здравко савески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zdravko-saveski/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Mar 2022 23:00:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png здравко савески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zdravko-saveski/ 32 32 Реакција на Хелсиншки комитет за осудата на Савески и Куновски: Правото мора да ѝ служи на правдата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/reakcija-na-helsinshki-komitet-za-osudata-na-saveski-i-kunovski-pravoto-mora-da-sluzi-na-pravdata/ Fri, 18 Mar 2022 23:02:26 +0000 https://republika.mk/?p=475251

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува незадоволство и разочарување од пресудата на Апелациониот суд Скопје, со која е изречена условна осуда од 6 месеци затвор за обвинетите Здравко Савески и Владимир Куновски, кои воедно се задолжени солидарно да платат износ од половина милион денари за материјалната штета предизвикана од кршењето на претседателската канцеларија за време на протестите на Шарената револуција.

Се работи за настан од 12 април 2016 година, кога тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов објави општа аболиција на 56 лица, со која најмногу беа опфатени политичари од тогашната власт засегнати од истрагите на СЈО и неколкумина политичари од тогашната опозиција. Оваа одлука на претседателот беше дочекана со жестока реакција од граѓаните, кои истиот ден спонтано го изразија својот револт, собирајќи се пред неговата канцеларија во центарот на градот. Репресивниот полициски апарат на тогашната власт веднаш ја покажа својата жестокост, но и селективност во справувањето со демонстрантите. Од целата толпа – шест лица беа приведени и ставени во куќен притвор, а обвинителството брзо спреми обвинителни акти за водење судски кривичен прогон.

Од една страна, казнувањето и справувањето со високиот криминал на функционерите оди бавно, доведувајќи до застареност на кривичното гонење за дела кои вклучуваат милионски суми проневерени буџетски средства, политичка репресија или незаконито следење на граѓаните. Од друга страна, за граѓани што се одважија и се спротиставија на криминалната аболиција, судските постапки траат шест години и се изрекуваат драконски казни за нивниот активизам.

Со оваа пресуда судовите фактички испраќаат порака до граѓаните да останат безгласни и пасивни пред корупцијата, криминалот и неправдата, затоа што во спротивно ќе се соочат со кривичен прогон во кој повисоката цел – демократијата и владеењето на правото, треба да отстапи пред политичката репресија и формализмот на правната држава. Сметаме дека е поразително тоа што судовите целосно го игнорираат контекстот во кој се случило делото, односно дека ги занемаруваат причините за граѓанскиот револт во критичниот ден – срамната аболиција која беше кулминација на режимското владеење, заробувањето на институциите и погазувањето на правната држава. Правото мора да ѝ служи на правдата.

The post Реакција на Хелсиншки комитет за осудата на Савески и Куновски: Правото мора да ѝ служи на правдата appeared first on Република.

]]>

Савески по пресудата: Власта си го истера ќефот преку своите вазали во судството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/saveski-po-presudata-vlasta-si-go-istera-kjefot-preku-svoite-vazali-vo-sudstvoto/ Fri, 18 Mar 2022 16:34:34 +0000 https://republika.mk/?p=475105

Шест месеци затвор, кои нема да се извршат доколку во наредните две години не сторат ново кривично дело, е казната што ја добија Здравко Савески и Владимир Куновски, учесници во „Шарената револуција“, а во врска со демолирањето на канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов во центарот на Скопје за време на протестите што се одржаа откако тој одлучи да даде масовна аболиција.

Двајцата учесници во „Шарената револуција“ се гонеа за учество во толпа која ќе стори кривично дело.

Одлуката, како што велат од Апелацискиот суд во Скопје, ја донеле по одржана расправа во овој суд.

Носењето на ваквата одлука следува откако предметот по вторпат се најде пред Апелација. Тие првично добија ослободителна пресуда од Основниот кривичен суд Скопје, која второстепениот суд ја укина и го врати предметот на повторно судење. И втората пресуда од Основниот кривичен суд беше ослободителна, по што таа по вторпат се најде пред Апелација од каде што по јавна расправа одлучиле да ги осудат на условна казна. Тие заедно треба да ѝ платат на државата и околу 8 500 евра.

Професорот Савески беше активен учесник во протестите против тогашната одлука на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов за аболиција на осомничените во предметите на Специјалното јавно обвинителство за кривични дела кои произлегоа од незаконски прислушуваните разговори.

Власта си го истера ќефот. Откако преку своите вазали во судството нè малтретираа по судови максималната можна должина од 6 години, во процесот за одамна заборавената и испоганета од нивна страна „Шарена“ – ни пресудија. Виновни сме биле! Виновни зашто протестиравме заради погазувањето на владеењето на правото, што овозможуваше сторители на тешки кривични дела да бидат амнестирани. За таа борба за владеењето на правото ни демонстрираа судиите како се одработува по партиска задача и како може да се пресуди со тотално занемарување на правото на обвинетите да се бранат. Да биде трагиката поголема, тројца од петте судии беа поротници. Во крајна линија, тоа најмногу ме боли. Можеа да реагираат на тоталното газење на процедурата. Ама, не, нивната задача беше да молчат како попчиња и да си кркнат некоја паричка. Никаква граѓанска доблест, никаква граѓанска чест! Никакво чувство за морал да се каже: „Јас во оваа фарса повеќе не учествувам!“. Кога некој ќе проба да ви кажува дека имало демократија, правна држава или правда во Македонија, исмејте му се во лице. Ова што нас ни го направија не е никаков исклучок, туку само уште еден од редицата примери колку е гнил правниот и политичкиот систем. Ми се гади од нив!, напиша на својот фејсбук-профил Савески како реакција на пресудата.

The post Савески по пресудата: Власта си го истера ќефот преку своите вазали во судството appeared first on Република.

]]>

Шест месеци затвор, кои нема да се извршат доколку во наредните две години не сторат ново кривично дело, е казната што ја добија Здравко Савески и Владимир Куновски, учесници во „Шарената револуција“, а во врска со демолирањето на канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов во центарот на Скопје за време на протестите што се одржаа откако тој одлучи да даде масовна аболиција. Двајцата учесници во „Шарената револуција“ се гонеа за учество во толпа која ќе стори кривично дело. Одлуката, како што велат од Апелацискиот суд во Скопје, ја донеле по одржана расправа во овој суд. Носењето на ваквата одлука следува откако предметот по вторпат се најде пред Апелација. Тие првично добија ослободителна пресуда од Основниот кривичен суд Скопје, која второстепениот суд ја укина и го врати предметот на повторно судење. И втората пресуда од Основниот кривичен суд беше ослободителна, по што таа по вторпат се најде пред Апелација од каде што по јавна расправа одлучиле да ги осудат на условна казна. Тие заедно треба да ѝ платат на државата и околу 8 500 евра. Професорот Савески беше активен учесник во протестите против тогашната одлука на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов за аболиција на осомничените во предметите на Специјалното јавно обвинителство за кривични дела кои произлегоа од незаконски прислушуваните разговори.