здравствена заштита Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zdravstvena-zashtita/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Sep 2024 09:16:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png здравствена заштита Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zdravstvena-zashtita/ 32 32 Мицкоски: Целта на Владата е подобрување на здравствената заштита на секој граѓанин, се прошири позитивна листа на лекови по пауза од повеќе од десет години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-tselta-na-vladata-e-podobruvane-na-zdravstvenata-zashtita-na-sekoj-graganin-se-proshiri-pozitivna-lista-na-lekovi-po-pauza-od-poveke-od-deset-godini/ Wed, 11 Sep 2024 09:15:39 +0000 https://republika.mk/?p=815233

Ми претставува особена чест и задоволство да Ве поздравам на денешниот политички дијалог, кој што е од особена важност, затоа што допира едно значајна тема, која што го засега секој од нас: обезбедување пристап до основните лекови за сите наши граѓани, рече денеска во своето обраќање Премиерот Христијан Мицкоски.

Овој собир ја одразува непоколебливата заложба на Владата за заштита на здравјето и благосостојбата на секој граѓанин, заложба што лежи во сржта на нашата мисија.

Пристапот до безбедни, ефективни, висококвалитетни и достапни лекови не е само приоритет на здравствената заштита - тоа е основно право што силно влијае на нашата колективна благосостојба и нашите заложби да го подобриме квалитетот на животот на секој еден поединец.

Оваа Влада, постигна значајна пресвртница со проширувањето на Позитивната листа на лекови по пауза од повеќе десет години. Ова е доказ за нашата посветеност и проактивен пристап и желба за континуитет во справувањето со еден од најитните предизвици во нашиот здравствен систем. Сепак, иако овој преземен чекор означува напредок, нашите заложби не завршуваат тука. Предизвиците со кои се соочуваме бараат континуирана работа, секојдневна посветеност и решителност.
Приоритет е да се обезбеди секој граѓанин да има пристап до лековите што му се потребни без да се соочи со финансиски потешкотии. Наша должност да ги заштитиме граѓаните и да му служиме на нашиот народ.

За да ги надминеме постоечките предизвици и да ја постигнеме посакуваната мисија, мораме неуморно да работиме. Мораме да ја зајакнеме соработката на сите институции од Владата и да ги вклучиме сите релевантни партнери. Негуваме подлабока соработка помеѓу Министерството за здравство, Министерството за финансии, Министерството за дигитализација, Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за лекови и медицински помагала, Дирекцијата за е-здравство и другите клучни чинители.

Овој заеднички пристап ќе ни овозможи поефикасно да се справиме со постоечките предизвици и да спроведеме одржливи решенија.
Нашата заедничка цел е да изградиме здравствен систем кој вистински ја одразува нашата посветеност за подобрување на здравјето и благосостојбата на секој граѓанин.

Работејќи заедно со посветеност, решителност и јасност, можеме да ги надминеме предизвиците пред нас и да создадеме иднина во која пристапот до основните лекови не е само стремеж, туку реалност за сите.

Изразувам лична благодарност до сите национални институции и поединци за посветеноста и соработката во овој витален потфат, како и до Светската здравствена организација за континуираната поддршка во развојот на здравствениот систем на нашата земја.

Заедно, го кроиме патот кон поздрава иднина за секој наш граѓанин. Државата да создава за секој еден граѓанин.

The post Мицкоски: Целта на Владата е подобрување на здравствената заштита на секој граѓанин, се прошири позитивна листа на лекови по пауза од повеќе од десет години appeared first on Република.

]]>

Ми претставува особена чест и задоволство да Ве поздравам на денешниот политички дијалог, кој што е од особена важност, затоа што допира едно значајна тема, која што го засега секој од нас: обезбедување пристап до основните лекови за сите наши граѓани, рече денеска во своето обраќање Премиерот Христијан Мицкоски.
Овој собир ја одразува непоколебливата заложба на Владата за заштита на здравјето и благосостојбата на секој граѓанин, заложба што лежи во сржта на нашата мисија. Пристапот до безбедни, ефективни, висококвалитетни и достапни лекови не е само приоритет на здравствената заштита - тоа е основно право што силно влијае на нашата колективна благосостојба и нашите заложби да го подобриме квалитетот на животот на секој еден поединец. Оваа Влада, постигна значајна пресвртница со проширувањето на Позитивната листа на лекови по пауза од повеќе десет години. Ова е доказ за нашата посветеност и проактивен пристап и желба за континуитет во справувањето со еден од најитните предизвици во нашиот здравствен систем. Сепак, иако овој преземен чекор означува напредок, нашите заложби не завршуваат тука. Предизвиците со кои се соочуваме бараат континуирана работа, секојдневна посветеност и решителност. Приоритет е да се обезбеди секој граѓанин да има пристап до лековите што му се потребни без да се соочи со финансиски потешкотии. Наша должност да ги заштитиме граѓаните и да му служиме на нашиот народ. За да ги надминеме постоечките предизвици и да ја постигнеме посакуваната мисија, мораме неуморно да работиме. Мораме да ја зајакнеме соработката на сите институции од Владата и да ги вклучиме сите релевантни партнери. Негуваме подлабока соработка помеѓу Министерството за здравство, Министерството за финансии, Министерството за дигитализација, Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за лекови и медицински помагала, Дирекцијата за е-здравство и другите клучни чинители. Овој заеднички пристап ќе ни овозможи поефикасно да се справиме со постоечките предизвици и да спроведеме одржливи решенија. Нашата заедничка цел е да изградиме здравствен систем кој вистински ја одразува нашата посветеност за подобрување на здравјето и благосостојбата на секој граѓанин. Работејќи заедно со посветеност, решителност и јасност, можеме да ги надминеме предизвиците пред нас и да создадеме иднина во која пристапот до основните лекови не е само стремеж, туку реалност за сите. Изразувам лична благодарност до сите национални институции и поединци за посветеноста и соработката во овој витален потфат, како и до Светската здравствена организација за континуираната поддршка во развојот на здравствениот систем на нашата земја. Заедно, го кроиме патот кон поздрава иднина за секој наш граѓанин. Државата да создава за секој еден граѓанин.

The post Мицкоски: Целта на Владата е подобрување на здравствената заштита на секој граѓанин, се прошири позитивна листа на лекови по пауза од повеќе од десет години appeared first on Република.

]]>