Зекири Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zekiri/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Oct 2023 10:09:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зекири Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zekiri/ 32 32 Зекири излегува од притвор и доби преквалификација на делото https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zekiri-izleguva-od-pritvor-i-dobi-prekvalifikatsija-na-deloto/ Tue, 24 Oct 2023 10:09:25 +0000 https://republika.mk/?p=694484

Скопскиот Кривичен суд го одобри решението со кое Мухамед Зекири обвинет за злоупотреба на службената положба веднаш да биде ослободен од притвор и да се брани од слобода. Наместо тоа, му било наредено да се појави на суд и одземање на пасошот. Исто така, поради измени во Кривичниот законик, судот го преквалификуваше и предметот за Зекири почна од почеток. Сега наместо според член 353 став 5 ќе му се суди по член 353 став 4. Имено, за разлика од првото обвинение, тој сега е обвинет за дело за кое казната е поблага, информира Порталб.мк.

„Со оглед на тоа што против обвинетиот се води кратка постапка, мерката притвор може да трае 60 дена од обвинението, а имајќи предвид дека нема законска основа за продолжување на куќниот притвор, предлагам да се укине. Предлагам поради безбедноста на обвинетиот да му се определат мерки на претпазливост кои би се состоеле во ненапуштање на живеалиштето, редовно појавување во Судот и одземање на пасошот“, соопштија од Судот.

Поради преквалификација на предметот, распуштен е и судскиот совет, а предметот го води само еден судија, тој што досега беше Фанка Јанчулева Михаиловска.

Во стариот закон, во членот 353 став 5, беше предвидено дека ако злоупотребата на положбата е сторена при јавни набавки, на штета на буџетот, казната ќе биде најмалку 5 години (или најмногу 20 години). Сега, овој став повеќе не е во законот.

Во меѓувреме, според новите измени на Кривичниот законик, сега ќе му се суди по член 353 став 4 кој вели: Доколку сторителот на делото од ставот (1) на овој член, со цел да има корист за себе или за која било друга корист од значителен имот или предизвика значителна имотна штета, може да се казни со затвор од една до пет години.

Така, наместо максималната казна да оди до 20 години, најмногу Закири може да биде казнет до пет години.

The post Зекири излегува од притвор и доби преквалификација на делото appeared first on Република.

]]>

Скопскиот Кривичен суд го одобри решението со кое Мухамед Зекири обвинет за злоупотреба на службената положба веднаш да биде ослободен од притвор и да се брани од слобода. Наместо тоа, му било наредено да се појави на суд и одземање на пасошот. Исто така, поради измени во Кривичниот законик, судот го преквалификуваше и предметот за Зекири почна од почеток. Сега наместо според член 353 став 5 ќе му се суди по член 353 став 4. Имено, за разлика од првото обвинение, тој сега е обвинет за дело за кое казната е поблага, информира Порталб.мк.
„Со оглед на тоа што против обвинетиот се води кратка постапка, мерката притвор може да трае 60 дена од обвинението, а имајќи предвид дека нема законска основа за продолжување на куќниот притвор, предлагам да се укине. Предлагам поради безбедноста на обвинетиот да му се определат мерки на претпазливост кои би се состоеле во ненапуштање на живеалиштето, редовно појавување во Судот и одземање на пасошот“, соопштија од Судот.
Поради преквалификација на предметот, распуштен е и судскиот совет, а предметот го води само еден судија, тој што досега беше Фанка Јанчулева Михаиловска. Во стариот закон, во членот 353 став 5, беше предвидено дека ако злоупотребата на положбата е сторена при јавни набавки, на штета на буџетот, казната ќе биде најмалку 5 години (или најмногу 20 години). Сега, овој став повеќе не е во законот. Во меѓувреме, според новите измени на Кривичниот законик, сега ќе му се суди по член 353 став 4 кој вели: Доколку сторителот на делото од ставот (1) на овој член, со цел да има корист за себе или за која било друга корист од значителен имот или предизвика значителна имотна штета, може да се казни со затвор од една до пет години. Така, наместо максималната казна да оди до 20 години, најмногу Закири може да биде казнет до пет години.

The post Зекири излегува од притвор и доби преквалификација на делото appeared first on Република.

]]>
Обвинителството за организиран криминал ја прошири истрагата за екс-генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinitelstvoto-za-organiziran-kriminal-ja-proshiri-istragata-za-eks-generalniot-sekretar-na-vladata-muhamed-zekiri/ Tue, 09 Aug 2022 11:37:17 +0000 https://republika.mk/?p=538336

Обвинителството за организиран криминал ја проширило истрагата за екс-генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири. Станува збор за друг кривично-правен настан, каде што владата, преку генералниот секретар Мухамед Зекири, склучила договор со правно лице за консултантски услуги за реорганизација на Желeзници, информираат од обвинителството за Телма.

Обвинителстовото го сомничи дека и овој договор бил склучен без тендер. Тој е осомничен за злоупотреба на службената положба уште од април кога обивнителстовто за органзиран криминал отвори истрага за Зекири, и уште двајца хрватски државјани,  исто така за договор за консултантски услуги без постапка за јавна набавка.

Во меѓувреме, скопска апелација му го продолжи домашниот притвор за нови 30 дена.

The post Обвинителството за организиран криминал ја прошири истрагата за екс-генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири appeared first on Република.

]]>

Обвинителството за организиран криминал ја проширило истрагата за екс-генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири. Станува збор за друг кривично-правен настан, каде што владата, преку генералниот секретар Мухамед Зекири, склучила договор со правно лице за консултантски услуги за реорганизација на Желeзници, информираат од обвинителството за Телма. Обвинителстовото го сомничи дека и овој договор бил склучен без тендер. Тој е осомничен за злоупотреба на службената положба уште од април кога обивнителстовто за органзиран криминал отвори истрага за Зекири, и уште двајца хрватски државјани,  исто така за договор за консултантски услуги без постапка за јавна набавка. Во меѓувреме, скопска апелација му го продолжи домашниот притвор за нови 30 дена.

The post Обвинителството за организиран криминал ја прошири истрагата за екс-генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири appeared first on Република.

]]>
ДКСК побара кривично гонење на Драги Рашковски и Мухамед Зеќири за незаконски хонорарни и редовни вработувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dksk-pobara-krivichno-gonenje-na-dragi-rashkovski-i-muhamed-zekjiri-za-nezakonski-honorarni-i-redovni-vrabotuvanja/ Wed, 01 Jun 2022 10:38:33 +0000 https://republika.mk/?p=509709

Државната комисијата за спречување на корупцијата на денешната седница донесе одлука да предложи кривично гонење за екс-генералните секретари на Владата Драги Рашковски и Мухамед Зеќири, за незаконски ангажирања на лица за работа со договор на дело, и ангажирања преку приватна агенција за привремени вработувања, како и за ангажман на лица за вршење на интелектуални услуги.

Претседателката Билјана Ивановска, нa денешната седница на Комисијата реферирајќи за овој предмет рече дека ДКСК ќе побара кривично гонење за екс-генералните секретари на Владата Драги Рашковски и Мухамед Зеќири, за злоупотреба на службената положба, според членот 353 од Кирвичниот закон.

Ивановска појасни дека Комисијата извршила увид во документацијата и утврдиле дека во периодот 2017-2021 година на име договори за авторско дело и преку приватни агенции за вработување се потрошени 2,5 милиони евра. Во 2018 година биле ангажирани, за потребите на генералниот секретаријат на Владата, 119 лица преку договор за авторско дело и 25 преку приватна агенција за вработување, во 2019 година 103 договори за авторско дело и 32 преку приватна агенција за вработување, во 2020 година – 118 авторски договори и 36 преку приватна агенција за вработување и 2021 – 78 авторски договори и 18 преку агенција за приватни вработувања. Ивановска дополни и дека секогаш се користени услугите на иста приватна агенција за вработување и иста агенција за давање услуги од интелектуална сопственост.

Притоа, рече таа, се користени дискрециони овластувања од страна на генералните секретари Рашковски и Зеќири, со што е загрозена транспарентноста на вработувањата во јавниот сектор, и дека била присутна појавата лица кои претходно биле вработени со авторски договори потоа биле примани во редовен работен однос, претходно стекнувајќи се со предност пред останатите кандидати кои се јавиле на конкурсите.

Ивановски посочи и дека Комисијата дошла до факти дека извршените задачи не соодветствувале со авторски дела, што е уште една основа да постапува Обвинителството.

На одлуката се спротивстави членот на ДКСК Шемси Салаи кој рече дека Комисијата треба само да укаже на појавата, но Ивановска одговори дека било разговарано со обвинители и дека има простор за постапка, и дека на сите договори се потпишани две исти личности: Рашковски и Зеќири и дека е нивна одговорноста за состојбата која довела, рече, до големи оштетувања на буџетот.

Ако владата сака да има заштеди во буџетот, треба да знае како да постапува во иднина. Имаме сомневања за кривично дело и сме должни да постапиме, рече претседателката Билјана Ивановска на седницата.

The post ДКСК побара кривично гонење на Драги Рашковски и Мухамед Зеќири за незаконски хонорарни и редовни вработувања appeared first on Република.

]]>

Државната комисијата за спречување на корупцијата на денешната седница донесе одлука да предложи кривично гонење за екс-генералните секретари на Владата Драги Рашковски и Мухамед Зеќири, за незаконски ангажирања на лица за работа со договор на дело, и ангажирања преку приватна агенција за привремени вработувања, како и за ангажман на лица за вршење на интелектуални услуги. Претседателката Билјана Ивановска, нa денешната седница на Комисијата реферирајќи за овој предмет рече дека ДКСК ќе побара кривично гонење за екс-генералните секретари на Владата Драги Рашковски и Мухамед Зеќири, за злоупотреба на службената положба, според членот 353 од Кирвичниот закон. Ивановска појасни дека Комисијата извршила увид во документацијата и утврдиле дека во периодот 2017-2021 година на име договори за авторско дело и преку приватни агенции за вработување се потрошени 2,5 милиони евра. Во 2018 година биле ангажирани, за потребите на генералниот секретаријат на Владата, 119 лица преку договор за авторско дело и 25 преку приватна агенција за вработување, во 2019 година 103 договори за авторско дело и 32 преку приватна агенција за вработување, во 2020 година – 118 авторски договори и 36 преку приватна агенција за вработување и 2021 – 78 авторски договори и 18 преку агенција за приватни вработувања. Ивановска дополни и дека секогаш се користени услугите на иста приватна агенција за вработување и иста агенција за давање услуги од интелектуална сопственост. Притоа, рече таа, се користени дискрециони овластувања од страна на генералните секретари Рашковски и Зеќири, со што е загрозена транспарентноста на вработувањата во јавниот сектор, и дека била присутна појавата лица кои претходно биле вработени со авторски договори потоа биле примани во редовен работен однос, претходно стекнувајќи се со предност пред останатите кандидати кои се јавиле на конкурсите. Ивановски посочи и дека Комисијата дошла до факти дека извршените задачи не соодветствувале со авторски дела, што е уште една основа да постапува Обвинителството. На одлуката се спротивстави членот на ДКСК Шемси Салаи кој рече дека Комисијата треба само да укаже на појавата, но Ивановска одговори дека било разговарано со обвинители и дека има простор за постапка, и дека на сите договори се потпишани две исти личности: Рашковски и Зеќири и дека е нивна одговорноста за состојбата која довела, рече, до големи оштетувања на буџетот.
Ако владата сака да има заштеди во буџетот, треба да знае како да постапува во иднина. Имаме сомневања за кривично дело и сме должни да постапиме, рече претседателката Билјана Ивановска на седницата.

The post ДКСК побара кривично гонење на Драги Рашковски и Мухамед Зеќири за незаконски хонорарни и редовни вработувања appeared first on Република.

]]>
Дали и колку од парите на Зеќири завршиле во џебот на кумашинот Заев и шефот Ковачевски? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-i-kolku-od-parite-na-zekjiri-zavrshile-vo-dzebot-na-kumashinot-zaev-i-shefot-kovachevski/ Fri, 08 Apr 2022 16:15:36 +0000 https://republika.mk/?p=485461

Додека вработените во македонски пошти протестираат за нередовни примања, додека поштата бележи загуби, Мухамед Зеќири и неколкумина се осомничени дека правеле фиктивни филизибилити студии за рационализација и продажба на Пошти и за тоа наплатиле близу еден милион евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ваков криминал не можел да се случи без знаење на Заев кој е кумашин на Зеќири и шефот и претпоставен на Зеќири, Димитар Ковачевски.

Оттука се поставува прашањето: Дали и колку од парите на Зеќири завршиле во џебот на кумашинот Заев и шефот Ковачевски?

До кога ќе се лаже јавноста дека Заев и Ковачевски се чесните, а нивните први соработници најкриминалните, и дали мислат дека некој во тоа ќе поверува, стои во соопштението.

The post Дали и колку од парите на Зеќири завршиле во џебот на кумашинот Заев и шефот Ковачевски? appeared first on Република.

]]>

Додека вработените во македонски пошти протестираат за нередовни примања, додека поштата бележи загуби, Мухамед Зеќири и неколкумина се осомничени дека правеле фиктивни филизибилити студии за рационализација и продажба на Пошти и за тоа наплатиле близу еден милион евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ваков криминал не можел да се случи без знаење на Заев кој е кумашин на Зеќири и шефот и претпоставен на Зеќири, Димитар Ковачевски. Оттука се поставува прашањето: Дали и колку од парите на Зеќири завршиле во џебот на кумашинот Заев и шефот Ковачевски? До кога ќе се лаже јавноста дека Заев и Ковачевски се чесните, а нивните први соработници најкриминалните, и дали мислат дека некој во тоа ќе поверува, стои во соопштението.

The post Дали и колку од парите на Зеќири завршиле во џебот на кумашинот Заев и шефот Ковачевски? appeared first on Република.

]]>
Мухамед Зеќири дојде во суд, се бара негов притвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/muhamed-zekjiri-dojde-vo-sud-se-bara-negov-pritvor/ Fri, 08 Apr 2022 15:07:49 +0000 https://republika.mk/?p=485435

Генералниот секретар на Влада, Мухамед Зеќири се појави во Кривичниот суд во Скопје каде што ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка откако обвинителството побара негов притвор.

Тој не коментираше пред новинарите за постапката која ја покрена Обвинителството против него.

The post Мухамед Зеќири дојде во суд, се бара негов притвор appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на Влада, Мухамед Зеќири се појави во Кривичниот суд во Скопје каде што ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка откако обвинителството побара негов притвор. Тој не коментираше пред новинарите за постапката која ја покрена Обвинителството против него.

The post Мухамед Зеќири дојде во суд, се бара негов притвор appeared first on Република.

]]>