Здруженијата на Mакедонците од Егејскиот дел на Македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zdruzenijata-na-makedoncite-od-egejskiot-del-na-makedonija/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Jun 2024 12:58:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Здруженијата на Mакедонците од Егејскиот дел на Македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zdruzenijata-na-makedoncite-od-egejskiot-del-na-makedonija/ 32 32 Делегација на Сојузот на Здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН кај претседателката Силјановска Давкова https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/delegatsija-na-sojuzot-na-zdruzhenijata-na-makedontsite-i-detsata-begaltsi-od-egejskiot-del-na-makedonija-makedon-kaj-pretsedatelkata-siljanovska-davkova/ Thu, 27 Jun 2024 14:32:12 +0000 https://republika.mk/?p=791319

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска примила делегација од Сојузот на Здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија - МАКЕДОН, сочинета од Александар Јаневски, претседател на сојузот, Лилјана Затуровска и Трајче Димков, потпретседатели на сојузот и Трајче Карапетров од тетовското Здружение на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

Како што соопшти Кабинетот на претседателката, на средбата која се одржува во пресрет на традиционалното одбележување  на 75-годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција и 76-годишнината од насилното прогонство на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, делегацијата од МАКЕДОН информираше за подготовките на настанот, како и за одржувањето на годишното Собрание на кое се очекува да се донесат одлуки за прием на здруженија во Сојузот, за избор на членови на Претседателството на Сојузот и годишна програма за работа.

Претседателката Сиљановска Давкова, изразувајќи ја својата поддршка за работата и активностите на Сојузот на Здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН, нагласила дека судбината и трагедијата на 30.000 деца бегалци и нивната голгота не смее да се сокрива и релативизира. Претседателката упатила порака дека почитувањето и знаењето на минатото дава голем простор за пријателска иднина кон која се стремиме за доброто на сите на Балканот и во Европа.

Соговорниците на средбата изразиле очекување дека одбележувањето на двата трагични настани, кое ќе се одржи на 30 јуни 2024 година, недела, пред Споменикот на децата бегалци во Парк Жена-Борец во Скопје, ќе помине достојно бидејќи со почитување на судбината и трагедијата на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, ја почитуваме и трагедијата на недолжните деца ширум светот - жртви на војните.

The post Делегација на Сојузот на Здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН кај претседателката Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска примила делегација од Сојузот на Здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија - МАКЕДОН, сочинета од Александар Јаневски, претседател на сојузот, Лилјана Затуровска и Трајче Димков, потпретседатели на сојузот и Трајче Карапетров од тетовското Здружение на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Како што соопшти Кабинетот на претседателката, на средбата која се одржува во пресрет на традиционалното одбележување  на 75-годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција и 76-годишнината од насилното прогонство на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, делегацијата од МАКЕДОН информираше за подготовките на настанот, како и за одржувањето на годишното Собрание на кое се очекува да се донесат одлуки за прием на здруженија во Сојузот, за избор на членови на Претседателството на Сојузот и годишна програма за работа. Претседателката Сиљановска Давкова, изразувајќи ја својата поддршка за работата и активностите на Сојузот на Здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН, нагласила дека судбината и трагедијата на 30.000 деца бегалци и нивната голгота не смее да се сокрива и релативизира. Претседателката упатила порака дека почитувањето и знаењето на минатото дава голем простор за пријателска иднина кон која се стремиме за доброто на сите на Балканот и во Европа. Соговорниците на средбата изразиле очекување дека одбележувањето на двата трагични настани, кое ќе се одржи на 30 јуни 2024 година, недела, пред Споменикот на децата бегалци во Парк Жена-Борец во Скопје, ќе помине достојно бидејќи со почитување на судбината и трагедијата на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, ја почитуваме и трагедијата на недолжните деца ширум светот - жртви на војните.

The post Делегација на Сојузот на Здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН кај претседателката Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>
Претседателот на МАНУ ќе има илинденско обраќање во Трново https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-manu-kje-ima-ilindensko-obrakjanje-vo-trnovo/ Sat, 30 Jul 2022 09:52:29 +0000 https://republika.mk/?p=535029

Претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев на 2 август, на големиот христијански празник Свети Отец Пророк Илија – Илинден, ќе има илинденско обраќање во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“, во потпелистерското село Трново.

На прес-конференција во Битола претседателот на Здружение на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, Љупчо Јаневски, истакна дека годинава во Трново со посебна програма ќе биде одбележан голем јубилеј, половина век од традиционалното организирање на Светската Македонска иселеничка средба.

„Семакедонската средба почнува во 10.30 часот, а за битолчани обезбедивме бесплатен автобуски превоз со почетни станици за тргнување од пред местата ‘Шехеразада’ и ‘Јавор’ во Битола. На големиот сенароден собир ќе се обратат претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, градоначалникот на Битола Тони Коњановски и други поканети гости кои ќе изразат желба да го поздрават собирот на кој ќе присуствуваат и архимандрит Никодим Царкњас, градоначалникот на општина Пустец Пале Колефски, претседателот на единствената македонска партија во Албанија Васил Стерјовски и градоначалниците на Новаци и Могила“, истакна Јаневски.

Организаторот најави богата културно-уметничка програма во која ќе учествуваат КУД „Гоце Делчев“ од Битола, македонски играорни групи од соседните држави, а македонски народни песни ќе исполни Дамјан Стојановски.

The post Претседателот на МАНУ ќе има илинденско обраќање во Трново appeared first on Република.

]]>

Претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев на 2 август, на големиот христијански празник Свети Отец Пророк Илија – Илинден, ќе има илинденско обраќање во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“, во потпелистерското село Трново. На прес-конференција во Битола претседателот на Здружение на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, Љупчо Јаневски, истакна дека годинава во Трново со посебна програма ќе биде одбележан голем јубилеј, половина век од традиционалното организирање на Светската Македонска иселеничка средба.
„Семакедонската средба почнува во 10.30 часот, а за битолчани обезбедивме бесплатен автобуски превоз со почетни станици за тргнување од пред местата ‘Шехеразада’ и ‘Јавор’ во Битола. На големиот сенароден собир ќе се обратат претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, градоначалникот на Битола Тони Коњановски и други поканети гости кои ќе изразат желба да го поздрават собирот на кој ќе присуствуваат и архимандрит Никодим Царкњас, градоначалникот на општина Пустец Пале Колефски, претседателот на единствената македонска партија во Албанија Васил Стерјовски и градоначалниците на Новаци и Могила“, истакна Јаневски.
Организаторот најави богата културно-уметничка програма во која ќе учествуваат КУД „Гоце Делчев“ од Битола, македонски играорни групи од соседните држави, а македонски народни песни ќе исполни Дамјан Стојановски.

The post Претседателот на МАНУ ќе има илинденско обраќање во Трново appeared first on Република.

]]>