здравствени работници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zdravstveni-rabotnici/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 17:08:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png здравствени работници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zdravstveni-rabotnici/ 32 32 Здравствените работници во Хрватска најавија дека ќе одржат штрајк на 11 ноември https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zdravstvenite-rabotnitsi-vo-hrvatska-najavija-deka-ke-odrzhat-shtrajk-na-11-noemvri/ Fri, 08 Nov 2024 17:35:58 +0000 https://republika.mk/?p=835686

Здравствените работници во Хрватска, организирани од Синдикатот Заедно, од понеделник ќе започнат штрајк во текот на кој услуги ќе даваат само во итни случаи, соопштено е денеска во Загреб.

„Поголемиот дел од установите во Хрватска ќе штрајкуваат. Како што најавивме ќе се работи само со итни случаи, односно  целата дијагностичка, лабораториска и радиолошка обработка нема да се извршуваат“, изјави потпретседателот на Синдикатот, Санда Алиќ на прес-конференција пред Клиничкиот болнички центар Загреб.

Здравствените работници собрани во синдикатот бараат зголемување на основицата за најмалку 20 отсто и промена на регулативата за коефициенти. Како што е најавено, штрајкот ќе се спроведува во сите големи болници и некои здравствени домови.

The post Здравствените работници во Хрватска најавија дека ќе одржат штрајк на 11 ноември appeared first on Република.

]]>

Таравари: Не треба секогаш лошо да кажуваме за здравствените работници, треба некогаш и да ги пофалиме https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/taravari-ne-treba-sekogash-losho-da-kazhuvame-za-zdravstvenite-rabotnitsi-treba-nekogash-i-da-gi-pofalime/ Fri, 04 Oct 2024 09:26:40 +0000 https://republika.mk/?p=822524

Ние треба да ги мотивираме здравствените работници, не треба секогаш сè лошо да кажуваме за нив, туку некогаш и да ги пофалиме, изјави министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конфренција по повод 100 дена нова Влада „100 % посветени! За тебе“.

Според Таравари, одредени забелешки на пациентите за докторите се оправдани.

Има одредени забелешки коишто 'држат', се обидуваме во разговор со нашите колеги тоа да го амортизираме и тоа да не се повторува, а ако се повторува од ист колега повеќе пати, повеќе пациенти да се жалат, тогаш ќе преземеме мерки којшто може да ги преземе Министерството за здравство, изјави Таравари.

Министерот за здравство рече дека поради природата на неговото работно место официјално еден ден во работната недела се среќава со пациенти, но секојдневно комуницира со граѓаните.

Мојот впечаток е дека околу 60 до 70 отсто од граѓаните се задоволни од докторите коишто работат во јавните здравствени установи. Меѓутоа, за жал, новинарите од нив не прават вести за пациените кои се задоволни од тој доктор, дадена добра услуга, алал нека ви е за се што направивте за пациентот. Има околу 20 до 30 отсто пациенти кои не се задоволни. Има разно-разни забелешки од нив, некои оправдани, некои не се оправдани, да бидеме искрени. Некогаш некој чека пет минути и е нервозен. Сите чекаме некаде. И во банка кога одиме, чекаме 10 минути, па не викаме. Некои се нервираат, некои и со право се жалат, рече Таравари на прес-конфренцијата.

Таравари објасни дека кога имало жалби од пациентите, комуницирале и директно со докторите од кои се жалеле.

Некогаш сум ги соочувал граѓанинот - пациентот со докторот и на крајот на краиштата здравственот систем постои заради пациентите и тие се центарот во орбитата на здравствениот систем. Секако, и докторите и другиот медицински персонал се многу битни, кажа Таравари.

The post Таравари: Не треба секогаш лошо да кажуваме за здравствените работници, треба некогаш и да ги пофалиме appeared first on Република.

]]>

Ние треба да ги мотивираме здравствените работници, не треба секогаш сè лошо да кажуваме за нив, туку некогаш и да ги пофалиме, изјави министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конфренција по повод 100 дена нова Влада „100 % посветени! За тебе“. Според Таравари, одредени забелешки на пациентите за докторите се оправдани.
Има одредени забелешки коишто 'држат', се обидуваме во разговор со нашите колеги тоа да го амортизираме и тоа да не се повторува, а ако се повторува од ист колега повеќе пати, повеќе пациенти да се жалат, тогаш ќе преземеме мерки којшто може да ги преземе Министерството за здравство, изјави Таравари.
Министерот за здравство рече дека поради природата на неговото работно место официјално еден ден во работната недела се среќава со пациенти, но секојдневно комуницира со граѓаните.
Мојот впечаток е дека околу 60 до 70 отсто од граѓаните се задоволни од докторите коишто работат во јавните здравствени установи. Меѓутоа, за жал, новинарите од нив не прават вести за пациените кои се задоволни од тој доктор, дадена добра услуга, алал нека ви е за се што направивте за пациентот. Има околу 20 до 30 отсто пациенти кои не се задоволни. Има разно-разни забелешки од нив, некои оправдани, некои не се оправдани, да бидеме искрени. Некогаш некој чека пет минути и е нервозен. Сите чекаме некаде. И во банка кога одиме, чекаме 10 минути, па не викаме. Некои се нервираат, некои и со право се жалат, рече Таравари на прес-конфренцијата.
Таравари објасни дека кога имало жалби од пациентите, комуницирале и директно со докторите од кои се жалеле.
Некогаш сум ги соочувал граѓанинот - пациентот со докторот и на крајот на краиштата здравственот систем постои заради пациентите и тие се центарот во орбитата на здравствениот систем. Секако, и докторите и другиот медицински персонал се многу битни, кажа Таравари.
 
The post Таравари: Не треба секогаш лошо да кажуваме за здравствените работници, треба некогаш и да ги пофалиме appeared first on Република.

]]>
Повеќе од девет илјади здравствени работници од Косово работат во Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poveke-od-devet-iljadi-zdravstveni-rabotnitsi-od-kosovo-rabotat-vo-germanija/ Thu, 30 May 2024 11:07:33 +0000 https://republika.mk/?p=783146

Во 2023 година, бројот на здравствени работници од Косово вработени во Германија изнесувал 9.091, што е за илјада повеќе од 2022 година, пренесе Бета.

Според приштинските медиуми, трендот на заминување на лекари и медицински сестри од Косово продолжува секој ден.

Лани бројот на вработени здравствени работници од Косово во Германија бил дури 9.091, односно илјада повеќе од 2022 година.

Институтот ГАП објави бројки кои го покажуваат трендот на заминување на лекари и медицински работници за 2019-2023 година.

The post Повеќе од девет илјади здравствени работници од Косово работат во Германија appeared first on Република.

]]>

Во 2023 година, бројот на здравствени работници од Косово вработени во Германија изнесувал 9.091, што е за илјада повеќе од 2022 година, пренесе Бета. Според приштинските медиуми, трендот на заминување на лекари и медицински сестри од Косово продолжува секој ден. Лани бројот на вработени здравствени работници од Косово во Германија бил дури 9.091, односно илјада повеќе од 2022 година. Институтот ГАП објави бројки кои го покажуваат трендот на заминување на лекари и медицински работници за 2019-2023 година.

The post Повеќе од девет илјади здравствени работници од Косово работат во Германија appeared first on Република.

]]>
Комисијата за здравство го прифати Предлог законот со кој се овозможува здравствените работници, ако сакаат да продолжат со работа до 67 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-zdravstvo-go-prifati-predlog-zakonot-so-koj-se-ovozmozhuva-zdravstvenite-rabotnitsi-ako-sakaat-da-prodolzhat-so-rabota-do-67-godini/ Tue, 12 Mar 2024 14:53:34 +0000 https://republika.mk/?p=754084

Собраниската Комисија за здравство денеска го прифати Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка, со кој се овозможува здравствените работници да продолжат со работа до 67 години.

Предлагачи се пратениците од СДСМ Мартин Костовски и Соња Михаиловска, а целта за негово донесување, како што се наведува во образложението, е обезбедување обучен кадар за укажување медицинска помош на лица кои се наоѓаат во животно загрозувачка состојба и овозможување здравствените работници кои ќе изразат волја, да продолжат да работат и по исполнување на законските услови за одење во пензија, односно по навршување 64 години, да може да им се продолжи договорот за работа најмногу до 67 години, согласно одредбите од Законот за работни односи.

Со предложените измени и дополнувања ќе се овозможат во работодавниот орган во условите за именувањето на директор да се додадат и организациските науки. Исто така, се допрецизираат условите за непречено вршење на здравствената дејност во мрежата на здравствените установи, усогласување, прецизно дефинирање на постапката со цел побрзо и ефикасно работење на установите.

Со предложените измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита се воведува стандардизиран и унифициран пристап за организирање и спроведување обука на медицински и на немедицински кадар за укажување медицинска помош на лица кои се наоѓаат во животно загрозувачка состојба, организирано вршење на обуките од страна на Медицински симулациски центар како единствена овластена институција согласно претходно донесена програма, овозможување на здравствените работници, односно здравствените соработници кои ќе изразат волја да продолжат да работат и по исполнување на законските услови за одење во пензија, односно по навршување на 64 години, да може да им се продолжи договорот за работа најмногу до 67 години, согласно одредбите од Законот за работни односи, се појаснува во Предлог законот.

Како што се наведува во образложението, предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка не предизвикува финансиски последици врз републичкиот Буџет и другите јавни финансиски средства.

The post Комисијата за здравство го прифати Предлог законот со кој се овозможува здравствените работници, ако сакаат да продолжат со работа до 67 години appeared first on Република.

]]>

Собраниската Комисија за здравство денеска го прифати Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка, со кој се овозможува здравствените работници да продолжат со работа до 67 години. Предлагачи се пратениците од СДСМ Мартин Костовски и Соња Михаиловска, а целта за негово донесување, како што се наведува во образложението, е обезбедување обучен кадар за укажување медицинска помош на лица кои се наоѓаат во животно загрозувачка состојба и овозможување здравствените работници кои ќе изразат волја, да продолжат да работат и по исполнување на законските услови за одење во пензија, односно по навршување 64 години, да може да им се продолжи договорот за работа најмногу до 67 години, согласно одредбите од Законот за работни односи. Со предложените измени и дополнувања ќе се овозможат во работодавниот орган во условите за именувањето на директор да се додадат и организациските науки. Исто така, се допрецизираат условите за непречено вршење на здравствената дејност во мрежата на здравствените установи, усогласување, прецизно дефинирање на постапката со цел побрзо и ефикасно работење на установите.
Со предложените измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита се воведува стандардизиран и унифициран пристап за организирање и спроведување обука на медицински и на немедицински кадар за укажување медицинска помош на лица кои се наоѓаат во животно загрозувачка состојба, организирано вршење на обуките од страна на Медицински симулациски центар како единствена овластена институција согласно претходно донесена програма, овозможување на здравствените работници, односно здравствените соработници кои ќе изразат волја да продолжат да работат и по исполнување на законските услови за одење во пензија, односно по навршување на 64 години, да може да им се продолжи договорот за работа најмногу до 67 години, согласно одредбите од Законот за работни односи, се појаснува во Предлог законот.
Како што се наведува во образложението, предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка не предизвикува финансиски последици врз републичкиот Буџет и другите јавни финансиски средства.

The post Комисијата за здравство го прифати Предлог законот со кој се овозможува здравствените работници, ако сакаат да продолжат со работа до 67 години appeared first on Република.

]]>
Независниот синдикат на здравствени работници најавува протест доколку не се усогласат платите со минималната плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nezavisniot-sindikat-na-zdravstveni-rabotnitsi-najavuva-protest-dokolku-ne-se-usoglasat-platite-so-minimalnata-plata/ Sun, 25 Feb 2024 12:36:01 +0000 https://republika.mk/?p=748098

Независниот синдикат на здравствени работници, административен технички персонал и технички персонал најавува протести доколку нема усогласување на платите со минималната плата.

На денешната прес-конференција, националниот координатор на Независниот синдикат Боби Бојчевски рече дека ќе се протестира за време на паузи и дека во период од три часа би биле затворени јавните здравствени установи, а би се примале само итните случаи. Што од ова ќе биде спроведено, зависи како ќе се договорат претставниците на синдикалната организација овие денови.

– Да не се игра со чувствата на вработените во здравството, уште еднаш да не бидеме изманипулирани, бараме правилно и законски да се исплати платата согласно со Законот за минимална плата. Ова наше барање е основано и во согласност со Законот за минимална плата, нагласи Бојчевски.

The post Независниот синдикат на здравствени работници најавува протест доколку не се усогласат платите со минималната плата appeared first on Република.

]]>

Независниот синдикат на здравствени работници, административен технички персонал и технички персонал најавува протести доколку нема усогласување на платите со минималната плата. На денешната прес-конференција, националниот координатор на Независниот синдикат Боби Бојчевски рече дека ќе се протестира за време на паузи и дека во период од три часа би биле затворени јавните здравствени установи, а би се примале само итните случаи. Што од ова ќе биде спроведено, зависи како ќе се договорат претставниците на синдикалната организација овие денови. – Да не се игра со чувствата на вработените во здравството, уште еднаш да не бидеме изманипулирани, бараме правилно и законски да се исплати платата согласно со Законот за минимална плата. Ова наше барање е основано и во согласност со Законот за минимална плата, нагласи Бојчевски.

The post Независниот синдикат на здравствени работници најавува протест доколку не се усогласат платите со минималната плата appeared first on Република.

]]>
Синдикат од Република Српска со поддршка за Независниот синдикат на здравствени работници при КСОМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sindikat-od-republika-srpska-so-poddrshka-za-nezavisniot-sindikat-na-zdravstveni-rabotnitsi-pri-ksom/ Fri, 19 Jan 2024 11:12:45 +0000 https://republika.mk/?p=734646

Самостојниот синдикат на работници во здравството и социјална заштита од Република Српска даде поддршка за Независниот синдикат на здравствени работници при Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ).

Со поддршката изразена на социјалните мрежи, тие потсетуваат на некои од барањата на Независниот синдикат на здравствени работници - нов колективен договор, зголемување на платите за 30 отсто, бенефициран работен стаж, трансформација на работниот договор и зголемување на надоместокот во поглед на работата на местата со зголемен ризик - инфекции.

Националниот координатор на Независниот синдикат на здравствени работници, Боби Бојчевски повтори дека добро е што ќе има нови 1.117 вработувања во здравствениот сектор, но, предност да имаат тие кои работеле со години под договор на дело.

Бидејќи законот за трансформација веќе не постоел, ние и вработените што подолго работат со договор на дело, се плашиме, на јавните огласи, да не влезат на работа сосема други луѓе од надвор, наместо овие, кои со години работеле со договор на дело. Затоа, освен основните барања во конкурсот, диплома и лекарско, замолуваме до министерот, да има услов од доказ за работно ангажирање од над три или четири години за да не се вработуваат без искуство, кога веќе има луѓе со искуство, нагласи Бојчевски кон крајот на декември.

The post Синдикат од Република Српска со поддршка за Независниот синдикат на здравствени работници при КСОМ appeared first on Република.

]]>

Самостојниот синдикат на работници во здравството и социјална заштита од Република Српска даде поддршка за Независниот синдикат на здравствени работници при Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ). Со поддршката изразена на социјалните мрежи, тие потсетуваат на некои од барањата на Независниот синдикат на здравствени работници - нов колективен договор, зголемување на платите за 30 отсто, бенефициран работен стаж, трансформација на работниот договор и зголемување на надоместокот во поглед на работата на местата со зголемен ризик - инфекции. Националниот координатор на Независниот синдикат на здравствени работници, Боби Бојчевски повтори дека добро е што ќе има нови 1.117 вработувања во здравствениот сектор, но, предност да имаат тие кои работеле со години под договор на дело.
Бидејќи законот за трансформација веќе не постоел, ние и вработените што подолго работат со договор на дело, се плашиме, на јавните огласи, да не влезат на работа сосема други луѓе од надвор, наместо овие, кои со години работеле со договор на дело. Затоа, освен основните барања во конкурсот, диплома и лекарско, замолуваме до министерот, да има услов од доказ за работно ангажирање од над три или четири години за да не се вработуваат без искуство, кога веќе има луѓе со искуство, нагласи Бојчевски кон крајот на декември.

The post Синдикат од Република Српска со поддршка за Независниот синдикат на здравствени работници при КСОМ appeared first on Република.

]]>
Нервозните пациенти да ги остават пиштолите и ножевите дома: НСЗР со порака по нападот во „8 Септември“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nervoznite-patsienti-da-gi-ostavat-pishtolite-i-nozhevite-doma-nszr-so-poraka-po-napadot-vo-8-septemvri/ Mon, 08 Jan 2024 11:45:01 +0000 https://republika.mk/?p=730812

Независниот синдикат за здравствени работници, остро реагира за настанот во ГОБ „8 Септември“ , односно за нападот со нож врз здравствен работник.

Тие во напис на социјалните мрежи пишуваат дека насилните и нервозни граѓани кои имаат потреба од здравствена заштита, треба да ги остават пиштолите и ножевите во своите домови и возила и во здравствените институции да бидат ненаоружани и психофизички да се подготвени да им се решаваат здравствените проблеми.

На насилните и нервозни граѓани кои имаат потреба од здравствена заштита, да ги остават пиштолите и ножевите во своите домови и возила и во здравствените институции да бидат ненаоружани и психофизички да се подготвени да им се решаваат здравствените проблеми, стои во пораката на синдикатот.

Од директорите на ЈЗУ преку физичкото и мониторинг обезбедување, бараат зголемување на безбедноста на здравствените работници за време на работа во здравствените институции.

The post Нервозните пациенти да ги остават пиштолите и ножевите дома: НСЗР со порака по нападот во „8 Септември“ appeared first on Република.

]]>

Независниот синдикат за здравствени работници, остро реагира за настанот во ГОБ „8 Септември“ , односно за нападот со нож врз здравствен работник. Тие во напис на социјалните мрежи пишуваат дека насилните и нервозни граѓани кои имаат потреба од здравствена заштита, треба да ги остават пиштолите и ножевите во своите домови и возила и во здравствените институции да бидат ненаоружани и психофизички да се подготвени да им се решаваат здравствените проблеми. На насилните и нервозни граѓани кои имаат потреба од здравствена заштита, да ги остават пиштолите и ножевите во своите домови и возила и во здравствените институции да бидат ненаоружани и психофизички да се подготвени да им се решаваат здравствените проблеми, стои во пораката на синдикатот. Од директорите на ЈЗУ преку физичкото и мониторинг обезбедување, бараат зголемување на безбедноста на здравствените работници за време на работа во здравствените институции.

The post Нервозните пациенти да ги остават пиштолите и ножевите дома: НСЗР со порака по нападот во „8 Септември“ appeared first on Република.

]]>
Здравствените работници ќе му протестираат на министерот под прозорец за да ги чуе, најавија и протестен марш до Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zdravstvenite-rabotnitsi-ke-mu-protestiraat-na-ministerot-pod-prozorets-za-da-gi-chue-najavija-i-protesten-marsh-do-vladata/ Fri, 17 Nov 2023 10:39:04 +0000 https://republika.mk/?p=702471

Здравствени работници на неколку локации низ Скопје денеска изразија незадоволство поради состојбите во здравството. Се бара зголемување на платите од 30 проценти на докторите и медицинскиот персонал, јавната администрација во медицинските установи и техничкиот персонал. Се бара и покачување на инфективниот додаток од еден на четири проценти, регулирање на статусот на времено вработените лица и нивно вработување на неопределено, ревидирање или нов колективен договор и средба со министерот за здравство.

Ние како Независен синдикат, имаме неколку барања, за кревање на достоинството на вработените во здравствениот сектор. Доколку не се изнајде решение, ќе продолжиме со мирен протест на 24 ноември пред Министерството за здравство и на втори декември ќе имаме протестен марш од пред нашето седиште до Владата, изјави доктор специјалист Јосиф Ѓорески од Гинеколошко - акушерската клиника.

Тој појасни дека повеќе работи им пречат во сегашниот колективен договор. Ѓорески кажа дека имало луѓе кои работеле во здравство и по девет години со нерешен статус. Поради сево ова, како што нагласи, голем дел од медицинскиот персонал си заминува и недостасува кадар, на штета на пациентите.

The post Здравствените работници ќе му протестираат на министерот под прозорец за да ги чуе, најавија и протестен марш до Владата appeared first on Република.

Ќе има нови протести: Се бараат подобри услови за работа на здравствените работници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-ima-novi-protesti-se-baraat-podobri-uslovi-za-rabota-na-zdravstvenite-rabotnitsi/ Sat, 11 Nov 2023 13:48:02 +0000 https://republika.mk/?p=700539

Од Независниот синдикат на здравствените работници и административно – техничкиот персонал денеска повторно побараа подобри услови за работа на членството и најавија протести, на 17 и 24 ноември и на 2 декември.

Бараат зголемување на платите за 30 отсто, на додатокот за инфекција од еден на четири отсто, нов колективен договор, бенефициран работен стаж и трансформација на договорите на определеното работно време со неопределено.

Боби Бојчевски, претседател на НСЗР претстави три предлози како да се надополнат буџетите во Министерството за здравство и Фондот за здравство.

Оданочување од 40 отсто на високата плата на функционерите, бидејќи во овие услови се енормни високи. Потоа, здравствените установи затоа што не се профитабилни организации, да се ослободат од индустриска вода и струја, да плаќаме како обичниот граѓанин. Го поддржуваме министерот за здравство Фатмир Меџити, во тоа да се укинат двојните директори на Клинички центар и управните одбори - рече Бојчевски.

The post Ќе има нови протести: Се бараат подобри услови за работа на здравствените работници appeared first on Република.

]]>

Од Независниот синдикат на здравствените работници и административно – техничкиот персонал денеска повторно побараа подобри услови за работа на членството и најавија протести, на 17 и 24 ноември и на 2 декември. Бараат зголемување на платите за 30 отсто, на додатокот за инфекција од еден на четири отсто, нов колективен договор, бенефициран работен стаж и трансформација на договорите на определеното работно време со неопределено. Боби Бојчевски, претседател на НСЗР претстави три предлози како да се надополнат буџетите во Министерството за здравство и Фондот за здравство.
Оданочување од 40 отсто на високата плата на функционерите, бидејќи во овие услови се енормни високи. Потоа, здравствените установи затоа што не се профитабилни организации, да се ослободат од индустриска вода и струја, да плаќаме како обичниот граѓанин. Го поддржуваме министерот за здравство Фатмир Меџити, во тоа да се укинат двојните директори на Клинички центар и управните одбори - рече Бојчевски.

The post Ќе има нови протести: Се бараат подобри услови за работа на здравствените работници appeared first on Република.

]]>
Здравствените работници на предупредувачки протест за време на паузата на 19 октомври https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zdravstvenite-rabotnitsi-na-predupreduvachki-protest-za-vreme-na-pauzata-na-19-oktomvri/ Sat, 14 Oct 2023 13:04:39 +0000 https://republika.mk/?p=691182

Независниот синдикат на здравствени работници (НСЗР) в четврток, 19 октомври, ќе организира предупредувачки протест на вработените во сите здравствени институции во државава за време на паузата, од 10.30 до 11 часот, зашто се незадоволни од тоа што и по средбата на нивни претставници во Министерството за здравство на 5 октомври немаат одговор за нивните барања.

Бараат зголемување на платата за 30 проценти на сите здравствени работници и на административно-техничкиот персонал, ревидирање на Колективниот договор, зголемување на додатокот за инфекција од 1 на 4 проценти, трансформација на работниот однос од определено на неопределено на тие што се со договор на дело и бенефициран работен стаж.

Кристина Олевска од синдикатот во ГОБ „8 Септември“-Скопје, на прес-конференција рече дека не се согласуваат со предлогот за зголемување на платите за 15 проценти само на медицинските сестри.

Со тоа ние не се согласуваме затоа што ние сме алка, синџир во здравството и еден без друг не можеме. Затоа продолжуваме да се бориме за зголемување за 30 проценти на платата за сите здравствени работници и на административно-техничкиот персонал. Власта мора да го слушне нашиот глас, рече Олевска, која соопшти дека нејзината плата е 28 илјади денари, има средно образование, 25 години стаж и работи во одделот за радиотерапија т.е. изложеност на рендгенско зрачење.

Боби Бојчевски, координатор на Независниот синдикат на здравствени работници (НСЗР), рече дека предупредувачкиот протест ќе биде „крик за достоинствена плата и достоинствен живот“ на 22 илјади  вработени во здравствениот сектор во земјава. Покачувањето од 10 проценти, рече, е малку, затоа што „ги изело“ галопирачката инфлација.

Ова е предупредувачки протест, а крајна фаза е да излеземе на улица. Но, жално и бедно е тие што беа хероите на 21 век да излезат на улица, додаде Бојчевски.

Лазо Костовски, претседател на синдикатот на болницата за геријатрија „13 Ноември“-Скопје,  на прес-конференцијата соопшти дека меѓу барањата е и трансформација на работниот однос од определено на неопределено време за 241 вработен во здравство. Со нивното вработување на неопределено, рече тој, ќе нема разлика во финансиите, но дека трансформацијата „ја кочи“ Министерството за финансии од каде што нема согласност.

Тој, исто така, рече дека сите вработени во здравството треба да имаат и бенефициран стаж и посочи на тешките услови за работа кои ги имаат вработените во психијатриските болници, кои немаат обезбедување и не добиваат инфективен додаток.

Предупредувачкиот протест на 19 октомври ќе биде за време на паузата од 10.30 до 11 часот за да нема застој во работата со пациентите и ќе биде или на работните места или вработените може да излезат пред здравствената институција каде што работат. Протестот ќе го поддржат и возачите на Брза помош со едноминутно вклучување на сирените и ротациските светла на амбулантните возила

The post Здравствените работници на предупредувачки протест за време на паузата на 19 октомври appeared first on Република.

]]>

Независниот синдикат на здравствени работници (НСЗР) в четврток, 19 октомври, ќе организира предупредувачки протест на вработените во сите здравствени институции во државава за време на паузата, од 10.30 до 11 часот, зашто се незадоволни од тоа што и по средбата на нивни претставници во Министерството за здравство на 5 октомври немаат одговор за нивните барања. Бараат зголемување на платата за 30 проценти на сите здравствени работници и на административно-техничкиот персонал, ревидирање на Колективниот договор, зголемување на додатокот за инфекција од 1 на 4 проценти, трансформација на работниот однос од определено на неопределено на тие што се со договор на дело и бенефициран работен стаж. Кристина Олевска од синдикатот во ГОБ „8 Септември“-Скопје, на прес-конференција рече дека не се согласуваат со предлогот за зголемување на платите за 15 проценти само на медицинските сестри.
Со тоа ние не се согласуваме затоа што ние сме алка, синџир во здравството и еден без друг не можеме. Затоа продолжуваме да се бориме за зголемување за 30 проценти на платата за сите здравствени работници и на административно-техничкиот персонал. Власта мора да го слушне нашиот глас, рече Олевска, која соопшти дека нејзината плата е 28 илјади денари, има средно образование, 25 години стаж и работи во одделот за радиотерапија т.е. изложеност на рендгенско зрачење.
Боби Бојчевски, координатор на Независниот синдикат на здравствени работници (НСЗР), рече дека предупредувачкиот протест ќе биде „крик за достоинствена плата и достоинствен живот“ на 22 илјади  вработени во здравствениот сектор во земјава. Покачувањето од 10 проценти, рече, е малку, затоа што „ги изело“ галопирачката инфлација.
Ова е предупредувачки протест, а крајна фаза е да излеземе на улица. Но, жално и бедно е тие што беа хероите на 21 век да излезат на улица, додаде Бојчевски.
Лазо Костовски, претседател на синдикатот на болницата за геријатрија „13 Ноември“-Скопје,  на прес-конференцијата соопшти дека меѓу барањата е и трансформација на работниот однос од определено на неопределено време за 241 вработен во здравство. Со нивното вработување на неопределено, рече тој, ќе нема разлика во финансиите, но дека трансформацијата „ја кочи“ Министерството за финансии од каде што нема согласност. Тој, исто така, рече дека сите вработени во здравството треба да имаат и бенефициран стаж и посочи на тешките услови за работа кои ги имаат вработените во психијатриските болници, кои немаат обезбедување и не добиваат инфективен додаток. Предупредувачкиот протест на 19 октомври ќе биде за време на паузата од 10.30 до 11 часот за да нема застој во работата со пациентите и ќе биде или на работните места или вработените може да излезат пред здравствената институција каде што работат. Протестот ќе го поддржат и возачите на Брза помош со едноминутно вклучување на сирените и ротациските светла на амбулантните возила

The post Здравствените работници на предупредувачки протест за време на паузата на 19 октомври appeared first on Република.

]]>
Здравствените работници бараат 30 проценти покачување на платите, во спротивно најавуваат излегување на улица и протести https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zdravstvenite-rabotnitsi-baraat-30-protsenti-pokachuvane-na-platite-vo-sprotivno-najavuvaat-izleguvane-na-ulitsa-i-protesti/ Sun, 10 Sep 2023 10:40:02 +0000 https://republika.mk/?p=680544

Независниот синдикат на здравствените работници бара покачување на платата на здравствените работници за 30 проценти, нов колективен договор, бенефициран стаж на вработените во итна медицинска помош, рендген и психијатриските болници, додатокот за инфекција да се зголеми на 4 проценти и итна трансформација на договорите од определено, на неопределено време.

Националниот координатор на Независниот синдикат на здравствените работници при Конфедерација на синдикалните организации на Македонија (КСОМ), Боби Бојчевски, на прес-конференција посочи дека се во контакт со останатите синдикати од здравство за организирање протест и доколку по 20 септември нема одговор на нивните барања, ќе излезат на улица.

Здравствените работници се донесени на маргините на живеење и едноставно се дискриминирани. Здравството е дојдено на последната скалила на живеење. Затоа ќе повикаме сите заедно, сите сплотено да излеземе да си ги побараме правата за нормален живот во оваа држава. Повторно ќе пратиме известување до министерство и влада, ако нема одговор, не останува ништо друго, туку на улица, изјави Бојчевски.

Тој истакна дека просечната плата на околу 25 илјади здравствени работници во земјава е под просечната во државата, посочувајќи дека почетната платата на здравствените работници е 20 700, на докторите е од 32 до 35 илјади, а специјалистите максимум до 45 илјади.

„Белите мантили“ се со крај на трпение. „Белите мантили“ излегуваат на улица, нагласи Бојчевски.

Според него, не постоел полош колективен договор од моменталниот во здравството. Независниот синдикат има околу 2 500 членови и бараат да бидат присутни на разговорите.

На новинарско прашање дали Синдикатот ги поддржува протестите за Онкологија, Бојчевски изјави дека тие како Независен синдикат ги поддржуваат протестите, нагласувајќи дека и тој лично и други биле на протестите.

Утрешниот протест, исто така, го поддржуваме. Не може еден здравствен профитер, тие 10, 20, 30 луѓе да ги црнат другите 25 илјади вработени во здравствениот систем. Ние го осудуваме случајот, ги поддржуваме протестите и лично ќе бидеме присутни, изјави Бојчевски.

The post Здравствените работници бараат 30 проценти покачување на платите, во спротивно најавуваат излегување на улица и протести appeared first on Република.

]]>

Независниот синдикат на здравствените работници бара покачување на платата на здравствените работници за 30 проценти, нов колективен договор, бенефициран стаж на вработените во итна медицинска помош, рендген и психијатриските болници, додатокот за инфекција да се зголеми на 4 проценти и итна трансформација на договорите од определено, на неопределено време. Националниот координатор на Независниот синдикат на здравствените работници при Конфедерација на синдикалните организации на Македонија (КСОМ), Боби Бојчевски, на прес-конференција посочи дека се во контакт со останатите синдикати од здравство за организирање протест и доколку по 20 септември нема одговор на нивните барања, ќе излезат на улица.
Здравствените работници се донесени на маргините на живеење и едноставно се дискриминирани. Здравството е дојдено на последната скалила на живеење. Затоа ќе повикаме сите заедно, сите сплотено да излеземе да си ги побараме правата за нормален живот во оваа држава. Повторно ќе пратиме известување до министерство и влада, ако нема одговор, не останува ништо друго, туку на улица, изјави Бојчевски.
Тој истакна дека просечната плата на околу 25 илјади здравствени работници во земјава е под просечната во државата, посочувајќи дека почетната платата на здравствените работници е 20 700, на докторите е од 32 до 35 илјади, а специјалистите максимум до 45 илјади.
„Белите мантили“ се со крај на трпение. „Белите мантили“ излегуваат на улица, нагласи Бојчевски.
Според него, не постоел полош колективен договор од моменталниот во здравството. Независниот синдикат има околу 2 500 членови и бараат да бидат присутни на разговорите. На новинарско прашање дали Синдикатот ги поддржува протестите за Онкологија, Бојчевски изјави дека тие како Независен синдикат ги поддржуваат протестите, нагласувајќи дека и тој лично и други биле на протестите.
Утрешниот протест, исто така, го поддржуваме. Не може еден здравствен профитер, тие 10, 20, 30 луѓе да ги црнат другите 25 илјади вработени во здравствениот систем. Ние го осудуваме случајот, ги поддржуваме протестите и лично ќе бидеме присутни, изјави Бојчевски.

The post Здравствените работници бараат 30 проценти покачување на платите, во спротивно најавуваат излегување на улица и протести appeared first on Република.

]]>
Здравствените работници ќе протестираат ако до септември не им се решат барањата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zdravstvenite-rabotnitsi-ke-protestiraat-ako-do-septemvri-ne-im-se-reshat-baranata/ Mon, 07 Aug 2023 11:22:28 +0000 https://republika.mk/?p=669587

Независниот синдикат на здравство и Независниот синдикат на геријатрија денеска излегоа задоволни од средбата во Министерството за информатичко општество и администрација, каде е констатирано дека има голем број аномалии во колективните договори на здравствените работници. Синдикатите упатиле барања за решавање на ова прашање и во Министерството за финансии и во Министерството за здравство, но не добиле одговор. Ако не добијат решение до септември, најавуваат „жешка есен“ со протести заедно со полицијата.

На состанокот се реши дека има голем број аномалии во колективниот договор во врска со здравствените работници, со здравствениот административен персонал, со техничкиот персонал за коишто има потреба да се решат постепено – изјави националниот координатор за независните синдикати за здравство, Боби Бојчевски, по денешната средба во МИОА.

Тој додаде дека здравствените работници се донесени до маргинализација за да преживеат ден.

Ние затоа како независен синдикат ќе се бориме за оваа категорија луѓе, да се решат овие аномалии од прва до четврта група каде што според сложеноста на работните односи првата група има поголема плата од четвртата група – рече Бојчевски.

Тој подвлече дека „подобро е да се гасне оганот додека жари а потешко е кога ќе се направи пожар“, бидејќи, како што кажа, здравствените работници не можат да го издржат месецот, ни да го преживеат денот.

Ако не се решат овие работи во септември ќе бараме протест и бараме покачување на платите на здравствените работници за 30 проценти. Кога може на други вработени да им се покачува платата за 30 проценти, ние се чувствуваме како дискриминирани во ова општество – посочи Бојчевски и најави масовни протести во септември што ќе бидат поддржани од сите синдикати.

Претседателот на независниот синдикат на геријатрија, Лазо Костовски, рече дека на денешната средба разграничено е дека негувателките и болничарите биле ставени во технички персонал а треба да се водат како здравствени работници. Откако ќе се водат како здравствени работници и коефициентот за нив треба да биде поголем и нема да бидат во категоријата минималец.

Сега понатаму останува на работодавачите, дали ова од денешната средба ќе го прифатат и ќе го внесат во документите или пак ќе си продолжат како досега – да не ги признаваат како здравствени работници туку да продолжат како технички персонал, што не е во ред – нагласи Костовски.

Тој информираше дека во геријатрија има околу 50 вработени по договор и бараше да се смени законот кој ќе им овозможи на овие вработени, наместо по пет години да бидат под договор, да бидат само шест месеци.

The post Здравствените работници ќе протестираат ако до септември не им се решат барањата appeared first on Република.

Државата свесно нè упатува да работиме како келнери, велат здравствените работници од тимовите за трансплантација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzhavata-svesno-ne-upatuva-da-rabotime-kako-kelneri-velat-zdravstvenite-rabotnitsi-od-timovite-za-transplantatsija/ Thu, 03 Aug 2023 09:45:17 +0000 https://republika.mk/?p=668196

По изјавата на д-р Светозар Антовиќ, дигестивен хирург дека на ентузијазамот секогаш му доаѓа крај и дека мора да се води сметка како ќе се мотивираат тимовите за трансплантација, до нашата редакција пристигна реакција од група медицински сестри, технички и друг среден медицински персонал, кои се дел од овие тимови.

https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-antovik-mora-da-vodime-smetka-kako-da-se-motiviraat-timovite-za-transplatatsija-entuzijazmot-ne-e-vechen/

Овие здравствени работници кои се охрабрија и покрај притисоците на своите работни места од страна на менаџерите, потенцираат дека иако максимално се вложуваат и даваат дел од себе во овој макотрпен процес, сепак одговорните доаѓаат да ги посетат само за сликање и лична промоција, без воопшто да се заинтересираат дали тие тимови се мотивирани, односно дали им е платен некаков надоместок како што е планирано во програмата за трансплантација?

Тие прашуваат за кои други поприоритетни цели се наменети тие средства, кога веќе нема за здравствениот персонал.

https://republika.mk/vesti/makedonija/blagodarenie-na-vas-gospoda-shto-imate-pokachuvane-od-78-nie-zdravstvenite-rabotnitsi-svedeni-sme-na-nivo-da-se-borime-da-go-svrzeme-mesetsot-so-naredniot/

Тие се револтирани од досегашниот пристап и прашуваат зошто државата не води сметка за тимовите за трансплантација и кој свесно учествува во демотивација на овој високо обучен кадар за трансплантација - дали е тоа координаторот за трансплантација Маја Мојсова, министерот Меџити, Владата или сите заедно се одговорни за ваквата системска негрижа што воопшто не доликува на еден процес како што е трансплантацијата?

Исто така, здравствените работници додаваат дека на овој начин државата свесно ги упатува да работат како келнери во државите од регионот.

The post Државата свесно нè упатува да работиме како келнери, велат здравствените работници од тимовите за трансплантација appeared first on Република.

]]>

По изјавата на д-р Светозар Антовиќ, дигестивен хирург дека на ентузијазамот секогаш му доаѓа крај и дека мора да се води сметка како ќе се мотивираат тимовите за трансплантација, до нашата редакција пристигна реакција од група медицински сестри, технички и друг среден медицински персонал, кои се дел од овие тимови. https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-antovik-mora-da-vodime-smetka-kako-da-se-motiviraat-timovite-za-transplatatsija-entuzijazmot-ne-e-vechen/ Овие здравствени работници кои се охрабрија и покрај притисоците на своите работни места од страна на менаџерите, потенцираат дека иако максимално се вложуваат и даваат дел од себе во овој макотрпен процес, сепак одговорните доаѓаат да ги посетат само за сликање и лична промоција, без воопшто да се заинтересираат дали тие тимови се мотивирани, односно дали им е платен некаков надоместок како што е планирано во програмата за трансплантација? Тие прашуваат за кои други поприоритетни цели се наменети тие средства, кога веќе нема за здравствениот персонал. https://republika.mk/vesti/makedonija/blagodarenie-na-vas-gospoda-shto-imate-pokachuvane-od-78-nie-zdravstvenite-rabotnitsi-svedeni-sme-na-nivo-da-se-borime-da-go-svrzeme-mesetsot-so-naredniot/ Тие се револтирани од досегашниот пристап и прашуваат зошто државата не води сметка за тимовите за трансплантација и кој свесно учествува во демотивација на овој високо обучен кадар за трансплантација - дали е тоа координаторот за трансплантација Маја Мојсова, министерот Меџити, Владата или сите заедно се одговорни за ваквата системска негрижа што воопшто не доликува на еден процес како што е трансплантацијата? Исто така, здравствените работници додаваат дека на овој начин државата свесно ги упатува да работат како келнери во државите од регионот.

The post Државата свесно нè упатува да работиме како келнери, велат здравствените работници од тимовите за трансплантација appeared first on Република.

]]>
Покачувањето од некоја илјадарка за здравствените работници е срамно и понижувачко https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pokachuvaneto-od-nekoja-iljadarka-za-zdravstvenite-rabotnitsi-e-sramno-i-ponizhuvachko/ Thu, 11 May 2023 14:01:46 +0000 https://republika.mk/?p=639783

Невиден срам, деградација и понижувачки однос. Со месеци лаги , манипулации и газење по достоинството на здравствените работници, молење и шетање по институции кои се ненадлежни и само си ја префрлуваат одговорноста.

Коментарите на социјалните мрежи се дека ова покачување на платата од 3000 ден бруто за сестрите и 2000 ден бруто за останатите здравствени работници и помошно-технички персонал всусшност значи точно 2010 ден за сестрите и 1340 за останатите здравствени работници и помошно-технички персонал што е срамно и во никој случај не може да значи мотивирање на кадарот.

Напротив ова претставува уште еден чекор во насока на дополнително демотивирање на кадарот и продолжување на трендот на напуштање на јавното здравство кој посебно е изразен во изминатиов период.

Во меѓувреме впечатокот е дека здравството е на колена, освен што нема доволно средства за медицинскиот персонал, не се води сметка ниту за зајакнување на инфраструктурата со која би се унапредиле условите за работа на здравствените работници.

Генералниот впечаток е дека здравството е на маргините доведено што е на огромна штета како на здарвствените работници,така и за пациентите.

The post Покачувањето од некоја илјадарка за здравствените работници е срамно и понижувачко appeared first on Република.

]]>

Невиден срам, деградација и понижувачки однос. Со месеци лаги , манипулации и газење по достоинството на здравствените работници, молење и шетање по институции кои се ненадлежни и само си ја префрлуваат одговорноста. Коментарите на социјалните мрежи се дека ова покачување на платата од 3000 ден бруто за сестрите и 2000 ден бруто за останатите здравствени работници и помошно-технички персонал всусшност значи точно 2010 ден за сестрите и 1340 за останатите здравствени работници и помошно-технички персонал што е срамно и во никој случај не може да значи мотивирање на кадарот. Напротив ова претставува уште еден чекор во насока на дополнително демотивирање на кадарот и продолжување на трендот на напуштање на јавното здравство кој посебно е изразен во изминатиов период. Во меѓувреме впечатокот е дека здравството е на колена, освен што нема доволно средства за медицинскиот персонал, не се води сметка ниту за зајакнување на инфраструктурата со која би се унапредиле условите за работа на здравствените работници. Генералниот впечаток е дека здравството е на маргините доведено што е на огромна штета како на здарвствените работници,така и за пациентите.

The post Покачувањето од некоја илјадарка за здравствените работници е срамно и понижувачко appeared first on Република.

]]>
Точно 7️ месеци, откако 7 пати триумфално се најави постигнување на договор за платите-досега ништо не е реализирано https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tochno-7-mesetsi-otkako-7-pati-triumfalno-se-najavi-postignuvane-na-dogovor-za-platite-dosega-nishto-ne-e-realizirano/ Sat, 29 Apr 2023 10:08:48 +0000 https://republika.mk/?p=635218

Одбележуваме точно 7️ месеци, откако 7 пати триумфално се најави постигнување на договор за платите на здравствените работници, што не е реализирано ниту денес, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
➡️ Игнорантски однос и пазарења со хероите на пандемијата иако "договореното" меѓу Синдикатите и надлежните институции воопшто не соодветствува со реалните барања на медицинскиот персонал
❗️Ставот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ и пред еден месец и денес е дека постојниот анекс на договорот е понижувачки и потценувачки и не кореспондира со барањата на здравствените работници
▶️️Во пресрет на Меѓународниот ден на трудот 1-ви Мај, повторно прашуваме
❓️Води ли некој грижа за овој дефицитарен кадар, што е преземено и што се презема за унапредување на статусот на здравствените работници
❓️Што е со дадените нереализирани ветувања на здравствените власти и Владата кон медицинскиот персонал
❗️Продолжуваме внимателно да ги следиме сите информации кои пристигнуваат до нас од нашите колеги за притисоци, закани и мобинг со кои се соочуваат во неколку јавни здравствени установи во однос на искажувањето незадоволство од нереализираните ветувања и најостро ги осудуваме, а токму ова е и една од причините за масовното заминување на кадар во јавното здравство, штета која ќе се одрази врз целиот здравствен систем на долг рок

The post Точно 7️ месеци, откако 7 пати триумфално се најави постигнување на договор за платите-досега ништо не е реализирано appeared first on Република.

]]>

Одбележуваме точно 7️ месеци, откако 7 пати триумфално се најави постигнување на договор за платите на здравствените работници, што не е реализирано ниту денес, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ. ➡️ Игнорантски однос и пазарења со хероите на пандемијата иако "договореното" меѓу Синдикатите и надлежните институции воопшто не соодветствува со реалните барања на медицинскиот персонал ❗️Ставот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ и пред еден месец и денес е дека постојниот анекс на договорот е понижувачки и потценувачки и не кореспондира со барањата на здравствените работници ▶️️Во пресрет на Меѓународниот ден на трудот 1-ви Мај, повторно прашуваме ❓️Води ли некој грижа за овој дефицитарен кадар, што е преземено и што се презема за унапредување на статусот на здравствените работници ❓️Што е со дадените нереализирани ветувања на здравствените власти и Владата кон медицинскиот персонал ❗️Продолжуваме внимателно да ги следиме сите информации кои пристигнуваат до нас од нашите колеги за притисоци, закани и мобинг со кои се соочуваат во неколку јавни здравствени установи во однос на искажувањето незадоволство од нереализираните ветувања и најостро ги осудуваме, а токму ова е и една од причините за масовното заминување на кадар во јавното здравство, штета која ќе се одрази врз целиот здравствен систем на долг рок

The post Точно 7️ месеци, откако 7 пати триумфално се најави постигнување на договор за платите-досега ништо не е реализирано appeared first on Република.

]]>
Нема потпис на анексот на Колективниот договор за корекција на коефициентите на вработените во здравството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-potpis-na-aneksot-na-kolektivniot-dogovor-za-korektsija-na-koefitsientite-na-vrabotenite-vo-zdravstvoto/ Tue, 28 Mar 2023 16:31:01 +0000 https://republika.mk/?p=624770

Нема потпис на анексот на Колективниот договор со кој се бара корекција на коефициентите на вработените во здравството, објави на својата Фејсбук страница, Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
❗️Ставот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ е дека "договорената" корекција во однос на покачувањето на платите на медицинските сестри, ртг техничари, лаборанти и сите други здравствени работници е потценувачка и понижувачка во споредба со комплексната дејност, одговорноста и нивниот труд
❌️Понижувачки "договори" кои не кореспондираат со барањата, непочитување на Kолективниот договор доведува до демотивација и заминување на квалитетниот кадар
❌ 11 илјади вработени трпат бидејќи не се почитува договорот, се запоставува јавното здравство, не се работи на подобра инфраструктура
❗️ Незадоволството на вработените во јавното здравство кулминираше со предупредувачки протест во сите ЈЗУ во исто време
❗️ Потребно е итно преземање одговорност за овие штетни политики од кои штетата е на целиот здравствен систем на долг рок

The post Нема потпис на анексот на Колективниот договор за корекција на коефициентите на вработените во здравството appeared first on Република.

]]>

Нема потпис на анексот на Колективниот договор со кој се бара корекција на коефициентите на вработените во здравството, објави на својата Фејсбук страница, Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ. ❗️Ставот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ е дека "договорената" корекција во однос на покачувањето на платите на медицинските сестри, ртг техничари, лаборанти и сите други здравствени работници е потценувачка и понижувачка во споредба со комплексната дејност, одговорноста и нивниот труд ❌️Понижувачки "договори" кои не кореспондираат со барањата, непочитување на Kолективниот договор доведува до демотивација и заминување на квалитетниот кадар ❌ 11 илјади вработени трпат бидејќи не се почитува договорот, се запоставува јавното здравство, не се работи на подобра инфраструктура ❗️ Незадоволството на вработените во јавното здравство кулминираше со предупредувачки протест во сите ЈЗУ во исто време ❗️ Потребно е итно преземање одговорност за овие штетни политики од кои штетата е на целиот здравствен систем на долг рок

The post Нема потпис на анексот на Колективниот договор за корекција на коефициентите на вработените во здравството appeared first on Република.

]]>
Николов: Постои ризик да останеме без здравствени работници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikolov-protestot-se-sluchi-vo-site-zdravstveni-ustanovi-vo-zemjata-problemot-e-sistemski-postoi-rizik-da-ostaneme-bez-zdravstveni-rabotnitsi/ Wed, 22 Feb 2023 20:18:06 +0000 https://republika.mk/?p=612086

Настанот со фондот беше капка која ја прелеа чашата, затоа што всушност од едни херои во период на ковид пандемијата, здравствените работници и соработници, на кои им се ветуваа брда и долини, одеднаш почувствуваа дека целиот овој систем има несериозно однесување кон нив. Почна ноември минатата година со предупредувачки штрајк кој беше одложен заради ветувањата на министерот за здравство, но немаше никаква потврда дека ветеното ќе се оствари и се резултираше со денешниот протест кој се случи во сите здравствени установи во Македонија, изјави претседателот на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Игор Николов, за „Тема на денот“ на Сител

Тој истакна дека добро е што здравствените работници се одважија бидејќи бевме сведоци дека има притисоци, закани и предупредувања кои на почеток беа суптилни, но подоцна понесуптилни.

Ова што денеска се случи е еден преседан во здравството, не се сеќавам дека имало досега организирано толку масовни предупредувачки протести во толку различни здравствени институции. Проблемот не е на едно место, туку системски. Ризикот е да останеме без здравствени работници. Овој систем да добие мала аномалија ќе добие големи деформации, потенцира Николов.

На идниот министер кој ќе има кратко време за работа, Николов му порача да не ги избегнува проблемите на здравствените работници, како и да се ангажира да и исправи некои аномалии во системот.

Имајќи предвид дека новиот предложен министер за здравство ќе има прилично кратко време, јас би советувал да не се одвојува од потребите и барањата на здравствените работници и да направи напор аномалиите да бидат отстранети. Изминативе години останавме без реален ургентен центар, тоа е нешто кое може да се коригира, да ја спомнеме и позитивната листа, лековите за ранливи категории, но недостигаат и обични како декортин, изјави Николов.

The post Николов: Постои ризик да останеме без здравствени работници appeared first on Република.

Под строги протоколи невакцинираните здравствени работници во Грција ќе се вратат на работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pod-strogi-protokoli-nevakciniranite-zdravstveni-rabotnici-vo-grcija-kje-se-vratat-na-rabota/ Wed, 30 Nov 2022 11:55:33 +0000 https://republika.mk/?p=580019

Опасна за јавното здравје, според министерот за здравство на Грција Танос Плеврис е одлуката на Уставниот суд на Грција да ја прогласи за противуставна мерката за продолжување до крајот на годинава на принудното отсуство од работа за невакцинираните здравствени работници, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за грчката телевизија „Скај“, Плеврис рече дека е обврзан да ја почитува одуката и најави дека враќањето на работа на невакцинираните здравствени работници ќе биде под строги протоколи „за да не се загрози јавното здравје“.

За самата одлука, министерот за здравство на Грција објасни дека судот првичната одлука ја смета за уставна, меѓутоа продолжувањето, оценува дека е неоправдано, бидејќи не постоеле опасностите што биле присутни во првата фаза.

Тоа не значи дека не постои опасност по јавното здравје. На човек кој верува дека ако прими вакцина, ќе добие белег на антихрист или ќе му се измени ДНК, би му верувале да ви биде лекар ако отидете во државна болница? Јас не би му верувал. Овие луѓе, јас ги сметам за опасни. Без разлика дали е затоа што не веруваат во науката, или поради некои други причини - истакна Плеврис.

За протоколите, објасни дека следната седмица надлежната комисија ќе одржи состанок и ќе бидат соопштени дополнителни детали.

Грчката новинска агенција АНА-МПА повикувајќи се на свои извори пишува дека препораките до министерот за здравство се за враќање на работа на невакцинираните здравствени работници да се воведе задолжителен ПЦР или рапид тест два пати седмично, кој ќе биде на нивен трошок.

Мерката за принуден неплатен одмор за невакцинираните здравствени работници во Грција беше воведена во септември 2021 година, првично беше предвидено да биде во сила до 31 март годинава кога беше продолжена до крајот на 2022 година, продолжување за кое Уставниот суд на Грција одлучи дека е противуставно.

The post Под строги протоколи невакцинираните здравствени работници во Грција ќе се вратат на работа appeared first on Република.

]]>

Опасна за јавното здравје, според министерот за здравство на Грција Танос Плеврис е одлуката на Уставниот суд на Грција да ја прогласи за противуставна мерката за продолжување до крајот на годинава на принудното отсуство од работа за невакцинираните здравствени работници, јави дописничката на МИА од Атина. Говорејќи за грчката телевизија „Скај“, Плеврис рече дека е обврзан да ја почитува одуката и најави дека враќањето на работа на невакцинираните здравствени работници ќе биде под строги протоколи „за да не се загрози јавното здравје“. За самата одлука, министерот за здравство на Грција објасни дека судот првичната одлука ја смета за уставна, меѓутоа продолжувањето, оценува дека е неоправдано, бидејќи не постоеле опасностите што биле присутни во првата фаза.
Тоа не значи дека не постои опасност по јавното здравје. На човек кој верува дека ако прими вакцина, ќе добие белег на антихрист или ќе му се измени ДНК, би му верувале да ви биде лекар ако отидете во државна болница? Јас не би му верувал. Овие луѓе, јас ги сметам за опасни. Без разлика дали е затоа што не веруваат во науката, или поради некои други причини - истакна Плеврис.
За протоколите, објасни дека следната седмица надлежната комисија ќе одржи состанок и ќе бидат соопштени дополнителни детали. Грчката новинска агенција АНА-МПА повикувајќи се на свои извори пишува дека препораките до министерот за здравство се за враќање на работа на невакцинираните здравствени работници да се воведе задолжителен ПЦР или рапид тест два пати седмично, кој ќе биде на нивен трошок. Мерката за принуден неплатен одмор за невакцинираните здравствени работници во Грција беше воведена во септември 2021 година, првично беше предвидено да биде во сила до 31 март годинава кога беше продолжена до крајот на 2022 година, продолжување за кое Уставниот суд на Грција одлучи дека е противуставно.

The post Под строги протоколи невакцинираните здравствени работници во Грција ќе се вратат на работа appeared first on Република.

]]>