зекирија зекири Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zekirija-zekiri/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Mar 2023 13:42:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зекирија зекири Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zekirija-zekiri/ 32 32 Зекири конечно се појави во суд, ама избегнуваше одговори, роднините обвинуваат дека одбраната сака да ги прикаже како хистерични https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zekiri-konechno-se-pojavi-vo-sud-ama-izbegnuvashe-odgovori-rodninite-obvinuvaat-deka-odbranata-saka-da-gi-prikazhe-kako-histerichni/ Thu, 16 Mar 2023 13:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=620355

Со сослушување на вештакот Зекирија Зекири, кој е дел од имот што го изготви супервештачењето за предметот денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за автобуската несреќа кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени.

Обвинителот на почетокот од судењето поставуваше прашања кои се однесуваа на квалификации и стручност на вештакот Зекири.

Адвокатот на одбраната Сашко Дуковски во изјава за медиумите, во однос на прашањата од обвинителството кон вештакот за неговите квалификации и стручност, посочи дека поседувањето на лиценца само по себе е доволен доказ за компетентност на Зекири како вештак.

Бевте сведоци на прашања од типот што ви е магистериумот што ви е докторатот. Се работи за лице кое има лиценца тука почнува и завршува приказната за неговата стручност ова лице одговори точно на сите прашања и на крајот на денот се работи за тимско вештачење и на другите рочишта другите вешти лица одговорија истото што и тој го одговоро и јас не гледам некаква поосебна разлика што ова вешто лице би било квалификувано како што сакаат да го квалификуваат дека бил нестручен. Човект има лиценца, застапува, и самиот кажа дека во ноември имал две вештачења, во 2022 година учествувал во неколку супервештачења, јас не знам какви референци треба некој да има за да биде вешто лице освен да има лиценца, изјави Дуковски.

Од друга страна, адвокатот на оштетените Владимир Николовски рече дека вештото лице намерно избегнувало да одговори на сите прашања кои биле поставувани од обвинителот и одбраната.

Сите изјави на ова лице кое е доктор на науки се нецелосни дополнувани од другите вештаци некомплетни и по мене се нереални сакам да кажам дека вештото лице намерно избегнува да одговори на сите прашања кои беа поставуваи од обвинителот и бранителот на шестообвнетиот со цел само да се одолговлечи и да се избегне правилната виситина во вештачењето од машинскиот факултет, потенцира Николовски.

Синиша Ристески, роднина на загинат во несреќата додаде дека секогаш кога вештаците немале одговор се предизвикувало тензија.

Секогаш кога адвокатите на обвинетите ќе почувствуваат дека нивните вештаци немаат одговор, не знаат да одговорат, тогаш некој од нив предизвикува тензија со цел да дојде до прекин на судскиот процес. Таа тензија како што можевте да видите на денешното рочиште со повишување на глас со оркестрирано и групно уфрлање на сите кандидати на обвинетите со цел да го деконцентрираат Јавниот обвинител и да се создаде дополнителна нервоза која потоа е карактеризирана дека ние сме тие што се закануваме правиме тензии и тоа води до прекин на судскиот процес. Ова е редовна појава од нивна страна, се обидуваат преку одолговлекување и развклекување на овој процес да постигнат една слика во која сакаат нас да не претстават како лица кои предизвикуваат тензии, меѓутоа нема да им успее таа стратегија нивна планирана оркестирана техника затоа што и покрај болката што ја чувствуваме покрај загубата на нашите најмили на најдостоинствен начин ќе продолжиме да го доведеме овој судски процес до крај, порача Ристески.

Според бранителот на обвинетите, адвокатот Дуковски пак, тензиите доаѓаат од одредени лица од оштетените.

Еден од оштетените кој што не случајно се јавува како некој самоповикан лидер на оштетените на мојот колега денеска му се обрати ќе видиш ти. Истото тоа лице нападна колега бранител на гробиштата во Гостивар, истото тоа лице неколкупати го напаѓа мојот клиент во Гостивар за што е пријавено во полициската станица во Гостивар за кривично дело загрозување на сигурност. Стотици пати ние како бранители кои ја вршиме нашата функција сме подложни на највулгарно и најбрутално пцуење од стана на дел од оштетените. Правото на одбрана е загаранатирано, најмногу на свет ми е жал за трагедијата, а особено за тоа што тие го изгубиле своето најмило, но не може да се претвори ова во циркус и на постојано најбрутално и највулгарноанвредување на одбраната, изјави Дуковски.

Додаде дека ваквите предизвикани ситуации претставуваат притисок.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски. Судењето треба да продолжи на 21 следната недела.

The post Зекири конечно се појави во суд, ама избегнуваше одговори, роднините обвинуваат дека одбраната сака да ги прикаже како хистерични appeared first on Република.

]]>

Со сослушување на вештакот Зекирија Зекири, кој е дел од имот што го изготви супервештачењето за предметот денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за автобуската несреќа кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени. Обвинителот на почетокот од судењето поставуваше прашања кои се однесуваа на квалификации и стручност на вештакот Зекири. Адвокатот на одбраната Сашко Дуковски во изјава за медиумите, во однос на прашањата од обвинителството кон вештакот за неговите квалификации и стручност, посочи дека поседувањето на лиценца само по себе е доволен доказ за компетентност на Зекири како вештак.
Бевте сведоци на прашања од типот што ви е магистериумот што ви е докторатот. Се работи за лице кое има лиценца тука почнува и завршува приказната за неговата стручност ова лице одговори точно на сите прашања и на крајот на денот се работи за тимско вештачење и на другите рочишта другите вешти лица одговорија истото што и тој го одговоро и јас не гледам некаква поосебна разлика што ова вешто лице би било квалификувано како што сакаат да го квалификуваат дека бил нестручен. Човект има лиценца, застапува, и самиот кажа дека во ноември имал две вештачења, во 2022 година учествувал во неколку супервештачења, јас не знам какви референци треба некој да има за да биде вешто лице освен да има лиценца, изјави Дуковски.
Од друга страна, адвокатот на оштетените Владимир Николовски рече дека вештото лице намерно избегнувало да одговори на сите прашања кои биле поставувани од обвинителот и одбраната.
Сите изјави на ова лице кое е доктор на науки се нецелосни дополнувани од другите вештаци некомплетни и по мене се нереални сакам да кажам дека вештото лице намерно избегнува да одговори на сите прашања кои беа поставуваи од обвинителот и бранителот на шестообвнетиот со цел само да се одолговлечи и да се избегне правилната виситина во вештачењето од машинскиот факултет, потенцира Николовски.
Синиша Ристески, роднина на загинат во несреќата додаде дека секогаш кога вештаците немале одговор се предизвикувало тензија.
Секогаш кога адвокатите на обвинетите ќе почувствуваат дека нивните вештаци немаат одговор, не знаат да одговорат, тогаш некој од нив предизвикува тензија со цел да дојде до прекин на судскиот процес. Таа тензија како што можевте да видите на денешното рочиште со повишување на глас со оркестрирано и групно уфрлање на сите кандидати на обвинетите со цел да го деконцентрираат Јавниот обвинител и да се создаде дополнителна нервоза која потоа е карактеризирана дека ние сме тие што се закануваме правиме тензии и тоа води до прекин на судскиот процес. Ова е редовна појава од нивна страна, се обидуваат преку одолговлекување и развклекување на овој процес да постигнат една слика во која сакаат нас да не претстават како лица кои предизвикуваат тензии, меѓутоа нема да им успее таа стратегија нивна планирана оркестирана техника затоа што и покрај болката што ја чувствуваме покрај загубата на нашите најмили на најдостоинствен начин ќе продолжиме да го доведеме овој судски процес до крај, порача Ристески.
Според бранителот на обвинетите, адвокатот Дуковски пак, тензиите доаѓаат од одредени лица од оштетените.
Еден од оштетените кој што не случајно се јавува како некој самоповикан лидер на оштетените на мојот колега денеска му се обрати ќе видиш ти. Истото тоа лице нападна колега бранител на гробиштата во Гостивар, истото тоа лице неколкупати го напаѓа мојот клиент во Гостивар за што е пријавено во полициската станица во Гостивар за кривично дело загрозување на сигурност. Стотици пати ние како бранители кои ја вршиме нашата функција сме подложни на највулгарно и најбрутално пцуење од стана на дел од оштетените. Правото на одбрана е загаранатирано, најмногу на свет ми е жал за трагедијата, а особено за тоа што тие го изгубиле своето најмило, но не може да се претвори ова во циркус и на постојано најбрутално и највулгарноанвредување на одбраната, изјави Дуковски.
Додаде дека ваквите предизвикани ситуации претставуваат притисок. Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело. Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски. Судењето треба да продолжи на 21 следната недела.

The post Зекири конечно се појави во суд, ама избегнуваше одговори, роднините обвинуваат дека одбраната сака да ги прикаже како хистерични appeared first on Република.

]]>
Вештакот шета по улици, а правдата за трагедијата кај Ласкарци се одолговлекува на суд https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veshtakot-sheta-po-ulitsi-a-pravdata-za-tragedijata-kaj-laskartsi-se-odolgovlekuva-na-sud/ Fri, 17 Feb 2023 10:20:03 +0000 https://republika.mk/?p=610023

Отсуството на вештакот Зеќирија Зеќири на судењето за трагедијата во Ласкарци, третпат по ред, изгледа е намерно и е на штета на правдата во овој случај. Овие сомнежи стануваат уште посериозни кога обвинителот на случајот и другите сведоци велат дека Зеќири оди на работа и се шета низ градот, се вели во реакцијата од Алијанса за Албанците (АА) за денешното судење за овој случај.

Од АА додаваат дека ваквите постапки на експертот и одложувањата на седницата ѝ се познати на јавноста и дека веќе е познат и епилогот.

На овој начин, седниците се одолговлекуваат и предметот застарува. Ги повикуваме одговорните органи итно да постапат, да не дозволат вакви злоупотреби и да преземат санкционирачки и казнени мерки против експертот Зеќири, додаваат од Алијанса за Албанците.

Вештакот Зеќирија Зеќири, еден од четворицата автори на супервештачењето за автобуската несреќа кај Ласкарци пред четири години, и вчера не дојде во Основниот кривичен суд Скопје да сведочи за вештиот наод под кој го ставил својот потпис.

 

 

The post Вештакот шета по улици, а правдата за трагедијата кај Ласкарци се одолговлекува на суд appeared first on Република.

]]>

Отсуството на вештакот Зеќирија Зеќири на судењето за трагедијата во Ласкарци, третпат по ред, изгледа е намерно и е на штета на правдата во овој случај. Овие сомнежи стануваат уште посериозни кога обвинителот на случајот и другите сведоци велат дека Зеќири оди на работа и се шета низ градот, се вели во реакцијата од Алијанса за Албанците (АА) за денешното судење за овој случај. Од АА додаваат дека ваквите постапки на експертот и одложувањата на седницата ѝ се познати на јавноста и дека веќе е познат и епилогот.
На овој начин, седниците се одолговлекуваат и предметот застарува. Ги повикуваме одговорните органи итно да постапат, да не дозволат вакви злоупотреби и да преземат санкционирачки и казнени мерки против експертот Зеќири, додаваат од Алијанса за Албанците.
Вештакот Зеќирија Зеќири, еден од четворицата автори на супервештачењето за автобуската несреќа кај Ласкарци пред четири години, и вчера не дојде во Основниот кривичен суд Скопје да сведочи за вештиот наод под кој го ставил својот потпис.    

The post Вештакот шета по улици, а правдата за трагедијата кај Ласкарци се одолговлекува на суд appeared first on Република.

]]>
Вештакот Зекири се шетал пред „Мавровка“, а на суд третпат не доаѓа поради „висок притисок“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/veshtakot-zekiri-se-shetal-pred-mavrovka-a-na-sud-tretpat-ne-doaga-poradi-visok-pritisok/ Thu, 16 Feb 2023 11:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=609697

Спорниот вештак Зекирија Зекири кој требаше да го презентира супервештачењето за несреќата кај Ласкарци по третпат не се појави во суд.

Поднел еден куп медицинска документација до Судот дека мора да оди испитувања оти имал покачен притисок од 160 со 110.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-godini-ima-litsentsa-ne-znae-da-chita-tahografski-lenti-rodninite-besni-shto-bolen-veshtak-ne-dojde-na-sudeneto/

Неговото недоаѓање предизвика реакции во судницата која е полна со роднини на загинатите во несреќата што се случи пред четири години.

Јас го видов вчера пред „Мавровка“, рече еден од присутните, пренесува „Фокус“ од судницата.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zekirija-zekiri-povtorno-prichina-za-odlozhuvane-na-rochishteto-za-laskartsi/

The post Вештакот Зекири се шетал пред „Мавровка“, а на суд третпат не доаѓа поради „висок притисок“ appeared first on Република.

]]>

Спорниот вештак Зекирија Зекири кој требаше да го презентира супервештачењето за несреќата кај Ласкарци по третпат не се појави во суд. Поднел еден куп медицинска документација до Судот дека мора да оди испитувања оти имал покачен притисок од 160 со 110. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-godini-ima-litsentsa-ne-znae-da-chita-tahografski-lenti-rodninite-besni-shto-bolen-veshtak-ne-dojde-na-sudeneto/ Неговото недоаѓање предизвика реакции во судницата која е полна со роднини на загинатите во несреќата што се случи пред четири години.
Јас го видов вчера пред „Мавровка“, рече еден од присутните, пренесува „Фокус“ од судницата.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zekirija-zekiri-povtorno-prichina-za-odlozhuvane-na-rochishteto-za-laskartsi/

The post Вештакот Зекири се шетал пред „Мавровка“, а на суд третпат не доаѓа поради „висок притисок“ appeared first on Република.

]]>
Зекирија Зекири повторно причина за одложување на рочиштето за „Ласкарци“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zekirija-zekiri-povtorno-prichina-za-odlozhuvane-na-rochishteto-za-laskartsi/ Thu, 09 Feb 2023 09:38:07 +0000 https://republika.mk/?p=606801

Поради лоша здравствена состојба на вештото лице Зекирија Зекири, денешното судење за случајот „Ласкарци“ се одложи.

Ова е второ одложување на процесот, откако на изминатото рочиште, Судечкиот совет информираше дека вештото лице Зекирија Зекири, преку другите членови на тимот што го изготви супервештачењето, известил дека поради здравствени причини нема да дојде.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-godini-ima-litsentsa-ne-znae-da-chita-tahografski-lenti-rodninite-besni-shto-bolen-veshtak-ne-dojde-na-sudeneto/

Како што информираше јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, судот непосредно пред рочиштето ги известил дека лошата здравствена состојба на вештото лице сѐ уште трае, со најава дека на наредното рочиште насрочено за 16 февруари ќе се подобри и вештото лице ќе дојде на суд.

Според обвинителот, концептот на испитување се темели токму на сведочењето на конкретното вешто лице кое го испрашуваше околу околностите утврдени во машинското супервештачење.

Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвиле супервештачењето.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/od-avion-se-gleda-deka-ova-e-narachano-superveshtachene-sudijkata-dozvoluva-se-veli-tatko-na-zhrtva-od-nesrekata-kaj-laskartsi/

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.

The post Зекирија Зекири повторно причина за одложување на рочиштето за „Ласкарци“ appeared first on Република.

]]>

Поради лоша здравствена состојба на вештото лице Зекирија Зекири, денешното судење за случајот „Ласкарци“ се одложи. Ова е второ одложување на процесот, откако на изминатото рочиште, Судечкиот совет информираше дека вештото лице Зекирија Зекири, преку другите членови на тимот што го изготви супервештачењето, известил дека поради здравствени причини нема да дојде. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-godini-ima-litsentsa-ne-znae-da-chita-tahografski-lenti-rodninite-besni-shto-bolen-veshtak-ne-dojde-na-sudeneto/ Како што информираше јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, судот непосредно пред рочиштето ги известил дека лошата здравствена состојба на вештото лице сѐ уште трае, со најава дека на наредното рочиште насрочено за 16 февруари ќе се подобри и вештото лице ќе дојде на суд. Според обвинителот, концептот на испитување се темели токму на сведочењето на конкретното вешто лице кое го испрашуваше околу околностите утврдени во машинското супервештачење. Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвиле супервештачењето. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/od-avion-se-gleda-deka-ova-e-narachano-superveshtachene-sudijkata-dozvoluva-se-veli-tatko-na-zhrtva-od-nesrekata-kaj-laskartsi/ Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело. Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.

The post Зекирија Зекири повторно причина за одложување на рочиштето за „Ласкарци“ appeared first on Република.

]]>