здружение на приватни лекари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zdruzenie-na-privatni-lekari/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Jul 2024 08:32:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png здружение на приватни лекари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zdruzenie-na-privatni-lekari/ 32 32 Намалување на обемната бирократија побараа од Здружението на приватните лекари на средбата со директорите на ФЗО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/namaluvane-na-obemnata-birokratija-pobaraa-od-zdruzhenieto-na-privatnite-lekari-na-sredbata-so-direktorite-na-fzo/ Thu, 11 Jul 2024 08:32:47 +0000 https://republika.mk/?p=795688

Решавање на проблемите со кои што се соочуваат лекарите во Македонија беше тема на разговор на директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов со претставници на Здружението на приватни лекари, Лилија Чолакова Дервишова и Мевљудин Куч.

Приватните здравствени установи (ПЗУ) се носечки столб на примарното здравство и тие се првиот контакт на граѓаните со лекарите. Нивната подобра ефикасност зависи од подобрите услови за работа што значи пред се намалување на бирократијата која во моментов е обемна.

Плановите на Фондот за здравствено осигурување е значајно да го подигне степенот на дигитализација и со тоа драстично да се намали бирократијата, а во исто време да се постигне побрз проток на информации помеѓу институциите во здравствениот систем. Дигитализацијата ќе ја намали и можноста за злоупотреби, а во исто време ќе ја подобри услугата на пациентите, потенцира в.д директорот Сашо Клековски.

На средбата заеднички беше констатирано дека само со дијалог, отворен однос, двонасочна комуникација може да се решат сите проблеми во интерес на лекарите и секако на пациентите.

Останува да се решат наталожените проблеми како што се барања за уредување на односите ПЗУ и матични доктори, зголемување на капитацијата, како и измени во казнени политики (укинување на дестимулација) и казни изразени во проценти од плата.

Како вонредна мерка ЗПЛРМ побара за време на екстремните температури хроничните пациенти да не се препраќаат до специјалисти за нови препораки, туку да важат старите. За ова барање веднаш е информирано Министерството за здравство.

The post Намалување на обемната бирократија побараа од Здружението на приватните лекари на средбата со директорите на ФЗО appeared first on Република.

]]>

Решавање на проблемите со кои што се соочуваат лекарите во Македонија беше тема на разговор на директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов со претставници на Здружението на приватни лекари, Лилија Чолакова Дервишова и Мевљудин Куч. Приватните здравствени установи (ПЗУ) се носечки столб на примарното здравство и тие се првиот контакт на граѓаните со лекарите. Нивната подобра ефикасност зависи од подобрите услови за работа што значи пред се намалување на бирократијата која во моментов е обемна.
Плановите на Фондот за здравствено осигурување е значајно да го подигне степенот на дигитализација и со тоа драстично да се намали бирократијата, а во исто време да се постигне побрз проток на информации помеѓу институциите во здравствениот систем. Дигитализацијата ќе ја намали и можноста за злоупотреби, а во исто време ќе ја подобри услугата на пациентите, потенцира в.д директорот Сашо Клековски.
На средбата заеднички беше констатирано дека само со дијалог, отворен однос, двонасочна комуникација може да се решат сите проблеми во интерес на лекарите и секако на пациентите. Останува да се решат наталожените проблеми како што се барања за уредување на односите ПЗУ и матични доктори, зголемување на капитацијата, како и измени во казнени политики (укинување на дестимулација) и казни изразени во проценти од плата. Како вонредна мерка ЗПЛРМ побара за време на екстремните температури хроничните пациенти да не се препраќаат до специјалисти за нови препораки, туку да важат старите. За ова барање веднаш е информирано Министерството за здравство.  

The post Намалување на обемната бирократија побараа од Здружението на приватните лекари на средбата со директорите на ФЗО appeared first on Република.

]]>
Здружението на приватни лекари бара покачување на платите за приближно 10 проценти https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zdruzhenieto-na-privatni-lekari-bara-pokachuvane-na-platite-za-priblizhno-10-protsenti/ Fri, 13 Oct 2023 13:09:49 +0000 https://republika.mk/?p=690960

Здружението на приватни Лекари на Македонија (ЗПЛРМ) го поздравува покачувањето на платите на здравствените работници во јавното здравство, но истовремено изразува разочарување што тие се заборавени, истакна на денешната прес-конференција д-р Лилија Чолакова Дервишова претседател на здружението.

Тие од надлежнaта централна бараат покачување на платите. Барањето се однесува за 1400 приватни лекари од примарното здравство, кои имаат склучено договори со Фондот за здравство, како и за 120 специјалисти интернисти и 124 специјалисти гинеколози. Сите тие се сопственици на амбуланти во кои се вработени и по две медицински сестри.

Ние не бараме покачување од 78 проценти, но бараме покачување од приближно 10 проценти, што е во согласно инфлацијата на ММФ. За да можеме да го следиме чекорот на просечна плата сметаме дека не треба да бидеме изоставени во зголемување на каптациониот бод, потенцира д-р Чолакова Дервишова.

Таа информира дека ЗПЛРМ денеска со ова нивно барање до надлежните се обратиле преку медиумите затоа што сметаат дека на овој начин досега голем број нивни иницијативи и предлози до надлежните биле попродуктивни во споредба со оние барања испратени со писмо. ад/цр

The post Здружението на приватни лекари бара покачување на платите за приближно 10 проценти appeared first on Република.

]]>

Здружението на приватни Лекари на Македонија (ЗПЛРМ) го поздравува покачувањето на платите на здравствените работници во јавното здравство, но истовремено изразува разочарување што тие се заборавени, истакна на денешната прес-конференција д-р Лилија Чолакова Дервишова претседател на здружението. Тие од надлежнaта централна бараат покачување на платите. Барањето се однесува за 1400 приватни лекари од примарното здравство, кои имаат склучено договори со Фондот за здравство, како и за 120 специјалисти интернисти и 124 специјалисти гинеколози. Сите тие се сопственици на амбуланти во кои се вработени и по две медицински сестри.