здружение сакам да работам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zdruzenie-sakam-da-rabotam/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Feb 2023 11:46:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png здружение сакам да работам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zdruzenie-sakam-da-rabotam/ 32 32 „Не одлучувате за роботи туку за човечки судбини“, им порачаа на власта вработените во секторот игри на среќа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-odluchuvate-za-roboti-tuku-za-chovechki-sudbini-im-porachaa-na-vlasta-vrabotenite-vo-sektorot-igri-na-sreka/ Mon, 27 Feb 2023 11:46:21 +0000 https://republika.mk/?p=613707

Не одлучувате за роботи туку за човечки судбини – им порача на Владата и на Собранието Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ во јавно обраќање до нив, кое ви го пренесуваме во целост:

Бидејќи Владата и Собранието упорно избегнуваат соочување со нас, во оваа прилика ќе се обидеме сликовито да објасниме како 10 илјади вработени ги преживуваат скандалозните и противуставни законски измени на законот за игри на среќа. Само, за разлика од популизмот на противниците на легалните игри на среќа, кои нема да носат никаква одговорност за страшните последици кои ќе следат, ова се вистински сведоштва!

Конкурираш на јавен оглас на компанија која од владата на предлог Министерството за финансии ѝ е издадена лиценца за организирање посебен вид игри на среќа. Дел од овие компании се странски инвеститори, европски и светски гиганти во оваа индустрија. Тоа влева сигурност и самодоверба дека ако те примат ќе добиеш сигурна работа. Во ова време тоа е реткост. Менаџментот те испраќа на платена обука, бидејќи не можеш да потпишеш договор за работа на неопределено време сè додека не си подготвен да ги исполниш строгите стандарди за професионалност при извршување на работните задачи. Почнуваш да работиш, добиваш редовна, добра плата, со сите придонеси, плус со платени двојни дневници за работа во недела, празници, ноќен труд и сменско работење, бидејќи работното време е 24/7. Добиваш финансиска сигурност. Основаш семејство, ти се раѓаат деца, решаваш да подигнеш кредит за да купиш стан, кола, си го планираш животот бидејќи веруваш дека имаш финансиска сигурност и без проблем ќе ги плаќаш ратите.

Одеднаш, истата Влада која издала лиценца за работа, сега предлага законски измени поради кои компанијата ќе биде принудена да стави клуч на врата, а странските инвеститори да си одат од земјата. Загрижените лица на менаџерите дополнително те вознемируваат. Закуподавецот на објектот каде работиш станува нервозен, бидејќи договорот за закуп ќе мора предвреме да му биде раскинат. Те фаќа несоница од помислата дека ќе останеш без работа. Нема да можеш да ги плаќаш кредитите, те обзема страв дека ќе си имаш работа со извршители. Ќе настане хаос. Немаш избор, почнуваш да бараш контакти во странство за да дознаеш какви можности имаш да работиш таму. Пишуваш биографија и ја испраќаш. Со искуството во индустријата игри на среќа можеш веднаш да најдеш работа во западните земји, во ЕУ. Со горчина во душата почнуваш да го подготвуваш семејството дека можеби ќе нема друг избор освен да се иселите од сопствената земја.

Во услови на економска криза, кога државата е принудена да се задолжува за да може да ги сервисира своите основни системски функциивладата буквално си пука во нога предлагајќи им на пратениците скандалозни законски измени кои ќе предизвикаат егзодус на дополнителни 35 илјади луѓе, кои ќе бидат присилени да си заминат од Македонија.

Како Здружение на вработени во сектор игри на среќа сме огорчени што надлежните државни институции никогаш не почувствуваа потреба да застанат во одбрана на нашето достоинство, човекови слободи и уставно загарантирани права на работен однос. Не оставија на бришан простор и подлегнаа на континуираната негативна кампања против легалните игри на среќа, зад која се кријат нечии бизнис интереси да печалат од играње на црно.

Премиерот, министрите и пратениците се лажат ако мислат дека лесно ќе се помириме со судбината. До последно, со сите демократски средства ќе се бориме против неправдата. Ние не сме роботи за да ни биде сеедно што ни се загорчува животот. Не можеме да прифатиме дека никој од надлежните не чувствува одговорност да ги демантира неоснованите обвинувања дека игрите на среќа се извориште на нелегални активности и, наводно, делуваат штетно врз младината. Тоа не е точно и за тоа постојат факти со кои државните институции располагаат, а за жал упорно молчат.

The post „Не одлучувате за роботи туку за човечки судбини“, им порачаа на власта вработените во секторот игри на среќа appeared first on Република.

]]>

Не одлучувате за роботи туку за човечки судбини – им порача на Владата и на Собранието Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ во јавно обраќање до нив, кое ви го пренесуваме во целост: Бидејќи Владата и Собранието упорно избегнуваат соочување со нас, во оваа прилика ќе се обидеме сликовито да објасниме како 10 илјади вработени ги преживуваат скандалозните и противуставни законски измени на законот за игри на среќа. Само, за разлика од популизмот на противниците на легалните игри на среќа, кои нема да носат никаква одговорност за страшните последици кои ќе следат, ова се вистински сведоштва! Конкурираш на јавен оглас на компанија која од владата на предлог Министерството за финансии ѝ е издадена лиценца за организирање посебен вид игри на среќа. Дел од овие компании се странски инвеститори, европски и светски гиганти во оваа индустрија. Тоа влева сигурност и самодоверба дека ако те примат ќе добиеш сигурна работа. Во ова време тоа е реткост. Менаџментот те испраќа на платена обука, бидејќи не можеш да потпишеш договор за работа на неопределено време сè додека не си подготвен да ги исполниш строгите стандарди за професионалност при извршување на работните задачи. Почнуваш да работиш, добиваш редовна, добра плата, со сите придонеси, плус со платени двојни дневници за работа во недела, празници, ноќен труд и сменско работење, бидејќи работното време е 24/7. Добиваш финансиска сигурност. Основаш семејство, ти се раѓаат деца, решаваш да подигнеш кредит за да купиш стан, кола, си го планираш животот бидејќи веруваш дека имаш финансиска сигурност и без проблем ќе ги плаќаш ратите. Одеднаш, истата Влада која издала лиценца за работа, сега предлага законски измени поради кои компанијата ќе биде принудена да стави клуч на врата, а странските инвеститори да си одат од земјата. Загрижените лица на менаџерите дополнително те вознемируваат. Закуподавецот на објектот каде работиш станува нервозен, бидејќи договорот за закуп ќе мора предвреме да му биде раскинат. Те фаќа несоница од помислата дека ќе останеш без работа. Нема да можеш да ги плаќаш кредитите, те обзема страв дека ќе си имаш работа со извршители. Ќе настане хаос. Немаш избор, почнуваш да бараш контакти во странство за да дознаеш какви можности имаш да работиш таму. Пишуваш биографија и ја испраќаш. Со искуството во индустријата игри на среќа можеш веднаш да најдеш работа во западните земји, во ЕУ. Со горчина во душата почнуваш да го подготвуваш семејството дека можеби ќе нема друг избор освен да се иселите од сопствената земја. Во услови на економска криза, кога државата е принудена да се задолжува за да може да ги сервисира своите основни системски функциивладата буквално си пука во нога предлагајќи им на пратениците скандалозни законски измени кои ќе предизвикаат егзодус на дополнителни 35 илјади луѓе, кои ќе бидат присилени да си заминат од Македонија. Како Здружение на вработени во сектор игри на среќа сме огорчени што надлежните државни институции никогаш не почувствуваа потреба да застанат во одбрана на нашето достоинство, човекови слободи и уставно загарантирани права на работен однос. Не оставија на бришан простор и подлегнаа на континуираната негативна кампања против легалните игри на среќа, зад која се кријат нечии бизнис интереси да печалат од играње на црно. Премиерот, министрите и пратениците се лажат ако мислат дека лесно ќе се помириме со судбината. До последно, со сите демократски средства ќе се бориме против неправдата. Ние не сме роботи за да ни биде сеедно што ни се загорчува животот. Не можеме да прифатиме дека никој од надлежните не чувствува одговорност да ги демантира неоснованите обвинувања дека игрите на среќа се извориште на нелегални активности и, наводно, делуваат штетно врз младината. Тоа не е точно и за тоа постојат факти со кои државните институции располагаат, а за жал упорно молчат.

The post „Не одлучувате за роботи туку за човечки судбини“, им порачаа на власта вработените во секторот игри на среќа appeared first on Република.

]]>
Здружение на вработени во игрите на среќа: Во овој сектор се вработени 10.000 луѓе и во буџетот влегуваат 280 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zdruzenie-na-vraboteni-vo-igrite-na-srekja-vo-ovoj-sektor-se-vraboteni-10-000-lugje-i-vo-budzetot-vleguvaat-280-milioni-evra/ Sun, 01 May 2022 14:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=496020

Здружението на приредувачи на игра на среќа „Сакам да работам“ реагира на барањето на Алијансата за Албанците“ обложувалници и казина да има само само во хотели со пет зведзички и на 500 метри одалеченост од училишта.

Оттаму велат дека овој сектор вработува безмалку 10 илјади луѓе, индиректно помага меѓу 54 до 100 илјади други работни места, секоја година придонесува со најмалку 280 милиони евра во државниот Буџет.

Сакам да работам“ како Здружение на вработени во сектор игри на среќа жали што надлежните државни институции до сега ниту еднаш не застанаа во одбрана на нашето достоинство, човекови слободи и уставно загарантирани права на работен однос. Не можеме да прифатиме дека никој од надлежните не чувствува одговорност да ги демантира неоснованите обвинувања дека игрите на среќа се извориште на нелегални активности и наводно делуваат штетно врз младината. Тоа не е точно и за тоа постојат факти со кои државните институции располагаат!

Тие велат дека  се родители на малолетни деца или на тинејџери и навистина тешко им  паѓа кога на товар ни се става дека сме општествено зло за идните генерации. Како да објасниме на јавноста дека и во овој сектор работат обични луѓе од крв и месо, жени, мајки, кои чесно го заработуваат лебот? Кој има интерес да се затворат игрите на среќа? Кој ќе понесе одговорност за штетните последици? Дали младината ќе биде повеќе или помалку загрозена ако игрите на среќа се играат по подруми, во нелегални објекти или надвор од градовите?

[caption id="attachment_146970" align="alignnone" width="640"] (фото: pixabay.com)[/caption]

Бараме заштита од Државната Комисија за спречување и заштита од дискриминацијата и од НВО секторот. Згрозени сме од црната кампања. Со неверување ги отфрламе нападите на неформалното здружение „Антикоцкање“ од Тетово. Сметаме дека се тенденциозни и немаат допирна точка со реалноста. Уште повеќе затоа што освен притисок врз политичките партии се прави обид суптилно да се инволвираат и верските заедници. Тоа е апсолутно недозволиво и претставува злоупотреба на верските чувства на граѓаните за оцрнување на секој кој има допирна точка со игрите на среќа.

 

Апелираме да не потпаѓате на провокациите и лажните вести! Игрите на среќа се легален економски сектор, кој работи согласно позитивните законски прописи. Вработува безмалку 10 илјади луѓе, индиректно помага меѓу 54 до 100 илјади други работни места, секоја година придонесува со најмалку 280 милиони евра во државниот Буџет. Компаниите и ние вработените постојано сме дел на различни хуманитарни и донаторски активности со што покажуваме врвна општествена одговорност. Нашите работодавачи се претставници на реномирани светски и ЕУ компании кои спроведуваат највисоки стандарди на професионалност.

Игри на среќа постојат од кога постои цивилизацијата. Граѓаните кога одат на туристички посети во земји од ЕУ, во Монте Карло или Лас Вегас или на крстарења со бродови, со задоволство посетуваат казина, се фотографираат и се фалат. Таму е „шик“ да одиш во казино, а овде станува „ерес“! Во автомат клубовите не влегуваат случајни минувачи. Нам ни се клиенти традиционални играчи. Каква е таа искривена логика дека излозите магнетно ги привлекуваат малолетниците? Зошто истата логика не важи за тобаката, кафулињата и кафеаните?

Несомнено дека државата, секоја индивидуа и семејство има право и обврска да ги заштити малолетниците и да ги создава сите предуслови за воспитување здрава младина. Не сме против законски решенија кои одат во оваа насока. Но, сме категорично против политички и бизнис мотивирани законски измени кои ќе затворат една легална економска гранка што по автоматизам ќе предизвика организирање нелегални игри на среќа. Крајно време е да се напушти популизмот и да почнеме да говориме со факти! Сите општествено одговорни чинители треба да бидат свесни дека не постои пример во опкружување каде укинувањето на игрите на среќа не предизвикало играње на црно.

Ако државата навистина одлучила да ги затвори игрите на среќа, мора да земе предвид дека со таква погрешна одлука ќе предизвика егзодус на најмалку 10 илјади семејства кои ќе се преселат во западните земји и таму повторно ќе работат во истиот сектор. Тоа е реалноста! Ние навреме предупредуваме, со цел да превенираме состојби кои ќе предизвикаат сериозни штети. Сега, кога државата среде глобална криза грчевито се бори за зачувување на секое работно место, затворањето на цел економски сектор е неразумно и неодговорно однесување. Се надеваме дека некој ќе ги земе предвид овие наши укажувања! Во спротивно ќе бидеме принудени да излеземе на масовни протести со кои ќе бараме заштита на нашите права!

The post Здружение на вработени во игрите на среќа: Во овој сектор се вработени 10.000 луѓе и во буџетот влегуваат 280 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Здружението на приредувачи на игра на среќа „Сакам да работам“ реагира на барањето на Алијансата за Албанците“ обложувалници и казина да има само само во хотели со пет зведзички и на 500 метри одалеченост од училишта. Оттаму велат дека овој сектор вработува безмалку 10 илјади луѓе, индиректно помага меѓу 54 до 100 илјади други работни места, секоја година придонесува со најмалку 280 милиони евра во државниот Буџет.
Сакам да работам“ како Здружение на вработени во сектор игри на среќа жали што надлежните државни институции до сега ниту еднаш не застанаа во одбрана на нашето достоинство, човекови слободи и уставно загарантирани права на работен однос. Не можеме да прифатиме дека никој од надлежните не чувствува одговорност да ги демантира неоснованите обвинувања дека игрите на среќа се извориште на нелегални активности и наводно делуваат штетно врз младината. Тоа не е точно и за тоа постојат факти со кои државните институции располагаат!
Тие велат дека  се родители на малолетни деца или на тинејџери и навистина тешко им  паѓа кога на товар ни се става дека сме општествено зло за идните генерации. Како да објасниме на јавноста дека и во овој сектор работат обични луѓе од крв и месо, жени, мајки, кои чесно го заработуваат лебот? Кој има интерес да се затворат игрите на среќа? Кој ќе понесе одговорност за штетните последици? Дали младината ќе биде повеќе или помалку загрозена ако игрите на среќа се играат по подруми, во нелегални објекти или надвор од градовите? [caption id="attachment_146970" align="alignnone" width="640"] (фото: pixabay.com)[/caption]
Бараме заштита од Државната Комисија за спречување и заштита од дискриминацијата и од НВО секторот. Згрозени сме од црната кампања. Со неверување ги отфрламе нападите на неформалното здружение „Антикоцкање“ од Тетово. Сметаме дека се тенденциозни и немаат допирна точка со реалноста. Уште повеќе затоа што освен притисок врз политичките партии се прави обид суптилно да се инволвираат и верските заедници. Тоа е апсолутно недозволиво и претставува злоупотреба на верските чувства на граѓаните за оцрнување на секој кој има допирна точка со игрите на среќа.
  Апелираме да не потпаѓате на провокациите и лажните вести! Игрите на среќа се легален економски сектор, кој работи согласно позитивните законски прописи. Вработува безмалку 10 илјади луѓе, индиректно помага меѓу 54 до 100 илјади други работни места, секоја година придонесува со најмалку 280 милиони евра во државниот Буџет. Компаниите и ние вработените постојано сме дел на различни хуманитарни и донаторски активности со што покажуваме врвна општествена одговорност. Нашите работодавачи се претставници на реномирани светски и ЕУ компании кои спроведуваат највисоки стандарди на професионалност. Игри на среќа постојат од кога постои цивилизацијата. Граѓаните кога одат на туристички посети во земји од ЕУ, во Монте Карло или Лас Вегас или на крстарења со бродови, со задоволство посетуваат казина, се фотографираат и се фалат. Таму е „шик“ да одиш во казино, а овде станува „ерес“! Во автомат клубовите не влегуваат случајни минувачи. Нам ни се клиенти традиционални играчи. Каква е таа искривена логика дека излозите магнетно ги привлекуваат малолетниците? Зошто истата логика не важи за тобаката, кафулињата и кафеаните? Несомнено дека државата, секоја индивидуа и семејство има право и обврска да ги заштити малолетниците и да ги создава сите предуслови за воспитување здрава младина. Не сме против законски решенија кои одат во оваа насока. Но, сме категорично против политички и бизнис мотивирани законски измени кои ќе затворат една легална економска гранка што по автоматизам ќе предизвика организирање нелегални игри на среќа. Крајно време е да се напушти популизмот и да почнеме да говориме со факти! Сите општествено одговорни чинители треба да бидат свесни дека не постои пример во опкружување каде укинувањето на игрите на среќа не предизвикало играње на црно. Ако државата навистина одлучила да ги затвори игрите на среќа, мора да земе предвид дека со таква погрешна одлука ќе предизвика егзодус на најмалку 10 илјади семејства кои ќе се преселат во западните земји и таму повторно ќе работат во истиот сектор. Тоа е реалноста! Ние навреме предупредуваме, со цел да превенираме состојби кои ќе предизвикаат сериозни штети. Сега, кога државата среде глобална криза грчевито се бори за зачувување на секое работно место, затворањето на цел економски сектор е неразумно и неодговорно однесување. Се надеваме дека некој ќе ги земе предвид овие наши укажувања! Во спротивно ќе бидеме принудени да излеземе на масовни протести со кои ќе бараме заштита на нашите права!

The post Здружение на вработени во игрите на среќа: Во овој сектор се вработени 10.000 луѓе и во буџетот влегуваат 280 милиони евра appeared first on Република.

]]>