Здружение на граѓани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zdruzenie-na-gragjani/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Sep 2022 12:17:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Здружение на граѓани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zdruzenie-na-gragjani/ 32 32 Министерството за правда одбило регистрација на здружение со „Македонија“ во името https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-pravda-odbilo-registracija-na-zdruzenie-so-makedonija-vo-imeto/ Fri, 09 Sep 2022 11:32:58 +0000 https://republika.mk/?p=549065

Министерството за правда отфрлило барање за регистрација на здружение на граѓани „Млади за Македонија“ од Гевгелија, наводно поради употреба на името „Македонија“ во називот, тврди застапникот на иницијативата за регистрирање здужение адвокатот Тони Менкиноски.

Застапникот поднел тужба до Управниот суд на решението на Министерството за правда со кое се одбива регистрацијата, и за таа тужба завчера судот расправаше на отворена седница. Предвидено е Управниот суд да ја објави својата одлука идната среда.

Министерството за правда на Македонија постапува исто како што постапуваат бугарските власти во република Бугарија, со тоа што забранува поимот „Македонија“ да се користи во официјална употреба од здружение на граѓани. Сега сме пред круцијална одлука на Управниот суд. Ние ги изложивме аргументите дека тоа е наше право согласно Европската конвенција за човекови права и Универзалната декларација за човекови права, да се идентификуваме како Македонци и да го користиме поимот Македонија. Управниот суд наредната недела треба да донесе одлука дали ја прифаќа нашата тужба и го поништува решението со кое е забранета употребата на терминот „Македонија“ во Македонија, што е крајно апсурдно – изјави Менкиноски за медиумите по судската расправа.

Од Министерството за правда засега нема потврда дека апликацијата за регистрирање на здружението е отфрлена поради употреба на името „Македонија“ во називот. Според Договорот од Преспа името „Македонија“ не треба да се користи за организации и институции формирани или финансирани од владата.

Користењето на името „Македонија“ е основно човеково и наше генетско право и за овој предмет ќе одиме до крај – истакна тужителот Димитар Џундев, кој е подносител на барањето за регистрација на здружение „Млади за Македонија“.

The post Министерството за правда одбило регистрација на здружение со „Македонија“ во името appeared first on Република.

]]>