира и тече како по корита на реки со што се зголемува опасноста од поплавување“, велат од „Шанса за Центар“.

Затоа од граѓанската иницијатива сметаат дека е недозволиво од страна на Градот да се асфалтираат пешачки патеки во Градски парк, ниту да се става асфалт на површини покрај реката Вардар кои и досега беа уредени со камен и калдрма што пак овозможува водата да не се задржува на патеката туку да се впива во земјата. Покривањето на патеките во паркот со тартан ги прави овие површини уште понепропустливи.

„Уништувањето на парковите е спротивно на зелената агенда на Европската Унија и климатските цели на Обединетите нации и спротивно на сите стручни проекции за тоа како треба да се подготвиме за нашите градови да бидат поотпорни на претстојните климатски промени“, додаваат од „Шанса за Центар“.

За асфалтирањето на паркот реагираа и граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ и МАРХ и побараа Арсовска да престане со активностите за бетонирањето на Градски парк.

The post Шанса за Центар: Градот ќе стане жежок топлотен остров, а улиците реки ако се покрие целосно со асфалт appeared first on Република.

Арсовска ги асфалтира патеките во парк, активистите велат: Запрете! https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-gi-asfaltira-patekite-vo-park-aktivistite-velat-zaprete/ Wed, 27 Jul 2022 17:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=533961

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со директорот на ЈП Улици и патишта Борис Настов денеска извршија увид во почетокот на реконструкцијата на пешачките патеки во првиот дел од Градскиот парк.

Во успешно завршената реконструкција на пешачките патеки во вториот дел од паркот, каде веќе се реконструирани над 12.000 квадратни метри, продолжуваме со реконструирање на сите останати пешачки површини во Градскиот парк. Со реконструкцијата во оваа фаза е предвидено да бидат опфатени пешачки патеки на вкупна површина од 12.500 квадратни метри во првиот дел од Градскиот парк. Од вкупната површина 7.500 квадратни метри се пешачки патеки што се покриени со ризла кои ќе бидат асфалтирани, а 5.000 квадратни метри пешачки патеки кои се затекнати во лоша состојба со големи оштетувања, ќе бидат санирани со нова асфалтна маса, истакна Арсовска.

Екипите на ЈП Улици и патишта, по налог на Град Скопје, во текот на изминатите денови веќе ги започнаа активностите за реконструкција на патеките во близина на малиот лавиринт во првиот дел од паркот и дополнително уредување на зеленилото.

Во активностите во оваа фаза на реконструкција на патеките во првиот дел од Градскиот парк ЈП Улици и патишта во изминативе денови веќе започнаа со целосна реконструкција на пешачките патеки со ризла, потоа следи фаза на реконструкција на оштетените асфалтни патеки и санација на истите кои ќе бидат обновени со нова асфалтна маса, посочи директорот Настов.

Реконструкцијата на пешачките патеки, обнова за зеленилото, поставување на нови садови за отпадоци, нова урбана опрема и санација на постоечката урбана опрема, како и реконструирање на плочници и тековно одржување на парковата опрема е дел од активностите кои Градот Скопје ги презема за обновување на Градскиот парк во корист на сите генерации, велт од Градот.

Активстите, пак, не мислат така. Зелен хуман град по објавувањето на веста дека се асфалтираат патеки во Градски парк испрати официјален допис до Град Скопје и до ЈП „Улици и патишта“ – Скопје со барање веднаш да ги адаптира своите активности на препораките кои се дел од стратешките документи што ги изработува локалната самоуправа.

Во Стратегијата за отпорно Скопје од 2017 г. се вели „Колку повеќе бетон и асфалт, толку повисока температура. Потребни се повеќе зелени површини, зелени покриви и зелени фасади.“ „Конвенционалните материјали за поплочување можат да достигнат летни температури и од 48-67°C. Ваквите загреани површини ја пренесуваат топлина во воздухот над нив со тоа значајно придонесуваат за создавањето на топлински острови. […] Улиците, плочниците, паркинзите, тротоарите и другите површини може да се конструираат со користење на пропустливи/проодни материјали за поплочување, и со тоа да се помогне да се излади околината, истовремено намалувајќи го истекувањето на атмосферските води.“, е наведено во студијата за Урбани топлински острови во Скопје од 2018 г.

Ако земеме предвид дека според картата на урбани топлински острови, централното подрачје на Скопје се издвојува како најтопло место во кое се забележани највисоки среднодневни температури, тогаш е сосема јасно дека сите напори и активности на Градот мора да се насочени кон намалување на температурите, а тоа секако не се постигнува со нанесување црн асфалт кога постојат далеку поадекватни алтернативи. Темните површини многу повеќе се загреваат од светлите, а со тоа и ослободуваат поголема топлина (а со тоа и емисии) во воздухот. Според јавно достапните научни податоци, црниот асфалт под директна сончева светлина ослбодува и до 300% повеќе емисии! Бекатон плочките и тревнатите плочници се веќе во широка употреба кај нас доколку чакалот не е алтернатива за одредени категории од нашите сограѓани. Не бараме решенија кои не постојат или се прескапи. Бараме решенија со кои ќе се одговори и на потребите на скопјани, но и ќе се гарантира заштита на природата, односно одржливо ќе се управува со едно од ретките зелени прибежишта во Скопје“, велат од „Зелен хуман град“

The post Арсовска ги асфалтира патеките во парк, активистите велат: Запрете! appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со директорот на ЈП Улици и патишта Борис Настов денеска извршија увид во почетокот на реконструкцијата на пешачките патеки во првиот дел од Градскиот парк.
Во успешно завршената реконструкција на пешачките патеки во вториот дел од паркот, каде веќе се реконструирани над 12.000 квадратни метри, продолжуваме со реконструирање на сите останати пешачки површини во Градскиот парк. Со реконструкцијата во оваа фаза е предвидено да бидат опфатени пешачки патеки на вкупна површина од 12.500 квадратни метри во првиот дел од Градскиот парк. Од вкупната површина 7.500 квадратни метри се пешачки патеки што се покриени со ризла кои ќе бидат асфалтирани, а 5.000 квадратни метри пешачки патеки кои се затекнати во лоша состојба со големи оштетувања, ќе бидат санирани со нова асфалтна маса, истакна Арсовска.
Екипите на ЈП Улици и патишта, по налог на Град Скопје, во текот на изминатите денови веќе ги започнаа активностите за реконструкција на патеките во близина на малиот лавиринт во првиот дел од паркот и дополнително уредување на зеленилото.
Во активностите во оваа фаза на реконструкција на патеките во првиот дел од Градскиот парк ЈП Улици и патишта во изминативе денови веќе започнаа со целосна реконструкција на пешачките патеки со ризла, потоа следи фаза на реконструкција на оштетените асфалтни патеки и санација на истите кои ќе бидат обновени со нова асфалтна маса, посочи директорот Настов.
Реконструкцијата на пешачките патеки, обнова за зеленилото, поставување на нови садови за отпадоци, нова урбана опрема и санација на постоечката урбана опрема, како и реконструирање на плочници и тековно одржување на парковата опрема е дел од активностите кои Градот Скопје ги презема за обновување на Градскиот парк во корист на сите генерации, велт од Градот. Активстите, пак, не мислат така. Зелен хуман град по објавувањето на веста дека се асфалтираат патеки во Градски парк испрати официјален допис до Град Скопје и до ЈП „Улици и патишта“ – Скопје со барање веднаш да ги адаптира своите активности на препораките кои се дел од стратешките документи што ги изработува локалната самоуправа.
Во Стратегијата за отпорно Скопје од 2017 г. се вели „Колку повеќе бетон и асфалт, толку повисока температура. Потребни се повеќе зелени површини, зелени покриви и зелени фасади.“ „Конвенционалните материјали за поплочување можат да достигнат летни температури и од 48-67°C. Ваквите загреани површини ја пренесуваат топлина во воздухот над нив со тоа значајно придонесуваат за создавањето на топлински острови. […] Улиците, плочниците, паркинзите, тротоарите и другите површини може да се конструираат со користење на пропустливи/проодни материјали за поплочување, и со тоа да се помогне да се излади околината, истовремено намалувајќи го истекувањето на атмосферските води.“, е наведено во студијата за Урбани топлински острови во Скопје од 2018 г. Ако земеме предвид дека според картата на урбани топлински острови, централното подрачје на Скопје се издвојува како најтопло место во кое се забележани највисоки среднодневни температури, тогаш е сосема јасно дека сите напори и активности на Градот мора да се насочени кон намалување на температурите, а тоа секако не се постигнува со нанесување црн асфалт кога постојат далеку поадекватни алтернативи. Темните површини многу повеќе се загреваат од светлите, а со тоа и ослободуваат поголема топлина (а со тоа и емисии) во воздухот. Според јавно достапните научни податоци, црниот асфалт под директна сончева светлина ослбодува и до 300% повеќе емисии! Бекатон плочките и тревнатите плочници се веќе во широка употреба кај нас доколку чакалот не е алтернатива за одредени категории од нашите сограѓани. Не бараме решенија кои не постојат или се прескапи. Бараме решенија со кои ќе се одговори и на потребите на скопјани, но и ќе се гарантира заштита на природата, односно одржливо ќе се управува со едно од ретките зелени прибежишта во Скопје“, велат од „Зелен хуман град“

The post Арсовска ги асфалтира патеките во парк, активистите велат: Запрете! appeared first on Република.

]]>
Кој живее супстандардно во Скопје ќе покаже новиот „пасош“ со кој почнува процесот „Нов ГУП за зелено и хумано Скопје“ на „Зелен хуман град“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/koj-zivee-substandardno-vo-skopje-kje-pokaze-noviot-pasosh-so-koj-pochnuva-procesot-nov-gup-za-zeleno-i-humano-skopje-na-zelen-human-grad/ Sat, 22 Jan 2022 08:13:08 +0000 https://republika.mk/?p=448027

„Зелен хуман град“ иницираше процес „Нов ГУП за зелено и хумано Скопје“, во кој се вклучија експерти од институциите, академијата, претприемништвото и граѓанскиот сектор, соопштија од граѓанската иницијатива, додавајќи дека на 17 и 18 јануари, во текот на дводневна работилница насловена „Нов ГУП: Планска програма за зелено и хумано Скопје“ во која можеше да се учествува и физички и онлајн, беа споделени најдобри практики за одржливо планирање на еден град.

Експерти од Бугарија, Љубо Георгиев и Калојан Карамитов, пред присутните на работилницата презентираа како ја создале Визијата за Софија - стратешки документ за одржлив и паметен развој на градот. Тие споделија кои податоци се користени за оценка на состојбата / функционалноста на градот и неговите делови, како се дефинирани мерките и индикаторите за следење на успехот во постигнувањето на визијата. Воедно, ја потенцираа важноста од собирање прецизни податоци со чијашто анализа се утврдува што недостига за квалитетен и здрав живот во населбите. За добивање точни информации неопходно е да се вклучат сите засегнати страни и самите граѓани. Така, во планирањето ќе учествуваат не само урбанистите, туку сите оние што ги користат просторот, објектите, инфраструктурата, зеленилото и другите елементи на градот во кој живееме и работиме, велат од „Зелен хуман град“.

Aктивистите додаваат дека претставникот на Градот Скопје информирал дека изработката на ГУП 2022-2032 за Скопје е започната, а првата фаза на планската програма е завршена на Архитектонскиот факултет, но не е никаде објавена. Велат целта со иницирањето транспарентно планирање е да се прекине со работа зад затворени врати, да се прекине со трошење пари на граѓаните за изработка на студии и истражувања изработени далеку од очите на јавноста.

Агенцијата за планирање на просторот, која има потпишано договор со Градот Скопје да го изработи ГУП, не ја прифати поканата за учество на работилницата, што го сметаме за одраз на недопустлива затвореност. „Зелен хуман град“ силно се спротивставува на нетранспарентно планирање на Скопје! Затоа започнуваме со изработка на „пасош“ на Скопје со кој на многу едноставен начин визуелно ќе прикажеме кои делови од Скопје се квалитетно урбанизирани, а кои не се. Во кои делови има консолидирани соседства каде што се обезбедени сите неопходни пратечки јавни содржини (градинка, училиште, амбуланта, детско игралиште, спортски терен, парк за миленици, објекти од областа на културата, урбани градини, биокомпостара, пазар, итн.), а каде воопшто не е инвестирано и кои наши сограѓани живеат, учат, работат во супстандардни услови. Во процесот на создавање пасош за Скопје ги вклучуваме граѓаните кои ќе учествуваат во собирањето податоци и во креирањето на визијата за нашиот град преку алатката МојГрад. Посветено ќе работиме и ќе инсистираме со новиот ГУП да се направи „договор за користење на просторот“ со сите скопјани. Само заедно може да ја спречиме урбанистичката мафија во незаситното градење и загрозувањето на нашето право на сонце, чист воздух, зелени јавни простори и пристапна и достапна инфраструктура за сите нас, велат од „Зелен хуман град“.

Настанот беше реализиран во рамките на проектот „Protecting Civic Space – Regional Civil Society Development Hub“ финансиран од Sida и имплементиран од BCSDN.

The post Кој живее супстандардно во Скопје ќе покаже новиот „пасош“ со кој почнува процесот „Нов ГУП за зелено и хумано Скопје“ на „Зелен хуман град“ appeared first on Република.