здравствен дом Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zdravstven-dom/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Jul 2023 10:20:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png здравствен дом Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zdravstven-dom/ 32 32 Вработените во Здравствен дом Скопје останаа без здравствено осигурување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vrabotenite-vo-zdravstven-dom-skopje-ostanaa-bez-zdravstveno-osiguruvane/ Wed, 05 Jul 2023 10:20:45 +0000 https://republika.mk/?p=658297

Без здравствено осигурување се вработените во Здравствен дом Скопје, aлармираат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека вработените кои утрово имале потреба од здравствена услуга биле приморани да си платат приватно за прегледот и реализација на рецептите.

Медицинскиот директор, Виктор Исјановски и организацискиот, Вулнет Селими кој е назначен од министерот Меџити наместо да ги заплашуваат и казнуваат вработените од одредени поликлиники повторно во време на финансиска криза и инфлација, дополнително ги деградираат и демотивираат здравствените работници во оваа ЈЗУ и покрај лошите услови во кои работат.
Вака ли Селими и Исјановски се грижат за персоналот и кој го контролира и кој ќе го санкционира нивното ненавремено извршување на работните обврски, прашуваат од Комисијата.

The post Вработените во Здравствен дом Скопје останаа без здравствено осигурување appeared first on Република.

]]>

Без здравствено осигурување се вработените во Здравствен дом Скопје, aлармираат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека вработените кои утрово имале потреба од здравствена услуга биле приморани да си платат приватно за прегледот и реализација на рецептите.
Медицинскиот директор, Виктор Исјановски и организацискиот, Вулнет Селими кој е назначен од министерот Меџити наместо да ги заплашуваат и казнуваат вработените од одредени поликлиники повторно во време на финансиска криза и инфлација, дополнително ги деградираат и демотивираат здравствените работници во оваа ЈЗУ и покрај лошите услови во кои работат. Вака ли Селими и Исјановски се грижат за персоналот и кој го контролира и кој ќе го санкционира нивното ненавремено извршување на работните обврски, прашуваат од Комисијата.

The post Вработените во Здравствен дом Скопје останаа без здравствено осигурување appeared first on Република.

]]>
Работат во здравство, а немаат здравствено осигурување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rabotat-vo-zdravstvo-a-nemaat-zdravstveno-osiguruvane/ Thu, 16 Mar 2023 09:33:40 +0000 https://republika.mk/?p=620203

Повеќе од два и пол месеци 140 медицински сестри и друг здравствен персонал во Здравствениот дом во Скопје работат само со договори, но не и решенија за работа, пишува АлсатМ.

Медицинските сестри велат дека бидејќи се со договори на определено време или на работа, внимаваат да не се разболат бидејќи ако пропуштат само два дена, тогаш ќе им скратат од платата, која е минимална, само 20 илјади денари. Велат дека вака работеле и за време на пандемијата. Нивниот нерешен статус ги тера повеќето да размислуваат да се иселат од државата.

Директорот на Здравствениот дом во Скопје, Бесим Кока, вели дека барањето за продолжување на договорите за 140-тте вработени го поднел во декември минатата година, но сè уште не добил одговор од Министерството за финансии. Според Кока, одолговлекувањето на одговорот може да биде и од политички причини, бидејќи тој ја поддржува огнената група во ДУИ.

Од Министерството за здравство за Алсат велат дека чекаат одговор од Министерството за финансии. Од ресорот на Фатмир Бесими пак, тврдат дека дале позитивен одговор дури и пред истекот на рокот. Но, од Фондот за здравство велат дека согласност од Министерството за финансии добиле за 47 лица со фиксен договор и за 67 други со договор на дело и тоа вчера во попладневните часови. Денеска ги обработиле. Исти проблеми има и Здравствениот дом во Тетово каде голем број медицински лица работат и без плати и без договори.

The post Работат во здравство, а немаат здравствено осигурување appeared first on Република.

]]>

Повеќе од два и пол месеци 140 медицински сестри и друг здравствен персонал во Здравствениот дом во Скопје работат само со договори, но не и решенија за работа, пишува АлсатМ. Медицинските сестри велат дека бидејќи се со договори на определено време или на работа, внимаваат да не се разболат бидејќи ако пропуштат само два дена, тогаш ќе им скратат од платата, која е минимална, само 20 илјади денари. Велат дека вака работеле и за време на пандемијата. Нивниот нерешен статус ги тера повеќето да размислуваат да се иселат од државата. Директорот на Здравствениот дом во Скопје, Бесим Кока, вели дека барањето за продолжување на договорите за 140-тте вработени го поднел во декември минатата година, но сè уште не добил одговор од Министерството за финансии. Според Кока, одолговлекувањето на одговорот може да биде и од политички причини, бидејќи тој ја поддржува огнената група во ДУИ. Од Министерството за здравство за Алсат велат дека чекаат одговор од Министерството за финансии. Од ресорот на Фатмир Бесими пак, тврдат дека дале позитивен одговор дури и пред истекот на рокот. Но, од Фондот за здравство велат дека согласност од Министерството за финансии добиле за 47 лица со фиксен договор и за 67 други со договор на дело и тоа вчера во попладневните часови. Денеска ги обработиле. Исти проблеми има и Здравствениот дом во Тетово каде голем број медицински лица работат и без плати и без договори.

The post Работат во здравство, а немаат здравствено осигурување appeared first on Република.

]]>
Што имало во епруветите кои Македонец и Бугарин ги разменувале пред Здравствениот дом во Делчево? https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/shto-imalo-vo-epruvetite-koi-makedonec-i-bugarin-gi-razmenuvale-pred-zdravstveniot-dom-vo-delchevo/ Fri, 15 Apr 2022 15:33:42 +0000 https://republika.mk/?p=489079

Вчера во Делчево, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток ги лишиле од слобода Г.Д.(43) од Скопје и Д.К.И.(40) од Република Бугарија.

Како што соопшти МВР, тие допатувале во дворот на Здравствен дом „Гоце Делчев“ во Делчево со службени возила на лаборатории од Скопје и Република Бугарија, каде што биле вработени, при што биле затекнати како вршат размена на медицински материјал.

При претрес во возилата, извршен со судска наредба, во возилото на Д.К.И. била пронајдена и одземена ќеса со повеќе епрувети наполнети со течност.

За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Што имало во епруветите кои Македонец и Бугарин ги разменувале пред Здравствениот дом во Делчево? appeared first on Република.

]]>

Вчера во Делчево, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток ги лишиле од слобода Г.Д.(43) од Скопје и Д.К.И.(40) од Република Бугарија. Како што соопшти МВР, тие допатувале во дворот на Здравствен дом „Гоце Делчев“ во Делчево со службени возила на лаборатории од Скопје и Република Бугарија, каде што биле вработени, при што биле затекнати како вршат размена на медицински материјал. При претрес во возилата, извршен со судска наредба, во возилото на Д.К.И. била пронајдена и одземена ќеса со повеќе епрувети наполнети со течност. За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Што имало во епруветите кои Македонец и Бугарин ги разменувале пред Здравствениот дом во Делчево? appeared first on Република.

]]>