здравко мариќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zdravko-marikj/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Jul 2022 07:29:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png здравко мариќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/zdravko-marikj/ 32 32 Хрватскиот министер за финансии си заминува од Владата поради скандал со плаќање пониска цена во хотел https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatskiot-minister-za-finansii-si-zaminuva-od-vladata-poradi-skandal-so-plakjanje-poniska-cena-vo-hotel/ Wed, 06 Jul 2022 07:29:32 +0000 https://republika.mk/?p=524556

Хрватскиот министер за финансии, Здравко Мариќ, си заминува од Владата. Премиерот Андреј Пленковиќ за таа функција ќе го предложи Марко Приморац.

Хрватските медиуми пишуваат дека информацијата е потврдена од хрватската Влада.

Точно е дека Здравко Мариќ, на сопствена иницијатива, си заминува од местото на потпретседател на Владата и министер за финансии. Претседателот на Владата за тоа утре ќе ги извести владините членови и парламентарното мнозинство - соопштил портпаролот на Владата, Марко Милиќ, јави Хина.

Здравко Мариќ стана министер за финансии во 2016 година. Од 2019 година, тој е и потпретседател на хрватската Влада.

Од 2008 до 2012 година, Мариќ беше државен секретар во Министерството за финансии.

Медиуми пишуваат дека Мариќ си оди, откако минатиот месец изби афера поради неговиот престој на продолжен викенд во хотелот „Белви“ во Мали Лошињ во 2019 година.

Како што откри порталот „Остро“, тој за сместување за две возрасни лица и две деца, тогаш платил 291.20 евра за ноќ, што претставува трипати пониска цена од вообичаените за тоа време во годината.

The post Хрватскиот министер за финансии си заминува од Владата поради скандал со плаќање пониска цена во хотел appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот министер за финансии, Здравко Мариќ, си заминува од Владата. Премиерот Андреј Пленковиќ за таа функција ќе го предложи Марко Приморац. Хрватските медиуми пишуваат дека информацијата е потврдена од хрватската Влада.
Точно е дека Здравко Мариќ, на сопствена иницијатива, си заминува од местото на потпретседател на Владата и министер за финансии. Претседателот на Владата за тоа утре ќе ги извести владините членови и парламентарното мнозинство - соопштил портпаролот на Владата, Марко Милиќ, јави Хина.
Здравко Мариќ стана министер за финансии во 2016 година. Од 2019 година, тој е и потпретседател на хрватската Влада. Од 2008 до 2012 година, Мариќ беше државен секретар во Министерството за финансии. Медиуми пишуваат дека Мариќ си оди, откако минатиот месец изби афера поради неговиот престој на продолжен викенд во хотелот „Белви“ во Мали Лошињ во 2019 година. Како што откри порталот „Остро“, тој за сместување за две возрасни лица и две деца, тогаш платил 291.20 евра за ноќ, што претставува трипати пониска цена од вообичаените за тоа време во годината.

The post Хрватскиот министер за финансии си заминува од Владата поради скандал со плаќање пониска цена во хотел appeared first on Република.

]]>